Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.820
    Допаѓања:
    23.613
    Пол:
    Женски
    Да ти е жива и здрава ќеркичката голема да расти :l:
     
    На Mravce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    2.325
    Пол:
    Женски
    Иста ситуација и со третото:D
    На закажан преглед и цтг одам во чаир гужва што да ти кажувам.. цтг мирно се е у ред.. ми вика док да те прегледам да не си отворена и проверува 4накај 5 ми вика.. ми вика јас би те задржал ти до вечер ќе си породиш.. јас психички не спремна се мислиме со мм дали да си одиме или да останам и решавачко беше што докторов ми вика цел викенд нема да сум тука :yawn: си останав јас и се по ред атб ми дадоа дека покачени леукоцити па клизма и сега ќе чекаме.. си почнав убаво да си се отварам почнав и болки да добивам и веќе пред да одам на бокс многу големи болки имав едвај чекав да излезе бебе.. и на бокс со два напони синко излезе:inlove: ни ме сецнаа (за чудо) мноогу малце сум пикнала едно конче само имав и опоравувањето е каде каде полесно:Dтретата среќа мајкина дојде во 10 вечерта. Да си пишам овде да не си заборавам случајно:D
     
    На elenaklasik, 24.07, Slonce91 и 30 други им се допаѓа ова.
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.944
    Допаѓања:
    123.520
    @1209 ме расплаче ;(Живи и здрави да сте и брзо да заборавиш на се :l::hug:
     
    На Mila_Mia и 1209 им се допаѓа ова.
  4. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.664
    Допаѓања:
    24.405
    Пол:
    Женски
    Додека спие бебе, да ви го раскажам моето второ искуство.


    Некој ден предходно имав појаки менструални болки кои беа на нередовни интервали и траеја само 2ч.

    На 11ти сабајлето имав кафеав исцедок, тој ден беше и терминот и преглед на болница. Не ми правеа цтг нити ме прегледаа вагинално, битно бебенце беше во стартна позиција и рекоа само чекање.

    Во 15ч истиот ден повторно имав кафен исцедок, после пола саат веќе падна дел од чепот со крв. Овој пат секое одење во вц имав огромни количини чеп, со првото само еднаш падна и тоа беше тоа.

    Вечерта околу 10 саат беше првата појака контракција, од 12ч почнаа посилни на редовни интервали и беа присутни до некаде 7 саат сабАјле, после тоа ги снема на пола саат, сум затворила очи и заспала. Почнаа болки повторно ама тук и таму по некоја, сепак решив да отидам на болница да видам како е бебе и нормално таму не беше регистрирана ни една болка, пошо магично престанаа. Отворена бев 2цм и пуштена дома (14ч).

    Во 16 и пол некаде наеднаш почнаа силни болки на редовни интервали од 7-10 минути, издржав до кај 19ч дома и веќе кога почнав да се тресам при секоја болка, тргнав за на болница, кога таму пак магично престанаа болките, на цтг бев уклучена еден саат амаа ни еднаа болка немав. Ништо ми вика ако немаш болки не можиме да те задржиме леле мене почна да ми врие, ако отидам дома викам ја дома се пораѓам и крај, не се враќам.

