Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.779
    Допаѓања:
    324.976
    Пол:
    Женски
    Ништо чудно за пиенјето кафе и мојата пиеше.Јас бев во сала со провокација во вена и контракции а она и сестрата одма во соседната соба.Вратата беше отворена и ме гледаше цело време и од време на време стануваше да види колку сум отворена.Не се смеејте на недоживеано ,овој свет е луд така да векхе ништо не е чудно ;)
     
  2. bokace

    bokace Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    5.983
    Пол:
    Женски
    Зашто сте толку лоши .. карши боксовите за порагај има соба за сестрите и таму пијат кафе .. мислам кој бил знае и зашто се чудите дека за толку брзо се отворила .. има и техники за побрзо да се отвараш :x :x
     
  3. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    ^ Не е работата дека ја исмејуваме, ама раскажаното е како на филм да го гледала. во ниту еден момент „приказната“ не изгледа како доживеана.
     
  4. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Abe nekoj od sto mu e dosadno po doma,si pravi fake profili i si fantazira tuka.Aj toa so kafeto odi nekako, ama 10saata otvorena 9 prsta?! Ma daj :clap: :fubar:
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  5. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Кој раѓал знае дека дека нема шанси 9 саати некој да биде 9 прсти отворена со тие ненормални болки. А и никој не би отишол да си легне зошто бил изморен или да пие кафе а да има пациент со ДЕВЕТ прсти, алоооо! Јас и со двата пораѓаја веќе со 8 прсти бев на бокс и се породив за брзо време.
     
  6. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Мене па не ми е јасно каде она виде дека докторот пие кафе со колешки..
     
  7. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    802
    Eве ја и мојата втора приказна :D . Беше петок 20 накај 7:30 сабајле ми сеприоде во тоалет, си завршив работа се враќам во кревет, кога пак болки во кичмата, ми дојде чудно и си викам ај пак ќе одам до тоалет, и по вториот пат си легнав ништо по некое време ете пак ме фати кичмата и си викам а готово јас денес ќе се пораѓам, и како за беља никој дома, маж ми не беше тука, а мајка ми се спремаше за на работа, и кажав дека имам болки и остана уште некое време, одма му се јавив на мм дека ме фатиле болки да се враќа И така си седев јас со мајка ми и кога по некое време прснав да плачам и ме гледа женава и се чуди, а јас плачам ли плачам што ако ми се деси нешто, ако умрам кој ќе ми го гледа бебето, тркна мајка ми до аптека да ми купи диазепам да се смирам, а јас си лежев до бебето си го гушкав и си плачев. По некое време дојде маж ми со мајка му, мајка ми да отиде на работа. Си седевме така јас со некои послаби болки и му викам на мм однеси ме кај матичниот да ме провери да не се лажни болки Околу 13 отидовме ме виде три прсти бев отворена, и додека ме прегледуваше ми падна и чепот. Се вративме и си чекав се гушкав со бебето, некаде накај 18:00 ме однесе мм во болница бев 4-5 прсти отворена и одма ме ставија во претпородилна, си дремев таму сама немаше никој за пораѓање и околу 8 вечерта му викам на тој докторот ајде бе докторе провери ме до кај сум, бев некаде 7 прсти. Накај 10 вечерта пак ме виде скроз се отворив, ми го пукна водењакот и ме качија на бокс Болките додека се отворам се трпеа дали дека второ па знаев како изгледа не ме болеше толку многу. Е на бокс беше хорор филм, старата рана што ме имаа сечено не ми била добро сошиена, па пак ме исекоа на истото место ама докторот ме исече во тој момент кога немав напон, па почнав да се дерам како некоја ненормална, како така во 11:15 излезе и мојот втор мочко :D. Докторот си забега некаде и дојде после пола саат да ме сошие откако оладив веќе ми стави анестезија ама не ми делуваше многу, тој шие јас плачам и му викам дека боли, он само рече знам дека боли на живо шијам, конечно заврши и тоа шиењето, се утепав од плачење :P , по два саати ме однесоа, а сабајлето ми го донесоа и второто сонце лепотан на мама :D По 6 дена не пуштија од болница, и сега конечно сме дома дома, и уживам и моите две мали сонца :D
     
    На Annath, Agrona, Beautiful-Princess и 7 други им се допаѓа ова.
  8. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Во државна се пораѓаше?
     
