Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Еве сме и ние на 21сеп,сабајле ме пρимија на болница со паднат чеп,и надминат теρмин чеκавме да почнат болκите до пон,ни болκи имав на цтг ниту се отваρав пρитисоκот се повисоκ беше,ми ставија κлизма и пρовоκации ништо паκ,втоρниκот ме оставија да одмоρам сρедата паκ пρовоκации сабајле не бивашхе ниκаκо,Дρ κажа спρемајте ја за опеρациона сала цаρсκи ќе биде нема веќе вρеме и тогаш се молев се да биде во ρед ме однесоа во сала ме сρедија и сестρата меρи пρитисоκ и му виκа на анстезилогот пρитисоκот не е добаρ,ме заспаа за 5мин. Κога ме будеа ми κажаа имаш здρав син пρеубав 4κг. Јас ги молев да го видам не ми дадоа во полусвесна состојба ме носат во шоκ соба,збоρат меѓу себе леле пρитисоκот и беше 180 и се исплашив,ама бев сρеќна што ангелот е добаρ,штом ми го донесоа се забоρавив κога ги видов тие очиња
     
    На dromka, Annath, SimonaTino и 11 други им се допаѓа ова.
  2. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски

    Во Стокхолм, во државна клиника. :)
     
  3. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.350
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    Читам и се тресам, втора бременост ми е па да видиме дали ке биде полесно :worried:
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.077
    Допаѓања:
    36.177
    Пол:
    Женски
    На 3-ти Септември во 5 часот се разбудив од спиење и наеднаш како нешто да истече од мене. Сфатив дека ми пукнал водењакот. Во 5 и 10 почнаа болките, ама беа слаби. Го разбудив маж ми и влегов да се истуширам. Почекав некое време па тргнавме со накај ГАК. Таму стигнавме во 7 и 30. Во 7 и 40 ме ставија на ЦТГ и бев приклучена 15 минути. Во 8 часот дојде една докторка да ме прегледа и ми рече дека сум отворена 3 прсти. Ми дадоа спаваќа и ме однесоа во предродилна сала. Ме ставија на ЦТГ и така лежев 10 минути. После тоа станав да шетам. Во 9 часот бев отворена 4 прсти. Бидејќи и во 11 часот бев отворена 4 прсти, ми ставија провокација во вид на инфузија. За кратко време почнаа појаки болки, ама беа издржливи. Во 12 часот бев отворена 5 прсти. Во 14 часот ми ја зголемија провокацијата. Во 15 часот се отворив 6 прсти. Во 16 часот бев отворена 7 прсти. После тоа ме однесоа на бокс. Ме ставија на ЦТГ и ми рекоа да стојам, бидејќи бебето е високо поставено. Потоа легнав на боксот и ми ја зголемија провокацијата. Пак ме приклучија на ЦТГ, па ме тераа да шетам за бебето да се спушти доле. Последниот пат кога бев приклучена на ЦТГ, влезе акушерката за да ме провери. Тогаш бев отворена 8 прсти. Ми рече да легнам на грб, бидејќи на бебето не му било убаво во таа положба (јас бев легната на левата страна). Ама јас никако да се свртам. Во тој момент почнаа многу јаки контракции кои што не се намалуваа. После тоа пак дојде акушерката и ми рече дека тоновите на срцето на бебето почнале да паѓаат и дека мора да легнам на грб. Отиде да викне доктор. Освен докторот, дојде една докторка и една акушерка. Докторката и акушерката ми го притискаа стомакот, а докторот и акушерката што ме надгледуваше почнаа да ме пораѓаат. Пред тоа ми дадоа кислород, бидејќи почна да ми се лоши. Напнав 2 пати (во тие моменти акушерката ме сецна), ама бебето не излезе. Пак напнав 2 пати и бебето пак не излезе. На следното напнување докторот ми рече - Ајде туркај. Му ја гледаме главата. На второ напнување излезе главата на бебето и на третото напнување се роди мојот син во 17 и 40. После тоа дојде една друга докторка за да ме сошие, а јас цело време го слушав плачот на моето синче. За разлика од првиот пат, овој пат поминав подобро.
     
