Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.431
    Пол:
    Женски
    Веројатно е време и јас да ја поделам мојата породилна приказна со вас :) помина толку време, и не беше баш лесно, ама не беше ни нешто посебно страшно или тешко. Едноставно, момент низ кој мора да се помине :)
    Бременоста ми беше супер, типична школска бременост во која и не се поправив многу. Во третото тромесечие знаев понекогаш да се истурам од повраќање, ама во глобала си течеше нормално. Дури не ми се веруваше дека сум бремена, освен кога малиот ќе почнеше да ми ровари низ стомакот, а тоа баш најизразено беше во третото тромесечие.
    Терминот ми беше 17.03.2011. Десет дена пред тоа отидов на последната контрола кај докторот кој што ме породуваше, и тој ми кажа дека супер си напредува (3200г), супер е поставено и сега само ќе чекаме. После една недела ми рече да отидам на ЦТГ и толку. Си уживав таа недела до максимум.
    На 14.03. 2011 отидов на закажаното ЦТГ околу два часот попладне бидејќи докторот беше дежурен, и ЦТГ-то покажа контракции кои јас не ги чувствував. Мојата докторка (си имав јас и роднина таму) ме прегледа, и рече дека сум била само два прсти отворена. А кога докторот го виде резултатот од ЦТГ-то, ми рече да си одам дома, да јадам нешто лесно (салата) и да се вратам околу 8 вечерта, бидејќи дошло време. И ако ми верувате, страв ме фати. Ама навистина се уплашив, но за среќа брзо ми помина.
    Кога си одевме накај дома, почнав да чувствувам болка. Не беше силна, но доволна да знам дека веќе почнуваат контракциите, и почнав психички да се подготвувам за она што ме очекува.
    Мажот ми дома ми направи салата, ама одвај јадев, оти бев премногу возбудена затоа што наскоро ќе си го видам бебето. Шетав по дворот, бидејќи движењето ги олеснува болките и помага за полесно отварање, ама ништо. Цело време имав нагон за голема нужда, ама не многу изразен. Околу 18 часот отидов во тоалет и осетив дека ми потече нешто. Тоа беше мало количество бистра течност, почнала да истекува плодовата вода (немав класично пукање на водењакот, туку само си течеше малку по малку). Веднаш се подготвив и со мажот ми отидовме во болницата каде што ги поминавме сите формалности и отидов да чекам за породување. Болките се засилуваа и зачестуваа, цело време бев на ЦТГ, веќе дојде и момент кога чувствував многу јаки контракции на минута, а плус и малиот многу се движеше, стомакот ми се брануваше. Околу 11:20 вечерта дојде докторот да ме прегледа, виде дека не сум отворена доволно, ми го пукна водењакот како што треба - течноста беше заматена, темна (малиот се искакал во плодовата вода), па се одлучи за итен царски рез. Веднаш ме однесоа во сала, ме успаа, и некаде после полноќ ме разбудија. Паметам дека ми беше многу студено и дека прашував само за син ми. Мојата докторка ми кажа дека бил супер, дека сè било во ред со него, и дека ќе го видам наскоро. Кога ме однесоа на интензивна го видов и мажот ми како ми вели дека сè било супер и дека наредниот ден ќе се видиме. Сè ми беше како низ магла поради анестезијата.
    Наредниот ден првпат го видов син ми, на слика од мобилен телефон. Не беше дозволено да ги носат бебињата на интензивна, па морав да чекам да ме однесат во соба. Ко за белја, се погоди да има премногу гужва, соби немаше доволно, па јас чекав ден и пол да ме однесат во соба.
    Кога конечно ме однесоа, ми рекоа дека ќе ми го донесат бебето кога ќе станам сама. И покрај болките, станав некако, се средив и ми го донесоа, бев пресреќна. Само малку ми матеше радост тоа што се роди малечко, 2760 со 49. Причина: голем јазол во папочната врвца (не околу вратот) кој се направил поради неговите движења во последниот месец, па имало помал доток на крв. Апгар скорот сепак беше 8/9 што е сосема одлично, исто и педијатарот и гинекологот ме убедуваа дека не е страшно што е малечок, ќе си надополни понатаму. И беа во право, ама мајка како мајка, за прво дете повеќе се притресуваме.
    Сега е веќе момче од скоро 20 месеци... убаво ми ги тренира нервите, ама и јас се трудам да го истренирам, да биде човек.
     