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.779
    Допаѓања:
    324.976
    Пол:
    Женски
    Мравче а зошто ве држеа 6 дена ако си породена природно?
     
  10. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    802
    Во Чаир се пораѓав, а не држеа 6 дена дека јас сум А негатив, а маж ми е позитив и поради тоа малиот ми фати јака жолтица, исто и со првото толку ме држеа
     
  11. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Па да почнам вака. На 21 јуни ми беше последен термин. Ај рековме со мм да појдеме на цтг и ехо да не види докторот. Сабалјето во 9ч. појдовме во болница. Ме прими докторот и рече ајде прво цтг после ехо. Цтг супер рече е, ајде сега ехо. И гледа, гледа на ехо и ми вика скоро и да нема плодова вода облечи спавача и на патолошка. Така и направив се поздравив со мм ми купи сокче а јас веќе торбицата си ја носев за секој случај реков. Ме зедоа во патолошко одделение ме однесоа ми зедоа крв, ме прашуваа болки дали имам јас викам не немам ништо. Дојде д-р Георгиев и ми рече да пробаме со индукција. Ајде ми ставија инфузија и од 13ч до кај 16ч не можев да станам лежев а инфузијата ми течеше. Цело време бев на цтг додека ми беше инфузијата и сестрата ме прашуваше имаш контракции јас и викам ете гледај малку викам слаби се некако подносливи. И д-р пак дојде ми рече како си до каде си реков д-р јас не осеќам никаква болка, па ајде ми рече да те видам вагинално. Ми вика отворена си само 5 цм и бебето се уште не е спуштено. Ок, рече ајде од 19ч до 22ч да пробаме пак со инфузијата за провокација и рече ќе донесеме одлука зошто плодова вода веќе и да немав. Јас плодовата вода не ни знам како ми истекла, може додека сум се туширала, бањала не знам значи искрено. Немав мокри гаќи ништо од тоа. И добро бидна и 22ч дојде јас ни К од контракција. Д-р вика ајде тогаш одиме на царски дали се сложуваш реков да се само моето бебе да излезе здраво и право. Ме однесоа во операциона сала ме прашаа спинална или целосна анестезија јас реков спинал дека сакам. Се слушав што зборуваа и болеше ДА многу болеше се осеќа дека ме сечат и мислев дека ми ги вадат сите органи. Снемав воздух на момент, ми падна притисокот на 80 ми ставија маска кислород за дишење. Анестезиологот секоја му чест нон-стоп над мене беше ме прашуваше како сум. И во еден момент слушнав плач, плачот на мојот син. Ми се пушти душа. Ми го дадоа да го видам ама јас бев во некој полу сон и ми го дадоа ножето на лицето да го погалам. Јас бев врзана од страната со ремчиња на рацете и не можев да го фатам. Ми рекоа само Агрона имаш прекрасен син нека ти е здрав и жив 3550 кг. и 51 цм. со оцена 9 и пол 10. И јас некако се изгубив после откако ми го рекоа тоа. Само му реков на анестезиологот јас ќе спијам ми се спие и тој рече спиј си. Но, одеднаш слушнав дека д-р рече фала му на Бога се заврши добро девојката немаше грам плодова вода. Среќа во несреќа фала му на Бога. И рече знам по некое време хемоглобин 80 спремај плазми имаме обилно крварење. Јас ги ококорив очите се стегнав и само слушам д-р рече во ред е не треба плазми санирав јас средив се. И по скоро саат и нешто во 23,30ч се роди моето бебуле моето маже мило. Истрпив се сега ја заборавив цела болка. Откако ме однесоа во шок соба беше многу болно ме болеше многу и мислев син ми што прави кубев коси од болка 2 саати и ми дадоа лек против болка. Сабалјето ме однесоа во 6ч во одделение и истиот ден ми го донесоа син ми да го видам попладнето и веднаш станав и заборавив на таа болка. Сега еве после недела и нешто раната ми е ок и бебуш е ок фала му на Бога. Тоа беше во саботата породувањето на 21 јуни, а нас не пуштија дома во вторникот на 24 јуни бидејќи и јас и бебуш бевме одлични. Сакам да напишам/кажам после СЕ значи царски, природно сета болка се заборава, бидејќи една е МАЈКА. :inlove:
     
