Да добро си ме разбрала. Ја мереа 2800 и тоа не го земав здраво за готово зошто во тој момент најважни беа протоците и се роди 2650 а веќе на испис беше 2630 така да не се грижи што е помало. Постресно е да си е таман за неделите па наеднаш да почне поназад главче па меше па ова па она и на крај ајде сѐ... Во мојот случај докторот беше во право за тежината и навистина брзо си надомести во првите месеци, супер напредуваше. Овде мислењата варираат од една болница до друга а не па во друга земја така да... биди спокојна, сѐ ќе биде во ред
Добро барем не спуштило многу во болница, кај мене првото се роди 2900, а спушти до 2.630грама. Веќе се помирив дека и бебка ќе биде поситна, гледам главчето вчера што е мерено е за 37+1, а мешето и бутната коска 35. Само нека бидат живи и здрави, ќе пораснат.
Јас го родив моето во 39+2 со 2800 килажа а со мерки одговараше на 5 недели поназад(тесно ситно бебе) така да мерките си немаат врска, ги гледаат белите дробови колку зе зрели. Инаку и после 34 36 гн ставаат, на мпја другарка 37+0 и ставија инекција за зреење зошто 2 дена после тоа требаше да ја породат царски.
Ајде и јас да ја раскажам мојата породилна приказна после 5 ипол месеци. Терминот за породување ми беше 06.04., на работа договорени до 15.03. да работам и потоа да си го земам породилното за да почнам полека со припреми, перење алишта и слично. Бев на контрола на 13.03, се е во ред, бебето е високо наместено, нема потреба од правење цтг сега, да одам на контрола за една недела. На 17.03, ден прочка, бевме докај свекрва ми и свекор ми на гости, вечерта и докај мајка ми, се вративме дома накај 20.30 часот, јас седнав да си гледам квиз, на сопругот му се јави еден пријател и пак излезе на кратко. Јас на момент почнав да осеќам нешто мокро, отидов во тоалет и сфатив дека ми пукнал водењакот. Му се јавив на сопругот за да му кажам, дојде набрзина, јас во меѓувреме влегов да се истуширам и правец Чаир. Таму веднаш ме ставија на цтг, цтг-то контракции плафон, јас осеќам подносливи менструални болки. Дојде после една докторка, ме прегледа со рака, па викнаа уште еден доктор кој исто ме прегледуваше со рака, тоа беше ептен болно. Само кажаа дека сум отворена и дека ќе ме задржат, а другото си збореа на албански и не ги разбрав ништо. Ме качија на патолошка, пак на цтг ама веќе почнуваат појаки и почести болки. Ме тргнаа од цтг и цело време шетав низ ходник, па пак во соба. Накај полноќ веќе болките станаа ептен неиздржливи, дојде пак докторот, додека ја прегледуваше другата жена, јас почнав да осеќам нешто мокро и само го слушам докторот како вика, кој прокрваре, тогаш сфаќам дека сум јас. Тука почнува се забрзано да се одвива, ме носат да ми стават инфузија, ме приклучуваат на цтг и почнуваат да ме спремаат за царски. Меѓутоа на цтг тоновите на бебето се добри, се е стабилно и сепак на бокс за да пробаме природно. Со неколку напнувања во 03.10 наутро излезе мојата принцеза долга 49 цм и тешка 3160 гр во точно 38 недела. Ми ја ставија на гради, па ја однесоа да ја средат. Утврдија дека постелката е залепена и затоа не излегува, па ја вадеа со целосна анестезија. Имав релативно лесен пораѓај и до ден денес не знам кој ме породи, знам дека др. Беким Дика беше дежурен, тој ги правеше прегледите со рака, а акушерката всушност ми кажуваше кога да напнам и што да правам, па може да се каже и дека ме породи. Многу ми беше криво што никој не му се јавил на сопругот да му каже дека сум се породила, а мене ми кажаа му се јавиле, а работите меѓу кои и телефонот ми ги донесоа сабајле во 7, кога му се јавив за да му кажам. Инаку сум задоволна од ажурноста, брзината со која реагираа и општо односот на персоналот во Чаир, освен тоа што сите разговори меѓу себе им беа на албански, па јас ниту знаев колку сум отворена, ниту што се случува, но се заврши добро па да не се жалам за тоа. Сабајлето после прегледот ми ја донесоа мојата девојка, по што дојде и педијатарот да каже што и како. Тоа е мојата кратка породилна приказна.
