Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    1.418
    Пол:
    Женски
    Леле Бејби, чекав кога ќе раскажеш. Ме расплака. Се радувам за вас и се дивам на истрајноста и вербата. Животот сега резервиран само за убавини. :hug::l: :inlove:
     
    На Ladyme, Baby warrior и sani99 им се допаѓа ова.
  2. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.167
    Допаѓања:
    4.530
    Пол:
    Женски
    На Rozevata, Puffy2019, EnaEnA30 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    331
    Пол:
    Женски
    После повеќе од 2 месеци и јас ќе ја споделам мојата породилна приказна.

    Прва, Патолошка бременост, серклаж во 16та недела. Освен тој момент, не премногу тешка. Одам на контрола кај докторот 38+2, гледаат некои слаби контракции кои што јас не ги чуствувам и решија да ми го вадат конецот на 24.04 вечерта. Си одам дома и си размислувам дали ќе се породам за некој ден или ќе ме фати и повеќе од недела да чекам уште. Епа сабајлето во 2 се будам, ми се оди во тоалет по двете нужди и ме боли малку стомак. Седнувам да мочам ама осеќам и нешто плус дека истекува, го осетив како нешто погусто, викам можеби е чепот или некој исцедок од што ми го вадеа конецот… покасно ќе се дознае дека бил водењакот. :lol: Константна слаба болка во стомак и јас си продолжувам со спиење… Во 4 саат се будам пак за во вц, и сфаќам дека имам болка во стомак и кичма на 12 минути. Си терам така, задремувам по 10 мин, се будам со болка и пак задремувам. Доаѓа 6.30 на мм му ѕвони аларм и јас му кажувам вака и вака, јас денес останувам во болница му викам. И ајде се туширам облакам, доаѓаме во Систина во 8 наместо во 9 (во 9 имаме договорено цтг) јас со појаки болки на 7-8 минути веќе. На цтг не ги покажува баш јаки, докторот ме проверува 5 прста отворена. Ајде вика за 5-6 саати ти ќе се породиш. Ме спремаат, крв, клизма, цтг, едно друго, јас веќепочнувам да барам епидурална викам не можам многу се јаки болкиве. На цтг ништо посебно, викам не е можно. Ми викаат има процедура, чекаме резултат од крв, па ќе те качат горе за раѓање.Помина вкупно саатипол, ме качуваат горе, акушерката проверува вика нема време за никаква анестезија, ти си 10 прста отворена. Мене ми се темни пред очи, ми се плаче. Викам океј можеби лесно ќе поминам со 2-3 буткања чим е така. Арно ама, госпоѓицава не спуштена си седи горе и мене со секоја болка не ми доаѓа да напнувам никаков притисок… акушерката проверува вика нема водењак, вика друг доктор и он чепка вика нема, се чудат зошто јас им викам не ми пукнал хаха. Сфатија дека пукнал во моментот кога сум била во тоалет. Доаѓа и мојот доктор вика горе е бебево, јас се вртам на страна пробувам пози и си трпам.Викам океј, сега со болкиве ми доаѓа притисок и ајде вика притискај си ти за да се спушти. Во еден момент викаат паѓаат тонови на бебето, мора да излезе побрзо. Па стискање стомак, викање, хаос, 3-4 болки поминаа не може да излезе. Веќе не осеќам ништо, само константна болка, плус и од докторот што ме притискаше на стомак. Докторот вика спремајте вакум ако не излезе сега, и тука собрав сила некако излезе бебушка. Си го имала ставено рачето кај вратчето и тоа ја притискало како што сфатив, па затоа се случувало тоа. Она излегува љиљаково бебе, 10 секунди на мене, не можам ни да ја видам убаво, заплака и ја однесоа да ја прегледаат. Јас плачам што од среќа за ќерка ми што од среќа дека заврши буткањево и таа болка. Излезе плацентата, јас сецната, ајде шиење и тоа без анестезија од некоја причина. Се издржа и тоа, едвај чекав и тоа да заврши и да легнам да затворам очи. Се роди во 10:50, тешка 3530 (толку ја измери и докторот претходниот ден на ехо), 51 цм долга, апгар 7,8 поради трауматичен пораѓај.

