Дојде ред и јас да си јс пишам мојата породилна приказна Договорена со докторката за провокации, дојдов на цтг сабајлето во 8 - слаби контракции, и ме качија горе да ме спремаат. Се прочистив и ми пуштија провокација, веднаш почнаа контракции ама издржливи.Накај 11 дојде докторката ме провери бев 3cm отворена и ми го пукна водењакот. Е тогаш почнаа силни болки, ми ставија епидурал, за саат време почнав многу притисок да осеќам, ме проверија 8cm отворена. Отидовме во сала и во 14:23 се породив. Вечерта станав и се разочарав колку многу ме боли ама еве сабајлето е подобро и секое наредно станување е полесно. Супер задоволна од условите во ремедика и од докторката и акушерката.
Еве дојде време и втората породилна приказна да ја раскажам, 39+1 се породив. Едвај чекав да се породам . нестрплива веќе бев а знаци гледам нема никакви . Вторник вечерта реков ќе движам ќе ја возам ќерками со точачето ќе ја буткам може ќе испровицирам нешто. се извозевме дојдов дома зедов дворот ќе го метам да испровоцирам уште повеќе. не ми беше убаво ич наведната како стварно да го буткав се повеќе во канал бебе. Завршив се истуширав се средив како да ми кажуваше нешто дека наредна ден ќе раѓам. Си легнав вечерта ме стегна стомакот и се смири сум заспала наеднаш осетив кака болка и чуден звук ми пукна водењакот во 02 . Се облеков. а тоа тече ли тече, тргнавме за болница по пат уште болките одма на 5 мин ми беа. стасав кај 02:30 ме ставија на цтг и 3 прста отворена мее оставија рекоа има време. клизма не ми ставија . шетав цело време се трудев да ги дишам болките . почна напон да ми иде мислев за у веце е бев едвај се олеснив по голема. дојде бабицата рече ај на цтг . додека ме стави јас почнав напони убави да имам ме проверуваат 10 прста готово раѓам. докторот и бабицата се чудат колку брзо се отворив. клизма не ставивме викаат бабицата лута со докторот реков јас жената има убави болки. требаше одма клизма да ставиме. сама се чудев како се случи се толку брзо . Два пати напон излета бебуш малце пукнав. пуштив малку пак немам среќа со клизмиве ајде плацентата сега ме стиска бабицата не испаѓа како залепена со лепак ме скапаа од стискање и провокација ми ставија не сака да излезе и несака. докторот и тој ме стиска како ме стиска мене напони ми идат а требало да бидам лабава едвај издржав па имав среќа да не ја вадат внатрешно со рака на крај испадна.па следеше дочистување и ме шиеа малку шо пукнав. Пораѓајот беше прелесен и пребрзо беше се . Се почна од 02 пукање на водењак до раѓање на бебе 5:54 се роди. бебе супер 3300 53 цм долг
Конечно имам малку време да ја раскажам и јас мојата породилна приказна. 17ти вечерта бевме на гости и почнав да имам стегања константно, не ме попуштија цела вечер ама си реков сигурно не е време да раѓам, немав други знаци а секако стегањата за мене беа нешто нормално па не обратив многу пажња. Вечерта тешко заспав дури во 4 сабајле. Во спиење околу 10:50 мм во спиење ме гушна и онака ме стегна посилно и почувствував како да добив (како грутка крв да испадна) ама си реков ај секретот е можеби. После 5мин ми се примоча станувам одам во тоалет се измочав ама гледам уште тече нешто. Станав оно си тече ли тече го викнав мм се спремивме и тргнавме Систина. Ме прегледаа таму само врв на прст отворена ме примија и чекавме болки да добијам ама џабе до вечерта ништо. Тогаш ми се јави мојата докторка ми рече ако не добиеш болки до сабајле во 6 те качуваме во претпородилна и ке почнеме со провокации, така и бидна. Сабајле во 4 ми испадна чепот а од болки ни трага ни глас. Во 6 ме качија, ми приклучија окситоцин провокација и такс се мачев во болки до 10:50, во меѓувреме бабиците ме проверуваа на пола саат/сат ни абер да се отворам. Дојде мојата докторка ме провери јас уште врв на прст отворена, цервикс високо поставен едвај ме провери и тогаш кажа ке мораме итно на царски. Во 11 ме спремија, во 11:25 почна царскиот, 11:31 се роди мојата најубава кукличка Причина поради која не се отварав била дека бебушката моја се изместила излегла малку од каналот со главчето погоре се свртела и секако дури мама имаше контракции таа ме клоцаше во ребрата (поболно нешто Амин). Едвај ја извадија колку се заглавила. Мама пак би поминала низ истото уште 100 пати ако треба, само да ги гледам нејзините најубави очиња
