Бременост ко од книга. Школска шо се вели. Бебе поситно, но нормала. Притисок, шеќер, се нормално, освен железото кое напати знаеше да ме зашемети и да останам без свест. Поради икс причини барав царски и имав одбивност од природното пораѓање. Одам на договорен термин во една клиника, ме прегледува асистент доктор и прашува колку била тежината на последниот преглед. Велам 2400г. Мрачен поглед и ми вели: -Килажата и сега е иста, твоето бебе не се развива. Повика постар доктор, ме прегледа, вели се ок. Клиниката се ок, но не прифаќаат царски да ме породат. Велат да чекам да го надносам, па тогаш провокации па чуда. Во ред, одбивам. Следна недела одам кај мојот матичен гинеколог. Ме прегледува, вели се е во ред со бебе. Вели не се грижи за килажа, никој не родил 10 кг бебе. Бидејќи и самиот е хирург, договараме царски со него. (По долго убедување зошто и како, и откако ја слушна мојата страна, прифати) Одбравме датум заеднички со сопругот. Чекаме да дојде денот Д. Рано, уште темно беше, палиме кола, одиме на пораѓај. Ме ставија на цтг, нормални отчукувања, сопругот присутен. Прва на список за оп. Договорено е и сопругот да присуствува. Ме симнуваат во сала, јас храбра, немам гајле. 20 души во сала, добро уиграни, секој знае што прави и си ја врши работата. Добивам катетер. Ајде свиткај кичма за спиналка, јас никако. Не можам од стомакот да се наместам. По неколку обиди, вака раце, така нозе, бидна. Легнав. Ме облева топлина. Ме фаќа паника. И велам на бабицата дека осеќам се. Она смирено ми враќа дека е нормално. Јас тргам да станам испаничено затоа што осеќам се. Она ме смирува и ми вели дека нормално е да осеќам, но болка да сетам нема. Добро. Легнувам пак и подигаат компреси, мене апарат за притисок, канила, физиолошки. Доаѓа докторот, насмеан, почнуваме. Кратко време помина, јас се тресам. Не можам да се смирам. Велам ладно ми е. Рацете ми се тресат. Донесоа ќебе со топол воздух за загревање. 5 мин потоа, мене ми доаѓа мачно, велам луѓе не можам да дишам, топло е. Во ред. Тргнаа. Осеќам болка. Кажувам. Ме смируваат, ми велат само мислам дека осеќам. Пак, силна болка. Офкам и се померувам несвесно со горниот дел од телото. Ми пуштија веднаш појако средство против болки. Јас, нирвана. Добро е сега докторе, вака можам до вечер. Сопругот стои над мојата глава. Мрази медицина и се што е поврзано со болници. Се држи храбро. Одеднаш поглед напред и нагоре. Го гледам најпрекрасното бебе некогаш родено. По малку намуртено. Не е модро, не е крваво, не е збрчкано. Убаво, розевко и бело, дебело бебе. Се насмеав. Солза врела осетив ми се слеа по образот. Ми го ставија на лице. Го бакнував. Толку топло, меко и нежно. Го зедоа веднаш за апгар. 10/10. Префрлени се со маж ми во соба, бабицата му рекла соблакај маицата и на гради. Јас останувам во сала да ме средат. Од таму па во соба, ги гледам како во прегратка си спие кај татко му. Ми дојде душа. Почна нов дел од животот. *бебе се роди 3500гр.
