Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.347
    Допаѓања:
    113.088
    Пол:
    Женски
    @Life 018 ти не си жена, ти си ЖЕ НИ ШТЕ :muscle: :bow:
    :l::l:
     
    На Life 018 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Life 018

    Life 018 Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2021
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    haha :$ Fala ti :l::f:
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sara.Be

    Sara.Be Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    Девојки се породив во саботата, природно, машко. Моментално е на сончање доби жолтица. Сечена сум 2cm, рана како рана, боли. Ама многу ме болат и слабините, веднаш под градите, посебно десна страна. Ко ќе се движам дури и додека дишам ме болат. Лежам, не можам да се издишам од болка. Докторот беше од десна страна и туркаше на стомак. Не знам дали е од тоа... Ве молам мислење, утре ќе ги прашам докторите ама многу ме боли, а и болката не се појави тогаш, туку денес.
     
    Последна измена: 16 август 2022
    На Meckicja, Leanne, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Secret.women

    Secret.women Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2020
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    1.526
    Пол:
    Женски
    Честитки мама жив и здрав да е
     
    На Sara.Be му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.417
    Пол:
    Женски
    Мене исто така баш од десна страна ме болеше ..јас мислев ребрата ме болат ама сепак мускул беше..дома мачкав маст за мускулна болка и му помина за некој ден. Прашај доктор дури си на болница од која да ставаш.мојата беше од Турција купена на ментол база.
     
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.371
    Допаѓања:
    171.411
    Јас мислам тоа е набиено гмечено место од самото стискање на др и затоа боли
    Ке помине за некој ден нека ти дадат нешто за болка ако не се издржува
     
  7. Bebulleee

    Bebulleee Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    4.858
    Допаѓања:
    22.258
    Пол:
    Женски
    Мојата породилна приказна.
    Закажан царски 17.08.2022
    Ми направија прием, тест за ковид, инфузии, анализи и ред други работи.
    Време е за всала јас бев како зајак пукан премногу ми беше страв зошто со првото не бев воопшто добра на операција.
    Така беше и сега, не ме излажа интуицијата легнав со притисок од 148/102...само шо ме намачка доктор со јод јас почнав да се губам притисокот паднал на 50/30 (facepalm)
    После 3 4 инексии го ставија во ред, ама јас и понатаму испаничена.
    Бебе се роди 10:30 јас од сала излегов во 11:40 поради крварење, едвај го стопираа крварењето и танко ткивото неможеа да ме сошијат.
    На кратко толку, уште носам дрен и примам инфузии бебе го видов и на крај најбитно е да сме ние во ред:sweat::l:
    И дефинитивно ФАБРИКАТА ПОД СТЕЧАЈ ! :~:
     