    Тогаш рече ајде чекај да видиме вагинално што се дешава и само рече охоо 5 цм отворена, облакај спаваќа ти спремаме соба, епаа тогаш душа ми дојде. До 21ч негде немав болки. И овој пат решив во вода да се породам, ми спремија џакузито и влегов, не помина ни 10 минути почнаа болките наеднаш ненормално силни. Бабицата беше злато од жена, ни еднаш не ме остави сама, поддршка ми беше за дишење, кога идеше контракцијата ми велеше да мижам, дишам и да остаам телово да лебди во вода, да замислувАм дека ме носи силен бран кој на крај ќе се смири, тешко беше да се опуштам скроз да лебдам оти сепак болка е во прашање, но почнав да се концетрираѓ при секоја контралција на тАа приказна. Во 22 и пол ме приклучи на цтг во вода од тогаш до можеви 23ч имав време за пауза само 1 минута, набрзо почнуваа контракциите, ептен се осеќав уморно оти и предходно 36 саати бев без сон ама останував смирена и релаксирана колку и да беше болно, едноставно телово го оставав да си заврши работа. Вагинално ме прегледа и рече 8цм отворена, не помина ни 5 минути почнав да имам контракции и напони, ми даде знак кога да туркам и мислев во тој момент душа давам при секој напон, најтешко ми беше кога ми рече стој, а напонот беше присутен, зедов длабоко воздух и бебе излезе како делфинче од вода. Во меѓу време додека беше еден од напоните пукна и водењКот не ми го пукнаа тие.

    И овој пат имав среќа и не сум сечена, нити распукана, нити шиена.

    Освем што ми се спие, се осеќам одлично, при мочање немам пецкање, болки во стомак мноогу минимално на одредено време.

    Бебе е исто одлично, си цица и спие. Шеќер и мерат редовно ради што бев со гестациски амаа се е во нормала.


    Се на се, предобро поминав, бебе ми даде шанса измеѓу да одмарам, па породот траеше на делови, последната фаза одеше преебрзо и на сите ви посакувам според мене вака лесен пород.


    И за крај, близначки да родев немаше да се толку исти.. копија на дада:inlove:
     
    На warrior, Oneo, annaitose26 и 70 други им се допаѓа ова.
  5. DejziSk

    DejziSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2020
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    487
    Пол:
    Женски
    Cestitki mama, da e zdrava i ziva, cek zivot srekja da vi nosi princezata so najubavo ime (te procitav vo trudnicki).
    Ako ne e tajna, vo koja drzava si?
     
    На Bubish26 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.664
    Допаѓања:
    24.405
    Пол:
    Женски
    Фалаа мила:l: во Австрија
     
    На annaitose26 и DejziSk им се допаѓа ова.
  7. sanji4444

    sanji4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Дојде ред да ја раскажам мојата втора породилна приказна, која за среќа помина многу полесно за разлика од првата.
    38 н. 5 д. како и секој ден од предходните неколку месеци така и овој започна, јас не наспана зошто цела ноќ несоница и плус на секој саат мочање, си ги фатив обврските дома со сега веќе поголемата ќеркичка и цело време си мислев само да не биде терминот надминат, како ќе издржам.
    Успеав и да дремнам некој саат и плус да зготвам ручек, да се најадам и кафе да се напијам и реков ај малку да полежам да одморам. За брзо време осетив дека ми истекува вода од водењакот и трк до вц да проверам.
    Кога видов дека навистина е водењакот со солзи во очи и среќна дека дошол денот и нема да надминам термин ќе си го видам бепчето за брзо, викнав по мм да се спрема и јас се истуширав, спремив и полека кон ГАГ.
    Стигнав во болница, прво ЦТГ, па ме прегледаа, јас 5 см отворена и дирекно во пред родилно. Болките не ги осеќав, ама како поминуваше време и се отварав болките почна и стануваа се појаки. Во болница стигнав околу 19 ч се породив во 00:30ч. Нај јаките болки почнаа околу 00:00 ч и за пола саат веќе бев породена со неколку напони. Од тимот што ме пораѓаше сум презадоволна, сите беа околу мене, ми кажуваа кога како да дишам и како да давам напон.
     
