Фала што ме расплака мајка ама браво за тебе и за твојот јунак борци и двајцата и нека ти даде Господ мила само убавини
Дури сум легната в кревет и се туфкам како можеше ова да ме снајди, ја прочитав твојава породилна приказна и верувај мајко ме дигна од дното. Фала ти! Ти си мајка ѕвер! ❤️
Жено ти симнувам капа ! Ме расплака, ме разнежни, ми го отвори прозорот за навек. Ти посакувам најнајубави моменти со малото маже и ти посакувам и второ и трето бебче со најлесна бременост.
Мајка ти си збор што уште не е измислен за да ти се даде како епитет. Ме наежи твојата породилна приказна. Што се една мајка е спремна да помине и претрпи за своето чедо, е надчовечна храброст. Браво за позитивниот став. Господ да те благослови со лесни бремености кога ќе посакате. До тогаш уживајте во сите минути од растењето на малото сонце.
@АнаМаријаД не можев да ти ја дочитам приказната, емпатија сум осетлива (затоа и не можам да работам во болница) искрено ме жегна. Тежок е патот по кој жената треба да врви ама Бог на помош и се да е во добро здравје.
По приказната тука и по бебе Даријан, те познав која си, не личиш дека сето ова си го поминала, браво секоја чест, се надевам сега се е во ред и гестацискиот дијабет ти се средил. Толку мало тело а таква силна снага! Најсреќни да сте со бебеко.
Добар ден и убав ден на сите мамички После 12 дена да ја напишам и јас мојата породилна приказна. На 17ти август на полноќ ми падна мукозниот чеп, на 18ти ми започнаа болки на 30 мин а на 19ти на 10 мин, па на 7 мин и тука веќе беа неиздржливи и неможев да се движам де подготвив и тргнавме на болница (да напоменам се породвав во Шведска затоа што тука живеа) кога пристигнавме на болница бев отворена веќе 4 прсти и вефнаш побарав епидурална и за 4 часа се отворив 10 прсти. Но бебушко не сакаше да се спушти надолу па го чекавме, за да 28мин после полноќ да гп слушнам најубавиот плач на 20.08.23 се роди мојот мал принц Виктор тежок 3.334гр, долг 50цм. После 2 дена си дојдовме дома. Сакам да кажам дека во Шведска условите во болниците и докторите се на највисоко ниво. Ве гушкам на сите и ви посакувам лесно породување. <3
Да ја раскажам мојата трета породилна и последна приказна на 17.09 сабајле во 7ч осетив јака болка велам што ќе беше ова станав и одма осетив вода и веќе знаев тоа е тоа ќе раѓаме го викнав мажми тој уплашен и сега велам сега да се истуширам ти викни брза помош и идеме. Дојде брзата помош ме прашаа колку често имам болки а тие само што почнаа..додека одевме натам ми уклучија ЦТГ притисок и сатурација и следеа на колку време се контракции, од 7мин до болница на 5мин почнаа. Ме ставија во соба на ЦТГ и после ме проверија 3цм уште се трпеа болки, и реков дека ми се јаде ми дадоа со мажми и големиот син да идеме менза да доручкуваме се вратив веќе почнаа појаки болки малиот го однесе мажми тој се врати а јас му велам ајде ќе излава бебе тебе те нема вели толку брзо акушерката со мене цело време почнаа јаки болки и велам ова дете иде таа ми стави топло на половина на меше ме масира ја си офкам и велам те молам дај ми нешто за болка неможам вели дадов душо веќе е почнат процес нема да има дејство и така беше.. и почнав да осеќам напон велам иде сигурна сум ме провери вели да супер отворена си комплетно за 20мин иде бебе, дојде контракција пробам нејке дојдоа уште две една сестра една докторка и почна да ме гали на меше чудно чувство само ме галеше јас добивав напони и почнав да напнувам и ова е најјакото мажми дека присуствуваше ми вели ајде женче му се гледа глава ајде можеш ти јака моја Напни ми се идеше да го ритам и последниот напон го гледам синко и толку велам готово и акушерката неее сега највеќе ми требаш ајде можеш најсилно и оп излезе Дамјан маж на мама 4кг и 54цм во 11:19 а мама распукана до газ ми го дадоа одма и со мажми селфи па јавување по дома како во филм јас среќна успеав после царски и тоа мала разлика од 19м да родам природно без проблем..на сите ви посакувам ваков брз и лесен пораѓај и секогаш верувајте во себе и слушајте си ги акушерките
Конечно да ја напишам и јас мојата приказна... кога првпат отидов во Чаир на цтг докторот кажа дека предлага царски од повеќе причини... некако не очекував но сепак реални причини и дијагнози... но сепак рече ако сакам и др мислење,но да чекаме 38+... стигнав до 39+ и ме задржаа на 05.06 за утредента да ме породат... емоции на најјако, вечерта разговор со анестезиолог ,со уште 2другарки во соба со закажани царски кај други доктори... некако помина најдолгата ноќ со поглед кон крстот на Водно Утрото дојдоа ни ставија инфузии земаа една од 3те и некако чуствата измешани ,пишував со мм дека има време веројатно ќе сум последна за царски но не за кратко ме земаа и мене... и на 06 06 се роди нашето херојче чекано 6год... кога го слушнав неговиот плач ко повторно да се родив Неописливо чувство... По некој час од шок соба не однесоа кај родилките и таму го донесоа да го видам... Очиња како кикиритки ме гледаат а моите полни солзи од среќа и неверување дека го држам во раце мојот свет- МОЕТО СЕ!
