Сега ја видов темата и ми текна дека јас сеуште не сум ја пишала мојата породилна приказна а поминаа веќе 4 месеци. Многу одамна ја читав темата и си велев кога ќе дојде ред и јас да пишам овде и ете дојде ред. Бременоста ми беше супер што до последен ден се осеќав супер и се си работев низ дома. 08.07, 39та недела,како и секој ден си ги завршував обврските низ дома, ама се осеќав некако чудно и решив уште во 12ч да се средам а мислев покасно да биде, ама имав некое чудно чуство немој бебе да реши денес да искочи па се средив. Маж ми имаше некои обврски ги заврши отидовме кај неговите на ручек, ручавме и некако се осеќав за никаде му реков на маж ми ајде да си одиме не ми се седи повеќе си отидовме и накај 19ч седејќи осетив нешто како да ми течи, додека да отидам до вц почна да ми течи и по нозете и знаев дека ми пукнал водењакот, а сакав прво водењакот да ми пукне бидејќи ако болки имам не ќе знам дали се тие и така бидна ми пукна водењакот се истуширав и отидовме во болница, ме прегледаа на ехо, со рака не бев ич отворена и немав болки ме задржаа. Ноќта ми правија неколку цтг ама бебе цело време спиеше, пиев кока кола, јадев благо, ми го тресеа стомакот ама џабе беше, бебе упорно спиеше а јас никакви болки. И така мина ноќта, сабајлето минимални болки имав, па ми ставија околу 09ч провокација и почнаа полека да се појавуваат и појачуваат болките, ме гледаа на цтг, преглед со рака ама не ми кажуваа колку прсти сум отворена и до крај не ми кажаа. И при крајот кога почнав да осеќам напони ме качија на бокс и со неколку напнувања се роди мојата кукличка на 09.07 3550гр 50см без ниту еден глас да испуштам. Се на се ми беше супер пораѓајот како на сон да ми било.
Мое искуство со др.Адела Стефанија во ГАК... Ме пораѓаше без болки јас напнував не излагаше немав болки и само ме вреѓаше коњ,стока и други навредливи зборови.Викаше дека седи после смена за мене и на сред породување ми вика дека ќе си оди,и дека ќе и се јавела на мајка ми да и кажела дека не напнувамСтрашно..за на крај да ме породи со вакуум и да си земе 400 евра.И после јас цела недела тука не дојде ни да ме види. А за цена на сите им кажува 400 евра а вика на други повеќе им земам,а реално да ви кажам и на прегледи секој преглед беше различна на почеток не заинтересирана а више последните прегледи се интересираше за парите. Најголема грешка во мојот живот е што одев кај неа,памет за друг пат
За жал нема како да докаже, заштитени се како бели мечки. Се запрепастив од тоа што го прочитав, ама доволно црвени аларми имала членката и пред пораѓај. Да ме вреѓа па уште и да и платам за тоа, мрш таму ненормални едни!
Ама една да почне да зборува, сигурно ќе се појават и други и ќе почне приказната да се одмотува... Мора од негде да се почне, а не само да се молчи. Софијанова со едно најобично интервју ја симнаа од тронот, иако за волја на вистината имаше и мнооогу луѓе кои застанаа во нејзина одбрана бидејќи имале препозитивно искуство со неа.
Одиме офф тема, но неможеме од рандом мислење на форум да оцрниме некој. И мене ме породи, кратко време ја познавав пред пораѓај но ми остави човечки впечаток. Голем професионалец, ја познава областа, влијаеше позитивно на мене за една ситуација во 8ми месец, ми излезе во пресрет и со уште неколку работи за кои требаше други доктори да превземат обврска и одговорност. Има специфичност во однесувањето не викам не, но дека така зборела не верувам,нема лоша мисла, а сепак правиме муабет за етаблиран доктор и не би си дозволила. А за Софијанова е трагедија ова што се случи, срамота и доказ дека како нација не не бива. таков професионалец заслужува 10к евра, со алал да се, зошто се грижи и бори за најмладите. Дозволивме местенка да замачка очи, штета што не погледнавме други примери кои ги имам ама да не бегам офф, и за крај новинсрче се станува лесно, а таков специјалист ТЕШКО
Така е се согласувам дека не треба да се молчи, но многу добро го познавам и корумпираниот правен систем. Да бевме во нормална држава немаше ни на крај памет да и падне да се понаша така. Ако ти си имала позитивно искуство нема потреба да го негираш негативното искуство на членката. Никој не би измислил такво нешто. Каква корист би имала да го измислува тоа што го кажа не сфаќам..
Нема дрен,катетар ти ставаат и искрено во сета таа паника и убавина не ни осеќаш дека ти го ставаат или вадат катетарот.
Си можела да побараш помош од полиција , па ќе ти кажат како да и ги дадеш парите Еј,озбилно на коњ и стока и даде 400 евра? Ма не давам, како ќе си ги наплати! И после било бесплатно у државно. Машала тарифава .
И мене ме породи Адела со царски, но не платив. Некако чудно ми е, дале пари пред сала, не знам каде влегле по катови и родилни, кога на моите на влез не ги пуштаа во јуни и јули. Добра ноќ
Па ми рече на сред пораѓај ќе си одам не те пораќам,заради мене останала после смена а парите од после ги зеде