Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Mila0000

    Mila0000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    899
    Пол:
    Женски
    Многу убаво опишано, фала за споделеното искуство :inlove::hug::l:
     
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да си ја раскажам втората породилна приказна.
    Бременост уредна и со надеж дека после прв царски ќе имам шанси за да пробам природен пораѓај и цела бременост си се убедував така. Арно ама грлото мое тврдо како камен, веќе бев 38+3 без никакви знаци за природно да тргне, ниедна контракција исто како и првата бременост и докторката сепак ме советуваше да одиме со царски. И така и бидна за два дена од последен преглед т.е 38+5.

    Сабајлето стигнав во 7:15 во Ремедика, прочистување, цтг и околу 8:30 ме викнаа за во сала. Со доктор Афродита веќе имам одличен однос од после првиот пораѓај, ме изнагушка дека се ќе биде ок, а јас бела ко крпа. Се гушнавме со маж ми и влегов во сала. Преплашена бев морам да признаам. Цел тим во сала беше супер расположен, ми ставија спинал и за брзо почна царскиот. Сечи сечи тегни тегни цело сраснато од првиот и оп што да видат женскава моја со нозе се свртила, се изнасмеаа слатко ја изнасликаа. 09:08 мин ја извадија, 3420 грама и 51 цм. Бела и мека како памукче :inlove:
    Овојпат полесно ја извадија неа за разлика од првото дека беше поголем тој мислев ребрата ќе ми ги скршат тогаш.
    Шиењето ми се виде некако долго иако не беше ама ко цела вечност да траеше. Се видовме со мм некоја минутка и ме однесоа на интензивна.

    Овојпат имав многу поголеми болки од првиот царски. Мислам дека беше дека многу сврзно ткиво се имало направено и ептен сечеа и тегнеа. 3 саати останав таму и не знам колку морфиум промив, почнав да пропаѓам и да ми се приспива.
    Искрено првиот ден ми беше ужасен, се пукнав од плачење и имав страшни болки.

    Вториот ден едвај станав мислев ќе се скршам, ама се убедив и станав 3-4 пати тој ден. Овој царски преголема траума ми остави во однос на болка и мислам тука ќе завршам со раѓање пошо оваа болка да ја трпам уште еднаш нема шанси.
    Сега сум добро, со огромен дијастаз и папочна кила и стомак како квазимодо.

    Но имам ќеркичка што толку многу ја посакував, другарка за цел живот. Преблагодарна што износев и родив 2 здрави деца, син и ќерка што уште како мала си замислував :sun:
     
    На Manako2, dummy, bokace1 и 30 други им се допаѓа ова.
  3. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    2.419
    Пол:
    Женски
    Нема проблем и на сите им посакувам вака брз пораѓај, лесен нема ама брз и со љубезен персонал барем како човек да се осеќаш :inlove:
     
    На Simon4e0507, cocopuff, Mila0000 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Секоја чест..Нека е живо и здраво.
    Дали практикуваше некои вежби, храна за побрз пораѓај или..?
     
    На LeNora, Carolin. и Mila0000 им се допаѓа ова.
  5. Mila0000

    Mila0000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    899
    Пол:
    Женски
    Дај Боже! :hug:
     
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    6.916
    Допаѓања:
    11.323
    Пол:
    Женски
    Колку ти се разлика, зашто викаш сакаше природно? Јас сум царски, иако сега не сакам ни да помислам на второ, никад не реци никад, па искрено иако супер поминав царски, морално беше со моево карлично бебе, ми е криво што немав избор да пробам и природно.
     
