Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.343
    Допаѓања:
    34.875
    Пол:
    Женски
    Сум заборавила тука да пишам, па додека бебе нанка, да си ја раскажам и јас. :sun:

    04.02 - денот ми започна со повик од докторот кој што ќе ме пораѓа. Ми ѕвонеше да ме праша дали има нешто ново, дали имам некои болки или сл. Јас му викам неее, ништо, така само како менструални. А за мене тоа не беше ништо необично, си ги имав скоро цело бременост, а во 9ти месец највише. Добро ми вика, се гледаме четврток, тогаш имав закажано кај него пак цтг и ехо, а ова кога ми се јави беше вторник сабајле.
    Вечерта одиме кај моите на гости. Јас почнав да осеќам некои појаки менструални болки ама не си помислив ништо, дека докторот ми рече треба да почнат да ти бидат на интервал, всушност контракциите. Ништо, си седиме и некако не се осеќав баш најнај и на мм му велам ајде да си одеме да легнам оти веќе се распаѓам.:D

    Си легнавме некаде накај 10 вечер, си вртам јас тикток, и почнаа некои болки во половината што до сега не сум ги осетила во бременоста. Добро велам чудно, ама не е нешто кој знае колку болно, и си продолжувам да си вртам тикток.:D Како минува време дојде веќе 1,2ч сабајле јас се повеќе ги осеќам таму болките и тоа на интервали, ќе фати па ќе пушти, така цело време без престан, па ми стана јасно колку е часот.:D

    После полноќ веќе 05.02 - ѕвонам на докторот и му кажувам дека имам контракции и ми вика тргнувајте за пола саат. Еден туш набрзина, ранецот си го земав и тргнавме.
    Во 4ч сабајле стасав во болница. Одам доле на цтг, покажува болки ама не многу. Ме прегледуваат колку сум отворена - 4 прста:D
    Сестрата ми вика мајка ти ќе раѓаш денес, јас шок. Велам нееее бе, рано е хахах. :rofl:

    Се изгушкавме со мм, се избакнавме, тој си замина и мене ме качија горе во соба. И тука веќе почнаа појаките болки. Ама ги гурам некако, одам си пеам низ соба, си вртам тикток.:rofl:
    Дојде сестрата да ме праша дали сакам епидурал и викам ајде може, да ми олесне. Ми ставија кога бев некаде 7 прста, ама за жал неуспешно, сѐ си осеќав.
    Накај 8ч сабајле ме сместија на бокс дека брзо се одвиваше сѐ и веќе во 9ч бев спремна за напнување.
    Дојде докторот, ајде мајка вика сега ми требаш најсилна од сѐ, а јас веќе припаѓам од болки. Може час ипол помина како напнував и во 10:17ч на свет си го донесив мојот син, моето ангелче кое што нанка до мене 2980гр и 49цм. :inlove: Совршено, мекано, со најубавите плави очиња.

    Болки имаше, како и секој пораѓај. Јас се плашев и мислев дека е нешто што неможам да го издржам. Ама ете издржав, и веќе заборавив на болките.

    Накратко тоа е мојата породилна приказна, брзо беше многу, дури не бев свесна што се дешава, ама веќе ќе помине еден месец откако се породив и сеуште неможам да поверувам дека сум мама на едно мало ангелче. :inlove:
     
    Последна измена: 1 март 2025
    На КаринаТ, Lady*Bug, Harper и 67 други им се допаѓа ова.
  2. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    12.863
    Пол:
    Женски
    Си ја најдов првата породилна приказна тука и коса ми се крена. Каква разлика од ова сега.

