Моето ќе прај 5 во мај, на оваа возраст што и да им речеш, на пр. дај ми пелена, донеси ова она, не го гледа како наредба туку и е кеф што еве таа донесе пелена, па и велам леле мама фала многу шо ќе праев без тебе и сл. Јас забележав малку љубомора, кога ќе дојдеја бабите и одма ќе се впереа во бебето, а големата нешто им покажува, тука малку ги “каравме” бабите да и обрнуваат нејзе внимание.
Aj devojki dur lezam i cekam da me stanat da vi pisam ovde. Vcera kaj 11 mi pocnaa bolki vo polovinata znaev deka to e to pa so soprugot deka stanot ni e 2 min od ginekologija Cair rekovme aj edno ctg da mi napravat. Ko dojdovme nee rekoja mora da te zadrzime em so pominat termin em so gestaciski. Bolkite pocnaa nakaj 12 1 satot ama ctg ne pokazvase pa imav nekolku pregledi so raka otvorena 3 cm. Sabajle dok Trajcevski me pregleda 5 nakaj 6 rece kaci se gore pa se spremiv. I pocnaa provokacii ama za zal ne pomagaa, aj pojaki. Trpi, vikaj, placi nekolku pati povrativ mislev ke se onesvestev. Doktorkata moja sto bev dog i taa me pregleda nekolku pati so raka mi go pukna vodenjakot cekaj cekaj za prirodno ama dzabe. Se resivme site za carski da ne se macime ni jas ni bebe bidejki ne mozev poveke. 13 saati bev so bolki dehidrirana katastrofa. Pa vo 13 i 45 se rodi moj bucko, 3950 gr i 53 dolg, cel na tatko mu imam preubavi sliki od toj moment vsala. E sega za Cair barem za sok soba i gore nemam los zbor, sestrite mn dobri dali mene mi se pogodija ne znam. Anesteziologot celo vreme nad glava duri i majtapi mi praese. Za uslovi: cisto, carcafi sega se znaj postari i na patoloska ama sepak cisti. Wc smrdea na domestos i varikina. Kosata mi ja fakaa pa voda pa sok posle poragaj. Duri taa ednata i vo najsilnite bolki zede gaza so voda i nekolku kapki mi kapna vo usta za sobite i dr sestri ke vidam utre. Pozz zenski.
Dodeka spie bebe da si pisam. Zakazan carski na 09.02 cela bremenost mi ja vodese Dr. Panchevski vo Sistina no mi veli podobro na 8mi dojdi da te sredat se pa na 9ti sabajle prva za carski posto I prethodnite dva poragjai mi bea carski morase I sega. I taka jas na 6ti denta cistam kuka peram zavesi, brisam prozori da ostavam se spremno I cisto doma. Se mi bese super dobro koga nokta odnosno sredata sabajleto kaj 3casot odam do toalet koga na brisenje krv pocnal da pagja cepot I bolki. Se mislam dali da go budam mazot mi posto ne sme od Skopje I pat ne ceka no sepak go razbudiv se istusirav I pravec za Sk. Sledese ctg I sekako pregled so raka da vidat dali sum otvorena no ne bev a bolki imav. Me kacija vo soba me sredija dojde doktorot odma vo sala I vo 09:44 dojde moeto vtoro since nasata vtora srekja. Se pomina super a jas kako da ne sum rodila carski ni bolka vo stomak ni Rana da boli nisto. Najubav I najlesen carski I sepak se e do doktorot. So lesno na site idni mamicki so ne citaat
Иако полна со (негативни) емоции, сакам да си ја напишам приказната со најтазе сеќавање. Ќе ја ставам во спојлер зошто не е генерално позитивна, и не треба да ја читаат трудници кои можеби не се спремни да ја слушнат оваа приказна, освен крајот кој сакам да го споделам со сите како најголема поддршка. Спојлер Се разбудив во 3 сабајле зошто маж ми сакаше да ја стави ќерката да спие со мене во спална. Станав да ги скарам двајцата, ја вратив нејзе во соба, малку плачки и за кратко заспа. Додека јас да се наместам пак за спиење, станав да мочам и ми протече малку вода, ставив дневна влошка, си помислив изгледа почнала работата и се вратив во кревет. За 15 мин осетив пак протекување и си реков ај ќе станам да ставам голема влошка да не го накиснам креветов, и додека отидам со веце си протече убаво вода на гаките и пижамите, плус во шољата додека седев. 