Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.746
    Пол:
    Женски
    Браво, храбра мама! Цел живот да те греат твоите две мали сонца:hug:
     
    На A❤G, Lavica2602 и Ano им се допаѓа ова.
  2. A❤G

    A❤G Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2023
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Zdravo jas sum nova ve citam celo vreme hrabri majkiste site! gospod da ve cuva so vasite bebinja ajde I jas da ja spodelam mojata prikazna so vas znaci posle 12 godini borba za vtoro dete posle 8 spontani abortusi edno mrtvorodeno bebe vo 6 mesec od bremenosta gospod me izraduva so moeto vtoro dete Ayas imav prethodno dogovoren carski vo cair bebeto mi bese karlicno I nemase nikakva sanca za normalen poragaj me primija vo 15:00h taa vecer klizma stavajne merejne tezina ctg se po red sto treba edvaj cekav da se razdeni cela nok nemav oko sklopeno edvaj cekav da si go vidam bebeto si vikav konecno posle tolku godini dojde red da se izraduvam sabajle 7 30 doaga sestra vo soba I mi vika ajde ti si prva jas radosna kako nikogas dosega si slegov dolu me spremaa stavajneto kateter e uzasno nesto ama toa e me stavija vo kolicka me odnesoa vo sala polna sala so sestri anesteziologot mi vika ajde mora da te bockam spinalna ne smees da mrdnes I vikam ok samo sto me bocna se zdrviv celata od anestezija dojde doktorot si pocna so procedurata jas razgovaram so sestrite koga odednas samo osetiv vlecejne nadole I sestrata mi vika bebeto ti doaga za sekunda se slusna plac jas mislam deka toa bese najubavata muzika sto sum ja cula se rodi moeto mi go stavija vo gradi I samo si vikav gospode boze stvarno li e ova I taka pomina se vo najdobar red izvinete na dolgiot post sakav da ja spodelam.mojata radost so vas mamicki ❤
     
    На Bremena, 24.07, 1209 и 56 други им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.330
    Допаѓања:
    102.937
    Пол:
    Женски
    Читам и сфаќам, никоја нема заспано од спинална на породување како мене :D Ама во моја одбрана немав спиено 72 часа, а претходните 2ипол недели спиењето ми беше 3-4 часа на ден, едвај и толку. Едвај се разбудив да го видам и тоа се разбудив некако инстинктивно иначе ќе го однесеа без да го видам.
     
    На Milobebence, Freckles., AniSk и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.038
    Допаѓања:
    40.377
    Пол:
    Женски
    Може и ти пуштиле и диазепамче некое во инфузија :rofl:
     
    На Freckles., Meckicja, KuklickaSk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.330
    Допаѓања:
    102.937
    Пол:
    Женски
    Може, оти бев многу радознала и прашував, се ме интересираше, а тоа што е, а ова што е... Си викале дај да ја заќутиме оваа :D Шала на страна и од тоа спиење од пола саат до следниот сон пак имав добри 48 саата будни. Ќе ми се смеете ама се плашев да не им хрчам на жените и не спиев ради тоа 8-|
     
    На Freckles., Meckicja, Anomis11 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Јас заспав ама од кога го извадија.
     
    На Freckles., AngelOfArh и Ano им се допаѓа ова.
  7. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.038
    Допаѓања:
    40.377
    Пол:
    Женски
    :o зошто?! Па и онака 90% хрчиме во бременост. Јас сама себе се штрекнував колку хрчев. Само и се извинив на цимерката и и реков ако многу ти хрчам и ти пречам слободно буди ме.

    Значи хит сте ми. Во операциона од што ме пукаше адреналин немаше шанси да заспијам. Мора да ви ставиле нешто во инфузијата :D
     
    На Freckles., Meckicja, Splendor. и 3 други им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.330
    Допаѓања:
    102.937
    Пол:
    Женски
    Јас на сила држев очи отворени ама не одеше, дремев ко неарна. После и викам на сестрата којзнае колку ми се смееле колку сум била смешна.
    Абе гарант, ама отпосле со дијазепам од 10 и тродон од 5 не заспав, се мачев.
     
