Мојата прва породилна приказна. После долга борба со неплодност, неуспешни инсеминации, инвитра, абортуси, психички скроз паднати, реки од солзи и разочарувања и откажувања од животот, Господ не помилува со природна бременост. Реков ќе ја терам бременоста најопуштено, како што ќе каже Господ така. Од што бев опуштена на работа си одев до 4 дена пред пораѓај и првото ЦТГ го направив на ден на пораѓај 16.04.2024 - 38+4 договорена со докторката на Гак што би сакала да ме пораѓа да одам на прво ЦТГ на единственото дежурство што го има месецот, и после да се договориме кога да одам да ме следи во работни денови. Ама јас сакам се да биде природно. Така и Господ ме благослови. Дог во 14ч мене водењакот ми пукна во 13ч. Кога Господ сака ги реди коцките,ми се погоди дежурна докторката да ме следи цело време. ( иначе бев спремна кој и да ми се погоди дежурен лекар тој да ме пораѓа)Болки на почеток минимални. Почнав да се отворам три прста, ме качија во пред родилна. Цтг покажува екстремно високи болки. И навистина боли, три прсти останав отворена 5ч, а болките се зголемуваа. Ме проверуваше докторката со рака тогаш кога контракцијата е најјака за да помогне отварање. Јас абер немав. Не сакав ниту провокации ниту лекови за болка, ќе биде се добро како што ќе каже Господ така. После саат време на минута почнаа контракциите и чувството за какање е тогаш ме ставија на бокс. Сите опуштени околу мене ги слушав се што треба да правам соработував и со три напони излезе бебе. Во 01 часот по полноќ. Дар од Бога, нашиот благослов, нашето сонце. Моите емоции сега пристигаат, немој да се разочарувате ако не осетите ништо на пораѓај. Затоа пак мм уште плаче и не може да поверува дека станал татко. И од сите болки најголемата што ми остана е болката во газот што ме сецнаа Ви посакувам лесен пораѓај да имате сите, со добра мисла и помош од Бога сите ќе си родиме живи и здрави бебенца
Честитки мајка да е живо и здраво големо да расте и радост да ви носи честитки уште еднаш од ме разнежни
Mојата втора породилна приказна Првата бременост и пораѓајот ми беа како од книга и на сите им посакувам да имаат такви бремености и пораѓаи. Втора бременост можам да кажам дека исто поминав. На 30 јануари имав закажано на контрола бев 38 недела и веќе бев нестрплива да се породам, ми сметаше стомакот, со оглед дека дома имав девојче од 3 години со кое морав да се занимавам. На прегледот се супер, ЦТГ мирно, докторката ми вика имаш време уште еден прст само отворена. И малце бев разочарана и и викам на докторката нема некоја опција да се породим порано, штом веќе еден прст сум отворена. Вика сакаш да те породиме утре? Мене очите ми светнаа викам ако може се разбира дека сакам. Ми стави за омекнување на грлото и ме пушти дома. Вика оди дома, спреми се вечер во 8 дојди ќе им кажам да те примат. Се јавив на маж ми ама од возбуда му кажав само на кратко дека утре се пораѓам. Целиот збунет и он ми вика зошто закажа за утре царски, нели сме договорени викендов да средиме по дома И му викам не сум царски,природно ќе биде, се освести човекот и вика ајде тргам за кратко од работа не знам кај терам. Вечерта во 8 заминав во болница, ме ставија на ЦТГ пак мирно, дојде докторката да провери дали пак да стават за омекнување на грлото и заклучија дека не мора затоа што веќе сум почнала да се отворам. Вечерта воопшто не можев да спијам, возбудена, многу тажна за ќерка ми која ме чека дома. Во 5 часот сабајле ме разбудија и почнаја да ме припремаат за пораѓај. Околу 7 часот ми го пукнаја водењакот и ми ставија провокација. До 10 часот бев добра, но поради што бев ненаспана и уморна, почнав да ја губам силата и мислев нема да успеам да издржам до крај. Маж ми и на овој пораѓај беше со мене и во еден момент му реков викни докторката да ми стават епидурална. Ми ставија епидурал, точно болките не ги осеќаш ама напнувањата ме исцрпија до тој степен што мислев нема да успеам. Но успеав и на 31 јануари во 13:01 се роди мојата втора среќа.
