Еве јас ќе ти кажам дека сум презадоволна а името и го дознав дури коа заврши се. Немав појма која е, таа се погоди на смена. Не ме ни занимаше кои доктори се, не може сите да ги знам лично, нит имам намера да давам мито нит се палам на извикани имиња, бев со мисла дека кој и да е нема да го остави бебето внатре. И никој нема да ме убеди дека му е побарано мито туку дека сами нудат. Да се толку "чисти" сите ќе пријават самите. Секој 10ти да пријавува ќе се мрдне од мртва точка. @danichap честитки за синчето
Браво бе Дани,браво !! Нека ви е жив и здрав Константин, само радости да ви донесе Каков к'смет има што ќе има за мајка вакво жениште. Свака ти част Бидете живи и здрави сите
Даваш мито, а после преизненадена си зошто докторката зела мито На форумов митото се вика благодарност А таа *благодарност* се заборава дека по закон е казнива, не само за тој што зема туку и за тој што дава
Tocno da - blagodarnost Jas pred nekoe vreme nauciv deka e blagodarnost ovde bas na forumov Ucime novi nesta
Ајде и јас да го споделам моето искуство, 4+ месеци подоцна. 37ма недела почнав да одам на болница на прегледи (пред тоа одев кај матичен гинеколог) кај докторката што сакав да ме пораѓа. Ми рече постелката ми е многу зрела, ми дава максимум една недела додека ме фатат породилни болки. Излегов надвор шокирана, му кажав на маж ми, се возбуди, па ме храбреше. Дојдов дома, на свекрва ми и викам спремај се јас кај и да е ќе се породам. Фаст форвард до 41ва недела, скоро еден месец покасно од муабетот "кај и да е ќе се породиш". Немам абер од болки, работам турбо на компјутер по цел ден, чистам прозори, киселини ме кинат секој ден. На 40+5 бев на преглед, 1 прст отворена. Поручекта почнаа по малку болки, до вечерта само се зголемуваа. Гледав тв со маж ми, болките се' почести и посилни, ги следев на апликација ама иако беа редовни траеја пократко од тоа што читав на интернет дека треба да траат. Многу ми беше чудно, не знаев дали да одам на болница или да чекам. Ама веќе многу ме болеше, ајде на болница во 11 ипол вечерта. Цтг, вагинален преглед, ми вика бабицата имаш лажни контракции, отворена 1 прст, ако сакаш остани тука, ама тек утре поручек ќе се породиш, ти препорачувам дома на удобно да си ги чекаш породилните болки. Ајде назад дома. Неподносливо! Имав напони (мислев само ми се оди во вц ....), па пак во 1 ипол на болница, едвај издржав во кола, мислев ќе се породам. На цтг веќе вистински контракции, ама уште 1 прст отворена. Како и да е ме задржаа, му кажав на мм и го испратив. Цело време болни контракции. Клизма, во исто време водењакот ми пукна (во моментот не бев свесна), се истуширав некако, болничарка ми правеше друштво, бабицата нигде ја нема. Ајде се појави бабицата, и викам бебето излегува, не можам веќе. Ме прегледа, ми вика кај ти е водењакот и цела со прашалници, 10 прсти отворена, бебето спремно за да летне надвор. Болничарката трчаше да земе количка, бабицата ме искара никако да не туркам зошто на кревет ќе се породам. Не знам како издржав, седнав некако на количка, со трчање ме извозеа до боксот. Ме наместија, ми направи епизиотомија, дежурниот доктор дојде, и викам морам да туркам, кога ми дозволи во две туркања летна бебето. Локална анестезија, ме сошија, маж ми дојде еден час откако ме остави на болница, сега за да види бебе Ме однесоа во соба, другата бабица си беше муабетчика, ми рече дека уште порано ќе се породев ако ме видеа дека сум отворена. Јас некое време морав да се контролирам да не туркам на напоните за да стигнам на бокс. Како и да е, не очекуваа дека толку брзо се' ќе се одвива. Ме зезаа дека второто дома ќе го родам. Во целиот процес најмногу што ми помогна да ја издржам болката беше дишењето.
Убава приказна, живо и здраво да е бебенцето. Каде се пораѓаше? Ако можеш сподели совети/видеа за дишењето.
А зошто да не? Праксата покажала дека ако е нормална бременоста и состојбата на мајката на денот на породување, шансите за успешно спонтано породување се исти со шансите за успешно царско породување. Многу читав на темава затоа што со првото се породив принудно царски, па ме интересираше дали ќе можам наредното/наредните пати да се породувам спонтано.
Точно. И јас познавам жени што се породиле царски па после неколку години без проблем раѓале природно.
Зошто и е 4то, зошто раѓа големи бебиња и зошто нема 25г па да ја малтретираат од нивни ќеф. Башка беше со тт висока само 1 недела пред тоа и со речиси никаков третман. Јас не знам на германциве што им е со здравствово, шпарен шпарен на се, па и на трудни. Јазк! Нема кс за дете, нема ехо за трудни, нема анестезија, нема ти кога сакаш и што сакаш ако плаќаш здравство...
Па не ни треба да има се кога сакаш и како сакаш во здравство, како што е случај во Мк. Кај и да беше низ Европа за високата тт ќе го добиеше истиот третман и совет, тоа е што е, за трудници се дава само парацетамол. Додуша во МК може и некој антибиотик гратис ќе добиеше, за секој случај пошо таа е терапијата нели. Поголеми лекари од лекарите се правиме, може и нема потреба за сите работи кои ги наброја, јас не знам еве како во сите останати земји се пораѓаат без гореспоменатите работи. Да не забегувам од темата,честито на сите, живи здрави со бебињата
Wow фала ти за инфо ова вака не сум знаела.Ако си во Мк сонувај за спонтано.Додека бев трудна со второто многу зборевме на оваа тема и од 4-5жени ниту една не се породи од царски па после природноприродно.Онака за инфо. Како е најдобро знаеме сите ама како им е на др најлесно си знаат тие. @AngelOfArh за болки после операција во Де ми дадоа парацетамол.Колку за инфо.