Што ми е убава оваа тема едвај чекам и јас, со Господ напред да ви напишам овде приказна со среќен крај Уште еднаш честитки @DaisyDream многу ми е мило што си се гушкате со бебко пред Божиќ може и мене ќе ми се исполни желбата во петок
@AngelOfArh @Sun&Moon @LiquidLuna Fala zenski, treba od denes selfie da me pratam da me vidite, pocna vistinskoto, ovenav skapav Feniksce dajjj Boze, so lesno da pomines i pobrzo da se guhnete so bebence, da bide bebe mraz za Bozikj
Ќе се самоцитирам. После 4 ипол години.. Таман и се присетив на се' што сум пишала тука Не ми се верува дека пак пишувам во темава. За разлика од првиот пат кој беше неизвесен до сам крај,овој пат отидов на договорен царски и осеќам како да немам баш многу што да споделам.. Бебе карлично 39та недела. Одам,се тресам и плачам. Истиот доктор,тим сме веќе. Ме остава да се исплачам,се гушнавме и одиме во сала. Се изгубив тука низ анестезија и тензија со сама себе,осеќам само како нешто топло ме допира по лев образ. Се вртам,ја гледам неа.. само знам дека ја бацнав,заплакав и наредниот момент веќе бев во шок соба. Викам фала богу на се'... Толку од мене. Нека се живи и здрави двајцата. Вредеше апсолутно се за нив на крајот!
Еве ме додека ме држи адреналин и не можам да заспијам а бебе го земаа да се бања. Спијам, 5.40 од еднаш болка низ кичма и нагон за тоалет не сфаќам што е, болна, исцрпена уморна викам ај до вц одам траги крв малце... велам ова е тоа дојде денот. Легнав пак следна контракција 20мин, па 15, осеќам тече по малце плодова тоа е тоа го будам мм викам дојде денот одиме со време. Јас најсмирена полека си земам работи се облекувам спремам пешкир за во кола стигаме во болница веќе овде тече повеќе на преглед 3 прсти отворена бебе наместено чекаме само да дојде докторот и да ме качат. Контракции веќе на најјако на 5мин а секоја трае 2мин ни да стоиш ни да лежиш ама спремна смирена шприцер викам ова го чекаше ова го сакаше одиме. Веќе 9ч не се трпи ме средија ајде на бокс, убави 5 прсти викаат ќе биде брзо. Уште малце па смее епидурал веќе тело не се држи треперам ама не осеќам страв чудно. Веќе на 7 прсти во 10.30 добивам епидурал и овде е полесно си седам на мобилен се смеам со цел тим доаѓа Докторот во 11.20 вика да не форсираме да се отвори убаво и 12 туркаме викам супер готово е се. Веќе имам напони јас 10прсти бебе трга збунети сите ама прворотка бре брзо доаѓа докторот и.... цело време осеќам болки во реброто ама и напони дека оди, за жал бебче го заглавува рачето над главче пробува цел тим да го одглави за да излезе не може, најдолгите 5мин каде не знам ништо зошто се сите загрижени, тахикардија, солзи капат без престан. Ме допира докторот и вика бесен е не сака да излезе мораме царски итно зошто излегува со секој напон а раката смета. Цел тим се растрча ме возат низ ходник јас плачам се тресам зар нешто сега ќе се изјалови.... но за 10мин бебе беше надвор. Плачот ми ги излечи сите рани Се молев да не е царски ама ете така морало важно бебето ми спиеше цел ден на гради, цело богатство. Јас сум човек што сака, знае да сака ама ваква љубов само за дете може да постои
Да ја споделам мојата втора и многу поинаква породилна приказна. Се' започна со зборовите на матичната: Да не ми се превртиш од столот, две се! Не би можела да го опишам бранот од чувства во тој момент, никогаш не помислував дека ќе добијам близнаци. Бременоста течеше добро се' до крај на 6ти, кога се заредија проблемите. Од дијабетес, па скратен цервикс со фанелинг и лежење на патолошка 2 недели, часови и часови приклучена на цтг, затоа што контракциите беа на редовни интервали и доста силни. Многу непроспиени ноќи, плачки и страв. За прв пат во животот го осетив тоа "тресење од страв" во буквална смисла на зборот. А, тоа