Zasto da bidat solidarni za sistina I jas go delam nejzinoto mislenje oti e peralna na pari I jas imam ne za poragaj ama za drugo loso iskustvo od tamu nemoze site da bideme zadovolni od eden dr ili bolnica toa e fakt
Не кажав дека моето искуство треба да пресуди ама не можам да кажам за нешто дека е супер,убаво ако не е така,значи тоа е само како јас поминав и пак ќе си стојам зад тоа што напишав значи за тие пари што ги земат треба максимално да бидат посветени,а и ова е форум нели секој си го споделува своето искуство без разлика дали е добро или лошо. Дај боже да поминеш најдобро ете можеби јас избрав погрешен доктор.
Секаде ќе најдеш и добри и лоши искуства и во државна и во приватна. И мене ми се погоди една сестра дрска во систина си се побунив каде треба и одма си смени однос. Додека во државна немаат никаков однос зошто имаат 100 бебиња на 5 сестри(пример) а во систина далку помалце бебиња имаат им доаѓа 2 бебиња на 1 сестра и можат да обрнат внимание и се. Државните не се кланица туку се со многу малце персонал и немаат време да те тинтраат толку, плус има специјализанти што ги оставаат да се учат без надзор на соодветен доктор.
Зависи кој што очекува.На крајот битно да си земеш здраво бебенце во раце.Тогаш ќе ја гледаш како најдобра болница.Тинтрење дома.Ни приватните не се веќе тоа што беа.Ти си веќе пред пораѓај?Одамна те читам додека бев бремена.Со лесно
Нема да ја ширам дискусијата зошто баш јас секогаш викам дека е форум и дека секој има слобода да си пишува што сака. Неколку страници претходно и сама пишував за пропустите на болницата, ама не можам ради тоа искуство да кажам Систина е ужас, зошто не е. Жал ми е за лошото искуство на секоја, небитно дали во приватно или во државно здравство. Јас како и секогаш ќе селектирам како примам одредени информации и тоа е тоа. @teddy85 да, при крај сум. Во петок влегувам во 9ти. Фала ти, се надевам ќе имам убаво искуство за споделување наскоро.
Eve vaka….mojot poragaj bese vo Sistina,da bi se poragala povtorno istata bolnica bi ja izbrala.Da imaat propusti normlano.Eve moeto iskustvo e,toj den koga se porodiv,imase 14 poragai bese haos,definitivno ne se spremni za takvi poragai,i istoto se slucuvase potoa na oddelenie.Normlano plus 14 deca.Definitivno nespremni za istata brojka,no ne e uzas,imas nega i najbitno e da imas doverba vo doktorot koj ke te poraga.Da propusti imase,cenata koja e plakame e ogromna i ne e vo red,ama ne e uzas super ke pomines.Jas ne sum psihicki spremna za poragaj vo drzavna bolnica,taka sto drug izbor se nema
Јас имам искуство од Клиника и од Систина, не може да се спореди дефинитивно, кој како сака нека ме сфати. Клиника ме третираа како нечовек, да не кажам како стока (оставена сама на бокс и на одделение).И таму одиш на среќа, за жал, како ќе ти се погоди.
Да, цените се претерани за жал, комплетно нереални за нашиот стандард. Јас немам искуство од државна за пораѓај, ама имам историја на оваа тема и исто не сум спремна психички да одам на државно по сѐ што имам слушнато и прочитано. Жал ми е што е така, ама многу се ретки жените со позитивни искуства од таму. Камо да ни беше здравството нормално па воопшто да не моравме да дискутираме на темата, ама тоа е што е. Битно на крај да се раѓаат живи и здрави бебиња и да нема истрауматизирани мајки.