    Имавме закажано царски во вторникот, ама докторката рече да си поседи уште неколку дена, имало простор уште е добра постелката. И закажавме за петок.
    Дома цела недела ја преплакав, гушкав дете без престан, спиев со неа цело време, мислев ќе си умрам во болница и толку од мене. Дури и на маж ми му викав ти најди си по некое време друга млад си, ама немој да си ми носел дома маќеа на децата (facepalm). Не знаеше човекон дали да плаче или да се смее.
    Четврток вечер прием. Изгушкав дете, ја оставивме кај моите и отидовме. Таму цтг детево превознемирено ваљда од мене. Се ок, ехо ок, ајде горе во соба. Се поздравив со маж, се средив, им побарав дијазепам ама џабе. Дијазепам така бута обично, цел ден сум како пијана, сега ништо.
    И дојде сабајлето. Клизма туширање и пред 9 накај сала.
    Таму сите лабави, музика фрчи, јас се тресам. Притисок 140/95 рокнав што не минсе случило никогаш, секогаш е под 100/60. Им викам ставете ми се што имате, јас ќе цркнам овде.
    Ме боцна спинална анестезиологот, одма почна да фаќа, јас почнав да се препотувам и да ми се повраќа. Ми акнаа фентанилче и за 5 мин бев како нова. Викам терајте сега слободно топ ми е.
    И почнаа. Извадија бебе за 5 мин, тоа па одма си заплака, апгар 10/10.
    На крпење изгубија цел саат, баш докторица викаше што е ова, се гледаше на ехо, ама не до волку. Во Чаир знаев дека ужас беше сошиено, ама до толку гадно испревртено не очекував. Битно мислам дека поправија колку што можеа.
    Шок соба нецели два саати и назад во соба. Дојде маж, донесоа бебе и сфативме дека се сме заборавиле, како прво да ни е.
    Тек утредента сабајле ме станаа, јас очекував исто страшни болки како со првото, како сите органи да ќе ми излезат, ама овој пат беше културно поднослива болка. Извадија катетер и толку.
    До вечерта се тушнав дури (добро мајка ми дојде ме тушна) и станав неколку пати.
    Синоќа дури и коса измив.
    Ранава ми е како да нема рана. Една тенка линија. Везена. Леле од Чаирот со какви гадосии си отидов, хематоми по 10 цм и повеќе. Денес веќе некоја минимална болка кога седнувам само, ама си зимам бебе, дојам без проблем.
    И така, се распишав а ништо посебно не пишав. Утре здравје си одиме, можеше и денес ама мора да ја сончаат беба заради жолтица.
    @Baby warrior ти мислам ќе се пораѓаш кај Петровска. Значи женава е закон, нема да згрешиш. Кога заврши операцијата седна до мене, ми побара број од маж ми и му се јави да му каже се како поминало. Ми даде и јас да си се слушнам со нив.
    Ептен сум задоволна од се до сега.
     
    На mariz, LiquidLuna, juice_ и 32 други им се допаѓа ова.
  3. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.349
    Допаѓања:
    2.866
    Пол:
    Женски
    Како убаво поминало се :inlove::inlove: супер е Гордана, мене вториот скрининг ми го правеше инаку Кузеска ми ја води бременоста и ептен сум задоволна … па за пораѓај ќе видиме како ќе биде двете се другарки и колешки они ептен, Кузеска ми ја знае цела историја и е срце човек и приватно прекрасна докторка немам ниедна замерка. Нека дојде safe weeks па ќе видиме што ќе бидне.. одвај чекам вака убаво да ви ја раскажам и мојата породилна :l: уживај и гушкај бебче сега :inlove::sun::inlove:
     
    На merriel0, nice-girl и thinkerbell им се допаѓа ова.
  4. Mila0000

    Mila0000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    899
    Пол:
    Женски
    Честитки да ви е живо и здраво :inlove:
     
    На thinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  5. zejj-3005

    zejj-3005 Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2022
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Здраво, ве читав цела бременост па сега да ја кажам и мојата породилна приказна . Иначе втор порагај и првиот ми беше лесен но овој уште побрз и полесен, посакувам сите така лесно и брзо да го земате бебце во рака. Терминот ми беше на 11.02
    Понеделник 10.02 сабајле во 4 се разбудив со слаби ментруални болки, сабајлето в10ч ми падна чепот, и ги чекав цел ден болките да станат појаки и почести но до вечерта до 22ч останаа истите болки како менст. не толку јаки а ми се повторуваа на секои 20-30 мин. Во 12ч вечерта отидов во болн кога ме прегледаа 4см отворена, чекавме се додека ме фатиа појаките болки веке во 03:40 бев 10см веднаш во соба за пораѓање и во 04:20 дојде на свет мојата втора принцеза…
    Иначе и на првата и втората бременост ви го препорачувам чајта од лисја од малини и јадете колку што можете повеке урми во 9ти месец, мислам дека мене тие доста ми помогнаа за лесните порагаи.. поздрав и се најдобро ви посакувам на сите кои сте во исчекување
     
