Честитки уште еднаш само смиреност колку можеш, неспиењето, уморот и хормоните ќе си го направат своето да си мислиш дека не си добра мајка иако за него најдобра секоја од нас поминала низ таа фаза првите 2-3 недели, која со посилни испади, која со помалу. Може и ќе си на нож со сите околу тебе, може и ќе се јави и себичност и нема да сакаш да го делиш бебе со друг, може ќе бараш време само за себе, може ќе плачиш без врска нон стоп и се тоа е нормално и природно чувајте се, за кратко ќе уживаш комплетно во се. Ангелот чувар е секогаш со вас
@Bella_Stella колку искрено напишано, ќе научиш љубовта да ја почувствуваш, таа е тука во тебе и околу тебе. Се е нормално што чувствуваш уживај во нааајмеките памучни прегратки, до ден денес си поплакувам кога ме гушка со рачињата Едноставно незнаеш зошто е тоа така, но тие се нашите души. Ангелчето ваше секогаш ќе ве чува, на вас останува само да се сакате. Ме расплака, ништо чудно за мене, плачка на годината сум, и не трудна, а не пак трудна Уживај во најубавата улога на светот, мајчинството, долги години ми требаа да ја почувствувам, а сега би поминала се' уште 1000 пати ако треба, само за богатството кое секој ден ни го прави денот поубав
Ме расплака, да знаеш.Одамна ништо така ме нема погодено.Колку многу ги разбирам тие емоции на почеток.Истото се прашував секој нов ден откако се породив со ќерка ми, ама тоа е мајка.Тоа е толку голема љубов што на почеток е тешко да ја почувствуваме целата оддеднаш, но со секој нов ден се повеќе ја осознаваме и доживуваме.Да сте живи и здрави.Колку и сега да изгледа тешко на почеток, со секој нов ден се повеќе ќе се привикнувате и се ќе биде полесно и уште поубаво
Не расплака сите,ама овој пат дефинитивно солзиве вредат.Искористи го секој миг уживајќи покрај тоа суштество,и не мисли на ништо,оти ништо повредно од тоа што ти е на гради нема. Првите денови од мајчинството се секогаш тешки,ама пак тие први месеци по некое време би ги повторила уште неколку пати,доволно е само да те погледнат тие очиња и толку!Уживај❤️
Честитки уште еднаш милаНа моменти ме потсети на мојата породилна приказна, од епидуралот што не фати добро, до чудните чувства кои не ги очекував после, зошто и јас очекував љубов на прв поглед. Вториот ден се изнаплакав заради тоа, баш мм кога дојде да ме види преку стакло (не можеше да биде со мене,немаше посети тогаш) не сакав ни да станам да го видам. Ме држеше и првата недела дома тоа чувство. Како да не е мое бебето, како да не можам да го сакам, баш така се осеќав и си плачев од грижа на совест. После сфатив дека е скроз нормално и многу мајки така се чувствуваат. Ќе видиш дека со тек на време конекцијата со бебето и тие убави чувства за кои сите зборат ќе ти стануваат сѐ посилни
Се уклучив само за тебе, многу ми е мило, ти честитам од срце. Ич не сум емотивец, ама ме расплака. Сè најубаво ти посакувам, уживајте дома со бебуш.