    На Annath, SimonaTino, danichap и 10 други им се допаѓа ова.
  5. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Еве ја и мојата породилна приказна:
    На 14.10 бев на преглед кај гинекологот. Ме прегледа и ми рече дека сум затворена, и дека има време за пораѓај. На цтг покажа контракции на десет минути но без болки.
    Се вратив дома, а контракциите продолжуваа (ви пишав тогаш и во Труднички муабети).
    Цел ден имав контракции на различен временски интервал. Во 19h почнаа на 7 минути и бев спремна да одам во болница, но од 20h пак почнаа различно и затоа се одлучивме со маж ми да чекаме. Во 23h повторно почнаа на 7минути и веќе беа поболни од претходните. Ја зедовме торбицата и отидовме во болницата.
    Ме прегледаа вагинално и сеуште не бев отворена, бабицата ми вели вака ќе тераш можеби уште 5-10 дена |( . На цтг прикажуваше слаби контракции, и ме пуштија дома.
    Во 1h по полноќ се вративме дома и тогаш болките зачестија и беа многу посилни. Не можев минута да дремнам. Во 5h го разбудив маж ми и отидовме во болницата. Ме прегледаа вагинално и веќе бев отворена 3 прста, тогаш ми падна и чепот. Веќе од 8h болките почнаа на 7минути и така цел ден. Во 11h бев отворена 5 прста, во 15h - 7 прста. Сестрата ми рече ако до 17h не се отвориш целосно ќе ти ставиме провокација бидејќи бев веќе преморена. Во 18h ми ставија две инфузија за да ми се намалат болките и за два часа ми се намалија, сосем слабо ги чувствував контракците.
    Во 20.30 ме ставија на боксот и бев отворена 10 прста и тогаш сам ми пукна водењакот. Веднаш почнав да добивам напон и во 20.53 се роди синко мој. Без да ме сечнат, или да распукам. Немам ни еден конец.
    Се роди 2750гр и 50цм.
    Маж ми беше цело време со мене, и многу многу ми беше од помош.
    Бабицата и докторката презадоволни од пораѓајот, јас уште повеќе.
    Условите во болницата незаменливи.
    Болките малку ме изморија, но фала му на Господ пораѓајот беше лесен.
     
    На simce11, dromka, green.eyes и 14 други им се допаѓа ова.
  6. janickaskopje

    janickaskopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    264
    so sreka neka e da e ziv i zdrav :)))
     
    На wtff му/ѝ се допаѓа ова.
  7. luciamk

    luciamk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    38
    Еве ме и овде,Се започна кога отидов на редовен преглед докторот ми кажа дека сум 3 цм отворена но јас ниту болки ниту пак бев спремна и ме испрати во клиника од таму ме задржаа чекавме природно да се отворам,секое сабајле и навечер бев на цтг таму контракции никакви,и така 6 дена, депресија ме фати барав да ме пуштат дома докторите не ми дозволиа.На 6 ден кога отидов на цтг пак болки никакви но веке бев 5 цм отворена тогаш бабицата ми дадe некои апчиња кои наводно ке предизвикат контракции и рече да одморам ми даде една течност се напив за мирно да спијам,само што појдов во соба легнав осетив толку јака болка која траеше неколку секунди,мислев халуцинирам пошто едвај гледав,наредната контракција беше на 40 мин,излегов во ходник почнав да шетам беше веке полнок болките толку брзо се зголемуваа почнаа на 15 мин едвај отидов до сала,од таму бабиците ме легнаа на цтг контракции веке на 10 мин тие рекоа породувањето е започнато (инаку очекуваа тоа да биде утредента) толку многу болеше што одма побарав епидурал,пристигна и маж ми ми беше голема подршка секако,додека чекав за епидуралот ми ставиа друга анастезија која предизвика уште поголема поспаност,И конечно епидуралот,рај мислев дека лебдам ги осекав контракциите но ептен малку,Веке беше 5 часот јас отворена 10 цм дојдоа доктори ми рекоа да напнувам,верувајте напнував но не осекав напон ( од ПДА) и така пола саат го изгубив гласот многу викав сите се обидуваа да ме смират,се тресев сум молела да престанат (на тоа не се секавам) и така пола саат мачење излезе моето злато гледаше во мама и тато најубавиот момент во животот,болките престанаа и се се заборави вистина било тоа :D:D Срцето мое порано дојде на свет и сега ја гушка и нервира мама не сака да спие:P На сите ви посакувам лесен порагај како мојот со оглед на тоа што сум првородка сепак не беше толку тешко како што замислував поздрав мамички
     
    На simce11, ddevojce, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  8. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Мојата породилна приказна за двете родени деца е малку оскудна ама ај да ја кажам. Станав, пиев кафе и отидов на породување. Ме прегледаа, две - три инфузии, ни болки ни отворена, ни напон...
    Ме заспаа и кога се разбудив бебувчето до мама:inlove:
     
