Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.160
    Допаѓања:
    50.560
    Пол:
    Женски
    Јас на државно се породив и покрај лошите коментари дека таму било многу ужасно напротив јас си поминав многу убаво од доктори па се до сестри.
    Не сум била со врски среќа ли е било или што не знам, ама сепак супер поминав.
     
    На stsmua05, LiquidLuna, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  2. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.001
    Пол:
    Женски
    А дали беше дозволено таткото на бебето да биде со тебе? Еве според мене како што е важно мајката да се зближи со бебето во првите денови истото важи и за таткото. Зошто во таков ранлив момент кај нас не дозволуваат сопругот да присуствува (на пораѓај)? Значи има нешто.. Освен тоа, на само што породена жена и треба поддршка, па еве ќе испаднам и јас немајка, може и треба и одмор првите вечери после пораѓај, сепак поминала 9 месеци бременост, некој потежок, некој полесен пораѓај. Според мене не е хумано да се остави сама родилка со бебето без помош, обука за доење итн. Истражете малку за некои други земји на пример во Азија каква поддршка добиваат родилките
     
    На 1209, MeowMeow, Meckicja и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.746
    Пол:
    Женски
    Да, баш така е и кога идна родилка ќе ги чита коментарите ќе помисли дека оди во кланица, а не во болница и навистина не е фер. А инаку има и луѓе што одат во приватна поради престиж, лично јас познавам такви, дома со минимални примања ама креваат кредити и се позајмуваат за породување во приватна болница па да може после да кажуваат како тие не стапнуваат во државни болници и се лечат само во приватни клиники(facepalm)(facepalm)(facepalm) А да, и да закачат стори на инста со чек ин во Систина...
     
    На Annath, teddy85, Осе и 10 други им се допаѓа ова.
  4. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.345
    Допаѓања:
    113.079
    Пол:
    Женски
    И плус овие со негативно искуство од систина да не го споделувале и да имале предвид дека некој ќе раѓал таму.
    Смешки|(
     
    На Annath, AniSk и Estella им се допаѓа ова.
  5. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.243
    Дечки не сме од вчера на форумов и сто пати се правела дискусијава низ милион теми.
    Голем дел од тие дискусии ми останале во глава, и кој давал убави суми за поклони од благодарност, кој договорил царски за да не раѓа природно на државно, кој платил мито а не добил третман ко што му е ветено, кој се истрауматизирал во тие кревки моменти и да не редам.
    Во ред е.
    За воља на вистината се споделиле и убави искуства од државно, дали е за доктор, персонал, хигиена и слично...само ќе речам дај боже да се множат такви приказни, затоа што заслужуваме достоинство и убав третман без разлика дали е гинекологија или кое било друго одделение. Живот носи се па ќе се најдеме уште сто пати во ситуација да ни треба доктор.

    Можам да зборувам само за ГАК и Чаир (не за пораѓај), за другите државни одделенија низ државава немам искуство. Од тоа што сум искусила реновирано е, се одржува некое нормално ниво на хигиена, персоналот може да биде и дрзок и љубезен ама тоа е секаде случај.
    За мене најголем проблем е што нема опција за обезболување при спонтан пораѓај и енигмата каков персонал ќе се погоди постпородилно за моја грижа и грижа на бебето.
    Во никој случај не мислам дека е кланица или дека би не умреле мене и детето и да би морала би одела без да стравувам за животот, би стравувала само за работите погоре што ги набројав. Фала богу денес постои опција да се едуцираме и за доење и за бањање, ќе преживеам и ќе се снајдам и без советите од болница. Убаво би било да го има тој третман, но тоа е што е, уште сме на како ќе ти се погоди, а не на воспоставена пракса.

    Искрено нема потреба толку да се плука ни по државно ни по приватно, а лично јас сакам да слушнам реално искуство за било каде. Од желба едните да ги одбранат другите ич не се бираат зборови и сегде може да ти стане страв да отидеш ако ги слушаш тие муабети. Државно било кланица, приватно било перална за пари, се умирало се прикривало, ако се иксомплицира на државно ќе те прателе и слично.

    Нејсе, еве лично одам комбинирано и во државно и на приватно ќе се пораѓам, па се ежам кога некој рандом ќе праша за совет на пример каде да оди на скрининг или консултација за некој проблем и одма се нагласуваат доктори од приватно како единствена опција без да се размисли дали другата страна може да си дозволи. Па да си малку кревок во тие моменти одма ќе почнеш да се осеќаш мизерно како не можеш да си дозволиш, не си добар родител и сл. "Последната пара" за многу луѓе има различна дефиниција, некој едноставно веќе е и презадолжен и нема опција од каде да ископа нешто плус па макар и за своето дете.
    Од друга страна и тие што одат на приватно не се по автоматизам принцези. Можеле, мислат дека вреди, платиле, пари од никој на форумов не побарале.