    На mariz, purple d, LiquidLuna и 20 други им се допаѓа ова.
  6. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    8.463
    И јас да си ја пишам вторава.:inlove:

    Понеделник, си одам на редовен преглед, со др. Афродита се натегаме држ недај, хемоглобин да качиме ова она, ама бидна датум, среда среќен ден.:sun:
    Јас како Тинкер, дома поздрави, депресии цело време, ќе умирам, па дали да оставам писма за ќерка ми, абе драма.(facepalm)
    Нормално не спиев, упрпана скроз… 7ипол во болница, прва закажана за дента, ме избоцкаа набрзина и чекаме повик за во сала.
    Ѕвонат спремни сите, ја се тресам како лист, ми се погоди еден прекрасен дечко во сала што ми беше како дула мислам, еден смирен муабет, ме држеше, ептен ми помогна.
    Арно ама страв огромен, притисок падна ептен па златното фентанилче и мене ми го дадоа па се средив за брзо.
    Боцнаа спинална, чекаа да фати, лаф муабети да ме опуштат што НЕ функционираа.:D
    Почнаа, работеа што работеа и почнаа да тегнат, ајде мајка издржи бебето го вадиме, и кога за кратко врисна бебче.:inlove:
    Се гушнавме, се сликнавме.
    Докторкиве шиеја ептен полека од тој момент мислам, не знам зошто ама бев во сала долго време.
    Во шок соба цела смена истерав додека пуштат, се изнаслушав муабети ама тоа ми беше последниот одмор без болки и на раат.:D
    Среќа опоравокот исто беше добар, втор ден веќе 2 пати на ден се бањав, болка сосем поднослива, кога дојде ден за дома веќе бев топ.:D
    И така, убава пријатна приказна си имав вториов пат.:inlove:
     
    На mariz, LiquidLuna, juice_ и 30 други им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.434
    Допаѓања:
    183.402
    Пол:
    Женски
    Тргнав прво да си ги читам претходните две, па си реков читала не читала сеуште можам да ја почувствувам таа најубава и најсилна емоција, сеуште памтам се толку свежо и јасно. :l:

    Секој пород во еден момент, ми беше исклучително стресен и се нешто мораше да се закомплицира, ама среќа исходот на крај бил најубав. Бременоста од старт знаев дека ќе биде ризична поради претходната историја, се консултирав со повеќе специјалисти уште пред воопшто да донесам конечна одлука за трето.
    Бременоста ми помина уредно се до последниот месец кога не знам колку пати завршив на итна, последниот пат во понеделникот веќе и сама потпишав да си одам дома на своја одговорност потполно верувајќи му на телото дека нема да ме и издаде последниов пат. И во право бев, издржавме до последниот термин кој ни беше даден за царски, откако веќе неколку пати претходно ми го сменија и скратија по некој ден. Ако минатиот пат не бев задоволна колку не се потресуваа, сега сум супер задоволна од целиот третман и секоја услуга што ја добив и колку сите внимаваа на секој еден најмал детал поврзан со мојата бременост.
    Си дојдовме на договорен царски рано рано. За кој претходниот ден ми јавија дека веќе не сум била 3та на список туку поради итноста на случајот прва и да се појавам рано. Помина супер. Тимот беше исклучително посветен и внимателен. Сите беа расположени и комунициравме одлично за време на цела процедура. Маж ми беше цело време со мене, го облекоа и стокмија и ќе го било многу згоден доктор да сакал да учи медицина 10 години, ама и ко ајти нерд си го сакам. :lol: :l:
    Среќна бев што не бев зашеметена како вториот пат, цела соба и сите светилки да ми шантраат туку бев доста свесна за се. …ама бебе не заплака..