    На Annath, gothchick, Viktorijaaa5 и 26 други им се допаѓа ова.
  12. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Агрона Мила ме расплачи со приказнава твоја осетив баш како мене да ми се случило,од аспект кога си мајка се ќе трпиш за тоа мало невино ангелче убаво викале старите една е мајка,жал ми е што си била со царски ама така требало да биде ајде се се заборава кога ќе те погледнат тие најубави очички како да не било ништо сега уживајте си гушкајте се ве поздравувам двајцата особено малиот принц ;)
     
    На bebeto93 и Agrona им се допаѓа ова.
  13. martin909

    martin909 Нов член

    Се зачлени на:
    2 јули 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Zdravo!
    Nova na forumot pa ne znam kade da go postavam prasanjevo.Pred 5 na GAG stavaa cepce za procistuvanje pa MNOGU me interesira kako e sega I dali mozam nesto od doma da storam :D.Inaku terminot mi bese vcera pa se nadevam vo brzo vreme ke ja raskazam I mojata vtora porodilna prikazna :lol:
     
  14. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Уште ставаат чепче ама два пати се пораѓав а ниту еднаш немаше ефект :lol: мислам дека таму дозволуваат и сама да си однесеш а во лаир не.
     
  15. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    После скоро цел месец, редно е и јас да раскажам :)
    Приказната почна на 10ти јуни сабајлето кога ми падна чепот но реков ќе си чекам дома наредна фаза. Дури следната ноќ, грчевите ме будеа од сон па решив да земам саат и да мерам колку се чести. Го разбудив маж ми во 7 и отидовме во болница. Во Чаир ме пратија амбулантски да си чекам ред, направив цтг, ме прегледа д-р Георгиев и веднаш ми напиша едно ливче за да ме примат во болница. Бев 5см отворена. Кога се поздравував со маж ми, тој целиот изваден од памет, а јас туш ладна му викам "епа ај чао" :D
    Во претпородилна сала лежев на цтг се до 13:30. Неколку што вриштеа на цел глас ме вадеа од памет, а отпосле се прашував од каде им беше таа сила да викаат :|
    Дојде докторот што требаше да ме породи (д-р Исмаили) и ме станаа за преглед. Веќе бев 7см а болките исти, ми рекоа "штом ти се смееш, супер си". Хахах, појма немав дека стварно било така :D Ми го пукна и водењакот и ми рече чекај сеа да почнат болки и не лежи туку движи се. Абе не поминаа ни 10мин кога ме стегна јака коктракција, во истиот момент се препотив и сфатив зошто жени бараат епидурал зашто ја посакав и јас! :D Стегав заби и шетав низ двете претпородилни соби, веќе немав ни со кого муабет да направам. Од сабајлето поминаа сигурно 7-8 жени и сите завршија работа на царски. Само јас си чекав. Донесоа една женичка околу 3 саат и цело време си плачеше, а рече второ дете и е. Но ни мене веќе не ми беше до муабет, од болките веќе се потпирав на оградите од креветите и целата снага ми се тресеше. И кажав на акушерката дека веќе "гравитација ме влече", имав потреба да клекнам, одма ме прегледа и ми рече да одам да си седнам на бокс и да почнам да напнувам по малце. Тоа беше 15:30, ми уклучи и цтг и ме остави. После саат време отприлика се појави докторот со уште една акушерка, ми пуштија инфузија со провокација да ми тече и тргна работата... Јас буткам колку што имав снага, докторот притискаше на стомакот, акушерката влечеше доле...ме сецнаа три пати, и за кратко време видов дека излезе главата. Е во тој момент, кога осетив колку ја осеќам ширината на раменцата на бебето, посакав што побрзо да го извадат. Со уште еден напон бебето беше надвор. Чекав уште отприлика десетина секунди да му ги исчистат дишните патишта за да заплаче, но мене ми се видоа како вечност. Кога ја слушнав, срцето ми се исполни, мислам дека беше најгласното бебе што го слушнав дента. Ми ја ставија на гради, целата сирењеста, ја погалив по челце и ја однесоа. За кратко време дојде анестезиолог, ми ставија тотална и заспав за 10 секунди, за да ме сошијат. Се разбудив претпоставувам за пола саат и лежев на бокс уште 2 саати. И јас почнав да се тресам како што сите раскажуваат дека се измрзнале, но сфатив дека не е студ туку некоја реакција на телото после толкаво исцрпување на организмот.
