Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. ivance..

    ivance.. Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2020
    Пораки:
    2.660
    Допаѓања:
    7.122
    Пол:
    Женски
    Честитки живи и здрави да сте :party:
     
    На jance му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.940
    Допаѓања:
    18.569
    Пол:
    Женски
    Не си единствена. На другарка ми другарка, и зема предвреме пари дека во било кое време ќе ја пораѓа, а кога дојде времето и и јавиле им се изнавикала, дека неможе кога ЌЕ И ТЕКНЕ да раѓа , она да доаѓа. На крај ја породи друг, зашто процес на пораѓање беше почнат и брзо се завршило.
    А на колега жена му кога се пораѓаше, со 3 пати умотана врвка на бебето ја форсираше природно, на крај бебе кога се роди модро модро, немало реакција веднаш, и лежеа 1 месец.
    Е сега има и ако си другарка блиска , те тинтра и си пиете кафенце пред пораѓај ( јатвра една 2 пати кај неа, ама деугарки се).
    Јас и кажав на јатрва ми, што сака нека биде јас кај неа не идам. Реално освен од неа за Адела добар збор не сум чула јас, и дека на сите што ги знам што биле кај неа на договорено барала пари.
    Ова е ЈАС што сум видела и чула. Но секој со свое искуство.
     
    На Sesil, Emy867, Starchild и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.828
    Допаѓања:
    11.750
    Пол:
    Женски
    Пред месец дена, истото го имаш пишано за ДРУГА докторка од ГАК.
    Ме интересира зошто сите твои другарки унапред плаќаат? И зошто воопшто плаќаат кога ете имале пример дека една од нив ја извисиле и работата не се завршила?
     
    На Ivancula123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.940
    Допаѓања:
    18.569
    Пол:
    Женски
    Да не си ме исмешала? Имам дадено коментар за докторка во чаир, за Шпишиќ и тоа позитивно.
    Зашто плаќаат однапред незнам, може ради сигурност дека ете таа или тој доктор ќе ме пораѓа со сигурност. И другарката со колегата не се ни знаат за да знаат што се случило ( колегата не е ни од Ск).
     
  5. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.828
    Допаѓања:
    11.750
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20221112-174658_Chrome.jpg
    Ете тука за сосема друга докторка прашуваат дали доаѓа на договорено па ти си го пишала истото, затоа ме зачуди:)
     
  6. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.940
    Допаѓања:
    18.569
    Пол:
    Женски
    Пишува дека дала пари на др. од ГАК, немам кажано за друг/а ( за Адела беше не ка навласив).Пари даваат секаде по државните, и Чаир не е за мирисање. Уште пред 10 години кога се роди внук ми платија, ама да кажеме дека беше многу подруга цената, а сега дури ти иде да присобереш уште некој денар и да идеш Систина.
    Особено за кај Исмаили …
     
    На mssuniquee, Slonce91, Meckicja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.828
    Допаѓања:
    11.750
    Пол:
    Женски
    Аха, јас мислев кажуваш за конкретната докторка за која што прашуваше членката.
     
  8. Алек***

    Алек*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.353
    Пол:
    Женски
    Значи ја кренала цената на 400 евра. Моја золва пред 5 години, кај неа се породи 200 евра платија. Истите муабети, за вас е само таа цена, за др друга. :headbang:
    Ја испаничи, демек детево е замоткано околу папочната. Си лапна 200 евра за пола саат.
     
  9. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.493
    Допаѓања:
    97.043
    За 5 год и малку ја кренала(facepalm)
    На оваа инфлација богами, си требаат парички :x
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Алек***

    Алек*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.353
    Пол:
    Женски
    Po dve pacientki, vo denot da gi ima, ne I trebaat poveke. Dojdi ispanici gi lugeto, kazi im mora carski, i na tuga maka pecali si. Aram da im se parite.
     