Како што е редот и јас да пишам мојата дур сум пресна.... Ноќта кон 24ти поточно 15 мин до 12 заспивам детето не му се спиеше нешто заспа...полежав малку и осетив нешто ми крцна, пукна...станав заминав во вц и протече водењак малку ... гледам саат 00 :00 е викам го погоди времето..будам маж ми стана и почна да тече повеќе вода... ѕвонам на мтичен иди одма и земи торбица, ствари за да одиш директ... дур појдов кај него, ме провери не сум отворена, водата истече цела...итно за скопје ме фатија одма болки на 4 5 мин траеја цел саат саат и пол... дур стигнавме на гак 2 веќе беше можи и побеќе ..прием, цтг, веќе осеќав појаки болки... 4 прсти отворрна сјде горе 3 саат веќе дојде.... Ме проверија и горе, пак цтг, станав шетај сега е тука веќе почнааа појаки каде осетив за пола сат напони викнаб сестроте ајде 9 прсти се птворив одма на бокс.. малку се помачивме...мнпгу ми помагаа ми кажуваа што и како и кога да напнувам.. точно во 4 : 00 се роди мојто синче тешко 3860 гр долго 52 цм... Од токку што се плашев испадна брзо и многу полесно од прв ппраѓај.... сецната сум малку повеќе испукав сама... ама ќе мине верувам за 3 дена ќе е друго.. Ви посакам брз и лесен пораѓај како мојот драги мајки
Еее гледаш, што ти реков? Трпение, спасение, баш ми е мило што толку брзо си се олеснила. Честитки, да сте живи и здрави и побрзо закрепнување
Мојата прва породилна приказна. Се распишував на долго, но сакам да си го чувам постот и како успомена. Беше петок кога отидов на преглед рутински и ЦТГ. Се си беше мирно, но поради мојот висок притисок, а веќе бев 38+3 докторот ми препорача во недела сабајле да одам и да пробаме со провокации да се породам. Во сабота направивме последна генералка со маж ми,си фатив кафе шема со сестра ми, се средив и се трудев да не мислам на тоа што следи. На моите им кажав во понеделник сум на преглед за да не ме мислат додека се породам. По нивните реакции и муабети воопшто и не се сомневаа. Дојде недела наутро, се спремивме со маж ми, направивме неколку слики за успомена пред пораѓај со моето најслатко големо стомаче. Многу јадев последните денови и сега докторот ми спомна јади пред да дојдеш после нема веќе додека да се породам. Затоа убаво си каснав помалку и лакомо. Стигнавме во болница се испоздравив и изгушкав со маж ми и со болничарките тргнав во болничката соба. Ме средија, ми ставија клизма се истуширав и чекам. Се чувствував возбудено и во големо исчекување. Ме земаа во предродилна соба и бев сама. Ми приклучија цтг , си земав телефон плус и далинско од тв и се сместив удобно во креветот. Ми ставија вагинална проволација околу 11 утрото. Си гледав тв, си играв игрици нс телефон. Ме откачија од цтг па искористив да се слушнам со мајка ми за да направсм бош муабет да не се сомнева дека сум во болница и тоа беше успешно. Бидна 3-4 часот ЦТГ уште не покажува никакви промени, притисокот ми се качува па ми дадоа дијазепам и дупла доза метилдопа. Преглед со рака дали 2 прста отворена. Ми пуштија провокација со инфузија. Си продолжив јас со гледање серии богами и два пати отспав. Маж ми се секираше да не сум гладна, колку си кркав сега цел ден без ништо. Болки почнаа нешто малку дури околу 7ипол меѓутоа не ги покажуваше на цтг како толку големи. Овие болки ми беа како менструални, беа непријатни. Докторот инаку ми кажа доколку почнат поголеми болки да им кажам веднаш да ми дадат епидурал. Бидна 8 часот пак преглед со рака, јас