Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. maweja

    maweja Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    325
    Fala ti i pozdrav do site mamicki i idni majki :)
    Da seima dete e isto kako da go imas cel svet.
    Pozdrav :*
     
    На SimonaTino, nana2112, F.R.O.S.I.4.E и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Ај и јас накратко да кажам како поминав.
    Кај мене се се одвиваше толку брзо што не бев ни свесна што ми се случува. Кај 8-8.30 сабајлето почнаа да ме фаќаат болки и тоа одма беа на 5-6 минути. Се спремив и за еден саат бев во болница. Ме примија, ме однесоа во предпородилна (последна влегов, прва излегов). Кратко цтг и ми дадоа чепче. Додека запишуваа податоци за мене ми го пукнаа водењакот и ме однесоа на бокс. Ми ставија нешто демек за болка и ме оставија да се доотворам. Имав јаки болки и побарав анестезија. Сестрата ми рече ако ти ставиме само ќе се одолговлече работата. И беше во право. Во 11.35 ме помочка синчето мое. Како кутре си обележа територија.
     
    На Annath, chocolade, heppymom и 16 други им се допаѓа ова.
  3. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.420
    Допаѓања:
    34.089
    Пол:
    Женски
    Конечно и тука да се најдам :D
    Најпрвин, Ви благодарам на честитките,дај Боже сите да си исчекате ваква радост.
    Мојата породилна приказна...сказна која никогаш нема да ја заборавам...
    Вторник 05. 08. јас дома цел ден со гости, но цело време ми беше мисла како може бебево сеуште да не сака да се роди, а знаев дека ако ја чекаме средата ќе нема да биде како што сакав јас, природно...
    Вечерта некаде кај 00ч. си легнавме со мм и јас му викам да се поздравиме вечерва зашто утре сигурно ќе ме задржат во болница, а тој ми се зафркаваше.По некое време осетив тапи болки во стомакот и половината, но мислев тоа се секојдневните, се преврттував мрдав и бебчо беше многу активен. За само 2ч осетив како да ми прсна балон во стомакот и знаев дека тоа е тоа. Го разбудив мм, се истуширав,без паники, смирено отидовме во болница. Ме примија со 3 прсти отворена и ми рекоја дека е многу рано, но дека бебчо е спремен. Од 3ч до 7ч јас со болки налик менструални, но тие што траеа по 30тина сек беа баш баш болки, се отворив 8прсти. Ме легнаа на ЦТГ, тогаш не можев да издржам многу зашто лежев, а болките ме тераа само да шетам. Болки не покажуваше цтг, а јас му кажувам дека бебето сака да излезе. И навистина беше така, но бебчо беше многу високо па мораше да ми стават систем. Е од тогаш јас го видов рајот. Со инструкции од докторката, без испуштање на ниту еден глас и само со три силни напони излезе нашиот најмил ангел Бојан тежок 4050 гр.
    Свежа, без проблеми, ми ја сошиаа раничката(бев сецната) и цел тим ми честита за соработката и лесниот пораѓај.Веднаш по 3ч.јас станав на нозе, бев способна сама да одам, и по неколку часа ги видов најубавите очички на цел свет,за кои сите болки се заборавени.
    За крај,мојата породилна приказна не вреди да се заборави, заедно со болките, јас ќе ја паметам како еден од најубавите денови во мојот живот.
     
    На Anculce, eloves, simce11 и 32 други им се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.779
    Допаѓања:
    324.979
    Пол:
    Женски
    Браво маче знаев дека лесно ке поминеш цела бременост беше таква смирена :)
    Бебчо голем машала само нека напредува..и дружи не сега во бебиња темата немој да не запоставиш
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    LaDyDoLl, честитки уште еднаш, нека е жив и здрав Бојан, голем да расте. Јас имав 2 вакви пораѓаја како твојот, се надевам и посакувам и овој така да помине :)
     
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.779
    Допаѓања:
    324.979
    Пол:
    Женски
    Vcera cel den go pominav doma so slabi bolki .bev otvorena samo eden prst i mi rekoa rano e odi doma.Sabajle vo dva pocnaa jaki bolki i se javiv na doktorkata od doma dojde.Tri i pol prsti otvorena.Ni klizma ni bric ni nisto.Mi puknaa vodenjakot i op na boks.Vo tri na boks vo 4:10 izleze bebeto :)
    Toa e vo kratki crti.Inaku ne sum secena ic .Se pomina vo najdobar red fala mu na boga.
     