  7. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
    3 години се разлика. Докторката рече ако сам си почне процесот и се одвива брзо би ме оставила. Но немаше шанси како наближуваше терминот па и во последен момент карлично се намести.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    2.870
    Пол:
    Женски
    После скоро 2недели седнувам да го испишам и мојот најсреќен ден во животот :inlove: денот кога си ја добив мојата ќерка, мојата ѕвездичка :*:
    Рано наутро, топло јунско утро 5:40h во спална спиеме со мм и осеќам краток тап звук и топлина меѓу нозе која ме разбуди… бидејќи последните недели знаев и да си се подмочам од тежината на бебето си викам сега некако многу… станувам накај вц и гледам уште некоја капка… седнувам на шоља и мокрам … се бришам станувам и повторно тече… се мијам раце и осеќам како цели гакички ми се полнат со течност :x тоа е … пукна водењакот ова е денот што го чекав … денес ќе станам мајка! Ме облеа еуфорија и среќа… се насмевнав и отидов до спална да го разбудам маж ми, во меѓувреме ја досредив ташната со четка за заби и четка за коса уште тоа ми беше одтанато на чек листата и седнав на спална до маж ми нежно го разбудив …. Време е … пукна водењакот ни доаѓа нашето бебенце денес! Се потресе целиот иако толку мн го чекаше и он тој ден … срипа и почна да се облекува … се средив и јас и тргнавме накај систина … кога излегов од дома си посакав само да се вратам со живо и здраво дете :l:

    Во 7:00 бевме во систина, мојата докторка која ми ја водеше бременоста замина на одмор и ми рече доколку се случи да добијам болки или пукне водењак на ургентен. На ургентен ме прими др. Шуплиновска, млада и фина … ми вика ајде мама да видам до каде сме, мери вика 2-3 прста отворена на почеток сме ама ќе биде денес. Викна сестра да мери димензии и направи ехо. Потоа со маж ми не седна да ни каже дека сум релативно со мала конститусција а бебето е над 3.300, ни вика речиси е невозможно да биде пророден пораѓај … не може да влезе во карличната коска со главчето иако е наместена супер надоле. Се растажив и вознемирив ептен бидејќи од старт замислував дека ја раѓам спонтано. Маж ми ме фати за рака и ми рече можеш, ќе успееш ти си силна… докторката ме погледна и ми вика ќе следиме … ќе останам од дежурство да те породам ама 80% ќе биде царски. Цтг имаше веќе контракции и почнаа слаби болки.

    Ме качија во соба поседов со маж ми и потоа дојде сестра за пополнување документи ми земаа крв и ме прочистија…се поздравив со маж ми и ме качија по предродилна. Почнаа поголеми болки и докторката реши да одиме со провокации за да видиме како ќе се отварам … цело време ми викаше дека мали се шансите ама ајде … за цело време се молев и и зборев на ќерка ми дека ќе успееме природно. Се отварав одлично и веќе околу 12 саат на пладне бев 7прсти и почнаа големи болки. Бидејќи веќе беше неиздржливо побарав епидурал. Акушерката и вика на анестезиологот ајде да пробаме ама не верувам да влезе под карчична коска високо е бебето ама упорна е мајката…. Јас со цела сила и мисла размислував како ја раѓам природно и како ја гушкам.

    Во истиот ходник на бокс неколку соби подоле во февруари 2024та предвремено се породив со мојот прв син во 18та недела кој го изгубив и засекогаш останав да жалам и да копнеам по него. Таа вечер си ветив дека наредната година ќе родам здраво и живо дете на истиот бокс како таа кобна вечер… таа мисла ме водеше и дента нараѓањето на мојата ќерка. Многу пати имав спомнато и на форумов … денот на пороѓајот го чекав како триумф … за мене не постоеше поголема среќа и достигнување од тоа да си го видам ова бебе здраво и живо до мене.

    Дојде 13:30 докторката влезе повторно да ме провери, болките од епидуралот се смирија а провокацијата уште повеќе ја покачија… ми вика 9прста … бебето е потспуштено… решена си да пробаш на бокс? Викам ДА! Ајде да видиме ако не бива одиме во сала и почнуваме царски. Буквално рипнав од креветот на количката и ме однесоа на бокс за пораѓај. Ме наместија и чекавме контракции. Го намалија епидуралот и почна туркањето … не ми текнува колку пати туркав … 6-7 можеби и 8 и последниот пат докторката рече ова бебе само сака да излезе решена е ајде мама уште еднаш силно ….. со цела сила ја избуткав и видов како излезе мојата убавица на овој свет.

