Да, на ист ден 1 година разлика Знам дека прво треба да скокнам па да кажам оп, ама јас сум таква, во цела еуфорија се воодушевувам и сакам да споделам. Искуството од предродилна, операција и шок соба стои, до некаде и од одделот за бебиња, но морам да напоменам, страшен недостаток од кадар, страшен! Бебиња вриштат, сестри нема, на 50 бебиња 2 сестри во дежурство, ништо не е тоа. Дали дека празници, не знам, ама многу се осеќаше недостаток од кадар. Ако ти треба сестра до 13ч е невозможно да се најде, до тогаш се исписите на родилки, бебињата се жални да ги слушаш како викаат. Не знам, можеби бидејќи мене празници ме фатија, ама не беше ич интересно. Сестра гинеколошка па, ќе се утепаш од чекање. Знам дека не е до нив, ама и тие што ги има треба да поработат на односот зошто на мајка да не и дозволиш да си преслече дете, да го измие, да треба да го остави да се дере додека вика сестра, не е во ред. Пак ќе речам, од сестрите и докторите долу сум премногу задоволна, од прием на шалтер до шок соба, позитивни, насмеани, со прекрасен однос сите.
Не дека празник, очајно фали кадар. Уште потажно дека фали дури и онаму кај што никој не е болен, место за убавина, за среќа е...
Како тоа на мајка да и забраниш за преслече дете? Кој тоа смее да ми забрани за родено дете? Или дека ги мотаат во тие пелените па ради тоа има некој кодекс дека не смее?
И во Систина беше така. Сестрите го средуваа постојано,но ок, таму им вртиш и одма доаѓаат. На државно кога бев со првото, сестра немаше за лек.
Такво им е "правилото" . Дневно има околу 50 бебиња на одделение. За да го облекуваат мајките своето бебе кога и да посакаат мора да имаат сестра до нив тоа време . А каде може 2-3 сестри да постигнат . Па и 10 да има на смена пак не ќе може да постигнат . А и реално ништо зорт ако првите два дена не си ги пресоблекуваме сами бебињата . Т.е бар мене тоа не ми беше проблем . Јас се плашев само кога ќе видев како една сестра носи одеднаш 3-4 бебиња . И стално им велев - полека да не ви паднат Уплав имав коа ќе ги видев низ ходникот како ги разнесуваат како кифли
Јас ги разбирам, не ги кудам, и они имаат мака, ама ако веќе си тука ќе си работиш ко што треба. Јас бев во собата одма до бебињата, Бупке какви работи се изнаслушав... Башка мене второ ми е, знае дека е така, стои во картон ако не друго, нема да оставам какано дете за ништо на светот. Од тоа преслакање до искачање од болница мене ме делеа неполни 12 часа, никој не дојде да ми покаже како се бања или преслака дете, ако веќе беше до тоа дека не знам сама. Не, не си ја работат професионално работата и покрај тоа што се малку е голем пропуст. Имаше една сестра од Свети Николе што беше супер цело време, е таа последниот ден ме направи парче, лом, она дете од 28г ме кара мене зошто сум преслекла дете какано, абе ајде... јас знам дека и беше скиснато, на Нова Година да работи, а претходниот ден беше дежурна исто, ама не сум јас крива. И тоа повојот, јадни деца, кога го преповиткаа пред зимање имаше што да видам, криминали по рацете, бодено, решетано, на секоја вена можна, бебе што се води како прематурче. Знам, се тоа е резултат на мањак кадар, не е до нив, толку можат. Затоа па докторките педијатарки беа врв, толку професионални, толку детални, толку посветени, се што замолив да направат направија и проверија, по 3 пати ме известуваа што се случило во меѓувреме. Сума сумарум, само кај бебињата од родилките не бев задоволна, останатото на ниво на приватна болница буквално. Абе чистачките одеа им купуваа на некои мајки кои им фалеше нешто, имаше една подолго лежеше и мораше многу да пие течности, маж и едно попладне не стигна да и донесе чистачката и испазари, е до толку беа фини.
Ете за разлика од таму на ГАК па имаше премногу сестри, сигурно едно 15тина на ден ни поминуваа во соба, една ти мери притисок и температура, друга ти вклучува инфузија, трета ти проверува гради и ти носи пумпа за измолзување ако има потреба, четврта ти зема крв за анализи. Исто така имаат и физиптерапевти кои доаѓаат да те масираат и слободно можеш и сама да си побараш масажа. Бебе обавезно нè тераа ние да го пресоблечеме во тек на денот, а наутро и навечер сестрите го пресоблекуваа. Некако многу беше организирано и буквално секој си ја гледаше својата работа, јас многу позитивно се изненадив, а очекував нешто сосема друго и со страв отидов.
