Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Ani93

    Ani93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2021
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    1.456
    Пол:
    Женски
    Ајде после скоро 10м да си ја пишам и мојата приказна..
    Ден вторник 12ти април, дојде братучетка ми на гости ама јас млитава од кревет не ми се мрда.. беба цел ден не ја сетив и веќе почнаа паники да ме фаќаат ама пошто за се нешто трчкав во болница си реков овој пат ќе си верувам на себе дека само одмара бебе и ќе чекам до кај 19h ако не даде знак одам на преглед. Дојде мм од работа ај демек да ручаме, ама нит ми се правеше муабет, ни па имав апетит (иначе повраќав цели 9месеци) :?:. Излеговме попладне да прошетаме после средив дома уште некои ситници што останаа и накај 23h си легнав, ама никако сон не ме фати и накај 00:30 осеќам топло меѓу нозе лелеле боже си викам зар се помочав, не е можно до толку да не ми држи :o одам во wc тече не запира, пукнал водењакот, влегов да се туширам (појма немам од кај храброст за да останам приземна хаха), се средив и ај будам маж накај 12 и пол ноќта, го фатија паники тргна низ врата по пижами, се врати да се облече ја заборавивме торбата ми вика оди земи ја, а не чекај не можеш ти јас ќе ја земам :^) тргнавме накај ГАК едвај во 1 саат, сите семафори на црвено ги помина и оп не запира полиција :rofl: дечко на црвено продје, знам вика ја носам женава на пораѓај, му викам која жена ја носиш бе не сум ти комшика ЖЕНА МИ ја носам ќе кажеш хахаха виде цајканов дека на мака е маж ми и вика кај ќе одите во државна,да да ајде пуштија ротационо и ние по нив за 2мин на клиника бевме со придружба:D:D Одма ме ставија на цтг покажува болки, повратив и таму 8-|ми вика др. ај да те видам дали си почната да се отвараш, пика еден прст, два... и ми вика леле брзо во родилна 6 прсти си отворена :o ме средија и дирек во родилна, веќе 2 саат беше, ни доктор горе ни бутур! Ме качија на бокс и почнаа јаките болки, и викам на сестрата пушти ме да слезам и да се движам ајде ме симна од бокс, почна да ми се јаде ептеен и вода ми се пие и ме боли ама почнаа јаките болки што веќе на ништо не можев да мислам освен што побрзо да се породам. Ме качија пак на бокс и веќе при крај силата 9 прсти отворена почнав да барам да ми стаат епидурал викав знам дека имате ги чувате за роднини :D:D ми вика сестрата доцна е за епидурална дури и да има плус јас сум сестра не одлучувам, ама викам не ме интерсира ако не може епидурал сакам царски, да да царски сакам се предомислив хахаха :lol: Среќа бабицата да и даде господ здравје ми се развика да се освестам што правам и си ја знаеше работата ајде вика стегни заби готово е.. појма немам како давав напон цело време ми викаше прекини да дуваш тоа памтам и следно си ја гушнав ќерка ми, мое бебе :inlove::inlove::inlove: во 3:55 се роди, 2950кг. и 49цм. божеее каква среќа:$. Доктор не видов до сабајлето, ама бабиците на ГАК да им даде господ се што ќе посакаат, воглавном сум задоволна и од пораѓајот и од престојот, кога би раѓала пак веројатно исто би отишла таму. И еве има скоро 10м, ми ја вади душата секој ден ама се би направила исто одново. :hug:
     
    На warrior, 24.07, MilaSs12 и 51 други им се допаѓа ова.
  2. Ena Mena

    Ena Mena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    167
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене после скоро 3 месеци да ја напишам мојата породилна приказна.
    Поради остарена плацента пораѓајот е договорен со термин на 11.11.2022г.Јас спремна и спакувана одам во болница на 10.11 околу 18ч.Ме сместија на одделение очигледно не знаев што ме чека,но прилично збунета.Дојде сестра и почнаа подготовките околу местење канила оддприлика спремање со разговор кога ќе ме качат во породилно одделение.Во 23ч ме качија и целиот процес започна со ставање на вагиналетка за омекнување на грлото на матката и следење со цтг на секој 2 саата.Сабајле во 8ч се започна со ставање на провокации.Околи 11ч дојде докторката и направи интервенција при што ми го пулна водењакот,за да го убрза процедот а јас веќе птворена 4 прста.Тоа беше болна интервенција.После неа имав многу јаки болки и побарав да ми стават епидурална анестезија.После анестезијата по пола саат се врати насмевката на лицето.Тој ден имаше 15 пораѓаи од сите страни се слушаше дерење,офкање,лелекање…се прашував каква јас ќе бидам?
    Дојде и мојот ред веќе за во породилна сала.Јас болки немав,нагоните скоро и да не ги сеќавав па следев цтг,кога имаше контракции тогаш напнував.Поминав супер без никакви болки.Епидуралната анестезија според мене е права ствар.Во 14:22 моето душиче беше на мене.Емоции измешани ама преубави.Ова е тоа душиче од кое денес не можам да се одвојам.Ова е тоа душиче за кое се живее денес
     
