И маж ми беше запнат со водењакот Јас со болки, он ми вика не се пораѓаш ти, те фатил стомачен вирус и ми носи чај.
28.12 Mojta vtora srekjicka. 40+6 na 27 doktorkata mi rece golema e beba 3450 visoko postavena prvoto malecko ova golemko plodovata voda se namaluva mislam deka vekje ne treba da ja cekame da pravime carski jas izbezumena prebledev mi rece ajde razmisli si i javi mi se vecer toj den nemozam da vi opisam kolku loso se custvuvav isplasena prvoto rodeno za 5minuti sega mi vikaat pod noz nisto ne e kako sto zamisliv. Se javiv vecerta prifativ carski. Utroto odam vo bolnica isto isplasena vo 12h vleguvam vo sala izgubena site okej pristap mi stavaat anestezija pocnuva se site ubavo komuniciraat so mene jas ne mislam od ladno se tresam neli i treba da e ladno tamu i toa mi objasnija ama jas mislam povise od strav se tresam celata 12:35 slusam bebe place jas vekje izgubena si mislam a sto e sega ova mi ja nosat ja dopiram na lice zavrsuvaat se me iznasaat odam vo sok soba jas od ladno nemozam da se priberam me pokrivaat zaspivam se budam imam nekoi blagi bolki krvarenje malku 18i25 me spustaat vo soba zaspivam se budam doagja utroto bolnicarkata vika da staneme jas se rodiv samo toa cekam probuvam da stanam mislev deka kje e mnogu potesko custvuvav vo stomak kako da me bode nesto ama stanav zastanav me istusiraa se srediv posle nekolku casa se vidov so bebce. Se pomina vo najdobar red posle 1 nedela 1ipol vekje nisto ne custvuvav sega sum kako nova i uzivam so bebce. Vi poskauvam srekja na site novi mamicki i ne plasete se ni prirodno ni carski nekako mora da izleze bebeto so lesno
Супер се, а не те понуди индукција да ти стават? И 3400гр бебе не е големо за да морало царски.. Јас исто како тебе 41+гн со првото ме гледаа и ми рекоа прво да пробаме со индукција ако не иде ќе одиме на царски и јас прифатив, ич не бев отворена кога ми ја ставија индукцијата после 8ипол саати се породив природно со бебе 4кг..
Mi rece deka moze da ama i deka moze da zavrsam na iten carski iskreno prvoto 2200 nekako strav mi bese sega da probam prirodno
Според мене супер што си избрала царски. Не треба природно по секоја цена. Сепак надносено, намалена водата. Мене заради намалена плодова вода ме следеа на три дена од 34та. Голем ризик е, може да ја натисне папочната, се ова ми објаснија докторите. Ќаев ме водеше и ме изгура до 38+2 и ме породи. Така да ете мајка џабе се плашеше, за недела си била ко нова. И јас плачев дека царски, сега како поминав, будала сум била. И тоа е пораѓај, само да ни дојдат живи и здрави. Друго проаѓа.
Tocno ama toj den pred carskiot majkoo moja neznaev na nebo li sum na zemja li sum zboruvam neznam sto zboruvam koga stasav tamu izbezumena ama se pomina i na site im davam hrabrost ako nemozete ili ne sakate prirodno odete carski i ne panicete se pominuva bitno sega se guskame so bebuska
Точно дека не треба по секоја цена да се оди на природно, ама и јас бев задржана на патолошка 3 дена пред да ме породат без плодова вода, ме следеа по цели денови на цтг ми правеа и амниоскопија, и на крај докторите што беа на визита одлучија да одиме прво со индукција па ако не оди да одиме на царски, а беа повеќе може 6-7доктори. Сепак царскиот е операција, според мене подобро е во животот што помалку операции да поминеме нели, освен во случаи кај што мора. Ти беше со карлично бебе, најдобар избор бил царски, ама не треба и да се форсира царски без реални индикации како сега што се прави. Јас кај и да е треба да се породам, искрено посакувам да нема потреба од царски, ама господова работа како треба да биде така..
Кај нејзе не е без причина. Јас знам како живеев тие 4ри нерели дур се породам. Сепак царски е пораѓај, не е само операција. Познавам многу што многу полошо поминале природно и имаат последици од тоа. Сепак битно е да помине се во најдобар ред. Со лесно и на тебе, побрзо да си се олесниш.
Не ја прскав. Ми рекоа ништо да не ставам. Дури и да не ја шампонирам. Таму што ме мачкаа и толку. Веќе пола ми е избледена, многу добро сработена е естетски.