    Апгар 9 од 10 почна да плаче и ми ја дадоа на гради … мека, со смеѓа косичка и големи очиња, најубава моја :*: се погушкавме и ја земаа да ја средат, уште два напони да излезе постелката, ми ставија локална анастезија и почна докторката со шиење. Успеав, се породив природно… слушнав кога ме се сецнаа и докторката рече само малку … ме сошија и ми го дадоа телефонот. Му заѕвонев на маж ми … имаме ќерка ни дојде нашата најголема радост! Му трепереше гласот ми рече идам ќе ве чекам во соба!!!

    Полежавме по протокол уште 2h на бокс и не симнаа двете во соба. Таму беше тато, си ја чекаше неговата убавица. Се гушкавме до вечерта тројцата на еден кревет … баш како што замислувавме со години! Нашите убави животи засветкаа уште посилно и од тој ден сме најсреќното семејство на целиот свет, ние тројца!

    Секоја родилна приказна има своја убавина … мојата траеше 9h, година ипол болка во срцето, безброј неспокојни мисли и солзи, многу непреспиени ноќи и едно силно и храбро срце кое силно реши да турка нанапред без разлика на се бидејќи денес се што имам вреди за секоја болка, за секоја солза и за секој немир :l:
     
    Последна измена: 25 јуни 2025 во 18:07
    На doubleinfinity, Dreamer., Mom's_life и 70 други им се допаѓа ова.
  9. LanaDelR

    LanaDelR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    :$:sun:
    Me raznezni dodeka citav.
    Da bidete srekni cel zivot majka
     
    На Puffy2019 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  10. Mila0000

    Mila0000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    899
    Пол:
    Женски
    Мајка со солзи ја исчитав твојата приказна :l::hug:
    Да сте живи и здрави тројцата, принцезата да ве радува цел живот! :inlove:
     
    На Puffy2019 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  11. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    2.419
    Пол:
    Женски
    Ме расплака ,да сте здрави и живи па и побројни :inlove:
     
    На Mila0000, Puffy2019 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  12. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    464
    Пол:
    Женски
    Читам и не ми се верува како може толку слична судбина да делиме, загуба и слична породилна приказна и се расплакав. :hug:

    Кога веќе сум тука ќе ја раскажам и мојата породилна приказна. Уште од 37ма недела чувствував некои болки и 2-3 пати бев на дежурно, ништо, контракции 0. Стигам скоро до 40та недела, одам дента на преглед, докторката ми вика, уште 3 дена чекаме и ќе одиме со провокации, бебето е зрело, постелка зрела, не би чекала повеќе. Затворено грло 30мм. :(

    Одам дома и одлучувам пешки да се качам дента до 9ти спрат 2 пати и да почнам со интензивно пешачење. Вечерта бевме излезени со пријатели се вративме околу полноќ, стасуваме дома, јас имам некои благи болки и контракции коишто не беа во ист интервал, но редовни, сопругот игра фифа и чека дали ќе зачестат контракциите, 1 по полноќ доаѓа, ми вели ајде да одиме на дежурно, велам не, срамота веќе, 3 пати одам, ме враќаат дома. Го праќам него да си легне, мене не ме фаќаше сон. Се бањав, се фенирав, турпијав нокти на раце/нозе, педикир, пилинг, како да претчувствував.


    Си легнав во 3 и секоја ноќ си му зборев на бебе пред спиење па така и оваа, му велам, кога си ти спремно, спремна сум и јас, не чува и дада од горе. Само што го кажав тоа, ми се опушти телото, почувствував исцедок и наеднаш неконтролирано течење на вода. Станувам одма од кревет, беше како Шарлот од Секс & Сити кога и пукна воденик, огромна локва под мене. Го будам сопругот, јас повторно се истуширав и тргаме накај болница.