    На Meckicja, Meddy, Anomis11 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. TinnaMinna

    TinnaMinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Женски
    Ние поминавме ама жално и други нови мајки да поминат по тоа
     
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.366
    Четврти пат во темава и дефинитивно последен.
    Нека се живи и здрави, доста беше. Очекував четврта бременост да биде најлесно, ама сум се излагала:D. Болките се појавуваа секоја вечер, цела недела веќе, но знаев дека не е момент за во болница, па мерев мерев растојание помеѓу контракции и на крај се решавав да останам дома.
    Вечерта најпрво со часови болки кај опавчето. Цела бременост ме болеше таму, но овој пат беше поинаку. На полноќ почнаа и болките напред.
    Со часови имав јаки контракции пред воопшто да се упатам во болница. Ми рекоа само еден прст отворена(исто како и недела предходно). На тие болки, четврто, јас мислев барем 5-6, ама домашниот есап и на пазар не е исто. Ме проверуваа, шетав неколку часа, контракциите се зголемија со интензитет, пак на проверка. Дури два прста:sweat:. Сакаа дома да ме враќаат а јас веќе 8часа се виткам од јаки неиздржливи болки. За среќа проверија плодова вода да не протекло. Излезе дека имало малку протечено, па ај во соба ќе чекам да фатат болките.
    Во соба се виткав уште неколку часа, кога наеднаш осетив како внатрешна клоца. Истече плодова вода. Назад на бокс, сеуште два прста само. Побарав епидурал:tmi:, ми рекоа мора барем 4 прста. Наредните неколку часа болки, викање(facepalm), додека не го чув магичниот збор 4прста.

    Од 4 до 8 прста траеше неколку часа, чекај чекај да ме боцнат, никој не дојде:D. Беа зафатени во сала, не можеле…Дефинитивно најболните часови. Не знам што се не и на кажав на хебамето:rofl:, ама кажи поарно не ти даваме, не ме лажи со саати:D.


    На крај свика хебамето, скроз си отворена, напнувај, тогаш видов доктор, наеднаш не беа веќе зафатени.
    Со последните два напони мислам се расцепив]:), и излета Константин.
    3950гр и 54цм.
    Ми ставија локална анестезија и ме сошија.
    Бебуш е златен :inlove:
    Момите едвај чекаат да го запознаат и да се сликаат под елката:l:
     
    На 24.07, LUCI 99, Oneo и 102 други им се допаѓа ова.
  13. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.402
    Допаѓања:
    113.367
    Пол:
    Женски
    @danichap нека е здрав и жив :l:
    Ко за четврто не си поминала баш најлесно :|
     
    На ALISA0000 и danichap им се допаѓа ова.
  14. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.585
    Допаѓања:
    52.695
    Пол:
    Женски
    @danichap јас мислев четвртите сами излагаат, какво напнување,какви болници:D
    Нека е жив и здрав бебуш,нека ве радува:l:
     
    На Mnik, Veki4kaa, Coco31 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Eluna