Последниве две недели само за тебе го отварам форумов . Брејјј колку сум среќна за вас Честитки мајче ,нека ви е живо и здраво Си поплакав и јас , за секунда ми пројде низ глава и целиот мој трновит пат . Си го исплакав и мојот ангел чувар кој веќе ќе беше ерген за женење . Но што било -било. Сега си имаме за што да живееме , рацете ни се полни , има кој да не вика мама.... Уживајте во родителството Честитки до сите нови мајки Христос Воскресе , навистина Воскресе! Да сте живи и здрави
Нормално е да имаш измешани чувства.Твојот пат беше долг.Сите ја чекавме твојата приказна.Бидете многу среќни
Ајде и јас да ја раскажам мојата, мислам дека сум спремна. Како што знаете во среда 12.04 ме примија за со провокации ради дијабетисот и холеостазата, точно на термин, предходно имав болки дома и стварно мислев дека почнал процесот. Ми дадоа соба приватна и се сместивме со мм, дојдоа доктори проверки, крв, притисок, цтг, проверка со рака колку сум отворена и бев 1см само, првиот пат проверката не болеше толку, реков ова не е страшно и околу 1ч ми ставија прва провокација. Сум заспала и накај 6 сабајле почнав да осеќам болки, не беа редовни ама беа посилни и одеа докај 70% на цтг, викам сигурно се отворам не се лажни, се засилуваа со тек на време пробав да одморам и да се движам оти нели цел ден требаше да делува вагиналетата, се беше добро се докај 11 вечерта и на цтг пулсот на бебето беше 170-180 постојано и мојот скокаше, докторката рече вадете вагиналетка детето е во дистрес. Ја извадија и ме оставија да одморам до 6 сабајле петок. Болките одма прекинаа и заспав. Во 6 сабајле цтг мирно нема болки бебе со нормален пулс, ме прашаа што сакам дали уште една вагиналетка дали да пукнат водењак, да направат некоја механичка дилетација или царски, прашав дали може да провериме дали сум отворена па да одлучам рекоа да, втор преглед ужасно болен за мене едвај издржав, отворена само 3 прста. Мм гледа и уште да се онесвести, јас плачам на креветот.Се разочарав, ме беше страв пак да не му се качат тоновите на бебето и искрено прашав дали може царски, осеќав дека тоа треба да е мојата одлука, ама потоа реков ајде и со пукање на водењак да пробаме. Во ред, ме зедоа ме однесоа во породилна сала, пак нови проверки и цтг, ми доделија бабица само за мене која беше супер, многу голема подршка, дојде докторка и пак преглед со рака, вика малце повеќе си отворена ќе пробам да пукнам водењак и почна, мислам дека сите светци си го видов, со рака ми го пукна водењакот и рече дека не истекува целата вода оти бебето со главата го блокира каналот ама дека не е проблем, ќе истече и така ме остави на кревет. Маж ми буден веќе два дена, ме гледа како се мачам пребледен мислев ќе се онесвести, ама ме бодри. После час од пукањето некаде 9 мислам беше, почнаа болки поредовни и посилни, е реков значи сепак се препознаваат болките, нема шанси да ги смеша човек, се движев и конечно отидов во вц да се испразнам и бев 2-3 пати и малце ми олесна болката, болките беа само во половината и задникот, напред ништо скоро, тоновите на бебе и се друго беше супер сега, нормално, проверка на секои два саата на цтг. Ми дадоа гас да дишам кој не помогна ништо, ако не друго посвесна ме направи за болката, накај 12 ми рекоа сигурно ќе потрае процесот ако сакаш речи му на маж ти да оди дома да одмори малце не е спиен, беше тој и предходната ноќ ама малце и реков во ред, секако од се што виде дека минав беше блед како крпа иако не признаваше. И си отиде тој и накај 3 мене почнаа болките 100ка на цтг на 5 мин, болките силни оти не можам да се движам ради цтг и дишам се масирам се молам да поминат и бабицата вика сега ќе дојде анестезиолог и ќе ти стави епидурал нема потреба од окситоцин или механички имаш доволно болки, знам дека маж ти само што отиде ама јави му се да се врати и ѕвонам јас викам доаѓај, почна. Тмн на време стаса пред да ми стават епидурал, докторката беше ептен царица, многу добро ме спрема и го објаснуваше секој чекор, искрено не ни осетив болка ама олеснувањето одма дојде, ме провери бабицата 6см отворена и вика бебе доаѓа до 8, мм отиде да земе да нешто за јадење јас си седам лабаво на цтг без болки со