    На Freckles. и Ano им се допаѓа ова.
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    8.692
    Пол:
    Женски
    Честито!
    Мислам дека таа бабицата не била баш добра. Не може да ти се лажни контракции а да почнало да се отвараш. Второ со вторордка и те како може да се случи се побрзо...не научија ли уште ?
    Приказнава е слична на онаа на мајка ми со мене. Јас сум второ дете што експресно брзо се родило. Од први слаби болки до раѓање само 2-3 часа поминати. За малку, не во кревет во болничка соба, туку во ходникот на болницата на плочки ќе ме родила, зошто мајка ми сама тргнала да вика бабица (јер нигде никој немало мислеле со саати ќе се пораѓа и ја тупнале во соба сама)
    И мене со првото ме оставија скроз сама во породилна сала на нозе (да сум издржала неколку контракции дека рани ми било за туркање а скроз отворена?!). Кога ми дојде еден напон мислам натчовечки напори собрав да не паднам, нозете ми се одземаа. Дотогаш не викав ама ми дојде тогаш така вриснав што ги освести сите да се вратат кај мене. Ми рекоа по гласот познавме дека си спремна(?!) На немој? Спремна бев и пред тоа, ама тие беа премалку за да бидат на два бокса во исто време.
    Гинекологот сегашен кога му го раскажав тоа, ми рече дека родилка никогаш не се остава сама во тие последни моменти во породилна сала. Тоа е негрижа. Јас од тоа стискање да не се породам во тој еден момент имам внатрешна повреда што ќе си ја носам цел живот.
    Што ме носи до заклучок дека ништо не смениле во начинот на работа по болниците и после две генерации.
    За второто јас им кажував спремна сум носете ме, ми се смееше е од кај знаеш па ти? Е не! Ти знаеш подобро од мене..и ќе им кажев - заради Тор, тоа, и тоа што го осеќам. И ме качија на бокс и ми вика еј стварно си спремна. No shit?!
    Слушајте си го телото и инстинктот, право да ви кажам..
     
    На warrior, Zorajde, Oneo и 10 други им се допаѓа ова.
  10. GoldLeo

    GoldLeo Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    8.177
    Пол:
    Женски
    Дојде и мојот ред да си го оставам својот печат во оваа тема :D
    Беше среда вечерта, 4ти јануари кога осетив болови ама не беа на точно време или интервали. Помина и полноќ и не ми даваше нешто да заспијам, му кажав на дечко ми да одиме до болница само да видам дека е се во ред.
    Инаку имав закажан пораѓај со провокации на 9ти јануари, ради шеќерот.
    Отидовме, веќе беше 4 сабајле, нормално без торби затоа што бев решена и сигурна дека ќе бидам дома за Бадник, имав спремано руска:D
    Таму, притисок 177/107, рекоа ќе ме следат наредни 4 саати ама бабицата кажа нема шанси дома да ме вратат. Јас и понатаму дома си одам:D
    Ме преместија во голем апартман да ми е поудобно, во истиот се породив 14 саати подоцна, иако ни на крај памет не ми е сеуште. Цтг во ред, ми се среди колку толку притисокот, болки подносливи. Накај 9 дојде главниот гинеколог со целиот негов тим и ми кажува во овој момент не гледам зошто би те пратил дома, 39 недела си, гестациски дијабетис и висок притисок. Јас што од трема, нервоза а дел и дека не изедов се што ми донесе золвата му кажувам " А, не можам утре да се вратам?" :rofl:
    Му објаснив за Божиќ (не сме во Македонија), он на тоа ми кажа, па одлично, со бебе за Божиќ ќе си одите дома. И тоа е тоа, знаев дека ми нема бегање.
    Накај 10 ми го пукнаа водењакот, ми вклучија провокации и го пратив дечко ми по торби, кој добро е што се донесе самиот себе жив. Се секираше да не се породам дур не се врати. Бев решена дека не сакам епидурална, само секој лек до тој.
    До тогаш бев отворена 3цм. Во 2 имав мал прогрес, скоро 5 цм.
    Како ми ги појачуваа провокациите така се подалеку целта ми беше:D
    Бабицата ми беше супер, секое глупо и досадно прашање ми го одговори. Седев и на топка, и на кревет ама веќе неиздржливо стануваше. Таа ме виде сигурно само што не сум испуштила душа па ми објаснува за епидурална, а јас не и не, само прашував колку сум отворена. Околу 5 попладне бев 8 цм и од тогаш памтам дека кажував дека не можам повеќе, нема шанси да изгурам до крај. Ме праша бабицата нешто пред 7 дали можам да туркам или да ја чувам силата, затоа што требаше да се менува смена, ама не бев спремна.
    Околу 7 и 15 дојде јас мислам ангел пратен од небото а не бабица. Влегува и уште од врата со најголем навивачки и мотивациски дух вели " Ајде, мора да го извадиме ова бебе за максимално 2 саати, за да не доаѓа гинеколог". Во живот посигурно не сум се почувствувала. На секој нагон, контракција ме бодреа и она и дечко ми.
    Во 19:58 на 5ти јануари дојде мојата принцеза, која излезе со 2 пати обвиткана папочна врвца и чвор на едно место. Тешка 3560гр.
    Во тој момент знаев дека можам се тоа од почеток, без проблем.
    36 саати моравме да останеме, на 7ми јануари си дојдовме дома.
    Сега дур го пишувам ова, ми лежи на гради, јас неа и топлам меше а таа мене душа.
     