    Eluna Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2019
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Женски
    Оваа тема ми беше омилена на крајот на бременоста и вечерва дојдов да си читам пак, успат и мојата породилна приказна да ја напишам. Уште во осми месец гинекологот ми рече дека бебето е многу длабоко навлезено во каналот и да се чувам можам да добијам контракции. Пробав два дена да лежам ама имав премногу енергија цела бременост и така си продолжив од утро до мрак на нозе, не се чував. Во деветти месец веќе не бев толку опуштена, почнав да се плашам да не му биде нешто на бебето, ужасни кошмари, одење на болница од паники, редовно цтг, ама се си беше во ред. Нестрплива бев не можев да дочекам да се породам, премногу се радував, само мислев на моментот кога ќе го видам лицето на бебето. Ама ништо од контракции, бебето немаше абер да излезе. Сега да не ја трупам оваа тема со негативна енергија ама и тука морам за жал свекрва ми да ја спомнам. Што повеќе се ближеше пороѓајот што повеќе стрес и секирации добив од свекрва ми, паднав во некаква чудна депресија, почнав да се осеќам неспособно да бидам мајка, према маж ми постанав ладна и тој ме нервираше и се ми се собра. Терминот ми беше 3 ноември и тој ден имав закажано цтг и ништо од контракции, дојдов дома разочарана. 5 ноември имав следно цтг, 40 недела плус неколку дена. 5 ноември сабајле мислам дека беше околу 10 часот, ја читав темата труднички муабети и како сите ме бодрат да и се нафрлам на свекрва ми :D Пиев кафе и си читав, осеќам ко вода да ми истече. Трчам во вц гледам тече ли тече. Викам јеееее пукна водењакот. Свекрва ми и мајка ми пребледија, му се јавувам на маж ми му викам пукна водењакот ќе се пораѓам денеска. Ок вика идам. Јас набрзина земам работи, ни 5 минути не поминаа ете го маж ми на врата, пребледен :D Се изнасмеав. Како дојде за 5 минути со точак му викам, вика синот на шефот ме донесе тој ќе не вози. А јас викнато такси, го откажавме. Вика маж ми ајде брзо брзо, а јас шо ти е де смири се, така лесно да се пораѓаше за 5 минути супер ќе беше. Јас од читано на темава си почнав полека. Се истуширав, зедов се што ми треба и тргнавме. Пред да влеземе гледам маж ми се треси, што се тресиш му викам не плаши се, не бе ми студи вели. :rofl::rofl::rofl:Се пресмеав. Ок, Ми направија корона тест и отидов горе, маж ми не го пуштија, да чекал, ќе го викнеле ко ќе почнел пороѓајот. Прават цтг нема ништо, ме проверуваат не сум отворена, ултразвук, се живо, викаат ќе седиш тука цела ноќ, а маж ти ќе дојде кога ќе почнат контракции. Прашав кога може од прилика да добијам контракции, рече докторката околу полноќ ако не добијам ќе ми даделе коктел за контракции и сабајлето ќе сум добиела. Си мислам кој ќе дочека цела ноќ. Леле радости невидени, не можев мирно да седам, шетај нон стоп лево десно по собата, не можев да дочекам, се молев да добијам контракции. Му се јавив на маж ми, му кажав а тој ќе чекал не одел нигде. Ајде пак цтг, пак ништо рамна линија. Вика бабицата немаш контракции, јас ко да видов нешто и велам еве имам гледаш? Вика не се тоа контракции. Ок, проверка пак не сум отворена. По некое време пак да дојдам на цтг. Што да правам немам мир никако, почнав да шетам по ходникот и слушам други жени во болки кај некои вратите се отвараја влегуваа сестри, ај реков што шетам вака ги вознемирувам другите родилки. После секое цтг го информирав маж ми, само надвор имаше мрежа, и на тераса гледам маж ми долу шета лево десно, му се јавувам гледај на тераса сум :rofl:Вика па како, нели ти пукна водењакот, не разбирам како не се пораѓаш како не те боли :rofl:Одам пак кај бабицата ја прашувам дали маж ми може на кратко да дојде горе, вика не ама можеш ти долу. И отидов, му ги зедов цигарите и го убедив да си оди, џабе да седи кој знае кога ќе добијам контракции. Тој преплашен, место да ме теши мене јас го тешам него. Му викам не плаши се, се ќе биде во ред. Гледам готов да заплаче а јас со смеење го испраќав, се гушнавме и замина. Отидов горе на тераса и решив ќе палам цигара, 6 7 месеци немав пушено. Ама до пола ја изгаснав, ми беше срам со толкав стомак се ми се чинеше ме гледаат од прозорците на болницата. И отидов да легнам во собата што ме сместија, имаше уште