    На CameliaMiller, eloves, SV1911 и 30 други им се допаѓа ова.
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Породилно искуство ?Имам 2 такви :D
    Прво искуство.Останав бремена после 6 месеци баш голема активност. :D Во почетокот многу повраќав ,буквално не можев ништо да ставам во уста.Терминот 10 февруари 1998 г.А 8 февруари си почна нормално без ни најмал показател дека набргу ќе станам мајка.Утринско пешачење,дома малку дремка,ручек кој го зготви татко ми,попладнето правев торта,па седенка со комшиите и играње карти.Си легнав околу 11 и 30.По полноќ некаде нели моето прочуено одење во вц.Да седнам на шољата ги соблекувам гаќичките,ама чудно тешки.Фрлање поглед на нив ,со куп крв,и моментално почнав да плачам.Разбудив се по куќа,секој со секого се удира,никој ништо не може да најде ,а јас стојам и кршам прсти - леле,леле сега што ќе правам.Излегуваме надвор мрзне,јас уште толку се тресам.И признавам тогаш баш немав болки.Ме внесе маж ми во болница,прием ,ова она,преглед отворена 4 прста.Имаш уште доста ми вели сестрата седи во претпородилно и чекај.Ако видиш зорт викај.Ја гледам бледо-од кај да знам јас каков зорт треба да имам.Си отиде таа,јас почнав да ги бројам плочките,шетав натаму наваму,ама како одминуваше времето,и контракциите стануваа појаки,паралелно со тоа и болката се зголемува.И тогаш почна да ми се повраќа,Истурив се од мене,си реков вака ја започнав бременоста вака и ќе ја завршам.Околу 3 и 30 наутро веќе стана неиздржливо и и се втурнав на сестрата во соба.Ајде на прегле,отворена си доволно само што не си родила :o Ајде на бокс,се стркалав некако на него дојдоа уште 2 сестри ,си реков Боже аман оправај ме или натаму или наваму.Едната сестра ми кажува како да давам нап,другата дури и почна да ме притиска во стомакот.После 3-4 напа ете го моето синче.Во 4 и 15.Долго 51 см,течко 4050 гр.Наздравје.Сега е маж од 187 см и 65 кг.Излегов како девојка без вишок килограми.
    Искуство број 2.Со ќерка ми останав непланирано .Бевме на роденден се запивме и двајцата и изгубивме контрола.Бременоста лесна и неосетлива,само што приметив веќе по првата недела дека се дебелам.Породување за 31 декември 1999 год.Се смеев можеби стан ќе добијам ако се породам баш на влезот на ново столетие.Арно ама 27 декември еден студен ден ,ужасен не ни излегов надвор со син ми се игравме цел ден.Вечерта околу 10 часот легнувам со маж ми да гледам филм ,кога нешто ми пукна во стомакот како балонче.Се испаничив станав,плодовата вода почна да тече.Мене паника повторно ама сега нели помирна од првиот пат.Маж ми баш тогаш најде да го фати пролив,не можеше да излезе од вц.А јас почнав ми се чини главата од ѕид да ја удирам,зашто осеќам дека овој пат побргу ќе оди.Болките не попуштаа ни секунда.Појдовме и баш тогаш полицаец не застанува.Маж ми да се објасни кај одиме,јас се дерам нели гледаш дека раѓам.Сиромашкиот само изусти со среќа.Влетување во болница прием,јас тупкам ,сестрата го донесе апаратот за цтг ,качи се вика да видиме дали е се во ред.А јас викам не можам да се качам од болови ме држат свиткана.Ај качи се на бокс,леле детето пошло.Доаѓа лекарката и ми вика се е во ред ,не сакам да те сечам,природно да се породиш без сечење.Ќе ме слушаш и така ќе даваш нап.Е да лесно е да се каже,во два напа излета ќерка ми.Се роди во 23 и 55 мин.Долга 52 см ,тешка 4250 грама.И беше најгрдото бебе што сум го видела искрено Само во образите имаше ми се чини 2 кг.а главата и беше во форма на крушка. :tmi: Еве ја сега со 160 см,и 40 кг,со најубавата руса коса која сум ја видела,слаба и висока со долги нозе.Абе убавица. :inlove:
     
    На Ester.*, Amona, CameliaMiller и 35 други им се допаѓа ова.
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Ајде и јас некаде да си го раскажам моето патешествие.
    Останав бремена по само 2 месеца работење на случајот. Тестот го направив уште пред да ми доцнеше. Меѓу првите што дознаа беше цела Фемина бидејќи ги прашував дали бледа втора црта значи сигурна бременост :D
    Ми потврдија дека сум бремена. По еден ден прокрварив. И цела бременост така си ја поминав, со стресови од тие крварења, па лежења по болници, одење на комисија за боледување... Си ги одлежав дома тие 9 месеци. А за килограмите да не кажувам, над 30 имав качено цела бременост, сите ме прашуваа дали сум сигурна дека носам едно, а не две :rofl:
    Терминот ми беше 25.06.2011. Од кога влегов во 9ти, секој ден се молев да се породам, да не чека до термин. Ама инат бе, дур по термин се роди.
    Вечерта го наместивме креветчето. Беше сабота. И ко секој ден претходно едвај легнував да спијам зошто ми беше претежок веќе стомакот. Сабајлето имав договорено со докторот да ме прегледа вагинално бидејќи ми помина терминот.
    А во меѓувреме имавме доле кај свекрва ми мајстори, реновираа. меѓу нив беше и најдобриот другар на брат ми. Кога излегов од дома само му кажав, ако ме задржат таму, не смее да каже на никој.
    Недела наутро, 10.00 бевме во болницата. Ме ставија на ЦТГ, тоа пусто покажува болки што јас не ги чувствував. Сестрата ми вика како може да не осеќаш, види колкави контракции имаш. А јас пак во себе се радувам, ехеее ако ова се породилни болки, па ич не болело. Ахам, само ти мисли си така.
    Пе ставија на бокс, само 2цм отворена. Ми рече: Ти денес ќе станеш мајка. Се исплашив а и зрадував. Веднаш и се јавив на ciribiribela. А водењак не пукнат. Го пукнаа. Е тука почнаа маките. Маж ми беше заминат да ја земе торбицата спремена од дома и дојде со золва ми. Почнаа болките. Прво два пати на еден час. Е потоа почна на пола час, па на 15 мин, на крај пола минута немав болки, една и пол минута имав болки. Не се издржуваше, пцуев, викав. Гледам 18.00 мине. Минутата вечност ми изгледаше. А јас никако да се олеснам. Докторот во меѓувреме си замина на свадба, рече ќе се врати брзо. Некаде по 19.00 доаѓа и вели ајде цтг, на бокс и одиш да раѓаш. Си реков фала Богу! ЦТГ покажува ненормални болки. Станувам, едвај се движам и осеќам нешто ми излегува. И кажувам на сестрата, таа ми се развика, леле главата да не е :rofl: . И покажувам згрутчена крв. Се дери по докторот, тој доаѓа и кога го виде крварењето веднаш почна да се дере по другите сестри. Јас се збунив. Требаше да одам на бокс, а слушам зборат на царски ќе ме носат. За 1 минута анестезиологот дојде, ме прашува нешто а јас пиштам од болки, само и велам да се тргне зошто не се издржува веќе. За 5 мин дојде другиот доктор, ме легнаа во сала, јас почнав да се губам од јаки болки. Ми ставија целосна анестезија, немаше време за разговор за друга варијанта. Ме разбудија некаде околу 20.30. Бебушот го извадиле во 19.30. Надвор ме чекаа свекрва ми, золва ми, золвичникот. И маж ми, секако. Сите ми честитаат, а јас не можев да дишам, се гушев. Веднаш го донесоа да го видам. Го погледнав со едното око затворено бидејќи бев зашеметена од анестезијата. Ми честита маж ми, вели на здравје 4050грама тежок, 51цм долг маж донесе на свет. Машала. А јас во себе си велев погрозно бебе нема, ова не е мое. Оно душиче од што се мачело да излезе, целото лице му беше збрчкано :lol:
    Сега е маже и пол, 17 месеци, кој не ми дава повеќе да пишувам :D