    На warrior, Bremena, 24.07 и 48 други им се допаѓа ова.
  11. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.746
    Пол:
    Женски
    Ниту јас, цело време им зборував, на крај кога ме префрлуваа од операциона маса на кревет само ги предупредував многу да пазат да не ме паднат:D:D:D После видов дека куп лекови ми ставале ама не заспав, ни на интензивна не заспав ама сега сфаќам дека сум била баш надрогирана затоа што многу од работите ми се како во сон и не се сеќавам баш најјасно на сè, на пример пола од честитките што ги добив не ги памтам, не знам ни дека сум им одговорила, тек после некој ден си ги прочитав одново:rofl:
     
    На Freckles. и A❤G им се допаѓа ова.
  12. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.689
    Допаѓања:
    11.194
    Пол:
    Женски
    Браво мајка! Честитки за подвигот!
    Не прифати значи епидурал така?
    Како издржа до крај со силата, ти помагаше некој, ти го туркаше бебето?
    Таму што став имаат за епидурал, ја дозволуваат?

    И најбитно, дали од руската ти оставија? :D
     
    На Freckles., GoldLeo, Brpbrp и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. GoldLeo

    GoldLeo Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    8.177
    Пол:
    Женски
    Немаше да можам да не беше каква што беше бабицата и без поддршката од дечко ми. Ми ја понудија епидуралната ама јас имам проблем со сколиоза и не сакав да имам уште болки понатаму. Можеби да знаев колкави се болките ќе имав друг став, јас сепак никогаш немам земено нешто повеќе од парацетамол па не трпам болки поголеми од менструални.
    Ме сошија малку ама јас и по коментарите од другите, после недела дена изгледав и се осеќав како да не сум раѓала, така да пак би одбрала без епидурал.
    Руска не јадев ниту кога ја направив, ради шеќерот а ни после, веќе немаше. Затоа од наредната година дупла доза, сега и повод плус ќе имам:D:D
     
    На Cosmic Girl, Freckles., ***Bony*** и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Lavica2602

    Lavica2602 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2017
    Пораки:
    1.873
    Допаѓања:
    3.213
    Пол:
    Женски
    Dojde vreme za mojata porodilna prikazna..
    Kako sto znaete, borba za potomstvo 8 godini, mnogu ivf i bezbroj igli. Bolka, ocaj i solzi. Konecno Gospod se smiluva i ostanav prirodno bremena. Cela bremenost mi bese visoko rizicna, placenta previa TOTALNA. Rizik za mene i rizik za bebeto. Dojde vreme da se zakaze carskiot, ne smeese da ceka mnogu i me porodija vo 36+2,si rodiv preubava kjerka. Se rodi 5min otkako mi ja stavija spinalnata. E posle sledese teskiot del. Ja sreduvaa placentata poveke od eden cas, mi ja izvadoa matkata da ja iscistat od placentata i ja vratija nazad. Zaradi premnogu krvarenje mi stavija tamponada. Vecerta prvoto stanuvanje bese uzas(barem taka mislev), drugiot den veke mozev da stanam i mozev bez pomos do toalet da se izmijam. Samo sto pomisliv gotovo stanav i brzo ke se oporavam, dojdoja doktorite sto me porodija za da ja vadat tamponadata. Nemav pojma sto znaci toa no ok, ajde rekov. Mi stavija lekovi protiv bolka, i pocna doktorkata da trga vaginalno konec so tamponi napolnati so krv. Site svetci gi vidov, vreskav i ja krenav bolnicata. Ne deluvase ni morfium protiv bolkata. 5 minuti vadese poveke od 6 metra konec so polni tamponi krv (tolku mi kaza a kolku bea stvarno neznam) jas tolku vreme se prasuvav dali ke ostanam ziva. Duri tase dojde da vidi koj vreska tolku, koga me vide mo rece: "ti si cupo?! Abe i ova te snajde?!" i za glava se fati. Pomina i toa i vecerta me odnesoa vo mojata soba. Ostanatoto oporavuvanje bese klasicno posle carski ama ova sto go pominav na nikoj ne mu posakuvam. Jas bi pominala pak za ova sonce sto me gree so ocinja najubavi na svet, ama se premaciv. So doenjeto odma vidovme maka, mleko nemav a beba odma fati cice. Samo nekollu kapki sekoj den i veke se otkazav. Mi dadoa pumpa za odmolzuvanje, samo problem si napraviv i ni kapka ne izleze. Pa se zapnaa sega site okolu mene "mora da dois, kako bez doenje pa pomacise malku" Malku li se izmaciv i sega toa moram? NE, jas veke nisto ne moram, jas veke SE se iznamorav. Da mi e ziva i zdrava, i so ad se raste.
     