4:15, тоа е тоа. Речиси веднаш почнаа болки. Не скроз редовни, ама на 2-4 минути со траење околу 30-40сек. Почнав да си спремам ранец со нешто јадење, да имам нешто со мене за на патолошка (зошто таму лежев пред пораѓај со првото дете), доручкував, испразнив машината со садови, поднаредив дома, само сакав што повеќе да се движам дури можам. Во 8, се јавивме да дојде свекрвата да седи со детето дома дека не беше уште станата од спиење, мене веќе ми беа доволно јаки болките за да се туфкам со секоја контракција, па не сакав да ме види така ќерката. Иначе можеби ќе поседев дома уште некој саат. Во 9 сме во Чаир со редовни контракции на точно 3мин, траат скоро минута, ме примаат на преглед и цтг. Цтг вика јаки и редовни контракции, на преглед вика докторот 3-4 прста, јас се прерадував. Ме примаат на родилно одделение дирекно, нема ранец, нема телефон, не можев да знам ни колку е саат да не гледав на цтгто што искача на почеток на мерење. Таму ме прегледува дежурната докторка, вика дека сепак само 1-1ипол прст сум отворена, јас си правам шала дека и со првото дете така ми "скратија" од отварањето, ама во себе ми падна мачно и едноставно сакав психички да се спремам за уште 20 саата болки. Неколку пати имав речено дека не очекувам вториот пораѓај да ми е полесен, ама барем да биде побрз... епа "be careful what you wish for, you just might get it"! Ме ставија во родилно одделение, ме закачија на цтг, и после нешто повеќе од еден саат контракциите ми беа споени, без паузи, без престанок на болка. Ме пуштија да станам, полесно ми беше да се носам со болките станата иако со секој пик на болка завршував на земја на коленици. Докторката на смена, сестрите, сите таму ми викаа колку сум храбра и издржлива и со вакви болки сигурно за саат два ќе се породам (spoiler alert: и со првото дете со исти болки терав 18 саата со 2 прста отворена). Ме проверуваат, сеуште прст ипол. Ме боцкаат тродон, контракциите само се регулираат на 5 мин, ист интензитет ама барем имав паузи измеѓу. Како проаѓа дејството, контракциите пак ми се без паузи и почнувам да плачам. Докторката ме праша дали сакам на царски, викам нејќам, ама не знам веќе како да си помогнам сама на себе да иде се со најдобар ред. Ми ставија спазмекс, повторно без некаков ефект. Доаѓа анестезиолог, и ме понудија дали сакам епидурална, реков сакам, ама ми викаат за да ме боцнат треба да седам мирна. Ми го спремија грбот, чекав да помине најјакиот дел од контракцијата, земав воздух и се скаменив. Точно до следната неконтролирана болка ме боцнаа, па после уште една контракција и викање ми го залепија цревцето и пуштија прва доза. За 3 контракции болката ја снема скроз, само притисок чувствував како кога бебето силно се тегне. Како земав здив од болката, ми олесна, станав на нозе, почнав да шетам, си правиме муабет со вработените. Им викам вака 7 деца ќе родам, што убаво било, цимерките во соба исто со анестезија, си викаме сега можеме и кафе да пиеме. Ми рекоа да кажам кога ќе чувствувам појаки напони, што беше после околу 1 саат, и тогаш ме проверија, 6 прста отворена, по проверката истече и повеќе вода. Викаат супер, опуштена сум, се убрзала работата, да кажам кога болката ќе се врати. Како почнувам да осеќам болка, ставаат втора доза во епидуралната, додека фати пак почнувам да чуствувам напони за раѓање. Ме проверуваат, 8 прста, сега веќе капе по малку крв наместо да тече вода. Викаат нагло сум отворена, нормално е да е исфорсирана мускулатурата. Ме носат на бокс со некои благи болки, втората доза некако побрзо пројде, последно видов 13:40 на цтгто, значи би требало околу 14ч да било кога сум отишла на бокс. Таму почнувам да напнувам ама не иде. Бебе е со голема глава (99+перцентила), јас отворена 9 прста со сега направен хематом на цервикс. Нема место да мрдне веќе надоле. Ми помагаат со рака со секој напон, да се прави место, да се шири цервикс. Болките ми се неиздржливи, и напоните што ги правам се