    @Iris-1234 едно прашање. Колку што те читам беше со индикација за царски, не по желба. На страна тоа што си поминала супер за целиот престој, која е опцијата ако одиш природно да одбереш доктор без да платиш мито, да имаш врски и слично? Јас мислам дека така на рандом никој нема нит да ти дојде од дома на полноќ, ниту ќе седи после смена да те породи. А реално природно не можеш никако да го темпираш. Сакам да кажам, не секогаш можеш да одбереш кој ќе те пораѓа и така смирен да поминеш низ целиот процес. Затоа целокупниот стандард треба да се подигне на повисоко ниво. Најтрауматичните искуства од државно доаѓаат токму од природен пораѓај и од целиот персонал што ќе го затекнеш во тие 15 часа породилни болки.
     
    На FashionFemme, Annath, 1209 и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    13.472
    Реков дека нема да коментирам, но да ти кажам дека некои членови пишуваат од рекла -казала за приватна болница, не ни имаат лично искуство од таму за раѓање, а јас што кажав од лично искуство за ГАК ме направија дека забегувам. Не се бираат зборови. Јас не реков дека државно е кланица или дека умираат, но не е нормално да бидеш оставена сама на бокс или на одделение по пораѓајот, да не добиеш ни еден Аналгин ( ова јас го поминав пред шест години).
    Плус некои пишуваат одат поради докторите. Јас на ГАК не можев да бирам доктор бидејќи отидов со пукнат водењак и кој беше на смена тој, не ни знам кој ме породи, се сменија многу. Немав јака врска, плачев таму, но ај да не пишувам многу. Сега може е сменето не знам.
     
    На MeowMeow, Meckicja, H.VAGA и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.746
    Пол:
    Женски
    Да, јас бев со индикација за царски и затоа зборувам за моето лично искуство. Пријателка се пораѓаше природно на ГАК со двете деца, ниту даде мито ниту имаше финансии за да даде, одлично поминала. Друга другарка се породи Систина, договорена со Петровска да дојде кога и да почне процесот, но докторката ја извиси и не дојде, на крај не сакале да ја чекаат бидејќи споро се отварала и ја породиле царски без индикација. Не велам дека нема трауматични и лоши искуства на државно ама не е ни така ко што е претставено тука, а ниту па приватните се безгрешни.
     
    На annaitose26, Bubish26, Freckles. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.243
    Јас лично не сум поборник на теоријата дека приватните се безгрешни. И таму бирам доктор кај што мислам дека треба да одам. За Петровска на пример ова веќе е одамна познато дека она (најчесто) не ти доаѓа сред ноќ и те пораѓа кој е таму.
    Поентата ми беше дека за царски да, можеш да избереш доктор на државно. За природно ако одиш по регуларен пат немаш опција и останува само да ти се погоди персоналот.
     
    На MeowMeow, Thinkerbell., Freckles. и 2 други им се допаѓа ова.
  9. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    459
    Допаѓања:
    1.896
    Јас се породив во прилепската болница и искрено да кажам сум презадоволна од се од хигиена од однос на персонал и слично. Кога отидов на пораѓај бев преплашена баш од ваквите муабети за државните болници меѓутоа позитивно се изненадив. Сестри имаше цело време и ноќе идеа да не ѕирнат да не ни треба нешто. Докторката што ме породи цело време доаѓаше да види како сум да не треба нешто дури и кога не беше на работа се јавуваше на телефон. Бебињата ноќе ни ги земаа да одмориме е сега колку е добро тоа колку лошо не би можела да кажам. Од една страна да ќе одмориш од друга бебето не е тука за цицање. Меѓутоа доколку се е во ред по некој ден те прашуваат и доколку сакаш и ноќе ќе ти го остават. Се на се јас сум задоволна. Искрено немав финансии за приватно меѓутоа и ваму испадна супер. Баш жената што лежеше со мене во иста соба со првото се пораѓала на приватно со второто на државно кажуваше дека нема разлика освен што на приватно ништо не носиш а ваму си носиш се.
     
    На IRBBB и Giovanna им се допаѓа ова.
  10. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    6.633
    Јас ја немав таа среќа да ми го тупнат бебето.
    Два дена немав никаква имформација за бебето. Доаѓаа на визита и единствен одговор на докторите беше дека подоцна ќе ме известат.
    Таа неизвесност што не знам што се случило а и никој ништо не кажува ме уби.
    Додека не дојде мм и ги крена сите па да дознаеме дека бебето е на кислород.
    Инаку на бокс имав многу лош третман. Од викање на сестрите да не глумам. Сите поминале низ тоа.
    Не знам некогаш дали е до среќа,врски или мито. Што и да е.
    После овај пораѓај се плашам и да помислам на второ.
     