Лејди посакував барем пораѓајот да ти беше лесен но најбитно бебче е живо и здраво, се се заборава. Шиењето и јас го чувствував зошто царскиот долго ми траеше, спиналот веќе изгуби дејство, можам да замислам како ти било. Принцезата твоја ја има нај храбрата мама
Тешко Кала, денеска бев да ја видам ќерками и мм со мене, таму се среќаваме да се видиме, и сестрава што ја чува ми вика ајде мајка може да ја чепкаш, да ја галиш, па некако ми заигра срцето и вика ние бевме во сала со тебе мн тежок царски многу се напати два три пати целосно те успиваа, и не успеавме да ти ја дадеме на гради да ја осетиш. Ама таткои не ја остави сама до 2 по полноќ бил таму скоро после пораѓајот им рекол на шала а кревет да ми дадете до ќерками. утре ќе ја земам на гради
Е па ајде и јас после скоро 3 месеци да си пишам тука, да си раскажам Договорено пак, како првиот пат кога ќе ја вадиме бебка. Отидов сабајле и викам на докторката леле викам овој пат сум по потресена и ми е страв, првиот пат гајле немав. Ајде вика ако не сакаш денес дојди следна недела, ама чекај да те проверам. Брцање, 4цм отворено грло, вика јас мислам да си седиш и ај да ни е со лесно. Провокација ставена, ме качија на одделение, чекам да ме земат во родилна. Ме качија на бокс, ми го прсна водењакот др. 6цм отворена, јас ладна туш си муабетам. Уште од прва реков дека сакам епидурал, ама гледајќи сега некако џабе ми беше. Почна едно време бебе ниски тонови на срце да има, малку panic mode сите, јассссс се препадив реков не дај боже сега царски да треба, ќе си умрам тука. Дојде др. ајде вика сврти се на лево, ништо пак исто ниски тонови, ај на десно, вртење на десно беба супеееер. Седи вика така, чекаме да се отвориш сега. Кај 8 цм веќе, тогаш дури осетив болка (затоа реков џабе епидуралот,ќе поминев и без), и ајде си побарав да ми појачаат, за 10 минути бомбона Се ова се одвива во рок од два часа. Акушерката што ме породи ете ја доаѓа, ме гледа аааа вика ајде готово. Ја повикаа докторчето мое најдобро, ајде вика сега напор, одма ќе излезе. На еден, на два, на три, диши ми вика готово бебе само излегува. Во 12:11 минути се роди мојата втора среќа, мојата девојка, убава, розевка, со црна косичка, бубич Почнав на глас да се смеам заедно со солзи радосници. Др. вика абе плачеш или се смееш ти викам се смеам и плачам од среќа. Ми ја ставија на гради зрнцето мое мило, убавини на душа Ни шиење ни ништо, јас свежа топ, почнав да се јавувам на сите, па честитки па све Двата пораѓаи песна, би родила уште 10
Да ја споделам мојата втора породилна приказна додека сум во болница, зашто после дома со две деца тешко ќе биде Некој ме памети можеби и знае дека првиот пораѓај ми помина ептен лесно, и мислев неможи полесно но еве можело. Во сабота бев на преглед, цтг мирно, но јас бев отворена 3цм и докторкава вика за брзо ќе бидне. Си заминав дома, очекувам болки но ништо. Само нелагодност од прегледот со рака. Во неделата воопшто никакви болки, само стандард грчеви повремени. Си легнав вечерта околу 23:00ч. Се разбудив во 2ч ќе станував во вц но се осетив водена. Веднаш станав мислев во кревет ќе извршам мала нужда. Кога стигнав во вц наеднаш како цела кофа вода. Водењак пукна. Јас влегов се истуширав, се облеков и го разбудив сопругот. Додека излеговме, појдовме на болница во 02:50ч, и тогаш веќе имав јаки болки, одвај од кола ме извадија и в количка. Дирек на одделение. Кога ме видоа викаат в сала носете ја. Само легнав на бокс, хеланки ми соблекоа и веќе напони имав и веднаш излезе бебе. Во 03:04мин. Можев и в кола да се породам Искрено уште неможам да поверувам како се се одвиваше брзо. Сите мајки ве охрабрувам и само смирено, без паники
Ќе ви ја раскажам мојата втора породилна приказна…првата беше пред 7 години….Имам страв од породување поради тоа првиот пат бев царски… Сега мислев малку повеќе сум созреала сум го надминала стравот и велам на докторката да пробам природно…но таа ми рече нема што да ризикуваме првиот пат царски ќе мора и сега.. во ред таа е доктор и верувам целосно. Бременоста ми помина супер дојде денот за породување…. За некое чудо воопшто не ми е страв се дотерав ме примија и почнаа подготовките инфузии примав некои…ми ставија чепчиња се испразнив дојде анестезиологот ме убеди да одам со спинална иако претходно бев со целосна…си велам добро тие најубаво знаат повеќето жени со спинална се пораѓаат.Ме носат во сала ми ставија анестезија, па катетер и ми стана многу лошо,топло,ајде ми велат музика ќе пуштиме сега бебето ќе го видиш се обидувам дишење да се смирам,го видов бебето за момент ми се одвлече вниманието но за кратко потоа пак ми беше лошо,осеќав дека ми се врти цела сала едвај дишев. Потоа ме успале во соба кога ме однесоа исто ми стана лошо некоја нервоза почна да ме чеша телото… цела ноќ неможев да заспијам бев будна ….. дури утредента кога ми го извадија катетерот кога станав малку подобро се осеќав дури вечерта сум заспала малку …. Незнам што ми се случи. Инаку раната не ме болеше воопшто од тој аспект бев супер. После 19 месеци пак сум бремена и ќе ви ја пишам и третата приказна …..