    На warrior, Oneo, 24.07 и 44 други им се допаѓа ова.
  8. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.582
    Додека 3ч по полноќ е, а бебе се понаша како 3ч за ручек 8) да пишам и јас

    Закажан царски одам на 26ти за ЦТГ и 27ми идено да раѓам..
    Јас три дена менструални болки Али све тоа издржливи ЦТГ исто кажува болки др.ми вика имаш болки имам Али ништо спешал и викам, ми дига веги како демек бравос, проверува грло не сум отворена грлото високо до плафон исто и бебе во желудник набило. Ми вика ќе те задржам и онака утре е договорот Али болкиве ме плашат. Ок викам подобро така ради што далеку живеам од ск.
    Маж си оди мене ми прават прием па пак ЦТГ пак болки Др пред да си иде за дома надминува и ме прашува сигурна си дека е издржливо да и викам.
    22ч Др си оди за дома.
    22:30ч мене ми прска водињак ( среќа што останав) (надеж во мене си викам може ќе раѓам природно овој пат)
    Дежурен Др ме проверува не сум отворена пак ЦТГ.
    Др ја известуваат за ситуација ми вика ако издржи сабајле прва ја земам ако не идам и ќе раѓаме вечерва.
    И цела вечер ЦТГ проверување дали се отворам јас полабава здравје серија си пуштив си се стуткав и издржав до сабајле без ни една минута заспана Али машки се изборив..
    Немаше никакво отварање грлото беше превисоко така да пак се се заврши царски
    Во 8ч ме земат прва веќе 8:38ч дојде на свет моето второ бебенце кое направи оваа наше семејство да е целосно :hug:

    Многу полесно поминав од првиот пат сметам дека на телото веќе му беше познат целиот процес и станувањето од кое сите кои се царски ме разбирате за која болка зборувам :D
     
    На warrior, Oneo, Freckles. и 43 други им се допаѓа ова.
  9. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.581
    Допаѓања:
    7.840
    Пол:
    Женски
    Dojde i mojot red da ja napisam mojata prva porodilna prikazna. Se porodiv 26.05.2023 vo 18:15h. Se rodi mojot David tezok 3610g dolg 52cm. Se pocna na 25.05.2023 koga pocna da mi teci vodenjak, za koe prvicno mislev deka e urin ama mislata ne me ostavi i se javiv na dezuren na Gak vo Nis. Me pregledaa i mi kazaa deka imam rupcija ( taka li se vika neznam ) na vodenjakot i deka poleka ke isteci plodovata voda i me zadrzaa, i samo dva prsta otvorena, bez bolki. Odma me postavija na ctg gore vo pripremno odelie. Po nekoe vreme bebeto pokaza distres i da mu skokase pulsot nad 200. Edvaj najdovme polozba vo koja pulsot mu bese ok i mu e prijatno. Tolku nezgodno lezev sto cela se vkociv i oko ne zatvoriv. Proverka so raka se uste 2 prsta otvorena, ctg pokazuva slabi kontrakcii. I pocekaa uste nekoj saat. Vidoa deka ne se menuva situacijata, deka bebe mi e gore visoko i ne mi pravi pritisok da se ovoram, i deka nikako da mi pocnat bolkite. Mi priklucija provokacii, 8 kapki, jas bolki ne cuvstvuvam, i ne se otvoram. Mi pokacija na 12 kapki. Pocnaa nekoj bolki ama se otvoriv samo do 3 prsti. Mnogu bea retki konrakciite. Ajde pak pokacija na 15 kapki. Pocnav da cuvstvuvam bolki dosta jaki ama na golemi intervali. Dojde dva i pol porucek jas 4-5 prsta otvorena a jas veke papsav. Sakaa da pokacat na 18 kapki ama nekako toa mi deluvase veke premnogu a jas slabo se otvoram i na kraj ke zavrsev na hiten carski. I pokraj stravot za epidural pobarav da mi stavat. Se prekrstiv i rekov ajde so bog napred. Anesteziologot tolku ubavo mi ja stavi sto nisto ne pocuvstvuvav. Mnogu ubavo mi deluvase. Gi cuvstvuvav kontakciite no ne me bolese. Mozev da zdivnam i zemam sila za poragajot. Vrvi vremeto slabo otvaranje, ajde provokacii zgolemija kontakciite se zacestija konecno a mene ne me bolese blagodarenie na epiduralnata anestezija. Se otvoriv skroz. I pocna poragajot. So tri napona izleze mojot David. No moraa da me secnat. Samo glavce izlezeno toj veke placese, papocnata mu se umota vo toj moment no babicata reagirase mnogu brzo i mi go stavi odma na gradi uste ne isecena papocnata. Vo toj moment se smeev i placev od sreka i zaboraviv na se sto minav. Ja izvadija postelkata cela no pocnav da krvaram. Puknal nekoj krven sad. Pa me sieja, neznam ni jas kolku konci imam. Ama fala bogu se ubavo se zavrsi. Vo ponedelnik najverovatno ke ne pustat domce. :l::inlove::sun:
     