    На MeowMeow, Bella_Stella, AniSk и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Aбе луѓе никаде не е идеално.
    Јас имам по некое лошо искуство и од Систина (за прегледи), и од Ремедика (после пораѓај) и од државно.
    Систина преглед во бременост со тотално незаинтересиран доктор што на крај ми повиши тон зошто многу сум прашувала. Истиот тој ме тераше да правам интервенција што кошта 24.000 денари и тоа ми вика оди во бифе испиј едно кафе и размисли да ми кажиш дали ќе правиме додека сум на смена. Како за 200 денари да се работаше.
    Ремедика каде што се породив, после пораѓајот ми дојде педијатарката во соба (не знам како се викаше ама веќе не работи таму, ја нема на страната) и ми се раздра дека за малку бебето ќе сум го задушела при пораѓајот, као демек за малку белја сме избегнале. Заради неа цела ноќ око не склопив додека не дојде друг педијатар на смена да ми каже дека сѐ е во ред со бебето. Среќа докторката што ме породи од дома по вибер комуницираше и со мене и со сестрите и она ми пишуваше дека сѐ си е во ред ноќта, па се смирив, а и самите сестри што беа на смена доаѓаа и ме смируваа.
    Во државна одам во бременост со крварење во 22 часот навечер, во полициски час кога беше короната, докторката ми вика друг пат ако крвариш прво на матичен да одиш па тој да те прати тука ако треба. И купи си Прогестерон депо ампули и оди да те боцнат утре кај матичниот зошто немаме ние тука. Еј замисли…кој црн матичен жено во 22 часот навечер.
    Така што, секаде може да имате и убаво и неубаво искуство. Еве од државно јас сите што ги познавам добро поминале. Кажуваат дека не е идеално ама сепак ете не завршиле со трауми.
    За мене на пример лично огромен пропуст им беше во Ремедика што не дозволуваа сопругот да е присутен на пораѓајот, и да може да дојде во соба да го види бебето. Ајде добро, ковид беше ама некои работи им немаа логика. Ковид тест правев 10 дена пред да се породам, на прием не ми правеа. Што ако се бев заразила во тие 10 дена? На бокс со маска се пораѓав, огромна глупост, на крај ја извадив зошто не можев да дишам. Ги знаев јас сите овие пропусти пред да се породам и се мислев дали да одам Систина, ама сепак избрав да ме породи докторката што ми ја водеше цела бременост и во која имав доверба. Да беше на државно ќе одев таму. Една моја блиска, трудница, пред неколку месеци беше на преглед кај истата докторка во Ремедика, на закажано се изначека 3 и пол саати и на крај во друга болница продолжи да оди. Една приватна болница не смее да си дозволи така. И јас сум чекала за преглед ако имало пораѓај во моментот па докторката да морала да оди на пораѓај, ама тоа било до пола саат-45 минути најмногу.
    Жално е што е навистина прескапо приватно, а и те како има пропусти и таму.
     
    На annaitose26, BlackNight, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.820
    Пол:
    Женски
    Без разлика дали е државно или приватно логично е да има изолирани случаи и "пропусти". Само да не се фатални. Никој не е безгрешен па ни докторите. Затоа едни се од еден доктор или институција задоволни, други не. Јас за себе лично можам да кажам дека се дур докторот кој ме води знае што прави (има познавање за мојот специфичен случај), и персоналот во болницата е нормален и не ми се дере и однесува надмено, ми е сосема доволно. Ништо повеќе од ова не ми треба. Ама не можам да одам во институција кај што кажувам дијагноза и ми викаат, како, што е тоа? Па да се надевам дека на смена за пораѓај ќе ми се погоди некој што ќе знае што е тоа ...
    Или кај што одам кај доктор со цела документација од после доцен спонтан да ми рече и што сакаш сега од мене (facepalm)
    Ова се ситуации и од државно и од приватно...
    Да имавме ок здравство целокупно и мене немаше да ми е гајле кој доктор ме пораѓа, вака... гајле ми е богами.
     