    На simce11, Annath, danichap и 23 други им се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Живо и здраво да ти е бебчето мила :* :* :* :* :* многу многу гушки од мене
     
  8. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Честитки уште еднаш, да сте здрави и живи и ти и бебулето :*
    П.С. Ви благодарам нови мами што споделувате вакви искуства заради кои и јас сум посмирена во однос на исчекувањето за доаѓањето на мојата принцеза.
    Имајте убав ден :*
     
  9. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Еве ме и мене конечно во оваа тема да си го кажам моето породилно искуство :lol:
    И покрај тоа што бев решена да се породам царски, на крајот испадна да се породам спонтано за што јавно му се заблагодарувам на целиот тим кој беше присутен на пораѓајот предводен од Др. Кузеска Клементина.
    Во неделата околу 19 часот се јавив во болница, ме примија и се јавија кај Др. Кузеска за да добијат понатамошни инструкции. Ми дадоа клизма а Во 12 на полноќ ми беше аплицирана вагиналета како провокација по што почна процесот на отварање и контракции на одреден интервал (претходните два дена имав контракции но не беа на ист временски интервал). Во 5 часот утррото веќе почнаа посериозните болки и како одминуваше времето стануваа се подолги и појаки, а на пократок временски интервал. На пладне болките беа неподносливи и ми ставија обезболување (епидурална анестезија) ,а во 13,30 ја исклучија бидејки веќе бев доволно отворена за да се породам, а воедно треба да ги осетам болките за да можам да дадам напон. Со по една сестра од страна отпешачив до родилната сала (тој совет ми го даде бабицата, една и единствена тетка Снеже) и се потпрев како на шанкче едно и се клатев од една нога на друга се со цел полесен пораѓај (и ова беше совет од бабицата). Кога почнав да добивам напони се качив на бокс и ја викнаа докторката. Ми ѕвонат нејзините зборови во уши, ,,Чупе ке се фокусираш на моите очи, не сакам да слушнам ни глас бидејки ке ти ја одземе силата, фати си ги нозете под колената и повлечи ги накај себе и земај длабоко воздух и напни како да имаш запек, не да напнувашвво грло,, По ова напнав еднаш и слушав само ,,ајде Чупе одлично ти оди, ја гледаме главата, потоа втор напон ,,ајде Чупе само така одлично ти оди,, трет напон ,,одлично Чупе потребен е само уште еден напон,, и на четвртиот напон принцезата моја Софија беше пред мене :inlove: Веднаш ми ја ставија на гради и тоа беше момент кој никогаш нема да го заборавам. Очињата на мојата принцеза ме натераа да плачам како мало дете. Вистина е тоа кога ке кажат дека не може да се опише со збор моменнтот кога прв пат ке го ввидите своето чедо. Ае случува љубов на прв поглед. Потоа ми ја земаа да ја избришат и измерат а за тоа време јас требаше да напнам уште еднаш за да излезе и постелката. Сакам да потенцирам дека на бокс се качив во 14 часот а се породив во 14,14 часот, значи по само 14 минути. Уште еднаш ке кажам, немаше да успеам без тимот кој беше неверојатен.
    Сега ве поздравувам, принцезата ми го одвлекува вниманието :rofl:
     
    На simce11, Annath, Agrona и 17 други им се допаѓа ова.
  10. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    лелее колкуу убавооооо :) браво :clap:
    ии фала за советите што ти ги дала бабицата :))
     
