Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Bubica1991

    Bubica1991 Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Ne nemam nisto loso za carskiot jas go osetiv cuvstvoto kako sto bese i so prirodnite poragaji,koga go izvadia bebceto i koga zaplaka nemav razlika..Okolinata domasnite site prasuvaa e zosto,e kako pa na izleguvanje od bolnica isto iskomentoraa i vrabotenite Jas sum sakala,tocno jas sakav zosto 1000 raboti mi se vrtea vo glavata i bolki istrpev i se drugo.Sega sum si srekna zaboravuv se no mora mora da se podigne svesta i vo privatni i drzavni bolnici malku poveke da se razgovara so trudnici i rodilki...I svativ deka koga ja delev rodilnata soba so uste 5 cimerki so bebinja bev posrekna odkolku sama vo apartman i taka natamu.
     
    На annaitose26, lackygirl и 1209 им се допаѓа ова.
  2. baby 5

    baby 5 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2016
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    5.165
    Пол:
    Женски
    А ти се замараш кој што рекол?? Ма немој душо ич на акл да ставаш си се породила како било најдобро и за тебе и бебенце да сте живи и здрави сите :* јас со мојот втор син уплав имав од царски ама кога веќе не му се слушаа срцеви тонови и провокации скинав и ЦТГ извадив и на мм му велам вади ме од тука ќе умреме и двајцата па завршив итен и многу стресен царски буквално ко у хорор филм... Затоа ич не ми беше гајле кој што рекол битно сме здрави и живи:* гушкај ги тие сонциња и уживај гушкиии
     
    На cresa-jagoda, Ouravanture, IRBBB и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Bubica1991

    Bubica1991 Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Fala duso isto i na vas se najdobro
     
    На baby 5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.965
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да ја споделам мојата приказна додека бебе спие. Се разбудив во сабота сабајле со болки на 10мин. Траеа многу кратко по 10тина секунди, но беа на точни интервали. Го известив докторот дали да тргнуваме за Скопје (Систина), тој рече да одиме да ме прегледаат. Земав ранец за секој случај, кога стигнавме во 12 дента бев отворена 4 прста и рекоа дека останувам. Сите припреми следеа и вечерта накај 8 часот отворена 6-7 прста дојде мојот доктор и ми го пукнаа водењакот. Ме однесоа на бокс, добив епидурална и провокации мислеа дека ќе се убрза процесот, но ништо. Ме чекаа до 10 часот но не се случи ништо, не се отварав повеќе и тогаш докторот ме праша дали сакам да исклучиме провокации и да чекаме до 6 сабајле макс. или сакам царски. Јас му реков како мислите вие и тој рече вреди да чекаме до сабајле. Ми исклучија провокации и ме оставија да одмарам цела вечер со епидуралната. Цело време имав приклучено цтг, се отварав полека но бебето беше мн високо. До 1 часот се отворив 8 прста, имав болки на 10мин до 6 сабајле се отворив скроз но бебе беше сеуште многу високо и малку искривено со главата. Докторот веќе бил повикан во 9 да правиме царски, но во 8 дојде нова акушерка на смена малку строга но знаеше што прави. Ми рече јас тебе не те пуштам на царски. Цела вечер си трпела предизвик е и мој и твој да се заврши спонтано. Стави провокации на 100ка и му ѕвонеше на докторот и кажа ќе дојдете на мој сигнал.. и тогаш ме почна.. клеки, стани лево десно, бркаше уште што не цело време околу мене. Болките станаа мн јаки но многу ме охрабруваше да издржам, цело време правеше не знам што со раката во мене:D По некое време дојде докторот и веќе беше време за туркање. Туркав сигурно повеќе од половина час, но многу ме охрабруваа и во 10 и 5 излезе бебчо. 3600г и долг 52цм. Си добив и епизиотомија, па ме средиле убаво :D среќна сум што чекав и што ми се погоди таква акушерка во точен момент. Иако се намачив, но нели се се заборава :D;)
     