    На annaitose26, Bella_Stella, Japonka9 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. rikimiki

    rikimiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2021
    Пораки:
    620
    Допаѓања:
    392
    A mene sto nesakaa da me porodat vo Cair zosto bev debela? Site doktori se otkazaa kaj koj i da otidev na ctg samo izgovori davaa. Pa uste koga i kazav deka sum alergicna na anastezija anasteziologot ke me zadavese da mozese. Pa na kraj i me navreduvase eve ja ovaa 120 kila. Me drzea cela nedela na patoloska vo 42 nedela, site vo sobata sto bea so mene se porodija dojdoa novi jas uste si sedev. Ke dojdese doktor ke si otidese kaj "negovata" pacientka i tolku, mene me odminuvaa. Kako mi bese togas samo jas si znam. Pa posle nekolku dena sestrata doagja i ja prasuvam mi vika so tebe neznaeme uste sto da pravime. Pa koj da znae bre jas sum doktor ili ti :o Nekam da navleguvam vo detali ama si okrkav i prirodni bolki do full otvaranje i na kraj zavrsiv na iten carski koga bebeto pocna da gubi tonovi. Na kraj doktorot mi kaza ako zakasnevme pet minuti tolku ke bese nedaj Boze :( I sega neka mi kaze nekoj da odam pak na drzavno :puke:
     
    На Meckicja, MartinaMM и Anomis11 им се допаѓа ова.
  14. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.239
    Допаѓања:
    11.291
    Пол:
    Женски
    Поклон да дадам на некој шо си ја врши работата за која шо веќе е платен?
    Како бе? И зошто?
    Поклон треба да му бидат задоволните пациенти и убавиот збор шо ќе го шират понатаму за нив.
    Сѐ друго е мито.

    Денес бев во државна на друго одделение, не на гинекологија и многу сум задоволна од третманот шо го добив. Требаше со томи хилфигер кошули да им отидам за многу фала шо си ја завршиле работата? Или со моет, со дона каран парфем?

    Реторички ми се прашањата.
     
    На LiquidLuna, Annath, 1209 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. lia22

    lia22 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    2.682
    Пол:
    Женски
    Ajdee temava (nekoi 9d va) si ja napravivte debatna DRZAVNI BOLNICI : PRIVATNI,edna so druga repliki si pravite
     
  16. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.486
    Допаѓања:
    4.524
    Јас по тоа што знам од кажување на блиски, самите доктори те викаат настрана во канцеларија, демек да не е пред сите и си чекаат некоја зелена. И сестри и акушерки, само со нив не е толку тајно.
    Јас искрено никогаш не би дала и не ги разбирам луѓето кои го прават тоа. Плус за докторите кои знам дека го практикуваат ова, сите до еден во минатото биле наградени со почесни награди за хуманост. Плакатата му стои залепена на ѕидот, под неа зема мито. Лицемерие кое нема крај.
     
    На Meckicja, Anomis11 и Осе им се допаѓа ова.
  17. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.119
    Запрепастена сум ненормални......
     
  18. Teja26

    Teja26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2018
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    595
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе кажам дека сега во Систина поминав за никаде и од доктори сестри негувателки, ужас за разлика од пред 4 години, да ги молиш за кетонал и една тоалетна да стават во тоалетот,повеќето се одлучуваме заради аналгезија и плаќаме на приватно, но мене овој пат не ми дадоа епидурал. Бидејќи немало уште резултат од лабораторија дали сум позитивна на ковид, а од друга страна те носат на бокс е како тоа може а епидурална не, хммм, цените ги качуваат а услугата бетер. И на приватно не е тоа што беше.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  19. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    955
    Еве ја ќе ти одговорам. Не знам дали сме во иста држава со членката, ама и мене ми го дадоа бебето одма штом ме сошија. Во меѓувреме мм го зема со бабицата и она го имаше измиено и измерено и дадено на мм на гушкање додека да ме средат мене. Тој беше со мене цело време. Навечер можеш да го оставиш да одмориш, ама на кратко, инаку бебето е цело време до мајката и евентуално таткото.

    Кај нас не дозволуваат од организаториски причини, а и реално мал дел од мажите кај нас сакаат да се вклучат активно во целиот процес за разлика пример од западните земји. Кај нас ќе треба и мажите да ги негуваат - секоја чест на исклучоците.

    Подршка од типот помош за станување, пресоблекување, доење секако имаш, ама бебето и онака нели спие претежно, така да не "смета" за да и се помогне на мајката.

    Инаку мене ме пукаше некој адреналин после пораѓајот па не ни сакав да се одмарам, само сакав да се гушкаме и да му се радувам.
     
    На Annath, LizzyGrant и AniSk им се допаѓа ова.
  20. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.486
    Допаѓања:
    4.524
    Кај нас и да има можност за таткото да е присутен на пораѓај и во болница во периодот за опоравување, не знам колкумина би ја искористиле за жал. Голем дел од мажите во МК не се гледаат во таква улога на support person, за жал. Некој мора да слави со мекици нели.
     
    На spacegirl92, Осе и AniSk им се допаѓа ова.