Мноогуу сте се породилее, бравоо !! Сега ве читам сите, честитки, нека ви се здрави и живи бебушките, ајде сега во бебиња
Се мислев дали да почнам да ја пишувам мојата приказна, ми буди многу измешани емоции, и уште е свежо, но ќе се потрудам. Терминот ми беше 10ти јули. Вечерта накај 11 часот чувствував по некоја контракција, но не бев сигурна дали е тоа тоа. Во 1 часот по полноќ ми почнаа контракции на 10-15мин. Кога се зачестија, накај 3 часот се јавив на бабицата што ми ја водеше бременоста. Дојде да ме провери, 2 прсти отворена, ми рече да почекаме и за 2 часа ќе дојде пак. Во меѓувреме контракциите ми дојдоа на 3 минути, што беше многу брзо. Се јавив да дојдат пак, ме проверија, 6 прсти отворена. Веќе дојде утро, тргнавме накај болница, ме примија во соба, беа акушерките таму, јас веќе го достигнав врвот на контракциите, по речиси 12 часа контракции, цела ноќ, изгубив и сила. Тука пак проверка, за 40мин колку бевме во болница јас се отворив од 6 на 10 прсти. Дојде моментот на туркање, јас веќе бев со 0 енергија, малку зашеметена. Ми го пукнаа водењакот, катетар, и видоа дека водата е кафеава. Викнаа тим од болницата да превземе, ставија цтг. Дојде момент за туркање, но јас веќе немав контракции. Изгледа телото ми беше преморено, или го закаснивме трукањето, бидејќи никој не очекуваше дека ќе се отворам целосно во рок од 40 минути. Ми ставија провокација, не помогна баш. Телото ми беше изнемоштено до овој момент, како во магла ми е се. Туркав најјако што можев, со тронка сила што беше преостаната во мене, мислам ќе се онесвестев во секој момент. По час и половина обиди, 3 сменети позиции, почна да излегува бебуш. Болно беше многу, но барем знаев дека крајот е близу и скоро ќе си го запознаам синчето. По некое време конечно, на пладне, се роди нашето бебуле. Ми го ставија на гради, чувството беше нереално, а и јас бев сеуште во шок, што од болки, замор. Поради тоа што се напил од водата, мораше да му дадат кислород неколку часа и да му го исчистат стомачето. Но сепак можевме во било кој момент да одиме да го видиме и да поседиме со него. Вечерта на среќа, се беше добро, кислородот му се регулираше, му ги извадија маските и цревцата од уста, и конечно со го видовме бебчо како што треба. Најмило, најмеко бебенце на свет, и тој беше изнамачен. Прилично тешко го поднесов момент дека моето тело не соработуваше со мене баш во моментот кога највеќе ми требаше. Но сум горда и среќна што успеав да се изборам. И срцето ми е полно кога ќе го видам малиов прцуш. Го пишувам ова со солзи во очите, сеуште е свежо чувството, изгубив верба во своето тело, и тешко ми е на моменти, но се трудам да сум за него силна. И маж ми ми е огромна поддршка. На крајот од денот, благодарна сум на Господ што се добро се заврши. Со среќа на сите, и ви посакувам многу полесен пораѓај.
