Еве ја мојата 3 та породилна приказна. Овој пат од 27 недела со лежење, пазење сакаше порано да стаса принцезата. Болки лажни, отворена секоја недела повеќе, чепот паднат, созреана постелка., омекнато грло на матка, скратено, ... И така некако стасавне Господ сакал до 36 та недела од тогаш движев не се пазев реков кога сака нека излегува, ама со 4 цм отворена терав до 39 недела. Последните денови сеќавав дека нешто има дека не треба веќе да се чека не можам да објаснам некое чувство. Петок вечер болки добив на 15 минути па на 10 траеа 2 саати и прекинаа. Другиот ден 4 ти Ноември на договорен преглед одам и плачам како да знаев дека ќе ме задржат и си мислев што ќе прави помалото дете без мене како демек само јас знам да го чувам. Цтг мали болки покажа отворена 4 цм на ехо намалена плодова вода и докторката рече остануваш. Ме примиа ајде прочистување, па полека систем, си шетав расположена без мака тоа беше 10 часот. Бавно одеше процесот иако 3 то дете. Ама не ми сметаше бидеќи сите се грижеа и бебето на цтг проверено. Во 16ч почнаа појаки болки но ги издржував. 6 цм па 7 ама грлото не сакаше да пушти бебето туркаше цело време. Во 18 ч почнаа напони за туркање отворена ама грлото стегнато. Докторката замина во мбуланта на кратко и во 19 ч легнав на боксот и и викам на сестрата викаја докторката готово турка бебето јас ќе те видам рече ме виде не рече рано е и се смениа сестрите бабици што беа... Поминаа 10 минути и јас готово сеќавам дека излегува. И тогаш се скарав со бабицата и викам викај по докторката таа вели сега те видоа пред 10 минути не е можно ама велам верувајми готово излегува. По многу викање дојде да провери и почна да вика готово се раѓа докторката со трчање дојде. Ми вели чекај нараквици да ставам како да чекам велам само турка. Те молам чекај леле како да чекам кога излегува и така само што турнав следен напон излезе куклата рекоа многу чисто бебе со папочната 2 пати околу врат. Ми ја ставиа на мене и јас викам не слушам да плачи живо е. Живо е супер е 2 720. 50 цм. Јас не сум шиена. И се извинив на бабицата дека и викав и таа мене ми се извини и рече дека не очекувале во 10 минути толку да се смени и затоа така реагирале. После неколку минути се чувствував како НОВА толку убаво весело се јавив кај сите уште на бокс. Едноставно се помина никаква болка не чувствував фала му на Господ. На сите ви посакувам така да се чувствувате после пораѓај.
@Dzulija* , живо, здраво, да е. Во истата болница, слично искуство. Демек нема шанси прворотка веднаш да се отвара. Кога им кажував дека го чувствувам бебето како излегува, не им се веруваше.
Еве и јас да ја раскажам мојата втора породилна приказна. Се почна на 15.11 кога и ми беше терминот, тогаш ми соопштија дека имам намалена плодова вода и дека треба да ме задржат во болница, останав таму. Повремено имав болки ама слаби. Ми предложија дали сакам царски одбив, реков ќе почекам. Во петокот ме прегледуваат и се јавува плус еден џеб, овојпат помал ризик може и дома да си одам рекоа и си отидов, ја прегледаа бојата на водата амниоскопија мислам дека се викаше и беше се како што треба. Во саботата ноќта ме фаќаат појаќи болки и бидејки ми беше намалена водата ми беше страв ме фати паника и отидовме во болница ноќта накај 3ч. Ме ставија на цтг и покажуваше болки, ме проверија колку сум отворена бев само 1цм. Толку бев веќе неколку дена на цтг бев околу 1час болките од гоолеми почнаа да се намалуваат, дури и се чудеа какви се тие болки. Ајде пак во соба па пак на цтг веќе фати пладне болки имаше јаки ама ретки, 4 прста отворена, бебе високо не се спушташе изгледа не притискаше со главата убаво, ми ставија провокација не делуваше воопшто дури и се чудев како. Чекаа чекаа и ништо не се смени докторката вика душо ќе го вадиме бебето со царски рез, викам добро што е тоа е. Се плашев од анестезијата, ама некако издржав бев смирена, прашав дали ќе бидам свесна цело време ми рече да ќе си го видиш одма бебето, викам добро..ми ставија анестезија, легнав и почнаа да ми трпне долниот дел од телото, болка не осеќав само чудно тегнење, влечење, малку ми беше езиво, по неколку минути го извадија бебуш заплаче ми го покажаа, се се заврши добро на крај. Постелката била 3 степен на зрелост, нормално што и ми беше 4 дена поминат терминот имало мекониум и си реков така требало да биде, битно се се заврши добро и на време. Сега болките се погоолеми да, ама вреди за тоа мало човече. И јас сум завршила тука со деца раѓање, втор пат на царски не одам Нека ми се живи и здрави овие двајца