    А од гледна точка на маж ми, еве како се одвивал пораѓајот.

    "Ме прати сопругата дома да и однесам што е потребно. Леле ќе станам татко.И се јавив на сестра ми, ќе ми треба некој да ме поддржи во овие моменти. Отидовме заедно во болницата. Ја слушам вика, пцуе, зарем толку боли?!? Шета ваму-таму, доѓа кај мене, ја тешам дека уште малку останало, ќе биде, да мисли само на бебето. Ја нема 20 минути, зошто толку се задржа? Ете доаѓа докторот, ми вели ќе пробаме да го спасеме бебето. А што со неа докторе, што со жена ми? Само ги крена рамениците и замина. Што се случува, каде оди? Доаѓа по него таа, ја носат под рамо две сестри. Ми рече: Конечно, царски ќе ме прават- и се насмевна.Ја фатив под рака, ја симнав до главната врата на хирургија. 10 минути се внатре. Дојде и мајка ми. 20 минути се внатре, зошто? Нешто тргнало на лошо.Во тој момент осетив олеснување, погледнав на саатот-19.29. Реков на глас-готово, бидна.Еве доаѓа некој со зелена намотка. Ти си таткото? Честито, имаш здраво машко дете. Се расплакав, ја гушнав мајка ми, тоа е мојот син. Се јавив на нејзините родители, од возбуда не ме ни прашаа за неа. Ја изнесоа од сала доцна. Ја бакнав. Си честитавме. И само ја слушнав како промрмори: Второ дете, само ти ако го раѓаш."
     
    На H.VAGA, RAK91, Ester.* и 40 други им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    102.169
    Пол:
    Женски
    Блонд ме расплака ;(
    Ако сакате да слушнете една приказна на една тетка, како стана тетка, бујрум, ако мислите дека нема потреба Кикнете ме.
    Сестра ми запна да иде на концерт на Масив Атак, запна ке иде и готово, среќа дојде татко ми па не отиде, иначе прцлено мое цел живот ќе си имаше гратиси за концерти на Масив Атак. Си имам јас така поцврст сон, си спиев така убаво а во дневна и татко ми, и он цврст сон пусто, поцврст и од мене. И така ме буди зет ми во 5 сабајле: Стани сестра ти е во болница! И да сте ме виделе во тој момент како трчам по соба од 5 квадрати ќе сте се смееле до смрт со мене. Што, како, кога? Буквално! И вика зетко спи ти сега ќе идеме сабајле во 7 да и земем се што и треба од маркет и правац Државна. Спи? Ахам! Станав и ми текна дека сестра ми пред бременост јадеше ананас, демек за контракции, не знам што, сум насецкала разноврсно воќе у 6 сабајле, што во канчиња, што во теглички, абе Овошна салата Македонија чиниш. Спремив се, го разбудив и зетко, му кажавме на татко ми кој уште позбунет од мене стана не знаеше за што праиме муабет. Јас посреќна у живот не сум била, си мислев готово, станав тетка сеа ќе ми ја дадат и си ја носам дома, аха, тикви варени. На ГАК сестра ми во болки седи во соба со уште 20 жени, една се прска со дезедоранс, друга плаче на мобилен, трета хрчи, четврта мјаде нешто, петта пуши цигари на прозор, аха и тоа имаше. Значи не сум станала уште теткаааа, ахам, да видиме сеа. За тој ден требаше да идам кај дечко ми во фирма на работа за хонорар, ми вика овој абе не иди што ти е на тебе нема потреба, аха, нема потреба, како не, па ја ќе црвјосам додека да се породи сестра ми, идам викам. И така, купив ја чоколадца, спремна тетка да бидам, да почастам кога ќе дојде моментот. И чекам, чекајќи се испојавив на сите, абе уште не се породила.... Сите ме гледаат у очи кога ќе биде, цела канцеларија на мене чека. И бидна, во 2 саат и нешто попладне, тето имаш внука убава на мајка, гласна и дебела на тетка и долга на тато, епа имало ли посреќен човек од мене во тој момент, што мислите? И јас, ко што е адет кај нас на југ, се јавив на сите да им го земам миждето, кој ме разбра добро, кој не нек се смее :rofl: Почастив и се спремив да си ја видам принцезата. Аха, тикви варени по втор пат, ја видов сестра ми која изгледаше бледа ко позадинава на Форумов, изгубила доста крв, морала на ревизија и ја качуваа во соба. Замислете, гуската заборавила да ми ја покаже на телефон, каква гуска, што ако се разбудила од анестезија, па јас сум тетка, главна сум. Другиот ден, се истури дожд, берикетна нашата мома, и однесов на даде ручече, наместо еден саат останав три саати, ме прогласија мислам уште таму за тетка на годината. Уживав! Си ја видов праската на телефон, дебело буце кое помодрело сирото, епа тоа е, кога мајка и јаде ананаси пред пороѓај :D Шала на страна, се качила сиротка горе и едвај ја извадиле, после 12 саати мака. И не си ја видов јас така моја гица прасица цели 3 дена, за срамота, тетка една на светов да не ја пуштат да си ја види внуката. И дојде за пуштање дома, ма луѓе, сестрата 5 носеше во двете раце во моментов, ја си ја познав цуца моја одма, па највише врштеше таму од сите, спие и вришти. Од тете си доби балонче големо како пеперутче. Дома ми беше страв да ја фатам едни добри 3 дена, ама затоа си ја гледав постојано и и зборев, е потоа, па се до сеа, ми е најдобра другарка. Уше да прозбори више и да каже кој сака најмногу на свет па да си пукнат сите баби од мака :rofl:
     
