Мене ми беше битен докторот, а установата најмалку битна. Да требаше сред штала, тој доктор ќе ме погодеше сред штала. Не ми треба посебен однос, туку да се породам без компликации и да сме живи и здрави. За Систина имам слушнато и многу неубави стории. Нема да навлегувам да не плашам идни мајки, ама дека Систина е подобро од ГАК, чисто се сомневам. Е да ќе трчаат сестри на 5 секунди, ама за мене тоа е апсолутно небитно. И јас не бев способна да станам до вц, ме кинеше раната, па едвај чекав бебето да ми го донесат. Дури се лутев зошто ми го земаат навечер. Искуството од ГАК ми е позитивно. Да треба, пак би се пораѓала таму. Целиот персонал од патолошка до родилниот сектор беа максимално стручни и коректни со мене. Кога почнав да имам болки, одма дојдоа ме качија горе. Беа трпеливи со мене ептен. А јас баш и не соработував многу. После дојде една сестра, ме избања, ме смести во кревет. Доаѓаа на 2 саати по некој да не провери, болки, крварење. Го ранеа бебето на 3 саати и вечер го земаа. Собата беше чиста доста, на патолошка не беше баш најпријатно во поглед на хигиена. Како и да е, презадоволна сум од ГАК. Парите ги имам, ама да фрлам толкава сума на приватно, нема шанси. Како и да е, ако си тежок случај ќе те пратат на ГАК.
Што забегувам ма јас? Ајде ГАК е супер, Систина за никаде. Среќна? Плус, веќе со тебе нема поента да се коментира. Поздрав.
Се е идеално на државно сме биле ние во некој лош сон . Секој нека си раѓа каде сака . Мито и врски за на државно не требаат секако ќе поминат сите добро персоналот е прегрижлив и човечен . Не знам кој го прочита коментарот мој малку погоре за задоволната пациентка која ја запизнав вчера пораѓана три пати во Чаир . Ми кажува истата после муабетот за митото и за софрата - ауууу како сум се зезнала јас ! Ми се јавува мажот на една пријателка што знае дека имам мои луѓе во Чаир и ме моли за помош . Жена му таму на пораѓај ама не ја гледале воопшто им се жалела дека мн се мачела веќе два дена .. ме моли за помош ! И јас земав свртев на докториве мои . За 15мин отишол кај неа и се завршило се ја зеле ја породиле . И сега замисли си овие НИШТО поклон не дале ! Ништо ! Јас да се срамам коа ми кажа докторот во земја пропаднав . И кажав толку веќе врски на никој не фаќам да се срамам поради луѓе без осет ! Е сега зошто не и обрнале внимание пред ургенцијата по тел не знам .. стварно не знам .. Да ја затвориме темата мислам дека е доволно . Се е идеално во здравството во нашата земја
Гледаш дека коментираш како што ти одговара на тебе? Кој рече дека е идеално на државно? Никој, и не е, и нема да биде во скоро време. Далеку сме од тоа. Поентата беше да не се дрви упорно ни колку е лошо на државно, ни колку е супер на приватно. Ете толку.
Кога ве читам се чудам дали раѓав јас во некоја друга галаксија , спротивна од оваа што ја кажувате? Во државна се породив, царски. Предвреме. Лежев некое време таму, на интезивна па на царски. Царскиот од сите односот коректен. Во соба бев со жена што роди терминско дете. Јас имам мн позитивно искуство на сите нивоа каде лежев, од одделение вајда пред-породилно е тоа, па на интезивна па во соба. Се вкупно скоро 2 недели бев таму. Доволно да видам доста работи. На жената што лежеше со мене од ко се породивме бебето не и го тупнуваа, имаше обука за доење, немаше млеко го хранеа со ад итн. И дадоа некока донација влажни, пелени не знам што имаше друго. Јас со притисок и болки, редовно проверување, давање кетонал, терапија се по ред. Кога и да викенев по сестра идеше одма. Ај моето беше во инкубатор, ама на другиве мајки што беа околу мене гледав. Ако посакаше и го остава со неа, ако не идат го зимаат. Јас ли имав тогаш розови наочари или некој друг имал добро искуство во државна?