неефективни, повеќе плачев отколку што напнував или одмарав. Ме станаа од бокс, ако можам стоечки да пројдам неколку контракции за да со гравитација напредува бебето надолу. Стоечки не можам ни да дадам напон, па ме вратија назад на бокс. Тука веќе немав контрола над самата себе од болка, претпоставувам веќе сосема прекинат ефектот на анестезијата. Не само што викав и плачев со секоја контракција, ги молев да ми помогнат некако, што и да е само да ме спасат зошто не можам да седам во сопствена кожа. Целиот персонал ме гледаше со таков жал во очите, само ми повторуваа дека брзо ќе биде готово, се ти дадовме што може, мораш да издржиш, помогни ни и ти нас... а јас само викав не можам и со секоја болка плачев и се дерев наместо да напнувам. Пробував да соберам сила со секој напон, и ќе запнам со еден здив, и веќе со следниот не можев да продолжам. Докторката се качи на стол до мене и се обиде да ми помогне со притисок на стомакот да се спушти бебето низ каналот, но јас и се опирав, ја буткав, знаев дека ми помага ама без контрола се бранев. И тогаш го викнаа Илиевски да помогне, и нормално поголем и посилен не можев да му се опирам. Ме стисна силно на стомак додека докторката го водеше бебето надоле со рака и додека некој друг ми ги држеше нозете свиткани. Како го сетив бебето дека искача, земав сила да напнувам заедно со нивните напори, знаев дека крајот е близу. За 3 напони излезе главата, рамената, и целото бебе. Во мегувреме и ми направиле и епизиотомија ама не ја осетив воопшто, многу помалку е од првиот пат за некое чудо, или барем повеќе внатрешно него надвор кај што се гледа. Бебе искочи во 16ч, го ставија во тоа подлогата до мене, но не плачеше, ги видов како го бришат и масираат, и испушти еден ептен слаб плач. Ми го донесоа до глава да го видам, набрзинка го бакнав и го однесоа. Рекоа мора убаво да го проверат зошто е успан од се што примав и ќе се вратат да ми кажат како е за кратко. Во меѓувреме ја извадија плацентата, ми ставија локална анестезија и ме сошија. Како почна да ми се врака свесноста, почнав да се извинувам на една по една од вработените како влегуваа во собата. Знам дека направија се за мене и дека апсолутно им го уништив денот, и покрај тоа само ми велеа супер издржа, се ќе биде добро, за тоа сме тука. Полежав еден саат на родилно, ме проверија пак за крварење, ме однесоа во соба околу 5ипол. Вечерта го донесоа бебето касно само на 2 мин да го видам, и ми го донесоа да седи со мене следниот ден накај 2 попладне. Он си е супер, си цицаше, си спиеше. Бил кратко на кислород, после тоа сосема во ред. Јас имам трнење на едната нога, најверојатно од притисокот при долгото напнување, исто и огромни хемороиди, испукани капилари во очите, дури и модрици на подочњаците. Шиеното не ми е ни потечено, минимално ме боли, значи и тоа супер го средиле. Ме пуштија после 2 дена, сега сме дома и полека доаѓаме на новото нормално. Сеуште не можам да стојам долго, тешко ми е дури да се свртам во кревет, најмногу заради хемороидите, но за неколку дена кога ќе сум подобро ќе речам се е добро кога добро ќе се заврши. За персоналот на родилното одделение не можам да кажам доволно пофални зборови, и иако не се сомневам дека секаде може да има некој што нема да си ја работи работата како што треба, тој ден ми се насмевна среќата да бидат тие луѓе на смена. Иако не знам колку добро психички излегов од овој пораѓај, верувам дека ќе беше многу полошо да не беа они. После првиот пораѓај бев доста позитивна, и не ми значеше дека воопшто не поминав со лесно, во себе бев океј со целата ситуација и бев спремна да поминам пак низ тоа. Сега ќе видиме. Секако не планирав трето, ама се надевам нема да носам траума до мене до крајот на животот. Секогаш сите те тешат дека се заборава, и иако знам дека не е баш така, се надевам дека во овој случај ќе биде.