што за прв пат се разделив од 3 годишното дете дома и не го видов 10 дена е друга приказна, само некој што поминал низ тоа знае како е. Никогаш нема да го заборавам разговорот со докторот од детска интензивна што ми го пратија, да ме подготви за тоа што ќе се случува со моите бебиња кога ќе се родат, бидејќи ги очекуваат во секој момент и сите ми велеа дека секој еден поминат ден е плус. Ме наклукаа со инфузии и таблети и ме пратија дома да го чекам моментот. И така, јас озбилно си ја сфатив работата и се зацементирав во кревет. Секој ден ми беше мислата, "само денес да не се родат". Така буткавме ден за ден и се' повеќе ме окупираше помислата каков ќе биде пораѓајот. Еднаш веќе ги бев искусила благодетите на природен пораѓај, секако и болките ама реално брзо и лесно поминав првиот пат. Дојдов до 9ти 36+ На редовна контрола кај матичната, ми кажа дека ќе мора да следиме знаци на прееклампсија, бидејќи резултатите од крв веќе одат во тој правец. Утредента осетив некој внатрешен немир и блага главоболка и измерив дома притисок 150 со 100... правец болница и ме задржаа. Три дена лежев, два пати дневно крв ми вадеа за хелпп синдром, три пати дневно цтг и таблети за притисок... и покрај нив притисокот си беше висок. Ќе чекав мирна уште некој ден до 37+ ама едното бебе почнав ептен слабо да го осеќам, на цтг константен пулс од 120 со неколку падови до 80-90 а сестрите цело време ми носеа газирана вода демек да пијам додека се размрда бебе... е тука веќе ствано ме фати паника, иако ми велеа дека не е невообичаено и се случува, мене душата не ми беше мирна воопшто. Сакав само да ги земам во раце конечно. Утредента разговор со главната на одделение, ми објасни дека крвта се влошува и дека ако имам желба за природен пораѓај веднаш ќе почнат со провокации, ама во ниски дози за да можат да следат како ќе реагираат бебињата на контракциите заради состојбата на прееклампсија. Втората опција е царски рез уште веднаш... Барав да разговарам со доктор од детско за да ми потврди дека имаат слободни инкубатори во случај да треба да лежат. Го свикав маж ми од состанок и за кратко беше нацртан и тој во болница. Разговаравме и одлучивме дека ќе го прифатиме царскиот рез, бидејќи се останато ни изгледаше доста ризично. Искрено со тешко срце, бидејќи цело време потајно се надевав на природен пораѓај, имав некое чувство дека брзо ќе оди. Ме спремија за во сала и немав време за размислување или страв, за неполн саат од тој момент веќе беа со нас бубачките. Фала му на Господ веднаш беа со мене во соба и немаа потреба од никакви третмани, дишеа самостојно и фатија веднаш да цицаат. Мислам цела планина ми падна од срцето! Е сега постпородилно, кај мене компликациите продолжија, па и бејби блус ме фатија првите две недели ама полека се опоравувам. Будала, се осеќав како да сум потфрлила дека сум родила со царски. Сега сум горда на ова мое тело што износи две бебиња по 2700г.
На договорен царски отидов на 2ри јануари. Ме задржаа вечерта за потребните анализи и утрото во сала да се оди. Вечерта едвај поврзав 2 саати сон, место не ме држеше иако знаев што ме чека. Утрото анестезиологот што ме боцкаше златни раце имаше, со зборови ме смируваше и ме милуваше по лицето во тек на цела операција. Цело време ми зборуваше, како и една сестра инструментарка која ми е пријателка и иако не и беше смена дојде за мене за да ме бодри дека ќе биде се во ред. Без нив две мислам дека ќе се срушев,ако ми е второ дете јас паничар сум. Докторката си работеше и ми рече дека за брзо ќе биде се готово. Едно време како што лежев над чаршавот ја кренаа мојата принцеза да ми ја покажат.Со црно косе и силен плач, тешка 3020 грама. Ми ја сошија раната и во шок соба ме однесоа каде почна процесот на опоравување.