    На Domakica и Chupe им се допаѓа ова.
  11. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    paa vaka, vo cetvrtokot vecerta pojdov prvpat na bolnica, posto mi pukna vodenjakot, ama na 2 pati po malku bez da mozam da zapram hh, i me vide doktorot vaginalno, mi rece ne e vodenjakot, sabaljeto vo 5 chepot mi padna i mali bolki imav. pojdov vo 8 na bolnica i otvorena samo 2 prsta i uste malku voda ostanato. me zadrzaa i po 4 saati se otvoriv uste 2 prsta, bolki imav ama so dlaboko disenje mozev da gi izdrzav. vo 2 i pol nA ctg me stavija i slabi kontrakcii pokazuvase skoro ic i me vratija vo ginekologija. vo 6 sato pocnaa pojaki bolki i me stavija pak na ctg , ctg to bese uzas, kako bebevo da spija a jas bolki imav i bebevo luduvase vnatre.. odma me premestija na eho i ko vidoja voda kapka nema, zaradi to ctg ne funkcionirlo ko so treba.. ottuka za najkratko vreme sistemi kateter :/ i carski so spinalna.. bebevo si se rodi, 3820gr i 51cm dolgo :) posle toa druga prikazna :) bitno se e vo red, so dvizhenje pochnav po 24 saati posle carskiot, sea se dvizam normalno :) edinstven problem mi e stanuvanjeto posle dolgo lezhenje..
     
    На Annath, SimonaTino, mama27 и 16 други им се допаѓа ова.
  12. maweja

    maweja Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    325
    Еве ме по втор пат во оваа тема. :)
    Во понеделникот вечерта околу десет ми пукна водењакот ама немав никакви болки,така полека се спремивме,се поздравив со ќеркичката,торбицата на рамо и отидовме во болница. Ме прегледаа вагинално 4 прста отворена,ме ставија на цтг имаше слаби контракции,и на ехо ме прегледаа плодовата вода полека истекува и ми рекоа ,,ти до сабајле ќе се породиш''. Потоа падна чепот и на полноќ веќе почнав да осеќам тапи болки на 7 мин,ме прегледаа вагинално,отворена 5 прста. Почнав да се рашетувам низ болница,па се сретнав со една колешка од факултет,неа прво и било па ја како по искусна ја тешев. :D Не ме фати сон цела вечер,и цела вечер не ја оставив сестра ми да спие,ја испозамарав не телефон. :D
    Сабајлето во 6часот 30.09.2014 ме фатија ептен големи болки,ме прегледаа 8прсти отворена,нога пред нога некако стигнав до бокс. Бебчо веќе се спуштил и спремен да излезе. Со три напони (еднаш сецната) во 06:20 Матеј излезе, долг 50цм тежок 3610гр. Ми го дадоа да го видам и го однесоа да го средат. Ме сошија, и после еден саат ме однесоа во соба. А пред соба мм и сестра ми ме чекаат со раширени раце. :lol: Ми го донесоа Матеј во соба да го надојам и од тогаш станавме неразделни.

    Овој пораѓај беше како песна,вака можам да родам уште 10. Не,се шегувам, барем уште едно. :)
    тоа беше тоа,издвоив време додека Матеј спие да ви ја напишам втората од двете најубави приказни во мојот живот. :inlove:
     
    На simce11, Annath, SimonaTino и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.293
    Допаѓања:
    17.813
    Пол:
    Женски
    Лелее ве читам и ме фаќа страв, прочитав на последниот пост кај Мавеја дека имало и сечење :o Јас сеуште не сум ни мажена, ама здравје кога ќе бидам и останам трудна ќе ме фати страв и тоа многу, ја ко шо сум паничарка, лелее куј знае што ќе биде. Само господ здравје да ни дава на сите!
     
  14. janickaskopje

    janickaskopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    264
    so sreka mamicka da e ziv i zdrav matej :)
    so sreka na site taze porodeni mamicki :))))
     
    На maweja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. maweja

    maweja Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    325
    Без паники,ќе видиш кога ќе дојде време да се породиш нема да мислиш на сечење и такви работи,ќе мислиш само бебето да излезе живо и здраво. И сечењето е кога имаш напон што значи нема ни да осетиш,а може и без да те сецнат ако си отворена убаво и бебето има простор да излезе. (со сечењето се прави простор бебчето да излезе) Чувството кога ќе си го земеш детето в раце е непроценливо и тогаш забораваш на се. :)
     
    На girl-miri, Lovely93 и Veki4kaa им се допаѓа ова.
  16. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    cestitki mamicke,neka e ziv i zdrav maliot princ!Mnogu ubava porodilna prikazna,daj boze site idni mamicki da imaat vakvo pozitivno i prekrasno porodilno iskustvo!
     