катетар си дремам. Дојде докторка вика сакаш да пробаш природно нели, викам да иако цело време од внатре нешто ми кажуваше дека е погрешна одлука, дури и гаќи за царски имав земено и некако уште на почеток од бременост имав чуство дека ќе биде царски и дека нешто нема да е во ред иако многу се надевав на природно и го потиснував тоа чуство и додека зборевме наеднаш цтг почнува да свири, 100ка болки, 180 пулс на дете 140 мој, почнав да се тресам, влетуваат две докторки вика одиме да се породиш, викам ама маж ми не е тука, ако вика нема одма, викам не сакам природно, вика во ред тогаш ќе донесам документ да потпишеш и ќе викнам др доктор да ти појачи епидурална, доаѓа мм му кажуваат што како ме носат одма у сала за операции, доаѓа др анестезиолог и ми кажува процедура, ме легнуваат на маса и епидуралната ми ја појачуваат земаат крв зошто непрестано се тресам и свикува бабицата дека имам 39тт, за 5 мин вика 40, итен царски во септичен шок паѓа, влетуваат уште 3 доктори јас не знам кај сум, маж ми седи до мене и проба да остане позитивен да не ме паничи ама го гледам дека е блед и преплашен. Анестезиологот многу добар се што прашам ми објаснува и кажува што прават во секој момент, стои до мене и тој и не бодри и мене и мм. Осетив само нешти како кркори и бебе почна да плаче, ми го подадоа за две мин и јас почнав да плачам ама се смирив маж ми го држеше до мене и го бакнував, одма рекоа 800мл крв и да ја шиеме ќе искрвари, слушам машината дека бипка дека нешто не е во ред ама пробам да се сконцентрирам на тоа да не се тресам, оти канелата ми мрда ме боли, воедно имав 10 обиди за канела и целата сум модрици, нејсе, докторите слушнав почнаа да се смеат за брзо и ми олекна викам сигурно нема да се смеат ако умирам, бипкањто престана и мм живна во фацата па и јас се повратив. Ме сошија, ми честитаа го зедоа Стефан го измерија 3700, нема знаци дека има проблем го дадоа на мм и мене ме однесоа на рекавери со нив двајца. Таму уште се тресев ама ми паѓаше тт и се повратив.Бев таму околу саат време, ми пуштија антибиотици и на мене и Стефан, инфузја и се стабилизирав. Од таму не зедоа пак на породилно и беше многу стресно оти само една бабица имаше, никој не дојде да ми го стави на града, да ни каже што како, предаваа смена и немаше кој, ние ништо не знаеме сами, докторката рече мора итно да јаде шеќерот му е многу низок, а јад ни млеко ни шише ништо, стрес левел 100, конечно се сожали една друга бабица на толку викање, донесе шише и го нахрани и малце, до тогаш ме обзедоа мисли како не сум добра мајка оти не ни имав желба да направам нешто само бев загрижена за себе и за тоа како ќе преживееме таму. Маж ми ме убедува дека сум најсилна на свет и дека само што поминав низ пекол и дека треба да си дадам одмор ама јас во тотален писимистички шок бев. Среќа по два часа не преместија во постпородилно и тука беше друга приказна, имавме постојано на визита од сестри, доктори и бабици, ни објаснија што се случило и што ќе се случува, како сум имала некоја инфекција дали јас или бебето не се знае, ама и двајцата сме одма на атб и ќе останеме во болница 2 дена да се направат сите тестови, двата дена стануваат 3, па 4, па уште сме тука. Кај мене симптоми варираат, не покажува никаква бактерија ама имам покачени маркери за инфекција, мада не се осеќам лошо одма станав нареден ден и раната заздравува брзо. Стефан исто не покажува знаци за болест, сите витални знаци се добри и нема тт ама не задржаа оти покажува покачено црп и сакаа да направат микробиологија за да видат да не има бактериска инфекција која би предизвикала менигитис. Маж ми ми кажа дека мислел дека сум готова, пулсот ми бил 180 постојано, а притисокот варирал екстремно, се било толку страшно и рече дека веќе низ тоа нема да поминувам па што сака нека е. Ама мислам дека јас пак би поминала оти ова мало чудо вредеше за се ама следно не би ризикувала да чекам, ќе си слушам инстинкти. Мм беше одличен во се, да не беше тој не знам како ќе ги преживеев овие денови и се што се случи и фала му на Бога за тоа, не чуваше на убав празник. Малку ми е мака што е на формула, мораше одма да го хранам оти шеќерот му беше пренизок и немав