    На MSF, ddevojce, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  9. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.330
    Допаѓања:
    28.218
    Пол:
    Женски
    Јас мојата породилна приказна ќе ја започнам со како Господ никој не е,што решил тоа ќе биде.Вечерта на 25 цела возбудена што ќе ми кажат сабајлето на CTG не вечерав ништо немав никаков апетит,се раздени и си го фатив патот под нозе,ми вика докторот ехо и цтг супер околу плодова вода доволно оди дома па ќе се вратиш во петок,па тогаш ќе видиме што ќе биде.И му текна чекај да те видам и вагинално до каде си.Си се качив на тоа боксот и кога ми ги стави прстите почна да се разлева и да прска крв на секаде,човекот пребледе се уплаши,ајде пинцети,железа чуда....сум имала лакуни што никој во цела бременост не ми ги заприметил дури и на скринингот во 20 недела,ме влечат носат на сите страни,еден боцка со игли друг притисок,следен историја запишува,гинекологот и шепоти на свекрва ми на уше нешто она се пребледе и ја снема,после развбав ја пратиле дома по торбицата моја и од бебето,мене каде ме носат јас траги крв оставам се цедев насекаде по алишта,и му викам докторе ке ми дадете индукција за природно сакам да се пораѓам,само ме погледна и ми рече ако за 15 мин не го извадиме ова бебе од тебе рачунај дека ќе немаш бебе а не гарантирам ни за тебе одлепена ти е цела плацента и имаш внатрешно крварење во матката,во рок од 10 мин ме соблекоа,катетер,канили,инфузии во операциона сала,целосна анестезија го извадиле синко и го стабилизирале,а мене прво не можеле да ме освестат од анестезијата едно добри 2 часа,сум се грчела,крварење одоздола како да ме заклал некој.Маж ми и свекрвами пребледени не знаат што се дешава.Откако ме освестиле не се сеќавам на ништо,само кога ме носеа по тоа ходниците за во соба,ме сместија се тресев од студ,околу мене еден куп доктори крени чаршавот,спушти,стави ми инекција и стискај ме по стомакот тоа беше болка невидена,а јас чиствував дека одоздола не да ми тече крв туку како поплава ......Не можеа да го запрат крварењето и кога ме стисна докторот последниот пат почуствував дека ми излезе нешто од мене само слушнав добро е сега еве ги.......После нормално болки после операција,првото станување од кревет,ама кога ми го донесоа мојот ангел до мене,кога го бакнав и почуствував уште 10 пати би поминала низ истите трауми само за таа неизмерна радост.Толку од нас не чувал и благословил господ со живот на двајцата па ќе се потрудам да му го овозможам најдобриот што можам.Ве поздравуваме и ви посалуваме се најдобро.
     
    На simce11, zalosna, Beautiful-Princess и 26 други им се допаѓа ова.
  10. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    @tincemajmunce браво за храброста и јака ти душа како си издржала! Еден е Господ и нека не штити Богородица, се преплашив што читав жено. Гушки до тебе и твојот ангел :*
     
    На dromka, zalosna, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  11. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Леле Тинче, страшно Господ ве чувал, јака ти душа.Сега битно сте добро и си се гушкате со бебе.
     
    На Serafima, SimonaTino и tincemajmunce им се допаѓа ова.
  12. janickaskopje

    janickaskopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    264
    Tince milo mi e sto se zavrsilo. dobro,eden e Gosppd neka ne cuva site.pozdravce odmaraj i uzivaj so bebusot sega
     
    На dromka, Serafima, SimonaTino и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Leleee mornici niz celo telo mila ima gospod i ve cuval na dvajcata,zdravi i zivi da ste uzivajte vo ubavinite na mama i bebus.
     
    На Serafima и SimonaTino им се допаѓа ова.
  14. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    312
    Тинче ве чувал Господ мила, битно е дека сте сега добри и имате време да се опоравите.
    Јас ќе ви ја кажам мојата приказна и ќе ве охрабрам сите мешиња што го очекувате овој ден. Веќе имав пишано дека неколку дена бев само 2 прста отворена без болки и др ми рече да одам петок вечер за да ме породат. Ме примија вечерта и го пратија мм дома иако сакав да остане. Во 2:30 ми ставија клизма, во 3:30 ме качија во родилка сала. Сестрата ми стави вагиналета за омекнување на цервиксот и лежев до 7, болки никакви. Дојде мојата др ме провери пак 2 прста ништо не сменато, ми пуштија провокација. Кон 10 часот го пуштија и маж ми кај мене во соба да ми прави друштво. Си гледавме телевизија и си се смеевме, мене ми почнаа контракциите кои искрено не беа поболни од тие лажните што ги имав претходно. Ме прегледа др и вика 4 см, добро се отвараш но бебето е високо не е наместено. Ми го пукнаа водењакот и почнаа посериозни болки, се трудев да ги издржам. Акушерките ми рекоа да станам и да се движам во контракциите за да се намести бебе. Станав и успеав, пак легнав. Тогаш почнаа огромни болки што се виткав на сите страни. Пак ми рекоа да станам. Ми се тресеше телото, се држев за мм, тој нон стоп до мене ме придржуваше заедно со акушерката. Почнав да плачам и ги молев за епидурал, ми рекоа те молам издржи уште 15-20 мин, верувај побрзо ќе заврши побрзо ќе се отвориш. Плачев од болки но го нишав телото и стоев зошто чувствував дека се спушта брзо. Ме проверија на бокс, 7-8 см отворена, не им се веруваше и одма дојде анестезиологот, ми стави анестезија која ми беше како галење по кожа во споредба со се друго. Само легнав на страна го фатив за рака маж ми и ги затворив очите да се опуштам. По 10-15 мин, почнав да добивам напон ко за во вц, многу силен, и си го слушав телотоиако бев на страна свртена. Доаѓа акушерката и мојата др им викам ајде имам силни напони. Ме прегледаа и викаат тука е одма ќе излезе, сега е многу битно кога ќе добиваш напон да притискаш најсилно што можеш. Со третиот напон излезе моето малечко и малце ме сецнаа. Се породив во 15:30. Ми го дадоа да го видам на кратко и вечерта пак ми го донесоа. Од тогаш сме неразделни а јас сум лудо вљубена во моето мало меченце.
     
