Па не знам што беше причината, пошто бебето не беше ни екстремно големо ни дебело, беше понапредно ама најмногу поради должината на коските (по мерките на ехо) и тоа беше така цела бременост од почеток, не поради гестациски дијабет.
Не, сама инсистирав пошто имав голем страв да не се случи нешто при природен пораѓај. Ме убедуваше докторот за природно ама нејќев... ме породи малце порано дека почнав секој втор ден да одам на дежурен дека не мрдаше бебето како претходно. Искрено сега би бирала да пробам природно. Јас не трпам болка и две недели одвај од кревет станував и мораше да дојде некој на испомош. Да си бев со природно најверојатно и на доење ќе беше. Јас од болка немав сила да седнам убаво и да бидам упорна за доење...
Баш ми е жал што си поминала низ таков стрес. Не можам ни да претпоставам колку ти било тешко во тие моменти. Сега гушкај бебенце и уживајте заедно.
И јас искрено еве како сум на крај цело време се паничам, колку и да не сакам посилно е од мене. Едвај спијам ноќе од секакви мисли. Еве сега пак бев на приватно денес сум 37+6, а бебето одговара на 35+6 по мерките. Килажа 2.786гр. А за една недела ми е договорен царскиот. Ништо не ми е јасно...
Те разбирам, и мене ниедна утеха не ми помагаше. Јас играв многу игри на телефонот за да не мислам толку, ама пак тешко одеше. Затоа и порано ме породија пошто збудалев скроз. Моето се роди 2930гр и се беше во најдобар ред. Се што е над 2500 е во нормални граници. Со мерките еве мене па ми викаа две-три недели ти е понапред бебето, многу поголема килажа ми кажуваа и воопшто не беше тоа точно. Кај секој доктор беше различно во Ремедика 2 недели, кај матичната 3, во Систина 2 дена понапред. Не се ослонувај многу на нив, голема е веројатноста дека се е во ред
Дај Боже да биде добро се' , се надевам искрено. Мене ми е најмногу дали ќе бидат доволно созреани белите дробови и да нема проблем, вака што е поситна ќе порасне. И јас првото го родив 2.900 и тоа ситно. Фала сепак мила на утешните зборови.
Марси, јас во 40та родив бебе со 2800 скоро килажа, така што за килажата ч ама ич не се секирај, може и вп др група ти пишав, не памтам, моето со мерки беше 5 недели назад (не до све, со стомак беше 5н, глава дали 4н) така нешто беше. Кај мене беа проблем пророците, затоа слабо напредуваше, зошто од почеток беше 2 недели понапред за после да стагнира бајаги. И пак на крај во 37ма гн ми рекоа ок е, белите дробови се зрели, нема никаков проблем а бебе беше мало. Битни се белите дробови, килажата, мерките, тоа не се стресирај. Стрина ми е ем висока ем крупна и она и чичко ми, а раѓаше по 2600гр бебиња во 41 недела. Нема правила, малку смири душа, вознемирена и исплашена си, и разбирам, ама ако ти каже докторот дека белите дробови се зрели, чекај си го само денот за да си го гушнеш бебето
Lee i vo cair soblecete gakite mi vika a ja carski , nit gaki soblekov nit uloska izvadiv taka si sedev koga dojde vizita samo lepenkata od ranata ja podizvadi i dzirna i tolku . Mobilen mi donesoa za 40 min vo sok soba
Jas vo Remedika koga odev vo sala sestrata sama mi rece zemi si telefonot da slikame samo sto izleze bebe odma fotosesija, tie sliki mi se najubavi i mi vrakaat spomeni. Uste vo sala doktorkata mi pobara broj od mm i mu se javi da mu cestita, a jas zbuneta go zgresiv brojot i se smeevme deka na nekoj drug ke mu cestita Vo sok soba nemav tel me cekase telefonot vo mojata soba. So prvoto vo cair ne davaa vo predrodilna i sala telefoni, a i ne mi bese ni do toa togas. Ama otposle koga sve se zavrsi dobro fala mu na Boga si go iznaslikav. A imav i vrski kaj neonatologot pa ona mi go slikase dva saata posle ragjanje, prva fotosesija mu bese pa mi gi prati.
Темава е породилни приказни. Ве замолувам да не се оди оф топик и сите прашања да се поставуваат во соодветните теми.
