Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    20.149
    Пол:
    Женски
    Хахахаха мене ме праша "А ти на твоите не ѕвониш?" Викам да не те вознемирувам :rofl:
     
    На merriel0, Izzy_0504, Fenix05 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.260
    Допаѓања:
    8.077
    Пол:
    Женски
    Имаше една болничарка, гарант на некоја дрога беше, испиена цела во фаца.
    Пали светло во 5 ајде мајкииии да се потсредиме малце за визита. Зима тегне чаршафи, мести, влече. Ја и викам па нели во 8 е визита? Па да ми вика, ќе ве замолам да не мрдате многу до 8 да не се растурат креветите :drunk:.
    Јас 2 дена пиев дијазепам, да не се напиев, ќе се истепав мислам.
     
    На merriel0, maichka, Konstrakta и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    764
    Пол:
    Женски
    Хахаха ова сигурно на ГАК е пошо и јас го имам истото искуство :D
    Не ми е јасно уште што ако има визита и што акп чаршафите не се наместени :D Не сме у војска побогу
     
    На maichka, anngelique, Konstrakta и 5 други им се допаѓа ова.
  4. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    20.149
    Пол:
    Женски
    Јас на визита бев легната обратно на креветот. Т.е. седев на долната страна, и доаѓа визита и ми вика докторката "Мајка, некако обратно си легнала". Викам па малку обратни ви се креветите, повелете седнете горе со бебе на цицка, ако не паднете ќе дојдам и јас таму.
    И сестрата после ми вика "Ама ти многу збориш" :rofl:
     
    На Spidy, Konstrakta, nevermet18 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.260
    Допаѓања:
    8.077
    Пол:
    Женски
    Да да на ГАК. Истата болничарка е гарант.
     
    На Ena05 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  6. Skyler81

    Skyler81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2024
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    603
    Пол:
    Женски
    Ај чаршавите, нас ни рече дигнете спаваќите и симнете влошки да може да ве види докторот, ќе има визита. Си седевме така со цимерката можда пола саат додека се освестивме дека визита којзнае кога ќе помине (викенд беше) . Сигурно е истата болничарка, вака по описот.
     
    На merriel0, Tea SK, Ena05 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    314
    Пол:
    Женски
    Вторпат примив Флостерон во неполна 37 недела и посебно сега ми беше назначено дека е подобро да биде заштитено вака бебето, отколку да го влечат по инкубатори. И со првото и со второто не забележав некои посебни промени. Читав тука дека бебињата станувале малку пасивни, ама кај мене и двете беа прилично раздвижени.
    Таа многу ме фрустрираше, ептен наци беше целата. Кај ме малтретираше сечена со царски и нестрплива да го мести креветот, јас покриена до врат пошо беше зима, она зема ми го дипли јорганот и долу кај нозете ми го остава. Ми идеше да ја тепам. Уште сега ми се плаче дека пак ќе морам да ја гледам за некој ден. (facepalm)
     
    На Abc baby и Tea SK им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.181
    Пол:
    Женски
    Абе со врски се може, или ако ти се погоди. Мене ми го земаа телефонот го дадоа на мм дома да го носи зошто мислеа одма ќе раѓам, одма во предродилна отидов а таму не знам зошто не даваат телефони. 12 саати побудалев, нит телефон, нит ништо, збеснав. Буквално гола влегов со влечки мои само, ништо друго се зема мм.
     
    На Tea SK и sani99 им се допаѓа ова.
  9. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.255
    Пол:
    Женски
    Лелеле сигурно е истата хахаха, смејем се а плаче ми се.
    Уште у 5 саато свети ламби се дере ајдеее визитаа спремувајте сее...
    Сеа ми се лоши.
     
    На Tea SK, Ena05 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  10. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.255
    Пол:
    Женски
    Иначе и јас отидов со спремен мал куфер на ГАК ,и коа влегов ми кажаа куферот да го вратам кај мм ,и ми извадија таму една крпа и приборот со четка за заби и паста и пелената ги земаа,ми ставија се во едно кесе и влегов...немав шо да облечам а треба за една спавача цела крвава да молиш цел ден.
     
