Јас имав 2 пораѓаја, и 2та трауматични на некој начин. За првото како да отидовме во продавница, сестрите се редеа мм за да ги дарува (пари), детето не го видов додека не дојде свекрвата, за да ги дарува нормално. Само ми го покажаа тогаш оддалеку и на другата ден ми го донесоа со зборовите "мајка еве ти го, дој го". Ги слушав вечерта сестрите како се караат која повеќе зела и зошто не си ги поделиле. За 2то, се погоди 2пати да се враќаме за Скопје во ист ден. Прво на контрола а после на пораѓај со пукнат водењак. Не се отворив како што планирав за природно па мораше царски.. Се беше во ред, само моментот на пораѓајот ми беше трауматичен. На одење до сала, сестрата ми го кажа името на докторката, но јас во шокот дали се е во ред со бебето, неможев да и го разберам името. Ја повторив но... Влегувам во сала, ме прашуваат како се вика докторката, викам незнам, не сакав да ја навредам за да не и го погрешам презимето. Ми се спуштија како можам да не знам кој ќе ме оперира. После пораѓајот еднаш ја видов и толку. Но затоа пак од сестрите бев презадоволна од грижата. Нејсе, помина.
Мојата трета и последна породилна приказна Контракции недели недели уназад, бракстон најверојатно... ама на секое убаво ги осеќав. 37ма нед на контрола скроз скратен цервикс, ама не бев отворена. Бебе тахикардично на цтг (при промени и на цтг кај матката, се одразуваше кај срцевата реакција). На ехо абдоминално ме гледа докторот, главче од бебе нема Многууу спуштена (а и језиво доле ми беше стомакот, дури и незгодно ми беше седнувањето веќе). Тахикардијата на бебе од папочната врвка... притисната со рамо, низ врат, под глава. На десно лежење никако, дека десно е тоа... Ме прати дома да одмарам повеќе, да не се наведнувам да дотераме до 38ма. Одев на цтг секој втор, па и секој ден. И додржав една недела веќе, но на 37+6 неделата јас убави контракции.. Јавив во Ремедика и некој непознат доктор дежурен, решив да не одам. Беа на голем интервал... издржливи. Понеделник сабајле отидов кај мојот, ме стави на цтг, цтг си ги детектира болките. Прст отворена. Јас упорно прашувам природно дали ќе може Докторот вика ради папочната тешко, многу ја стиска бебе... плус индикација и претходно царски. Но остави простор да видиме ситуација како ќе се одвива. Направивме подготовка, крвна слика ми земаа, сите потребни документи, се видов со анестезиолог (да сме спремни и за царски) и ми рече дојди утре сабајле (вторник). Едвај издржав сабајлето да одам... одам болки асални на цтг, на краток интервал. Јави сестрата од доле на Јане, Јане рече ништо качувајте ја горе. Горе како ме сместија во соба, ради и болките во план прва за царски и така и бидна. Чепчиња две, прочистување и во сала. Дали дека со второто ептен итен и контракции јаки имав, па тоа иглата не ја осетив. А сега... Како ме забоде со иглата, болка до препони осеќав. Одма проделува, едвај нозете на кревет ги дигнав Спремија све, ме проверуваа со лед дали до гради е фатена анестезијата. Јас паника некоја, како болка во гради осеќав и им реков ме болат градите Ама анестезиологот ми објасни дека од анестезијата е тоа.. дека до таму фаќа некаде и осеќам како тежина некоја. Од тука веќе знаев што ме чека. Чепкање, влечење си осеќав. Дојде Марина Поп-Лазарова и ми честита именден... јас со паднат притисок изгледа или незнам што, уста не можев да отворам ни фала да речам.. а па ни јас неа да и честитам (имењачки сме) Анестезиологот нешто ги скара дека многу ме влечеле и побара да ми стават нешто, па кога се ококорив и освестив Ми вика: Тука си нели? Ме гледаш, а не зборуваш И се пуштив оддеднаш среќна: Леле не можев да зборувам, а сакав! По кратко стигна и бебушка Се расплака, изненади со 3720 (дури и Јане не очекувал толкава да е во 38ма) 9/10 оценка, ми ја ставија до мене и ни направија слики и видео После веќе на 7мо небо бев! Во шок соба лежам и не ми се верува дека и трето бебче на свет донесов. Желбата и сонот ни се оствари, поубаво чувство нема на светов. Си се гушкаме веќе 10 дена Бато и дада пресреќни, само си ја гушкаат и они Неколку дена ја пишувам приказнава, морав детално за да си ја имам и јас засекогаш