    На Ladyme, warrior, cresa-jagoda и 41 други им се допаѓа ова.
  5. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.059
    Допаѓања:
    118.953
    Пол:
    Женски
    Многу убаво што ги спомнавте акушерките.
    Од цел пораѓај паметам како докторката ми кажа "не затварај очи кога раѓаш, живот даваш, и те следиме кога не гледаш" и акушерката која буквално раѓаше со мене, дишеше со мене и секој напон го помина со мене. Таа жена само тогаш ја видов а ми беше како ангел, би ја гушнала сега. Ко мајка ми да беше со мене, толку многу и верував.
    :l:
     
    На WhiteCat33, warrior, cresa-jagoda и 43 други им се допаѓа ова.
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.820
    Допаѓања:
    23.613
    Пол:
    Женски
    Да ја чкртнам втората приказна дур сум на болница :D
    Закажан царски, 38+2 недела, ноќта пред тоа останав будна од возбуда, во 3ч се прочистив со клизма, во 7ч Битола на болница. Одма почнаа припреми, инфузии, пак клизма, па катетер и во операциона сала, многу посмирена овај пат, гледав да не паничам и добро поминав, во 09:05ч се роди маже бр. 2 тешко 3850г со 51см :inlove: одма почна да плачи силно :D ми го дадоја да го бацнам и потоа го однесоа.
    Па 24ч на интензивна нега, нон стоп инфузии, за болки лекови итн... Е денес беше првото станување :wasntme: кој поминал знае како е :whew: па пробувам станувам цел ден се движам по малку, бебе видов само 1 сат денес, пробавме со доење и одма фати да влечи силно, изгледа ветувачки како за почеток :sun: допрва е опоравувањето ама најтешкото помина.
     
    На WhiteCat33, cresa-jagoda, mariz и 38 други им се допаѓа ова.
  7. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    10.038
    Пол:
    Женски
    Честитки Лаки, ти си една од членките заради кои ги проверувам темиве, ве чекам да се породите. Живи и здрави да сте и голем да расте синко ❤❤❤
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.820
    Допаѓања:
    23.613
    Пол:
    Женски
    Фала да сте живи и здрави :inlove: :inlove:
     
    На Viveki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. annaitose26

    annaitose26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    Cestitki mnogu da ve raduva!!!
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Shaya

    Shaya Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    375
    Дојде денот да споделам и јас, не ми се верува уште :)) 2 3 прста отворена и со надминат термин се договоривме со докторот со провокации да биде, попладнето пристигнав во Систина, одморив до полноќ, ми ставија вагиналета, па болките почнаа за неколку часа, околу 3 сабајле. Утрото накај 6 ипол веќе имав се посилни контракции, шетав навака-натака оти повеќе ме болеше додека лежам. Се уморив на нозе и во 7 ипол задремав еден час. Престанаа и контракциите.

    Во 8 ипол дојдоа и ми ставија провокации во инфузија; па за пола саат ми го пукнаа водењакот; кога бев веќе на 5 ипол цм. отворена. После водењакот одма дојдоа и за епидурална. Откако ми ја ставија доаѓаше акушерката и проверуваше како сум, мене почна мн. да ме боли едната страна, кога уствари се испостави дека епидуралната не фатила од двете страни, оти пројде еден час откако ми ја ставија. Мајко мила ги осетив трудничките болки на една страна и морам да кажам дека болката не е шала, мнооогу болеше кога надоаѓаше, ама за среќа е нели, во интервали. Во 11.15 веќе бев 10 цм отворена и ме ставија на бокс. Тука се чекаше да засилат уште малце контракциите, почнав да снемувам енергија, ама со вежбата од акушерката да дишам и буткам кога осеќам контракции, на пладне се роди моето бебенце... Пораѓајот траеше 3 минути во 3 напнувања излезе со само 1.5 цм шиење...

