Нема породила приказна која што сум ја прочитала а да не заплачам, солзи да не ми потечат Да сте живи и здрави тројцата
На Гак е поредена, според се опишано и како одело се ми личи како да е таму...се изнаплакав оти се присетив и јас што поминав а толку многу сакам да ги заборавам тие денови... трауми за цел живот. Сочуствувам скроз, најважно е што сте добро до бебето уживајте и гушкајте се.
Има пишано и самата членка во постот дека е таму, прежално искрено што се такви и срамота што мора една жена во најранливиот период да доживее, наместо да го памти породувањето по убаво и како имала поддршка од персоналот. Не знам што да кажам, кај мене е неизвесно каде ќе завршам ама молам Бога да не е таму.
Да на Гак.. Затоа викам трауми ќе влечам цел живот и некогаш ако се одлучам за второ леб да немам да јадам ќе одам на приватно , каде барем ќе ме третираат ко човек. Фала ви девојки, се поминува Баш пишував во труднички тие денови и фала на сите девојки кои што ме охрабруваа и @Puffy2019 што цело време ми пишуваше како сум
Има членки овде што пишувале дека се породиле на Гак што поминале супер. Не значи дека ќе поминеш лошо, како ќе се погоди ама колку и да ти е страв каде и да одиш оди со позитивна мисла, да си се олесниш и да си фатиш дете во раце.
Знам ама поголемиот дел се негативни. Индиректно имам искуство со нив од неколку години и затоа имам аверзија за таму, сама никогаш не би ги избрала. Стравот е секако присутен, плус и други работи влијаат кај мене ама тоа е најбитно, здрави бебенца во раце. Другото, како викаат сите, се заборава.
Додека убавицава спие до мене, да ја напишам мојата втора породилна приказна, додека е уште многу свежа. Голем дел од вас, ме имаа читано како трчав секој втор трет ден во 9-ти, се поради првото искуство. Те воденик ми напукнал, те не сум ја чувствувала, те болки...а контракции нема никаде Термин шести септември. Изгурав до први септември, си го испратив првачето и се смирив. Некако се помирив со тоа дека нема да биде пред термин, дури се чувствував како да ќе сум вечно бремена Доаѓа 2ри септември, на преглед отворена 2-3 цм, докторката буричка внатре вика ќе биде ќе забрзаме. Дента болкички, викам супер. Вечерта заспивам, сабајлето се будам разочарана. Нареден преглед 5ти, во водата веќе бели точки. Докторката вика да не чекаме, да те породиме со провокации. Јас велам не, ако треба царски, само не провокации. Со поглед ми рече што ти е на тебе И продолжи да ме убедува, како нема да боли со епидурал, јас и кажувам дека минатиот пат не фати и дека беше страшно. Ме испрати со тоа, ќе те фатат болки не се грижи. И така убедувајќи, остана да се вратам за три денови, на нов преглед, за кој бев сигурна дека ќе ме задржи. Седми септември фаќам некој вирус, со болка во секој мускул и дел од телото, со повраќање, пролив , главоболка, се. Ми даде добар лек за оздравување, до утредента 70 посто бев подобра. На осми одам, на постелката веќе и лакунчиња, водата почнува да се мати. Ме седнува и вика, не смееме да ризикуваме, знам дека ти е страв, ама ќе видиш дека ќе биде многу подобро, телото ти е спремно. Те оставам да дојдеш 10ти на прием и на 11ти да почнеме со провокации, само за да имаш време да закрепнеш. Светот ми се сруши, од тој ден плачки и се по ред. Контракции доаѓаат и си одат во спиење. Доаѓа 10ти, јас мислиш на умирачка одам. Плачење, збогување со малиот, не можев да се исконтролирам да не го растажам, беше посилно од мене. Во глава обвинувања дека сум неспособна да родам дете по втор пат, дека нема да си го сакам затоа што ќе поминам низ истите трауми. Вечерта после тешка разделба со син ми и маж ми одам на прием. Плачев со саати, сите ми викаат ајде за убаво си дојдена, а мене во глава црни сценарија дека ќе умрам раѓајќи. Дури на сите што знаеа а беа малку, им се лутев дека ме убедуваа дека се ќе е во ред. Сабајлето ме будат во 6, ајде цтг, туширање и во родилна горе. Ко за беља акушерка ли беше, тежок намќор, уште толку ми се зголемија паниките. За среќа, и заврши во 8 смената и дојде друга, пријатна акушерка. На 4 цм се осеќаа јаки болки, викам леле што ќе правам јас на 10. Барам за епидурал, ме боцнаа со претходна напомена дека не фати минатиот пат. Пуштаат епидурал, провокации продолжуваат, мене на нозете топличко убаво, мерак., ми се спие. Осеќам контракции само по начинот на кој дишев. Доаѓа акушерката, вика чек да те проверам, 6 цм, а јас вака Велам нема шанси ништо не осеќам, вика сега ќе ја викнам докторката да пукне воденик. Пука, проверува вика 8 цм, може да одиш на бокс. Јас се уште не верувам како со 8цм не боли. Намалија епидурал, отидовме на бокс, со мала помош се качив. Ме подготвува втората акушерка,вика сега ќе ја слушаш другата, што ќе ти каже тоа ќе правиш за да биде побрзо. Почнаа напони, но морав да чекам да не напнувам за да не мора да ме сечат, да си се сврти убаво мојата девојка. Како поминува времето, напоните посилни, ја викаат мојата докторка доаѓа, и се зезаат за името, дека ми го погодила денот на раѓање (името беше од многу одамна смислено). Ме зезаат мене, меѓу себе, јас трпам. Доаѓаат моменти кога морам да напнам ама ме владее паника дека ќе се изгубав пак како минатиот пат. Во еден момент морав многу да напнам ама немав доволно сила и докторката стиска на стомак, акушерката долу го фаќа главчето, уште еден напон тежок и излезе мојата долго посакувана ќерка, околу 11 часот. Имаше еден малку болен зафат затоа што за да не ме сечеле, бебето додека се местело и така гребело по ѕидовите, но истрпев. Ми ја даваат, преубаво, премагично чувство, колку значи кога раѓаш "одморена". Потоа саат време беше со мене на бокс да цица. Излегувам од родилна, плачам од радост дека се помина добро, бев во неверување, јас навистина отидов сабајлето со чувство како да одам на колење. Фала му на Бог, и на Свети Јован што ми пратија прави луѓе, во право време, за се да излезе добро.