Мислам дека забегавме со муабетот. И искрено, жал ми е што воопшто искоментирав и го кажав своето искуство. Па добро бе, зарем ќе се лажеме дека во државно е топ? Зарем никој не знае дека во собата кај што одиш за преглед и за давање извештај за клексани, те гледаат специјализанти? Или може и некои што уште не се на специјализација, не знам. Зарем реалноста дека МОРА некогаш да одиме на државно, кое патем го плаќаме е таа да не не прегледа ни доктор? И да, се што кажувам зборувам од искуство. Знаете од кое? Од тоа дека кога одев со втората бременост за преглед и извештај, која заврши како што заврши, цел саат не можеа да го измерат бебето!!! Коминицираа на албански меѓу себе, се собра тројца, гледаа (не знам што) и пишаа што пишаа. Знаете моето срце каде беше? Во пети од страв!!! И отстапка имаше повеќе од две недели, со клексани примање, ама на никој тоа не му беше нималку важно! И не, немојте да ми кажувате дека државна е топ. Не, не е! Ама ќе кажам, Ни приватно не е топ. Ич не е! Знаете зошто? Зошто во една од нашите приватни клиники, аномалијата на моето бебче не беше видена!!! Да, не беше видена, иако беше посочена. И јас сепак одбрав да се породам во приватна болница. Не кажувам Систина, зашто очигледно на некој тоа му боде очи. Кажувам приватна болница!!! Затоа што сакав добар третман. Затоа што му верував на доктор Бојаџиев премногу. Затоа што истиот тој доктор психички ми помогна многу. Отидов заради докторот! И мислам дека нема потреба да се убедуваме, како било ваму, таму, кога сите знаеме, а и многу е нормално во приватна болница да имаш подобар третман. Па затоа е приватна. Сакам, плаќам, и добивам. Ама тоа воопшто не значи дека во државна болница треба да е онака како што е кај нас. Треба уште навистина мноогу да се работи за нашето здравство да дојде до некој подобар степен. И на крај, секој нека се пораѓа кај сака. Само нека има здрави и живи мајки и бебиња!!!
Врти учи пак се сведува на поклони честитки. Значи за да пројдеш добро (не одлично) треба или среќа да имаш или пари 3то нема. Ради оваа причина никогаш нема да имаат поддршка докторите зошто земаат огромни суми на пари од пациенти што уствари неговата стручност треба да ја даде во целост бидејќи државата го плаќа. Разликата од приватна до државна е што приватна се жалиш и имаш право на избор, додека во државноо нема тоа како што има членкава напишано.
Многу разврзан муабет, човек страв да го фати и кредити да извади доколку не е на државно. Прво се породив на приватно, платив природен пораѓај со цена за царски, заради плус седење уште 2 дена и за детето дополнителни испитувања. Сон беше се, хотел со избор на храна, со обуки за доење, за бањање, за се. Тие ме бањаа, тие до вц со мене, се тие. Премногу благодарна сум. Доколку би имала услови пак би била таму и со оваа бременост. Но еве се мислам за државно заради финансискиот момент, после се што прочитав, сватив дека таму е хорор и кланица и незначи дека ако некој поминал лошо, секој ќе помине исто. Или обратно. За хигиената можам да замислам како е, но ете секој нема услови секогаш за приватно. Нека не чува господ и нас другите, што друго останува да кажам п.с и јас со епидуралот имав недобро искуство но тоа незначи дека секој ке го има. За жива глава вторпат не би ставила, ама тоа не значи дека и кај други мајки исто ќе биде
Јас имам позитивно искуство на гак во однос на хигиената. Хигиеничарките поминуваа два три пати дневно и бришеа, дури ми беше непријатно по некоја капка крв што ќе ми капнеше на подот бидејќи се наоколу беше чисто. Вц то секако беше чисто,иако не го ни користев во седечка положба
Здрави и живи драга, тоа е. Не е се перфектно, но тоа е.да се опоравиме побрзо тогаш па дома секако најубаво ќе ни биде