уште исто отворена. Притисокот не ми се спушта ни со дијазепам и метилдопа 180 ми бидна. Помина доста време , два вида провокации не се отварам болки умерени. Дојде докторот и ме праша сакам ли царски зошто со вакво темпо кој знае колку време ќе трае отврањето зошто со две провокации немсв реакција, а притисокот не ми се спушта, не ни почнале јаките болки. Јас се сложив за царски зошто и мене ме ми се чекаше ми беше страв. Дополнително и тие болки што почнав дс ги осеќам беа многу непријатни не можам да замислам какви би биле до крај. Докторот рече само да се смени смена, да се спреми сала и во 8и30 ќе те земеме. Кажав јас на маж ми дека царски ќе биде, се туфкав низ соба да пројде време, пишував со сестра ми како ништо да не се дешава. Ме земаа со количка до салата, не дека не можев да одам ама ајде ќе се возам. Таму легнав на столот, веднаш се наместив да ме боцнат за анестезија. Не ми беше толку мачно, брзо ме боцнаа не ни болеше. Притисокот 190. Потоа легнав, ставија преграда и катетар. Осетив дека нешто ми прават како да го влечат стомакот. Не боли ама е така непријатно малку. Си зборат меѓу себе за патувања, јас сум со паметот само кај бебко. Многу брзо од кога ме внесоа го слушнав најубавиот звук до сега. Мелодија за моите уши, плачот на мојот син. Го земаа да го средат мене погледот ми е само кај него. Кај стомакот осеќам нешто ама не ме занима, само чекам да го донесат до мене. Солзите сами ми капат од среќа од некое чувство неописиво. Го доближуваат до моето лице, ја чувствувам неговата мека нежна кожа. Душата и срцето ми се полнат со неописива љубов за моето чедо. Нешто незаборавно. Го тргнаа потоа го земаа за средување, јас уште си плачам, но и почнувам се повеќе да осеќам нелагодност од тоа што се случува. Одеднаш си потонувам во некој сон и се будам во салата кога веќе се е готово. Јас им велам сум заспала малку, викаат ма ние те заспавме што е и логично. Веднаш ги чувствував нозете, ме однесоа на интензивна. Од таму прво звонев на маж ми, потоа и на мајка, татко. Сите пресреќни, уживсв да им кажам и да ги слушам нивните реакции. Докторот кажа дека можат да дојдат да ме видат, но бидејќи веќе беше 10-11 и ние сме од друг град, јас уморна им кажав да дојдат утредента. Ме однесоа во соба и за сат време го донесоа бебето. Ми го ставија на рака до мене се гушкавме. На мама пак по малку солзички ама со помал интензитет. Сестрата го стави и на мојата града и тоа душиче мало, само што излегло од стомак почна да цица. Ммогу ми беше слатко. Незаборавни моменти навистина. Сите го зборат првото станување од царски, мене ми беше ммогу страв. Си викам колку ли боли. Зависи од прагот на толеранција на бол, ама не е толку страшно. Се поднесува и издржува. Секое станување е се полесно. Додека дс фатиш позиција. Во Систина условите се стварно феноменални. Нон стоп доаѓаа болничарки те чистат додека си со катетар. Беа покрај мене кога прв пат се туширав. Ми менуваа постелнина. Имав млекл па нон стоп имав достапни спаваќи. Јадењето стварно врв го чекав секој оброк да видам што има на мени. Сестрите од кај бебиња се трудат да научи бебето да цица и да ти објаснат тебе како оди тој процес - како треба да се наместиш и слично. Доаѓаат да те видат гинеколог на визита; педијатар да ти каже за бебето, беше ортопед и доктор за слух на бебето. Потоа што ми беше многу слатко и убаво е кога покрај сите тие луѓе дојде и фризерката. Сакате ли фенирање за