Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.820
    Пол:
    Женски
    Скроз се согласувам со @Anomis11 и @Bella_Stella .
    Не знам што е со муабетот кој што очекува. Божем приватно ако одиш очекуваш некој да ти се поклонува. Не велам дека ги нема и такви, па пред некое време се дискутираше во темата за приватни болници и за односот на некои пациентки во стилот сум платила ќе ме служите и се ќе искористан без грам осет. Ама тоа е до човекот.
    Јас сум рекла, одам приватно за да бидам третирана нормално. Имаш болки, испаничен си, не знаеш што да правиш со бебето.. стварно не ми треба уште да ми се дере некој и истрауматизирана да излезам од болница. А да се коцкам како ќе им се погоди денот и дали ќе имам среќа, не фала, кога веќе ги имам условите да одам приватно.
    Не одам ни заради храна, ни за некој да ме тинтра.
    За жал до сега само за неубаво сум лежела во приватна болница, а и затоа сум благодарна зошто сестрата не престана да ме држи за рака и да ме теши кога се тресев и плачев во таков кревок и тежок момент.
    Не е дека многу ни треба. Само еден нормален однос и подршка од персоналот.
    Ја разбирам и страната дека се малку, дека фалат сестри и доктори, ама кога си се одлучил да работиш таква хумана професија малку емпатија мора да имаш.
     
    На Луна Маша, Only1, MeowMeow и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    13.472
    А зошто мислите дека приватно се оди за да те гледаат како принцеза? Сакам да ме третираат како човек, а тоа треба да е нормално и на државно, а не да одиш со страв дали ќе имаш среќа или не.
     
    На MeowMeow, Mazegin, elenaklasik и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Разликата е што во приватна нема да ти кажат ај бе толкаво дете си родила па анестезија бараш да те сошиеме. И пак ќе кажам пост родилната нега е најбитна. Во мојот пост нагласив дека не сите жени лошо поминуваат во државна, но далеку е поголем бројот на не задоволни пациентки одколку на задоволни. Ете ти си задоволна ама можеби другите родилки што биле таму не го имале истиот третман како тебе и не се задоволни.
     
    На Freckles., DaftyCrafty, Ena Mena и 4 други им се допаѓа ова.
  4. MartinaMM

    MartinaMM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2019
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Го делам твоето мислење, исто бев за првото во Плодност и предобро искуство имав, здравје и за второто пак таму.
     
    На DoubleK му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MartinaMM

    MartinaMM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2019
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Како што читам во последно приватните во Скопје не се тоа што беа очигледно од наплив на пациенти, ама тоа не е случај со Плодност во Битола, ем се најевтини во однос на сите приватни во МК а и односот му е на ниво. А не дека нема денови кога има и по 10/12 новородени.
     
    На Freckles., teddy85 и DoubleK им се допаѓа ова.
  6. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.202
    Пол:
    Женски
    Najeftini se sega organdziski stip za poragaj
     
  7. MartinaMM

    MartinaMM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2019
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    И морам да напоменам зошто пак би одела во Плодност и за второ раѓање.
    Се породив пред 4 год првиот пат- презадоволна. Сега втора бременост имам ниска постелка шо секако е рано и можи да се крени и да не е индикација за царски. Сама си помислив ами оти да давам толлу пари во Плодност, посекако сега се знам со др. Николина, супер е таа. Да докторката е супер ама условите бе луѓе на болница се ужас!!! Бев и со свои очи видов во ноември, ми вадеа полип со киретажа, тогаш си реков не би дала 55 000 во плодност за хистероскопија ке одам на државно за 900 ден. Леле тие чаршафите на креветите еден помал еден поголем, погоре/подолу наддавани, тој подолниот крвишта цел, јас како што лежев како што ме преместиле цела во бунило сум го истргала, па јогата… се беше со исушена стара крв, така свежичко во собата…
    можам уште да коментирам ама јас со свои очи видов и доста ми беше. Контрола не мора на болница, ке си напрајш кај матичниот. Сега следва уште поголемиот шок, контрола прам полипот сеуште си стои :o
    Ајде матичниот се одлучи да пробаме со хормонски апчиња, ако не тогаш дури би ме пуштил Скопје на хистероскопија.
    Фала богу со апчињата се исчисти полипот и по еден циклус останав бремена.
    Така да Плодност хир ај кам во октомври. :)
     
    На mucka3, DoubleK и Anomis11 им се допаѓа ова.
  8. Алек***

    Алек*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    2.348
    Пол:
    Женски
    Моја другарка се пораѓаше во новата болница на Орханџиски. Кажа дека одлично поминала, и немало скриени трошоци.
     
    На Anomis11 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MartinaMM

    MartinaMM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2019
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Па не би рекла, Плодност е 75 000 сега породена членка пишува во темата “Породување во Плодност или државна во Битола?” породена во февруари, додека царски е околу 99.000
    а Органџиски е 85.000/ 127.000.
    Предност кај Органџиски е што прегледите после 37ма недела не се наплакаат со плакање аванс од 10.000 ден.
     