    Стасувам во болница, ме ставаат на цтг, 40 минути тонови на бебето лоши. Доаѓа дежурната докторка ми вели ќе и звониме на твојата докторка, веројатно ќе треба да влегуваме во сала, не е добар наодот на цтг. Јас во грч, после претходна загуба, хипервентилирам, ме носат во предродилна, ме ставаат на ново цтг уште 20минути, тоновите рамни. Доаѓа анестезиолог, подготовка за царски, акушерката вели ајде да пробаме да пуштиме декстроза, да го разбудиме бебето. Ми пуштија декстроза, ме вртеа лево, десно, бебе се разбуди, тонови супер. Отворена 3цм. Без болки никакви.

    Се зачестуваа контракциите, но не беа болни, до кај 9ч утрото се отворив до 5цм. Дојде мојата докторка, да пуштаме провокации, почнаа контракции на редовен интервал со 100/100 интензитет. Дојде анестезиолог за разговор, ми објасни убаво што како, без никаков притисок и одлучив да примам епидурал, ме стасуваше умор а допрва следеа вторите 5цм отварање.

    Откако примив епидурал, 1 саат не чувствував никакви болки, се отворив 7цм, потоа почнав да чувствувам пак болка, но, сосем прифатлива. Од 7-10цм се отворив за саат време, ме проверуваа на 20минути, ме бодреа цело време и доктори и акушерки дека супер оди процесот и тоа многу ме окуражи.

    Последната проверка во 1 часот, акушерката вели 10цм, влегуваме во сала. Ме качија на бокс, искрено болките беа прилично силни, ама знаев дека по тие болки ми следува нешто по што срцето ми плачеше од денот кога го изгубив првото. Дадов 3 напони, на 3тиот само чув еве го мајка, со главата е надвор.

    И наеднаш, најсовршениот звук, најмилниот плач, докторката која ме породуваше и првиот пат се расплака, се расплакав и јас, се изнагушкавме и ми вели, сега можеш да плачеш, овој пат од радост. :inlove:

    Сопругот присуствуваше на породувањето, искрено огромна поддршка ми беше, воопшто не се размазив иако иницијално се размислував дали да дојде, но, напротив ме храбреше и ми беше ветер во грб. Се изнагушкавме сите тројца, си пуштивме по некоја солзичка и после една година живот во грч и болка, конечно дојде и нашата светлина. :l:
     
    На Manako2, naturally, dummy и 41 други им се допаѓа ова.
  13. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    2.870
    Пол:
    Женски
    Да ни се живи и здрави и најсакани :l: храбри мами !
     
    На olly14, Mila0000 и EnaEnA30 им се допаѓа ова.
  14. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.099
    Допаѓања:
    22.270
    Пол:
    Женски
    Ме расплака мами.
    Сега сте комплет.
    Уживајте и сакајте се :l:
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.099
    Допаѓања:
    22.270
    Пол:
    Женски
    Абе денес ме расплакувате само.
    Сакајте се, уживајте, времето лета :l:
     
    На Baby warrior, Veci@123, LanaDelR и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. nice-girl

    nice-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    800
    ме расплакавте и мене само ќе кажам ...храбри мајки алал да ви е и да ви сте живи и здрави бебушите гушкајте се сега :l::l::l:
     
    На Baby warrior и LanaDelR им се допаѓа ова.
  17. Mila0000

    Mila0000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    899
    Пол:
    Женски
    Ах бе девојче и ти ме расплаче :hug::hug::hug:
     
    На Baby warrior и LanaDelR им се допаѓа ова.
  18. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    626
    Допаѓања:
    876
    Ве читам и двете, и што и да ви пишам - знаете и разбирате. :hug:
    Многу се радувам на секоја ваква приказна и се надевам дека еден ден, после огромната загуба, ќе се израдувам и јас како вас. :l::l::l:
     
    На naturally, LiquidLuna, Ani93 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    2.870
    Пол:
    Женски
    Само ќе ти кажам да буткаш напред… имај трпение да чекаш… зошто се одминува и доаѓа нешто ново. Многу те гушкам зошто знам низ кој пат треба да минеш наредниов период, направи да биде сложувалка од емоции и триумф на крајот кој го поскауваш :l:
     
    На Ani93 и ginger им се допаѓа ова.
  20. dummy

    dummy Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Ме расплака стварно <3 Браво за истрајноста и силата
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.