1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Attomic15

    Attomic15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Женски
    A jas zavrsiv so kiretaza so celosna anestezija. Sega sum trudna so vtoro i me e strav da ne mi se sluci istoto..
     
  2. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.194
    Пол:
    Женски
    Mene samo dr me stiskase na stomakot i mi dade ergotil kapki i inekcii i antibiotici ne se plasi ne veruvam oti pak ke ti se sluci istoto
     
  3. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.609
    Допаѓања:
    1.554
    Еве ја и мојата втора приказна. 3 дена пред термин на контрола јас болки никакви. Наредниот ден кај 19 часот ме фаќаат некои болки но на половина час воедно и ми се чинеше ко водењакот да ми тече појдов во Ремедика ми викаат 4цм отворена но болки не регистрира цтг да си одам да дојдам сабајлето да ме примат, но на бебе не му се чекаше. На полноќ веќе болки на 3 мин ме фати паника и директ во болница отворена 8цм. Ме примија ми ставија епидруал искрено тоа е царска работа. Првото го раѓав без се осеќам ко да ме дерат со ова си куцкав на телефон 10 мин пред да родам. Се одеше брзо веќе во 2 ипол бев отворена спремна за раѓање и до 3 се заврши со некој напон без сечење. Ме породи докторката Афродита искрено прекрасна докторка и жена, пред пораѓај се мислев дали да одам кај нејзе но не зажалив жената е прекрасна. Во болница поминавме супер, се трудат за доење да ти угодат и слично, мене не ми значеше многу пошто ми е второ за брзо време но за тазе мајки нудат доста подршка. Се на се супер искуство:)
     
    На Izzy_0504, Fatalnata, Bremena и 50 други им се допаѓа ова.
  4. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    3.752
    Допаѓања:
    6.980
    Пол:
    Женски
    Честитки.
    Колку плати вкупно во Ремедика?
     
  5. Kbr

    Kbr Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2020
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.585
    Пол:
    Женски
    Честитки мамичка живи и здрави да сте ❤
     
    На ni.na му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.609
    Допаѓања:
    1.554
    Тоа е друга тема:D кога плаќав подготовка ми рекоа една цена после излезе друга цена, плус за бебињата прават ехо на слух кардиолошки преглед без да те прашаат а си се наплаќа дополнително. Мене ме фати вкупно 91.500 при испис плус 2200 платив ковид тест, и 6000 и нешто подготовка.
     
    На cresa-jagoda, tina2018 и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    Да си пишам сега, зашто следно којзнае кога ќе можам...
    Го истеравме викенд Велигден.
    Софри, софри, собиранки, ручеци.
    Понеделник конечно попладнето дома, дете избањато, кај комшиите на кратко кафе бевме и у кревет.
    Си лежам, бебе ровари по стомак стандардно.
    1 по полноќ ме фати. И маж ко за чудо буден.
    Ме сецна како јак грч у секунда во стомак и потече топла вода. Млаз, многу вода.
    Истрчав во ВЦ брзо за среќа.

    И тоа е. Знаев дека почна.
    Одма осетив и згрчувања првите контракции, не болеа.

    Се спакувавме нешто набрзинка, дојде комшиниц да ја гледа малава дур спие дур ме однесе маж ми.

    Вода истече многу. Иде Дунав.
    Ме сместија точно во 2 по полноќ.
    Болки имаше на цтг, ги осеќав без болка, како згрчувања.
    Ме качија во предродилна накај 4, веќе ги осеќав и бев 3 - 4 прста отворена. Дојде анестезиологот, малку доцнеше, а мене болките се појаки. Ми ставија епидурална, малце здивнав. 6 прсти веќе бев. Ме ставија на цтг и ја викнаа докторката.

    Осетив дека не е како со првото, болката и стегањето не ми беше во средина и надоле накај излез, туку во десна нога. Ме вртеа лево десно.
    Дојде докторката и според ЦТГто виде(видела и сестрата и акушерката ама не ми кажале) дека на секоја контракција (а веќе и накај напони идеа) бебево губи тон.

    Се префрливме на царски. Се тресев цела, ама се беше пребрзо. Пуштија музиче, муабет се зезавме.
    Го извадија одма. Умотано околу нозе, врат, мишки, целото со папочната врвка.