Се барам јас ме нема во приказниве, не знам зошто не сум напишала, или и да сум напишала не можам да се најдам. Секако сега слободна сум ќе ви ги раскажам моите 2 п. приказни. 1 дете термин 27.07.лесна бременост ретко лажни болки. На 26 ти пред термин на цтг велат рано е нема знаци, си одам си викам како утре термин а нема знаци.Ноќта си легнавне 11 тина и синчето како се расклоца многу, како што го имав гушнато сопругот леле вели како вака на грбот ме мава мене ами тебе како ти е. Во 1 после полноќ ми пукна водењакот вода течеше премногу, се средив и памперс си ставив. Возбуда насмеани без болки на болница. Се лутеа сне ги разбудиле сестрата што паничите ѕвоните полека малку. Докторот вели 1 цм има време таму реновираа ме прати битола во државна. Во 3 часот ме примиа многу бавно се отварав. Докторката што ме прими си заминала без да ме предаде на другата докторкаи без да ме види и така во 9 часот дојде докторката што беше на смена се чудеше од каде јас никој не и кажал. Ме прегледа рано мислам 5 цм. Шетав таму болки напнувам така ми идеше вели не напнувај главата ќе му ја истегниш или не знам кој збор го употреби и тоа често ми викаше ваќа ќе му направиш на бебето така леле како се уплашив однос никаков. 14 часот врвеше, 15 ч јас веќе без вода и храна 20 саати почнав да паѓам и им велам нешто алкохол да мирисам по соби ги брав сестрите седнати муабетиајде бегај таму ми велат шетај ништо не ти е. Леле јас ем болки ем ќе паднам и почнав шамари да си мавам самата за да се освестам. Не напоменав дека на цтг не ме ставиа ни еднаш до бокс до 18 часот, бебето без вода од 1 ноќта, не знаев дали е добро во мене. А една со пријатели леле цело време на цтг па и даваа алкохол да мириса. И даде Господ се отворив 6 часот ајде на бокс ајде цтг, цтгто не чинеше леле реков 18 часа без вода бебето царски правете ме, чути рече стој тука ајде друго цтг добро е во ред беше бебето но не излегуваше, друг доктор помина и му кажа нешто докторката и тој стави рака правеше нешто и рече сега ќе се роди. Се роди 19 и 45 синчето модро 3750. Фала му на Господ се во ред беше но нечовечноста од сестрите и докторите нема да ја заборавам никогаш. Велев болките ќе ги истрпам уште не знам колку пати ама таквиот однос и да не знаеш бебето како е во тебе 18 саати без цтг, не можев да помислам на пораѓајот траума ми беше можи 1 година. Не можев да му се израдувам убаво на синчето. Важно здраво право и сега веќе маже од 6 години.
После 4 години се решивне за уште едно детенце. Термин 03.03, но водењакот ми пукна на 14. 02 во 4 ч сабајлето. Докторката рече од 7 била прва смена нагоре нозете полежи и во 6 на болница. Мм ми свари кафе и така после насмеани пак без болка заминавне. 4 прсти отворена бев и во салата цело време за разлика од првиот пат сестрата беше со мене однос преубав и песнички пушташе јас болките ги поминував со чутење без викање. На цтг цело време ме проверуваа и кога добив напон за туркање и кажав на сестрата рече не можи рано ти е,ама како рано јас имам напони за во вц не можам ќе го родам. Леле рече ти ако имаш такви напони до земи ќе се виткаш и ќе пискаш овде. Ама јас така болките ги трпам и и се јавив јас на докторката дојде одма ајде рече да видам на бокс. И сестрата пак леле докторка рано и е не ја слушнав да вика. Не дека не боли ама ете не викам. И докторката рече кога ќе имаш напонтуркај јас ќе те следам. И такречелеле вистина за полсат готова си. Ајде му пиша на мм и така по цтгто приметиадека бебетоесо папочната врвца најверојатно врзано и туркаа на стомакот ме сецнаа и се роди точно врвцата околу вратот му беше но фала му на бога во ред се. Синче 3350 ми го ставиа на гради ме сликаше докторката со него. Значи тој пат преубав однос од сите докторка, сестри сите за разлика од Битола јас во Прилеп немам збор супер сите. Да напоменам интересно нешто додека траеја болките бидеќине можев да зборувам си пишував пораки со мажот ми и му пишувам уште еднаш и да те терам за уште деца не се нафаќај. Бидеќи секогаш сакав повеќе деца. Сега има 1 година и 7 месеци мажето. И јас посакав пак да имаме детенце додека не е пораснато второво, секако не сум сеуште ослободена, бидеќи ако чекав да порасни можеби немаше да сакам пак. И така од еден обид и продолживне да се пазиме, но сум останала бремена. И така сега кај да е очекуваме да стаса 3 тото, моме сега, само здраво живо и да ви пишам пак овде.