Од болница не се јавуваат, таткото се јавува да прашува. Може се јавил некој татко, му кажале и тоа е тоа, не се координирани. Јас молев за телефон да се јавам ама не ми даваа. Додуша кај мене од 3 страни вртеа, мм, мајка ми и свекрва ми, сите преку луѓе, не директ и сите од сала им кажаа ги слушав сестрите како пренесуваат информации, ама сакав јас да си кажам.
Зошто не даваат телефон? За природно не знам како ама на ГАК кога ќе те изнесат од сала после царски, одма ти го даваат телефонот.
Јас пред две ипол години се породив во Чаир кај Илиевски, го прашував дали се јавиле на мм да му кажат ми рече чекаме уште некое време дур завршат со прегледување на бебе и утврдат дека е сѐ во ред и ќе де јавиме, после пола саат дојде сам ми кажа дека е јавено.
Јас искрено не ни барав телефон, многу ми се спиеше од анестезијата и кога ми кажаа дека му се јавиле се опуштив малку и сум заспала, па тек сабајлето ми ги донесоа работите заедно со телефонот.
Природно на Гак одма ми го дадоа што завршија со средување. Два саати на бокс да лежам и да гледам во таван , ќе збудалам. И бебе со мене беше исто два саати ( го чекаа и мм да дојде да ја види во холот на минутка) , па ја однесоа и еве уште чекам да ја видам. Рекоа во 18 ч ги носеле.
Yes. По сабајлечки да тргне денот. Брзо , лесно… Фала ти Кај рече дека треба да се расправаме со сестри?
Питај паталец, да ја примиш обавезно! Еве мене ми се случи, се породив царски 37+4, 3400гр 51 цм, за цело време 10 дена до две недели понапредно бебе, за на крај да не може да дише, му паѓаше сатурацијата, па мораше 10 дена на интензивна во Систина... Среќа добро се заврши сѐ, иначе за влакно беше! Јас исто не примив инекција за зреење, сакав, спомнав два три пати, ми рекоа нема потреба, немам индикации за предвремено раѓање, дојде 9 месец, јас се опуштив дека сум во безбедни недели и на крај изненадување. Дијагноза респираторен дистрес синдром.
Они и така не преќинаа. Ај среќа не седиме многу, па ќе се истрпи. Цимерката цел ден на камера е полошо од нив.
Мило ми е што се испаднало како што треба, голем стрес е тоа. Мене ова ме мачи искрено. Со првото се породив исто како тебе царски во 37+4, ама имав примено инекции за зреење некаде во 29та недела мислам беше. Сега имам закажан царски во 38+5, а бебе е наназад некои 10 дена од старт дека имав покасна овулација и има помала килажа се молам барем до 3 кг да биде. Тука кога ги барав превентивно инекциите ми рекоа не гледаме причина дека ќе се породиш порано. И нормално она дека колку се добри, толку и не се бла бла... Последно бев на контрола во 36+5, гледам на сликичката пишуваше после одговара за 35 недела. И сега ме фаќа малку страв. Иако нели најбитно е колку се созреани белите дробови. Тука кога ни објаснуваа како оди процедурата за царски и ми рекоа кога ќе се извади бебе и ако е добро со дишење дека ќе ми го стават на гради. После во извештајот што го имаа пишано читам пишале дека не известиле бебињата што се раѓаат царски можат да имаат респираторни проблеми.
Зависи кај кој доктор... Јас со првото во Чаир, уште со нозе на бокс ми побараа број и му јавија на маж ми во 6 сабајле Докторот од негов тел јави, а ми го даде и мене да се слушнеме @Tea SK секаде е тоа со светлата Во Ремедика исто. Доаѓа пред 6, пали светло, мери температура на нас и во 6, 6ипол бебињата ги носеа.. Јас ранобудник немав гајле... До душа таму ич сон не ме фаќаше... еден ден дијазепам ми дадоа за да заспијам. Главата тапан, а јас не можев да заспијам и не спиев 2 дена по ред...
Трауми ми врати од цимерката Се јави на пола фамилија во Германија да го видат бебето. Око не склопив, таман сум задремала - еве некој од 7мо колено ѕвони