    Се роди така син мајкин во 7и41 наутро.
    Маже, 3160грама, 49цм.
    Бебе е супер, денес не пуштаат домче.
    Мама одлично закрепна. Баш царски.

    И така завршувам со темава.
    Едно девојче си имам природно, едно маже царски, од све си имам. :inlove:
     
    На S.J.Parker, Zorajde, Izzy_0504 и 94 други им се допаѓа ова.
  8. Kbr

    Kbr Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2020
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.585
    Пол:
    Женски

    Живи и здрави мајка да сте и брзо опоравување ❤❤
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Freckles.

    Freckles. Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.784
    Допаѓања:
    4.359
    @TeddyGrey да сте живи и здрави! Побрзо опоравување :hug:
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.690
    Допаѓања:
    72.588
    Пол:
    Женски
    Јас обратно, машко природно, женско царски и не ми е доста, ќе одам на трето, тоа којзнае како ќе излезе (ќе пробам природно секако, доста време ќе е поминато од царскиот) :D Честитки, нека е живо и здраво синчето, а тебе брзо опоравување :):hug:
     
    На Izzy_0504, Chantal, hello-kitty.90 и 16 други им се допаѓа ова.
  11. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.389
    Допаѓања:
    32.797
    Пол:
    Женски
    @TeddyGrey Честитки, жив и здрав да е дечкото:hug:
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kbr

    Kbr Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2020
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.585
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да ја кажам мојата приказна. 17.05.2022 година, преглед на ГАК во 09.30 часот, ЦТГ мирно, болки никакви, отворена 1,5 цм, докторката ми вика дојди сабајлето на 18.05.2022 година може да правиме прием.
    17.05.2022 година вечерта околу 20,00 часот јас и мм искачаме да шетаме едни добри 4,5 км, јас болкички осеќам некои минимални му викам на мм од шетањето што се уморив, ајде сега дома ќе си легнеме и ќе ми поминат. Само што се вративме се истуширав и легнавме, некаде околу 22.00 часот повторно болки ама не некои страшни, но почнаа се така почесто и почесто. Околу 01.39 часот почнаа на 5 минути болките, се туширам и му викам на мм ајде станувај одиме, во 02.30 часот мене ми прават прием на паталошкото оддрление, со 5 прсти отворена, и така јас си шетам низ одделение и офкам се до 05, 30 часот, кога и ме префрлаат во предродилна сала, за среќа ја информирав докторката дека сум во пред родилна, до 07.30 часот чекав да дојде докторката со болки кои се намалуваа на 3 минути. Во 07.30 часот дојде докторката и кажа да ми стават спазмекс и да почека да види дали ќе се отварам уште или не. Во 09.00 часот јас со болки на 3 минути отворена некаде 6 или 6 ипол прсти без пукнат водењак, кога дојде докторката и ми го пукна водењакот, во 09.30 часот со мало притискање на стомакот од страна на докторката (бидејќи детето беше веќе многу ниско во канал, а јас издехидрирана ќе умрев за вода, за што сестрите ми даваа натопена газа со вода) со нејзина помош и притискање на стомакот со 3 напони се роди мојата мала принвеза 3390 грама, 52 цн долга во 09.30 часот, без епидурал, без спинални ништо. И сега навистина поверував во муабетите дека тие болки се забораваат најбрзо кога ја видов мојата принцеза, едно буце бело како снег. На сите Ви посакувам лесен пораѓај, дупло полесен од мојот, и побрзо закрепнување и сите да си гушкате здеави и живи бебулиња.
    А за условите во одделението и односот на сестрите (тоа е прича сама за себе)... Услови мизерија како во камена доба а понашањето како неандерталци од камена доба....
    Сепак му благодарам на бога што конечно сум дома со мојата мала принцеза...
     