    На warrior, 24.07, MilaSs12 и 31 други им се допаѓа ова.
  3. juice_

    juice_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    945
    Дојде време да ја раскажам и јас мојата приказна.
    Бидејќи бев со направени два царски реза, уште пред да останам бремена докторот ми кажа дека во случај на трета бременост ќе мора со царски да се породам.
    Веќе 35+ недела почнавме со цтг, кое не покажуваше никакви контракции, се до 37+. Веќе кога бев 37+, со докторот закажавме царски за наредната недела. Инаку јас неколку недели бев болна, кашлав премногу. Само што оздравев, ме врати пак.
    Така да, договорот за 38+ беше супер, таман и да оздравам, за да не ме боли премногу раната.
    Се беше супер договорено, ама докторот си размислувал за мојата ситуација. Плус настинките, како и фактот дека ќе биде трет царски, односно ни две години од вториот.
    Се слушнавме со докторот таа недела, да му кажам како сум, дали сум подобра, па да видиме за наредно цтг. Тогаш тој ми кажа дека не сака да ризикува да чека до наредна недела, зошто ќе бидам веќе 38+, влезена во 39, и ако пак ме врати настинката, може да се одолговлечи до 39+, односно веќе 40та. И фактот дека раната почна веќе да се истенчува. Тука не беше во прашање неделата, туку контракциите доколку се појават и доведат до несакан исход. Секако докторот ми ја водеше целата бременост и буквално се знаеше, а јас потполно му верував. И така договоривме царскиот да биде за два дена. Јас спремна, недоспремена, мм во поголема паника :) се досредивме и си отидов на царски. Детето го чуваа баба и дедо кои немаа појма дека одам на пораѓај, туку знаеја дека одам на преглед. Сепак веќе влезена во 38, треба почести прегледи нели :)
    Јас бев ептен искулирана, дури и сестрата што ми ставаше канила ми кажа дека ептен изгледам смирено :) А јас пак едвај чекав да го видам мојот лепотан.
    Бебето се роди, ми го донесоа да се запознаеме, докторот му се јави на мм и ми го даде јас да му кажам дека бебе наше се роди и е супер. Помислив и на дете дома кое ме чека и си реков, Господе ти благодарам што ми подари две прекрасни најубави дечиња. Имам полни раце љубов.
    Посакувам на сите да ја доживеат најголемата среќа и радост во животот. Нема нешто поубаво за една мајка.
     
    На warrior, 24.07, Bitter-Sweet и 47 други им се допаѓа ова.
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.170
    Допаѓања:
    20.314
    Пол:
    Женски
    :l:
     
    На juice_ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.838
    Полека полека да ја напишам и мојата приказна што ја почнувам во ноутс на телефон за да успеам да ја напишам.


    Како сите деца што имаат желба да се професори, пилоти, уметници мојата желба беше да бидам мајка. Низ годините секогаш сакав да се случи тоа на помлади години, околу 18-22, не знаев дека не е тоа така едноставно. Имав и други врски и никогаш не помислив е со овој човек сакам да имам дете, се дур не го запознав сопругот. Имав периоди во животот кога помислував дека баш зошто тоа ми е единствена и најголема желба, баш нема да ми се оствари, мајка ми проблеми со забременување дури на 42 ме добила, братучетки роднини сите со некои проблеми.

    Но дојде и тој момент 27 мај 2022 дознав дека сум бремена, со сопругот тој месец одлучивме да пробуваме со мислата ајде и така треба долго време дур се фати, ама се фати од прва.

    Бременоста помина стресно и не така бајковито се до последен момент. Но сега гледајќи наназад ми е многу убав момент што може од стравот во мене што го имав не ја уживав како што мислев дека ќе биде.

    Имав ризик за предвремено породување, секојдневно ја чекав се до денот пред термин, лежев и одмарав не предосетив никако дека тој е денот, на цтг и ехо се беше во ред освен што почна плодовата вода да се намалува. Како што лежев само осетив некое пукање како коска кога крцка и наеднаш почна да тече нешто од мене и знаев дека тоа е тоа.