утре, викам обавезно. Многу убаво делува на психа кога ќе излезеш и ти среден од болница. За маните на болницата прво е околу парите. Ги прашав уште кога влегов во девети месец во април да оставам аванс ми викаат абе тоа ти е само за тој велнес центар немаш потреба. Од први мај се покачил пораѓајот за 10.000 денари. Да имав оставено аванс ќе платев по старата цена. Друго посетите се од 10 до 8. Може да влегуваат било колку луѓе и да седат колку сакаат. Имав цимерка еден ден кај што и седеа 4луѓе и правеа толку многу галама, а кај мене бебето се трудам да го местам на града. Јас полугола, бебето кенка овие викаат. Стана и загушливо. Среќа втората цимерка ми се погоди и немав другс таква ситуација. Кај мене влегуваа еден по еден маќж ми мајка ми и свекрвата на по 5-10 мин. Освен маж да влезе јас не би давала други. Најнакрај сакам да го пофалам доктор Јорданчо Иванов. Благодарна сум му многу и за цел живот што ми ја водеше бременоста и на неговата златна рака за успешната операција. И за следниот пораѓај би ја избрала Систина и него. Од третиот ден во болница функционирав нормално, а дома уште од кога стигнав се чувствувсв одлично. Повеќе ме болеше собирањето на матката. Јас дека прворотка мислев стомакот веднаш го снемува, но реалноста е дека и за тоа треба време. Кога ќе ги споредам тие породилни болки што ми почнаа спо болките од царски дефинитивно секогаш би избрала царски. Цимерката беше природно породена, ја болеа ребра од стискање на бебето и плус целата испукана ја болеше при седење, плус и контракциите и самиот пораѓај. Природно јас мислам е каде каде поболно, не за џабе операцијата се вика царски рез. Нај на крај, од неделата кога влегов во болницата до четвртокот кога излегов е како да сум била во некој тунел. Моите емоции се сменија, мојот дом се смени, моите приоритети, погледот на светот. Моето мало пиле ми го исполни животниот сон да си градам топол дом со мојот маж и го исполни моето тело со безусловна љубов.Од самото искуство, едвај чекам уште деца да чувам. Те сака мама најмногу на целиот свет мој Б.
Еве и јас да пишам за моето неубаво прво породилно искуство во ГАК. Се мислев дали да пишам, не сакам да плашам никого, ова беше само моето искуство. 1 ден пред да ме примат во болница ме гледаат на ехо, плодова вода заматена и густа отворена само 2 см. Докторката ми рече немаме место да те примиме сега ако осетиш нешто болки или ако не мрда бебето дојди под итно? Јас си викам зарем не е касно ако бебето не мрда па да доаѓам? Ама ајде добро. Си одам дома, другиот ден осетив како бебето ми е спуштено надоле и ми тежи стомакот. Чепот ми беше веќе паднат, сега имав и кафеав исцедок. Вечерта се спремив да одам па што сака нека биде. Бев загрижена заради матната вода. Одам во сабота на 17мај вечерта на дежурно ГАК. Одам таму, нема никој во собата, сите 6 докторки сестри што и да се надвор на цигара кафе. Ги чекам 30 минути и ме прашува сестрата што е работата? И кажувам и ајде на цтг се ок, мали контракции ништо страшно. Таа една старка со 5 кила шминка ми вика што си дошла бе оди спи дома. И реков па од убавини не дојдов за да ве видам вас. Докторката рече преглед заради тоа што им реков водата ми е матна. Ми рече па ако ти е матна ќе те задржеле, и реков немаше место и ме пратија дома. И добро ме прегледа, заклучи дека според постелката бебето ми е надносено 42 недели а не 39 како што сум рачунала јас, водата намалена. После мн