Можеби си сеуште потресена, не е за во спојлер приказната... храбро до сам крај! А вака доста и позитивен однос од докторите Здрави, живи, болката си се заборава, знаеш тоа Јас после првиот пораѓај родив второ, а еве ме и трето. Пребарај го, прочитај го.. прв пост во темава ми е тој пораѓај... Честитки за бебче
Ќе помине време и на секој тежок момент кој ќе ти следи ќе се присетиш што си преживеала и како си се изборила со тоа па ќе речеш можам сè! Херој си слави се сама себе!!! И велат се заборава кога ќе го гушнеш но само ние мајките знаеме дека не е така, но на некој начин си излегла многу посилна од тоа, а тоа е најважно.
Мојата втора породилна приказна со закажан царски 15.02.2024 Точно во 18:00 пристигнавме со маж ми во Систина на прием. Цел пат натаму ни беше емотивен, слушавме песни што не потсеќаат на нашите деца и се снимавме. Дојдовме, се најавив и не зема сестра Снеже за цтг, беше мирно. Потоа следуваше ехо преглед со докторката, беше расположена, ми направи последна слика ехо и ми кажа дека се е спремно, можам да одам во соба, да ме примат. Заедно отидовме со мм, влезе сестра, ми даде спаваќа и папучи и ми кажа вечерва само цтг ќе проверат уште еднаш. За кратко примија уште една трудница и сфативме дека нема да сум сама. За брзо мм си отиде и останавме јас и цимерката сами. Почнавме да се запознаваме, двете ќе бидеме со закажан царски. Цела ноќ едвај двете око склопивме. 16.02.2024 Станав во 5:30 Место не ме држеше во кревет, отидов до вц и почнав да повраќам, се надевав дека ова ќе биде за последен пат. Почнав да се шетам низ соба, гледав низ прозор како полека се разденува. Точно во 6 сабајле ни влезе сестра, донесе клизма и течност за туширање за да се средиме после тоа. Пак на цтг и влезе докторката расположена и не праша дали сме спремни, само да ве поздравам, се гледаме со сала Прво на распоред е цимерката, потоа јас сум на ред. Ја земаа нејзе и од тој момент мене време не ми поминуваше. Бидејќи бев сама во соба искористив шанса да се видам на камера со мм и со моите, пробував да се смирам, да останам при себе, гледав видеа од бебиња зајци како јадат на tiktok Место не ме држеше, помина цел саат, станав и го средував ранецот и тогаш влезе сестра за да ме носи во сала. Си реков тоа е тоа, дојде време. Прашав дали може мобилниот да го земам ама не ми дозволија. Го научив бројот на мм на памет за да му се јавам ако ми дозволат од некој мобилен кога ќе се породам. Влегов во сала, ме пречекаа тим од луѓе, јас се изгубив одеднаш, сите во исто време ме прашуваа нешто и ми кажуваа што да правам. Една сестра ми кажува качи се на бокс, рашири нозе и наведни раменици ама не се наведнувај со цело тело, треба пршлените да се отворени, ќе дојде анестезиологот и од позади ќе ти стави спинална. Не се плаши, повеќе те болела канелата што ти ја ставиле на рака. Јас се трудам да направам буквално се' што ми бараат, а сепак ништо не сфаќам што бараат Цело време анестезиологот ми кажува што точно ми прави позади, дека не гледа на ехо, дека ова е слепа метода, не смее да утне, прво ме намачка со некоја анестезија на местото а потоа спинална ми стави а јас не ја осетив. Ме праша дали чувствувам топлина на нозете и да си легнам. И јас упорно си седам уште. Ме прашува Ема што чекаш? Па викам спинална да ми ставите Ставена е, легнувај и уживај, ќе дојде докторката сега, ќе почнеме, ми кажува. Легнувам јас, сестра ме допира по стомак и нозе, јас ја чувствувам, ме фаќа паника како е можно допири ќе осеќам, страшно ќе биде, си велев на глас мајкооо мила што ќе биде ова сега Во тој момент сестра ми објаснува дека допирите ќе ги осеќам ама болката нема да ја осеќам. Со нешто ладно ме допира на рака, оди подолу кај стомакот а јас ладното