vo ponedelnilot otidov na pregled eho i ctg ama.e zadrzaa poradi namalena plodova voda i.dok rece utre pobuvme.provokacija edna ak se.otvarasnok ako ne carski... i akoniso primqv 9sati provokacika ama.se otvoriv samo 3prsta i taka.otidov na.carski so spinal mn bese jezivo ama.ja.vidov cuckata.i placev od.sreka )) prviot dem stanav pet pati malce se forsirav ama mn.glavobolki od spinalot inace bucka ee super denes.si pdime )nakratko se macevme za cicamke ama fati.pred.malce ))
Епа друштво здраво и од мене Поминаа скоро 3 месеци од раѓањето на мојата трета гордост, па ред е да ви ја раскажам мојата приказна, која се надевам дека ке биде охрабрување за сите идни мајки. Во текот на целата бременост мислев дека ке се породам веднаш штом ке влезам во дебетти, ама на крај ја дочекавме и 41-вата недела. Ден после терминот, на 18.09, ме разбуди пукањето на водењакот, знаев дека имам околу 3 часа до одењето во болница. Во Чаир стигнавме некад околу 10 часот, ме прегледаа на приемно и ме качија во родилна со само 3 прста отворена. Во родилна докторите негодуваа зошто ме пратиле таму толку рано, имаше муабет за провокација, ама јас одбив(поучена од моето претходно искуство). Порати тоа ме пратија на патолошка додека да се отворам. Таму поминав околу 24 часа, со најдоброто можно друштво во соба, беше презабавно , немав никакви болки, се наспав и се одморив пред чинот кој веке неможев да го дочекам. Утредента, на 19.09, со сите уредни цтг, кои покажуваа слаби болки кои јас не ги осекав, ми ставија клизма и повторно ми понудија провокација, која повторно ја одбив, сакав целиот процес да тече природно, без никакви стимулации, за кои не гледав потреба, имаше доволно плодова вода и немаше никаква опасност за бебето, а и таквиот непровоциран пораѓај е многу побезболен. После сите направени проверки на патолошка, околу 13 часот со слаби болки ме однесоа во предродилна сала. Таму веке имаше 2 жени кои набргу се породија и останав сама. Болките постепено се зголемуваа но херојси на нога го поминав целиот процес без ни еден изустен звук. Тоа траеше до 16 часот кога болките станаа многу појаки и ме префрлија на бокс, ме прегледа докторката(не и го запамтив името) и ми рече дека супер сум се отворила и дека се ближи моментот на раѓање. Јас со целата присебност имав сила и да се испазарам со докторката и се договоривме дека ке слушам се што она ке ми каже и нема глас да пуштам, а за возврат она ке се потруди да поминеме без сечење, и падна договор! Во тој момент дојдоа и една постара сестра која го проверуваше цтг-то и директорот на клиниката, и тој ме прегледа и рече дека сум комплетно отворена и дека пораѓајот може да почне, а и болките во тој период веке поминуваа во напони. Докторката не изуми да му каже на директорот за нашиот договор, тој само се насмеа и почнаа да ми даваат инструкции. По тоа што го коментираа на првиот посилен напон бебуш се спушти во каналот а на вториот напон излезе цело, без никакво сечење и пукање и без ни еден испуштен глас, се како што се договоривме. Кога го слушнав дека заплака, прво му заблагодарив на Бога дека е живо и здраво, сестрата го поткрена за да ги видам најубавите плави очи и го однесе да го средат. Јас бев во состојба да станам и да одам пешки ама процедура било да ме однесат со кревет до соба. Откако ја средија постелката и стигнав во соба, се одморив околу пола саат и станав се избањав, за чиста да го пречекам најубавото бебе на светот. Од се срце на сите ви посакувам ваков лесен и безболен пораѓај!
