Епидурал ставаат на 3,4 прсти отворена, бар така е во повеќето болници. Не му ја мисли толку, особено немој негативно.. кога ќе дојде моментот ќе имаш ненормална сила. Јас бев 24ч неспиена со првото (06:00 родив), а некако успеав да бидам свесна цело време. И јас тогаш на дежурство се породив, недела сабајле за Велигден. Докторот исто шеташе, те на пораѓаи, те на некој итен преглед во амбуланта, те на патолошка кај тие што лежат. Ќе биде се во ред, без паника
Јас исто, толку уживам во темава по цела ноќ, секоја ноќ ја читам. Ова е најубавата тема што постои. 36 сум недела едвај чекам, нестрплива сум да го видам синчето. Стално му викам на маж ми, јас го немам видено син ми, ниту допрено. Кога кога, кога ќе помине времето, го збудалев. Последниов месец како вечност ми се гледа
Ми беше една од омилените теми и со плачење ја читав пред да се породам речиси секоја вечер. Па додека бебе и маж спијат да пробам да ја пишам и јас мојата породилна приказна. Не е совршена, имав прилично тежок порагај, но за таа среќа сега што ја имам уште 100 пати би поминала низ истото. 11.10.2022 Среда. Јас со некои минимални контракции во грбот веќе 2 дена. Одиме на преглед со мм и кажуваат постелката мн зрела и намалена плодова вода, најдобро да се индуцира порагај. Јас во паники, маж ми пресреќен, цел ден се труди позитива да ми пренесе. Ми закажуваат да дојдам во 12 вечерта да ме сместат и да ми стават вагиналета. Така и беше, јас во соба на цтг со ставена вагиналета во 1 и 15, маж го испраќам дома да поспие и да дојде за 4 часа, тогаш требаше да делува вагиналетата. Ама мене упте во 2 часот контракции страшни, ја викам сестрата ме проверува отворена 2 цм. Ѕвонам на маж да се враќа, одиме во породилна соба и ми стават епидурал. Контракции на минута, мнооогу болни, мислам дека воопшто не завршуваа. Епидуралот почнува да делува околу 4, јас осеќам контракции во задникот некако како мн јак запек, ама болката во грбот не ја осеќам веќе. Убавини, се шалиме со сестрата и мм, се смееме минута, па стискам рака на мм додека да помине контракцијата. Во 9 сабајле отворена 10 прста, може да почне порагај. Бебе мн високо, водењак не пука. Ми го пукнаа, почнав со напнувања, бебе нема абер да се симне. Дозата епидурал веќе намалена, не сакам да стискам на копчето за нова за да не ме спрече во напнувања. Болките беа огромни, неподносливи, мм си знае раката каква му беше од мое стискање. Ставија провокација во венс, болките уште поголеми. Тонови на бебе почнаа да паѓат, јас останувам без кислород. Се собраа неколку доктори. Мм ме подига за врат кога давам напон, некој ми подига нози, друг притиска на меше. Како во сон ми е сето ова, само знам дека кога чув тонови на бебе паѓаст напнував пресилно, ама џабе. На крај го вадат со вакум и јас завршувам со епизиотомија. Најболниот момент ми беше кога бебе не заплача, го земаа одма на кислород и кога го чув најубавото гласче на свет, плачев како луда со него. Мислам тогаш одново се родив, повеќе ништо не беше важно, Јован беше овде жив и здрав, најубав на мама Ми го ставија на гради и јас и мм плачевме и се гушкавме. Само се прашувавме дали ова е наше дете. Да не беше мм не знам што ќе беше со мене, дали ќе дотуркав до крај. Тој ми ја даде најголемата сила, и цел порагај ми викаше “бебуш за нашиот Јован”. Вие кои имате порагај сами без мм, лавици сте, нема похрабри од вас Уште не седам на газ, не знам ни јас како одам во вц, ме боли многу. Ама веќе ништо од тоа не е важно. Имам син, мој, најубав
@Anturium да е жив, здрав и благословен Јован. Со ваква мајка и не може поинаку! Солзи сами течат, и покрај маката приказната е преубава. Се надевам дека и јас ќе доживеам да раскажувам тука еден ден. Гушкајте се и уживајте.