  11. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.453
    Допаѓања:
    16.824
    Пол:
    Женски
    Кога било ова? Сега баш сум тука, сите се со куфери од старт, јас со торбица. Ми ја носеа секаде како што идев. Тел си имам цело време, освен додека ми правеа цтг и додека раѓав и ме шиеја.
    Јас сум баш убаво изненадена од сите. Вчера природно породена, ама дојдоа ме кренаа, да не ми се слошело, ме измија, улошка ми наместија. Одма и нова спавача ми дадоа , денес пак исто чисто се ми сменија.
    Љубезни се за се што ќе прашаш. Доаѓаат прашуваат, даваат совет. Па и на малава како и се имаат увртено, само ми ја гњават :D
     
    На Veki4kaa, Viktorijaaa5, nikja и 4 други им се допаѓа ова.
  12. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    1.347
    Честиткии, жива и здрава да е :l::l::l:
     
    На BellaBibi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    Драго ми е што се завршило како што треба :hug:. Битно ти и бебе да сте добри сега.

    Ако не грешам имаше и гестациски?
    Може за жал и поради гестациски дијабет да се случи ова. Мислам дека и докториве не го сфаќаат толку сериозно гестацискиот како во странство. На колешка роднина истото и се има случено, бебе над 4 килограми родено во термин, а белите дробови недоволно развиени поради гестациски.
     
  14. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    764
    Пол:
    Женски
    Дааа и тоа го викаше! Сум изумила тоа :D И ние седевме со пички на изволте исто викенд:D
     
    На Joanna28, Skyler81, DaftyCrafty и 2 други им се допаѓа ова.
  15. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.255
    Пол:
    Женски
    2022 за време на корона, и два дена бев у шок соба дека немаше место ....
    Да нагласам дека од пораѓајот сум задоволна, немам лошо искуство ама ова со болничаркава морав да го кажам и за у шок соба :D
     
    На BellaBibi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    1.372
    Пол:
    Женски

    Јас на Гак се породив пред 6 години.На бокс бев и бабица Ангела и го памтам името само, ми го даде нејзиниот телефон одма да му се јавам на мажот ми да му кажам дека сум се породила.Докторот не го памтам на име,а од целиот персонал што беа имам многу убаво искуство
     
    На Skyler81 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    1.085
    Ох леле како читам повеќе се плашам и паничам.
    И јас сум со гестациски и во странство сум, ама никој ништо слично ми нема споменато за инекциите или за белите дробови.

    Во Мк кога ги примав тие инекции беа скроз превентивно бидејќи бев со спонтани и тогаш имав гестациски.
     
  18. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.260
    Допаѓања:
    8.077
    Пол:
    Женски
    Таа е легендата гарант, слаба, висока, со очи ококорени.
    Влага и ајде душичко, како си душичко, а и иде да те утепа што со дошла да се пораѓаш и работа си и отворила.
     
    На Skyler81, Ena05 и tinkerbell22 им се допаѓа ова.
  19. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    1.062
    Леле да, јас лани лежев таму на итна една недела и истово го правеа. Не ми се јасни ако се чаршафите растурени што дека? Како да спијам и лежам? Ако не ај да не мрдаме.. која глупост. Не сакам да се потсетувам
     
    На Ena05, sani99 и Tea SK им се допаѓа ова.
  20. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    Не се плаши :hug:. И јас имав гестациски, го родив 37+5 со царски и немаше никаков проблем. Многу ретко се случува ова, а може да се случи и без гестациски.
    Ниту мене никој не ми спомна за инекции, па еве го здрав и жив до мене.

    Да можам да го вратам времето многу помалце ќе паничам и помалце ќе читам по интернетов. Повеќе му наштетував со стресови непотребни.
     
    На Marsi* му/ѝ се допаѓа ова.