Да ја шкртнам мојата втора приказна додека сум сама. 39+1 контролен преглед. Доаѓав на контроли на гак,од 36та недела 3-4 различни доктори ме гледаа. Така со недоверба дојдов и вчера,без да имам знаци за пораѓај си реков ќе ме откачат сега да дојдам за 2,3 дена. На вагинален преглед 2-3 прста отворена. На ехо доктор,млад(можеби и специјализант) гледа намалена плодова вода и ми најавува прием после цтг. Но немаше место,па требаше да се вратам попладне за да се ослободи кревет. Со недоверба бев кон докторот,па отидов кај друга докторка специјалист да ме види и да каже дали сум за прием. Ич не ми се остануваше,не сакав форсиран пораѓај и тажев по големиот батко дома. Докторката виде густа млечна плодова вода и според неа и тоа било причина за прием. Ама нема место. Доаѓам во 17ч ме прегледуваат, 3-4 прста отворена. Ама пак нема место. Ми викаат дојди во 20ч. Откако се испојавивме по еден куп луѓе за еден кревет на патолошка или родилна,се најде еден и за мене. Нит ми се остануваше,нит ми се одеше дома не знаев каков е ризикот со водата. Ме примија во родилна ми направија цтг,бебе тахикардично. Збори една докторка со друг доктор на тел дека организирала царски за една родилка,вика ама овде имаме тахикардично бебе. Мене нозе ми се пресекоа кога слушнав царски. Среќа тој ја откачи,ме боцнаа инекција и после се смири бебе. Ноќта почнав да добивам слаби менструални болки кои траеа некои 2-3 часа и цела ноќ ми испаѓаше чепот со крв. Утрото дојде др Кочовски со 20 луѓе околу него и ајт една по една на стол за преглед. Ме прегледа вели 7 прсти отворена,право на бокс,цтг и упатство за некој лек во инфузија на буквата о(за кој што сметам дека е провокација). Во 8 и нешто почнав да ја примам инфузијата,прво лежев,па рекоа да станам, почнаа појаки болки. Па ај подчучни,ај клати се лево десно. Фино соработував додека не се појачаа болките,после веќе се наведнував и ржев пред мене имав саат па ги следев беа на 3мин па на 2мин. Среќа имав малку време за одмор. Во меѓувреме 3-4 пати проверка и ширење со рака, кога на крај рекоа качувај се да напнуваш. Ме прашуваат дали осеќам напон,реално ни со првото ни сега не осетив,само им кажав дека ми се моча. Па ми шибна катетар ме испразни потоа ми даваа упатства за туркање,дишење и за кратко време после неколку туркања во 10:10 се роди моето бебе ме сецнаа и шиеа,велат исто како првиот пораѓај но мислам дека е повеќе,ќе проверам дома. Сечењето го осетив ,како тапи ножички не ми причини болка,ама затоа за шиење се учеше едно девојче па ме уби од тегнење со тоа конецот. И постелката со сите пропратни делови излезе лесно и брзо. Бебко ми го ставија на стомак да се запознаеме,дури и слика имаме Потоа додека лежев на бокс,завршена ми го дадоа и бебко до мене,за што искрено се зачудев дека го оставија. Еден час се погушкавме,па него го однесоа на миење,мене ме префрлија кај родилките. Како второ искуство,можам да кажам пофални зборови за двете екипи од родилна,и ноќта и утрото-тие кои ме пораѓаа. Но тешко дека ќе ги фалам овие од кај бебињата Дефинитивно полесно поминав вториов пат, се гордеам за отварањето 7 прсти со мали болки,да не ме убрзаа може ќе се доотворев со слаби менструални. Мене сеуште ова второ бебе ми е како во сон,како нереално да се случува,го гледам и ми доаѓа со името на првото да го викнам. Знам дека кога ќе си отидеме дома ќе ја почуствувам вистинската емоција и магија.