    На Anomis11 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.119
    Леле леле хорор си поминала......ајде сега со лесно пак,мене термин ми е здравје во мај па повторно ќе споделам искуство за Плодност пак.Инаку јас бев првиот пат царски и сега истото ме чека,прашав за сума и толку ми рекоја 99.000 мкд
     
    На Anomis11 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.100
    Допаѓања:
    4.024
    Пол:
    Женски
    Извинете за оф можеби, но ова звучи како кај кучињата кога има едно главно и сите од него бегаат и сета храна него му ја препуштаат...
     
  12. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.202
    Пол:
    Женски
    Abe zavisi za kogo kako mene pa vo plodnost ne mi vidoa oti imam septum a mi pravea ivf I zavrsi so spontan abortus I odnosot na tase prema nas bese uzasen
     
  13. Anomis11

    Anomis11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2019
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    3.138
    Пол:
    Женски
    Јас само споделив мое за жал лошо искуство повеќе не би ризикувала за жива глава ни со друг доктор .
    Камо среќа да имав нешто убаво да споделам ама еве немам ..
     
    На Youknow му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MartinaMM

    MartinaMM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2019
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Единствено добро беше што траеше неколку часа, откако заврши киретажата лежев уште два сати и ме пуштија дома да си одмарам.
     
    На DoubleK му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MartinaMM

    MartinaMM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2019
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Да не се разбериме погрешно, јас кажувам за целокупната слика, доктори има супер и во државна Битола, условите се лоши, во Плодност кога се работи за раѓање и деновите после тоа се е мед и млеко, ајде така да се речам со тие зборови, сите се фини културни насмеани услужливи итн. Јас кога се породив дојде и Таше ми честита итн.
    А пред неколку години бев со роднина на преглед и и открија голем миом и го викнаа Таше за мислење и Таше имаше толку дрско понашање, ке го цитирам:
    Ти мори од кое село си да ти порасни толкав миом да не го видиш?
    Никогаш не ми бил многу омилен, ама после ова..
    Ама болницата си има резиме, нема збор.
     
  16. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.202
    Пол:
    Женски
    Нез јас имам лошо искуство од таму мое лично искуство
     
  17. Ena Mena

    Ena Mena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    167
    Пол:
    Женски
    Добра тема на разговор се отвори погоре.За жал нашето здравство во Македонија е ужас,и наместо приватните клиники да бидат луксуз,нас ни станаа секојдневие кое го плаќаме со мноогу пари
     
    На Freckles., juice_, MartinaMM и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Estella

    Estella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2021
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    520
    Пол:
    Женски
    Е баш не е така дека дека ќе ти го тутнат бебето,барем во мојот случај ,имам две деца тсму родено задоволна од се. Темава се повторува безброј пати. Лоши искуства има и на приватно и на државно. Тука секој го пишува своето ама одма се лутите ако кажат нешто лошо за систина а гак и чаир по дифолт се кланица . Ви посскувам како и да е на сите убсви искуства како моето, ниту една жена не заслужува да има трауматично породување.
     
    На Bjanka82 и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  19. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.820
    Пол:
    Женски
    Јас на пример сакам искуства од секаде да слушнам. Не дека тоа ќе ми го смени мислењето и одлуката за тоа јас кај кој доктор ќе одам и каде ќе се пораѓам. Искуства има секакви и од секаде. Јас знам за пропусти и по приватни клиники (затоа и сум викала пред се одбери доктор на кој му веруваш). Ама претежно критиките кон приватните се за некои индивидуални односи или случки и најчесто во однос на цената што се плаќа, дека нели за толкава цена се очекува да биде се без грешка и совршено.
    АМА статистички гледано според искуства на прсти се бројат позитивни искуства државно а на прсти се бројат лоши искуства приватно.
    Тоа е жалното. Што за цел живот плаќање даноци сигурно во државно здравство ќе оставам многу повеќе пари него за 2 породувања приватно, и жално е да нема коректен однос од персоналот таму и да бидеш третиран човечки. На крајот од денот од нашите даноци земаат плата а ако им е тешка и напорна работата нека дадат отказ, а не ем зима плата, ем не си ја заработува истата.
    Не сме ние должни да трпиме ничии фрустрации, исто како што не се должни на приватно да ги трпат нашите само затоа што СУМ ПЛАТИЛА.
     
    На Маја Т, АнаМаријаД, CareTee и 2 други им се допаѓа ова.
  20. lia22

    lia22 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    2.682
    Пол:
    Женски
    Zboruvas za Jadranka Gjorgievska?Nacalnik na urgentno.
    Uff prvo losh chovek e mal zbor za nea,a za d-r da ne pravime muabet icc.