Јас имам искуство и со државно (Чаир) и со приватна (Систина). Во Чаир бев со многу јаки врски, и имав супер третман. Иако, во врска со бебе, не можам да кажам дека беа најдобри. Односно, не верувам дека имаа време да посветат. Кога се пожалив, си добив одговор ‘Ако не ти се допаѓа тука, оди си на приватно’. А тоа зашто барав да дојдат да го земат бебето, тоа плачеше гладно, јас немав млеко, глава ме болеше до лошење… со една рака бебе држев, со друга глава исправав… си наместив и со перницата да се потпирам, и не дај Боже ако се изгубам, дете да не падне доле… до толку бев… со лекови за главоболка бев ама многу малку смируваа, скоро па ич. Е после тоа, си отидов приватно. И реално, отидов заради докторот. После се што ми се имаше случено, едноставно не можев да поминам низ уште некој стрес. Е јас имав супер позитивно искуство. На сите кои треба да се пораѓате периодов, приватно или државно, би ви препорачала да не ги земате здраво за готово мислењата тука. Секој е со свои очекувања, и секој различно поминува. Иначе мое мислење. Пораѓајот на државно, не е бесплатен, па да оправдуваме однос заради многу бебиња. Плаќаме придонеси, нели? Така да, и државно и приватно, секаде треба да имаме добра грижа на мајка и бебиња. Па не секој сака и може да се пораѓа приватно. Ви посакувам на сите лесен пораѓај за каде и да се одлучите.
Јас уште ја немам раскажано мојата породилна приказна дури не ми е верно Ми се ближи терминот со второво па велам ајде да го раскажам моето искуство со првата ќерка Блазе си им на оние кои добро поминале на ГАК- сега ја читав дискусијата погоре и да -форумот е за да се споделат СЕКАКВИ искуства за секаде без разлика приватно/државно Во еден наврат за едно нешто на кое што одбегнувам сама да се навраќам и јас отидов таму мислејки дека нели болница е болница и колку и да не е Систина колку лошо може да биде нели .. плус ќе заштедам пари а процедурата е таа .Најлошата можна одлука во животот која ми остави трајни последици и психички и физички од тоа што добив толку нечовечки однос и од сестри и од докторката излезена од пеколот директно Јадранка - со толку лоши и НЕхумани коментари и постапки пред се ! Ете тоа беше моментот кога знаев дека моја нога по никоја цена таму веќе не стапнува . Од тој момент па натаму одев на прегледи во Систина и знаев дека здравје таму ќе раѓам . Е сега породилната приказна ..На 23.01.2022 имав закажано прво ЦТГ . Немав ни Б од болки 36+0 бев си функционирсв сосема нормално . Тој ден регуларно си бев на работа затоа што не ни помислував дека тој ден ќе раѓам . Завршив со работа конечно дури и прекувремено останав и ајде со сопругот отидовме на прегледот . Ме прегледа докторот - се во ред ! Грло на матка не беше скратено ,не бев отворена, постелка и плодова ок ,ЦТГ мирно без контракции, момата на ехо ја измери 2930гр . Заврши прегледот , докторот ми кажа да се вратам за една недела . Излеговме од Систина и му велам на мм ајде да текнеме до СитиМол да јадеме нешто па ќе бегаме накај дома зошто не сме од Ск . Отидовме до молот и се качивме до кинескиот оти мн ми се јадеше . Си седнав и порачав најголема порција и додека така слатко си ја јадам чувствувам дека нешто ми потече ама дека не во голема количина мислев дека сум се помочала дека бебе еве големко веќе и притиска на мочниот меур . Не му кажав ништо на мм ми беше срам . Да стануваме од таму кога се подигнав наеднаш голема количина вода потече од мене и му велам на сопругот - леле мене водењакот ми пукна! А тој во неверување ме убедува дека не може да е водењакот кога до пред пола час сме биле во болницата и се било во ред Му се јавив на докторот Александар Бојаџиев прекрасен доктор инаку секоја препорака за него и аајде назад во болницата . Докторот ме чекаше и тоа беше тоа водењакот пукнат плодовата додека бев таму цела истече . Мм целиот во паника , јас неспремна психички , се плашам дали ќе е се во ред со детето дека упте е рано . Докторот ме смири и ми кажа дека морам да останам таму и да раѓам и дека само треба да видиме што ќе правиме . Јас мислев дека Александар ќе инсистира да ми даде провокација и да пробаме природно ама тој ми кажа дека сепак мисли