Еве ја и мојата прва породилна приказна. На термин кога бев на преглед докторот ми рече да останам или да дојдам следниот ден. Дојдов во во болница 40+2 без болки отворена 1 прст, со симнато бебе. Др рече дека постилката била зрела и ако не истиот ден, болки секако ќе почнеле другиот ден. Во 8ч ми стави провокација, во 9 ми наместија катетер за епидурал. Во 10:30 ми го пукнаа воденикот, со насоки да трпам болки дури можам за да не го закочиме процесот на отворање поради епидуралната. До отварањето 5 прсти не ни сетив болки, само мн ми беше болен прегледот колку сум отворена. Отворена бев 7 накај 8 прсти кога побарав епидурал да пуштат од страв да не го пропуштам интервалот каде што можам да побарам. Тука работата закочи, беше околу 13ч. Скоро сите болки ги поминав на нога, полесно ми беше. Ама поради епидуралот немав веќе никакви болки, дозата изгледа беше голема и ништо не чувствував. По 2ч помина дејството на анелгетикот почнав мн силни болки да чувствувам и не можев да издржам, и мнооогу бавно се отварав до 9 прсти. Не сакаа да ми пуштат епидурална, ама др кога дојде виде дека пребрзо тече инфузијата која и кажа на сестрата да ја пушти по 5 капки на час, а тоа течеше по 5 на 5 минути. При тој преглед со рака плачев како мало бебе. Тогаш сфати дека имам премногу болки поради погрешно пуштената инфузија и ме пушти со уште малку епидурал. После тоа веќе се одморив добро и зедов сила, тоа беше околу 16ч. На цтг тоновите цело време супер. Околу 17:30 болките почнаа поинтензивни да се и др виде дека конечно мрднавме од 8 и бев отворена 9 прсти. Ова е супер рече. Контракциите ги дишев се дури не станаа неиздржливи и ми рекоа да туркам како за во вц, ме прегледа акушерка и му вели на др оваа абер нема од отварање уште е 9. Др дојде, ме провери тој и веќе ме доотвори со рака (преболно) и ми кажуваше како да туркам. Силно почнав да туркам околу 18ч, тој притискаше одозгора на стомак и ми помагаше многу. Побарав уште малку аналгетик ама бидејќи имам друга дијагноза не ми дозволија и практично скоро без аналгетик поминав, малку само ептен на крај кога веќе главата излегуваше. Во 18:38 се роди Петра со туркање околу пола час. Од докторот сум презадоволна и немам зборови колку ми помагаше и ме бодреше. Акушерката толку ме критикуваше, особено во крајниот дел од пораѓајот што се осетив како да не сум доволно мајка. Можеби кај некој "пали" таков однос, кај мене имаше спротивен ефект. Како секој пат да ослабував со туркање кога ќе ми искоментираше така. Ете велеше, бебево главата ја гледам дека докторот турка, не туркаш ти. Кога излезе и ми ја ставија на гради веќе бев хај од тоа дека заврши туркањето, дека таа е добро и дека ми е во раце. Само се смеев и велев дека ми е љубов. Не ми дојде ни да плачам. Се на се добро искуство, бебе беше добро цело време, а тоа што мама се помачи иако со епидурал беше сепак издржливо.
Dojde na red i jas daja napisam mojata treta porodilna prikazna... İmav zakazeno pregled za vo vtorniik..stanuvam.sabajle pocnaa nekoj bolkii Kako kontrakcii aj vikam mozda SE lazni posto ne bea mnogu jaki...Kako pominuvase vremeto pocnaa sve posilni da.bidat i pocesto dojde saatot za na zakazeniot pregled ctg Dobro doktorka elma vika aj da vidime pregled so.raka posto i kazav DEKA imam bolki od sabajle ...koga 3santima vika si otvorena morame da të zadrsime da të imame pod kontrola do utre sabajle kese porodis... İ jas i vikam moze li da idam do doma da Sigi vidam decata posto jas dojdob na pregled ne znaev DEKA keme zadrzat i sakav dasigi vidam üste ednas i doktorka elma vika vo red idi doma ama.vo 21 casot da SE vratis za priem tuka vika Ako pocnat pocesti.bolki ne cekaj ni 21 casot da bide tülü odma trgnuvaj... Dojdov doma zemav torbata Si gi vidov decata i placejki trgnav nakaj bolnica... Me primija vo 21 casot odma mi stavija ctg,ctg registrira bolki do 100ka pregled so raka 6santima... Mi stavija provokacija i.pocnaa jakite bolki pobarav epidural mi stavija Ali nemi fati Sigi osekjav bolkite doktorka elma se zacudi Kako moze da osekjas tolku bolki...i.ajde na.boks veke bev 9 santima i so dva napona izleze mojata princeza vo 22:48 casot...nesum ni secena ni ispukana ni Siena... Super pominav Sega sija galam do mene i nemise veruva seuste sum Kako vo son denes napraivme Edna nedela letat denovite
Jas ne sum zadovolna od epiduralot bolkite Sigi osekjav a koga dojde momentot da davam napon pocnav da ne custvuvam nemozev da davam silaa i doktorkata mi rece tebe pocna da ti deluva epiduralot na kraj zatoa ne gi osekjase naponite....İ posle toa imav ogromni glavobolki pritisok visok 1 nedela jas imav problem glavata nenormalno me.bolese mi SE vrtese...da ragjam pak nikad veke Nebi zemala epidural
Колку лесно изгледа кога читаш нека ви е жива и здрава ❤️ ми даде надеж дека веќе третиот пат е барем малце полесно
Епидуралот треба одма да делува и точната доза да се одреди. Можеби ти го појачале на крајот. Треба да осеќаш само стегање и напони, болка не.