    На tincemajmunce, Oneo, Cececece и 33 други им се допаѓа ова.
  8. Enna7

    Enna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    366
    Едвај го чекав денот кога и јас ќе ја споделам мојата приказна во оваа тема, инаку секогаш кога ве читав во темава завршував со солзи :inlove::).
    Поминаа 3ипол месеци од кога се породив и таман да раскажам.
    Поради миом и папочна врвца близу до вратот на бебето, некаде 38ма недела решивме да одиме со царски. Начелно краен термин ми беше 27ми април, па како ај да пробаме на 22ти (пошто викендот кој следи беше Велигден) да не се пролонгира. Иначе во Ремедика ова. Одам јас некаде 20ти како на последен преглед, и докторката ми вика бебево абер нема многу е горе, ај да го оставиме уште една недела нема шанси до први само да излезе, и оставивме начелно за 25ти да ме прегледа и ако има услови пошто Велигден, тогаш да ме породи. Одам на 25ти, како спремна за пораѓај, испаѓа само докторката дежурна, нема кој да и асистира, и вика ајде на термин на 27ми сабајле во 7ч финално тогаш те пораѓам. Си одам дома јас, 25ти супер си поминувам, 26ти исто одам низ парк кучето си го шетаме со мм, па кај мајка ми на гости, вечерта дури се поздравувам со мајка ми и одам дома да се наспијам да се спремам за големиот ден:D. Се туширам и само што легнувам некаде 23ч почнувам да осеќам нешто како благи менструални болки, ај викам нема шанси, ќе спијам секако за 7 саати имам закажано пораѓај. Си лежам така доаѓа полноќ осеќам рамномерни болки на некои 5 мин ми се стега стомакот стои стегнат па се пушта и пак исто, мерам на саат, викам ова контракции се, ој бакзузе еден низаеден. Му викам на маж ми ај да тркнеме до Ремедика едно цтг да ми направат само да видам дали е тоа тоа или си умислувам. Ама одам убедена дека се лажни контракции, значи не зимам ништо со мене, туку јас, маж жи и КУЧЕТО у кола (плаче кога го оставаме дома само) одиме до Ремедика да ме видат. Они остануваат у кола ја лефтерно си влагам внатре, кажувам дека за у 7 имам закажано царски, али дека осеќам нешто чудно (значи не ме болеа контракциите само ме стегаа, затоа бев лабава дека не е тоа тоа). Ме ставаат на цтг и сестрата вика опа, контракции се, се јавува кај дежурен доктор на одделение, му кажува, спушта и ми вика ајде те носиме горе. :worried::o:o:o Јас какво горе бре, не идам ја у 7 имам царски закажано, си ја сакам докторката, нема шанси природно, а они ме смируваат абе нема ништо да ти правиме, само да те сместиме, секако е рано на почеток си, ќе те следиме, ќе и се јавиме и на Симонида ако треба и ме убедија некако. Маж ми јаден у кола со кучето ме чека дома да си одиме, појма нема и он дека ќе останам. Искачам ја да му кажам, он пали кола да си одиме, а ја му викам оди дома зимај куферчето, папката, полначот и донеси ми ги, јас останувам контракции се. Леле човекот паники, му гаси колата, не знае да ја запали, искача, па влага у кола пак, кучето му се протнува трча тука низ паркот, он оди по кучето да го собере, ми збори неповрзано, сестрата ме чека со количка на влез не и е јасно што овој трча по куче :rofl: драми. Ај отиде он, више беше некаде 1ипол, мене ме качија горе ме ставија на ЦТГ, јас страв у коски нејкам природно се натегаме докторката да ми ја викнат, не сакав јас да и звонам толку доцна, ме смируваат дека е рано. И така како седам на ЦТГ, појаки контракциите стануваат и наеднаш скроз прекинуваат, маткава ми ги ислуша молитвите да почека уште неколку саати :D. Си заспав, ме станаа околу 6, цтг нормално, контракции нема, докторката дојде, ме спремија, некаде 8ч визита помина бла бла, маж ми со мајка ми доле нацртани чекаат, ме храбрат по телефон, кај 8ипол ме носат во сала и во 9 и 6 мин, точно на краен термин 27ми април излегува моето сонце Лана тешка 3.600кг долга 51 цм :inlove::inlove::inlove::inlove: Најсреќниот ден во мојот живот:l::l::l:
     
    На tincemajmunce, Oneo, Bebence29 и 61 други им се допаѓа ова.
  9. viniMini

    viniMini Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2022
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    662
    Пол:
    Женски
    Моето искуство со мојата втора принцеза. Ќе бидам кратка толку имам слободното време ххх :D
    Четврток одам на дежурен кај мојот доктор што требаше да ме пораѓа за рутинска контрола,ме прегледа вика рано е … 38+4
    Утре дента станувам, сила у мене имав до максимум..почнав да средувам по дома и попладнето ги вадам алиштата од машина и оп ме пресече нешто кај стомакот!
    Кога гледам почна да тече вода, викам АУ тоа е тоа( со првата ќеркичка немав искуство со пукање на водењакот дома бидејки ме фатија болки и го пукнаа во болница)
    Тргам јас у болница со мужето, цела испаничена пошто знаев што ме чека веќе имав искуство.
    Ме примија ..болки слабо имав беше околу 19h.
    Накај 22h почна да боли премногу, не видов ни Е од мојата ветена епидуралка…
    Почнаа да шибаат провокации, лекови за притисок, пуштање инфузија бидејки плодот не бил толку раздвижен… и така помина се во најдобар ред за на крај во 5h да дојде на свет мојата втора среќа мојата кукла родена природно 3700g 52cm:l:
    Најубавото чуство, и сега додека го пишувам ова си ја галам и сум најсрекна на целиот свет. :inlove::inlove::inlove:
     