една девојка ама била во моментот да раѓа. Друго цтг ништо, не сум отворена, пак се враќам во соба, излегов на тераса звонам на вибер да зборам со дома, се враќам лежам, никакви болки. Си лежам и си замислувам како раѓам и се радуваме со маж ми на бебето. Веќе се затемнува надвор, осеќам некоја мала болка во половината, одам на цтг, се појавиле неколку контракции ама не било доволно. Ми зедоа крв нешто проверувале и да сум одела во соба. Лежам во соба, осеќам појаки болки, одам пак на цтг, викаат рано ти е за цтг покасно дојди. Им викам ве молам, имам појаки болки сигурно имам контракции, ајде пак цтг и пак ништо. Колку само цтг направивме, колку бабици се сменија. Викаат последното цтг ти е во 23 часот и ако нема ништо следното е сабајле. Ќе добиеш коктел за контракции во 23 и ќе одиш да спиеш. Одам во соба, легнав, дојде другата девојка со бебе и честитав и пробав да затворам очи. Надвор мрак и ладно, мрежа немам да се чујам со маж ми, гледам магла почнала, почна да ме фаќа страв. Ми се појави некое чудно чувство, почнаа лоши мисли да ми идат, што ако не успеам, ако немам сила да го родам, требаше царски да одам. Почнаа да се појачуваат болките, пак цтг и пак ништо. Ми дадода коктел и требеше да спијам. Ама мене ме фати толку страв до сабајле без цтг и решија да ме остават на цтг дур да се породам, истовремено да слушам тонови на срце на бебето, за да се смирам да знам се е во ред. Ме фати паника за бебето. Седам приклучена на цтг веќе е после полноќ, болките се појачуваат, дојде друга бабица, имало контракции ама недоволно. Да сум пробала да спијам. Јас не знам што ми се случи, мислам дека малку дремнав ама од многу возбуда не можев да заспијам и после таа дремка нешто ко да ми се поремети, ме фати некаква чудна депресија, некое чудно чувство, болките се појачуваа, стслно гледав на екранот тоновите на бебето, гледам и контракциите се покачуваат. После не знам колку време ко да подзаспав и сонев нешто чудно, се разбудив и така неколку сати веќе не можев да разликувам што е реалност а што ми дошло кратко на сон. Грозно се осеќав. Ми се измешаа слики во главата, дремни разбуди се, гледај надвор темница, почнав да плачам. Во главата секакви мисли, како не сум била способна да го гледам детето, тоа и како да ми доаѓаше на сон а како и не, како на јаве мисла да беше, ко во транс да бев. Еднаш свекрва ми на шега и смеење ми рече, што ако ти се налути детето кога ќе порасне што пушеше цигари, а јас само првите месеци по две три на ден додека се трудев да ги оставам, ама тогаш кога ми рече таа така не дадов важност на тоа, ама зошто сега ми дојде таа мисла во главата? Почнав премногу да плачам, болките се појачаа, ја молев бабицата да види дали сум отворена и ако сум да ми дадат епидурал. Рече не се ова контракции за пораѓај, џабе да те проверувам, ми завршува смената, ќе те провери другата бабица. Јас се виткам во болка и плачам, ама излегов на тераса му се јавив на маж ми и му викам се е супер, имам контракции очекувај за скоро да ти се јавиме. Одам назад ја молам бабицата за епидурал, вика не смееме ако не си 4 прста отворена, кога те проверивме два беше. И викам провери сега, вели ми завршува смената. Јас веќе не можам да издржам болки, веќе почнува утро да биде, замаглено, грозно, доаѓа другата смена, и велам на другата бабица умирам од болки ве молам направете нешто. Контракциите не биле на 5 минути, рано било. И после мене ми текна, и велам морам да одам во вц на голема нужда. Вели не не, мислам дека е бебето, ајде да те провериме. 8 цм отворена. Викаат ајде спремајте пороѓај. Сакам епидурал викам, не може велат нема време. Па ве молев до сега да ме проверите а сега е прекасно, ни маж ми нема време да дојде, 30 мин му требаат со кола. Сега ќе му се јавиме на маж ти. Велам не се пораѓам без епидурал, многу ме боли ве молам дадете ми епидурал. Ок вели бабицата ќе му се јавам на анестезиологот. Дојде и друга бабица донесе од нивните телефони, му се јавувам на маж ми скроз смирена, викам ајде почнува пороѓајот. Додека чекам да дојде анестезиологот се виткам од болки и плачам, вика бабицата ај не глуми сега збореше со маж ти супер беше. И велам не сакав да го вознемирам. И ми ги собра рацете, и велам те молам пушти ми ги рацете, вели јас си одам, и