    На Mihaela123456, 24.07, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 56 други им се допаѓа ова.
  15. A❤G

    A❤G Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2023
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    A zasto da se pomacis da cica ne mi e jasno?neka ti e ziva I zdrava kerkickata ama od strani sto se mesaat ne mi e jasno tvoe bebe tvoja odluka sigurno deka ke raste I so ad I navistina mi e zal sto se pomaci tolku ama se isplati sega drzis vo race najubavo nesto od iskustvo ti go velam ova se najubavo
     
    На Freckles. и Lavica2602 им се допаѓа ова.
  16. lia22

    lia22 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    2.682
    Пол:
    Женски
    Nemoj da se machish i batali gi site okolu tebe shto ti umuvaat,poslushaj patalec.Samo toa mi zborea,a jas se na srce si stavav ajde ke dojam ama kako mleko nemav...
    Budala sum bila shto sum se pritresavala ne sum pomalku majka od tie shto doele (ne beshe moja krivica shto ete ne nemam mleko).Ziv,zdrav eve go dechko ipol mi e od godina ipol
    Ziva i zdrava da si mama i ti i kerkichkata ke si porasne se ke bide dobro,si pominala i ti mnogu kako i jas no se se zaborava za nashite ochichki mali shto ne great najsilno na svet.
     
    На Xanty, Freckles., Inamya и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    5.723
    Пол:
    Женски
    Жива, здрава нека е. Јас со скратен цервикс и можност за предвремено пораѓање издржав до 35+ недели. Со еден прст отворена лежев од 33+ до 35та недела кога во неколку часа од 3 прсти се отворив на 10. Пораѓајот како песна, во половина час бидна. Лесен пораѓај, уште полесно опоравување. Бебе мало ама се растиме сега. Е тука доаѓа темата доење. Буквално секој повик во тие 5 дена на болница што го добив беше со прашање дали бебето цица и колку. Јас млеко ни за лек. Ајде предвремено е, подоцна доаѓа млеко демек, ајде помош од сестрите и обуки за доење. Капак на се и свекрва, напор, праќај боза на болница, праќај сокови, чаеви итн. Дома истото. Бебе нема сила да влечи, јас пробувам да молзам кога 3 капки, кога 10тина мл, кога со часови нема воопшто. Се до моментот кога добив преголеми болки во градите, тврди како камен и решив дека ми е битно само бебе да напредува, небитно дали со дохрана, цицање или молзено млеко. Сега тераме колку ќе успеам да измолзам во денот толку плус Ад.
     
    На Madam S, Anomis11, Freckles. и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Lavica2602

    Lavica2602 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2017
    Пораки:
    1.873
    Допаѓања:
    3.213
    Пол:
    Женски
    Da e zivo i zdravo, ke si porasnat. Ti barem si imala znacinza mleko, tvrdi gradi.. Jas nemav ni tvrdi gradi, meki ko sunger mi bea celo vreme. Kakvi 10ml, dve kapki na prvo steganje, edna kapka na vtoro steganje i na tretata nisto.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    5.723
    Пол:
    Женски
    Тоа само од кога внесов не знам колку чај и боза, по идеја на свекрва и золва бидејќи ако не цицало бебе ќе сме трошеле не знам колку пари за ад млеко :^):?::doh:. Ко можеби тие ќе ми купуваат.

    Сега веќе неколку дена подоцна повторно меки гради. Рачно не излегува ни капка. Бебе не влечи ништо. Само со пумпа максимум 10тинс мл и тоа еднаш, два пати во ден.

    За пораѓајот не допишав. Болки, контакции не сетив скоро воопшто се до моментот кога не дојдоа прејаки болки и тоа во грбот. На некои 3-5 минути и тоа последниот пола час пред пораѓај.
     
    На Freckles. му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.202
    Пол:
    Женски
    I jas nemav mnogu mleko do 6 meseci doev I na ad bevme posle radi postporodilna depresija morav da prekinam so doenjeto I da pocnam so antidepresivi toa go dobiv oti cela bremenost ja pominav so strav radi istorija na povtoruvacki rani spontani abortusi I ete ja kerka mi ziva I zdrava 4 god e veke
     
    На Lavica2602 и Freckles. им се допаѓа ова.