И јас се зачудив искрено, до последно се предомислував за да одам во Систина баш од лошите искуства што ги имав слушано ама исто така ми беше страв да да сменам доктор во последен момент и затоа си останав на првичната одлука да одам на ГАК. Со плачење од страв отидов на прием ама имав тотално поинакво искуство.
истото искуство го имам во чаир во тој дел за нега на бебиња . ми рекоа не смееш ти да ја пресоблекуваш ми ја оставија. она покакана плаче пискот и се цица мачи се да фане се нервира. викај викај по сестрите да ја земат да ја пресоблечат никој нема. на крај сама ја предоблеков кујзнае како ја преповив после тоа. и ја земаа дури кога требаше да не испишат за да ја средат и не пуштија
Се што си напишала си е таман , од збор до збор се слагам и истото мислење го имам . Ако најдам замерка ќе ја најдам само кај сестрите на бебињата . Некако сите беа дрски , нервозни , све нешто брзаа... Е сеа ..мене не ми сметаше ништо од тоа затоа што јас ниту имав желба да го преоблечам сама , ниту па да биде со мене цел ден . Не ни сакав да ми покажуваат бањање, доење .. Од старт имав одлучено дека нема да доам, за бањање знаев дека бабицата ќе доаѓа да го бања се дур не се ослободам и затоа ниту ги прашував нешто ниту ми требаа за било што . Јас имав друг "проблем" . Пошто ми беше незгодно таму на сите да кажувам дека не сакам да доам,велев -немам млеко . И сега оти скоро сите докторки таму ме знаат сакајќи да ми "удоволат" ми дојдоа во соба и две од нив ми ги фатија градите да ме стиснат . Коа зашприца млеко ...чешма . Еве бе Буби , има млеко и тоа толку има што можеш и да го полниш во литарски шишиња Е овде морав да искористам "врски" и го терав мм да се јави и да им каже да не ме "форсираат" за доење Се разочараа малку докторките , поготово Др.Беса со која сме баш блиски ама ја испочитува мојата одлука . Сумо сумарум задоволна сум од Чаир , со оглед колку ни е потонато здравството . Изнесовме живи здрави и прави бебиња и све друго се заборава
Да, секако вечерта пред испуштање ќе ти покажат. Е сега имав замерка што за викенд беа поспори, дали немаше многу сестри не знам. За приватна болница не треба тоа да си го дозволат. И од анестезиологот не бев задоволна, беше дрска. Инаку другото беше се ок.
Јас на гак коа лежев пред 6 мес сестра немаше за лек. Тие кај бебињата ужас, цел ден не ми го донесоа мислев којзнае што биднало они заборавиле. Дали дека викенд се погоди не знам.. исто и вода сокови со донесоа моите ми ги изгубија останав првиот ден без вода. Само од прием и пораѓај бев задоволна, од сестрите кај бебињата никако. Исто и за доење и бањање никој не ми покажа ништо, таа на испис ми рече само ставај го на града.
Исто и јас, а сестрите кај бебињата се најважни. Кај мене па бебето немаше кој да ми го земе да одморам. Тоа пишти гладно, а јас не можев да станам.
Јас се породив на пладне, во 4 во соба ме однесоа до утрето до пладне не ми го донесоа бебето. Една сестра кога ја прашав што не го носите да не не е добро ми рече " де ма па ти што си негативна, сеа ќе проверам" и не се врати никогаш
На ГАК ништо ново а? Ја се породив у 18:40, детето си го видов втор пат у 13:00 наредниот ден. По сите викав, од сите си барав да ми ја донесат. Во тој момент мислев дека ќе ги запалам. На крај докторката шо ми ја водеше бременоста, отиде и ми ја сликна. Да ми докаже дека е жива и здрава. А таа една од кај бебињата вечерта ко ме качија у соба ми вика "бебето ти е на кислород, ќе го видиш утре" и со брзина на светлината надвор. Ни зашо, ни како, ни шо и е. Ништо. Само за нив имам негативно мислење. Па и за доењето ми вика "бебе, цицка, шо е нејасно" Да бе, ко на мене 7мо доено дете да ми е. Шо било нејасно
Да, имаше намќорести сестри кај бебињата ама повеќето беа ок. Јас се породив со царски, само што ме префрлија во соба ми го донесоа бебето да го видам, следниот ден кога ми извадија катетар бебе цел ден беше со мене. Храна и вода одма ми качуваа, сопругот само што ќе ги оставеше ми се јавуваше да каже дека оставил, додека правевме муабет тие веќе ќе ми ја качеа торбата. Не знам дали мене така ми се погоди ама навистина немав лошо искуство.