    Пресреќна сум како излезе се, болеше ама само тие 3 часа беше така пострашно, односно баш оној еден час пред да се роди; другото се трпи и порачувам секоја идна мајка да не се плаши и да ги слуша докторите и акушерките!!! Ќе биде се во ред...

    Она што јас научив и ќе споделувам со идни мајки како првородка е дека мора психички да сте спремни и да не ја трошите енергијата на викање туку на дишењето. Јас се породив кај Младен Ристески во Систина и покрај поделените мислења јас подобар пораѓај не можев да посакам и секаде ќе го препорачувам, а ако даде Бог второ пак ќе одам кај него. Презадоволна и од акушерката која беше многу многу смирена. Многу ми помогна во последниот час кога болките станаа пресилни...

    Сега овие два дена се опоравуваме, малце боли кичма од епидуралот и вагината ама со секој саат се подобро се осеќам... Посакувам со лесно на сите што си чекате!!!
     
    Последна измена: 19 август 2023
    На Veki4kaa, WhiteCat33, 24.07 и 29 други им се допаѓа ова.
  11. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.948
    Исто скроз. Таква жена смирена, само со душо ми се обраќше иако јас бев родилка која реално не соработува.
    Оле од ГАК, да си жива и здрава, уште многу здрави бебиња да донесеш на овој свет:l:

    Утрото дури дојде и во соба да ме види, била и бебето да го види и уште кога се погледнавме двете, се изнасмеавме без да искоментираме ништо ( а смеењето беше за тоа каква катастрофа бев на боксот:$)
     
    На WhiteCat33, Fenix05, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.059
    Допаѓања:
    118.953
    Пол:
    Женски
    Може и Оле била и кај мене, колку убав впечаток ми остави.
    Такво чувство имав, цел напон ми го дишеше со мене.
    Секоја чест.:clap:
    Првиот напон и јас не соработував, но брзо ме врати таа на прав пат, фала и до бесконечност.
    Од првиот пораѓај не ја паметам акушерката, оваа сега да:l:
     
    На cresa-jagoda, mal.ecka, Bjanka82 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.202
    Пол:
    Женски
    Cestitki mila neka ti e zivo i zdravo bebceto
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lili90

    Lili90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2020
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Да ја раскажам и мојата втора породилна приказна :)
    Се скаравме со мм, за глупост вторникот према средата и си легнав лута... кога оп почнаа болку мали, кои ме разбудија од спиење накај 12 ипол. Викам, што е сега ова? Со првото ми пукна водењакот и беше тоа тоа, ова малку чудно некако ми дојде. Маж ми стана, што е вика? Викам ич да не ти е гајле :) хахаха ама накај 1 веќе му викам "дај спремај се да идеме во болница" додека да стигнеме не фати 2 некаде часот. Ме прегледаа, некаде 3 прсти отворена, а јас веќе така поголеми болки. Докторот вика ќе ја примиме. А најјако беше што цтг не ми ги регистираше болките, како да ги немам :(
    Ајде ме примија, крв ми земаа, испитувања ау мене болките веќе се поголеми. Ме проверуваат скоро 5 прста. Ајде одма во родилна на епидурал и на бокс. За разлика од првото, сега епидуралот ми фати целосно, не само на една страна, па малку здивнав од болки :) на 9 прсти ми го пукнаа водењакот, исклучија епидурал за да осетам напони и тука малку избројав ѕвезди ама кратко беше :) Буквално со еднп туркање излезе моето лавче. Чисто и бело како снегче. Се на се, стигнав во болница во 2, се породив во 5 :) прекрасно искуство кое на сите го посакувам ❤️
     
    На WhiteCat33, 24.07, Fenix05 и 41 други им се допаѓа ова.
  15. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.588
    Допаѓања:
    4.317
    Пол:
    Женски
    После скоро 5 месеци да ја напишам и мојата породилна приказна.
    Голем дел од вас знаете каква турбулентна бременост имав,епа и крајот беше таков,неизвесен.
    На 21 март бев на контрола кај докторот што ке ме пораѓа и се договоривме да ме породи следниот четврток на 30 март или на 5ти април, со тоа што ми даде рецепти за Флостерон и рече да ги примам утредента едната и другата другиот ден.
    Бременоста мораше да се заврши заради бубрегот,беше притиснат од целиот притисок од матката и не функционираше,беше “заспан”. Плус плацента превија тотална имав. Цела бременост со уринарни инфекции,цело време со антибиотик бев. Плус гестациски дијабетес.