    Бебе не е со мене сеуште е во инкубатор. Успеале да му ја регулираат температурата бар за поголем дел од времето.
    Сеуште му прават сума испитувања, веќе ми повторија неколку пати дека сакаат да се темелни и да не пропуштат ништо.
    Иако ова бебе помина најмногу проверки во бременоста па и пренатален и знам колку се крстат во пренаталниот, сите доктори ми рекоа дека пренаталниот не опфаќа многу испитувања некогаш потребни. :|
    Како и да е, иако не знам кога ќе не пуштат дома, знам дека мојот мал гладијатор Максим(ус) :inlove: ќе биде супер. Името му го даде дада утрото пред да заминам на царски, иако јас веќе имав одбрано друго. :)

    Оваа тема ја затворам со моите двајца мали воини Алекс и Макс и единствената божица Ирис. :l: Мама ве сака најмногу. :l:

    Со лесно на сите идни мами и посакувам уште многу среќни приказни да ја красат темава! :sun:
     
    На Калатеа, mariz, LiquidLuna и 86 други им се допаѓа ова.
  8. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    18.507
    Пол:
    Женски
    Мојата трета породилна приказна најверојатно и последна :wasntme:
    Овој пораѓај ми беше најлесен од сите и покрај тоа што две имам родено стравот постоеше...
    Цел ден ми беше мачно. буквално како мачка пред мачење бев :D
    Стаса собата на син ми, ја бришев клекни стани. седнав да одморам ај до веце отидов и ми пукна водењакот во 15 ч. Одма болки почнаа . се туширав торбите и у болница бев 15 за 16. Одма на цтг убави болки, 4 прста отворена. Клизма ми ставија овој пат. И викам на бабицата како е со клизмата дека претходно не ми ставиле. рече ќе шеташ и ќе стискаш колку што можеш повеќе да издржиш. Едвај издржав хахаха :D ај до веце неможев да испаднам таман мислев сум се прочистила напони пак за веце. се прочистив од како се прочистив осетив напони за раѓање и го сетив бебето како испаѓа неможам да ги спречам напоните само свикав помош дојде бабицата не тука бргу на бокс ајде ме качи на бокс ајде контракции напнав ми кажуваше кога да дишам и како и бебуш се роди многу лесно со два напони и постелка испадна одма лесно и таа со син ми ме измачи мн не испаѓаше. Не испукав овој пат ни ме сечеа. прелесно како да немам родено. Во 16:34 се роди. Се се случи за саат ипол. Ваљда и клизмата си ја заврши работата се убрзува процесот од напоните. Само од уреаплазмата ми рече ткивото ми било оштетено. И на бебуш среќа не му е ништо од бактеријата :inlove: И да ви кажам преслатка е како мече е :inlove:. сестрите и бабиците викаат леле многу е слатка многу е убава :l::inlove:
    Ако не се решев за трето, да не си ја родев сега ќе ја немав. Совршена е :inlove:
    Не се мислете за трето :inlove: преубаво е малку напорно ама нема поубавоо :inlove:
     
    На elenaklasik, LiquidLuna, juice_ и 53 други им се допаѓа ова.
  9. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    1.877
    Пол:
    Женски
    Мојата втора породилна приказна,закажан царски на 03.03 во Велес ме примијана 02.03 вечерта,ме мереа на цтг ме уклучија болки покажува не многу бебе беше попречно се свртило со главата надолу,доаѓа утро ме прочистија и доаѓа доктор ми вика нема крвни единици од твојата крвна група,анестезиолог не се нафаќа да те правиме операција,поради болките мораш да одиш за Скопје тука не можеме да те чекаме да не почнеш природно да се пораѓаш.Одам за Скопје,ме примаат договорена докторка ми прават цтг мирно,не си итно утре ќе те правиме и така 4 дена си лежев на патолошка,да не фатев врски нити Четвртокот ќе ме породеа,хаос на Гак.Царскиот помина супер во 17 и 30 дојде моето второ детенце,додека бев на интезивна ок доаѓа сестри,ама после во соба кога не преместија никој,да се молиш да дојде некој да ти подаде нешто,после 24 часа ме станаа ми тргнаа катетер и како знаеш и умееш станувај после тоа,бебе само дојдоа ми го покажаа и тек другиот ден ми го донесоја.Се роди малечко 2.460 кг и 48 цм.
    Искрено не поминав баш совршено ама помина,фала му на бога.
     