    Отидов во Чаир ме примија и следеа стандард цтг и ехо од кои цтг минимални скоро неподтоечки болки и ехо најнормално. Увидоа дека е водењакот пукнат и решија да ме задржат, ме проверија и едвај бев 1 прст, тогаш беше 22 часот. Ме однесоа во предродилна и лежев на кревет 2часа без никакви болки, почнаа мали минимални, накај 2 часот наутро почнаа поголеми и решив да шетам по ходници и некако ги трпев, но отидов во вц и видов дека плодовата вода е зелена и тука пријавив, малце направија драма докторот (специјализант) рече се е ок, а таа што е как предродилките рече ова не е во ред и повика други доктори ми стави клизма и решија да ме пратат кај боксовите. Таму ме ставија на цтг и видоа само 4 прста сум а јас веќе почнувам да хмкам од болки, ми земаа податоци и таму и ме оставија да чекам. Не бев јака како што мислев дека ќе сум, цела болница ме слушаше, вриштев, болките најмногу ги осеќав во кичмата, акушерката алал да и е со најголемо трпение ме смируваше ми покажуваше како да дишам, ама не и одеше од рака, јас упорно вриштев. Болките на цтг одеа над 100. Земаа девојка пред мене да ја породуваат на бокс, ме прегледаа и бев 8 прста и ми рекоа уште малку ќе биде ама јас веќе бев несвесна и во рок од неколку минути таман почна другата жена да се пораѓа, мене ме фати нагон за во вц. Ги викам, вриштам дека бутка бебето они не ме земаат здраво за готово зошто ваљда видоа дека сум “слаба” на болки. Инаку ноќно време и беа само една докторка и една акушерка присутни. Жената се породи, дојдоа кај мене и рекоа ајде на бокс. Не знам како пропешачив до таму, најголема болка ми беше во кичмата а долу ја осеќав главата. Се качив ми уклучија нешто и ми рекоа кога ќе ти докде напон туркај. Јас пак, непослушна и пак наместо да напнувам јас викав. Поминаа два напона и рекоа меѓусебе не бутка како треба, мене ми рекоа ако вриштиш ќе направиш беља ќе се заглави бебето, е тука ми дојде некоја сила на нареден напон слушнав ех испука и плус ме исекоа и нареден напон во 06:15 часот излезе жабата моја, модричка и она почна да вришти и плаче. Не бев свесна и не го доживеав ни тоа како што замислував, не бев среќна, само ми олесна.

    После следеше уште нешто болно, постелката не излагаше со напони па решија да буткаат на стомак, ама џабе неуспешно и решија да ме успијат а јас веќе бев зашеметена скрос. Направена е ревизија и се разбудив на боксот во бунило. Останав долго на тој бокс, од 6 сабајлето кога се породив до 12. Преврски, гази, крварења, пак стискања на стомак, коментари од докторка за тоа колку лошо сум зашиена (веќе дојде друга смена од сабајле) и се до 12 леѓев на рој бокс, што ми беше трауматично, гледав друг пораѓај, гледав како доручкуваат они, гледав итен случај трчања на сите страни. Конечно ме префрлија во соба и ми ја донесоа љубовта.

    Од Чаир сум задоволна, пораѓајот како за првородка не траеше долго од 21 часот пукање на водењак, 2часот сабајле први болки до 6 сабајлето да се породам.

    Пресреќна сум и вредеше све. Кога ми ја донесоа осеќав страв и љубов како никогаш до сега, од рој момент животот ми е само околу неа и за неа живеам.

    Слушајте ги докторите и не паничете, болките нема да поминат со вриштење и тоа ми е еднинствена работа за која се каам.
     
    На warrior, ivance.., 24.07 и 40 други им се допаѓа ова.
  6. FashionFemme

    FashionFemme Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2015
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    972
    Пол:
    Женски
    Да ја пишам и јас мојата приказна после скоро 7 месеци.

    *26.07 2022 закажан преглед кај докторот во ГАК што ми ја следеше бременоста и треба да ме пораѓа, ЕХО преглед одлично бебе супер, отворена само 2см, но висок притисок, по иницијатива на докторот ме задржуваат во болница и во меѓувреме ми го прават првото ЦГТ, никакви болки. Останувам во болница, ме примија на паталошка мерење на висона, тежина, проверка на крв и мокрача и ме сместија во соба. Во собата две трудници 40+ недели. Првородка незнаев ништо само лежев и ќутев не сакав да знам ништо , така и подобро ќе поминам. Дента го поминав во соба со дупла доза на Метилдопа поради притисокот 180/100, подобрување нема никакво.