Конечно да си ја напишам и јас породилната приказна . Заради тоа што моето бебувче не сакаше да искочи од мешето и го надминавме терминот точни 8 дена, морав да се породам со провокација. Ме примија во болница на 8.10.2014. На 9 ти сабајле во 6 часот ми ставија провокација и ме врзаа за ЦТГ. Смеев да станам од кревет само за тоалет. Не смеев да јадам ниту пак да се напијам капка вода. Ми беше многу тешко затоа што уште во 9 часот почна да ми се лоши од глад, си имав голем апетит Накај 17 часот бев отворена 4 прста и почнав повеќе да ги осеќам болките. Ме однесоа во породилна сала. Повторно ме врзаа за ЦТГ и така си бев врзана додека ме однесоа на бокс. Тоа ми беше многу тешко затоа што кога лежиш нели повеќе боли. Еее веќе во 20.00 почнаа јаките болки и мислев дека ќе се онесвестам од болки накај 21 часот ме легнаа на бокс демек ќе се пораѓам и кога ме провери докторот вика ааа рано е има уште 1 час. Е тогаш ми се стемни. Зарем уште еден час ќе ги трпам болките! Во тие моменти тој 1 час ми изгледаше како 1 ден. До 21.50 бев во предпородилна сала повторно но сега не ме врзаа за ЦТГ, немаше шанси да легнам со тие болки. Во 21.45 почнав да давам нагон за пораѓање кога дојде сестрата и еден доктор и ми рекоа “да не сум правела така лошо било за бебето“. Ми идеше да ја мавнам со нешто, но немав ништо при рака И реков декека така ми иде. НЕ ми поверува па ладнокрвно вика ај да те проверам. Кога ме прегледа ја фати паника, и почна да вика “БРЗО ВИКАЈ ГО ДОКТОРОТ СЕ ПОРАЃА“ . Се исплаши дека ќе и се породам во предпородилна сала Ме фатија за раце ме легнаа на бокс и за неполни 15 минути се породив Ми го покажаа бебето но искрено се ми е матно. Криво ми е што не ми ја ставија на гради веднаш Јас немав сила да ја побарам, да зборам воопшто нбев многу источтена. Немав јадено точно 31 час Бев малку распукана па ме сошија со анестезија(имав 2 конци само). Кога ме однесоа во соба во 1часот по полноќ мм ми донесе баничка. Мислам прсти ќе изедев. Заспав.. Накај 9 часот сабајле ми ја донесоа мојата заспана убавица, веднаш ми ја ставија на града. Ептен бев збунета, само ја гледав, мислев дека сонувам. Бебе лежи до мене, цица.. МОЕ БЕБЕ Беше преубава буцка на мамаИм посакувам на сите да го доживеат ова чувство барем еднаш во животот... И да, им препорачувам на сите жени кои што се во можност да се породат природно.Затоа што колку и да е тешко, нема поубаво нешто од тоа да осетиш како нов живот искача, се ќине од твоето тело, и секако да го слушнеш првиот плач на малото човече
Ах Rusi, нека ти е живо и здраво бебчето, ова само е една гоолема поддршка за сите нас дека и без провокации и без анестезија се може, ама како прворотки тешко! Ама според тебе мора да бидеме присебни незнам како ама ајде на сите со леснооооо!
Се надевам ќе ти се исполни желбата. До тогаш гали си го мешето, ќе ти фали после клоцањето Како и да е ти посакувам лесен пораѓај и чекаме да ни пишеш, а гледам во брзо време ќе биде тоа
Ауууу Chocolade, па јас мислам дека за 13 часа ќе умрам а не 31 час. Мислам дека нема шанси толку да издржам лелелеелеее. Нека ти е жива и здрава ќеркичката и голлеееееема да расте.