Е ова, ова. Не ми се верува што прочитав еј, им го тупнале бебето после пораѓај! Е да, во странство е така, ќе ви го "тупнат" бебчето без "да ве прашаат", како една од мајките што живее и е породена надвор од МК, потврдувам дека е така. Бебето веднаш го оставаат до мајката со цел градење блискост, стимулација на доење, лежење на гради (skin-to-skin contact). Значи ги гледаат пред сѐ бенефитите и за бебето и за мајката да бидат постојано заедно, а не дека така им текнало или ги мрзи да работат и сакаат да имаат слободни раце. Породена сум во клинички центар во странство со царски рез, син ми веднаш после операција откако го измерија и облекоа и помина некое време со мажот ми (додека да ме сошијат), го донесоа со мене на интензивна и таму го оставија. Првата и втората вечер само меѓу 22 и 6ч. сабајле го земаа за да поспијам и одморам (првата вечер сами го земаат, за втората те прашуваат дали сакаш да е со тебе, значи можеш да избереш да е со тебе уште тогаш). Но, преку ден од прв момент бебето е цело време со тебе, го земаат само да му променат пелена, од третиот ден кога ќе те префрлат на одделение е 24/7 со тебе и целосно за него се грижиш ти. Адаптирано млеко не му даваат без сама да побараш. Иначе царскиот ми беше во 11 сабајлето, во 17 часот веќе ме станаа да шетам низ соба, првиот пат со помош, после сама станував, на првото станување ми дадоа пешкир и пижама да се истуширам и што побрзо да застанам на нозе. И за тоа сум неизмерно благодарна што ме поттикнуваа зашто многу брзо се кренав, многу брзо ми поминаа болките, и многу полесно почнав да се грижам за бебето. Ти помагаат во било кое време ако за нешто ги замолиш, но ставот (и во пракса) е дека новороденчето треба да е од првиот момент со мајката, дека нејзино е да му смени пелена, да го избања, да го успие, иако во поглед на организација на работа, бројност на кадар и болнички ресурси можат да си дозволат да не го остават на мајката и они да го чуваат, а она нека одмара и нека скрола по фемина. Дома ме пуштија три дена после царски, природно породени си одеа за ден-два. Ама не, само кај нас слушам дека на мајката ѝ треба цела недела во болница "да се одмори" и бебето да го чуваат сестрите (се разбира тука не мислам на жени со комплициран пораѓај на кои им треба посебна нега пост партум или бебенца на кои им треба нега во инкубатор). Па бебето тие сестри да го ранат адаптирано млеко од шише, иако има жени на кои млеко одма им надоаѓа. И после се чудиме зашто кај многу жени млеко воопшто не надоаѓа или бебето навикнува на цуцла и после нејќе да влече и да цица од града. Ама јеби га, важно си купил комфорт.
Да де, чекавме сестрите од болница да ни ги чуваат бебињата пет дена, после нема чување А за другото што си го напишала е трагично, особено жена да пишува вакви глупости. Ти поима немаш како изгледа тоа тупнување и во која смисла е пишано, драга. Да, првото ми го ставија на подлогата ( да не речам понежно треснаа) и нит ми го наместија да дојам, сестрата одма низ врата, па потоа нит прашаа дали треба помош зашто сестра немаше ни за лек. Јас не сум родила пет деца па да знам се таму сама. Плус на жена со хормони до плафон, а мене ме фати депресија дури таму, ми беше потребна помош. Плус искривена во кичмата уште во бременоста, ме држеше и 40 дена откако се породив. Па медицинско лице ако не ми помогне што е платено за тоа, кој? Но зарем ти ќе го разбереш тоа? Кај нас на државно сестрите сакаат да зеваат, да дремат и да спијат ноќе. Баш им е гајле дали бебето ќе цица или не. Плус контрадикторна си. Зошто си спиела ти два дена? Сестрите ти го чуваа бебето?
Е заради ова немаме државно здравство. На персоналот во приватните болници шо поклони им давате за да не пропаѓате в земја од срам?