    На simce11, Annath, green.eyes и 18 други им се допаѓа ова.
  15. menelele

    menelele Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    8.526
    Chache,

    нека ти е живо и здраво момчето и големоо да расте и каде се пораѓаше?
     
  16. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    15.610
    Честитки до сите нови мамички,@tincemajmunce Господ ве чувал душо,важно е дека сега сте добри
     
    На tincemajmunce му/ѝ се допаѓа ова.
  17. heppymom

    heppymom Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    @tincemajmunce Душа нис што си поминала..... ама ете како Господ што е никој не е сега си го имаш душичето во прегратка,сега сакајте се гушкајте се :).... нека е живо и здраво!!!!
     
    На tincemajmunce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    312
    Во Систина се пораѓав, презадоволна сум од се, почнувајќи од пораѓајот до грижата за мене и за бебенцето додека бевме таму. Прекрасно искуство, ви препорачувам на сите што можете да не се двоумите за Систина
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Еве ја и мојата приказна од пред 15 години. Точно 15 до 9-ти декември, последен термин 12-ти.
    После 5 години лечење „Стерилитет„ што го немаше останав бремена со инсиминација.
    Ена недела пред да се породам одам на контрола и ми велат остануваш, а јас целата неспремна.
    Нејсе ме сместија, па испитувања па чепови за да се отворам, стимулации јок бре брате. Решаваат на 9-ти да ме породат.Утрото клизма се враќам во купатило да се истуширам излегувам од под туш од мене се цеди вода, никакви болки. Легни ми вели сестрата. Визита во 7, 30. Вклучуваат ЦТГ добри откуцаи од 140-160.
    Отворена 4 прста. Заминува визитата и откуцаите почнаа да паѓаат 90. 70, 60, 50 нешто не е во ред паника.
    Им велам на жените во соба, трчајте по сестрата! Паника, доктори еден куп. Спремајте ја за царски велат папочната врпца отишла пред главчето на бебето и се превиткала, бебето е без возух.
    Количката се бутка како на трки, лифтови, трка со времето. Операциона сала, анестезија, докторот спремен јас свесна, уште анестезија, се будам не можам да дишам, прва помисла умрев на пороѓај. Докторката (моја роднина) како од пушка, имаш зрава права ќерка се има на неа, тогаш почнав да дишам.Бебето се родило модро го анимирале, посебна нега, јас 2 дена во шок соба. Кога ме симнаа на оддление на сите им ги носат бебињата моето го нема, плачам, што се случува. Ја донесоа конечно мало бело топче додуша како ракче од кварцањето за жолтица, ама мене ми беше најубавото бебе во собата.
    Додека лежев таму 7 дена (сега е помалку) плачев нон стоп и ме нарекоа плачката.
    Малото топче сега ќе полни 15 години да е жива и здрава, ама живци ми кине.:)
     
    На makgirl, zalosna, Dust и 15 други им се допаѓа ова.
  20. Mekuska

    Mekuska Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    2.301
    Пол:
    Женски
    да пишам искрено додека го читав постот @tincemajmunce плачев, ме потресе многу, па ова хормоните дополнително ми ги зголемија солзите, браво за храброста, издржливоста, честитки за малото бебушче нека е живо и здраво, а тоа низ што си поминала се се заборава,, и како што пиша, како што е господ никој не е, има господ, тој не штити нас и секако мајка богородичка, која и самата е мајка, не штити нас мајките...
     
    На Mama25, Domakica, tincemajmunce и 2 други им се допаѓа ова.