Третиот пат е најлесно, бар кај мене беше, од први болки во 1:30 кои се трпеа, до кај 6:30 немав гајле, после тоа ме фатија јаки и во 6:55 бев породена
Ај додека си лежам и офкам да си пишам и јас. Преглед и цтг во средата докторката вика во петок уште едно цтг и се договараме како ке биде пораѓајот во понеделник, дали царски или со провокација. Доаѓам јас во петокот во 9:30ч. ме ставаат на цтг, доаѓа сестрата па докторката па пак двете заедно и се гледаат меѓу себе, си излегоа и ете ја докторката по 5мин доаѓа и ми вели бебе денес сакало да се роди, со ова цтг јас дома не можам да те пуштам, воопшто не ми се допаѓа. Ме качија горе ме ставија на цтг, инфузија, клизма во 11и25 веќе бев во сала. Бебле кресна во 11и40 со цел глас што го имаше. Ми го дадоа да го видам, и го однесоа да го средат и него и мене. Се роди 3870гр и 51цм љубов, мој Димитар. Сега ми го носат, повремено го земаат да јаде, јас еднаш станав, боли раната, после пак ке пробам. Неочекувано, брзо и кога бебе сакаше, ме направи мајка
Здраво, 39 недела сум и од пред еден час бебето ми е баш активно како никогаш до сега. Дали мислите дека може да се спрема за излегување или јас така си мислам бидејќи со нетрпение го очекувам
Ajde i jas ke si ja napisam mojata prikazna,mozebi trebase mnogu porano no bev sekako srekna no i razocarana sama od sebe okolu poragajot.Prvoto dete go rodiv na 23 god vo drzavna b.Strumica brz poragaj se na se 5 casa ispukav me siea.Vtor poragaj 2ro masko isto dr.bol priroden por isto brzo zavrsi se nemav sienje ne ispukav ne me secea...E sega 3tiot sw poragav vo privatna bolnica.Posle 8 god ostanav trudna za 3to ne deka se si zaboravil no pak bev kako silna do kraj i si vikav ajde epiduralna ke zemam sekako imam vo paketot i ne razmisluvav kako ke bide.Bev so.mnogu otoci terminot mina 5 dena i mi kazaa deka veke mora da se proba so provokacii.Najmnogu od se mi bese strav od provokacii neznam zosto psihicki li bese so se sluci den denes ne sum svesna...Vkljcivme provokaciiod sabajle od 8 do 13ch sw otovoriv 6 prsta,megytoa bebe visoko bolki kontrakcii na 2 minuti neizdrzlivi strasni pocna da me faka panika i strav mnogu ....Me smiruvaa personalot,i im kazav stavete mi epiduralna ke go prodolzam poragajot no bilo premnogu kasno mi kazaa deka se stavali na 4 prsta i deka veke ke nemalo efekt jas dobro sum izdrzala do sega.Mi povtoruvaa ama vaka nisto nema da napravis.im velev da ama nemozam da izdrzam nekako panika me fati bolki strasni i ne mi stavija.So toa sto jas samoinicijativno kazav da se vikne doktor i deka sakam carski rez.Posle toa mi stavia spinalna veke i taka se zavrsi so carski rez.Si go dobiv najgolemiot dar kerka posle dva sina.No nemozam i den denes mi e maka zosto ne bese prirodno.Istrpev i posle periodot od carski znaeme kakov e bolen ,luzna i poveke bespomosna,i se zaboraviv eve veke mesec ipol,no n3mozam uste psihicki da si razresam dali jas naoraviv, greska dali tocno bese kasno za epidural,dali barem malku ke me opustese za da se porodev prirodno...Kako i da e silni sme site kako i da rodime ,sme nosele i stvorile zivot 9 meseci.
Мајка зошто такви мисли за царскиот, мислам реално глупост е да бидеш разочарана оти си родила царски, плус трети пораѓај и веќе два природни си имала, знаеш како е. Место за разочараност нема ама никакво, си создала и износила три животи и треба и тоа како да бидеш горда на себе. Што и да си направила ако бебето било високо немало да се спушти за природно, јас во последен момент завршив итен царски и е најдобрата одлука која ја донесов оти да не ја донесев немаше да заврши добро ниту за мене ниту за бебе, така да мисли си дека најдобра одлука била за царскиот и тоа е тоа. Покрај се што имаш за грижење сега со 3 деца, мислењето на царскиот треба да ти е на крај памет. Најдобра мајка си, без разлика на кој начин си родила.