Да да, точно 31 час. Во среда во 15 часот јадев сендвич од 7 ца и тоа беше. Четврток по породување, односно петок сабајле во 1 часот јадев баничка. Гладта ме истошти, се чудам како давав нагон. Но сакав се да се заврши побрзо и собрав сила Фала многу на убавите желби, Немаш тиќерче не знам дали имаш дете, или бременост но ако немаш да си дочекаш Леле сега кога бројам испаѓа дека одкако јадев за 31 час се породив(во 22.10 часот), а јадев после 3 часа. Значи 34 часа
@menelele , се е возможно, доколку целиот процес тече природно и не се форсира, тогаш ке се отвориш максимално и самиот пораѓај ке биде многу лесен и брз, без разлика за која бременост по ред се работи. И на тебе и на @azelea и сите останати ви посакувам брз и лесен пораѓај, а мојот совет е дека најубаво е и за мајката и за бебето целиот процес да биде природен , на крајот на краиштата Бог точно знае зошто промислил целиот процес да го има тој тек и динамика, ништо не е случајно. Со лесно на сите!
Точно така Руси, но мене мораше да ми стават провокација затоа што, како што пишав беа поминати 8 дена од терминот и плодовата вода почна да се намалува. А сега дознав дека со провокација болело повеќе
Здраво девпјки, после моето породување поминало повеќе од една година, но уште ми е се јасно во главата од минута до минута како се одви целиот процес. Имав лесна бременост, или барем јас така ја доживував пошто не беше без проблеми, добив дијабет при крај на шестиот месец и до породувањето бев на инсулин. Бев многу анемична па нонстоп со лекарства, иако сум ситна, изгледа и од дијабетот бебето растеше големо и цело време докторот што ме прегледуваше (надвор од Македонија) ми викаше дека најверојатно ќе се породам царски пошто ако продолже да расте нема да може да помине низ мојата карлица. Но при крај на осмиот месец се си дојде на место, бебето беше со нормална големина. Се вратив во Македонија, многу среќна и убедена дека све ќе биде во најдобар ред. Тука докторката на прегледи ме советуваше да одам во Скопје по што со ризичен дијабет (иако јас го имав под контрола дијабетот, боцкав инсулин се по упатствата), она се плашеше дека белите дробови на бебето може да не бидат доволно развиени, па да не направиме некоја белја. А лус гледаше нешто и на срцето, па бебињата од дијабетични мајки имале повеке ризик од срцеви аномалии и така цело време. Бев толку во еуфорија, што сите овие рабови не ги земав за толку страшни, ниту им варував, не знаев зошто маж ми цело време е така тажен, треба да бидеме среќни, нели ќе станеме родители. И така јас отидов во Скопје, бев 39 недела, ме примија, ме прегледаа, со согласија да се породам таму после една недела. Одев пак, веќе 40та недела, докторката сакаше да ми направи амниосентеза да види дали се развиени белите дробови, една професорка дојде и почна да се дере, веднаш дајте и провокација, не гледате колку се направила ке пукне жената, и во десет часот ми ставија вагиналета. Следните неколку часа имав слаби болки, бев отворена 4 прсти, се шетав, се смеев со сестрите, многу ми се допаднаа сите, една докторка не прегледуваше секој час, и полекаа почнаа посилни болки. Во два часот бев 6 прта отворена и ме качија во сала заедно со една сестра. Два часа во силни болки, нема никогаш да ги заборавам тие моменти. На крај лекнав во боксот, и од болки ми се стемнуваше пред очи, нити гледав, нити слушав, никако не можев ни да се дерам, немав сила за тоа, накај 16 часот, доаѓа една докторка и вика на девојчево да и ставаме анестезија, нема сили да се пораѓа, во тие моменти едноставно се губев. Дојде мојата докторка и ми вика викнав анестезиолог, бебето е добро, смири се, ме теши, не можев да станам да ме боцне во грбот, ми помогнаа две сестри, но сестрата што ме контролира во тие моменти не прекина пошто ризично било, и ми дојде силен напон бебето се спушти во карлицата и мамицата