Кај мене беше поинаку.. Планиран природен пораѓај беба наместен правилно се топ. Одење на цтг контракции има отворена не. Таму им дава дата на пораѓај 17.01 јас ги убедувам дека на 22.01 ми е термин они не го надносуваш. Прегледи све едвај 1 прст отворена. 21.01 ми падна чепот се изначитав свашта викам готово ќе се пораѓам. Прворотка инаку. Болки како во кичма едвај осетливи. 22.01 се будам во 01ч на полноќ осеќам мокро одам до тоалет мокра колку еден филџан.. седам се мислам читам низ нет течела водата и по малку подосеќам болки ама не се страшни го будам мм викам дај да појдеме ќе да е плодова. Во 02ч стигаме ГАК ме прегледаа вагинално 4 пати..пак ќе речам прворотка проста.. Еден ипол прст отворена ај ќе те задржиме на патолошка. Цела ноќ со мм у ходник "се испраќаме" почнува страв да ме фаќа. Си оди он лежам јас до сабајлето сабајле во 8 не будат ме зимаат на преглед не сум мрднала од 1 прст ми ставија цревце за да се отворам(врска немам името како му е) И тука хорор. Се си викам топ ќе пројдам фатија болки и викам на сестрата морам во тоалет осеќам ми се иде по голема нужда таа не како осеќаш од цревцето ти е викам ми се иде морам да појдам(она мислеше напони добивам) појдов. Болки неиздржливи ми дадоа дијазепам да одморам малку пошто не се издржуваше. Ме оставија гладна дента да сум им спремна. Немав сила да стојам.. Негде кај 20ч ми истече вода со крв. Дотрчав одма ме видоа на цтг отворена 5 прста ми го извадија цревцето. И јас настојувам за епидурал тие ми се смеат абе ќе издржиш. Една сестра вика рано и е друга вика носете ја горе се отвара.. После 2цтг ме качија горе предпородилна и јас упорна за епидуралот. Ме легнаа ми пукнаа водењакот заматена вода.. Болките зачестија ама сеуште се трпат. Легни ми викаат седи на цтг пораѓаме една ќе бидеш ти за брзо. И тоа брзо траеше 2часа. Доаѓа докторка вика она ќе иде царски (имав заматена вода и плус инфекција уреоплазма за која ми рекоа не е страшно се иде и природно со нејзе) Најголем уплав цела бременост-царски. Доаѓа 23ч ајде ме средуваат страв имам а укочена цела нит се тресам нит ништо.. Почнуваат со процесот рацете ми ги врзаа тогаш почнаа паниките почнав да се тресам , ми прават муабет се тече како што треба и еден период слушам 'голема глава и ова машала кај ти го собра бебево' и само слушам плач 23:20ч и ми наидуваат солзи бидна викам ете. Го земаа го мерат ме видеа испаничена дека не ми го дадоа одма го забришаа измерија маже 4кг и53цм се израдуваа сите во салата како го собрал цел дечко кај мене во стомак ,ми го наместија душиче до образ и ме осети прекина да плаче Ме средија и ме однесоа ноќта ја преспав без него тек на 23.01 го видов во 14ч и тоа на кратко од далеку бидејќи двајцата бевме под антибиотици. Ништо почисто и поубаво не сум искусила.