не го осеќам, само допирот. Во истата секунда ме смири и се препуштив. Одеднаш пак паника меѓу нозе, прашувам луѓе осеќам дека мочам, тие се смеат, ми вика сестра катетер ти наместивме душо,тоа сега осети, уживај. На едната рака тече физиолошки раствор, на другата ми мерат притисок, ми ставија зелена наметка пред мене и јас веќе не гледав ништо, освен сестрата што беше лево од мене. Дојде докторката, ми вика ајде Емче, да си пуштиме музиче и да си уживаме. Пуштија музика, они си збореа за концерт на Адел во Минхен што ќе оди докторката, како кога се појавила на клиника имала 28 години... тоа е се што памтам од нивните муабети, последно ми кажа за неколку секунди ќе ја видиш Јана. Така и беше, ми ја покажа пред мои очи, над зелената наметка. Еве ја Јана, убава на мајка, Почнав да ја бакнувам, не сакав да престанам. Беше топла, бела, мека... Ја однесоа да ја средат. Оценка 9/10 си доби. Имаше израстоци на двете раце, шести прст ама ништо не превземаа околу тоа. Хирург ќе средел со конец после неколку дена. Ја замолив сестрата дали ќе може некој да му се јави на маж ми. Никој не дозволи. Замолив и да ја сликнат, таа желба ми ја исполнија, дури и ја снимаа. Ми ја доближија пак до лице и пак ја бакнував и добив најубава прва слика со ќерка ми. Ја однесоа некаде Јана а мене ме досредуваа, буквално ништо не осеќав, едвај чекав да заврши и да му се јавам на мм. Докторката ми објаснуваше, Ема, не може да му се јавиме, Јана е добра ама и ти треба да си добра, да те досредиме, суеверни сме ние малку, прво рипни па кажи оп. Едвај чекав да му кажат дека се роди Јана На крај докторката дојде со телефон и ме праша за број на мм Овде докторка Гордана, честито ќерка Ми го даде и мене на телефон, мене ме преплавија емоции, почнав да плачам и му кажав честито ќерка и те сакам. Потоа не ми беше апсолутно ништо важно, знаев дека мм знае и дека ќе им каже на моите, ми олесна инстантно. Сеуште ме досредуваа, влегоа цел тим на мажи, ставија кревет до мојот и ме префрлија за секунда. Искоментирав алал да ви е, 90 кила како преместивме. Тие почнаа да се смеат и искоментираа дека имало и со 170 кила па преживеале. Ме однесоа во соба за будење, огромен простор,многу кревети, таму ми кажаа дека ќе лежам еден саат, ми ставија физиолошки раствор инфузија и ми дадоа конечно да пијам течности, вода и бистар сок вива од јаболко. За да немам главоболки ме форсираа да пијам. Време таму не ми поминуваше, немав телефон и гледав разни случаеви, нонстоп носеа кревети, едвај чекав да бидам префрлена во соба. Дојде времето, од тој кревет требаше да се префрлам на кревет што го собираше лифт, се мрдав лево десно со раце и нозе и многу лесно се преместив. Ме однесоа во сосема друга соба со сосема друга цимерка, втор ден царски, по втор пат. Пак требаше да се префрлам од кревет на кревет, исто лесно поминав, најверојатно дека ми траеше сеуште спиналот, си се лизгав лево десно и се префрлив. Дојде сестра, ми даде телефон. Се јавив на мм и на моите, дека се е во ред. Мм веќе тргнал накај нас. Едвај чекав и да ми ја донесат Јана да ја видам. Дојде бебето, пробаа да ми ја стават на града, бебе фати и почна да цица. Во меѓувреме дојде мм, имам снимано реакција од првиот пат кога ја виде Јана. Дојде во бела кошула, а бебе беше облечено во бело. За брзо му ја дадов и им направив фотосесија. Некои пола саат се подружевме и го замолив да си оди, сакав и да ја земат Јана и да се одморам малку. Мм си отиде, сестрата ја зема Јана. Се договоривме околу 19 часот пак да пробаме со цицање. Во меѓувреме сите блиски ми праќаа слики и видеа од прославата за мекици во чест на Јана. Бев пресреќна. Ми ставија парацетамол во инфузија. Ми ја донесоа Јана, цицаше пак, потоа отвори очи, и