    На LiquidLuna, juice_, Bettina23 и 22 други им се допаѓа ова.
  10. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.099
    Допаѓања:
    22.270
    Пол:
    Женски
    Баш брзо било кај тебе.
    Се потсетив дека и јас имав релативно брз пораѓај. За 4 часа од прием ја имав среќата во мои раце.
    Гушкајте се сега сите заедно :inlove:
     
    На Трагедијаупмм, H.VAGA, JasBee11 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Кронди

    Кронди Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2024
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    167
    Да ви ја кажам и јас мојата приказна со второво бебуле..Краен датум ми беше 29ти...Ама бебуш се роди на 17ти..Станав во 10 часот и осетив некој благи менструални болки,му викам на маж ми ја денес ќе го родам..Почнаа појски болки,ама се трпеше ништо страшно,викам да отидеме да видиме јас сум инаку паника невидена.
    И стигаме беше 10:55 јас 9 прста отворена ..Докторката која ме водеше на Гак не беше на работа,и пишав вика супер качувај се горе.Во пред родилна бев сама немаше ниедна друга бремена,водењакот ми го пукна Чибишева и правец на бокс.Ме пораѓаше др.Бина со акушерката Лира толку позитивна немам зборови ептен ме охрабри некако..
    Бебуш го родив со неколку напони и имав само 2 конци.Верувале или не јас во 11:55 бев завршена со се и си се гушкав со бебе.За еден саат завшивме работа.Бебето се ми го мереа максимум до 2800,го родив 3400.
    На сите ви посакувам лесно да поминете ..:inlove:
     