    Ме однесоа на количка до соба, среќа се погодив во двокреветна, и цимерката ми беше топ, единствено што не ми се допадна што таа вечер си ја изначекав торбицата да ми ја донесат, а ја донесоа дури во 22:00 а јас мртва гладна и жедна.
    Душата ми ја донесоа околу 21:00 и неможев да верувам дека тоа е моето мало човече! Колку е чудесна мајка природа :inlove:
     
    На Annath, zalosna, Agrona и 9 други им се допаѓа ова.
  16. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.349
    Допаѓања:
    26.215
    Пол:
    Женски
    Леле кај што читам ми се треси снагата по втор пат ке ја осетам оваа болка мајко милллаааа:'(
     
  17. F.R.O.S.I.4.E

    F.R.O.S.I.4.E Нов член

    Се зачлени на:
    12 јули 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Ете и јас по 7 месеци најдов време да ја раскажам и мојата пркказна од пораѓајот хихих инаку беше баш многу лесно и брзо.
    На 4 декември вечерта на закажано ЦТГ кај гинеколог тамо кига вагинално ме прегледаа бев 3 прста отворена и чепот тамо ми падна али јас ипак си дојдов дома на 6 ми закажаа цтг во државна али јас имав врски и си отидов на 5 и тоа со штикли високи сум си се опнала сум се стегнала и спремна за на цтг јихих кога ми приклучија цтг ме гледаа ко од марс да сум паднала и одма вагинално ме прегледаа бебето тргнало да искача со 3 прста отворена ми дадоа спавача и јас фино лепо без ништо и расклештена искачам пред мајками и сестрами
    и им викам бебето ќе се родело хихихи и сестрата ми вика предпородилна соба горе и твоите се што ти треба нека донесат бебенце до вечер ќе имаш у раце ,а јас радосна едвај чекав кога се качив горе ме гледа болничаркара и уште една сестра јас со спавачата и со штикли им се избацувам и спремна за пораѓај хихи се изнасмеавме тамо ме испомерија и чеп ми ставија за пола саат си отидо да се испразнам потоа убро 5 сантима се отворив па ми го пукнаа водењакот болките ги заборавав смеејќи се на тие што пиштеа од болки правев вежби и шетав за непун саат се отворив 8 сантима о ме однесоа на бокс ми ставија спазмекс мислам два ми ставија и само контракции осеќав болки скоро ич и си лежев на бокс таа ми кажа кога ќе осетам дека искача да ја викнам и така напраив и ја викнав ама не не дека искача туку да и се пофалам и и викам - докторке знаеш дека мажми сега од терен се враќа и во исто време син му се раѓа и се смеев ко мрдната па интересно им стана па си дојдоа и си седеа со мене си се шалевме и кога наеднаш осетив и викам аха етего иде и тие си застанаа до мене помош да не ми треба ама фала богу не ме ни врзаа ни ме стискаа ни ништо супер беше како сега што пројдов вака ако биде и следен пат би родила и десет деца супер е само ме сецнаа малку али пројде супер е ова е мојата приказна смешна и лесна дај боже сите како мене да си пројдете вие што сте во исчекување :* :* :* а заборавив да кажам у три отидов у пет ми го пукнаа водењакот не ми беше потребна провокација се си беше природно само од себе во 23:50 h се роди со два напони се роди 3550 kg и 51 sm голем буцко нај гласното бебе само кога ми го дадоа одма заќуте а кога и да го пипнеа сестрите он плачеше само кај мене ќутеше хихихи мочко мал и одма другиот ден дома си дојдов заш фаламу на Господ све беше ок .
    Поздравчиња до сите вас :* :* :*
     