    На annaitose26, Freckles., elenaklasik и 71 други им се допаѓа ова.
  10. Panovic

    Panovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2020
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    515

    Дали ова значи дека на 12 мај си породена ?
     
  11. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.664
    Допаѓања:
    24.405
    Пол:
    Женски
    Даа на 12ти
     
  12. PoisonGirl

    PoisonGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    И еве ме мене додека одмарам сама во соба.
    На 29.05 утрото ме разбуди оргазам, за прв пат во сон оргазам што инаку при секс ретко доживувам. Отидов до вц едвај на нозе ме фанаа некои болки во долниот дел на половината но краткотрајни. Ај си реков ништо страшно се спрема време му е. На бришење крвав исцедок чепот почнал да паѓа. Се стокмив да јадам , запеглав , избришав прашина и мегувреме неколку пати пак болка. Е сега викам време за едно кафе на раат , оти знам дека во иднина тоа ретко ќе се дешава.
    Средив што средив, се најадов, напив и си легнав како ништо да не било. Ме разбуди мм и мали се наспале јас мака си немам дури и на пазарување бевме. Мм замина на работа, мали го пратив доле кај баба и почнаа болки на 20-15-10 мин цела поручек но не на редовни интервали Ако раздвижувам ми идеа на 5 мин, ако одмарам и на 15мин. Иде време бато да се успива мене ме препотува со се почести болки , но издржливи а измегу си кулирам.
    Ми беше мисла дека второ сите викаат побрзо излева и во 22 стасав болница.
    Ме примија одма 6прсти отворена , дури не го ни сетив прегледот со рака. Веднаш клизма, ми го пукнаа воденикот во 23.30 измеѓу ми зимаа податоци и со два напони излезе мала Ангела 2750 (матичната ми најави големо дете минатата недела од 3400) аха да.
    Сепак вториот пат многу полесно и во однос на болки и за времетраеање.

    Со лесно да е на сите останати во исчекување, и запомнете единствено битно е соработката со др и бабиците.
     
    На warrior, Oneo, annaitose26 и 48 други им се допаѓа ова.
  13. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.324
    Допаѓања:
    17.883
    Пол:
    Женски
    поисон убав почеток на пораѓај си имала :D :whew::$ ме утеши дека ќе е грешка и кај мене Весна со меркиве минатиот пат ме исплаши некако големо ми се виде бебето. викам како ќе го родам :o :D
    вака мн лесно си поминала . баш убаво :inlove: те сецнаа? Велес се породи така?
    пиши лп кога ќе можеш како си задоволна?
    Уште еднаш нека е живо и здраво бебчето. гушкајте се :inlove:
     
  14. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.664
    Допаѓања:
    24.405
    Пол:
    Женски
    Живо и здраво нека е :inlove: Викам јас ако се одлучиме за 3то уште не примени на болница ќе го турниме хаха
     