    Требаше на 22 март сабајлето да одам на нефролог да видиме како е состојбата со бубрегот дали може да се чека уште една недела,две за пораѓај.
    Арно ама станувам сабајлето се спремам за да одам,одам во тоалет кога гледам цели гаќи се по мене крв. Свеста ми се зема мислам,почна и раце и нозе се да ми се тресе,мислев готово останав без бебе. Одма се јавив на докторот што ке ме пораѓа рече одма доаѓај во Систина спремам тим се,можно е да одиме во сала,прво ке те прегледам,рече само смирено полека возете.
    А јас договорена со мојте да ме носат на нефролог,ме чекаа доле пред зграда на паркинг незнаат дека уствари во Систина ке одиме. А маж ми спиеше реков нема да го будам одма.
    Отидовме накај Систина стигнав,одма ме хоспитализираа дојде докторот рече дај да видам крварењето,ме виде рече добро,ке пробаме да го смириме.
    Ме ставија на цтг. А јас и контракции сум имала покажа на цтгто планини а јас ништо не осеќав.
    Одма примив Флостерон,и Атосибан дирекно во вена еден и одма после него друг што ке тече во инфузија 24часа. Утредента се смири крварењето се смирија контракциите ми продолжија уште еден атосибан уште 24часа. Смирено си беше се така и докторот рече ке те пуштам ако е се така мирно до сабајле да одиш дома и во среда на 29ти март да дојдеш за прием и да правиме царски рез во четврток. Арно ама сабајлето покажа на цтгто пак контракции до 50 а јас пак ништо не осеќав. А и бебето ми беше многу успано од Флостеронот.
    И рече нема дома одење ке мораш да останеш и примив уште 2 атосибана и останав уште два дена. Лежев 5 дена и ме пушти дома понеделникот. Реков е добро е да одам дома да се избањам да се средам па да дојдам да ме породи.
    Понеделникот дома нонстоп лежење,вторник поручекта одам во вц гледам парче огромно крв згрутчена како џигер и многу крв. Пак паники се јавувам викам докторе јас пак почнав да крварам,и ми вика е многу убаво,ајде одма спремај се и доаѓај.
    Отидов пак ме примија во болница дојде одма и анестезиолог ми зема податоци се што треба,дојде и мојот доктор ме прегледа рече ке следиме ако нешто биде или пак почне крварење одиме во сала нема да чекаме четврток. Иначе четврток ми закажа за 12 попладне,царскиот рез. Со резервирани 4 единици крв и 4 плазми.
    Ризикот со плацента превија тотална,поготово мојата плацента која беше така многу лошо на некое недостапно место поставена,е на операцијата да не може да го сопрат крварењето па да треба матката да ми ја извадат и ризик за бебето од анемија.
    Се смири во болница крварењето ме следеа така нонстоп со цтг и со душа чекав да дојде тој четврток.
    Четврток сабајле дојде докторот мој ми стави Урбазон рече да го доспремиме бебето за надвор да дише самостојно. Ми ставија и клизма се прочистив и си чекав да дојде 12 часот за да ме носат во сала. Времето никако не проаѓаше нити можев да спијам од возуда,страв,помешани чувства,што ке биде со мене и бебето..
    Дојде 12 часот дојде сестра со количка рече ајде време е да одиме во сала. Му пишав на маж ми порака дека одам во сала и ке се јавам кога да дојде.
    Во сала ме пречекаа еден куп сестри и доктори. Се договоривме да бидам со целосна анестезија заради тежината на операцијата,плус да не слушам и не гледам ако нешто тргне наопаку а имаше големи шанси за тоа со мојте дијагнози.