кажував колку е убава и ја галев. После еден саат почна да ми тежи на стомак и рака. Ја викнав сестрата да ја земе и да завршиме за вечерва. Ми ја земаа Јана, дојде друга сестра, ме боцна клексани во рамо, мускулна во бут инекција за контракции на матката и ми даде апче диазепам кога ќе се решам да спијам. Спојлер: Ден после царски 17.02.2024 - Сабота Точно во 6 саат сабајле дојде сестра и ми кажа дека ќе пробаме да станеме. Ми го уклучи копчето за да ми се подигне копчето за да се исправам во кревет. Ми кажуваше секој чекор следен што да правам. Ми даваше совети како да се фатам, како да седнам полесно. Ужасни болки имав, ми беше многу страв да седнам. Ја прашав само дали ако седнам може нешто да и се случи на раната. Таа ми кажа апсолутно ништо не може, болка само ќе имам. Ја послушав, ја фатив за рака за помош и се кренав од кревет од лежечка во седечка положба. Следен чекор беше да станам, полека почнав да се исправувам и кревам. Изгубив воздух, бев полузгрбавена и укочена. Ми беше страв да се исправам. Сестрата беше многу мила, ме гледаше во очи и имаше пријатен глас. Без никакво форсирање, се држевме за рака и го направив првиот чекор. Ми даде совет да ги влечам нозете, така и правев. Ми кажа дека во недела е втора смена и до тогаш ќе сум била балерина Јас се насмеав и ја прашав мислите на балерина во пензија, некоја што е во старечки дом? Таа се изнасмеа, неее, балерина во цут на младоста, прима балерина Отидовме во вц, ми ја дигна спаваќата и без да ми каже,дур се свестам ми го тргна катетерот. Ми кажа подобро вака, ако ти кажев, ќе се стегнеше Ми помогна да седнам, прв пат мокрев, ми облече мрежни гаќи и ми стави бони влошка. Потоа почнавме да се шетаме низ ходник, ме пржеше раната, премногу споро се движевме, отидовме до просторијата каде што се бебињата и назад до соба. Едвај чекав да легнам пак во кревет. Бев премногу гладна. Стигна доручекот, ми донесоа броени бисквити и чај. Од очај дури ги топев бисквитите во чај да трае подолго. Не ме најаде тоа, уште ми се јадеше. Набрзо ми ја донесоа Јана да се доиме. Цицкаше малку, тешко ми беше да ја наместам. Ме болеше раната, не знаев во која позиција да ја дојам. Едвај ја преместував на друга страна, за друга града да фати. Заспа така кај мене, дремеше на цице па ја земаа. Доаѓаа сестри, ми ставаа во инфузија антибиотик, парацетамол, ме боцкаа клексани, и инекции за матката да се врати на свое место. Стигна и ручекот, имав супа и пире. Ми се плачеше од глад, за секунда се' изедов и пак бев гладна. Цело време пиев сок и вода за да не осеќам глад. Набрзо ми се приоде во вц и сакав да станам, ја викнав сестрата и со нејзина помош пак отидов до вц. Иста болка осеќав, пржење доле кај раната. Се чувствував многу неспособно. Се движев низ собата, сакав што побрзо да се опоравам ама некако не идеше, ме болеше и се вратив едвај во кревет. Пак ми ја донесоа Јана, се обидовме со цицање, фати,пушти, дремни. Стигна вечера, ми ја земаа Јана. Конечнооо убав оброк, леб, плескавица, пире и зелка салата. Се изнајадов и ми олесна. Го спуштив креветот, им кажав на сите дека ќе спијам и сум спиела до полноќ. 18.02.2024 - Недела Станав во 5:30, отидов да мокрам, некако полесно се движев, се охрабрив и се истуширав. Премногу ми олесна, се освежив, се шетав по ходниците среќна дека немам ужасни болки и дека ќе можам да функционирам најнормално.
Каков емотивен текст. Ме расплака. Нека е жива и здрава и безброј радости и убави моменти да ви дари
Леле жени сите сте души. Шо да ви речам освен ова е машки свет, а вие да сте живи и здрави со бебенцата. Секогаш кога читам овде кожа ми се ежи и се враќам едно единаесет месеци наназад кога јас минував низ процесов. Некогаш ако се осетам, ќе го споделам.