    27.07 2022 утро ме будат сестри за визита, а во меѓувреме и ЕХО преглед и вагинален преглед, се беше во ред. 10:00 ми ставија прва провокација, 13:30 минимални болки во половината ама ништо страшно се трпи, ЦТГ во ред, но јас сеуште 2см отворена, 16:00 втора провокација и сеуште чекам болките исти. 18:00 вагинален преглед 3,5см отворена, ЦТГ ЛОШО, бебето го нема друго ништо не ми кажуваат, тука почнува стравот, ме вртат лево, десно, ми го тресеа стомакот, но бебето не реагираше, поминуваа сестри, сликаа, се консултираа со мојот доктор, но сепак ме оставија уште кратко на ЦТГ. Во 18:30 ми рекоа да си ги спремам работите бидејќи морам на предродилно.

    Предродилно лелеци, офкање, молење јас минамални болки во половината скоро и не се осеќаат, стравот повеќе растеше покрај слушањето на останатите околу мене знаев дека нешто не е во ред, 18:40 ми ставија клизма и оставена на ЦТГ скоро 45мин, вагинален преглед со што ми го пукнаа водењакот(најболното нешто) јас сеуште 3,5см. Пак на ЦТГ сеуште бебето го нема. Завршувам итно на царски, станувам, одма и чекам пред сала... Ок пред сала пробувам да се стабилизирам, влегувам во сала, ме спремаат, спинална, катетар, инфузии и што уште не, но јас ништо не осеќам само страв дали е биде добро бебето, дали ќе биде здрава и жива и дали ќе го слушнам најубавиот глас, докторот ми даде толку многу поддршка дека се ќе биде добро што јас се смирив толку многу, веќе осетив дека се ќе биде добро и сум му благодарна за тоа премногу. 21.30 се роди мојата мала девојка, 3.600гр тешка, 51см висока, го слушнав најубавиот глас, го осетив најубавиот мирис и најубавото чувство што може една жена да го добие го добив. Ја средија ми ја дадоа да ја мириснам и бацам, веќе после ова се беше заборавено, ми ја земаа да ја досредат и секако мене да ме средат.

    Вредеше се ова и сум пресреќна што баш мене ме одбра да и бидам нејзина мама, од овој ден животот ми доби смисла и поголема воља за живот. ‍
     