    На Glorija.baby, Umbrella22, Katalea и 20 други им се допаѓа ова.
  5. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Kонечно и јас да ја си раскажам мојата породилна приказна и тоа без некој да ме прекинува :) значи забременив после една ама вредна година работа при редовен менструален циклус, така да одма предосетив и се испостави точно дека сум бремена а термин ми беше 13 август ,лесна бременост си имав без некои птешкотии само 9 месец одвај го гурав надвор + 50 степени јас надувана како пуканка одвај чекав да се породам иако претходно ми беше мн страв.и така си го изгурав цел девети па дури и 5 дена ,значи на 12 август срам не срам јас да си кажам со мм си имавме односи пошто јас ни абер немав за порагај си викам може и овој месец ке го терам до крај луге само само што завршивме работа за 5 мин водењакот почна да ми тече креветот беше поплавен , само му реков на мм види дали има крв мене ми беше страв да погледнам,немаше фала богу, станав се избањав беше 12 и 30 по по полнок ,и кажавме на свекрвами таа рече ако немаш болки не оди одма. јас болки воопшто немав .по малку ме факаше паника ,мм како зајак преплашен вика ајде одма тргнуваме вдењакот е пукнат да не чекаме ,возеше накај ГАК ама толку преплашен го немав видено,а јас смирена за чудо стигнавме на клиника срека немаше гужва ,ме прими сестрата ме поврза на ЦТГ ,се јави на докторката
    ја почекавме пола саат да се симне ме гледаше на ехо мозе еден саат ,викам докторкр се е во ред ??? да да само рече и излезе :( јас станав се облеков ,сестрата кога ме виде вика душо спавака треба да облечеш и ке те носам горе, излеговме мм на врата пребледен ми ја дава торбата ме бацна ,јас со сестрта под рака демек похрабра му намигнав ;) демек не се секирај(пошто си немавме врски со господ напред само сиреков) горе ме легнаа на еден бокс дојде бабицата нискичка симоатична :) ме прегледа а рече само 4 прста си отворена и излезе друга сестра ми стави чепче и ми вика оди сега фати си еден кревет и легни јас зачудена влегов во собата имаше уште две жени од кои едната споеше а другата се виткше од болки легнав ме приклучија на ЦТГ дојде пак бабицата и вика ајде ке ве покријам одмарајте дп сабајле до 8 ништо не правите сите три и излезе изгаси светло а беше 1 и 30 по полнок,јас болки воопшто немав станав за во вц ама и од тоа ништо никаква реакција немав од чепчето и се вратив пак легнав арно ама почнаа болките прво како менструални, па на 15 мин ама издржливи ,и само гледам на саат 2., 2и 30 си викам уште се трпи и почнаа на 5 мин станав излегов во ходникот гледам бабицта си лежи на фотеља покриена и си дремуцка и викам мене ми зачестија болките , ајде да видам рече и пак ме однесе на креветот ме приклучи на ЦТГ провери ааа вика 7 прста :sweat: почна по малку паника да ме фака , ми вика стани шетај рано е за на бокс и пак она си подлегна :( и друг никој немаше на спратот можно ли е си викам или сите спиеја и така си шеткам ја одвреме на време ке ме стегнеше некоја болка посилно 2 пати во вц одев како некој напон ама ништо од чепчето , а сестрата си леже во ходникот и ме ѕирка со едно око и кажав дека залудно одам во вц и рече ајде уште еднаш легни да проверам ааа 9 прста ајде на бокс :sweat: се качив морам да признам ми олеснуваше пристапот на сестрата кон мене , ме намести и почнаа појаки болки еден напон ,два ,и така некаде броев до 1о иот напон ама не излегува бебушка ,а она цело време ме бодри ајде му ја факам косичката , туркав колку што имав сила во себе ама не сака ,и ајде реце сега мора да викнам доктор јас па усте и викам а да не викаш :lol: она се насмевна морам веке крајно е ,и еве ја докторката доле што ме прими ,нервозна зашто ја разбудиле од спиење почна да се понаша па ајде па уште ли ке те чекам :envy: а мене луге кога ја видов таква болките во еден момент ми престанаа и дојде од стрна ме стисна горе на стомакот ама залудно , и само ја слушнав бабицата како и кажа нешто да ми стави ама не ја разбрав што ,а тоа да ти било провокација во вена ,не ја ни осетив ,ја стави и ги спреми ножичките ме сецна ме здоболе морам да признам ама затоа што не почека да дбијам контракција ,и ми рече сега напнувај и рагаш крај се исплашив од муабетот а болките ми исчезнаа , за две минутки еден јак напон ги стегнав забите колку што можам и бебушот излета како балон уффффффф не можам да опишам кое чувство е тоа само ја слушнав како извика бабицата оооо колку убаво девојче не можев да верувам ја прашав дали е добро тоа ми беше најважно инаку и полот не го знаевме па изненадувањето беше уште поголемо ,се беше ок ми ја стави на градите да ја бацнам ,истата докторка дојде одма да ме сошие , не болеше шиењето можеби и затоа што ми ја ставија карши мене бебушката под една сијалица и си ја гледав цело време , не можев да верувам дека е моја и колку беше убава онака оформено бебе не беше модра , се на се добро се заврши по 3 часа ме симнаа во соба бевме 6 родилки , керкичката ми ја симнаа после 2 часа ,во собата си муабетевме и убаво си поминав со другите родилки , татичко пресрекен , по два дена не пуштија дома , тоа беше моето прво искуство фала богу убаво , а сега за второво здравје боже има време се надевам дека пак ке го споделам со вас :*
     