целата рака ја ставаше внатре, како што бев така во полуседната состојба и болката малце се смири, јас сакав да легнам, докторката настојуваше да ми ја стават анестезијата, и во тие моментои дкторот ме боцкаше, топлина ми се пружи по нозете, полека болките се смиријаа, почнав да дишам послободно, ама многу бев загрижена за бебето и цело време прашував дали е се во ред. Во еден момент приметив како една млада сестра почна да се дере по докторката “ги изгубивме срцевите тоновииии“. Срцето ми застана, и така бебето беше на пат, се се одвиваше толку бргу, не знам од каде ми дојде толку сила, туркав туркав, и сестрата ми помагаше ми буткаше во стомакот, многу брзо ме породија, бебето дур излезе низ вагината слушнав едно „пат„. Вагината пукна цела до сервиксот, и после докторката ми правеше епиозотомија по што мамицата цело време се дереше сечи длабоко, излезе моето бебе со отворена уста, модра, со папочна врвка два пати измотана околу врат, нит плачеше, нит се мрдаше. Јас како што бев во полулегната состојба ја видов, почнав да прашувам „докторке живо ли е бебето„ не ми одговараше. Неколку пати прашав, не добив одговор. Тоа за мене беше најлош момент, мислев дека умре. Поатоа бргу ја земаа, и низ солзи ја слушав многу малку како се цимоли, немаше плач само еден тажен изморен глас. Јас си лежев неколку минути, и требаше да излезе плацентата, ја азвадоа но за жал плацентата не излезе цела, парчиња останале внатре и во тие моменти почна и крварењето. Ми ставија целосна анестезија, ја исчистеле матката со раце и се разбудив во интензивна нега. Кога ја вртев главата да видам што се случило, кај сум, докторката ми рече дека многу сум искрварила не можат да го сопрат крварењето. Кога ја вртив главата, чаршафот беше со крв до мојот врат. Изгледа нонстоп спиев од лекарствата, ми ставија нонстоп лекови против болки, ни не се секавав да прашувам за бебето, како на сон да бев. Утредента се освестив, прашав за бебето, се е во ред ми рекоа да не се грижам, но морам да останам во интензивна заради слабокрвноста. На вечер хемоглобинот ми падна 50, па почнаа со свежа крв, па така три дена во интензивна со лекови и свежа крв сабајле и навечер. Не го видов бебето тие три дена. Многу се грижија за мене, многу сум задоволна, не знам колку доктори дојдоа да ме прегледат, и секогаш беа многу загрижени. Примав и ињекции три пати на ден. И на крај ме ставија во гинекологија, ми дојде млекото, многу ме болеше раната, дојде маж ми одвај го пуштија внатре, тогаш го видов бебето, го донесоа само да го видам никако да го дојам пошто примав многу лекови. Таму уште три дена, и на крај јас не можев да поднесам, плачев цел ден, јас сакам да отидам реков, ако не ме пуштате ќе викнам полиција, па утредента потпишав дека сакам да излезам и така со маж ми тргнавме за дома,во кола лежев, по што и од болката и што ми се вртеше не можев да седнам. Три недели лежев дома, ништо не јадев, бев толку бледа што кој и да доаѓаше си го менуваше веднаш изразот на лицето, една година после породувањето не можев да ја средам анемијата. Ама јас бев убедена дека се ќе биде во ред, многу бев среќна за бебето После полека почнав да седам, да се средам. И покрај се што сум поминала, немам лошо сеќавање од породувањето, многу убаво бев третирана од сите, многу сум задоволна од докторите, не дозволуваа да имам болки, и лекови за смирување примав, бебто ми го носеа за да се видиме и гушкаме, но никако да го држам по што немав сили. Не ми се веруваше како во момент се тргна наопаку а имав стварено таква убава слика лсика во главата за едно прекрасно породување, дека бебето веднаш ќе го земам во раце и ке станам и се ке биде во ред. Сега све е во ред, многу убаво ме шиеле доле, иако имав 11 конци. И бебушка е прекрасна, почнала да збори, да оди, јас планирам второ за догодина, породувањето верувам дека ќе биде царски рез.