Здраво мајки,еве најдов време да ја споделам и мојата втора породилна приказна,две недели сме веќе породени.Во саботата кај 12 саат преку ден ми паѓга чепот,си имам така болку во кичма но издржливи за разлика од првиот пат,си работев се по дома нормално,имам и прваче,во петокот одев пешки одвај стигнав дома,во четвртокот вечерта се качував по скали до 4ти спрат и назад...Ноќта во сабота спрема недела имам некои болки во стомак,но пак издржливи,си легнувам заспивам на секој саат во вц,и кај 5 и пол сабајлето веќе почнаа појаки болки и почна да ми тече крв по малку,и така со сопругот на пат кон болница,влегувам таму ми пука водењакот,и тогаш почнува појако да боли,ме прегледува др вика 8 см отворена одма на бокс(Во Систина се породив),од 6 30 до 7 и 30 прашалницо,крв едно друго,ми ставија лајт спинал,и во 8 часот дојде мојот др и во 8 и 26 се роди мојата принцеза,поздрав до сите,да си се олесните брзо и јадете урми,пешачете имајте секс се ќе биде побрзо
Додека ме држи меморијата да ди ја пишам приказнава, малку подетално. Тие што ме читавте во труднички овде малце на пошироко ќе објаснам Да си се навраќам и сеќавам 38+4, понеделник вечер. Никакви знаци, стомак горе, киселини ме утепуваат, болки никакви. Веќе се помирив дека ќе терам до крај, а и повеќе од тоа. Шетав колку можев. Го терам маж ми секс, не сака да слушне од што му е шубе Си легнавме. Цела ноќ мочав на 1 саат, збеснав од нервоза. Последното одење во вц ма бришење крвав исцедок. Си викам ова е тој чеп за една недела ќе се породам. Се чудам како не испаничив И сликам на Котларова супер ми вика дојди во 8 да те видам. Си спремив натенане несесер, си се истуширав, земав алиштенца за бебуш го разбудив маж ми и тргнавме. Јас не осеќам ништо, знам ќе ме вратат. Цтг регистрира мали контракции јас не осеќам, вагинален преглед отворена 1прст. Се мислеше Котларова, намалена вода ама ај врати се дома па ќе чекаме болки. Како тргнавме за накај дома мене болки уште во кола ме фатија. Ајде доручкував, си дојдов дома почнав да работам (од дома работам последен месец), ама осеќам болкиве се накачуваат, и пишав и тука, на отприлика 6, 7 минути. Веќе дојде 9,9ипол и се повеќе се крати интервалот меѓу нив. Ајде се решивме пак да одиме, стигнавме во 11 саат. Јас убави болки си осеќам си викам сигурно сум 3, 4 прста АХА, ВАЖИ Ме качуваат одма во соба ме спремаат за цтг на цтг болки нема. А јас осеќам. Доаѓа Котларова ме проверува, 1прст вика, ајде со сила 1ипол. Леле се разочарав си викам ова цела вечност ќе трае. Тука малце му се жалев на маж ми дека не можам, дека ме болии ама не викав многу, ја стискав шипката од креветот Ајде пак дојде Котларова, болки на цтг многу мали регистрира, проверува 2 прста. Вика споро иде. Ајде ми пикна рака пак вика сеа ја ке помогнам да се отвориш. Оп еве вика 3 прста. Ајде тргна работава. За пола саат пак, 3ипол накај 4 прста. Се ближи анестезијата само тоа чекав. Дојде анестезиолог ми стави епидурална точно во 14:15. За брзо почна да делува иако на десната страна не ми фати убаво, и си осеќав по некоја контракција ама ништо страшно како менструална болка само на десно осеќав. Е тука почнаа да паѓаат тоновите на бебето. Две докторки беа цело време во соба и го гледаа цтгто, со секоја болка на бебето му се успоруваше срценцето. Во еден момент многу падна, и Котларова рече жалам дечки ама ќе мора царски. Ми ставија и нешто да се отварам побрзо, не знам што беше само ми боцкаа нешто. На крај вика Котларова ајде да пробаме да смениш пак положба и ме сврте да лежам десно. Луѓе ова чудо функционираше хаха се прерадував. Почна да си работи срценцето како што треба, веќе не и сметаа контракциите. Полежав така уште малце и ајде пак да видиме до кај е процесот, докторката вика моли се да си барем 6 прста. Проверува и вика ова не 6, ти си 8 накај 9 прста еве ја главата. Спремај се за на бокс. Мислам дека потрчав накај боксот од среќа. Си ги осеќав нозете таман за да се движам ништо страшно. Саатот беше 16:15 кога се качив на бокс. Припрема, објаснување како да туркам. Ете го маж ми се појавува од една врата облечен во зелено како мистер бин ајде вика кај е трудницата за раѓање ги насмеа сите хаха. Он си застана до мене ме држеше за рака, Котларова и уште една докторка чекаат контракција. Туркав секогаш кога ќе осетев напон, тоа веќе ептен доле го осеќав не можеш да не осетиш хаха. Последниот напон најмногу стискав ама сепак ме сецнаа најверојатно зашто и бебето веќе изморено беше и осетив олеснување. Се роди моето пиленце. 16:41. Одма заплака, не беше воопшто крвава, чисто бело бебенце. Одма ми ја дадоа да си ја гушнам, не сликаа сите тројца, јас само ја гледав додека ја средуваат не ми се веруваше дека тоа бебуле излезе од мене. И одма искоментираа на таткото дека личи нормално хахаха. Ме средија мене, ја изнесоа неа заедно со маж ми да ја измерат, слушам од таму 50цм 2800г. Глувченце. Сега се навикнуваме една на друга, мене ме боли раната ама се издржува. Цела книга испишав Горда сум си на себе што не испаничив зашто знам каква сум, а најмногу сила ми даде маж ми кој цело време беше до мене, од првиот до последниот момент.