    На ivance.., 24.07, Dust и 39 други им се допаѓа ова.
  7. Звездичка30

    Звездичка30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    677
    Допаѓања:
    914
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да ја раскажам и мојата приказна.
    13.02 бев 37+5 и како и обично имав закажано за цтг и ехо преглед бидејќи од претходните прегледи видовме дека мојата постелка е по зрела за неделите па докторката мораше почесто да ме следи за да видиме како е бебето и правевме муабет дека пораѓајот најверојатно ќе биде со провокација,
    влегов и ме приклучија на цтг па една од сестрите неможеше да најде тонови на бебето па дојде друга и таа исто пробуваше ме вртеа лево па десно и ништо,дојде друга сестра и таа неможеше да најде и веќе почна да ме фаќа паника во еден момент една од сестрите излезе се врати и рече ајде брзо кај докторката во соба да те види на ехо ,кога влегов таму видов дека и докторката е малку вознемирена и само ме праша како се чувствувам и дали го осеќам бебето ,и реков дека минатата вечер мрдаше,а од сабаје ептен малце,ме погледна на ехо и рече еве го добро е но плодовата вода се намалила ептен и дека најверојатно ќе ме задржи да ме породи но рече ќе направиме уште едно цтг да видиме дали веднаш ќе останеш или ќе дојдеш околу 18 часот да не плаќаш ден плус,направивме цтг рече стабилно е бебето врати се во 18 ч на прием,со мажот ми шетавме ,јадевме и се вративме во Систина при што пополнив некои формулари и ме сместија во соба каде што почнаа припремите,цтг,канила,клизма се истуширав и во 12 ноќеска ме качија во пред родилна соба каде што ноќта ми помина со една прекрасна сестра Билјана која ми стави чепче да почне да ми омекнува грлото на матката и рече дека се препорачува 5 часа да не станувам од кревет за да се растопи убаво чепчето. Околу 2 часот сум заспала некако и се будев цело време и чекав времето што побрзо да помине,наутро веќе дојде друга смена ајде тука сите ме проверуваа колку цм сум отворена и болкитд ми беа подносливи ама тоа бркањето ми беше мноогу болно,дојде Корнелија околу 8-9 рече ај да те видам колку цм си отворена а јас од што ме болеше се виев цело време и она беше малце и арогантна ,"Дај ајде намести се убаво" со некој таков тон при што се расплакав и реков сакам веќе да земам епидурал и рече во ред тогаш ајде да ти го пукнам водењакот и тоа ми беше болно,помина тоа ме однесоа во родилна сала кај што почна процесот со епидуралот ,болкитр уште беа подносливи некако ајде ме боцнаа еднаш и беше неуспешно па мораше постапката уште еднаш да се повтори при што рекоа дека сега е се во ред и дека наскоро ќе ги снема и тие болки што ги имам ,но се беше обратно од тоа болките со текот на времето стануваа се поболни и реков да ми појачат епидурал но пак ништо болките стануваа се појаки и појаки околу мене сестри акушерки јас веќе почнав да викам гласно дека ме боли многу а бев 7- 8 цм отворена дојде доктор Палчевски и тој ме провери колку сум отворена и тоа мораше баш додека имам контракција и беше ужасно болно времето минуваше и почнав да викам дека неможам повеќе и кога веќе ќе излезе бебето па една од акушерките ми рече ама мора бебето и да се спушти не е само да се отвориш скроз ,после некое време почнав да викам дека сакам царски дека не можам повеќе и во следните неколку минути по препорака на Др Палчевски добив нешто во инфузијата што почна да ми ја суши устата ,а мојата Др Корнелија во тој момент си била во операциона сала па го пратила него кај мене ,дојде и таа по некое време и знам дека рекоа ајде жената може да раѓа,а јас веќе во ептен големи болки и Корнелија рече ајде бутај доле а јас од болки не знам ни што правам почнав да туркам рече ти ништо не правиш вака ништо цело време беше арогантна и без никакво разбирање,акушерката што ме породи цело време ме влечеше за раката да ја држам исправено оти инфузијата не ми течела а јас од болки не мислев во раката баш ,во следните 10 минути се роди моето бебенце кое веднаш заплака и во тој момент сите болки престанаа,го спремаа и ми го дадоа да си го гушнам.
    Не сум нешто мн задоволна од Систина цело време додека лежев таму не го сончаа и на крај ме тераа да останам ден плус што го платив 500 евра за двајцата и сакаа уште еден плус да ме остават при што им реков да ми дадат да се потпишам да си одам на моја одговорност, а ме испишаа со уреден наод,башка тој ден мажот ми дојде во 10 ч наутро да не земе и чекавме до 1 ипол да ни го донесат бебето да си одиме под изговор мора да се сонча уште малце,а претходно ми кажаа дека е добро цела вечер дека се сончаше и дека параметрите може да бидат исти и уште 2 недели да седам тука, после испадна дека они имале за испис многу бебиња за денес и на крај го донесоа гладно рекоа нахрани го во кола сега, а знаеа дека не сме од Скопје и дека треба да патуваме,многу бевме изнервирани и двајцата од цела ситуација.
    Додека лежев Корнелија дојде само 2 пати на 2 мин да ме види.
     
    На ivance.., 24.07, minne992 и 23 други им се допаѓа ова.
  8. juice_

    juice_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    945
    Баш ми е жал што немаш убаво искуство…
    Јас ќе кажам неколку работи, може на некој ќе му се најдат.
    Моето бебче беличко, жолтицата не му се познаваше многу :) и јас, гледам многу заспива додека цица и одма и кажав на сестрата, а иначе стварно не се забележуваше. Онака малку, и тие тоа го забележале, ама не нешто пример како на цимерката бебчето.
    Одма почнаа да го сончаат, и испадна супер, се на време.
    Така да кога гледате заспива одма, не цица, прашајте, кажете, за да реагираат веднаш да не се чека.
    За одење дома, јас кога бев, бевме само две родилки. Јас прашав и ми рекоа после 12 нека дојде сопругот, тогаш пуштаме. И така беше. Дојде, го спремија бебе и си отидовме :)
    Мислам дека секогаш тоа време пуштаат, ама сепак прашајте ден претходно, за да знаете :)
     
    На MilaSs12, mariz, АнаМаријаД и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Звездичка30

    Звездичка30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    677
    Допаѓања:
    914
    Пол:
    Женски
    Кај мене уште кога се роди знаеа дека треба да се сонча мила и кога завршував со доење ги барав да им кажам да го земат за сончање одговорот беше покасно ќе го земеме и на крај седи уште 2 дена плус и плати 1000 евра.... а за одење ми кажаа да дојде мажот ми во 10 наутро ама ете си чекавме...
     