Во средата на 10.12. со 5 прста отворена ме однесоа од патолошка ме качија во предпородилна сала и лежев додека не се отворив 7-8 во 14-15 ми почнаа јаки контракции и ме качија на бокс. Во 16 и 15 се роди моето сонце. Болките при крај беа големи но се заборава веднаш откако ќе ти го дадат да го гушнеш. Не сместија во апартман и останавме до денес поради жолтицата. Сега сме добри си спиеме, цицаме, какаме
Еве не и нас,си го фативме ρедпт малκу од малκу,па најдовме κонечно слободно вρеме за да ви ρасκажеме κаκо дојде на свет моето душиче убаво. Во понеделниκот се банјав оκолу 22 часот и ми κога се облеκував гледам ми тече нешто. Неможам да го запρам ниκаκо κаκо да мочам хахах малκу испаничив,дојде. до мене мажот ми и виκа. ајјде моето синче κе се ρоди сега ,он сρеќен а јас сиρота незнам што да пρавам , се облеκов виκнавме таκси и пρаво во болница... ме ставиа на СТГ и не бев отвоρена ич,ми ρеκоа легни гледај да заспиеш,сабајле κе те фатат болκи(оди па спиј сега) со мене у соба имаше жена веќе поρодена ,бебето на сеκој 5-10 мин.плачеше душа мала ,и таκа лежи лежи .. κај 4:30 ме ставиа на СТГ паκ бев сано два пρста отвоρена,паκ у соба назат,а јас гладнаа неможам да опишам ,не јадена од 18 ч.... почнаа болκите офлеле офлеле стани шетај легни и обρатно....до 15 бев отвоρена 7 пρста лудило ме фати мислам од болκи ме легнаа на боκсот СТГ-то на мене ииии ајдеее бебуш вρеме е за надвоρ хаха, пρовоκација ми ставија ,се помачив,неможев да напнувам ,немам сила,вода ми се пие а не смеам ,во еден момент мислев деκа κе се онесвестам, напнав силлно испадна главчето пола и моρаа да ме сецнат малκу ,иии κај 16 :04 ч.испадна душичето мое убаво,ми го подадоа го погалив ии после веќе се беше полесно ми ставиа тρи κончинја и паво во соба,за еден сат ми го донесоа ми го дадоа во пρегρатκа а оно со очињата ме гледа,едни убави очиња со големи тρепκи ( исти κаκо мама) Тρетата ден не пуштија и еве сега си се галиме,си се гушκаме,си κаκаме.... сета маκа,болκа де забоρава од κога κе го допρеш душичето твое,неможе да се опише,нема таκви збоρови за да се опише κаκо е ,само да се доживе... Со лесно на сите мешиња!!!! *
Приказниве ги читав уште пред да сум бремена, и некако не ми се верува дека сега и јас имам ваква за раскажување (само да побрзам додека спие бебе)... Кај мене беше малце изместено се со термините, краен термин 29.12, но доцна овулација па не беше реален... Следен реален беше 5.01... Цела бременост си ја поминав супер, со движење, без кревање многу килажа, вежбав јога... Ептен бев подвижна. Прво ситно дете, па после во 9ти месец нагло крена на килажа а и мене толку нагло ми стана тешко. Дојде период пред нова година, јас не знам што да планирам. А тоа и празниците поминаа... Се договоривме со докторот дека сакам спонтано да се породам, но дете абер немаше, а и веќе почна да е на граница со неговата килажа за да биде спонтано раѓањето. Бидејќи со денови имав некои ситни болки и бев отворена еден прст, решивме дека мора да се проба со провокации иако не сакав така. Од сабајле до попладнето со провокации останав на еден прст, а имав контракции... Остана да видиме вечерта природно дали телото ќе си фати тек и ќе продолжи процесот... Сопругот беше цел ден со мене, ама вечерта ми беше најтешка. Жени си дојдоа, и вака или онака си се гушкаа со бебуши, а јас уште со стомакот и со болки... Следното сабајле пак провокации до попладнето, веќе имав болки на 2 мин кои траеа 1 мин, а преглед - прст и пол. Дијагноза - незрел цервикс, чаре - царски. Ептен така брзински, јас бев скрос спремна