дрско однесување ме носат на патолошка. Таму ми земаа крв ми ставија такво во вена за инфузија ( дознаа дека грешно го ставиле после 2 дена пошто раката ми отече) Ми рекоа да легнам да спијам и сабајле ќе одлучеле што како. Си легнав неможев да спијам нормално, сабајлето доаѓаат 4 доктори и сестра. За мене викаат оваа ли е пролонгатата? Да напоменам Кочовски беше дежурен на сменава, гомно од човек. Ме викнаа да видат дали сум се отворила со зборовите ајде доаѓај за преглед нема тебе да те чекаме или покана сакаш, бев исто 2 см. Ми ставаат балонче за провокации демек за неколку саати ќе се отворам. Сестрата ми дава чепче, вика еве ти ставај, немој да ти падне зашто немам друго. Го ставив некако и јас незнам како зашто имав болки од фолито. Ова траеше од 8 сабајле до 18 30 вечерта. Чекаа да падне балончето само, падна. Ме земаат да видат колку сум отворена. 6 см. Ме земаат на предпородилно јас среќна дека конечно ќе се пораѓам само уште малце да се отворам. Јас не се отварам и немам болки, на цтх покажува болки јас ништо не осеќам. ( во овој момент јас требаше да се трескам од земја за да ме земат на царски ама кој ти знаел). 5 души појди дојди да проверуваат дали сум отворена, абер нема. Ме ставаат на инфузија, ништо, покачуваат инфузија, ништо, пак покачија, пак ништо. На инфузијата бев од 19:00 до 23:30. Тие што беа на смена ми кажаа ништо ќе видат колегите утре ние ништо неможеме тука. Мене у меѓувреме почна да ми тече водењак ама нив не ги интересираше ни тоа. Останав пак да чекам да видам што ќе биде со мене и со моето бебе. Сабајле започна целиот хорор. Доаѓаат со појака инфузија, со таа 100% ќе се отворам, викаат. Ми ја ставаат, и осеќам некои мали болки, доаѓаат проверуваат ништо пак 6 см. За небрзо време јас почнувам да имам ненормални болки ма цтг покажува болки за пораѓај а бебе не излага. Викам се дерам да дојдат да ми помогнат, сестрите се смеат у соба. Докторот не го занима ништо не ни дојде да ме види. Доаѓа некој после 30 мин ми вика имаш време не си отворена и си оди. Јас се дерам ги молам дека неможам да издржам и водењак скроз ми истече. Ова беа најстрашните 3 4 саати во мојот живот. Никој не дојде нешто да превземе ме оставија сама со страшни болки креветот го искинав од болки. После тие 4 саати јас више се тресев цела од болки препотена немав сила на нозе да стојам, градите ме болеа и ми се вртеше. Доаѓа доктор ми вика издржи ја спремаат салата за царски, да дошол специјалист. А дента пред ова ги слушнав другите доктори како зборат дека имам мала карлица и нема шанси да се породам природно, ама ништо не превземаа бидејки Кочовски сакал природно сите за тоа сме биле ние родени. Извинете скокам и малце измешано ама ова беше хаос. Доаѓаат сестрите ме тераат да одам до сала, јас болки вриштам се тресам ке се онесвестев 3 пати ме миеа со вода дур одевме натака. Ме легнаа таму конечно. Го извадија моето бебенце, и само слушам го исече ?? И се ствара панила, јас од анестезијата не толку при себе и не сакав да верувам што слушам. Ми го дадоа да го видам на 1 сек со лиценцето покриено на една страна. Ми кажаа со лицето било долу, матката истенчена и го секнале малце ама се ќе се среди. Мене ми се плаче, уште неродено да осети болка и да го шијат. После ова ме однесоа во шок соба зашто немаа место во породилна. И за ова ќе напишам друг пат продолжение, за ужасот што следува на породилно. Моето слатко бебче е со мене сега си спие.