вели другата бабица ок. И нешто кажа на полски и замина. Другата бабица што остана со мене рече ќе ги успориме контракциите додека дојде маж ти, јас не знам дали добро ја разбрав дали е тоа можно, во таа узбуна како така да чув. Примив епидурал и за кратко исчезнаа болките. Дојде маж ми и ми вели се породи? Што збориш му викам нели тебе те чекаме. И ми вели бабицата јас ќе те пораѓам, а кога ќе излезе главчето ќе ја викниме докторката. Јас добив шок. Оваа нема ни 25 години. И велам ти си супер се, ама ако може и докторката да е тука прв пат ми е и се плашам,вели нема потреба. Ајде викам да почнеме, вели уште не се контракциите на две минути или една не се сеќавам. И така чекавме, правев муабет со маж ми, и вели бабицата ајде може да почнеме. Ме доотвори и вели Кога ќе ти кажам давај напон колку можеш. Таа и маж ми сами, маж ми учествуваше во пороѓајот, двајцата заедно ме пораѓаа колку и да ви е чудно и во меѓувреме муабет правевме. Маж ми вика заедно со неа ајде сега давај нагон ајде ајде, ама почна подолго да трае и мислам ама не сум сигурна во таа узбуна не можам да се сетам нешто ми ставија во инфузијата од епидурал и ги убрзаа контракциите. Аууу каква болка, уште појака пред да примам епидурал. Џабе примив. Повеќе од сат се пораѓав, дојде докторката, рече премногу цврста матка имаш и прв пороѓај па затоа. Ајде уште напони и излезе главчето, одма и бебчето цело излезе. Одма почна да плаче, ми го ставија на гради, искрена да бидам чудно се осеќав, не како што замислував. Син ми се роди 6 ноември во 9 часот и 7 минути. Не беше тежок пороѓај, немаше компликации фала Богу ама многу ме болеше и долго траеше. После и сум распукала па ме сошија, ама не осетив болка. Викам јас немам млеко, бабицата ми ја стисна градата вели еве имаш. Кога го ставив бебето да цица тогаш осетив некое убаво чувство и со секое наредно доење љубовта беше се поголема. Веќе не се осеќав депресивно. Важни ми беа само тие очиња, гледав и се мислев ова мало суштество било во мене 9 месеци. Неверојатно. Навечерта бебето ми се задави во спиење, притиснав аларм дојде сестрата и таа го дигна ама не можеше да го врати, го зеде со неа, рече не е страшно ќе се вратиме. Очите ми останаа на врата. Другата ноќ тоа искашла ама пак беше црвено во лицето и испаничив, умислив пак се задави, притискам аларм не доаѓа никој, јас го тупкам дигнато и станав и одев во собата кај сестрите. Ходникот никогаш не ми изгледал подолг. Засекогаш ќе ми остане врежана сликата кога ги гледав очињата на син ми кои не знаеа што се случува додека брзо одам низ ходникот. За среќа не беше задавено, само кашлаше, ама ај траума од првата вечер. Иначе после ова имав голем стрес дома ама бев јака и не паднав во депресија, и фала му на Бога уште сум добра и никогаш нема да си дозволам веќе толку пореметено да се осеќам, поради син ми нема тоа да дозволам. Можам да се истресирам и растажам ама така депресивно да се осеќам веќе никогаш. Мислам и хормоните тогаш и се, криво ми е когаа ќе се сетам како си дозволив да бидам во таква состојба на пораѓајот. Се пораѓав а мислев на развод и триста чуда. Фала му на Бога помина.
     
    На 24.07, juice_, Mnik и 37 други им се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.200
    Допаѓања:
    20.368
    Пол:
    Женски
    Жив и здрав да е малиот, си има дади за чување. ❤️ Побрзо опоравување за мама.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    24.483
    Пол:
    Женски
    Машала, нека е здрав и жив. :l: И мене е маткаа за епидурал, молевме-колевме и на ингор бев, после ми рекоа каоо вака бареѓ осеќаш кога треба да туркаш, а веќе си измемоштена..
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mila_Mia

    Mila_Mia Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2022
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно?
    Нели е бесплатен порагајот на државно?
     
  19. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    2.856
    Пол:
    Женски
    Нека е здрав и жив, многу да ве радува:l:
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anomis11

    Anomis11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2019
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    3.138
    Пол:
    Женски
    Мито и зела докторката ..