    На aleks26, ljubam, Katalea и 18 други им се допаѓа ова.
  6. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Термин - почеток на септември, а јас очекувам од почеток на август - сите ме убаедуваа дека порано ќе се породам! Помина август, помина термин, абер немам, од време на време само лазни болки... Откако преседов неколку ноќи со лажни болки (прешетав по соба), една вечер пак болки, јас на мм му велам, ако се пак лажни ќе збеснам! поминаа два саати, јас уште болки и тоа се почести, ја заспавме ќерка ни и со мм во болница, на ГАК... Ме примија, ама ми велат до утре сабајле не се надевај, рано е... Дојде и пројде утрето - само слаби болки, ме оставаат сама да почнам да се отворам, ајас абер немам... Поминува вецерта, амене ЦТГ се полошо ми е- на бебето не му е лагодно... Утредента пак прегледи- ме ставија на провокации, се појачаа болките, а не се отворам... Поминува уште една ноќ во која ЦТГ бетер беше и се мислеа за итен царски, ама еден од докторите рече АЈ НЕКА РАБОТИ НЕШТО И ПРВА СМЕНА, УМОРЕН СУМ! Мене не ми се верува што се случува, сестрата проба да ги наговори, ја одбија, па кутрата ја преседе ночта до мене да следи да не се влоши ситуацијата со бебето, не ме тргна од ЦТГ ни за секунда освен еднаш за до WC! утредента, прегледи, не им се допаѓа цТГ, а јас со истите слаби болки од пред 3 дена! Пак провокации на максимум, се отворив 3 сантими, продолжија, ама престанав да се отворам и на крај пак царски! Бебето не го видов дури до утредента (26 часа),а никој и не дојде да ми каже што и како! Како и да е, помина тоа, бебето го донесоа и ми го оставија и не сакаа да го земат иако бев царски, па со синко се чуваме од прв ден по пораѓај сами, а втората ноќ и прво бањање удривме... Па ете живи здрави, расте синко, ме забавуваат со дада му и никогаш не ми е здодевно :rofl:
     
    На aleks26, NoellePage, Moira и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Delgadina

    Delgadina Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    391
    Ајде дајте некоја тазе породилна приказна :rofl: Скоро месец ќе помине а нема никој да пише на темава. Јас немам лично искуство ќе имам по 20ти Мај :D ама знам дека золва ми ја натерав да оди да се пораѓа.
    Еве да придонесам и јас со една приказна:
    На 17ти Септември лани золва ми дојде на ручек со мешето и малата ќеркичка. Прво што забележав на неа е дека и беше паднат стомакот и веднаш и реков - аха дојде денот. Таа се насмевна и ми рече има време :lol: арно ама јас почнав да ја буцкам дека се гледа дека и дшло време, и таа: Абе види 18ти не е лош датум, многу убави работи ми се случиле врзани со тој број и датум. И јас будала: Епа ете, ќе те однесеме сега (беше околу 2 часот попладне), ќе се помачиш до утре сабајле и ете го буце. Ме погледна строго и ми рече: Абе не се зафркавај , ќе ти се врати.
    За неполн саат почна да се витка скришно на креветот во дневна и јас ја забележав, со прст ми гестикулираше да не кревам паника за да не ја тревожам свекрва ми. Арно ама јас веќе бев договорена со свеки, ако почне да се витка золве, одма да интервенирам, оти си е позната дека трпи болки. Ја наклеветив (морав) и ја однесоа. Сиротка, навистина испадна како што кажав, се породи на 18ти утрото. Сега го имаме најслаткото внуче во свет, душа најубава.

    Кога се врати од болница прво нешто што ми кажа беше: Епа да си поминеш исто ко јас со малиов :rofl: Да ви кажам не верувам во тоа дека ќе поминам лошо затоа што уште сега едвај чекам да дојдат тие слатки маки и да го дочекам буцето мое.

    Ајде сега некоја нова приказна од прва рака :lol: мојава е од трета :rofl:
     