Живи и здрави да сте и ти брзо да се опоравиш, болките верувај се забораваат! Јас прво природно пред 8г, второ итен царски пред 6г и ќе одиме на трето Толку време дека помина, се осеќам како никогаш да не сум родила
Ми даде надеж дека ке си останам да си ја остварам желбата за 3 здравје. Со првово сум царски и реков здравје понатка уште едно да не биде едно и доста е нема шанса 3то, ама сега ме стави во мислење
Гледам ја немам напишано и мојата прва породилна приказна. Првото сонце на мама се роди 2020 во екот на короната за време на полициски час. Се беше во ред со бременоста до 26/27 недела кога наеднаш се скрати грлото на 1.5 цм, а за една недела дојде и до 1цм. Со лежење точно 8 недели, издржавме до 34+4 кога матичниот виде дека веќе сум се отворила 3-4цм и ме прати на ГАК за да полежам на патолошка некој ден бидејќи немав болки. Но, таму веднаш ме пратија во родилна, ми го пукнаа водењакот и докторот со рака ми помагаше да се отворам. Тоа ми беше најгрдо од цело породување. Се отварав, но болки немав воопшто. Се плашев да не ме земат на царски заради тоа. И така кога дојдов до 8цм, ме однесоа на бокс, ми приклучија инфузија и тогаш добив големи болки и на неколку напони се роди моето прво синче . Ми го ставија на гради, таа топлина никогаш нема да ја заборавам. Беше малечко нецели 2.5кг и љубов на прв поглед. Во цел шок само прашав дали е добро. Потоа го однесоа, а јас му се јавив само на маж ми. После толку недели стрес не ми се зборуваше со никого. Само лежев на боксот и молчев, бев благодарна што бебето ми е добро и конечно можам да здивнам. За жал наредните денови повторно ми поминаа во стрес бидејќи беше повремено на кислородна поддршка во топло креветче и го чекав цела недела, а во таа недела го видов само 2-3 пати. Пречекав и испратив неколку родилки со нивните бебиња и конечно моето бебенце ми го донесоа по 1 недела на пола час, наредниот ден 2 часа и последниот ден пред да не пуштат ми го оставија цел ден со мене, тогаш летав од среќа . И ден денес еве си пишувам и си плачам што не беше од самиот почеток со мене. После 3.5 години се роди моето второ синче. Фала му на Господ што се одлучив за превентивен серклаж иако грлото беше 3цм. Во 21ва недела го направивме и до 31ва си стоеше 3цм, за да почне повторно да се крати 1.5цм, па 1цм. Тогаш почнав повторно со лежење, овојпат 6 недели, но се вардев уште од поставувањето на серклажот. Стигнавме до 37+4 кога дојдов на ГАК за да ми го проверат серклажот. Се прашував дали ќе ми го извадат и ќе ме задржат или ќе ми речат да појдам за една недела да се вади. Утрото само што влеговме во кола за Скопје почна да ми се згрчува стомакот, но болки немав. Кога ме провери докторот со рака, ми рече ти си 8 цм отворена, брзо на цтг. Мислам се исплаши тука да не се породам . На цтг кога легнав повторно ми се згрчуваше стомакот, но не болеше. Од тука во родилна ми го извади серклажот и ми го пукна водењакот, не болеше тоа воопшто. Па потоа на бокс, почнаа болките и беа многу поиздржливи од првиот пат и на правилни интервали. Малку се уплашив како ќе успеам да го родам, но како што се зголемуваа болките самата природа дава сила, важно е само да се слуша докторот и акушерката. Овој пат бев далеку посвесна што се случува, кога се роди и ми го покажа акушерката, сама ги подадов рацете си го зедов да го гушнам. Откако го мереше и го завитка ме праша дали сакам да ми го даде или сакам да одморам, јас и реков да ми го даде. Се погушкавме, па го зедоа. Кога ме однесоа во соба за кратко ми го донесоа и си беше со мене до касно вечерта, а утредента го донесоа рано. Ме прегледаа и мене и него и не пуштија дома . Да не беше серклажот најверојатно и второво синче ќе се родеше порано, затоа многу сум среќна што се одлучив да го направам.