    На Izzy_0504, Anomis11, DoubleK и 57 други им се допаѓа ова.
  13. stsmua05

    stsmua05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.095
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да си ја раскажам мојата породилна приказна :)
    23.03.2022 регуларен преглед у Чаир со поминат термин 3 дена , стигнав на цтг и првото не беше добро бебе успиено ми вика докторот да одам да јадам нешто благо и да прошетам и така и направив се изнашетав и се вратив на цтг веќе го научив и го гледам дека е добро и нема ништо (разочарување до небо) ама додека лежам почнав да осеќам како нешто ми тече у гаќите и само што завршив со потврда од женичката дека е добро цтг одма отидов у wc и имаше што да видам голема количина на кафеава крв се извадив од памет а следно ми беше ехо кај докторот го чекам со душа да излезе од амбуланта да му кажам што како , кога му кажав и тој се почуди ме викна да влезам и ме прегледа со рака вика 2cm си отворена ама ради крварењето ќе те оставам да лежиш ми вика не значи дека ќе де породиш денес ама подобро да си тука пошто сум од друг град и така маж ми ме остави со тешко срце , ме примија на патолошка околу 13:40 си се сместив у креветот како кралица пошто ништо не ме болеше :lol: си правев муабет и си уживав до 21:00 часот и тогаш почнаа минимални болки , околу 23:00 почнаа малку појаки ама сестрата ми вика според цтгето дека тоа не е ништо уште што ме чека :worried: ми наби стра у коски :whew: околу 00:00 добив преглед со рака само 3/4 cm отворена пак разочарување , и ништо почнав да мерам контракции , да се мотивирам да издржам, почна и повраќање и дијареа , постојано бев у контакт со докторот Илиевски , околу 03:30 уште еден преглед 5/6 cm , ми ставија клизма и околу 04:35 ме однесоа у породилна , околу 5:15 8 cm и у 06:00 точно 10 cm се качувам на бокс ми го пукнаа водењакот и со неколку напони у 06:15 се роди мојата кукла :inlove: 3280 gr и 51 cm :l: 24.03.2022 :f:
    Можам да кажам дека имав убав и лесен пораѓај посакувам сите да имате ваков лесен пораѓај и да се радувате на вашите најмали и најмили :sun:
     
    На Izzy_0504, 24.07, Oneo и 53 други им се допаѓа ова.
  14. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.194
    Пол:
    Женски
    Cestitkii
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  15. emche05

    emche05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2019
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    538
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене со минута време да напишам нешто :D
    Договорени бевме со д-р за 1ви Јуни да ја вадиме бебка, 39+2 бев. Јас ваму едвај се движам, 300 мисли ме удираат, стресови дали е се во ред со бебка, кутрата последните денови ја скапав буцкање да мрдни :D
    3цм бев отворена повеќе од една недела и отидов на 30ти Мај со намера да биде тој ден, да настојувам и готово. Ме прегледа д-р, ништо, уште 3цм, ме врати дома, се држиме до договорот.
    1ви Јуни, 7:45 јас нацртана, чекам да се породам, ни страв ни ништо.
    Ми збрцаа провокација, почнаа болки и во 9 часот д-р ми вика сакаш епидурал, а јас ваму храбра, ма нееее што болки се овие, ќе издржам :rofl: (смешки, само да знаев што ме чека).
    Ми прснаа водењак, и веќе на 6-7цм отворена, плачев и само што не станав да го бркам анестезиологот низ болница за да ме предозира со епидуралот :rofl: болки биле тоа жени мои, не играчка.
    Ме обезболија и по околу еден час почнав да добивам напон. На 5-6 туркања, бебка летна, излезе со песна :D ни епизиотомија беше потребна, ниту испукав самата, да сонував ваков пораѓај немаше да ми се случи.
    Дајте да родам уште 5-6 :rofl:
     