    Доктори, акушери, сестри се чудат колку брзо беше се, докторот рече ова беше брз ама тежок пораѓај да знаеш.

    Сега си ја држам во раце, си ја гледам и си викам кога поминаа два месеци, како вчера да се случи се ова и ми доаѓаат солзи што брзо растат. :inlove:
     
    На Sunrise!!!, Veci@123, Lostinparadise и 28 други им се допаѓа ова.
  4. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.167
    Допаѓања:
    4.530
    Пол:
    Женски
    Ух, напнатоо до крај :l:(highfive) Браво мајка на храброста и природно што завршило све најдобро :hug::sun::f:
     
    На Marijanche33 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Autumn05

    Autumn05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2024
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Леле се изнаплакав, преубаво :inlove: да сте живи и здрави и да ве радува бебушка многу многу години :l::l::l:
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    838
    Пол:
    Женски
    Кога бебето ми стана уште во 5часот:D и еве го дремуцка во раце, сакам да ја раскажам мојата породилна приказна послем 5 месеци и да дадам подршка на сите што се соочиле со критична бременост,или загуба ,да им дадам мотив да останат силни и храбри и дека нивната среќа ќе дојде само некад се чека подолго.Трета бременост од старт лежење поради две изгубени бремености,некомпентетно грло дојагноза и серклаж 16та недела.За жал серклажот не издржа се породив 26 недела.Самиот пораѓај беше 10мин бев отворена 10цм,болките претоа беа појаки ама се издржуваше.Моментот кога го слушнав плачот знаев дека ќе биде добро,предходната бременост немаше плач само тишина.Бебето мораше во инкубатор.
    Првиот момент на гледање беше исполнет со страв,тага,вина дека не издржав повеќе ама и ветување дека ќе останеме храбри и наскоро ќе бидеме дома.
    Секој ден влегуваш со насмевка, но внатре бев исплашена, преплашена и исцрпена. И сепак... се појавуваш, седиш покрај инкубаторот, шепотиш зборови на љубов и се држиш за надежта поцврсто од кога било досега.
    Морав да бидам најхрабра.Да 68 дена бевме раздвоени ама сега сме секој ден заедно,се гушкаме ,се лутиме и плачеме.
    Затоа бидете трперливи,позитивни и храбри.Некој ќе каже како во тој момент, ама ако паднеш во темнината потешко е да се вратиш,одколку да се избориш. Затоа до сите мајки што сме избрани да го изодиме тешкиот пат за да добиеме бебе нема откажување.:l:
     
    На Anchita, LaTama, L.i.n.a.a и 92 други им се допаѓа ова.
  7. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.966
    Допаѓања:
    3.904
    Пол:
    Женски
    :l: Херој
     
    На Prolett и Veci@123 им се допаѓа ова.
  8. Ena0310

    Ena0310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    740
    Пол:
    Женски
    :l::l::l:
     
    На Prolett и Veci@123 им се допаѓа ова.
  9. Mila0000

    Mila0000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    983
    Пол:
    Женски
    :hug::hug::hug:
     
    На Prolett и Veci@123 им се допаѓа ова.
  10. LanaDelR

    LanaDelR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Мојата втора породилна приказна започна со одење на обичен преглед и цтг во 37 недела.Претходно поради траума од првиот пораѓај кој беше природен сега се одлучив за царски кој ми беше закажан во 39 недела со доктор на гак.
    И така тоа утро јас си отидов на преглед и се породив природно за буквално два часа без никакви индукции и провокации.И поминав супер со доктор кој ме породи што беше на смена.
    Цтг покажа болки кои не ги чуствував а бев отворена дури 6 прсти :lol:
    И од тука директ на предродилна каде за час и нешто бев отворена 8-9 прсти и тука почнаа некои болки и со три напони ми се роди синко мој.
    За тие што незнаат ова бебенце ми беше борба скоро 4 години.
    После две вонматерични бремености после две операции лапараскопии па спонтан без срцева акција па хистероскопија и конечно постигната бременост со инвитро а која бременост ми беше со крварења скратен цервикс и уште некои проблеми.
    Бидете живи и здрави и само убавини за сите.
     