Браво,ти се исплатило соработувањето барем Килажата дали ви ја погодија? Баш ми е мачно тоа шиење кога ќе помислам, тебе брзо закренување
Kolku vreme te zadrzija vo Remedika posle carskiot? I jas tamu ke se poragjam, pa me interesire kolku vreme se ostanuva i na kolku vreme se odi na ctg?
Да е живо и здраво, колку убаво што ве оставиле да се погушкате и запознаете . Инаку да, окситоцин е провокацијата.
Моја грешка,не била на о Видов во картонот, Синто се вика. Како што претходно читав коментари дека болките биле ужасни со провокација,воопшто не беше до толку страшно.
Дојде ред за втората моја породилна приказна Понеделник на редовен преглед на ГАК, на цтг покажува мали болки, плод голем, грло размекнато, неотворена, протеини покачени, отоци многу, притисок варира. Докторката ме повика за 2 дена повторно. Среда јас со менстр.болки на цтг, прво нерегуларни а потоа регуларни контракции. Неотворена повторно. Ми ставија вагиналета за провокација и ме примија на патолошка. Болките ги дишев, но константно беа присутни, и по 4 часа од вагиналетката јас сеуште неотворена а болки си имам. Ми ставија диазепам и спазмекс, бебе се смири, и дремнав малку. Болките дури кај 21ч пак се појавија. Ми ставија уште 1 спазмекс, и се договоривме ако продолжи вака и утре ќе ме праве докторката царски. Само што исклучивме на моб, нешто пукна и филмски почна да тече водењакот. Си тече, си тече, мислам 1 тон вода истече болките се интензивираа. Веднаш ме прегледаа, веќе бев 5 прсти отворена. Докторката ми вели да одморам, за некој час ќе раѓам. Кој час, јас со силни болки нонстоп, во рок од 10 мин од пукањето на водењакот се отворив 9 прсти. Брзо во родилна на бокс од 22 и 30 кога пукна водњакот, во 23 и 15 со 2 напони излезе мојата Софија, втора љубов наша, 3740гр и 51см. Се беше ок, мн малку ме сецнаа, површински имам 3-4 кончиња и толку. Добро и брзо помина се овој пат, ви посакувам на сите да имате лесни пораѓаи и убави спомени од нив. Јас имам, фала му на господ, и нека бидат повеќето како мојот
Уште не ми се верува дека стигнав и ја да си ја пишам приказната овде, иако помина веќе една недела... На 8 јули станав многу рано со тапи менструални болки кои си ги чуствував поинтензивно последните два дена. Накај 8 часот го разбудив маж ми да одиме до продавница, сладолед да купиме ми се јадеше Како што тргнавме болките почнаа да се зголемуваат, па почнав да правам тргни застани, и кога влегов во продавница едвај го купив сладоледот, а продавачката ми вика ти кај си тргнала готова си ќе се породиш После саат и пол клај клај си дојдовме дома и јас веќе имав јаки редовни болки. Маж ми почна паника да го фаќа, ајде ми вика у болница да те носам, јас не па не, може не е ништо му викам лажни болки хахахахах. Од 9 и пол сабајлето до 1 саат попладне си шетав дома низ дневната и си офкав, па дојде комшиката да ме види (јас и се јавив да ме види да ми каже дали се породилни болки пошто е акушерка) и она поседе со мене пола саат, ми вика пакувај се и во болница, на пет минути ти се болките ќе раѓаш. Мене уште не ми се верува, а веќе едвај дишев кога ќе е фатеа болки. Накај 14 часот отидовме во Чаир, ме прегледаа вагинално 4 прста отворена со сукрвица, и одма ме качија во родилна. Ме ставија на цтг, и тука веќе ме фатија многу јаки болки, и за едно 40 минути почнав да повраќам од болки, а на цтг болки толку јаки не пожува Доаѓаат докториве ме прашуваат од што повраќам јас им викам од болки, ми викаат па не покажува болки цтг, и ми шибнаа антибиотик. Истече антибиотикот па ај да ме прегледаат, јас 7 прсти