за природен пораѓај, ама за царски ич (ова психички)... Тимот беше прекрасен, скрос ме опуштија, иако да имаш повеќе салце значи плус потешко ставање на спиналната. Јас требаше да се наведнам, да направам лак со грбот, а стомак до гуша, матка со контракции... Ама откако ми ја ставија спиналната, (за која ми беше малце страв дали ќе фати), тимот си почна со работа, а јас почнав да се ќезам - конечно не осеќав контракции и ми олесна. Не знам дали е до мене, ама мене целата операција ми беше мнооогу пријатна, бидејќи се чувствува допир, тегнење и слично, малтене како масажа... Пак ќе речам, тимот беше супер, ми кажаа и кога ќе ја вадат, да се спремам... Кај ми е телефонот за да ми ја сликаат... Јас во цело брзање ништо немав, па една сестра излезе и зеде телефон од сопругот... Јас си викам супер, барем ќе му даде информација дека е се ок да не се секира... Моментот кога ја извадија го осетив прво како олеснување - кога вдишив и издишав си го осетив празен стомакот... Се свртев да видам дали стварно излезе дете од мене (и покрај 9 месеци, се уште ми беше нереално некако, особено дека се случува во моментот), и чекав плач. Типичен плач немаше, прво цивкање некое, а после се развика машала... Се свртев и видов некое човече како го средуваат. Си викав дали е се ок, дали е како што треба, и едвај чекав да ја видам - како изгледа... Моментот кога ми ја донесоа и ја ставија до мене, а таа ме фати со раката за окото, ми е најубавиот момент во животот. Не верував дека ќе биде толку емотивен. Се додека не се почувствува едноставно не може да се долови со зборови. Откако ја земаа, знаев дека сопругот ќе ја гледа и бев многу среќна. Оќезена од уво до уво чекав да заврши операцијата за да видам кога следен пат ќе ја видам... Следниот убав момент беше кога ме носеа на интензивна и го викнаа сопругот да си честитаме, и тој цел расплакан и пресреќен ме гушна... А потоа, кога ме однесоа во соба, и кога ја донесоа да се гушкаме тројцата, немаше крај на мојата среќа... Е следните денови беа цели емотивни но и релативно тешки, особено првиот ден после царскиот и првото станување, но тоа е друга приказна. Нејзе не и е местото тука. Во секој случај, се би поминала пак уште сто пати, затоа што е едно незаборавно искуство. И пак ќе речам, иако си имал 8 месеци да се спремиш, џабе е - не можеш реално да се спремиш за сите чудни и екстремни емоции!
Јас се пораѓав во Чаир и искрено немав некој тежок пораѓај. Ме примија во 02 по полноќ со не толку јаки болки и 4цм отворена. Пред да отидам во болница во текот на претходниот ден имав на неколку пати болки, но слаби и на големи интервали. Се зачестија околу 09 часот вечерта, а од 11ипол започнаа на 10 мин, но не сакав да брзам и одма да одам во болница па си поседов дома уште час и половина. Ме ставија на ЦТГ, ме прегледа докторот, одма ми донесоа спавача, се поздравив со сопругот и со свекрвата и горе на предпородилно. Додека бев на предпородилно бев „јака девојка“. Првите 2-3 саати не беа нешто тешки. Болките беа издржливи. После тоа кога почнаа појаките болки, јас наместо да викам јас со раката мавав во ѕидот и радијаторот до кои беше мојот кревет. Докторката која ме прегледа 1 саат пред да се породам гледа дека веќе сум 8 цм отворена ми рече: „Ти тивка, тивка, глас не ти слушнавме, а ќе ни се породиш без да знаеме“. Но, последниот саат сега кога размислувам не знам како го издржав. Целата болка ми беше сконцентрирана во кичмата. Мислев дека во секој момент може да ми се скрши. Ме однесоа на бокс. Таму ми го пукнаа водењакот. Ми