Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    1.085
    Не сум знаела дека се боцка и локално па тогаш спиналната.
    Мене тогаш некоја жена ми се погоди анестезиолог во Ремедика, не ги знам јас.
    Затоа сигурно јас не го осетив воопшто боцкањето, ама јас имам страв од претходно додека да најдат кај да ме боцнат.
    Сум имала мало искривување на р'бетот и премногу ме болеше додека ме стискаше јако со прстот да види каде да боцка.
    Абе мислам Господ го видов.
    Мене таа траума најмногу ми остана во сеќавање, не дозволувам никој таму да ме пипне дури ни сама неможам.:(
    Почнува и мене да ме фаќа страв искрено хаха.
     
    На mariz и Skyler им се допаѓа ова.
  2. JasBee11

    JasBee11 Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Секоја чест!
    И мене ме расплака.
    Да ти е жива и здрава ќеркичката Фала му на Бога што сте и двете добро.❤️
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Vincent

    Vincent Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2020
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    298
    Devojki posle priroden poragaj , dokolku imate drugo dete doma malecko posle kolku vreme gi digavte vo race ? Zboram za vozrast od 2 godinki
     
  4. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    1.347
    Јас уште одма го дигнав другото дете 2 год и 10 месеци беше, ама секако ќе си видиш како се осеќаш..
     
  5. Vincent

    Vincent Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2020
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    298
    Beshe siena ?
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    2.830
    Пол:
    Женски
    Одма 3 г дете
     
  7. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    1.347
    Да,да
    Потешок ми беше вториот пораѓај ама сепак си го кренав одма
    Секоја за себе си знае
     
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.151
    Бебе број два ќе полни цела една годинка за помалку од месец, и како се навраќам на се што помина, ќе шкртнам неколку реченици и за оваа моја втора сосема обична породилна приказна. И за емоциите на доаѓање на ново бебе кога оставаш поголемо дете дома. На солзите, на предизвиците, на силата. За мое сеќавање и спомен.

    После последното цтг и незначајни промени во истото, се договоривме за дата за царски. Полна 39 недела, веќе еден царски поминат. Бледо се сеќавам на првиот, само на исечоци и на чувството.

    Ден пред прием бевме во парк. Дете трча, јаде сладолед, јас кафе пијам трчам по него, маж не снима скришно. Дома му објаснив дека ќе оди мама на доктор, ќе седи неколку дена и ќе си дојде дома со бато. Ќе може да ме гледаш на телефон, да збориме, можеби ќе можеш да ме видиш. Дојде 7, отидовме во веро џамбо, купивме играчка полициска кола, и пат до Систина. Таму на прием ми земаат податоци. Се сеќавам кога одев да се пораѓам ао него, бев насмеана и пренајадена. Сега осеќав само силен нагон за повраќање. Од стрес. Од страв што со ова дете што го оставам. Претходно седел сам со татко му кога сум одела на пат, ама чувството дека влегуваш во болница, на нешто што што може да се искомплицира е многу тешко.
    Се отвара лифтот, се гушкаме, се смеам со последна сила и слушам само мамаааа не оди, мама не одии.

    И сега ми се повраќа кога го куцам ова. Многу, многу неубаво чувство.

    Ме качија во соба, врзаа на цтг, пуштив тв демек да не мислам и ѕвонеше вибер. Плаче липта со цела сила ни татко, ни сладолед ништо не го смирува. Не се ни сеќавам што се зборував и ветував. Не се ни сеќавам како издржав да не се испорасплачам пред него. Му кажав на маж ми дај му б комплекс и лежете гушнати. Некако заспаа. Ја викнав сестрата и прашав дали смеам диазепам. Ми кажаа дека смеам и ми дадоа. Се тресев цела. Цтг одеше до 70/80 . Дежурниот доктор ми кажа дека сум примена точно на време, бебе е спремно. Се разбудив во 5 часот од сестра што дојде да ми даде клизма. Цела недела со затнат нос и болка во грло. Си ставив оперил и прополис во грло.
    Гледав преку прозор како се буди градот. Маж ми ми пиша дека ќе го носи синко на работа да се порадува дур му јават дека сум се породила. После 7.30 дојдоа да ми кажат дека ќе одам во сала. Ги замолив да одам пешки, не во количка.
    Влегов во сала на нозе, мојата докторка најнасмеана како секогаш ми кажа ајде доаѓа бебе.

    Стандард процедура, спинал, катетар, и чекаш.... 45 мин цела вечност.
    Едно време анестезиологот ме праша што чувствувам и дали сум нешто вознемирена. И кажав дека многу ми се повраќа и погледнав накај мониторот со откуцаи на срце. Пулс 170+...
    Многу интересна е моќта на лековите. Ме боцнаа со нешто за смирување и за 5 секунди буквално осетив како цело тело ми се смири. Дојде Душко Фидановски и знаев дека ќе го извадат кај и да е. Ете го, плаче. И јас со него. Плачам колку што ме држи снагата. Го ставаат на мене, ист брат му ама помал. Фидановски му дава 10ка. 3800, витално, здраво бебе.
    Го виткаат и носат, ме завршуваат мене, докторката се јавува на маж ми. Они дошле чекаат надвор.
    Ме носат во шок соба. Таму лежат сите кои имале скоро операција. Спроти мене мајка со дете колку моето, излезено од операција плаче, мајка му го теши.