    Последна измена: 7 август 2025
    На LaTama, L.i.n.a.a, nice-girl и 55 други им се допаѓа ова.
  11. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    1.413
    Пол:
    Женски
    Алал да ти е, камо секоја жена да има вака лесно породување.
    Гледаш, Бог те наградил после сета мака и болка што си ја поминала.
    Да сте живи и здрави :l:
     
    На Mumoftwo30, specificone, Zakica88 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.167
    Допаѓања:
    4.530
    Пол:
    Женски
    Ете Лана сакало дете да излезе, немало време за чекање :l: најубаво :$:hug: гушки
     
    На Mila0000, LanaDelR и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  13. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    2.517
    Пол:
    Женски
    Да е жива и здрава , и јас сум со серклаж моментално 25 недела и ми даде надеж дека можеби и ние ке успееме до крај :inlove::hug:
     
    На MorskaSirena и Marijanche33 им се допаѓа ова.
  14. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    2.517
    Пол:
    Женски
    Борец :l:
     
    На Veci@123 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  15. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    331
    Пол:
    Женски
    Одмарај, позитивни мисли, брзо ќе летне време. Ти посакувам се да помине во ред и да си се радуваш на едно убаво зимско бебенце :inlove:
     
    На bokace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. I.Ta

    I.Ta Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2020
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    јас само сакам да пишам едно големо фала прво на Господ, а потоа едно големо фала на доктор Личоски и доктор Ивановски во систина <3
     
    На Veci@123, Puffy2019 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  17. MorskaSirena

    MorskaSirena Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    1.665
    Допаѓања:
    4.834
    Пол:
    Женски
    Само позитивно, нормално дека ќе успеете до крај :inlove::l:
     
    На bokace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    2.517
    Пол:
    Женски
    Засега добро ни оди :hug:
     
    На Veci@123 и MorskaSirena им се допаѓа ова.
  19. Mila0000

    Mila0000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    983
    Пол:
    Женски
    Браво!
    Да ти е жив и здрав :l:
    Дај Боже сите да имаме убав и лесен пораѓај :hug:
     
