Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.001
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто вакво генерализирање за мажите кај нас, тие татковци што се во мое опкружување се вклучени во секој чекор. И сметам дека партнерот е и тоа како потребен во тие први денови искрено. Исто и јас немав проблем ниту со станување ниту со туширање, ама прелесно поминав, има жени со потежок пораѓај кои трпеле породилни болки со саати.
    А за тоа дека сите бебиња спијат на почеток, моето спиеше но само во раце:whew:
     
    На KuklickaSk, Annath, Ani93 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.001
    Пол:
    Женски
    Зависи со какви луѓе сте опкружени..
     
    На Осе, MartinaMM, Anomis11 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.746
    Пол:
    Женски
    Истото се прашувам, зошто упорно толку негатива и огорченост кон мажите? Со сопругот дома обврските и околу домот и околу детето ги извршуваме двајцата и никогаш не сме си префрлале дека некоја обврска е моја или негова одговорност.
    Исто така, уште пред да останам бремена маж ми велеше дека би сакал да присуствува на пораѓајот, но за жал немавме таква можност.
     
    На KuklickaSk, Freckles., Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  4. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.001
    Пол:
    Женски
    Исто, дури се ставам во обратна улога тој да се пораѓа а јас да треба да бидам во исчекување би се мрднала, а и не знам како некој не би сакал да биде присутен за таков убав момент и да даде поддршка, сепак кога има познато лице до тебе би било полесно :)
     
    На Ano, Осе и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  5. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.486
    Допаѓања:
    4.524
    Затоа и реков поголемиот дел. Во мое опкружување имам и од едниот и од другиот тип, за жал преовладуваат тие кои мислат дека породилното е одмор и дека цел товар треба да падне на жената.
     
    На Freckles., *katja* и LizzyGrant им се допаѓа ова.
  6. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    955
    Има исклучоци ама малку, за жал. Јас познавам многу повеќе што не сакаат да се вклучат и мене тоа многу ми е тажно, ама тој е менталитетот.

    Моето спиеше до 4м. па и повеќе во раце :)

    Имаше со мене жени кои се имаа пораѓано природно па итен царски. Тоа мора ужасно многу да боли. Они се извинуваа дека ги боли и што офкаа при станување. Ама генерално ние сме понежни во однос на жените на запад. Ова не е моја генерализација туку мислење на овдешните болнички лица. Мислам дека го викаат медитерански/балкански/јужначки синдром - не ми текнува баш како е, ама си има име :)
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.111
    Допаѓања:
    67.022
    Пол:
    Женски
    Имате теми за таткото на пораѓај, за државно и приватно здравство, мислам навистина е доволно овде од таа дискусија.
    Оставете ги новите родилки да си ги раскажат приказните, цитирајте се во соодветната тема, тука ќе ве бришам.
     
    На ivance.., LiquidLuna, Snowflake92 и 12 други им се допаѓа ова.
  8. @Tina

    @Tina Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Мамички каде и да се породите бидете среќни што ќе си го гушнете бебето и од болница ќе си отидете заедно дома. Траума не е дали сте имале болки 1 или 10 саати, секое породување е индивидуално и некој има повисок праг за толеранција на болка. Траума е да родиш бебе од 1кг и да си го земеш детето после 63 дена во инкубатор и воопшто да не можеш да го видиш. Траума е да излезеш од болница сама без детето и да не знаеш што со себе. Бидете позитивни и гледајте ги убавите работи во вашата приказна. Јас имав позитивно искуство со докторите и сестрите во однос на предвременото породување на клиника меѓутоа не постои никаква психолошка поддршка за мајките на кои им е премногу потребна.
     
    На Maja z, DreamofAngelGirl, annaitose26 и 39 други им се допаѓа ова.
  9. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.664
    Допаѓања:
    24.406
    Пол:
    Женски
    Маж ми беше со првото присутен и ми бешее огромна поддршка психички, некако се осеќав посигурно оти беше со мене нон стоп некој, е сега делот кога он повеќе пиштеше и плачеше од мене беше хаос ама се на се добро помина хаха милона беше кога ја пресече попочната врвца и му ја дадоја одма да лежи кај него кожа на кожа. Ее сега, со второво нема да имаме можност изхледа да биде со мене оти треба некој да ја чува малава амаа и он самиот вели дека можеби за мене било поддршка ама за него дека било трауматично.
     