    На maweja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mama27

    mama27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    175
    честитки :clap: :clap: :clap: здрави и живи да сте и јас со второто многу лесно поминав без сечејне,а се роди 3820 за ова се надевам дека ќе биде исто така.... :)
     
    На maweja му/ѝ се допаѓа ова.
  18. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да раскажам за Супермен мој како дојде на свет :D

    На 25.09. ми падна мукозниот чеп, не одеднаш, на неколку пати. Последните 2 недели од бременоста веќе ми беа навистина тешки, добро се движев, но не можев воопшто да седам, бебето опасно притискаше на коските и се бунеше ако седам :) Знаев дека скоро ќе дојде моментот, го осеќав. Помина тој ден во болки и лажни контракции, некако и ноќта успеав да спијам. Следниот ден попладнето веќе почнаа јаките болки, уште додека беше на работа сопругот му јавив да биде спремен вечерта да одиме во болница. Околу 20:00 часот веќе почнаа многу јаки контракции, по 1 на 10 минути. Се јавив во болница да ги известам, ме советуваа да се опуштам и да им се јавам кога ќе бидат 3 контракции во 10 минути (таква им е овде процедурата). Bо 22:30 веќе не ни престануваа контракциите, не можев да стигнам да ги бројам, им се јавив во болница, им кажав дека доаѓаме.
    Ме однесоа прво во соба за преглед, ми мереа притисок, запишаа податоци, такви административни работи. За многу кратко време дојде „бабицата“ што ќе ме пораѓа (во наводници е зашто беше машко :D ) и ме стави на ЦТГ. Во меѓувреме ме провери, виде дека веќе сум 6цм отворена и ме однесе во соба за породување. Веќе на одење кон собата едвај одев, и на пат натаму си побарав епидурална-не издржа срце јуначко :lol:

    Ме сместија, ставија пак ЦТГ, почнаа припремите за епидурална, дојде анестезиологот ми стави епидурална..... Бабицата цело време ме следеше, го следеше и бебето, отварањето, ми носеше вода, сок, ми пушташе музика, си правевме муабет со него и со сопругот, се смеевме....После отприлика 2 часа дојде време за пораѓање, отварањето веќе беше целосно завршено. Е тука дојдоа тешките моменти. Поминаа скоро 2 саати во стискање и давање напони, малиот не успеваше да излезе. Му се гледало главчето со многу црна коса :) Дојдоа 2 докторки, и тие помагаа, не сака па не сака да излезе. На крај едната од нов кажа дека мрази кога мора да го прави тоа, но дека ќе мора да излезе бебето со вакуум. Ставија таму тоа што треба, и после 2-3 напони излезе синко, со раката пред главата, во стилот на Супермен :) Затоа и заглави и не можеше да излезе и мораа да стават вакуум. Тогаш сум испукала, не осетив ништо. Ми го дадоа малиот на гради, ми ставија анестезија за шиењето, и тоа ништо не осетив. Во моментот од кога ми го ставија на гради го видов она што го сакав најмногу на светот-мини верзија на сопругот, посебно милите очиња :)

    Искрено, презадоволна сум од се како помина, се надевам пак ќе го поминам истото, дека ќе имам шанса да имам уште едно дете. Породувањето ќе го памтам како еден преубав чин, нешто што ми ја донело најголемата радост во животот.
     
    На simce11, Bozica1980, Annath и 20 други им се допаѓа ова.
  19. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    15.610
    maweya i green eyes прекрасни приказни,да ви се живи и здрави и дај Боже сите вака убаво сеќавање од породувањето да имаме :)
     
    На maweja и green.eyes им се допаѓа ова.
  20. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    green.eyes честито за храброста, да е жив и здрав синко и радости да ви носи! Не си поминала баш лесно, алал да ти е! Каде се пораѓаше?
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.