    На Izzy_0504, 24.07, martty06 и 54 други им се допаѓа ова.
  16. Inamya

    Inamya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.466
    Допаѓања:
    4.277
    Пол:
    Женски
    Додека спијат лепотаните, да ја куцнам и мојата породилна приказна :)
    За овие бебиња сонував одамна а се борев за нив скоро три години, но вербата и упорноста ми се наклонија, фала му на Господа што ми ги наполни и рацете и очите со две ❤️❤️
    Цела бременост ми беше во грч, дали се добро правам, дали бебките се добри, дали дедо Боже ќе не чува до 9 месец.
    Матичната од 28 недела почна да ми влева страв дека нема да издржиме до 36 недела, но среќа одев и кај Димчев па секој пат се посреќна и посреќна и задоволна се враќав од преглед. Благодарение на неговата позитивна и верба во нас одбрав он да ме пораѓа.
    Со ЦТГ почнавме крај на 34, Др стално ми викаше ти ќе можеш и до 40 недела да ги носиш Али ризик е за нив, како и што беше ризик за природен пораѓај одлучивме царски, царевите :) да ги вадиме.
    36+ недела, преглед и ЦТГ и Др реши за една недела да ги запознаам моите два живота.
    А бре мислам дека таа недела око не склопив од мисли, па дали ќе издржиме, дали се добро ќе биде со бебињата, па како царскиот ќе биде, леле полудев мислам око не склопив и еден тон чоколади изедов само да ми мрдкаат цело време :D
    Недела во 17 часот ме примија, сите прегледи се заврши се сместив во соба а мислите од дома дупло ми се зголемија, око не склопив до утрото, ахам и мртва гладна јадев во 12 дома и таму не ми дадоа ништо ги молев буквално но не смееле.
    За добро утро дојде сестрата со клизма, се средив и ајде викат те носиме во сала....
    Одам во салата 10 зелени и бели мантили, анестезиологот ми збрца две спинални, го закачија катетарот и ме легнаа. Чувствував се што прават нормално болка никаква, од еднаш главата ме стегна кажувам и ми пуштаат во инфузијата за болки, притисокот ми скокнал на 160/130 ( а цел живот со низок).
    Адреналин и возбуда на најако, плачам липам (по природа пре емоционална).
    Од еднаш осеќам од лева страна на стомакот празнина во исти момент слушам најубав плач, Др го дава на сестрата и оди на десна страна за само минута го слушам и другиот најубав плач. А јас облеана во солзи, сестрата ми ги става на двата образа, таква топлина, милина, среќа, љубов прв пат почувствував во животот. Прв пат видов толку убави створења, едноставно не ми се веруваше дека останав бремена и дека дојде ред да родам, и родив два принца.
    За болка да имав огромна, утредента ме станаа и морав да се движам полека ко демек побрзо ќе поминало со движење. Димчев ми вика ајде не се жали таму дека те боли, ти толку малечка девет месеци носеше и роди здрави и прави херои да не си викнала за болка :D Цело време ми даваа и ставаа за болки и си болеше асално, но кога ќе ми ги донесе тие мали очиња се исчезнување. За 5 дена дома не пуштија, е дома за миг ми помина се, немам копче да стиснам да дојде сестрата да ги земе :D
    НО јас живеам друг живот, живот исполнет со љубов, со наполнети раце и срце. Еве скоро месец дена се гушкаме со најубавите рачиња на свет.
    Фала му на Господ што ми ја даде најубавата улога ❤️❤️
    На сите ви посакувам лесен пораѓај ко песна.
     
    На Izzy_0504, DoubleK, Blue moon и 71 други им се допаѓа ова.
  17. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.194
    Пол:
    Женски
    Cestitkii
     
    На Inamya му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Indi96

    Indi96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    466
    Пол:
    Женски
    Конечно да ја пишам мојата породилна приказна не баш нај нај ама важно со среќен крај :inlove:
    Почнаја вистинските породилни болки сабајлето во 4 веќе беа на 5 минути го разбудив маж ми и директ во болница беше 24 часа на работа мојот доктор кој веќе во 7h му завршуваше смената ,ме прегледа и само 4 прсти отворена ,ме праша докторот дали сакам прием или да одам дома па за некој саат да се вратиме заедно ,решив да одам дома да ги издржам болките и така во 11h се вратив за прием болки на 3 минути јас исти наод 4цм само ,ме приклучија на провокација баш пишав и во труднички ,болките ги издржав без глас да пуштам собирав нели енергија и така од 11 до 14 веќе бев отворена и дојде време да се пукне водењакот но веќе ми бил пукнат а никој не забележал на ехо (facepalm) ехх нејсе дојде време за родилна сала и тука почна мојата мака бебе не беше централно поставено па морав да ги дишам напоните странично со кревање и спуштање на левата нога баш хаос после долго мачење и притискање на стомак и епизиотомија се породив во 15:15 го видов моето сонце …распукана до дебелото црево и матката внатрешно ,имав многу големо крварење хитно во операциона сала кислород , кеси со крв хирурзи се викаја при помош и други доктори а јас само се молев да се разбудам жива чедото да не ми расте без мајка :( Во текот на операцијата сум добила хеморагичен шок и така првите 48 саати ми беа критични …но како велат има и полошо ,ние сега имаме еден месец се гушкаме и доиме , раните заздравуваат :inlove: навистина се се заборавало :hug:
     