избор оти никој не дојде да го стаби на града, а јас секако не ни знаев каде сум, пробувам по малце овие денови ама апсолутно не смее да биде гладен со сите антибиотици, млеко ми доаѓа повеќе и денес малце цицаше, се надевам дека дома ќе успеам да се смирам и да се фокусираме на тоа, сакам да дојам ама да бидам искрена и да не се случи нема да ми биде крај на свет оти не планирам да се потресувам за ништо во следниов период. Извините за долгиот пост, сакав да раскажам низ што поминав и упте поминуваме, не сакам да паднам во депресивни епизоди, позитивна сум иако преморени, оставени сме сами на себе во болницата, проверуваат ама не се мешаат, ама среќна сум што се снаоѓаме многу ефикасно, малце критичен беше вториот ден но секој минува низ тоа. Траумата уште ја немам процесирано, верувам ќе ме стаса, ама за сега се држам. Се надевам ќе не пуштат утре и дека ќе имаме позитивни вести од сите резултати. Едвај чекам да се прибереме и да си создадеме мала рутина со новите улоги. @Bella_Stella премногу ми е мило што така брзо и лесно го помина ова, сосма заслужено и се надевам дека ќе имаш најуспешно родителство и најсреќно, најисполнето дете. Јас исто се чувстував како тебе првиот ден ама веројатно е нормално после некои трауматичен настан поминат во бременоста или пораѓај. Силни сме ние жените, алал да ни е. Маж ми рече да не присуствувал на пораѓај никогаш немало да има толкав респект како што добил сега, секако имаше ама веројатно некое ново ниво доби
Фала ви на сите на неизмерната љубов што се чувствува во вашите зборови. Сега јас плачам читајќи ве. ❤️ @1209 Си се изнамачила мама, ама ќе се стабилизирате наскоро. Ќе почнат кај и да е слатките маки дома со неспиење и кенкање. Уште еднаш честитки и да сте живи и здрави.
Жал ми е што сте доживеале еден вид на породилна траума ама најбитно од се е да сте живи и здрави сите и пополека да си се навикнувате еден на друг, да си создадете рутина и да уживате. Кај мене маж ми иако ми беше психичи поддршка за првото, доживеа шок, аа немав компликации и ми рече дека нема да сака да е за второто присутен иако ако има кој да ја чува сакам да го убедам да собере сила. После пораѓајот како што кажа ти респектот кон жените посебно кон мене иако беше и дотогаш на многу високо ниво, мислам дека се зголеми. Многу им влиае на психа мислам.
Силна, храбра мајко! Мајчинската љубов е поголема од универзумот, ова е доказ за тоа. Најважно од сѐ е што на крај се закити со најубавото венче, го имаш својот најскапоцен дар. ❤️
Ооо @Bella_Stella ♥️ Те запомнив од првата бременост и искрено, едвај чекав да прочитам од тебе ваква приказна. Многу ми е драго, уживај во мајчинсѕвото со сите предизвици што ги носи ☺️
Си се изнамачила ептен,тек сега читам јас. Честитки мама нека е жив и здрав Стефан,и што побрзо да закрепнеш.
Додека дремам сама во соба, по трет пат во породилни Бебето уште пред две недели ми беше назад, причина неможеа да најдат, испитано се и се уредно.Вчера бев во Чаир на контрола, малата уште назад сега скоро 3недели, во 36 влегов вчера бебето само 2кг, ми рекоа за два дена на контрола. Ноќеска си легнав да спијам за денес да одам на работа, но накај 1:30 ме разбудија болки, му кажав на маж ми дека ќе раѓам, ќе ги мериме контракциите, земав си сварив кафенце си пиев, си ја наполнив кадата да си поседам малку, и накај 5 тргнавме во Чаир, таму ме прегледа докторот и ми вика 1прст отворена ама ти пукнал водењакот мора да те примам на патолошка, околу 5:30 бев горе на патолошка докај 6:15 болките беа онака се трпеа, последно му пишав на маж ми во 6:30 дека многу боли и си го спакував телефонот во ранец, и на сестрата што беше на спрат и викам имам грозници, ми вика од што се отвараш, по 5мин и викнав викај доктор јас ќе се породам, дојде докторот и ме гледа вика главата е скоро надвор не туркај бар до бокс да стигнеш, се качив на бокс и 4-5 напони излезе цуца во 6:55, докторот зачуден како од 1прст за помалку од саат и пол ми се роди,ни клизма не добив, искрено полошо ми беше шиењето дека распукав, женската со рачето излегуваше, моментално ми е во инкубатор се роди глувче 2080 и 41 см. Се надевам ова ми е последно пишување во темава