    На aleks26, meU, kravce и 5 други им се допаѓа ова.
  8. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    моето искуство не е баш многу добро
    терминот ми беше на 7.мај а се породив на 24 април
    и вака:
    на 23 април сабајлето кога се разбудив на ѓаќите имав круг воден. се задумав малку ама не кажав на никој. по 1 час мм излезе и јас му кажав на свекрва ми. ојдовме на болница и докторот што ме прегледа и на ехо и вагинално не рече ништо само ми рече да одам наредниот ден да му го видат срцето.јас си се вратив дома.
    по 2-3 часа додека пеглав и осетив како ми течи вода пак беше малку ама пак се вратив на болница.
    сега ме прагледа друк доктор.ко ми ја шибна раката до рамо ми се чини му влезе неколку светци видов и ме пуштија дома со образложение ,,не е ништо си се измочала не си сетила,, а јас сетив од каде течи.
    и си се вратив дома попарена и цел дена се думав и ми беше криво дека испаднав будаличка.то беше во недела.
    понеделникот се мислв дали да одам да му го видат срцето да одам да не одам и на крајот ојдов
    е сега се погоди докторка
    ме гледа на ехото и се чуди вели плодовата вода е намалена ама ....
    ај ми вели на боксот да те видам и ко гледа што да види плодова вода.
    ми вели ништо те задржваме и ми рече дека на мене остава дали да чекам да ме фатат болки или да ми ги провоцира. јас избрав провокација.
    ми стави вагинална отидов во претпородина соба ми кладоја и инекции за напон и си чекав е кај 19 ч почнаја болките и нааеднаш почнаја многу јаки. леле леле кога гледаја колку сум отворена леле леле пиштење леле крвој течат по мене хорор.
    е се отворив што се отворив ме качија на боксот и покрај 3 инекции јас немошев да напнам.
    само еднаш напнав и му излезе главчето и гледам се паничат сите околу мене.
    иди сестрата над мене ми го турка се менват иди докторката да го турка пак се менват па пак...
    по некое време го осеќам како излегва и не плачи
    јас цела испаничена прашвам - е ми велат не плачат одма
    а то 5 пати околу вратчето со папучната врвца да ти бил врзан.
    и така дојде синчето мое тешок 3030 гр долк 50см.
     
    На aleks26, ljubam, AIT и 8 други им се допаѓа ова.
  9. hana30

    hana30 Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    15
    epa vaka e mojata porodilna prikazna
    vo 5 sabajle spiejki mi pukna vodenjakot se istusirav i so maz mi prvo vo bolnica
    3 saati nisto mali kontrakcii i vo 8 pocnaa pojakite ....vo 10.30 vlegov vo salata na boks i so 3 napona si ja vidov malata princeza teska 3750kg dolga 50cm ,mnogu lesno se porodiv i vi posakuvam na site isto ,samo sienjeto me bolese neznam so bese rabota mislam seka opojkata voopsto ne deluvase .....ps mnogu pesacev vo bremenosta se do 9 mesec bev mnogu aktivna :)
     
    На aleks26, Katalea, meU и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Да ви ја раскажам и јас мојата тазе породилна приказна.
    Беше сабота спроти недела, 3 часот по полноќ, се разбудив со некоја недефинирана болка во долниот дел на стомакот, станав за во wc ама ништо, и така неколку пати се прошетав не знаејќи што е. После ми текна дека можно е да се породилните болки. Почнав да мерам, се будев на пола саат од болка и пак заспивав, и веќе бев сигурна дека тоа е тоа. Некако ме фатија неподготвена, не дека не беше време, јас бев веќе 39-40 недела ама некако си мислев дека сеуште е рано со оглед на тоа дека претходно немав никакви симптоми. Се раздени, се истуширав и со мм отидовме во болница. На CTG не покажуваше никакви контракции, ме прегледаа јас бев два прста отворена, докторот ми вика вака може и неколку дена да тераш, дојди во среда, освен ако не пукне водењакот или болките не зачестат на две минути. :o
    Се вративме дома а јас почнав да добивам болки на 10-15 минути. Среќа кратко траеја по 10-15 секунди, кратки ама издржливи болки и така цел ден. Се ближеше време за спиење, се мислам јас ако продолжи вака нема спиење, и се спремив и пак отидовме во болница. На CTG пак не покажа контракции, а и покрај тоа што цел ден имав болки во редовни интервали кога ме ставија на CTG болките исчезнаа, јас им викам ќе дојдат сега па ќе се покаже на апаратот, ама 40 минути седев, а болки немав. :D Докторот ми вика можеби си била под стрес, сега се опушти и затоа немаш болки, и така се убедувавме дека имам болки па ајде вика да те прегледам. Кога ме виде бев 4 прста отворена и го слушнав како се консултира со докторот од горе дека ако ме прати дома може да се породам дома, и ајде ми дадоа спавача и право горе во предпородилна сала. Таму ме прегледа друг доктор, ми земаа податоци, ми дадоа чепче да ставам, а мене болките ми исчезнаа па се шетав до ходник каде ме чекаше мм. Завршив работа со чепчето и ми викаат ајде на бокс. Ме прегледа пак докторот а јас девет прста отворена. Па му викам еј јас ќе се породам кај и да е, да, ми вика ако ме слушаш за помалку од пола саат ќе се породиш. Го пукна водењакот, ми го ставија тоа шишето со инфузија и провокации преку него што пуштаат. Првиот пат осетив таква болка - почнав да викам и ништо. Па ми текна сите што ми зборуваа и што читав дека треба да ги слушам нив, а тие ми викаа:
    Какај, какај, какај !!! :rofl:
    Па стиснав заби и по вториот напон, откако ме сецнаа (ги слушав кога почна да излегува рекоа "Oва е големо бебе - сечи" :o ) дојде на свет мојата ќеркичка тешка 3800 g. и долга 52 cm. :inlove: Или најубавото бебе што некогаш сте го виделе. :rofl:
    Не можам да кажам дека не болеше, ама за среќа кратко траеше, а и јас бев присебна, па тоа ќе им препорачам и на идните мамички да не трошат сила на безпотребно викање, да се сконцентрираат на самиот чин и да ја слушаат бабицата и докторот. Бидејќи јас се породив еден час по полноќ, а на боксот ме оставија да лежам до шест часот наутро, сешто се изнаслушав од соседните боксови.
    И јас сум задоволна од ГАК. Не отидов со големи очекувања, а супер поминав, задоволна сум и од докторот, и од сестрите и од целиот персонал. Ама нели секој со својата приказна.
     