    На Izzy_0504, 24.07, Amelia и 39 други им се допаѓа ова.
  19. pikachu2

    pikachu2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    986
    Пол:
    Женски
    Многу ја сакам темава и сакам сите да ги читам тука!!
    Откако останав трудна се радував на денот кога ќе ја пишам мојата породилна приказна па повелете, вака оди на кратко:

    28.7.22’ околу 4ам ми пукна водењак ден пред термин, пред тоа си бев 3цм отворена и знаев дека морам да се средам на брзина (туш, брич) го спакував маж и у болница (Чаир).
    Стигаме, ја имам слаба болка и ме примаат 4цм во 5:30.
    Околу 10 ам почнаа посилни болки, се дишеа, ама јас не трпелива ајде викам носете ме во сала ме боли.
    Веќе на 7цм веќе почнувам да одам брзо и да офкам да ме носат, почнуваат мн силни болки, потешко се контролира дишење.
    Ме носат, проверка и таму на цтг се чека да се отворам.
    Ми ставаат демек (бускопан-спазмекс) да намалел болки, после сфаќам од наод изгледа пуштиле стимул да се отворам побрзо.
    Тука почнуваат болки х100 од претходно, не се дишат.
    Јас, со висок праг на толеранција на болка, до сега глас не мислев ќе пуштам, се справував супер со дишење и самоконтрола, од 8-10 цм почнувам да се дерам мислиш жива горам, ама отварањето одеше брзо и беше секоја контракција поболна.
    Молам да ме стават на бокс и ветувам ќе го истуркам одма бебево само да се спасам.
    Седнувам на бокс некаде околу 12:03 минути, во 12:09 мин јас го плукам бебето од мене буквално.
    Бебе излегува 4590, претходно измерено не поголемо од 4000г.
    Докторите во шок, каде го зипуваше ова бре. Па доаѓа пола болница да види која мајка прворотка родила дете спонтано толку големо со брзина на светлината.
    Вика докторот да донесеш слика да те урамам дека рече царски не раѓам ако треба и 5кг вадете.
    Тука честитки, му вртат на мм да му кажат дека се во шок.
    После неколку часа се видовме ко што треба со синко, голем тој на мама, буце сите го запознаа и му се смешкаат дека е колку две бебиња.
    Така на свет дојде мој Михаил, прва радост на мама за која вредеше секоја болка и пак би ја трпела да треба.
    Жени не се плашете, овие 11 конци и ова бебе се единствената работа која вреди да се трпи во животот!
    П.С - Доктор Мујовиќ на смена за пораѓај во Чаир - фала му за сѐ, малку искуства со него на форумов ама човекот ПРЕ КРА СЕН, значи од начин на комуникација до постпородилна грижа .
    За Чаир, како болница, од персонал (од чистачка до доктор) мислам дека ако некој се пожали е срамота.
    Таква грижа, посветеност, хигиена и култура не очекував и уште 5 да родам овде ќе родам :l:

    Сакам да читам повеќе приказни, ве молам да пишувате !!
     
    На Izzy_0504, buba4e89, 24.07 и 57 други им се допаѓа ова.
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.690
    Допаѓања:
    72.588
    Пол:
    Женски
    Честитки мајка, нека е живо и здраво! Значи го утепав од барање човекот, неможев да го најдам на страната на Чаир (го нема и сега) и едно време си мислев дека може и не постои, дека нешто сум слушнала грешно. Други ми пишува на отпусна листа, а тој ме породи и мене. Ама бев некоја меѓу смена во 6 сабајле родив и имав 15 души на пораѓај :D Ама он ме прими 12ч пред раѓање, он со уште тие 15 ме породи :D Исто и кај мене после раѓање дојде пола болница да ме види дека и јас 4400г, 56цм бебе (исто грешна проценка дека е под 4кг) :lol:
     
    Последна измена: 30 јули 2022
    На Izzy_0504, fana, Bjanka82 и 2 други им се допаѓа ова.