    На tincemajmunce, Oneo, Cececece и 38 други им се допаѓа ова.
  10. Ane1988

    Ane1988 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2020
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Со години ја читав темава и плачев на секој пост со надеж дека еден ден и јас ќе пишам тука Тука ми поминуваа деновите месеците годините Од тука научив за многу процедури и заедно со вас поминав низ хистеро лапаро инсеминации и ивф и сум бескрајно благодарна затоа што да небеше форумов можеби уште ќе тапкав во место
    Цели 10 години се боревме со стерилитет од необјаснети причини Одевме од врата на врата од клиника на клиника и на крај со ивф ни се насмеа среќата Денот кога го видов тестот со две цртички плачев а и сега кога ми текнува солзи сами ми идат
    Бременоста ми помина релативно добро ама цело време во грч и исчекување на нешто лошо иако се беше ок На работа не одев затоа што се водев како ризична и бев на патолошка Поминуваа месеците и се ближеше терминот 29.01 а јас никакви знаци за пораѓај Одев на цтг редовно ама контракции 0 грло не ни почнало да омекнува и постелка што не почнала да зрее Бидејќи 8 месеци бев на клексани и утрогестан докторот се сомневаше дали пораѓајот воопшто ќе почне
    Бидејќи во нашиот град не вршат пораѓај штом надминав термин докторот ме прати во регионалната болница да ме виделе само Отидов на преглед ама за секој случај си го земав ранецот што ми беше спремен После прегледот на кој се виде дека сум отворена само еден прст тие одлучија да ме остават во болница затоа што сум била со надминат термин а тоа беше на 31.01
    Се испративме со мм си земав ранецот и ајде во соба Си отиде докторката што ме прими и дојде друг доктор којшто после прегледот ме праша " а зошто си ти тука" ??? Незнам што одговор очекуваше ама јас му одговорив дека сум дошла да се породам Утредента пак исто цтг мирно отворена еден прст Утредента пак исто Коментари од страна на докторите колку сакаш Како јас да сакам да седам во болница Веќе почнав да се нервирам Зошто воопшто сум дошла во болница без болки Им велев да ме пуштат и ќе си одам дома ама тие несмееле така Морало тука да седам Почнав психички да попуштам
    Четвртиот ден рано сабајле ми прават цтг Тонови на бебе почнуваат да паѓаат Поминува докторката и кажува да ме спремат за царски Јас во ниеден момент не помислував за царски Сакав природно ама за доброто е бебето нереков ништо Сабајле во 9 ме носат во предродилна Цтг цело време уклучено Чекај чекај нема никој Сама во сала Ќе помине некоја сестра и ќе прашав кога ќе ме земат во сала а таа незнаеше што да ми одговори за да накрај во 15 часот да ми кажат дека докторката имала итни случаеви и неможела да ме породи мене и ќе сум останала за наредната смена Ајде кога толку чекав ќе почекам уште малку иако цтг то ме плашеше Дојде друга докторка ме прегледа и си отиде и ми доаѓа сестрата и ми вели дека не планирала да ме породи Е тогаш ми пукна филмот Почнав да плачам Се јавувам на маж ми да дојде да ме земе за да одиме во Скопје Ми беше премногу страв за бебето Во тоа време маж ми се јавил на роднини кои имале познајник во болницата за да се распраша за мојата ситуација За 20 минути докторката дојде во салата и им рече на сестрите да ми пуштат венски некои инфузии Почнав да добивам болки Контракции имав на 3 минути Инфузијата уште небеше истечена мене ми пукна водењакот Набрзина ми наместија катетар и одма во сала на царски Болките беа преголеми контракциите предолги Почнав да добивам напони додека ме однесоа во сала Таму ми рекоа никако да не туркам Само да ги дишам Ме боцнаа за анестезија промашија па пак ме боцкаа Мене анестезијата никако да ми фати Само нозете не ги осеќев а болките уште траеја Почекаа некоја минута и ми пуштија максимлна доза ама џабе за на крај да ми стават целосна анестезија Бебе го извадиле а мене со шлаканици ме будеа Се разбудив и ме однесоа во шок соба Таму ми рекоа дека бебе е ок ама ќе го видам кога ќе ме спуштат доле на оделение Вечерта во 22 часот ме спуштија ама бебе не ми го донесоа по што имаше малку солзи од моја страна за на крајот да ми го донесат Кога првпат го видов плачев од среќа неможев да му се изнагледам Беше совршен Беше најубавото бебенце со најубави сини очиња
    Останавме уште 6 дена во болница а за односот и условите нема да коментирам затоа што знаеме какво е нашето здравство Бев премногу изреволтирана од докторите што ме држеа 4 дена во болница за на крај да почнат да паѓаат тонови на бебе а тие не се замараат Како после еден телефонски повик ми дадоа провокација и ме направија царски Зошто не ми дадоа провокација порано можеби ќе се породев природно ама тоа е тоа