Господе боже… се отидено кај нас. Ти посакувам да заборавиш на траумиве и да си уживаш со бебка во најубавиот период што ти следи.
Оф леле душа, не е фер стварно вака да се изживуваат на родилки. Не е фер да бркаат врски, да се даваат пари државно за подобро да се помине. Незнам до кога вака ќе прават, да се најде некој еднаш да ги среди овие работи со вршење на некаква контрола Па не се сите трудници програмирани исто и лесно да родат... зошто мачат до паѓање во несвест незнам. Бидете добри само и дај боже брзо да заборавиш на болката... на моментите секогаш ќе се сеќаваш, ама бар болките да ги заборавиш
Душа, ме расплака. Гушкај бебуш сега и ако можеш пишувај по социјални мрежи. Ниедна трудница не заслужува ваков третман.
Жена, мајка, кралица, ЛАВИЦА. Да е здраво и живо бебчето. И ова да се каже и пријави. Значи, доста е веќе, ДОСТА. Вакви понижувачки односи и малтретирања на родилки. Па како не им е срам? Зар забораваат дека една таква родилка ги донела и нив на таков начин на свет? И би сакале со нивната мајка некој вака да се однесува. На сите до еден да им е срам! На тебе секоја чест. Гушкајте се со бебчето сега, ама не оставајте ова вака да помине. За никоја друга да не искуси.
Кочовски тера природно до крај. И не е битно како ќе излезе. Не знам некои луѓе нели се плашат од Бога?
Е мајко херојко. Ме расплака. Се надевам дека овие 'доктори' ќе ги стигне нешто во животот,за на момент да се осетат како многу родилки таму. Бар на минута. Гниди.
Мојата прва породилна приказна и по поминатово се надевам последна. Четврток 4ти април ноќта спрема 5ти се спремам за спиење и сабајле за прв преглед на гак пошо бев 37+4. Осетив 2 3 капки у 12 ноќта ама ај си викам се подмочав. У 4 сабајле се будам, мокри гаќи и розев лигав исцедок а болки никакви. Си полежав така па си станав си зачистив си пуштив машина пошо знаев дека ќе ме задржат а не сакав да отидам прерано. Околу 6 го будам маж ми, пиеме кафе, се туширам и правец гак. Таму доктор Ќаев ме прегледува, пукнат водењак и само 1 прст отворена и ме оставаат на патолошка. Ми викаат ќе чекаме природно да добиеш болки и да се отвориш. Прашувам а тоа што ми е пукнат водењакот и водата по малку ама си тече? Ми велат може да чекаме максимум до 48 часа од кога е пукнат водењакот. Ај викам ок, повеќе знаат од мене и според ова до 4 саат максимум сабајле недела сум породена и ваљда нема до тогаш да трае. Си лежев така петокот цел ден без никакви болки. Доаѓаат еден друг ме проверуваат само и нишо не сум отворена. Саботата дента исто. Ноќта околу 2 часот почнуваат болките и ај викам ќе трпам сигурно е рано уште. Дишам, шетам низ соба па легнувам и една сестра ме слушна и дојде ме праша дали имам болки, и потврдив и викна доктор. Си викам уште 2 саати максимум и вака или така ќе ме породат затоа што веќе изминуваат 48 саати. Вика доктор сестрата, ме прегледува, вика 4 прсти носете ја во предродилна. Ме однесоа ме ставија на цтг. За 2 саати се отворив уште 2 прсти и тука веќе ми почнаа јаки болки. Ми ставија чепче, се прочистив за пола саат. Помини замини еден друг ме проверуваат и сите ќутат не ми кажуваат ништо. Ми уклучуваат провокации околу 4 часот затоа што немаат време веќе, барем така си зборат меѓу себе. Доаѓа Јовчевски и му викаат ѕирнете ја ДАЛИ ЌЕ ИЗДРЖАТ УШТЕ. И тој слепец вика да ќе пробуваме. Јас молам веќе за анестезија, никој не ме перцепира. На