    На aleks26, ljubam, cinderella5 и 19 други им се допаѓа ова.
  11. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    мојата породилна приказна се одвиваше онлаин, ви пишував цело време од болница :D и нема да биде ништо ново ова што ке го пишам ама ајде да направиме едно резиме од се што се случуваше тие неколку дена дена.
    Си станавме со мажето на 3ти јануар сабајле заминавме за Скопје, како влеговле во ГАК мене почнаа да ме напаѓаат емоции, да бидам искрена не мислев на пораѓај и бебе туку мислев како јас ке бидам неколку дена без мм. Ние не сме се разделиле ни една ден од кога сме станале дечко и девојка за маж и жена да не зборувам, ептен сме навикнати еден на друг. Почнав да плачам, знам дека беа и хормоните виновни за тоа ама во болницата плачев како мало дете а тој ме гушкаше и викаше дека за неколку дена ке си одиме дома со бебе. Се разделивме мене ме сместија во соба, и само заминав неможев да му речам чао ни да го погледнам во очи и плачев цела ден. Ме викаа на цтг на секои 2 саати а во мојата соба влегуваа женички со болки и сите за 2 3 часа излегуваа одеа на пораѓај а јас си седев така, ви пишував овде на форумот.
    Оти бев со договорен царски рез таа вечер во болницата тешко заспав, ме мачеа милиони мисли.
    Се разбудив утрето сабајле уште во 7 часот требаше во 9 да одам во операциона сала. Ама докторката ми забегала некаде, и ја чекав до кај 12 часот. Дојдоа 2 сестри ме земаа ме однесија во салата за операции, ме легнаа анастезијата како ми ја ставија во половината и почнав да осекам дека ми се губи здивот. Дојде докторката се собра цел тим, јас почнав се матно да гледам не слушав што зборуваат, и оти бев цела врзана некако се изборив со главата си го тргнав тоа од устата што е за кислород и им помрморев дека неможам да дишам. Ми ставија нешто во инфузијата и за минута се освежив, кој знае пто ми се случи. Во меѓувреме тие почнаа да ми го мачкаат стомакот со бетадин, и додека јас мислев дека уште ме мачкаат времето поминало толку брго што не осетив дека ме пресекле и го извадиле бебето, туку како што лежев мислејќи дали ке осетам болка додека ме пресечат јас слушнав како некој почна да кашла и наеднаш почна да плачи, кога ми го покажаа тој веке се родил, цел таков блед и крвав ме погледна остро со тие очите и пак си продолжи да плачи. Го однесија да го средат а јас плачам ли плачам од среќа, и си ја вртев главата позади мене да го видам пак и слушам лекарот вика ејј ова бебето ме измоча целиот :D тој дел во сета еуфорија ме насмеа . Потоа ме однесија во шок соба таму седев 2 дена ама одкако ми помина анастезијата имав ненормални болки од што се собираше матката. 100 пати си викав себе ова не ми се случува мене, ова мора да е сон, многу болеше, доаѓаа лекари ме гледаа сите со различна терапија ама ни една не успеа да ме смири. Вториот ден станав на нозе иако ме болеше многу раната успеав да станам и да одам. Е дури третиот ден го видов пак син ми. Ама оти уште носев катетар не ми дозволија да го допрам, само го видов, и пак со тие големите очи ме погледна така остро како да сум му седнала на вечерата :lol: , и пак цела ноќ плачев оти го сакав до мене. Утрето ми го дадиа, се гушкавме стискавме сакавме па тоа беше неопишлив момент, забравив и на болки и на се, всушност и болки во стомакот повеке немав така јаки туку се поднесуваа веке. Од утрето почна да ме боли главата, па рбетот, па вратот, и еве 4та ден уште ме боли. Таа ден дојде мажето мое да не земе од болница и 3цата си одевме дома среќни и весели. Толку многу бев задоволна што пуштив пак некоа солза од среќа. Со мм уште неможеме да се изнагушкаме и да си докажиме колку сме си фалеле еден на друг додека бев во болница, а бебето е многу умно преку ден ама навечер е нај активното бебе што постои :lol: и да не забегувам во темава за нив 2цата ке ви пушувам во друга тема и друга прилика. :*
     
    На wtff, SV1911, ljubam и 26 други им се допаѓа ова.
  12. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    :* :* :* Супер сењорита гушкајте се со бебушко и со маж ти!!!!
    Да ти кажам право те следев цело време ми беше мнооогу интересно,ти си првата особа која е on-line пред,за време,на пораѓај и потоа. :rofl:
    Фала ти што сподели со нас едно не секојдневно искуство се најубаво!!!! :*
     
    На senjorita.lombardi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Синјорита и мене ми е премногу мило за твоето бебенце..Дај боже да те направи најгордата и најсреќната мајка на светот..Се најубаво ти посакувам од срце...
     
    На senjorita.lombardi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Маyyya и Сењорита,многу убави приказни имате, иако можеби на моменти било тешко,сепак најбитно е дека сте сега живи и здрави и најважно си се гушкате со убавите бебиња. Ајде и јас се надевам дека наскоро ќе си ја пишам мојата породилна приказна овде. :*
     
    На Mayyya и senjorita.lombardi им се допаѓа ова.
  15. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    шала на страна...многууу ми е страв :( :( :(
     
  16. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.798
    Допаѓања:
    39.423
    Пол:
    Женски
    Мамички би ве замолила да се пишуваат само породилните приказни овде :$ :?:
     