Конечно да ја напишам и мојата втора породилна приказна. Со две деца под две години е предизвикувачки и дури демес, 40 дена по пораѓај реков ќе пишам тука, иако имам на други теми да пишувам, прашувам и барам помоши хаха. Кој ме читаше во труднички муабети знае дека цела бременост ми беше од проблем во проблем, со обилно крварење 33 дена за кое никој не најде дијагноза, на почеток околу 16 недела ме испратија дома да буткам (да абортирам, зошто рекоа почнат е процесот), ниско спуштено, цервикс кој варираше, бактерии итн. Беше ден недела и точно во 31 недела влегов, ни дојдоа гости и вечерта во раце ја кренав внуката која е иста тежина со ќерка ми која во последниот период цело време ја кревав, немав избор сама дома а она 1,5 години брливо дете. Како ја кренав внукава физички не осетив ништо ама психички ми дојде некој момент дека направив беља. Одма ми почнаа стегања во стомакот што секој ден ги имав ама не толку чести, а сега беа чести и подолги, при толку проблеми не помислив дека се породилни, едноставно навикната бев на проблеми. Ги снимив стегањата, пишував и во труднички знам ама пред спиење ми почнаа менструални болки, ептен издржливи. Бев во вц гледам нема ништо, си реков ајде матката се спрема не е ништо, знам какви се породилните болки ова не се ни 1% што поминав со првото бебе. Заспав и сабајлето се разбудив пак со истите болки, ни повеќе ни помалку. Реков ај да проверам дали се лажни ќе идам кај матичната. Ја однесовме поголемата во градинка, среќа мм беше дома и отидовме кај матичната. И опишав све вика не се секирај тое де лажни се спрема матлата ама ајде си дошла до тука ќе те проверам. Кога и пребледе фацата вика ти си 3-4цм отворена итно во државна дс ти стават инекции за зреење. Измеѓу имаше давање утеха од сите страни и поддршка, да не одам во детали. Во државна секако не влегов одма си почекав и прво ме ставија на цтг кај што беше се во ред. Се спремив за на стол, ме видоа на ехо викаат се е ок има срце, мрда, постелката некако како надоле да оди ама ништо конкретно, како им се пожалив за болките кои веќе беа баш менструални (се трпеа најобични баш како при менструација) ми рекоа ај да те провериме и долу со спеклум. Дур отворија тоа алатот од мене почна да прска долу крв од ногде никаде. Итно дојде докторка, брца рака пребледе и она викам аман што е сега. Викна итно кревет и да се носи на бокс!!! Дур дпјде креветот им викам што е работава, докторката нема, ќути. Среќа специјалистот ми кажа отворена си и постелката се одлепи од тебе. Ме носат и викам се ли ќе е во ред, пошто трчаат. Мм ме виде во таа фаза, дур чекавме лифт дојде ја му викам кажи им да ја спасат неа..во лифт на тој му викам царски ли ќе бидамво сета мака на тоа се уплашив, вика не знам девојче јас сум болничар оффф хаха. Директно на бокс, еден куп специјалисти, докторката што се симна долу и Ковачевски дојде. Ме спремаат сите брзаат, податоци зимаат викам не знам кога се омажив, не го знам бројот на мм, во таа ситуација не знам име како погодив кое ми е. Ме испрашаа све, ми ставија за следење све идокторот провери долу вика 7-8 прсти. Значи за саат време од кај матичната (близу до државна е, Кокоромановска) до горе до бокс (освен цтг и чекањето се друхо беше на трчање). Ми вика: плацентата е одлепена, бебето може да издржи уште вака внатре, ама сега тебе те спасуваме. Мм пред врата истото им го рекле, жената спасувајте ми ја. Зошто ме виде во катастрофа ситуација со крвови цел кревет. Ми рекоа ќе пробаме природно, зошто јас прво реков бебето нема инекција за бели дробови, го добив одговорот од горе. И дали ќе бидам царски. Одма провокација, докторот ми го пукна видењакот и тоа тотално безболно беше, провокацијата ја појачуваат за 10 мин, пак ништо. Во меѓу време летаат доктори, сестри, специјализанти