    После 6 месеци само ќе кажам се се заборава Повторно би поминала низ истото за ова малечко сонце што живот ми значи Сите солзи од негативни тестови сите боцки и сите операции се веќе заборавени
    Сега денот ми започнува со најубавата насмевка на целиот свет и ништо друго не е важно

    Посакувам на сите рацете и срцата да ни се полни како моите сега и секој да ја осети оваа среќа
    Извинете на долгиот пост
     
    На tincemajmunce, Oneo, Cececece и 53 други им се допаѓа ова.
  11. Arababy

    Arababy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2021
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    2.022
    Пол:
    Женски
    Воопшто да не се извинуваш за долгиот пост. Уживав додека ја читав твојата породилна приказна со среќен крај
     
    На Ane1988 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.585
    Допаѓања:
    52.693
    Пол:
    Женски
    Да ја пишам мојата втора породилна приказна, додека сум слободна:D

    23.08.2022 дома ми потече вода, се испаничив,веднаш на лекар заминав, докторот ми направи проверка на ехо ,цтг и вагинално ме виде,но не виде дека ми е пукнат водењакот, ми рече да дојдам за две недели.

    24.08.2022 се будам кај 4часот сабајле млаз вода ми потече. Јас си велам нема ништо,не е водењакот, се средив и си легнав, во 7часот пак исто.
    Пишувам во труднички, и поради членките решив да одам на уште еден преглед. Одам кај матичната, само што ме виде,рече одма оди кај докторот што ќе те пораѓа, високо напукнат водењак е.
    Си дојдов на државна, ме хоспитализираа,примив антибиотици, зреење прва доза. Тој ден ништо посебно не беше, освен што течеше вода од време на време.
    25.08.2022
    Од 1часот некои тапи болки имав, ги отспав до 6 часот.
    Ме фатија болки од 7ч сабајле до 11ч само во долниот дел од стомакот,цтг мирно, уште тече плодова вода, вели докторот не се овие породилни болки знаеш, ќе примаш и денес зреење, да издржиме до утре вака, после ќе видиме.
    Во 11часот ми ги снема болките.

    После 1 час почнаа нови болки ама со мал интензитет, на 1час, на 40мин, па пак на 1час.
    Ама не беа породилни или ме болеше стомак или мааалку кичмата, многу ретко стомак и кичма заедно.

    20 часот. Дојдоа моите да ме видат, ми донесоа пица и кока кола.
    Мајка ми вика ќе издржиш сигурно уште 2 дена,немаш болки, плус можеш да јадеш имаш и сила.
    Со нив малку муабет, одам во соба, почнав да јадам, едно парче пица изедов и кока кола си пиев:D и ме фати јака болка во кичмата, одам кај сестрата го барам мојот доктор, вели само што замина дома, ај прво да те ставиме на цтг па ако имаш болки на цтг ќе му ѕвониш на докторот.
    Јас не можев да издржам, веднаш му се јавив. Тој дојде за 10мин. Во тие 10 мин додека дојде сигурно уште 6 пати имав таква болка.
    Ме прегледа вагинално, рече 9 прста си отворена. Ќе раѓаме ама ај малку на цтг да видиме ситуација.
    Само што ме ставија на цтг, почнав нагони за во вц да добивам
    И велам на сестрата додека сме сами да ме пушти до вц да одам дека ќе направам беља:D
    Вели ааа не, добиваш нап брзо на бокс качувај се.
    За 10мин на бокс се роди бебушка. Ме сечеа малку, да не испукам.
    Ма да не ми изгледа дека е малку ама нема врска.
    Бебушка гласна беше, само што излезе главата вриштеше.
    Апгар 8/9, 2400гр
    А колку ми рекоа дека е долга не се сеќавам.
    И денеска ќе е во инкубатор, ама ако. Најтешкото помина. Сега сме целосни. Вистинско семејство :inlove:
     
    На Veki4kaa, tincemajmunce, Oneo и 63 други им се допаѓа ова.
  13. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.672
    Допаѓања:
    6.543
    Пол:
    Женски
    Еве денес точно 2 месеци, па да ја раскажам и мојата породилна приказна:).