Да ја напишам и јас мојата породилна приказна после 3 месеци... Бев договорена за со провокации,4 цм отворена,сабајлето дома си ставив чепчиња за прочистување се спремив и отидов во 13:00 Кај 14:30 ми го пукнаа водењакот и ми ставија провокација ама на кратко и после ме оставија да шетам по ходници докторката дур пораѓаше друга жена Јас со умерени издржливи болки си чекам што побрзо да се породам Завршува Др и ме прегледува вика рано ти е ќе ти ставиме уште една провокација,и уште не ставена јас ненормални болки им викам вц ми се оди на долго,тие ми викаат па како нели прочистена си не те пуштаме,им викам нека дојде некоја со мене неможам да издржам и ајде рече др на бокс да не иде бебето И отидовме на бокс пак ми ставија провокација ама многу кратко и јас пак сум се запознала вц ми се оди а тоа бебето иде хаха И после 2-3 напојувања дојде бебето 3150 гр 51 цм Јас целата среќна и насмеана им се заблагодарувам на сите за паниките во тоа време и ептен малце ме шиеа,едно Конче, после не ни знаев каде сум шиена Ова во гостиварската болница 3 дена бев ама навистина сум задоволна и од доктори и сестри и чистачки (Првиот пат на ГАК и поминав катастрофа и со пораѓај и персонал и се)
Ne ja samponiram i jas strav mi e so toj sprejot ja prskav do nedelata i prekinav ama si vikam da ne ja inficiram
Нема како да ја инфицираш ако ја пазиш. Не ја шампонирај, и гаќи строго памучни, или врз неа или под неа. Никако на неа. Ќе се среди за брзо.
Свекрва ми до ден денес кажува дека маж ми во кола за малку ќе го родела 4200г. За пола саат од прием роден. А со сестра му 2800, душа и извадиле. Некад поголемите бебиња и полесни се за раѓање. Е сега ако не оди процесот, па да мора. Јас првото па 4ипол кила го родив.. не беше лесно, ама без епидурална без ништо Може некоја друга индикација си имале... или ако си ти па ептен ситна. Тоа бебе е просечна големина.. Нека е живо и здраво битно, а и ти
Еве вака во овие доцни саати ми дојде да си ја напишам и мојата породилна приказна. Ден Божиќ и 1 ден веќе над терминот без никакви знаци за породување во 8 сабајле ноншалантно одиме со маж ми за контролно цтг, а со план и консултација со докторот мој телефонски дека најверојатно на 08.01 ќе одиме со индукција. Мене во памет после да се најадам кај свекрва на божиќен ручек пошо после нема да смеам да јадам ништо. Стигаме во ремедика, др. Ефремовски што ме води слободен тој ден ама др. Јана на работа и во координација со него. Ми вика ај прво да те видам вагинално и едно ехо па ќе видиме. 0 прсти отворена (стандард), доаѓа време за ехо и ја гледам женава фаци прави и почнувам да ја прашувам што е работава. Ништо вика, облечи се душо, ќе дојдам јас и излезе надвор. Јас жива вода. Влегува после 5 минути и ми го дава Ефремовски на телефон. “Пиле, не е добра ситуацијата, ќе ти направиме прием, ќе дојдам за 20 минути”. Јас уште се надевам дека ќе дојде за да ми стави провокација. Јана се развика по сестрите, итно спремете ја за сала. Од тука натаму ми е магла, солзи. Помислата од ненајдена операција, што ли се случува, а никој не ми кажува. Како се најдов во соба и гола во спавачица не го памтам, пополнувам усно некој прашалнил и лијам солзи. Докторот доаѓа и го гледа цтг-то, фетален дистрес. Во сон напукнал водењакот и истекла скоро цела вода. Ме носат во сала, ми ставаат спинална, го гушкам акушерот како да го познавам цел живот и плачам. Како фаќа анестезијата доживувам паника и тешко дишење, малку кислородна поддршка и се враќам во нормала. Благодарност на целиот тим во ремедика за време на царскиот, цело време разговараа со мене да не се погубам од страв. Го извадија бебето за неполни 20 минути и почна да плаче истата секунда. 3750 грама, 51 цм. Душата на место ми се врати. После царскиот ми беше психички и физички претешко бидејќи не бев спремна, во првите денови мислев дека никогаш нема да проодам без да бидам згрбавена и без да се држам на шипка за да станам од кревет. Ама смогнав сили и еве ме сега, го пишувам ова легната на стомак и гајле немам. За една недела бев 90% функционална, за 2 веќе сум супер. Фала му на Бога за здраво и право ќерче.