дали сум ок, што осеќам, општи муабети и сл. Цело време накачуваат провокации и ме чекаат да офнам, а јас истите минимални болки. До 16 јачина стигнаа, не знам тоа дали е премногу. Дојде бабицата (цело време поминуваше) и се пожалив дека ми се моча многу, не стигнав ни да мочам а не па клизма да добијам. И ми рече супер што ми кажа тоа може да забвува процес. Ми стави цевче се преполни кесата вика охо тебе многу ти се мочало. Им викам ова болките мора до 100 да стигнат за да раѓам? (Знам со првото над 100 идеа а сега едвај 33 макс). Ми викаат не, кога ќе осетиш напон за во вц, тогаш. За некоја минута ми почнаа напоните, бабицата ме подрашири доле со првиот напон излезе главчето и со вториот телото. Болка осетив само на излагање ама траеше 2 секунди. Излезе, беше замотана 2 пати врвцата околу врат. Одма тогаш почна да плаче и првите зборови ми беа жива е, жива е и почнав од среќа да плачам, сите околу станаа емотивни од реакциите. Педијатар беше тука зошто беше најавена ситуацијата и ми кажа за проблем со ноџето што само од себе се реши до сега и на мерење ми викаат мајка сигурна ли си дека си 31 недела, им кажувам датум и викаат ние ќе го пишеме дека е 33 недела, бебето си дише само, без видливи проблеми е и е 2040гр и 44цм. И тука пак се расплакав од среќа. Неа ја однесоа, мене за некоја минута ми ја озвадија постелката, викнаа све живо и диво да ја студирасат каква е распарчена. Вадењето исто беше безболно со некој напон излезе и тоа летна во далечина па имавме шала дека лом сум ги направила, колку гаѓам. Поминав без ниедно конче, прелесен пораѓај, после 5 мин на бокс уште реков еее вака 20 ќе родам. Ме однесоа во соба, сакав одма да станам не ми дадоа, мораше со помош. Јас емергија, сила и ентузијазам имав максимум, после 3ч сама по ходници отидов до инкубаторите. Ми ја дадоа, се топев, дури и ја држев. Сега е дома, после 10 дена во инкубатор без потреба од кислород или некоја терапија. Едино прими инфузија (од која и пренеле инфекција за која касно дознавме, веќе беше дома па дома се лекувавме), храна прими одма без проблем, цицаше и се помина како на време родено да е. Мојата хероина❤️
Ме расплака, мајка да сте живи и здрави, фала му на бога што се така среќно завршило. Да сте живи и здрави и само убавини ти посакувам.
Солзи ми дојдоа Имам внуче од братучед родено таа недела 1500г. Баш големка за неделата Жива и здрава и голема да расте
Кој анестезиолог ти се погоди? И за папочната сакав да прашам, и кај моево е замотана, а имам уште 3 недели до пораѓај. Освен често цтг и да одам ако не го осеќам бебето, друг совет ти дадоа?
Од кога те чекав да те прочитам како си поминала и како сте ти и бебе. Права Хероина исто како мама Многу ми е мило за вас двете, сега гушкајте се!
Петровски. Он и на првиот царски ми беше и сега на овој. Кај мене беше потисната десно со рамо, па низ врат поминуваше еднаш и под глава исто стисната. Ми рече и да одмарам, да не клекнувам и да не се наведнувам, да не лежам на десната страна. Резот е врз стариот рез, со тоа што десно имам малку нов рез подолг (претпоставувам поради ситуацијата со папочната е така).
Претпоставив дека е тој затоа и прашав, од неколку мајки имам слушнато дека нема баш лесна рака ама добро е што убаво си поминала. Јас се надевам Ѕвонко да ми се погоди, мада и со Маргарита супер поминав. Јас имам два реза, Ефремовски не сече на исто место, не знам сега како ќе биде ама ми почнаа паниките
За болење многу ме болеше боцкањето, една болка до препони.... си офкав додека сестра напред ми ја држеше наведната главата и рамењата Знам и пред да боцне некој го праша: Локално ќе боцкате? Рече не Ваљда локално на местото прво, па после спиналната не се осеќа... Ама мене директно иглата од спиналната. Среќа од прво боцкање беше успешно... Со лесно само, кој и да се погоди убаво да поминеш
Епа затоа толку те болело. Мене и пред епидуралната и пред спиналната ме боцкаа локално, само непријатност осетив.