    Како што повеќето тука ме читавте, од 23та недела бев со серклаж и грло од 1цм. Состојбата беше критична и не се знаеше до кога ќе истерам и бев на строго мирување со еден куп лекарства.

    Секои 2 недели одев на контрола на Гак кај докторот што ме водеше и само се молев уште две недели да издржиме. Така истеравме до 38+5, датум 1ви јули, петок.

    Предходно бев договорена со докторот да дојдам да ми го извади конецот од серклажот но не спомна ништо за пораѓај. Јас предходната вечер не можев да спијам некое претчуство имав и си реков сабајлето да ја земам торбата со мене (спакувана ми беше од 28ма недела, да сум спремна:D), мм вика не ти треба ама ај земи. Бев договорена мајка ми да ме однесе, да ме почека па да ме врати дома, никој не очекуваше дека ќе се пораѓам дента, мм лабаво на работа си отиде и ми рече ѕвони кога ќе завршиш:D


    Во 8 доаѓа докторот на патологија и ми вика ајде да вадиме конец, 3 секунди работа, ништо не осеќам. Ме прегледува вагинално и ми вика ти си 5 прсти отворена, ќе те примам до 1 саат ќе бидеш породена. Јас останав :o, ме фати неспремна. Ме гледаше на ехо и ме прати на цтг, се е во ред само болки никакви, права линија.
    Ме примија во 9 и пол ми уклучија провокации преку инфузија, јас болки уште немам. Пак ми прават преглед, 7 прсти. Ми појачуваат инфузија пак, почнуваат некои слаби болки, за пола саат јас 9 прсти. Ми појачаа по трет пат инфузија ( дека си имам килажа изгледа послабо делуваше :D) и тука почнаа веќе посериозни болки, во 11 саат со мајка ми се допишував, почнаа јаките болки. Тука докторот рече да ме боцнат со тродон ама џабе немаше време да делува, многу брзо се одвиваше се. Го видоа цтг, сестрата ми рече "штом почна да се потиш ти ќе раѓаш" и ме однесоа на бокс. Стиснав 2 пати, после тоа се исклучив некако и не памтам баш и само следно што знам рекоа 3350 51цм. Почнаа да ми честитаат сите 20 души што беа присутни :D и само прашав дали е машко, да не ја згрешија работата:D и така се роди мојот Тео:inlove:. Ми рекоа дека е родено во 11 и 35 што значи од кога почнаа јаките болки само пола саат. После излезе постелката, сто пати ги прашав дали се сигурни дека е цела, да не останало дел(facepalm) и ги избројав дека имаше 5 луѓе сведоци:rofl:.
    Го ставија синко на едно креветче уште бело не избришано а мене почнаа да ме крпат. Не ме сецнале и сум испукала на 2те страни некако незгодно на мускул, па наместо специјализант ме шиеше главната докторка на смена и околу нејзе сите специјализанти наредени :rofl:. Искрено повеќе ме болеше тука што ме дрнкаа него пораѓајот. Едвај чекав да завршат веќе ептен ме болеше дека мускул џабе анестезијата. После лежев едно 3 саати на бокс со чаршафите замотана и тука се испојавив на сите да им соопштам и кога се ослободи кревет ме префрлија во соба.

    Ете моето искуство со пораѓај на Гак воопшто не беше лошо како и условите. За негата после и сестрите кај бебињата е друга приказна :^):|.
     