Браво мама. Слична приказна, кај мене бебо тонови немаше, јас во шок бев, 37ма недела. Се исплашив, за 20мин во сала бев, а тргната на преглед и после тоа фустан за излегување од болница да си купам. Сега велам сите како мене да поминат на царски. Полесно не памтам нешто да ми било, а бев преплашена од што не знаев што да очекувам. Живи и здрави да сте и ти и бебо
Да си ја пишам и јас породилната, да не се деси да ја заборавам. Цела бременост бебла понапред ми ја водеа, големо бебе на мм раст. Јас малецка сум. Во уплав дали ќе ја доносам, препорака за мирување, скоро цела бременост. Контракции од 24та. 9ти месец, секој 5ти ден на ехо (Беба последниот месец заостана у развој, минимално растеше) 39та недела цтг сеуште не ми имаа направено. Договорена царски за 19ти јули со докторката, одам на контрола 39+1 т.е. на 17ти. Ме ставаат на цтг доле на дежурно, докторката на состанок ми беше. Еднаш, два пати, ми ги прелепува каишите. Те вака сврти се, те онака... Почна да врти телефони сестрата... Јас гледам, не знам како треба цтг да изгледа почна паника да ме фаќа. Оп одеднаш неколку доктори влегуваат у соба, прекинале состанокот. ,,Ајде мила оди една кола кола напиј се, да се размрда бебето" -Ама само што изедов чоколадо ,,Ако оди ајде и една кола кола и за 15мин врати се" Одма одам пијам кока кола, лабаво, викам ако нешто ептен беше немаше да ми кажат да одам САМА да си зеам кока кола. Се враќам, пак цтг. ,Ајде девојчево одма на патолошка легнувате го!" Тука хаос од доктори од сестри од едно од друго. Следен момент, тишина, не слушам ништо околу мене хаос од луѓе. 9ч наутро на ГАК. Ја седам на столчињата пред патолошка, со ташниче, унатре телефон, тутунче со филтерчиња, палома и шише со вода. И си чекам. Ме легнаа на патолошка, цел ден и цела вечер на апарати бев сврзана, бебе многу ниски тонови имаше, неколку пати у паника се собираа сите сестри. Искрено незнам зашто одма не ме породеа. У меѓувреме станував само за повраќање, па и чепче ми дадоа, луѓе ја храна 39 недели не сум ставила у мене башка повраќам вода.. чепче Утрото отидов тутунче си испушив пред гак, последната цигара ever! Погадно нешто не бев пробала у животот, дури ми се зашемети... Прва ме земаа во операциона. Влегов таму преплашена, нешто со што сеуште се немав соочено. Не сакав царски, се надевав дека ќе успеам природно... Не одев против веќе, прифатив. И покрај другите 2 индикации што ги игнорирав, сепак завршив царски. Персоналот што ме спремаше за операција беа префини сите муабет ми правеа да ме опуштат. Дали не искалкулираа... Одкога ми ја ставија анестезијата јас колапсирав. Само се сеќавам дека се разбудив еднаш, и пак ме снема. Следно нешто се разбудив на ПИН. Секакви мисли низ глава ми поминуваа... Бебла не ја видов. Фаќам тел, ми сликале беба. Иста јас И порака на телефон, бебе 2800, 49цм, 8:35. Ми ја донесоа дента не личеше на сликата, ама се опуштив, знаев дека е моја, иста веѓа држевме. Следниот ден веќе ми ја дадоа. Второ бебе што го држам у животот. (Внук ми само што дојдени дома им отидов) Пелена првпат сменив, мајка знаеш? ДААА ДАА Дојде сестра, дали проба да доиш? Па не... Ајде дојди седни. Ме стисна, потече млеко ден после царски, жива пресреќна. Тука малце се мачев со како да го држам бебе, because massive kitties... Нејсе, помина и тоа... Силиконски брадавици ми требале, уживај. Преклопив брадавица, бутнав цицка кај бебе во уста, цицна заспа. (Пола бременост гледав видеа за доење, фала tiktok) Од откачени ствари можам да издвојам: 1. Се препив вода и имав напад на бубрези, мислев дека ми доаѓа природно да родам уште едно бебе... Ни инекции не ме спасуваа. 2. Не ме пуштаа дома да одам зошто не бев појдена по долгото. 3. Имав цимерка што коа си замина, два дена пред мене, ишприца парфем и дезодоранс у соба со бебе, мислам дека цело одделение на нозе го кренав. 4. Креветот т.е. душекот имаше дупка, јас мала, и пропаѓав. Лежев секако освен како што треба и секој ден беше забавно коа доаѓаше визита. Untill next time, останете ми со здравје