    Легнав на операциониот кревет ми наместија инфузија,ме боцнаа уште на едно место за примање крв,наместија холтерот,ми ставија катетар ми ставија параван пред глава,докторот мој дојде рече сега ке те мачкам на стомакот да знаеш зошто кога ке те успијат да можам одма да го вадам бебето да не губам време на мачкање,зошто анестезијата одела и кај бебето па да не било успано.
    И така докторот ме мачкаше и си ги видов ноктите на рацете лакирани. Си викам леле како заборавив лакот да го извадам. Му викам на анестезиологот имам лак на ноктите и ми вика е ако де супер црвена боја. Нити рече дека смета нешто нити ништо.
    Ми ставија кислород да подишам малце пред да ме успијат. А јас прашувам дали ке осетам нешто кога ке ми стават анестезија. И ми вика анестезиологот да ке осетиш дека ке ти се спие. Ок викам ајде.
    И вика на сестрата ајде ставај,а тебе добар сон Ана Марија,погледнав нагоре и толку не знам ништо понатака,се изгубив.
    После скоро два часа операција се разбудив во собата за будење,пијана саглам. Гледам во рака ми тече инфузија во другата рака ми тече крв транфузија,докторот мој доаѓа го гледам 5 пати. Се губев некако. Многу крв сум изгубила рече.
    Прашав само бебето како ми е рекоа во инкубатор го ставиле на интензивна нега ама нема да има потреба ке го изваделе па ке ми го донеле во соба. Прашав и дали имам матка,рекоа дека ја спасиле и матката едвај. Со последни сили мислам,кренав чаршавот и гледам две црева едното од катетар и оп уште едно. Викам ова е дрен сигурно ама неможев да сфатам каков и кај е ставен. Тоа било уствари балон катетар внатре во матката балонот полн со течност да држи цврсто за да не крвари матката и плус цревото за да собира крв да следат колку ке крвари ако нешто тргне наопаку да ме носат пак во сала за вадење на матката.
    Истече трансфузијата на крв одма ми ставија и плазма да примам. Побарав нешто и за болки одма ми ставија ама џабе не помагаше многу.
    Плазмата како ја примив така ми се разбистри видот секундарно и се освестив од “пијанката”.
    Побарав телефон да се јавам на маж ми. Се јавив тој веќе беше тука во болницата.
    Мене во соба одма ме однесоа,пола саат дали лежев во собата за будење. Стигнав во соба дојде маж ми си честитавме и си го чекавме бебо да го донесат да го видиме. После два саата го донесоа и него и конечно бевме комплетирани.
    Се роди мојот Даријан 48цм и 2560грама тежок во 35 недела.
    Ми го дадоа одма да го гушкам,толку беше мек како памукче,замотан во тетра пелената како кифличка. Љубов на прв поглед,во моментот и рана прекина да ме боли и се беше готово заборавено. Во моментот знаев дека се што поминав вредеше и пак би го поминала истото.
    После дојде докторот мој и прашав зошто толку време траеше операцијата,што се случило,рече се случило големо крварење па после уште нешто се случило,се собрале 20 души во сала,почна да ми кажува реков добро доволно е,може подобро и да не знам. И со бебето нешто се случило го испитуваа за анемија да не има. Битно се помина како што треба,еве сме живи здрави растеме се навикнавме еден на друг. Кога го гледам него си се прашувам како ми било до сега без него. Сфатив што ми фалело во животот,а сега го имам.
    И нема да ми остане ниту бременоста ниту пораѓајот како некоја траума,размислувам и сакам второ па и трето дете.
    Ова е мојата породилна приказна.
     