    На Lover234, Veki4kaa, tincemajmunce и 36 други им се допаѓа ова.
  14. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    22.951
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да ја кажам мојата :D
    Само да се разбереме пред да почнам дека јас се наоѓам во Германија и дека појма си неам од германски и со сите зборам на англиски :D е сега кој знае знае а кој не...
    Отидов во болница на 10ти на закажан царски . Ми кажаа во 6 саат сабајле таму да сум и ајде. Ме ставија на цтг во една соба и докторката( иначе помлада и од мене имаше негде 20г) ми рече во 9 саат ќе биде операцијата. Јас страв во коски заради претходниот пораѓај во Мк и се молам само на целосна анестезија. Оваа ме смирува ми вика како сакаш ти така. И се смирив и си легнав на еден кревет таму да поспијам до 9 :D. Дојде во 9 жена анестезиолог и почна да ми објаснува што да правам и како ќе ми ја стават спиналната :^). Е тука испаничив многу абе викам мене ми кажаа со целосна. Вика не не е убаво нз шо , ќе одиме со спинална. И ајде ми дадоа еден чаршав да облечам ме стокмија и правец во една соба, леле колку беше страшна , како мртовечница, еден железен кревет во средина и ламби насекаде :D. Седнав на железото и почнаа да влегуват докторки анестезиолози што ти знам што беа едно 10 жени како за на погреб.:x. Ме соблекоа гола и од страв ми стана многу ладно а времето беше пекол и ме покрија со топло ќебе. Дојде таа првата и ме наведна да ми ја стави спиналната. Јас паничам и ја прашувам колку посто си сигурна дека ќе фати? Ми вика 100 посто, не не, 150 посто :D. Добро викам, ајде ќе и верувам абе знаат шо прават :D:D и ме легнаа на креветот овај мртовечкото железо, и таа почна со еден спреј да ме прска на нозете као кога нема да го осетам тогаш ќе почнат. Абе јас се осеќам. Ми вика почекај малку. Дојдеа да ми местат катетар, јас офкам уште незаколена. Викам чувствувам се. Оваа се чуди и пак ме прска и ми вика ги осеќаш ли нозете, абе викам се осеќам. Почнаа нешш на германски да зборат и едната ми вика ајде ќе пробаме да те сечеме. Викам штооо??? :D:D нема шанси јас се осеќам ставете ми целосна ви се молам незнам ни јас што молев веќе. Овие се избезумија и викнаа еден др анестезиолог и тој им дал потврда да ми стават целосна али оти збореа на германски не ги разбрав и паничев многу, на едната ја молев да ме држи за рака :D:D . Ми ставија две инекции и инхалатор . Незнам кое од нив многу ме откачи као џоинт, да бев така откачена мислам дека би се нафатила да ме сечат без да ме успијат :D. И сум се изгубила. Се разбудив после во една соба мм беше таму ја држеше малата кожа на кожа , јас уште се свестував знам многу ме болеше раната и цело време прашував дали бебето е бањато за да не го гледам во крв :D:D. Не носија после во др соба, бевме со уште една момичка, после некој час дојдоа не станаа, избањаа, ги облекоа бебињата и не оставија да си уживаме. Ми дадоа апче за болки и првото станување ич не ме болеше. Бебињата цело време со нас, имаше копче за да ги викам сестрите кога ќе ми треба нештo , јас го растурив тоа копчето само ги викав де за млеко, де за тоа воа. Односот им беше перфектен, сите насмеани , е сега тоа што неможевме да се разбереме друга приказна :D. Истата ден и сама почнав да станувам без проблем али се клукав со тие апчињата :D. Јадење уште одма штом ме донесоа во соба, мене ми беше страв да јадам оти во Мк на пораѓајот тие таму ме исплашија дека не смеам ништо да јадамм. Сестрата ми кажа е ако не јадеш како ќе имаш сила. И после два часа едвај се убедивме да јадам. :D ме пуштија на третиот ден дома. Искрено мене ми се остануваше цела недела али јбг се беше ок :D си викав да почнам да се жалам на болки и да ме остаат уште некој ден :D .
    И така, супер поминавме , можамм уште 10 да ги родам така :D
     