Дојде ред и јас да ја раскажам мојата втора најубава приказна После првата долгоочекувана оваа бременост ми дојде како шлаг на тортата. Неполни 17 месеци од раѓањето на моето прво синче сега се роди и моето второ синче. Бременост како од книга, изгледа сите живци ги потрошив со првото Бидејќи од еден до друг царски имаше поминато малце време повеќето доктори ми викаа дека порано ќе се породам. Штом влегов во 9 месец веќе се беше спремно а јас психички подготвена да раѓам Во 37 недела одам кај докторот да видиме како ќе биде се и он ми вика дека си оди од болницата. Јас нервозна плачам па само заради него идев таму и само него му верував после се што поминав. Како и да е после неколку дена мислење одлучив да си продолжам кај што бев кај друг доктор по негова препорака. Одам на преглед во 38 недела и пак спремна да ме задржат пошто нели несмеат болки да ме фатат а докторот вика ова бебе седи до крај. Леле паника страв, па како до крај ако пукне раната, после толку читање стравови огромни си набив И ајде следен преглед вика готово во 39+1 те чекам и ќе те задржиме.Во меѓувреме ме фати некоја параноја дека се ми се случува во Октомври. Мојата свадба, загубата на првата бременост и најлошото искуство, позитивниот тест за бременост со поголемото синче и сега второто синче треба баш во овој месец да се роди но си реков се ќе биде добро. Бог не чува. Спремна гладна жедна појдов, операцијата траеше подолго ми паѓаше притисокот, ми стануваше топло на градите, губев воздух на моменти па ми додаваа кислород ама помина. Се роди моето злато 3500 гр и 52см Ми го дадоа на гради а јас се стопив. После интензивна се гушкавме, веднаш почна да цица Дефинитивно вториот царски за мене беше полесен, раната не ме болеше, нус појави од анестезијата помалце, паредниот ден си станав и се си функционирав нормално. Сега ќе му ја мислиме дома со едно големо и едно мало бебе
Фала мила Едвај чекам да ја прочитам и твојата најубава приказна за неколку месеци а до тогаш гали меше и уживајте во секој момент од бременоста
Жив и здрав да е мајка Гушки до бепка и до бато А ти што побрзо опорави се . Ти следи возбудлив период
Темава ми беше омилена додека бев бремена, па така некако се осеќам должна и јас да го споделам моето искуство и мојата породилна приказна. Среда си легнувам да спијам накај 11, имав болки цел ден па некако ми беше нормално. Накај 1 саат се будам и одам во дневна, почнувам да запишувам на колку време се болките. Стануваа се поинтензивни и на еднаков временски интервал. Накај 4 го будам мм, тој целиот пресреќен, јас седам и пијам кафе, ме гледа чудно, кој знае што си мислел Јас поучена од искуствата на другите си седам уште, накај 5 тргаме, му се јавувам на докторот што се имав договорено, ми вика цтг, правиме, контракции над 100, одлучуваат да ме задржат, јас воопшто неотворена. Ме сместуваат на патолошка. Накај 14-15 часот се смируваат контракции, јас си викам кај дојдов, спремна да си одам . По убедување на докторот останав, преспав една вечер, досада ме изеде, сама у соба и само слушам звук на цтг. Контракции пак почнаа, пак на правилни интервали, пак над 100ка ама не се отварам. Терминот уште не ми е дојден, веќе петок, мене термин понеделник. Се договараме со докторот да си одам ако има нешто се враќам одма и така сум блиску. Петок се враќам дома, се избањав, ми олесна. Ручек направив, ставив нови постелнини, намедтив и на креветче мушама, постелнина... Дојде мм од работа, ручавме, прошетавме и толку. Сабота трга он на пат, претходно ме прашува дали да одам ако не да одложам, јас не не, супер сум, немам болки. Отиде он, мене за саат време болки, овој пат ептен јакички, му се јавувам, за саат време сум дома ми вика. Така и беше. Идеме во болница, правиме цтг, контракции има, на редовни интервали, овој пат отворена 2 прста. Ме качуваат во родилна сала. Лежам приклучена со цтг, болки страшни, ме проверува докторот, за 4-5 саати стигнав до 5 прста и повеќе не се отварав. Бебе беше поставено со лицето према напред (дорзална позиција), докторов ми вика (и претходно ми кажа човекот амс јас запнав) ке биде многу тежок пораѓајов, бебе во ваква позиција искача потешко и може да има последици. Јас се мислам, уште не знам што да правиме, болки страшни... Ми кажува уште еднаш да одиме царски, на крај прифаќам. Одиме во сала, ми ставаат спинална, за 10мин ми викаат честитки мајка, ми ја даваат да ја гушнам среќата, не сликаат, ја земаа да ја средат. Кога ми ја ставија на гради не знам каков наплив на емоции беше тоа, само знаев дека никогаш претходно не сум се почувствувала така . Сега со керче си се гушкаме секојдневно.
Мојот прв пораѓај беше пред 3 години. Се разбудив со болки во 8 часот наутро и мислев дека се лажни се додека не биднаа на 5 мин и се појаки и тогаш во 19:00 отидов во болница. На цтг не покажуваше дека имам породилни болки но кога ме прегледаа вагинално бев 6 прста отворена. И после неколку часа ми го пукнаа водењакот и се породив во 22:30 природно . И сега вториот пораѓај ми беше ист но многу побрз. Се разбудив со болови во 9 часот во 12:00 ме примија во болница а се породив во 14:30. Ви посакувам на сите да имате лесни породувања.