во мојот случај дека ќе ми треба повеќе од ден додека да почнам да се отварам затоа што беше рано и по тоа што ми го кажа во 36та и во 38ма на пример не е исто да се да де отварам а и реално тесна карлица имам така да .. сепак негов предлог беше да одиме на царски веднаш да ме спремат затоа што мислеше дека во спретивно ќе ме мачел за џабе да трпам болки кога има шанси според него поголеми на крај пак на царски да завршам . Мене ми беше искрено премногу страв од анестезијата - претходно немам примано и се плашев ако ме успијат нем да не се разбудам или од спинална да не оштетеме некој нерв .. Докторот виде колку е часот дека почнувам да му паничам и се трудеше максимално заедно со сестрите да ме опуштат да ме расположат се зезаа да ме спремале побрзо да сум немала време да се плашам - ова се случува во 20:00 вечерта . Ме однесоа во соба да ме спремаат за во сала а јас по пат искористив шанса на секого што сретнам да се пожалам дека не треба јас сега да раѓам и дека умирам од страв . Ме однесоа во соба кај друга женичка она веќе породена ама си уплатила за апартман да биде сама а мене ме сместија кај неа.Ме средија и ми дадоа инјекција за зреење за секој случај .Сестрите и анестезиологот прекрасни неѓам зборови и ајде ме спремија за во сала. Царскиот помина беспрекорно во 21:47 се тоди мојата принцеза и тежеше точно 2930 колку што докторот ја измери на ехото Најпрекрасното чувство на светот кога ми ја дадоа да си ја бакнам . Ме средија ме сошија и ајде во интензивна . Од таму околу 12ч ме однесоа во соба а таму мм ме чекаше . Најубав момент во животов кога го видов со солзи радосници дека веќе му ја покажале . Сестрата ме праша дали сакам да ми ја донесат малата да ја видам и нормално сакав За пет минути дојде сестра со неа ми ја дадоа, мм не сликаше да го забележиме моментот и ми ка ставија на градите . Јас таква - ама јас немам млеко .. сестрата ме притисна малку и потече млеко па малата малку цицаше за прв пат Сабајле околу 06h ме префрлија во друга соба и таму бев сама цел мој престој исто како да сум плстатила а едноставно среќа имав ништо друго . Најубавите неколку дена во животов дефинитивно немам една единствена замерка за ништо . Дури на крај им велев да ме остават уште еден ден за да се сонча малата од жолтица ама они тврдеа дека сме спремни и двете за одење дома и не ме оставија . Со раната немав никаков проблем фала Богу се беше супер . Дојде пред да си одам фризерка да ме исфенира таман да сум убава за сликата на одење Се на се преубаво искуство на кое што секогаш со насмевка се присеќам . Се надевам исто толку убаво ќе поминам и овој пат . Инску сестрите кај бебињата сегогаш достапни , другите сестри исто како и болничарките . Чисто беспрекорно во ниту еден момент ништо не ми фалеше . Сега вторава приказна ќе ја споделам побрзо од оваа , нема да чекам 3 год . Ова е моето породилно искуство кскво што посакувам на секоја една мајка
Jadranka georgievska li te poragase mene prvata inseminacija mi ja pravese ona I histeroskopija I laparoskopija I takvi greski napravi sto ne sakam ni da ja vidam vo zivotot a I tie vo sistina isto sto teraa prema nejzinoto otpusno pismo od gak pozitivno iskustvo imam samo od dr milka trajanova ama sega e veke vo penzija od sistina od nikoj nemam pozitivno iskustvo I od strumickata bolnica kade sto se poragav isto loso iskustvo imam I od tamu I da potpolno se slozuvam so toa oti ova e forum I oti sekoj ima pravo da si go kaze svoeto iskustvo so odreden dr ili bolnica bilo toa pozitivno ili negativno I ako sega treba da se poragam bi izbrala privatna bolnica zasto zaradi mnogu nehumaniot odnos sto go dobiv vo strumickata bolnica I za vreme na poragajot a I sega koga vo skopje me operiraa vo bolnicata sveti naum gradskata bolnica sto e od priklestena papocna kila post operativniot odnos sto go dobiv od strumickite hirurzi koga trebase da se tretira ranata od operacijata mnogu nehumani bea prema mene eden duri hirurg se drzna da me izbrka od bolnicata so rana sto gnoese mnogu od MRSA I od sepsa so izgovor oti on ne me operiral sreca dr sto me operira dr senol tahir e prekrasen dr pa se se zavrsi kako sto treba I da kako sto kazav sega da treba da ragam ke se poragam ili vo remedika ili kaj dr organdziski vo stip