Значи ретко на која породилна приказна нема да си поплачам… од хормони ли е не знам ама сите се посебни баш како што остануваат во меморија на секоја мајка како за споменар
Секој ден почнувам и никако да споделам мојата, најубава приказна. Поминаа три ипол месеци, а како вчера да беше. 31.08, докторката ми пишува, иди едно цтг направи и прати ми го. Одиме со мм, правам цтг и дечкото што ми правеше ми вика, ааа ти тешко дека ќе си ја дочекаш докторката од одмор. Јас се препотив. Праќам на др и ми вика , абе имаш болки, викам неее. А на цтг покажува болки, јас ништо не осеќам. Ајде ми вика за пола саат уште едно и ако е добро, оди си. Мм ме зафркава, абе што се тресеш, збори, се плашиш ли? Викам абе не ми е страв од раѓање, не ми е тука докторката. Второ цтг гледам добро и летам накај дома. 03.01 идам на преглед, ми вика др 2 прста си само отворна, има време, се гледаме во петок( ова беше вторник). Јас од тука седнувам во кола, идам регистрирам колата, кафе со другарка, па кај моите на ручек. Си дојдовме дома, излеговме со друштвото низ населба, седевме, смеење, па си отидов си купив најубавата четвртина бурек, се најадов, туш и кај 12 си легнав. Негде кај 1ч се будам, некоја тапа болка како од преполна бешика, одам во тоалет , назад во кревет. Вака некои 5-6 пати и цело време ниско долу ме сече. Викам ова не изгледаат на породилни. Мм се буди, ајде спиј ми вика, а јас ќутам, зошто е паника невидена, викам да догледам серијата и ќе спијам. Негде кај 3:30 почнаа и менструални болки и станав, еден туш и му викам ај да идеме, изгледа почна процес. Он цел збунет ми вика, а нели треба да ти пукне водењак. Викам не пука кај сите, спремај се да идеме. Он пак тоа па тоа, па нели таа и таа што кажуваа им пукнал . Оф бре човеку, не сме сите исти, ајде облакај се да одиме и полека, да стигнеме здрави, живи. Стигаме 4 ч, сите спијат на Гак, ме прегледува една специјализантка златна, 4 прста отворена. Ме качуваат горе во предпородилна, сама . Сите кревети празни. Лежам на цтг, а ми се повраќа од киселините. Ајде веќе завршуваше смена, па ме тргна. Станав и одма полесно. Повратив неколку пати. Дојде мојата др. ме прегледува 7 прсти. Ајде накај бокс, паралелно венски да ми смират желудник малце. Ајде епидурал да добијам, да ми олесни. Доаѓа анестезиолог, ми кажува дека има малце тежок царски, да заврши и ќе дојде. Нема проблем викам, само да не лежам, да стојам сакам. И си стојам , се клацкам со колкови и одеднаш добивам 2-3 напони и викам по докторката, се собираат 10 души, ме качуваат на бокс, два напони и бебе искочи во 8:40, 50 цм и 3650гр. Мало свиткано, меко, совршено. Ми ја ставија врз гради, се гушкавме, сликавме и ја оставија со мене два часа додека лежев таму. Ме сошија со два конци,ме сецнаа малце. Му се јавија на мм да дојде, му ја однесоа да ја гушне. Он цел паника, два дена татко ми го развозаваше, не беше способен да вози. Петокот не пуштија и почна нашиот комплетен живот , да има смисла секој ден.