    На mariz, juice_, Bettina23 и 30 други им се допаѓа ова.
  12. dummy

    dummy Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Решив да ја споделам и мојата породилна приказна. Последен преглед 03.04 (39+0) - цтг мирно но грло размекнато и отворено 2 прста, бебе високо горе - После тој преглед денот ми станува ужасен со болки во кичма, омалаксаност, некои грозници и бладање наместо спиење. Утрото на 04.04 (39+1) сум подобра само кичмата ме боли и не разбирам дали сум фатила вирус или нешто друго се дешава но грозниците се смирија. Ми јавуваат дека починала баба ми - но беше скроз очекувано, договараме со фамилијата погреб за нареден ден на кој сите се договараме јас да не присуствувам. Во текот на денот ми дојде идеја да си се поминам со депилаторот дека некако ми беа подраснати влакната и да си се избањам убаво и средам некое претчуство ми дојде дека не сум си доволно средена. Доаѓа вечерта и си лежиме со сопругот накај 20 часот и си гледаме филм а јас почнувам да си ги осеќам менструалните болки што си ги имав последните 2 недели ретко навечер. Но некако станаа посилни и поредовни и почнав да ги бројам и сфатив дека се контракции на околу 7 мин. Околу 22 часот се договоривме со сопругот да отидеме во Систина бар да ме прегледаат па и да е рано ќе се вратиме дома. Се погодува мојата докторка на смена дежурна и ајде прво на цтг се потврдува дека се редовни и до кај 50 и на преглед со рака сум веќе 3 прста па докторката вика да ме задржат. Се поздравуваме со сопругот, ми прават крвни анализи, клизма и околу полноќ одам во претпородилна и демек ме спремаат за епидурална. Не ми дадоа ништо да си земам освен телефонот и ми рекоа ќе си поспиеш после епидуралот таман дур се отвараш но пред да се деси тоа почнувам да наслушнувам шуш буш ниски и се тромбоцитите што да правиме сега. Јас сум со ниски тромбоцити и пред и во бременост (вообичаено минимално под долна граница) а тоа го знаеја и матичниот гинеколог и докторката од Систина и не рекоа дека би било проблем. Е сеа проблемот беше дека ми паднале малце поише од вообичаено (87) и дека анестезиологот не се согласува да ми даде епидурал без некои дополнителни хематолошки испитувања кои они не можеле сега да ги прават а сум требала да ги имам предтоа - резултатите од редовното испитување за хомеостаза и ддимери од 28ма недела не се доволни иако се во ред. Се договараме дека ок ќе пробам без епидурал иако знаеме дека бебчето ми е бајаги високо горе и околу 3700 грама но се надеваат ќе можам да се отворам и да се спушти. Контракциите се појачуваат и јас се повеќе и повеќе ги осеќам, почнува и стресот како ќе издржам. Ми викаат поспи си друго немаш што да правиш - какво спиење немаше шанси око да склопам со болки на 7 минути. Long story short, после многу прегледи со рака, болки, пукање на водењак (од страна на докторката) доаѓа 10 сабајле и јас сум преморена, контракциите веќе стануваат преболни, 7 прсти отворена, а бебето нема абер да се спушти. Породуваат една друга девојка па да видиме што ќе се прави со мене, таа вика ечи цел ходник јас почнувам да се секирам уште повеќе и да не можам да се фокусирам на дишење при контракциите. Персоналот станува по нервозен, почнувам и јас да ја осеќам целата анксиозност и да паничам. И викам на докторката да одиме со царски бидејќи сум преморена и мислам дека не би ни можела да туркам дури и ако се спушти бебето. Но искача дека има некој итен царски и ќе треба да чекам а не се ни знае со каква анестезија би прифатил анестезиологот да бидам. И негде пред пладне конечно завршуваат со другиот царски, викаат дека мора да одам со целосна анестезија и ме спремаат за во сала. Јас веќе немам сила ни да зборам само чекам да ме успијат. Ме будат околу 13 и 30 во шок соба, ме прашуваат како сум дали знам како се викам - мене се уште ми се плетка јазикот ама успевам да прашам каде ми е ќерката и како е. Ме убедуваат дека е добра и дека ќе ја видам за саат време кога ќе ме симнат доле - најдолгиот саат во мојот живот. Прашувам за сопругот дали му јавиле, ми даваат телефон и едвај успевам да
     
    На mariz, Viktorijaaa5, LiquidLuna и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Mila0000

    Mila0000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    899
    Пол:
    Женски
    :hug::hug::hug:
     
  14. dummy

    dummy Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Продолжение:
    Прашувам за сопругот дали му јавиле, ми даваат телефон и едвај успевам да му кажам дека сме добри а он веќе не чекал во болница. Поминува еден саат и ме носат во соба, доаѓа и сопругот, се гушкаме и чекаме да си ја видиме ќерката заедно. По 15тина минути се отвара вратата и јас почнувам да плачам и го добивам најубавиот спомен во мојот живот — запознавањето со ќерката. Ми ја даваат да ја осетам и цела расплакана инстантно во себе си викам дека истото би го поминала и дупло подолго и потешко за неа и сфаќам дека имам нова поента на животот…
     
    На КаринаТ, JasBee11, MartinaMM и 31 други им се допаѓа ова.
  15. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.349
    Допаѓања:
    2.866
    Пол:
    Женски
    Ме испорасплака, денес некои моменти безвезе ми се дешаваа на работа и сега кога те прочитав како го раскажа пороѓајот сфатив дека ич не ми е битно баш ништо, како што кажа само бебето што го чекам да си го видам здраво и живо до мене и да ми дојде таа нова смисла најубава :l:
     