    На tincemajmunce, Oneo, MilaSs12 и 26 други им се допаѓа ова.
  15. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    562
    Пол:
    Женски
    Се породив точно пред една недела. Ме примија ден претходно, цтг на 4 часа регистрираше некои болки, но јас не чувствував ништо. Царскиот траеше околу 2 часа. Ме спремија се', ми беше позната процедурата, клизма, катетер, инфузија, спиналната веднаш фати и ме легнаа, вклучија апарат за притисок, маска на уста и започна. Но, се изненадија кога видеа дека раната од претходниот царски ми направила проблем. Слепени делови, слоеви и јас не знам што и како, но потешко ме отвораа. По некое време слушам како зборуваат за шиење, па им велам дека не слушнав кога заплака ќерка ми. Ми велат добро е, плачеше. И така потоа ми рекоа дека ме успале, зашто било покомплицирано, и матката и била ептен истенчен ѕидот, па за трета бременост и да не сум помислувала. Ми ставија и дрен, почувствував дека некој страв имаше кај нив, на операција повикаа и хирурзи двајца, па тоа ме направи малку анксиозна. Ќерка ми голтнала од плодовата вода, па постојано повраќаше и млеко и вода, два дена беше така. Инфузија и' ставаа, антибиотска терапија која се'уште трае. Всушност, најверојатно раната од претходно (која ми раЗви некоја инфекција, па тогаш пиев антибиотици) внатрешно направила некој проблем. Сега ептен сум посветена на тоа, ја негувам, често миење, нежно тапкање со сува крпа и користење виоплекс спреј
     
    На tincemajmunce, Oneo, 24.07 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Каде се пораѓаше? И двата царски
     
  17. Eluna

    Eluna Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2019
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Женски
    Точно така, немаат персонал. Јас синоќа за прв пат отидов во болницата кај што мислам да се пораѓам, пошто сум 35+6 и добив некакви чудни болки во долниот дел на стомакот и немав воздух, не можев да дишам. Гинекологот не беше веќе на работа и така отидов во таа болница. Се зачудив од она што го видов и се мислам сега дали воопшто таму да се пораѓам. Ми направија Цтг и се беше во ред, срцето на бебето супер ама јас болки имав и понатака, ми се вртеше немав воздух и ја чекав докторката цели 6 часа да ме прегледа. Единствена докторка била и не можела да стигне секаде. Трчаше од соба во соба, едно природно породување, едно царски. На секој пола час ми викаа само уште малку и ќе те прегледа, не можеме така да те пуштиме можеби имаш инфекција. Една докторка, една бабица и неколку сестри. Додека траеше царскиот, стигна другата жена за природно. И само видов трчање низ ходникот и докторката се затрча да ја пораѓа. А јас како што знаев беше на операција, па како така ја оставила операцијата да ја пораѓа другата? Можеби сум јас нешто грешка ама се исплашив. Трчање од еден до друг? Можно ли е тоа не знам? Згора на се, пошто предолго чекав (не се бунам за чекањето, видоа немам контракции па не беше хитно), бабицата и рече на практикантката да ми донесе нешто да јадам. А таа цело време од соба во соба изнесуваше урина и кој знае што не, па без да ги дезинфицира рацете ми отвори кекс, јаболко и банана. Ок, се заблагодарив ама не чепнав со рака. Во шок сум. Извинете за оф топик.
     
    На Indi96, MilaSs12 и mariz им се допаѓа ова.
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.279
    Допаѓања:
    76.371
    Пол:
    Женски
    Царскиот е побрзо од природен, може да ја породила она, па да оставила на други да ја досредат, сошијат, да ја префрлат на интензивна итн. Но ако е се во ред, царскиот е 30,40мин. Мене како што ме почнаа за некои 6,7мин беше веќе извадена малата од мене. За која болница зборуваш иначе?
     
    На Eluna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cececece

    Cececece Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2022
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Ме изнасмеа со кучето и маж ти :D:D
    Испаничил божем него ќе го пораѓаат:rofl::rofl:
     
    На Oneo, Ouravanture и Meckicja им се допаѓа ова.
  20. Eluna

    Eluna Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2019
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Женски
    Klinikum Lansdberg am Lech. Добро, не се разбирам ни колку трае царски ни природно па се исплашив, мислев вака ако оставаат да трчаат од еден на друг пошто немаат персонал, што ако мене ме остават. Јас и моите паранои. Јас ќе одам природно, бебето било наместено со главата надолу, се мислев епидурал да земам, ама читајќи овде имало контрола со рака кога проверуваат колку си отворена и таа била многу болна контрола. Дали да земам епидурал веднаш? Ама мислам дека никој нема да ми даде епидурал додека не видат колку сум отворена. И друга параноја ме ремети, што ако насред породување паднам во несвест или од некоја причина ќе немам сила за напон и не ќе можам и се задуши бебето, ако биде неуспешно породување, дали е подобро да одам царски. Не знам се мислам уште а многу сакам природно.