    На AniSk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. juice_

    juice_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    945
    Жал ми е што така ти се погодило…што не треба, зашто си плаќаме…
     
    На Звездичка30 и AniSk им се допаѓа ова.
  11. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    Веќе знаете закажан царски, ама јас да ви раскажам на долго и широко :D

    23.02. ноќта пред царскиот не спиев ич, преседов во вц, мислам се прочистив за 3 царски :D
    Сабајлето прво цтг, ковид тест, и ме качија горе, ми дадоа и чепче ама за џабе :D, се истуширав, ставија канила и во сала
    Ме седнаа, имаше девојче што требаше да учи, анестезиологот и кажуваше кај да боцка, сакав да фатам и да бегам, толку имав шубе од таа спинална па уште да ме боцка некој што треба да учи, се препотив 100 пати :D
    Ме боцнаја, цело време предтоа им велев да ме држат оти ми е страв да не им мрднам, ама едно девојче, ме гушна, мајко мила, таа ми беше се во сала жими се, толку се осеќав сигурно покрај неа :$
    Фати анестезијата, тест со мраз дали осеќам и почнаа, цело време зборуваа, имаше многу повеќе тегнење овој пат, ама пак брзо го извадија, Матео плачко, 3200 и 50цм, и им се измочка одма :D
    Јас му ја викнав да плачам сосе него, ми го дадоа и да го бакнам, ист како ќере, носе, усте, се :inlove:

    Го однесоа да го средуваат и мене брзо ме завршија, овој пат се изнапраив муабет со др Ема и др Јана, не ме успаа :D
    На интензивна брзо ми пуштија нозете и во соба бев за два саати.
    До тука супер, натака престојов во болница ми падна претежок психички, два пати за убаво ама и два пати за лошо во истата болница, одделена од ќере, нејзе дома супер, ама мене хормоните и психата ме убија, веќе немав солзи за плачење, ме држеа и на дијазепами цело време, дури и некои хормонски инекции добив за да ме "дигнеле", но не можев да се соземам сите 4 дена за жал :(
    Немаше посети, строго забранети се во Ремедика, и уште потешко ми беше што не видов никој свој ни на секунда...
    На 3т ден ми кажаа и дека бебе има хипоспадиа, лесна форма но, сепак треба да се направи интервенција кога би имал годинка или две, на тоа паднав уште повеќе, се додека на испис др Марина ми кажа дека е лесна форма, и највеќе ќе биде интервенирано поради естетика, ама сепак...
    Бев тотално изгубена, ама се се среди кога дојдов дома, одеднаш се ми беше на место, се ми беше на куп, и дури дома почнав да се врзувам со бебе.
    За жал млеко ни ден денес немам, најверојатно од сета таа психа во болница.

    Физички овој царски ми беше далеку полесен, брзо станав, се избањав на прво станување, и моментално функционирам најнормално, освен што не кревам тешко.

    На оваа тема завршувам, за мене доволно, да ми се живи и здрави овие две и сите дечиња во свет, да дава Господ кај што нема :hug:
     
    На ivance.., 24.07, Freckles. и 41 други им се допаѓа ова.
  12. Звездичка30

    Звездичка30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    677
    Допаѓања:
    914
    Пол:
    Женски
    Оф леле иста бев на 3 ден од пораѓај веќе ми беше многу тешко затоа што од Понеделникот со припреми за пораѓај и ми кажаа дека Петок си одиме и едвај чекав да осамни за да си одиме и на крај доаѓа доктор и вели ќе мора уште денес да останете поради тоа што бебе мора на сончање,а мене ми падна мрак на очите мислам цел тој ден си го преплакав и мислам дека во животот не ми било потешко се слушнав по телефон со син ми и не можев да зборувам од плакање,бебе не ми го носеа мораше да седи цело време да се сонча, па и цимерката што беше со мене во соба си отиде тој ден и останав сама ,а минутите ми се чинеа како вечност никако не ми минуваше времето па вечерта дојде друга пациентка и со неа малце муабет па ајде ми размина некако малце и сабајле доаѓа пак доктор и вели ама препорачливо е уште денес да седите ,реков не дај ми да се потпишам ќе си одам веќе психички не се осеќам добро ако треба секој ден ќе патувам ќе го носам на сончање и контрола тука не седам ни минута веќе....
     