    На dromka, Annath, Agrona и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    ајде и јас после речиси 2месеца да ви ја раскажам мојата приказна. Понеделник наутро одиме со мм на закажано цтг, го направив цтг не покажува ништо а јас осеќам болки од кои цела ноќ неможев да спијам, идам кај докторката со цтг ми вика нема ништо, ме гледа на ехо се во ред кога и кажувам дека имам болки ме гледа и мисли дека ја лажам и ми вика ајде легни да те прегледам вагинално и ми вели во право си мила до вечер ќе се породиш сега оди дома прошетај 4часа и врати се пак да те провериме. Излевам надвор му кажувам на мм он пресреќен бидејќи не очекувавме толку рано до термин имаше уште 2недели. Од болница отидовме на пазар си испазарував што ми треба се вратив дома си ја спремив торбата се истуширав и пак во болница ме провери друга докторка и ми вели ти си готова за некој час ајде да ти даде сестрата спаваќа и да ти ги среди документите и одиш во претпородилна. Се качив горе гледам жени викаат пискаат и мене ме фати паника таман седнав на столчето да ме запише сестрата една жена почна да вика и да се пораѓа на кревет во претпородилна и почнаа да пискаат се собраа сите и ја однесоа 5души на бокс јас уште толку се смрзнав. Ме примија во 3 и си чекам ама никако да дојде време за пораѓај, потоа ми го пукнаа водењакот и пак си чекам и околу 8 дојде симонида ме провери вика ти нема шанси да се породиш до вечер чекај сега јас ќе ти помогнам ми ја збрца раката мислам дека тарзан на бели гаќи го видов од што болеше. потоа ми удрија 2спазмекса и провокација е дури тогаш почнаа вистинските болки, викам пискам бебето иде а останата сама во предпородилно бабицата што требаше да ме пораѓа пораѓаше друга јас си викам од болки и од страв дека ќе треба сама да се породам и ете ја дојде ме однесе на бокс и само што легнав напнав 2пати ме сецнаа малку и ете се роди моето прекрасно злато кое што кога ми го ставија на гради одма заборавив на се, заборавив на сите болки и само го гледам неможев поглед да одвојам од него, кога ме шиеше докторката јас си го гледам него и ни а ни б а она ми вика браво ваква храбра мајка одамна не сум шиела. Потоа го однесоа синми да го средат и слушам плачат бебиња и се си мислам дека е синми, си лежам на бокс и иде сестра застанува на врата и вели ова на мила најмирно е си го цуца прстето а ова на драгана (жената што се пораѓаше пред мене) исто како мајкаму највеќе плаче (бидејќи и она највеќе викаше на бокс) Лежев на бокс уште 3 часа и потоа ме однесоа доле кај киретажите бидејќи на родилно немало место и таму ја поминав ноќта без око да затворам цело време мислев на синми, утре дента ме префрлија на родилно и таму чекав до 18ч да ми го донесат, кога ми го донесоа го оставија во креветчето а јас си се расплакав си го гледам неможев да му се изнагледам го фатив за рачето а тој ми го стегна прстот и така седевме 5мин јас си плачам од среќа а он ме гледа со прекрасните крупни очиња, потоа си го земав во раце и му дадов да цица а он одма си повлече што ме направи уште посреќна и горда бидејќи сум прворотка и неискусна. Ете тоа би била мојата приказна накратко
     