Ајде и јас да ја пишам мојата втора породилна приказна пошто еве врват веќе 4 мес. Се јавувам да закажам кај докторката што ќе ме пораѓа, ми вика ќе оди на одмор, ќе се врати кога ќе бидам 38+4. Бев на еден преглед кај друг доктор во 37+5, ми вели без гајле рано е, ќе си ја дочекаш докторката. Си легнувам вечерта пон кон вто, заспав два три сати, кога станвам осеќам болки, гмечам перница, чаршафи, на преглед закажана тој ден во 12ч. Сум заспала накај 4/5ч, се разбудив накај 8, намалени болки, ама сепак како менструални. Си реков супер, си почнуват полека полека. Одам на преглед, отворена 2 прсти, цтг не покажва контракции, докторката ми вика, те чекам утре во 8 сабајле, ако случајно порано бива работата дежурен е тој и тој, ќе ме викните да дојдам. Имав желба да пробам без епидурал, се двоумев, да пробам во вода, да не, па тогаш докторката ептен ме охрабри, ми рече ако сакаш ќе пробаме во вода, ако не можиш, излегуваш од вода, ако сакаш добиваш епидурал итн. Си отидов дома, со големата си го поминав цел ден, емоции на најјако.Болките некако скрос ги снема, тоа ме растревожи малку. Ноќта поминс без некои значителни болки, утрото одам разочарана оти не зголемуваат болките, и велам на докторката не сакам да биди како закажано, не сакам провокација никако. Ме ставија на цтг покажваше по некоја болка, ми ставија вагиналета и ајде одиме горе, тука со мм плачки, ептен бев емотивна. Ме ставија на цтг цело време, си трпев болки, се појаки и појаки, водењакот ми го пукнаа тие, накај 12ч влегов во кадата, отпрвин толку ме опушти, си ги дишев болките, те легната, те на колена и потпрена, по некое време малку ме фатија жештини, како воздух да немав, па ја исплашив малку акушерката, ме освежваше со ладна крпа на вратот. Добро беше шо немав појма за времето, си дишев болки, чекав да стигнат напоно. Едно време сама побарав да ме проверат до кај сум, ме фати малку паника, ама си реков, ти си сега тука, нема бегање, ти мораш сама да да “завршиш” ова работа, ме провери докторката, вика 8 прсти си за пола сат стигаме до бебе. Јас готова бев да барам епидурал, ама ко го слушнав то “пола сат” ми дојде некоја сила, па стварно почнаа напоните, ги слушав докторката и акушерката, дишев правилно, давав напони, при еден напон излезе главчето, при следниот напон, раменцата и наеднаш олеснување, ми ја ставија на гради, тоа ми е како во сон, треперев цела. Цела бременост си велев како ќе можам да сакам уште едно бебе, покрај првото ама љубовта е чудо, магија, наеднаш се осеќаш заштитнички спрема то мало душиче Ја зедоа неа да ја средат, плацентата излезе одма, стандард си добив шиење, си распукав малку. Си полежав на боксот како шо е по протокол, после можев да си одам до соба, ама и то по протокол те носат. Посета беше дозволена само тогаш еднаш, па тогаш дојдоја мм и големата, пак излив на емоции од моја страна, не можам да опишам како се осеќав, нема зборови. Инаку дека втор пороѓај очекував да оди побрзо и полесно ама во мојот случај не беше така. Првиот пат од први болки во 5 утрото стигнавме до бебе во 11:30. Сега почнаа болки прекинаа, па другиот ден од прием во 8 утрото се породи во 14:30 Да не бидам клише, ама сепак ќе речам одма се заборава на болките, вреди и тоа како
Да се здрави и живи . За љубовта на две деца, моето има 2.5 месеци и уште се чудам како е можно да ги сакам толку многу двете, а до вчера имав едно и мислев само за него има место. Но, љубовта не се подели туку само расте, а и кога ќе видам како малото го бара со очињата бате и кога ќе го види веднаш му се смее, а големото му вели колку си сладок, срце мое и го гушка... моето срце се полни
Да кај нас е, во Плодност Битола. Фала ти, здрави живи сите Ми се чини срцето низ гради ќе ми излези кога ги гледам заедно, големата само ја бара да ја подржела, да ја гушнела, да ја бацела, а па ова малото само шара со погледот, ја бара и и се смешка на сестра и.
Шубо моите ке се точно 5, малце паника ме фаќа како ќе биди батково како ќе го прифати, ама еве тебе шо те читав ме утеши
За уреаплазма јас можам да кажам дека се породив природно, пиев антибиотик но немаше време да правам контролен брис. Докторот не беше воопшто загрижен за бактеријата. Исто имав кафеава плодова вода и примав антибиотик венски пред да се породам. Но како и да е битно да сте живи и здрави големо бебче