    На Freckles., MilaSs12, elenaklasik и 2 други им се допаѓа ова.
  13. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Јас се породив во 37 недела на ГАК. Прво си лежев на патолошка, таму сестрите беа фини, услужливи и си реков добро, еве не е така страшно во државна ко што се збори. Породувањето беше со царски, помина ептен брзо и лесно, сите во салата имаа некое весело расположение, освен секако јас, затоа што бев преплашена. Анестезијата брзо помина, бебе беше супер, дури и подобро од мене :lol: Откако ме сместија кај родилките, се мрднав. Едвај комуницираат сестрите со тебе. Дојде една ме праша дали имам млеко, реков не и си замина. Си го ранеа бебето, ни помош ни ништо. Почнав да се фрустрирам, не знаев како да го фатам, раната боли, а бебето си плаче. Жив човек не доаѓа да ти помогне. На крај не ми објаснија ама баш ништо, си го спастрија, ми го тутнаа во раце и ме испратија за дома. Толку ладен и игнорантен однос не очекував на место каде што има бебенца. Најчувствителниот момент во животот, некој те третира како партал. Никогаш не би одела во државна, ама па самото породување ми беше песна, така да ќе мора да заборавам ова последново. Бебушот цело време си беше тип топ, ми рекоа имаш здраво бебенце, супер е и ме пуштија веќе на третиот ден.
     
    На warrior, ivance.., 24.07 и 26 други им се допаѓа ова.
  14. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    1.125
    Пол:
    Женски
    Сега сфаќам зошто се вели конечно да ја раскажам својата приказна. Долго време не можев да бидам активна на форумот, како нова мајка што претежно е оставена сама со бебето, дури и среќна сум кога ќе имам време за во тоалет :D. Сега да го искористам ова бессоно утро, додека мажот ми и ќерка ми спијат.

    Втора половина од декември, прв пат ми закажуваат цтг во 37ма недела. Докторката ме гледа на ехо, не и изгледа како да ќе биде за скоро, бебето високо поставено, плодова вода во доволна количина, ништо, и ме пратија дома без цтг. Ми рекоа да дојдам следната недела. Кога отидов повторно, истата приказна само овој пат ајде ради реда да направам и цтг. Си лежам јас така и кога сестрата ми вика ееј па ти имаш болка - јас појма немам ништо не осеќам. Со докторката се зачудија и ми кажаа само доколку имам болки да не чекам цела недела туку да одам порано на цтг. Поминаа пет дена, дојде петок, и му викам на мажот ми да ме однесе на цтг да си знам на што сум, да не се акам во викенд по дежурни. Одам таму и ме пречека една дрска сестра што почна да ми се дере зошто не сум дошла во 9 сабајле. Јас скроз збунета никој не ми кажа во колку часот да одам, ниту пак има некаде истакнато. И јас викам добро ќе почекам не е проблем. И си седев во чекална два саати немаше ни доктор ни ништо. Кога конечно дојде докторката, јас бев претставена како "оваа што доаѓа касно на контрола", по што почна и докторката дрско да ме прашува што сум барала таму, па на извештајот ми пишува за една недела да одам. Јас викам ми рекоа штом имам болки да не чекам цела недела. После одма сменија тон, како па што сум чекала, требало да кажам дека имам болки, па пак јас крива (а требаше само да го погледнат цтгто и ќе знаеја дека имам болки). Им викам нема потреба од тензија, ајде да завршиме со прегледот. Ми направија и вагинален преглед еден прст отворена, цтг мирно, пак ме пратија дома. По пат гужви невидени, се блокирано, во кола осеќам како да ми потече нешто. Одам дома и гледам крв на гаќите, се извадив од памет. Му викам на мажот ми да се истуширам ја земаме торбата и се враќаме назад.
    Ме примија брзо, ме седнаа на преглед, за среќа се добро со бебето и постелката. Породувањето веќе почнало, бев отворена три прсти. Докторот ме праша дали да останам во патолошка или да дојдам за три саати, јас викам подобро да се вратам дома. Отидовме кај моите дека живеат поблиску се истуширав пак и чекав со лавина од различни емоции и возбуда. Кога се вратив повторно на прегледоѕ ми падна и чепот, а бев само три-четири прсти отворена, но не можев да се вратам пак дома, ќе ризикував да заглавам во сообраќај па останав ноќта на патолошка. Сестрата ми вика спиј, ама како да заспијам кога чекам да се породам.
    Сабајлето во 15 до 6 ми пукна водењакот. Јас пак само три-четири прсти отворена. Ми почнаа болките се шетам напред назад околу кревет, почнаа болките да ми се интензивираат и да бидат на пократко растојание. Кога веќе станаа неиздржливи почнав да викам по сестрата (само што се смени смената), ама или не ме слушаше или се правеше дека не ме слуша. Помина болничарката нејзе и кажав дека имам страшни болки, пак ништо не се случи. Веќе со болката кога добив и напон, отидов во веце, чекав да ја издржам болката, се стегнав затоа што знаев дека не треба да напнувам на почеток, за да имам сила да истрчам до кај сестрата. Ми викна доктор, во меѓувреме пак ме фатија болки и седнав на стол. Сестрата ми се дереше што сум барала да седнувам на столот, јас викам болки имам. Нема што тука болки. После ми го гледа извештајот и ми се дере јас како цела ноќ не сум се отварала, па за мене ли специјално доктор, јас викам дајте ми нешто за болкиве не можам да издржам. Кога ме прегледа докторот, вика осум прсти отворена веднаш во родилна сала во количка да ја качите. Сестрата се стаписа.
    Во родилната сала немаше време ни цтг да ми направат, одма ме седнаа на бокс. Почнаа уште посилни болки. За тимот што ме породуваше имам само пофални зборови. Ги слушав се што ми кажуваа и соработував. Ми ставија нешто во канилата и ми рекоа сега подолго ќе трае, напни за да излезе овој пат. И со еден долг напон во 9:35 се роди љубовта на мојот живот. Во меѓувреме ми направија епизиотомија јас нити ги видов нити ги приметив, ама шиењето ми траеше подолго од породувањето.
    Престојот таму со бебето си е приказна сама по себе. Не генерализирам, има сестри што стварно беа прекрасни и се гледа дека си ја сакаат работата и вложуваат многу труд и посветеност. Ама има и такви што само мислат на кафиња пиење и цигари пушење, па ние сме нашле баш тогаш да се пораѓаме :D.
    Сепак се е добро штом добро заврши, ви посакувам на сите со лесно да се породите :l:
     