    На Ladyme, Лалина, Barbara_barbs и 78 други им се допаѓа ова.
  16. BadKarma94

    BadKarma94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2021
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Си поплачив малку за тебе мајка... секоја чест за храброста :muscle:
     
    На Sunrise!!!, cresa-jagoda, Tea678 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Dzulija*

    Dzulija* Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2015
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.112
    Пол:
    Женски
    Здраво и живо да е.
    Се си поминала, силна мајка.. Делот кога пишуваш дека пак би поминала исто и дека сакаш уште деца ме стопи. Браво така и треба па тие се смислата на животот и нотмално ете си поминала едно искушение но Господ ве чувал и и секоја бременост и пораѓај се различни.
    Се најубаво
     
    На cresa-jagoda, Mom's_life, IRBBB и 4 други им се допаѓа ова.
  18. MiLa1008

    MiLa1008 Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2022
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Мојата породилна приказна со првото детенце. Имав бременост со болки и во која морав многу да одмарам, веќе во 9ти месец поминаа болките и се осекав ко да не сум бремена. Се породив во систина, на контрола ми рекоа дека на цтг покажува контракции и утрето вечер да одам во болницата да се спремам за пораѓај. Отидов без болки, ми ставија провокација ноќта, чекавме скоро 12 саати споро се отварав само 3-4 прста а и бебето беше високо. Сабајлето ми ставија епидурална за да не ги осекам ни тие минимални болки но немаше напредок, дојде докторката која ме пораѓаше (со неа во разговори се договаравме да бидам природно, и сеа како шок ми беше царски, претходно не ни истражував не ни ја знаев постапката за царски) и реше итен царски за две минути ме спремија и завршив во сала. Од возбуда качив висок притисок и на моменти заспивав, па ме будеа баш кога ја извадија ќеркичката, следуваше сликање и кратко милување со бебчето. После се сеќавам дека ме носеа низ ходник, значи пак сум заспала додека ме шиеле , ме однесоа во соба за интензивна нега, таму 2-3 часа , после следуваше обична соба и гушкање со бебето. Заздравувањето беше болно и споро, но вреди !!!
    Мојата породилна приказна со второто детенце, дека првото царски ми рекоа и второто царски. На закажан царски одам во ГАК сабајлето, веќе почнав да осекам болни 3-4 прста отворена, следуваше припремата за царски во текот на денот, во текот на ноќта неколку пати ме проверуваа до кај сум оти и на цтг покажување контракции и јас со слаби тапи болки така ја прокарав ноќта. Сабајлето дојдоа ме земаа во сала, јас иако знаев што ме чека пак качив притисок ми се слоши но се помина добро, цела операција си бев свесна и будна, си го видов малото кога се роди. Откако ме сошија ме префрлија во соба за интензивна нега, јас незнаев како е дека со првото Систина и ме бунеше зашто бебенцето не ми го носат, но таму откако ќе те префрлат во обична соба тогаш го носат на гушкање. :) Исто како и со првото, и сега заздравувањето одеше бавно, примав клексани две недели, потои и инфекција добив на раната со антибиотик се среди. Малтретирање и болки месец време но пак ќе кажам ВРЕДИ :)
     
    На 24.07, Coco31, Bjanka82 и 22 други им се допаѓа ова.
  19. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.746
    Пол:
    Женски
    Солзи ми дојдоа, иако ја знаев твојата приказна... Те гушкам храбра мама:muscle: Здрави и живи да сте:l:
     
    На АнаМаријаД му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.055
    Допаѓања:
    21.438
    Пол:
    Женски
    Еј Оле, да. Ја памтам, ептен фина. Ми вика "ајде набрзина да завршиме ова, дај рака, стискај колку сакаш" и насмеана од 6 до 6. И ај не и верувај :rofl:

    Оиииии, очите полни солзи.
    Браво мајка, браво :l:(highfive)
     
    На cresa-jagoda, Alishan30, АнаМаријаД и 4 други им се допаѓа ова.