    На Freckles., Осе и LizzyGrant им се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.344
    Допаѓања:
    113.077
    Пол:
    Женски
    :bow: амин
     
    На annaitose26 и Starchild им се допаѓа ова.
  11. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.202
    Пол:
    Женски
    Ne e taka bas znaci na moeto bebe 5 saati nema koj mleko da mu dade se odra placejki jas uste vo bremenosta imav postporodilna depresija I trebase antidepresivi da pijam ama dr mi rekoa oti tie antidepresivi ne se dovolno ispitani sto mi gi dade psihijatarot I ovoj stres si go napravi svoeto da nemam dovolno mleko vtoro pri carskiot rez vo mojot grad ne mi ja iscistija postelkata kako sto treba pa po 2 meseci od poragajot zavrsiv so jako krvarenje I itno na gak I treto moeto bebe uste vo porodilisteto dobi stafilokokus aureus vo nosot I 1 mesec otprilika se lecevme od nego I tie rab ostavaat trauma I toa kako za cel zivot
     
    На MeowMeow, Freckles., anngelique и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.243
    Маж ми сака да присуствува и има можност ако до крај се тера природно, ама јас се мислам некако. Најмалку ми е за тоа искрено дека ќе ме гледа во некое поранливо издание, туку не знам...си викам да не ми биде дополнителен притисок дека е таму. За онесвестување мислам дека нема да се онесвести, ама сигурно нема да му е сеедно ако сум во некоја очигледна нелагодност.
    Инаку баш така си го замислив и јас моментот да бидеме двајцата заедно кога ќе излезе, многу сакам да е со мене во тој момент.

    Ај имам време уште некоја недела да одлучам.
     
    На Freckles. му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    13.472
    Секој си знае. За тебе било траума да излезеш без дете, жал ми е што се случило тоа. За мене беше траума да бидам сама на бокс и да се молам да не родам сама со толку јаки напони. Исто имав траума, јас бев на прекин на бременоста, а до мене бебиња плачат. Па
    се борев со постпородилна депресија. Како велат, поговорката: секој си плаче на својот гроб.
     
    На strelec231992, KuklickaSk, MeowMeow и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Teja26

    Teja26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2018
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    595
    Пол:
    Женски
    Да си ја раскажам и јас мојата втора породилна приказна. Епа вака 08.02.23 одам јас на редовна контрола 37+5 на цтг прво никакви болки не покажува а не ни осеќам ништо, си лежам така, потоа ај докторка да ме прегледа вагинално, гледам женава смени лик и ми вика имаш болки ја целата зачудена викам не ништо не ми е, вика па ти си 6 прста отворена не зезај. Одма вика сестри за ковид тест да ми направат сите се растрчаа одма ме носат во сала, јас така опуштена си лежам на бокс пак после пола саат не виде 8 прста, јас пак абе ништо не ми е луѓе што ме донесовте кога не сум за раѓање а докторкава и сите о д страна што беа се смеат и викат дај боже да не ти е ништо пак помина некое време пак преглед и само слушам докторката вика дај напон а ја целата таква па немам напон, ми вика по малку напнувај и така јас лабаво си лежам и еден момент бабицата вика ајде сега посилно му ја гледаме косичката бебево иде. Напнувам јас два пати и само почуствував олеснување и сите еве ја еве ја крофна мала а бебе не плаче па ја Штипна докторката и тогаш заплаче, ми ја ставија на гради мојата втора среќичка, потоа ме сошија бев внатрешно распукана не ме сечеа и за ширењето не осетив ништо. Голема среќа сум имала и им посакувам на сите идни Мамички вака лесно да го поминат овој најубав момент, за кој вреди да се живее... :hug:
     
    На warrior, annaitose26, Luminary и 74 други им се допаѓа ова.
  15. Madam S

    Madam S Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2020
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Wooow :) Дај боже вака да се породам нареден пат. Патем прво породување ти е спонтано или со царски?
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Teja26

    Teja26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2018
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    595
    Пол:
    Женски
    Второ спонтано и ова и првото... Дај боже сите вака лесно да си поминат :hug:
     
    На Madam S, Viveki и Srcka28 им се допаѓа ова.
  17. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Дојде време и јас да ви ја раскажам мојата породилна приказна после 5 години чекање и јас да ви ја раскажам,договорен царски поради карлично завртено и плус стрептокока не ни се ризикуваше да чекаме да се сврте па природно да се породам покушана со сите можни терапии немаше ефект,на 22 март вечерта не примија на болница на 23 март сабајле не спремаја во 14:20 ме земаа во операциона сала 14:50 малата ја извадија прекрасно чуство кога заплачи,царскиот помина супер многу лесно со спинална бев не осетив ништо дента малку беше мачно кога пушти анестезијата ама ни даваа за болки,ми ја донесоја на еден сат се галевме малку,другиот ден не станаа првото станување беше тешко ама помина второто каде каде полесно дента ми ја донесоја покушавме со доење почна да цица немав уште млеко тек другиот ден ми дојде кога ме преместија во соба.Не пуштија тек после 6 дена примаше превентивно терапија поради стрептококата фала му на бога се беше во ред немаше ништо.Инаку се порододив во Велес,презадоволна од доктор Силвија прекрасна докторка преубаво поминав и со цел пераонал насмеан цело време поминуваат проверуваат исто така и сестрите кај бебиња супер.Имав едно прекрасно искуство и му благодарам што ми подари ваков мало ангелче. :l::l::l::l:
     