    Јас која воопшто не сум плачка, ама воопшто, пак плачам. Кутро дете. Кутра мајка. Мојата рана не боли. Ова што го проаѓа мајката од спротива боли. Пара душа.

    Останатото е стандард. Соба, бебе мирно златно. Го гледам и почнувам да му пеам маче, маче малечко, слатко мило убаво...
    Попладнето го пуштија син ми да влезе. Збунет. Мама да се качам во кревет кај тебе силно да те гушнам. Го виде и брат му, го зема во раце.
    Срцето можело да се подели на два исти дела. Сигурно и на повеќе. И да сака подеднакво.
    Станав првата вечер, ми извадија катетар, се избањав. Вториот ден шетав по соба, третиот ден шетав по спрат.
    На 4 ден откако го испитаа бебе дека е се супер и мене ми кажаа дека сум ок потпишав да си одам порано 1 ден. Да се навикнеме на новиот живот сите 4ца.

    И после една година знам дека приказнава е сосема неинтересна, ама за мене е убава.
     
    На sencuk, intj_girl, Coco31 и 39 други им се допаѓа ова.
  9. Abc baby

    Abc baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Devojki nekoja iskustvo so primanje injekcii za zreenje flus.teron vo 37ma nedela? kasno mi izgleda neznam zosto treba da se bockam. Moze li nekoj da spodeli iskustva? Dali imal nesakani efekti i kako se se odvivalo. Blagodaram
     
  10. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.453
    Допаѓања:
    16.823
    Пол:
    Женски
    Зошто во 37 ма за зреење на бели дробови? Др баш на прегледот во 34 та беше, ми спомна дека веќе од 34 та белите дробови се развиени и дека и да се роди, нема да има потреба да биде во инкубатор.
    Во 36 та се раѓаат бебиња спонтано и ги третираат како нормално доносени, а не пак 37 ма.
     
  11. Abc baby

    Abc baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Neznam zatoa prasuvam iskustva.
    Stvarno neznam
     
  12. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.453
    Допаѓања:
    16.823
    Пол:
    Женски
    Ти кажа др така?
     
  13. Abc baby

    Abc baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Da
     
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.228
    Допаѓања:
    76.223
    Пол:
    Женски
    @marama мислам прими таа недела. Посоветувај се со неа...
     
  15. Thor

    Thor Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2021
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Јас примив неколку дена пред закажан царски. Утрото па по 24 часа во точното време уште една инјекција. Ме предупредија дека може бебето да не го чувствувам толку бидејќи ќе биде поспано. Немав несакани ефекти. Ја примив во 38-ма (38+5 се роди) а на прашањето зошто ми одговорија дека е важно убаво да продише/заплаче а тежината подоцна ќе си ја надомести. Се роди со апгар 9/9.

    Едит: пребарај низ темата во search bar но од она што читав девојки имале тахикардија, жешки напливи и бебе помалку активно како доста честа појава по примањето.
     
    Последна измена: 28 август 2024
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.228
    Допаѓања:
    76.223
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно зошто толку касно даваат. Јас имав индикација до 38ма макс да се породам, но не примив. 38+1 се породив со тоа што денови уназад и со контракции бев.. бебе апгар 9/10, веднаш плачеше и уште првиот ден беше кај мене во соба. Моја блиска 37ма случајно се породи (не прими, немаше време), бебе супер беше и за 3 дена дома си беа.
     
    На Skyler81 и Marsi* им се допаѓа ова.
  17. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.434
    Допаѓања:
    8.667
    Пол:
    Женски
    Се чудам и јас, мене ми рекоа после 36та не се прима нема ефект (ако добро памтам) која е поентата во 38ма да се прима освен ако бебето е поназад со развој по недели?
     
    На KuklickaSk, Marsi* и mariz им се допаѓа ова.
  18. Thor

    Thor Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2021
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Поназад за две недели беше откако постелката беше созреана но дури и тогаш ми имаа кажано дека е тоа толерабилно... Се сеќавам дека тогаш само сакав да се случи веќе царскиот и ништо друго зошто едвај чекав да се осамне и да трчам на цтг па ми одговараше во тој момент. Друго, верувам и дека сопругот подобро знае - не верувам да не побарал објаснување а јас добив одговор каков што добив зошто бев паника у движење :doh: баш ќе го прашам :D
     
    На Marsi* и mariz им се допаѓа ова.
  19. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    1.085
    Сакаш да кажеш се породи во 38+5, а одговараше за 36+5 ?
    Извини ако лошо те разбрав.
    Ама имам закажано здравје царски и јас во 38+5 .
    Вчера бев 36+5, а после видов на листот дека пишува одговара за 35та рамно.
    Значи за две недели ќе се фати да е 37ма по мерки.:^)

    Не сум во Мк, ама од старт некако е наназад бебе.
    Знам дека имав доцна овулација и сега ме буни ова.
    Бебе е поситно вчера го измерија 2600 грама, за две недели да стави уште 300 грама се надевам.
    Тие ми рекоа дека убаво си напредува и е во ред.

    Со првото во Мк ги примав и јас овие инекции за зреење ама во 29та мислам недела.
    Чисто превентивно.
    Тука кога побарав ми рекоа нема потреба.
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.181
    Пол:
    Женски
    Јас се породив во 38ма, бебе одговараше за 33та со повеќето од мерките, ама инекција не примив. Ваљда одредува доктор што како треба.