    На LanaDelR и Puffy2019 им се допаѓа ова.
  20. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.516
    Пол:
    Женски
    Да го пишам и јас моето искуство , додека е тазе , иако не верувам дека некогаш ќе го заборавам:D Мајки што не сакаат да читаат малку потрауматичен пораѓај ве молам прескокнете го постов , зашто моето лошо искуство не значи ништо.
    19.08 вторник. Станувам сабајле се спремам за на преглед. 39+3 дена сум. Прв пат не ја земам торбата зашто не мислам дека ќе ме остават. Стигнувам во државна и ајде прво цтг. Цтгето ужасно, бебе тахикардично со тонови кои идат и до 200. Нормално и јас се испаничив. Ја гледаат на ехо се океј вода има нормално се движи. Ми го мерат пулсот 130. Проверуваат дали сум отворена и ете 3 прста. Не сум ги ни осетила. Ме боцкаат со некоја инекција за смирување ама бебето пак тахикардично и мрзливо.
    Одлучуваат да ме задржат во болница. До вечерта ме прегледуваат различни специјализанти, после секој преглед доаѓам раскрварена. Ми ставаат вагиналета за побрзо отварање таа ноќ. Ноќта ја поминувам во болки, и во огромна паника зашто бебето многу помалку мрда. Да не ме ставаа на цтг ќе мислев се случило најлошото. Маж ми дојде на прозор се видовме кај паталошка. Плаче тој плачам јас. Преисплашени за нашата малечка. Утредента визита. Пак прегледи и пак сум се отворила само 3 ипол прста и покрај болките цела ноќ. Ми паѓа и чепот од чепкањето.
    Одлучуваат да ми стават уште една вагиналета . Јас веќе плачам ги молам да ме стават на царски зашто се намачив и гледам дека не оди работата. После втората вагиналета пак болки.. Меѓутоа пак не се отварам цел ден. Доаѓа следното утро.21.08 Сабајлето отворена 4 прста после две вагиналети и константни контракции до кај 90. Цела болница ја превртевме и знам дека е неблагодарно ама за жал така стојат работите во нашата држава , најдовме врски и ми ставија епидурал накај 11 часот и венска провокација. Со епидуралот беше полесно. Кога бев веќе 8 прсти(накај 6 часот) ми го пукнаа водењакот и исклучија епидуралот. Јас нејадена од вторник вечерта значи скоро 48 часа. Немам сила очите да ги држам отворени. Умирам од болки единствено нешто што ме држи е срценцето на ќерка ми што го гледав на цтг постојано. Дојде време и дојде докторот да ме породи. Јас буткам, немам сила. Ми ставаат гази инекции не можам ќе се онесвестам. Бебето заглавува во канал јас не можам да бутам веќе плачам викам молам. Го слушам докторот вика сега ќе ти помогнам и вади вакум. Тука веќе умрев од страв. Ме сецкаат и со едно бутање искача главчето, потоа таа цела. Заплакува. 3880г и 55цм долга. Ми ја ставаат на гради јас ништо не осеќам , само огромен страв и умор. Ме сошија . Ги прашувам сите дали ќе биде океј ради вакумот , викаат ич да немам гајле тоа ја спасило уствари подобро него да остане заглавена. Се кривам себе зашто не бев малку посилна и зашто не буткав посилно.
    Помина се , нема место кај родилките и мене и други жени не носат на третиот спрат кој како што разбрав е дел за жени кои што се оперираат од други гинеколошки проблеми.
    Јас немам апсолутно никаква информација за бебето, никој не доаѓа да ми помогне да станам, цел кревет искрварен и никој не те ни погледнува. Станувам некако крв ми тече по нозете идам ги молам да ме однесат да си ја видам ќерка ми. Ми се понашаат ми викаат иди лежи у овој дел нема шанси да ја видиш. Цел ден никој не доаѓа а јас само наоѓам луѓе кои што конечно ми кажаа дека е здравс права и дека се е океј.
    Поминува тој ден и доаѓа сабота. Јас веќе не можев без да си го видам бебето. Отидов кај сестрата плачам викам, имам напад на паника и им велам дека ќе им викнам и медиуми и све зашто никој не ми кажува ништо за бебето. Ми вика сестрата јас мислиш сакам да си ти тука , сега морав да идам до доле за да видам која крвна група е бебето ради тебе. Јас викам плачам, на хигиеничарката и доаѓа жал и ми вика ајде со мене. Ме носи долу и си ја гледам ќерка ми, мала црна плачка. Ја зимам во раце на секунда и се смирувам ја гледам дека е добро. Се врстив горе и тек тогаш дојде педијатар да ми даде информации за бебето. Вечерта ме спуштаат долу кај родилките конечно,ми го носат бебето. Мојата црнка, микс на мама и тато со големи обравчиња и дупчиња на двете страни. Му се јавувам на маж ми. Саат време само го држам телефонот да ја гледа и тој го бацува екранот:l: Ми збори колку сум храбра и колку е горд на мене. Утредента не пуштаат, се гушкаме ние 3ца , нашата мала фамилија :l:
     
    На Liu, AniSk, Mawoto-Stefi и 54 други им се допаѓа ова.