Со ова најмногу се сложувам од целава дискусија денес. Добрата грижа треба да е основен пакет секаде. И да, го плаќаме ова и те како и немаме опција да одбереме поинаку. Секој во легално заснован работен однос месечно придонесува во здравствениот фонд. Приватните од друга страна како во нашата држава, така и во странство секогаш треба да дадат екстра услови за тоа што го наплаќаат. Кај нас им се посреќи што се во конкуренција со јавното здравство што има многу недостатоци, па само ги прави дополнително помалку да се трудат и да понудат минимум услови од кои треба ние да бидеме нели пресреќни што некој не ферма ко луѓе. Искрено во моментов не ми се допаѓа тоа што пополека Систина си го прибира најдобриот кадар од Ремедика и се става во позиција да ја исчисти конкуренцијата. Бидувањето монопол во било која сфера за жал налошо се одразува на корисниците на тие услуги, во случајов нас пациентите. Друго е кога има кој да ти дише во врат, повеќе се трудиш. Инаку во контекст на муабетот, да и јас во моментов ја избирам Систина за пораѓајот што наскоро ме чека, ама сепак мислам дека не треба да ги сведам очекувањата на минимум за односот во целокупниот престој. И фармерки кога купувам ако дадам повеќе пари очекувам и поголем квалитет, така и за ова. Далеку се од катастрофа, напротив ги сметам за најдобри во моментов, ама сепак имам и те како очекувања за односот од сите додека сум таму. Се надевам наскоро дека ќе се пофалам со позитивна приказна и жив и здрав бебуш. Со среќа и лесно на сите каде и да отидат
Не ни знаев како и е презимето на Јадранка - по одвратно суштество не верувам дека постое буквално трауми имам од неа и од персоналот таму . Се надевам дека веќе е пензионирана оти моето искуство кај неа е од пред 10 год кога имав 20год . Буквално се ежам штом се сетам на нејзиниот пристап и зборовите кои ми ги има кажано . Е истата таа си беше земала мито од мојата цимерка и односот спрема неа беше различен .Да биде полошо таа беше началник на оделение тој период .Еве јас тогаш ниту имав пари за мито да и давам ниту помислував на нешто такво.Не ни мислев дека има потреба реално оти нели болница е сепак сите треба да имаме хуман третман.И сестрите таму .. хорор дефинитивно ми беше на мене . Секој со својта среќа што да кажам јас таму немав ни најмалку среќа очигледно ..
Rabote uste na gak Jadranka georgievska ima uste 3,4 god do penzija ona uzasno iskustvo imam I jas so nea
Да не се лажеме искрено во државна ќе ти го тутнат бебето дали плачело или не ги заболе нив освен за врат ако не ги фатиш и низа други работи како плаќање доктор за да те пораѓа, на сестрите нешто за да те погледнат додека лежиш таму плус и апартман ако плаќаш. Моја нога не стапнува на клиника од нехигиена не знам како е на оделение ама доле во амбуланта со триста кондоми крвови и ти вика седни да те прегледам е богами не фала. Додека во Систина секогаш било чисто, помагаат за бањање, до тоалет, за бебе да дојддат да го земат, да ти покажат за доење, при пораѓај контакт кожа со кожа, опција за бирање дали сакаш царски доколку веќе не оди природно не те мачат со саати како во државна а не ти ни даваат опција. Искрено пола од сумата за пораѓај во Систина ја исплаќаме за државен пораѓај со частенки за доктори и сестри. Нормално има и такви што добро прошле на државно, ама огромна е разликата не споредбено за хигиената.
Точно од збор до збор.Јас за Битола ќе зборувам.Државната болница конкретно гинекологија моментално изобилува со доктори.Но според мене не се докторите проблем.Тие ќе те породат и нивното завршува тука.Условите и пост негата сд проблем.Да седиш без никакви лекарства,седативи,нега,и нега на бебе после пораѓај за мене е рамно на лудило.Плус опцијата за закачување на интрахоспитална инфекција(како жените од Прилеп сега скоро).Јас со првото бев приватно ,Плодност и можам да се пофалам со прекрасно искуство,а не трауми и недај боже компликации во пост периодот.Последна пара ќе дадам и државно не одам да стравувам за себе и бебто дали ќе преживеам,дали ,,ќе ми се погоди доктор или сестри,,.