Мојата прва породилна приказна, имав нормална бременост постигната со ивф па затоа се водев како високо ризична. Најголемиот дел од бременоста се чувствував супер освен последните два месеци кога веќе не знаев што од киселини и повраќање од нив. На моменти ми беше страв да се породам на моменти одвај чекав да си ја гушнам. Имав договорено со докторот спонтан пораѓај, на последниот преглед ми рече ќе дојдеш задутре и остануваш за пораѓај. Ме однесе сопругот воопшто не осетив страв некако бев спремна на тој момент си реков мора сите да поминеме низ тоа само да биде се во ред. Ме примија, ме прочистија, на полноќ ми ставија вагиналета. Постепено почнаа контракции ме следеа многу често на цтг до утрото. Сабајле после 6 почнав да примам инфузии некои веројатно за провокации затоа што контракциите почнаа да се зачестуваат стануваа се посилни. Ме проверува колку сум отворена, ме следеа на цтг цело време. Ми го пукнаа водењакот и после некое ми ставија епидурал, требаше да се намалат болките но после следниот преглед колку сум отворена болките како да се зголемија наместо да се намалат, ми зголемија доза но остана исто. Цело време бев со болни контракции. По некое време побарав да ме пребоцкаат одново и излезе дека иглата е изместена. Ми ставија појак епидурал, болките беа јаки јас почнав да губам сила затоа што помина доста време додека да се отворам целосно. Се отворив десет прсти и почна породувањето ноо бебето не сакаше никако да излезе. Со секое напнување само се трошев слегуваше многу малку низ каналот и на земање воздух се враќаше назад. Јас веќе бев при крај со сили само сакав да се породам и да заврши се. Пробавме уште неколку пати дури и една од сестрите ме стегаше на стомакот да го турне но прекинаа за да не распукам. Докторот рече дека каналот е тесен и да не ризикуваме, а и дека јас бев истоштена од болни контракции и напони да не се мачам рече направивме се што можевме да не ризикуваме повеќе ќе одиме со царски. Ме однесоа во сала се се заврши релативно брзо ја извадја од мене, главче поголемо, големо бебе не беше ни чудо што не можеше да излезе природно. Кога ја видов заборавив на се што поминав само сакав да си ја гушкам. После две боцкања епидурал и една спинал кога се разбудив бев добро само премногу жедна, ми даваа вода но веројатно од анестезијата ја повраќав водата цело време. Болки немав некои големи. Пресно сум породена па сеуште ми е потешко легнување и станување, за движење немам проблем. Се породив во 37+ 4 бебе тежеше 3750гр.
Да ја пишам мојата втора породилна приказна, додека ми е свежо се. Имав закажано цтг и преглед кај докторот на 1 мај, мислев како и претходно ќе ме види и ќе си одам. Сепак ме задржа во болница оти бев 4 прсти отворена. Не осетив ништо до тие 4 прсти. Ме примија во 16:30ч поручек, ми ставија веднаш провокации систем. Вечерта околу 23ч стигнав до 7 прсти, со движење низ ходниците и вежби. Бавно некако се отварав, а болките до 01:30ч беа подносливи. Тогаш ми го пукнаа водењакот, и од тогаш почна јаките болки, на секои 2-3 минути многу интензивни. 3 пати се качував на бокс, немав доволно силни напони за да го истуркам бебето. На крајот, веќе скоро без сили, со голема помош од докторот и една сестра, во 03:50ч се роди мојата ќерка, 3300гр, 52цм. Се олеснив, иако малку потешко беше, битно и двете сме добри Таа има жолтица, ја сончаат, па ќе не задржат уште некој ден овде во болница.