I tuka da pisam da mi procitaat drugarkite feminki. Nedela sabajle vo 7h stanuvam so lokva krv, pravec na GAK. Se e ok, krvta verojatno mukozen cep/se siri cerviks, koj znae sto. Me zadrzaa kako i da e, velat veke vreme e, 39+2, doma nema idenje. Do 15h samo 1 prst otvorena edvaj. Si dremev vo prerodilna. Od 15h pocnaa bolki kako menstrualni. Pak kaj 16.00 me pregledaa, nisto, 1.5 prst, a bolkive se zgolemija fino. Ako ne odi sirenjevo, trebase carski. Do 18h taka fino se otvoriv 3 prsta, bolki imav , si pcuev se zivo divo, ima nadez za prirodno, trpi zeno si vikam Prsna vodenikot tamu kaj 19h, i do 23h vekje bev mislam 8 nakaj 9 prsta. Ili 7 nakaj 8 veke gi izmesav. Posledna kontrola od doktor mi bese mislam kaj 11.30 i rece spremno e, se spustil vo rodilen (predtoa ne bese glavata spustena iako cel stomak mi "padna" uste petokot vecer). I taka izleze glavce, pa epiziotomija, pa site okolu gi slusam brojat vreme sekundi za nova godina, i batka izleze bukvalno samo sto pocnaa da si cestitaat. Pa si poplakav od radost. Doktorov slucajno se pogodi dezuren- Dimitrov, car e covekov, ne sum bila do sega na pregled kaj nego, drug doktor me sledese, no kako si ja znae rabotata, baska mnogu e opusten i ubavo bea site prednovogodisno raspolozeni. Vikam merak da mu e na covek pak da dojde da rodi Od sestri, bolnicarki doktori, stvarno nemase no eden/edna da ne se odnesuva korektno. Malku personal so mnogu obvrski. Kako i da e, daj boze na site lesno da im bide kako mene, bolese pekolno ne deka ne. Ova epizotomijava ogromna e ne mozam na gazov da sednam. Ama se za ovaa ljubov mala
Тебе маци ти се паднал ДОКТОР над докторите! До Димитров не знаеш како тешко се стига. Да сте здрави и живи и ти и малиот, ептен јак датум на раѓање има.
Fala zenski mili, da ni se zivi i zdravi decinjava, srekjni, i nie so niv 100 godini, samo ubavini Gospod da ni dava.
Царица си жими се. А некаде на пладне те помислив дека се нервираше зошто не искача и баш сакав да ти пишам ајде подобро е да излезе во новата година отколку баш на крај на старата Гушкајте се со јунакот, догодина да се дружиме пак во труднички П.с колку дена држат за природно?
Честитки мамичка, да е жив и здрав Алек претпоставувам ти си лепотицата од порталите само убавини да ви носи
Falaaa, da ti kazam uste kako son mi e se Denes ne pustija utrinava, znaci 2 dena tretiov me pustija. Se gushkame, go sakam mnogu, go sakav i vo stomak ama ova bilo druga dimenzija Toj e, Alek moj Blagodaram mnogu Falaaa, so labelo rozevo lepojka. Kasandra Majka mi me premoli da se sisam i idam na frizer onaka nesisana 1 godina, ama neee jas nema da ragjam pred nova godina. Kvrc Zdravi i zivi da ni se site decinja, srekjni, a i nie so niv
Супер си беше, баш изгледаше свежо. Јас бев ко од поплава исфрлена ем царски родив, 2ипол кила бебе, ти 3700 природно топ изгледаш!