  17. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Ајде да ја напишам и јас мојава приказна иако искрено многу сакам да ја заборавам цела ситуација до моментот кога ми го дадоа Андреј. Значи вака , на 15.01 си отидовме со мажето на цтг на клиника на контрола и се си беше во ред , со нашиот доктор се видовме и се договоривме за петок (18) да си дојдам на клиника со провокации да си се породиме , и така тој бил на смена дежурен дента. Ама дедо Боже не сакал така,па на 16 наредниот ден, јас нешто многу нервозна, а болки и контракции не чувствувам, па си удрив да си се расправам со мажево мое за глупости, и така тервме цел ден до 17 часот. Ама нешто ми беше чудно , иако не чувствував никакви болки и во 17 часот му викам на мажево мое , идеме на клинка нешто не е ок, јас бебево денес не го почувствував ниту еднаш да претне или чукне. Идејки накај клиника му вртиме на докторов тој вика имам температура ама се облакам и доаѓам на клиника, идете на приемно да ве стават одма на цтг ,(кутриот се исплаши како тоа не сум го почувствувала ) дојдовме на приемно веќе ме чекаше една сестра на која докторов и се јави и одма на цтг, кога тоа супер , покажува контракции и супер срцева акција а јас болки немам. Дојде докторов ме стави на бокс и вика срцушка ти си веќе 6 см отворена идеш горе во предпородилно, а јас бледо го гледам викам па ако е вака онда јас раѓам уште 10 ништо не осеќам.Како си се подреков тоа Бог да чува. Горе во чекалната жени еден куп (само да ви кажам дека вечерта не породија 22 жени ) ме легнаа на кревет , мојов доктор надвор со мажми а јас слушам врискаат пискаат а кај мене нема ништо . Се така до 19 часот , и кога рече почнав да осеќам некој притисок долу, издржав тоа до 22 кога една госпоѓа дојде и вика ајде Ивановичке на бокс ќе ти пукаме водењак , а јас им барам вода зашто со асмава нема да можам да издржам воздух да земам а не да давам нап. Ме ставија на бокс, таа госпоѓа вика аа супер 7 см сега пукам водењак и супер ќе родиш ( благонадежна си ) у ПМММММММММММ благонадежна . И ми го пукна водењаков, и вика ајде станувај и иди на цтг,ама викам јас тече уште плодова вода , а она е ако де нека тече (безобразна -тоа предизвика синми да се изнаголта од плодовата вода )
    ЕЕ некаде до 12 на полноќ трпев некако ама во 12 кога рече боли господ го видов во пижами ,ама се правам силна не викам,а тоа боли у пм боли , и викам на сестрата јас сум готова неможам да издржам дајте ми шише вода и одиме на бокс осеќам дека раѓам ,а таа вода не ти давам. Јас молам за вода никој не ме тангира, демек не смеело вода, а јас осеќам дека немам воздух во себе. Кога повторно дојде госпоѓата и вика ајде на бокс, оо па ти 9 см ајде во родилна, ме качија на бокс а јас им викам викнете го мојот доктор тука е доле,а госпоѓата вика јас сум ти ксмет да раѓаш,Ме качија на бокс јас немам сила да викнам ниту пак воздух да земам , а овие ме тераат да давам нап, тоа боли јас неможам да земам воздух и само ја слушам така акушерката оваа е 9 см во канал а отворов на вагината не се отвара , како од чмар да раѓа ( и госпожава и вика сечи колку што можешш да го вадиш бебево , а мене ми се дере стискај ма што си се стегнала а јас немам воздух неможам да им кажам дека вода ми треба ) и одеднаш еден од тоа болничарите (колку врата беше ) ми се качи на стомак и кога ме притисна мислев дека се слепи со тоа боксот. И само осетив Крц, тоа акушерката брцна рацете внатре осетив како ме расчепија и слушнав врвцата е заплеткана го вадам со раце , и што да ви кажам, мамата ми ја расплакааа , ме расчеречија , Андреј се наголтал вода , ни го видов ниту ништо , само слушнав кога дојде мојот доктор како се дере на сите нив , а тие објаснуваат немало време , бебето било на отвор јас не сум стискала , и така пројдов јас, ...Е сега два дена не ми го даваа Андреј го држеа на инфузија, јас со 32 конци ни да седам ни да лежам се влечкам до опсерваторија да го видам, и пак иста песна во петокот на 18 да не беше мојов доктор немаше да ми го донесат , а јас млеко немам и сега се мачиме со млекото една града има една нема па се дохрануваме и не ми се пишува повеќе бидно знам дека мамата ни ја расплакаа со врски и без врски...Нема правила само да сме здрави и живи и ќе се бориме да опстоиме и ќе бидеме упорни па и млеко ќе дојде...поздравче многу ме боли се ќе допишам друг пат едвај седам , дури и кога стојам се ме боли...Поздравче и само да знаете не сме сите исти,...па сепак треба да гледаме позитивно, јас го имам најубавиот божји подарок ........поздравче :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На ljubam, Katalea, AIT и 17 други им се допаѓа ова.
  18. I.want.to.sleep

    I.want.to.sleep Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    469

    Мило ми е што се се завршило добро. Нека ти е здраво и живо синчето и големо да расте :D :inlove: :inlove:
     
    На ivanovicka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Лелеее Ивановичка, што збориш? Зарем, така се понашаат уште на клиника? Можам да замислам кроз што си прошла, ама ајде поминало веќе ќе пробаш да го заборавиш а со тек на време и самото ќе си избледе. Битно Андрејче сега е добар така? Ти чувај се, не се напрегај, лежи кога ќе можеш,барем со бебето кога ќе си нана и ќе помине...Ти посакувам се најдобро и баци го бебчето...Поздравче
     
  20. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    ОООООО срце убаво па тебе те изнамчиле ајде најбитно е дека најлоштото поминало дека ти и сонцето сте заедно и се гушкате.Ете тоа е мајки мора да се помачиме да осетиме дека сме станале...Ама нема поубаво чувство да си мама признај.Ете за некоја недела ќе се оправиш и ќе бидеш најгордата и најсреќната мама
    Позз и гушки до тебе и бебето!