    На КаринаТ, JasBee11, juice_ и 8 други им се допаѓа ова.
  16. dummy

    dummy Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Ајде наскоро и кај тебе да го осетиш на своја кожа тој преубав момент со најбитната работа во животот. Ти посакувам лесен пораѓај, но како што пишуваат и многу други мајки дури и тешките пораѓаи се забораваат за час одкога ќе си го запознаеш чедото
     
    На JasBee11 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  17. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    3.521
    Пол:
    Женски
    Ете ме многу порано од планираното стигнав во темава. После долга борба со моето грло, на 10.04 цтг почна да биде бебе успано тахикардично.. Но на ехо беше океј дотоци бебе супер само малку повеќе течност и муабетот беше ајде утре со началникот да разговараме за како да се заврши бременоста бидејќи мн се напативме и бебе и јас многу лекарства мн терапии.. и она беше мн уморна мислам како и јас. И седнав си каснав и легнав на последно цтг и не беше добро, пак успана тахикардично. И само дојде докторката вика ајде се јавив да спремат сала идеме царски. И се штрекнав. Му се јавив на мм дека за два сата ќе ме оперираат, а тоа беше за 3 минути брич и ајде. Најлошиот дел е царскиот и мислам дека ми го поремети целосно ова искуство што колку и да беше тешко се држев позитивно. Ме сместија на маса и ради мојата сколиоза или ради нивно брзање/незнаење неколку пати боцкаа и неможеа да погодат и викаат по мене опушти се наведни се а седната на маса со стомакот и толку можев да се наведнам и вика ај ок е.. легнав почнаа да мачкаат и ми вика трнат нозе викам не.. и да сече.. значи све осетив и почнав да викам од страшна болка ии ставија целосна. Ме разбудија додека шијат и пак во болка се разбудив и да викам и да плачам. Па ми вика анестезиологот ај плачка. Незнаев што се случило ни дека сум се породила и само тука се изгубив знам дека ме носат во интезивна и го викнаа мм.. сестрите што беа ноќна беа од најдобрите во пин за моја среќа, ја молев ми стави тродон диазепам све што можеше само да се изгуби таа болка беше мн јака. Ме смирија и цела вечер доаѓаше, лабело ми стави уста барут, нос ми одзатна со спреј, затната од плачење.. тоа никогаш нема да заборавам. Се натака процес на опоравување е тежок но ќе биде. Денеска ми беше прво гледање на моето сонце, во инкубатор е ама одлично напредува ја чуваат, почна да јаде да мочка, кака, тато ја посетува редовно ми ја слика и така мајки многу тешко искуство но со добар крај. Посакувам многу полесни бремености од мојата, посакувам да сте јаки, болката е тука мора да ја преживеме за да дојдат нашите најмили на свет. Животот мислам дека дава толку колку што може секој да поднесе. :l: до следната приказна се надевам после некој период кога ќе оздравеме целосно психички и физички.
     
    На Mumoftwo30, fragaria, mariz и 68 други им се допаѓа ова.
  18. Mila0000

    Mila0000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    899
    Пол:
    Женски
    Повеќе време те читам, знам дека се изнамачи но најбитно од се е дека и двете сте живи и здрави и сета мака ќе се заборави! :hug::hug:
    Прехраба си, браво мајка!
    И дур го читав постот, солзите сами течат, многу ми е мило што на крај се завршило добро:l::f::sun::*
     
    На Eho, nice-girl, Hope IT и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.486
    Допаѓања:
    2.740
    Пол:
    Женски
    И јас завршив на царски, како гром од ведро небо ме погоди и потполно те разбирам. Мајче верувај дека се се заборава кога ќе си го земеш девојчето во раце. Најважно е дека сте добри и двете :l:
     
    На Mila0000, Ladyme и merriel0 им се допаѓа ова.
  20. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    12.863
    Пол:
    Женски
    Честитки, бидете добри.
    Не не, не се нормални на гак, ова е срамота.
    Ај плачка бе ти рекол. Ај идиот еден. Се изнервирав.
    Можам да замислам која траума ти е се. И не, не се заборава ништо, ама полесно станува.
    Само за една тужба се мамицата нивна.
     
    На lala15, fragaria, Baby Girl123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.