    На ivance.., LivingGlam, Veki4kaa и 27 други им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.323
    Допаѓања:
    102.903
    Пол:
    Женски
    Во Чаир родив пред 3ипол месеци царски, никој не ми побара пари ниту па чоколатца сакаа да земат.
    Кај нас е лошо што многу жени во соба, не е изводливо баш да седат мажите, со гради на изволте, без гаќи, крвариш... Не би сакала некој да ме гледа во такво издание.
    Не ме викна нит мене нит сопруг, сопруг кога му јавиле купил благичко, чоколатца, не му ги земаа, сестрата што ми се најде да ми донесе телефон и полнач исто не сакаше да земе благо, нема потреба. На жената што ми беше цимерка чистачката и купуваше вода, сакаше оваа да и го даде кусурот, не нема шанси рече оваа, да не чујам... Ме велам нема доктори, ама ова јас што се породив немав такво искуство, 4ца доктори имав на пораѓај.
     
    На Ceneva и AniSk им се допаѓа ова.
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.170
    Допаѓања:
    20.311
    Пол:
    Женски
    Дур имам малку време да ви ја раскажам мојата втора породилна приказна, овој пат со среќен крај. :)
    10.04. бев на преглед и цтг, мирни, уште доволно вода, ама по пресметките на докторите полни 40 недели, зошто бев со корегиран термин. Докторката даде идеја да одиме со провокации, наводно време му било на бебе да излегува, се натаму било брзо променливо, и вода и протоци итн. Мислам дека сакаше да ме породи пред Велигден или ради мешето што беше помало, не знам.

    Се соглaсив, истиот ден во 18ч ми направија прием. Околу 12ч ме качија во предродилна соба и ми ставија вагиналета за провокација. Сум заспала и во 3 и 50 вртејќи се ми пукна водењакот. Почнаа некои мали незначителни болкички, веќе бев околу 5-6 прсти отворена и почна акушерката да ме спрема за во родилна сала. Таму ме однесоа накај 6 мислам, ми ставија епидурал, ама за жал не фати добро. Болките почнаа да се зголемуваат и да стануваат неподносливи. Како минеше времето почнаа ептен да се доближуваат контракциите. Ме учеа како да ги дишам болките и некако успевав да не се изгубам. Бебето не се спушташе доволно па ме ставија во скроз незгодна позиција, десната нога крената на левата страна од боксот. Ми збореа нон стоп колку сум силна, ме охрабруваа премногу, а јас само прашував уште колку. Толку многу ми се плачеше ама си реков не смееш да изгубиш сила и се молев на Бога да издржам. Кога беше време да бутам дадов се од себе и со два силни напони се породив.

    Ми го ставија на гради, чувството беше чудно. Ќе излажам ако кажам дека го засакав уште кога го видов. Само почувствував ненормално олеснување. Доби оценка 9/10, здраво бебенце од 3100гр и 51цм рекоа. Јас останав да лежам да ме средат, ме сецнаа зошто можело да распукам. Раната боли многу, ама ќе издржам.

    Првиот ден со него бев во тотален шок. Не знаев дали го сакам или не, многу чудно се чувствував. Како минуваат деновите чувствата ми се менуваат. Уште во болница почнав да не знам што со себе кога го зимаа за да го средат. Ми недостигаше, а беше на само неколку метри од мене.

    Има малку жолтица и тоа иако знам дека е нормално многу тешко ми падна кога ми кажаа. На време не пуштија од болница, во граници биле билирубините. Сега се гледаме дома, се учиме да бидеме родители со маж ми и мислам дека добро ни оди.

    Он е прекрасен. Толку е мек, како памукче. Јас.. имам на моменти испади.. Маж ми ќе почне да ме гушка и да ми вика фала што ми роди син а јас во ист момент имам експлозии. Се прашувам дали сум добра мајка, дали доволно го сакам, дали не сум ладна со него. Имам многу љубов ама мислам дека не му давам доволно, не знам зошто…

    Веројатно треба време да сфатам дека е мој, дека ова е нашата реалност и дека конечно дојде време да бидеме среќни. Го имаме најубавиот ангел чувар на небо и знам дека ќе си го чува братчето.

    Мојата приказна можам да кажам дека не е лесна, ама носи многу љубов. Ви посакувам на сите да доживеете ваква бура од емоции и лесно да си ги донесете на свет вашите бебенца.
     
    На Oneo, annaitose26, Eluna и 127 други им се допаѓа ова.
  20. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.820
    Пол:
    Женски
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.