    Последна измена: 5 март 2023
    На ivance.., 24.07, AniSk и 37 други им се допаѓа ова.
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    Живо здраво бебе. Да си расте со мама и тато безгрижно.
    Јас се породив 2019 кај Корнелија но последно време слушам дека ептен се хаос Систина. А и гледам по Корнелија, понервозна е, зафатена, се чека за преглед.. и не е самл до неа, премногу пациенти им договараат и не може да стигнат. Секако дека кога плаќаш треба да ти се посветат тебе, ама очигледно хаос се. Другарка се породи со второ кај Палчевски, буквално сама. Вика дур дојде Палчевски (исто на операција бил), се породила и среќа и бабица што имало во близина. Сама на себе оставена.
    Се нека завршува добро, ама мора да се оправат малку. Јас по се ова, сериозно се мислам на ГАК да одам со второво.
     
    На Freckles., sani99, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Звездичка30

    Звездичка30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    677
    Допаѓања:
    914
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам мила Господ да ти дава само убавини!❤️
    Искрено сум разочарана од Систина не вреди за тие пари ,освен хигиената и што ти носат топли оброци и за пиење др ништо не ми се допадна и некои од сестрите беа баш антипатични,а читав толку многу убави искуства и затоа се решив за таму ама сеа да треба да бирам дефинитвно нема да е таму и не кај Корнелија! Подобро ќе платам некој доктор и сестра ГАК или ЧАИР што нема сигурно толку скапо да ми испадне. Систина е само пералница за пари тоа можам да кажам.
     
    На AniSk, mssuniquee, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. TinnaMinna

    TinnaMinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    503
    Пол:
    Женски
    И тие ГАК пари што земаат се катастрофа,мислиш ќе платиш посигурен да си ама џабе
    Од искуство
     
    На H.VAGA, Anomis11 и Звездичка30 им се допаѓа ова.
  18. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.746
    Пол:
    Женски
    Јас предобро поминав, а денар не дадов. Почовеча и постручна докторка не сум сретнала, вечно благодарна ќе и сум.

    Е сега, верувам дека ги има секакви, за жал.
     
    На AniSk и Meckicja им се допаѓа ова.
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.170
    Допаѓања:
    20.314
    Пол:
    Женски
    Не мора вака да пишувате. Едно искуство не е доволно за да се генерализира. Далеку од исправно е понашањето на докторката и сѐ останато. Ама не има и такви што тек ќе се пораѓаме таму и со душа си ја чекаме позитивната приказна. Бидете малце солидарни.
     
    На AniSk, LiquidLuna, Ma4eangor4e и 6 други им се допаѓа ова.
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.675
    Допаѓања:
    18.332
    Пол:
    Женски
    Секое искуство вреди. И позитивно и негативно.
    Исто како што за државните се пишува дека се кланици, а реално не се. Ни приватните не се совршени.

    Треба да се има во предвид дека искуството може да е и негативно. На некоја трудница може ке и се смени мислењето и ке заштеди 2000 евра.
     
    На Marie.m, Freckles., VDT2906 и 17 други им се допаѓа ова.