    На MinnieM и IRBBB им се допаѓа ова.
  15. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    821
    Читајќи ве добив желба и јас да ја раскажам мојата породилна приказна.
    Не сум била мн активна со пишење порано на форумов, ама првата бременост ми заврши со прекин во петти месец заради тешка аномалија на бебето, и прекинот ми беше претежок траеше 2 дена, па заради тоа втората бременост ми беше цела со паники дали се ќе биде во ред, се до денот кога се роди мојот бебуш и се беше во најдобар ред фала му на Бога. :l:
    26. 12 одиме на цтг и преглед и докторката вели дека плодовата вода почнала да се заматува и дека најдобро би било да почнеме со провокации следниот ден, бидејќи веќе бев и отворена 4 прста. Терминот секако ми беше 27.12 така да прифатив и отидов на прием уште истата вечер. Немав никакви болки вечерта, ептен нешто минимално ама сепак од возбуда не можев да спијам. Во 5:30 сабајлето ми дадоа клизма и ме однесоа во предродилна соба, во 08:00 часот дојде докторката ми ставија вагиналетка за омекнување на грлото и ми пуштија прва тура провокации и почнаа болките, накај 9:30 втора тура провокации и се засилија болките. Накај 10 часот ме качија на бокс и ми ставија епидурална ама не ми фати, после ми накачија дозирање па ми фати само на десна страна па уште малку ми накачија и конечно малку здивнав од болки накај 12 часот. До 13 часот собрав сила и ја исклучија и почна пораѓајот, бебка беше високо и лошо наместена, странично, па докторката и бабицата ми се качија на стомак буквално и мислам дека тоа беше поболно и од контракциите. На 27.12 (термински) во 13:30 се роди мојот јунак, си доби оценка 10 и беше тоа најубавиот момент во мојот живот. Докторката му се јави на маж ми и првото нешто шо сум му го рекла било, бебето ни е многу убаво, што навистина и беше кога го видоа сите рекоа мн убаво бебенце имаш мајка :inlove::inlove: Си се изнаплачав од среќа не можев да му прозборам на маж ми да му кажам што и како е :D
    Битно се беше во најдобар ред и јас и бебуш, пораѓајот болен секако ама брзо беше, за 4,5 саати од првите болки, ви посакувам на сите убав и лесен пораѓај :l:
     
    На Oneo, Freckles., 24.07 и 33 други им се допаѓа ова.
  16. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.664
    Допаѓања:
    24.405
    Пол:
    Женски
    :pizza:
    Кај што причитав клизма.. мене за второво не стасаа да ми направат или што беше не знам.. само знам дека на напоните толку имав страв дека ќе направам беља, и само гледав во водата дали нешто има, а дома буквално пред да трнам за в болница стегнав пица цела :?: јадев на пауза од контракциите.
     
    На Freckles., PoisonGirl, Brpbrp и 4 други им се допаѓа ова.
  17. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    821
    Јас искрено не се прочистив многу од клизмата и после напраив лом на боксот ама не при напинањето туку пред тоа, ама од анестезијата не ни осеќав, среќа сестрата што беше цело време со мене беше толку многу фина и све исчисти и ми смени пред да дојде докторката за пораѓајот. Незгодна ситуација ама коа немаш контрола врз телото тоа е :D
     
  18. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    10.053
    Пол:
    Женски
    А каде се пораѓаше?
     
  19. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    821
    Во Систина
     
    На Viveki му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bebence29

    Bebence29 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Додека неможам да заспијам да ја пипам мојата втора породилна приказна
    На фризер се фенирам јас и почнува наеднаш да ме стега стомакот,еднаш два пати и се така…му збонам на сопругот да ме носи во болница.Одиме докторката ми вика има контракции,ми даде што да се напијам за дома дојди сабајлето ќе го вадиме бебето,одам сабајлето пак со стегање на стомак а никаква болка немам ме спремија за царски
    во 11 и 14 си ја запознав мојата втора среќа,тежок 3 кг и 50 цм :inlove::inlove::inlove:
    Нема поубаво нешто на светот да си мајка
     
    На Oneo, elenaklasik, ivance.. и 34 други им се допаѓа ова.