ставија и провокација затоа што ми велеа да гурам но јас искрено не знаев како. Иако примив клизма и се олеснив, сепак им направив мала беља. Ми ставија и уште една инекција во инфузијата. Инаку со мене во соба беа 6-7 луѓе. Докторката ме гураше за стомак, главната сестра доле го чекаше бебушот и ме сецна малку, една сестра ми ја држеше главата, другата раката на која беше инфузијата која ми беше на зглобот на дланката заради слаби вени и постојано ја кревав и инфузијата не течеше. Имаше уште двајца доктори кои ме држеа за нозе бидејќи од болка мрдав многу, клоцав и не можеа да ме додржат. На бокс лежев не повеќе од половина час пред да се роди Војдан во 08 часот. После тоа едниот од докторите ме соши, претходно со сестрите уште еднаш дадов напон за да излезе и постелката. Лежев уште два саати на бокс, па после ме префрлија на одделение. Прво дете ми е и не можам да правам споредби, но од кажувања на др жени сметам дека прилично лесно поминав. После тоа болки и потешкотии имав уште 1 недела, но само првиот ден ми беше тежок откако помина дејството на анестезијата. Но, и во текот на бременоста и после пораѓајот ги слушав советите и препораките на докторите и на др жени. Шетав и не бев залежана додека бев бремена, шетав и низ соба и во ходникот додека бев на предпородилно, по неколку пати на ден со измивав со топла вода, а се бришев само со стерилизирани гази за да ми заздрави раната побрзо и сл. На сите им посакувам да поминат и полесно од мене.
Не се сеќавам дали имам пишано ама и со двете деца се породив за макс.2.5 саати откако ќе ме примеа. Првиот саат време поминуваше во прегледи и прашување за мед.историја а вториот на цтг и 10-15 мин,на бокс. И фала му на Бога се беше во ред со оглед на тоа како се однесуваат сите и кои се ме породи. Инаку во Државна се пораѓав.
Породилни приказни ... Најпрераскажуваните приказни на секоја жена!!! Секоја од нас сигурно најмалку 50 пати во животот го раскажала своето породилно искуство - на сопругот, на сестрата, на пријателките, на колешките... И секоја од нас цел живот ќе се сеќава на моментите од породувањето / породувањата!!!Јас двапати се пораѓав - пред 25 и пред 17 години!!! И по толку многу години се сеќавам на секој момент, на секој разговор, на секоја болка, насмевка и секако на првиот плач на моите бебиња !!! Породилни приказни - убави и слатки приказни кои од се срце им ги посакувам на сите жени!!!
Pominaa 6 meseci od doagjanjeto na moeto sonce na svet , pa eve da si ja kazam i jas mojata prikazna. Terminot za poroduvanje mi bese na 10.09 no jas se porodiv na 02.09. Bolki dobiv vecerta no ne gi svativ seriozno i utredenta vidov na gakjickite malku krv. Se isplasiv i i rekov na majka mi bidejki soprugot bese na rabota. I otidovme kaj maticniot lekar mi napravija ctg i ja povikaa brzata pomos. Koga stignavme vo bolnica lekarite mi rekoa deka ne mi e vreme da se poragjam i mi rekoa da prosetam malku niz sobata pa da videme. Koga mi pukna vodenjakot me sfatija seriozno i mi stavija infuzija i si pobarav epiduralna anestizija . Po izvesno vreme mi stavija . No anesteziologot zaboravil da ja puste da tece taka da si ostanav so bolkite i bockanjeto vo grb. Koga pobarav pak mi rekoa deka e kasno. Mnogu bolese i samo barav carski rez . Bo tie mi rekoa deka ne e potrebno deka se e vo red. Se porodiv vo 19 i 16 so ziva i zdrava kerkicka i dvete bevme dobri a jas presrekjna. Se rodi 2900 kg. Samo da napomenam bev mnoogu gladna pred poragjaj. Da se zivi i zdravi site deca na ovoj svet. A na nas majkite e da ne boli pomalku.