Има разлика од тоа да ти покаже некој како се дои и како да го ставиш на града. Има разлика од тоа ког ќе се породиш си со КАТЕТАР и сама не можеш да станеш одма и да го креваш бебето треба да ти помогне некој. Кај нас во државна доаѓа и те прашува даи имаш млеко или немаш, едно е да се врзеш со детето при тоа да имаш помош на почеток. Кај нас не знаат гзот кај им е на сестрите зошто нема кадар се е како што викаш ти надвор од МК. Никој не бара комфор се бара нормално третирање на пациенти но колку и да се асални сестрите не можат да постигнат сегде затоа и ја нема таа нега. Втора работа е коа имаш некој близок за дати обрне внимание тебе повеќе треба неколку други да ги запостави и тука е револтот, зошто таа со царски одма ја станале зошто била нивна блиска, а другите можат и нареден ден не е проблем. Зошто ти го земале тебе детето 8 саати што има ти да спиеш... како што било цел ден така и навечер разлика нема, кога ќе отидеш дома и навечер ќе се буди и ќе го доиш треба да се навикнеш на тоа. И пак ќе кажам врати се кај што си породенаи кажи им фала на нашите што ти помогнале околку цела фаза., а за следно те чекаме тука чисто да ја видиш разликата
Жени дајте олабавете, што во животот е совршено па и периодот во болница да е совршен. Еден обичен рутински преглед знае да биде катастрофа... Убаво би било се да е идеално ама мислам никаде го нема тоа, јас не ни очекувам да имам некој нормален однос, поважно ми е да сме јас и бебуш ок, човечноста одамна е на многу ниско ниво, не само во болница исто е и во маркети, бутици, аптеки па и на работа. Секоја чест на исклучоци. Само да поминам добро на пораѓај и бебуш да е добар, брзо да си се навикнеме една на друга, тоа ми е најважно. Со првото бев во Чаир имав лесен пораѓај барем така мислам може има и полесен, после пораѓај не беше идеално незнаев да ја доам, имав болки, за чисто си беше чисто јас лом правев 100пати чистеа по мене. Ама и тоа помина дома се навикнавме се научивме и се пред тоа се заборава, реално дома е само дома. Бидете добри со бебушите, да помине се и да си ги гушкаме силно, друго не е важно.
Лелеее со денови ве читам и си велам ваша да беше Систина немаше толку да ја фалите Дефинитивно Орце треба да ве земе во маркетинг тимот. Прво, како што кажа и @Alexandrite докторот е најважен, ако во него немаш доверба сè е џабе! Јас влегов во сала тотално олабавена и ниту на секунда немав сомнеж во докторката. Инаку да, поради бројните негативни искуства тука за државно во последен момент почнав да се премислувам за Систина, заради коментарите што ги читав тука а и парите реално не ми претставуваа никаков проблем, но на крај сепак се одлучив за ГАК заради докторката, затоа што имав 100% доверба во неа. Како што кажав и во породилни приказни, со плачење отидов на прием, мислев дека ќе бидам оставена на милост и немилост таму ама таму ме дочека сосема друга приказна. Чисти соби, љубезен и професионален кадар (исклучок беа 2 сестри од кај бебињата, но нив само еднаш ги видов во цел престој). Никогаш нема да ја заборавам позитивната атмосфера во сала и музиката која ми ја пуштија за да се опуштам. На интензивна сестрите беа врв, цело време доаѓаа и ме прашуваа како сум, дали треба да појачаат лек против болки, цело време ми подаваа и течности за да пијам. На одделение исто беше одлично, собите и тоалетите ги чистеа по неколку пати на ден, спаваќи даваа онолку колку што ти требаат, креветите беа електрични со далечинско и беа супер удобни. Болничарките ме тушираа, исто ми помагаа и за да одам во тоалет бидејќи се плашев ради раната, кога си одев ми го спакуваа куферот и ме облекоа, од гаќи до патики, комплет. Само храната беше ужас, суви кифли за доручек и вечера, а за ручек, супа и ориз/пире со пилешко. Со радост се сеќавам на престојот таму и ги охрабрувам идните мајки да не мислат дека нема живи да излезат или ќе излезат истрауматизирани од државно и дека мора да креваат кредити за да се породат на приватно. Патем, на првата цимерка и беше трето породување на ГАК, на втората и беше второ породување, па ете здрави, живи, среќни излегле од таму и се вратиле повторно да се породат таму. Така да намалете со плукањето затоа што реално не е сè така како што претставувате.