И јас Битола се пораѓав на болница кај Др Николина задоволна сум, со природно почнавме и цел ден по моја желба од што нејќев царски се мачев, не ме мачеа тие, уште во 15ч ми рекоја за царски не слегува бебето ама јас не ќе чекам и така во 18ч се согласив за царски, на одделение ме оставија првата ноќ без бебе и со катетер за да одморам, 2 цели ноќи сама, е третиот ден ти го остават бебето сам да се грижиш, ако плачеше за јадење му даваа ад, тешко е со рана ама не е невозможно, за мене за капење тетка ми дојде да ми помогни работи сестра на болница инаку од таму не помагаат, тетка ми идеше по 2 пати дур беше на работа и така имав помош иначе не би земала кредит за да се пораѓам во Плодност, за 5 дена да го пкаќам 2 год, така да не би дала последна пара за на приватно во никој случај, се на се 5 дена се со царски, плус не ни очекував дека ко принцеза ќе ме гледат здравје за второво пак таму, Плодност во никој случај не ми е опција, затоа што неможам да си дозволам. Во фамилија имаме многу лошо искуство од таму, така да кај и да си да ти се погоди среќата што велат, да се се во ред со мајките и бебињата то е најбитно. Плус треба да имаш верба во докторот кај и да одиш, то ми е најбитно, јас имсм верба уште се држат добро Битола гинекологија, за др одделенија не би го рекла истото, за жолчка ваѓање бев Струга бидејќи Бт немам верба...
Па кај тебе реално поголем удел имало тоа што како што кажа тетка ти работи во болница ако збореме искрено и ја знаат - сестрите персоналот, докторите .. Ама еве ние што немаме тетки и други роднини вработени по болниците , врски , или мито да поткупиме верувај дека е подобра опција и кредит за приватно него ли да се мачиш тие 3-5 дена . Зависи искуство има мн жени со трауми како мене . А.реално сега можев да платам и мито ама пак тоа ми е најодвратна опција што никогаш не би ја избрала и бирам да одам на приватно . На свекрва ми мн блозок пројател работеше во Чаир пред 3 год како анестезиолог , тој можеше да ни среди за првата ќерка кај Младен ама јас и мм не сакавме по такви линии со врски ,мито, корупции и сл и отидовме приватно . Истиот човек сега работи на клиника во ск и за таму може да ми среди ама не сакаме јас и мм така . На пракса одев во Штип кога бев средно мед. на акушерско е за таму можам книга во три тома да напишам - прткале бубашваби пред мене од бенкиците во кои ги облечуваат повиваат бебињата, предвреме родено бебе од 2кг сестрата од невнимание го тресна од чешмата додека го бањаше по главчето кикотејки се со колешката , ги бодат бебињата по 5 пати крв да им земат како пикадо оти не се замараат па на среќа , вреѓаат пациентки додека раѓаат им се дерат , додека се на боксот акушерките им порачуваат по мажите пици да им донесат .. да продолжувам или потреба нема ? И како најважно моето лично идкуство на ГАК без никој свој и без мито каде не очекував да ме гледаат како принцеза туку како човек ама добив третман како стока да сум . Така да секој со своите искуства и среќа очигледно .
Потполно се согласувам со сѐ. Најглуп муабет е ‘зависи кој што очекува’, а го читам веќе неколку пати. Што може да очекуваме освен хуман однос и убаво искуство, не разбирам? Не, не очекувам да ме гледа некој како принцеза, туку како мајка што е во најчувствителниот момент од мајчинството. Збунета, избезумена и со огромна потреба од убав однос. Милион примери знам што потплатиле за да ги ‘гледаат’ повеќе па пак завршуваат со трауми. Жена на братучед ми со јаки врски на ГАК се пораѓаше 16 саати, за на крај пак да заврши на царски. Точно, некогаш е сплет на околности, ама и сама сега вика камо да не одев таму. Докторот што им беше врска ја породи и толку, а после тоа нејќеше ни да раскажува за ‘грижата и помошта’ од сестрите околу бебето. Пак ќе кажам греота е што пораѓај на приватно кошта премногу за наш стандард. Ама да, ако треба и последните пари би ги дала само да знам дека ќе имам убаво искуство.