Здраво Дали некоја од вас се има породено или треба да се пораѓа на ГАК а не живее во Скопје? И како го има тоа изведено во пракса унапред одење или останување во Скопје после пораѓај...имам многу прашања ако има некој може и во порака да ме контактира.
И јас да си пишам како што е редот додека си лежам во соба Kраен термин 29.02,закажан преглед кај 13 часот Се спремам дома се бањам и ми се појавуваат некои болки во кичмата Oдам на цтг прво докторов,кај Илиевски одев,вика има покажува ама ништо спешл Ај вагинален преглед, ммм добри 4 прсти, да ме задржи,дежурен беше ми се погоди као 1 на 10ка, ама викам пред 12 не раѓам, нека бидне 1 март Падна договор да дојдам приквечер кај 8 8ипол и така напраив Отидовме дома се налупав 7ца, кафе пиев,се изгушкав со ќерками Болки имав веќе појаки и на 7 мин Спремна се прво цтг ама гужва Ме зема докторов прво преглед 5 накај 6 прсти ај директно во родилна побрзо да оди Додека ме запишуваат цтг ми прават И се качувам горе додека ме средат 10ипол бидна Болките исти ми го пука водењакот и пуштаат стимулација За кратко болките на 5мин, па на 3 Помина 12 гледам супер дочекав 1 март ама и болките страшни веќее. Мислам немаше одмор меѓу контракциите Стани легни исто ми се фаќа,и веќе две контракции осеќам напон викам по докторов ,ме гледа ајде на бокс ќе раѓаш со следна болка побрзо Болката дојде додека стигнеме до бокс,јас се тресам не се стискаа Поминува се качувам доаѓа одма друга напнувам долгоо , осеќам раширено доле се тегне се, акушерката шири усни осеќам пак напон излезе главче Илиевски спремен над стомак ајде со следно излегува готово И навистина напон долг додека ме држеше сила и осеќав се како се лизга како излегуваат рачињата ноџињата И толку се заврши коа излезе беби и почна да плаче, 00и44 беше часот. Пофалби добив за соработката и според мене е многу битно за да не се мачиш, без викање иначе се губи сила и снага. Не испукав, ни па имаше сечење Презадоволна сум како поминав За лесно не е лесно но бар беше брзо и се како што треба Илиевски е одличен професионалец во работата според мене Ми посвети внимание, чести проверки додека си ги трпев болките Персоналот во родилна исто се погоди, шали , сеа не дека ти висат на глава ама присутни беа Најбитното добри сме и двете На сите ви посакувам лесен и брз пораѓај
Исто и мене и се така добро опишано како некој писател ќе знам отприлика што ме чека ама страшно ми изгледа у секој случај
Некако мора да искочи бебето. Јас на моменти се замислувам , па после викам ајдеее како треба да искочи ќе искочи, само да е живо и здраво.
Викенд ,недела,јануар, сончево време ручеци и шетање со маж кога од нигде никаде прокрварувам. Одиме во Систина ме задржуваат,почнуваат болки ,минимални па малку по малку појаки. Ме фаќа паника ,не сум толератна на болка воопшто, ноќта кај 2 ме качуваат во предпородилна примам епидурал и чекаме…4цм отворена. Доаѓа 8 наутро сеуште истите цм ,процесот стагнира. Доаѓа Докторката што ми ја водеше бременоста ми дава опција провокации или царски, не издржа срце јуначко решивме царски. Ме носат во сала сега веќе ме фаќа страшна возбуда страв паника, за неполни 10минути го слушам најубавиот плач на светот. Мојата ќерка. Толку гласно викна да ни стави до знаење дека дојде на светот. Ја средија ми ја дадоа да ја бакнам,мислам дека срцето ќе ми искочеше од среќа. Плаче она плачам јас, не ми се верува дека станав мајка .Момент кој никогаш не сакам и нема да го заборавам. Прелесно опоравување, уште 10 деца би родила вака. Еве сега,2 месеци покасно тие очиња ме гледаат и ми гугаат. Животот со неа доби смисла.
Да ама искрено секој ден гледам видеа секакви приказни и страв ме фаќа а уште сум 2 месец до 9ти мислам дека ќе ми треба некоа стручна помош. Многу сум плашлива од заболекар бегам не од ова како ќе биде незнам