Јас еве ти се извинувам што изразот "ми го тупнаа" го употребив во преносно значење, не знаев дека е резервиран за буквален опис. Требаше да бидам повнимателна при изразувањето, значи фино ми го спуштија бебето после операција и си заминаа. Не, не демнеа постојано над мене да проверат дали е гладно, мокро, искакано, дали плаче, еднаш ми објаснија и после како што кажав, целата грижа околу него беше на мене. Го земаа кога требаше некакви испитувања да му направат и го враќаа одма после. Сама и се истуширав, оперирана нецели 6 саати претходно, замисли, никој не ми помогна, само ми извадија катетер и рекоа дека морам, ги послушав. Кога прашував за малиот, да, помагаа, но имаше и такви што беа дрски и превртуваа со очи. А јас, замисли, со клинички поставена токофобија, на терапија во последно тромесечие од бременост, хронична инсомнија, бебе добиено со ивф...Па уште и прво болничко искуство во странска земја, цела исплашена, никого не познавам, за никој од доктор до бабица до сестра немав ништо чуено кои се, какви се, докторот што ја правеше операцијата прв пат дознав дека постои 15 мин пред да ме внесат во сала, замисли ми го доделија тој што беше дента на смена, замисли немаше никаков муабет претходно за личен избор на доктор... Дури кога дојдов дома, земав да го гуглам да видам кој е. Ама не бе, не се важи моето На другите навреди лично кон мене упатени (во мојот пост јас никому не се обраќам лично, а камоли да напаѓам), завиени под превезот на mom shaming, оние во стил дека "не ни можам да разберам и замислам" (како бе не можам да замислам прв пород и што значи тој шифтинг на хормони веднаш потоа - се читаш ли воопшто што пишуваш??), "пишувам глупости", "особено недолични за жена" (say what again??) и сум "контрадикторна" дека сум дозволила бебето да е во бебешка соба под надзор на сестри во текот на дури две ноќи по мојата операција со цел да ме пратат, за не дај боже да не дојде до некаква компликација постоперативно, немам намера да реплицирам. Некогаш е фино поубаво да се прочита и да се размисли пред да се одговори, а не да се трча како прле пред магаре. Другава мајка пак што "ми фрли клетва" следен пат на ГАК у Ск да раѓам, немам што да направам освен да ја одминам (btw, на ГАК веќе сум лежела, имам правено операција, во превод - веќе имам искуство со нивниот персонал и ни оддалеку не би го окарактеризирала како ужасно). За тие што не разбрале - немав намера да правам споредба меѓу државно здравство во МК и во странство, ниту па изнесов став по прашање на нега ваму или онаму. Сѐ што направив беше што споделив ПОРОДИЛНО ИСКУСТВО во соодветна тема со соодветен наслов (колку за инфо има посебна тема за размена на искуства со приватни и државни болници), не обраќајќи се кон никого лично. И да, бебињата тука се од прв ден постојано со мајките, кај природно породени жени, од моментот на раѓање до моментот на заминување од болница, кај жени породени со царски рез (читај: ОПЕРАЦИЈА) и на интезивна нега приклучени на монитор, бебињата се, замисли, во посебна соба ДУРИ две ноќи по операцијата, по шест саати. Уште нешто има потреба да појаснам?
На персоналот во приватните болници шо поклони им давате за да не пропаѓате в земја од срам?[/QUOTE] Точно ! Не знам како се воздржав да не и одвратам така како што заслужуваше . Наместо да биде среќна што некому излегла во пресрет што можеби еве и живот спасила или куртулила од мака во најмала рака една трудница ,она се чувствува изневерено од брачниот пар што си дозволиле на “нејзиниот доктор” читај митаџија -да не дадат никаков поклон а он си ја завршил работата за која што зема ПЛАТА ! Одвратно нешто немам коментар - овие со митата би ги сместила во посебен круг од пеколот .
Не треба ништо да појаснуваш, во првиот пост ти си се искажа. Мајките дремеле на Фемина, сакале да си одмараат во болница и по цела недела,бебињата затоа после не цицале бла бла. Ти да беше со осет тоа немаше да го пишеш. И природни пораѓаи има потешки и е потребна помош ( а и да е не е толку тежок, си родил, контракции претходно), нема што па некој на таков како тебе да му се објаснува. Еве јас имав потреба во двата пораѓаи да одморам зашто сум човек, плус депресијата ме наваса. Не значи дека сум сакала да ги фрлам децата. Плус болнички кревет е висок, не можеш да станеш сечен, со канила на рака и плус бебе. Подобро да е под надзор некое време отколку да се направи беља. Дома си се грижев од одма за децата. Ама ај ти си најмајка само, браво. За мене е нормално персоналот да провери дали бебето убаво фатило да цица, дали треба да се пресоблече, за тебе ако не е, ок е и тоа. Толку од мене на темата.
Јас мислам дека до очекувањата е. Некои очекуваат дека ќе им бдеат над нив и на секое оф тие ќе трчаат. Како што кажав и јас на државна бев задоволна, а читав мн негативно за неа. Од Велес кога ме однесоа во Скопје повеќе бев исплашена ради коментарите кои ги слушав него од ситуацијата во која се наоѓав Не велам дека рози цветаат, ама не велам ни дека е толку ужасно.