цтг не се слушаше ништо и ми викаат стани. Викам не можам да стојам, можеш викаат. И така стојам на нозе у место, гола, тече од мене крв и вода. Се тресам од болка до 11 часот! Ги слушам како си праат муабет абе нема шанси да се породи природно, многу тесна карлица има. Еден па уште се смее вика , цитирам: една имаше ваква, распука као петарда, одвај ја составивме да ја сошиеме и се смеат сите. А ја на 3 метра од нив се слушам! Доаѓа ме ѕирка една, го гледа цтг и не знам зашо ме носат на ехо, прашуваш што е ништо не кажуваат само така треба. Од таму на бокс и пак провокации. Доаѓа Јовчевски и вика 8 скоро 9 прсти.Јас плачам молам за анестезија или да ме породат царски и да ми ги намокри некој усните добивам одговор од Јовчевски само не може диши си ги болките. Не се трпеа веќе провокациите а тие доаѓаат еден по еден ме прашуваат добро ти не ли осеќаш напон. Викам не, тие превртуваат очи. Околу 14 часот доаѓа една сестра господ здравје да и даде ме гали и ми вика: душо викај колку можеш, мавај клоцај за да те земат за царски, сите те ижаливме ама Јовчевски сакал природно! Ја послушав викав лупав и доаѓа господинот да ме провери пак, бебе заглавено ненаместено као шо треба во канал и не знам што виде на цтг за конечно да рече спремајте сала итно! Јас веќе се изгубив, низ магла ми е одењето до сала. Така со спаваќата крената, умацана во крв ме влечеа да одам до сала како крава. Од кога ме боцнаа во кичма не знам дали им заспав од умор дали се онесвестив знам само дека отворив очи кога го извадија бебето во 16 и 35 часот! Не ме ни породи Јовчевски, туку некој друг, мислам Даниел Милевски се викаше. И јас и бебе после со антибиотици. Не можев ради тоа да го дојам па добив маститис ама тоа е друга хорор приказна како што е исто и однесувањето на одредени сестри после породувањето. Моја нога веќе не стапнува таму. Дај боже сите лесно да поминат, ниедна како мене.
Лајкот е за поддршка Живи и здрави да сте со бебенцето Уште не сваќам зошто така се однесуваат со родилки Во оваа современо време на толку начини може да се олесни тој процес и секоја да има што поубави спомени, тие се однесуваат како да не се работи за 2 човечки животи! Немам коментар искрено. Битно да сте добри со бебе
Фала ти Така се однесуваат затоа што сакаат пари а јас не сакам да им давам пари за нешто што им е работа. Сега сме добри фала богу
Честитки на сите мајки и брзо опоравување прво психички од вакви хорор породилни приказни страв да ти е кога ќе ти дојде времето Гледам на Гак како да е пострашно од чаир кога си читам или што знам, секој со свое искуство Јас со првото немав врски ниту сакав, во глава мислев сигурно нема да ме остават како животно да се мачам И се погодија 3 на смена ама ниту на една име не им ги знам Сега за второ ме фаќа страв и паника дека знам што ме чека али тоа е Кога било лесно да си мајка уште во нашите услови без душа луѓе
Некоја полесно поминува, некоја потешко... Тие што потешко поминуваат без никаква поддршка, а докториве мислат секоја пациентка треба исто да им се однесува. Ама пораѓаите не се исти, прагот на толеранција на болка е различен, телото е различно... Наместо да утешат мајка која се мачи со саати (не дека она сака толку да се мачи), тие им урлаат, ги оставаат сами на себе, жално е... Мислам доволно ќе е во тој момент некој да те држи за рака, да е до тебе, да ти зборува убаво. Ама...