отворена, па ми вила докторкава леле па ти си се отварала па што не викаш, хахааа а јас и викам пави кажав дека ме боли (не ми веруваа декасе пораѓам зашто тивко си ги офкав болките) Ми ставија клизма и ги замолив да не ме врзуваат на цтг да постојам малце. Помина уште некое време, болки на најјако, само си стоев пред креветот и си ги стискав рачките, па дојде сестрата ми вика мора на цтг. Легнав, мислам дека не помина многу време и почнав нагони да имам. Дојде сестрата и кажав за нагоните ме провери и ми вика ајде на бокс. Се качив на бокс, ми укличја некоја инфузија и како ми доаѓаа нагоните така повраќав, докторот ми го пукна водењакот и почна да излегува бебе. 4 или 5 напони дадов, распукав, па ме исекоа и излезе бебчето мое, ми ја дадоа ја бацив и ја однесоа, па ме средија мене дадов уште некој напон излезе и постелката. Две докторки ме шиеа околу 40 мин со две мускулни анестезии, не ме волеше ама ги осеќав убодите. На крај ме оставија да лежам два саати да се стабилизирам па ме спуштија долу кај родилките. Тежок пораѓај имав и покрај тоа што соработував и ги слушав што ми кажуваа. Од персоналот сум презадоволна, сите беа максимално ангажирани од чистачка до сестра до доктор. Викаат се заборава се, јас уште ненсум заборавила но додека си ја гледам како спие, или додека ја дојам знам дека пак би го поминала истото за неа... Така девојки мои, на сите ви посакувам лесен пораѓај и да си ги гушкате бебушите нема ништо поубаво на светот.❤❤❤
Точно е дека се заборава,ќе видиш за некој период И вториот пораѓај е полесен да знаеш Нека ти е здрава и жива.
Честитки Во колку часот се породи? Браво за за прво бебе изгледа многу храбро и брзо. Се надевам и јас брзо ќе завршам
Седнав да ја напишам мојата приказна после цели 7 и пол месеци. Беба карлично поставена. На ЦТГ и прегледи во Чаир одам еднаш неделно. До последно верував дека ке се сврти ама неќеше. Од толку киселини што имав и не можев ништо да јадам од гадење ,ниедно ЦТГ не излегуваше саглам, па ги лажев сестрите во Чаир на прашањето дали сум јадеа и пиена - викав ДА . Па секогаш ме враќаа на второ. Во 37ма недела и некој ден одам кај Илиевски на преглед. Ми вика - ке раѓаме? Викам жити бога ,побрзо ,ни сум јадења ни сум спиена ко човек. Закажуваме царски за понеделник 38ма недела. Одам во неделата на прием. Докторот на прием ми праи ЦТГ - ауу што убава контракција имаш ми вика. Ама викам каква контракција ,чекај утре ќе раѓам царски . Пола ден и цела ноќ ,не склопив око. Заспав во 6 и пол а во 7 дојдоа за инфузија. Почнаа една по една од соба да ги носат ,а јас почнав да си плачам . Страв од царски невиден, ама плачам и од среќа зашто ќе си ја запознаам љубовта на животот. Доаѓа Илиевски во соба ,јас плачам,он ме теши . Ме земаа во 9 и некоја минута. Веќе во 9 и 22 беба се роди. Ми ја дадоа да ја бакнам ,и тоа беше најубавиот мирис кој до ден денес го осеќам. Чиста ,преубава ,прекрасна . Никогаш порано не сум видела совршенство . Кога ја видов неа,реков ЕВЕ тоа е тоа. И еден ден ,кога ке бидеш доволно голема ке ти кажам едно големо ИЗВИНИ за мојата ППД и за тоа што имаше денови кога не можев да станам и само плачев. И за тоа кога наместо да те држам во раце ,те држеше баба ти додека јас вртев кругови од страшни панични напади . Ке ти кажам извини ,што не бев доволно упорна во доењето заради депресијата и за тоа што те оставав со баба ,додека јас трчав по дежурни. Некои работи не можеме да ги спречиме и се посилни од нас. Ама затоа ,сега имам љубов за која можам веднаш во овој миг да дадам живот. И нема ништо поубаво од тоа.