    На Annath, janickaskopje, zalosna и 3 други им се допаѓа ова.
  19. maweja

    maweja Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    325
    moeto hrabro cupence se rodi na 24.09.2010 11 den nad terminot.
    znaci trebase da se porodam 13ti septemvri ama na eho i na ctg nemase nikakvi kontrakcii i sekoj den odevme na kontroli. i na 23 rano vo 8 se spremame da odime,otidov do toalet i padna nesto i se razbira toa bese cepot i brzo ojdovme i me pregledaa i bev otvorena 2-3 prsta a nemav nikakvi bolki i ajde me spremija me odnesoja vo soba i tamu imase nekoi zenicki si tufkaat samo imaa bolki. I taka do 16 casot si dremev i dojde eden doktor me pregleda i mi vika dobro e 4-5 prsti si otvorenka ke ti stajme provokacija i mi go puknaa vodenjakot .ee togas pocnaja bolkite. samo se setavme so mm niz hodnik do 18 casot i potoa ostanav sama zoso mm trebase da idi treta smena na rabota. Koga ostanav sama mene me fati kriza. dojde mojot doktor me prasuvase kako sum imam li bolki i me pregleda bev otvorena 7 prsti (ova bese okolu 7ipol) za rok od 12 casa i mi vika super samo uste malko da se podotvoris i lesno ke bidi! posle dojde sestra mi i kazav deka uste malce ke stane teticka i taka .I taka se setkaravme so sestra mi bese polovina cas pred polnok , mi dojde nesto kako za po nuzda i naednas me zdobole kicmata,dojdoa me proverija vekje bevotvorena 9cm. Brzo me odnesoa do boks mepriklucija na ctg-toa kontrakcii luduvaat jas piskam. Davam naponi nejkee i nejke me stiskaa po stomakot nesaka a jas cela prebledev deka voda mi se pie ama ne mi davaa da ne go pomocam bebceto . Me secnaa 2 pati i pak nejke taka na boks se macev okolu eden cas i bese 00:40 koga ne se izdrzvase i ja izvlekoja so vakum . Teska 3400 dolga 50cm dojde na svet mojata Lea :inlove: mi ja stavija na gradi samo na minutka ahh kakvi modri ocinja imase,toa ne se zaborava. Ja odnesoa i pocnaada me sijat i voopsto ne me bolese.Si posedov naboks do 3 satoot i posle me odnesoja vo postporodilna. vo 6 casot nasabajle mi ja donesoa da ja nadoam a cela nokj ne spiev zaso sakav da si go zemam zlatceto. od site ona si bese najmirna i ne placese dusicka na majka.Sega ima 3 godinki uste malce ke polni 4 i e mojata najgolema radost i dzverka moja samo se karaame :)

    Sega si go rastam povtorno mesko zdravje boze go cekame vo oktomvri moeto malo maze.
     
    На Annath и Agrona им се допаѓа ова.
  20. F.R.O.S.I.4.E

    F.R.O.S.I.4.E Нов член

    Се зачлени на:
    12 јули 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6

    Со лесно да си пројдеш на и нека ти се живи и здрави и ќеркичката и принцот што допрва ќе дојде на овој свет :* поздрав