Мене не ми се верува дека секоја породилна приказна ја читам со солзи, уште години пред да бидам член ја отварав темава и сега пак ама со две бебенца во стомак. Да е секогаш здрава принцезата, цел живот само радости да ви носи А ова што викаш, како да идам на колење, исто го замислувам, паничен страв имам и уште од сега плачам
Фала ти мила, ќе си дочекаш и ти Стравот е тежок да се совлада, за мене дури беше невозможно. Но, верувај дека ќе биде во ред.
Да ја напишам мојата приказна. Тие што ме знаат тука, знаат дека бев со многу високо ризична бременост. Од самиот почеток бев под стрес , па 6 недела , па хематом па не е 6 па 5 недела е и така продолживме со недела дена назад , па стигнавме до две недели поназад. Бев во Хрватска и морав да се враќам поради судско рочиште во Скопје . Прво пред да почнам морам да се заблагодарам на Господ што телото ми даваше знаци дека нешто не е како што треба. На 31.08 стигнав Скопје бев на контрола ми рекоа се е супер иако серклажот е многу доле , на 03.09 се будам дома за во тоалет и на бришење видов крв , и во истиот момент отидов Чаир и од таму ме пратија на ГАК лежев и бев здреена. Една недела покасно на 11.09 јас сабајлето се будам со чудна болка прво во стомакот па во половината и станувам и осеќам толку многу мокро што да видам локва крв, се јавувам на мајка ми уплакана и и викам мамо крварам јас раѓам . Стигнавме на ГАК во 7 и 15 сабајлето , тие од итни случаеви ми викаат нема доктор почекај , абе какво чекање и здогледувам доктор се куцаше за на работа , колку што ме држеше глас сум се развикала да дојде ( го извадив од памет) . Ми вика што е работава , му викам многу крварам имам и болки докторе јас раѓам и само кажа у пм одма влагај на ехо , и ме позна од предходниот пат и ми вика ти беше со низок серклаж . Крена паника одма цтг и ми вика легни јас ќе викам доктор сега на состанок се , живо е бебето врв за прст си отворена и биди смирена. Цтг покажа болки , бев примена прво во предпородилна па ме префрлија во пин . Инфузии , лежев цело време , менуваа инфузии антибјотик , болките се смирија , крварењето продолжи . Имав уште еден преглед каде што ми беше кажано дека е бебето помало немам хематом и дека ќе бидам тука уште, слушнав кога предаваа смена и кажаа 11мм цервиксот ќе видиме до Понеделник ќе ја држиме на терапија и ќе чекаме се додека не пукне водењакот . Имав 4 пати цтг , болките не ги покажуваше веќе на цтг. Сабота спрема недела последното цтг во 22 часот беше супер и не покажуваше болки , за да негде после саат ипол мене почнува да ме боли и гледам на саат стомак ме стега на 10 мин. Кој лежел на пин знае каде е сестринската соба , негде 12 и 20 јас се вртам од лево на десно во кревет и осекам како ми пука водењакот, топла вода количински многу ми истече и во тој момент ја извикувам тивко ииии , и сестрата во расчекор ја фатив од соба како искача и ми вика што е бокаче и викам водењакот ми пукна , се смее ми вика нема шанси а ликот и се смени ми вика дај да видам , што ќе гледаш тоа е нема што друго да е ,ме открива и само слушнав и пм тоа е одма викам доктор. Станав само да ми смени чаршав, водењакот истече и одма дојде доктор ми вика бокаче смири се , бевме тивки затоа што имаше уште 7 жени што лежеа па да не ги вознемириме. Ме проверува 2 см отворена серклажот држи , ми вика биди смирена да пробаме да купиме некој саат плус , сестрата ми даде инфузија и некоја инфекција и ми вика пробај да спиеш. Ја викнав и викам ме боли па не ме боли , ми даде дијазепам и отиде по доктор, дојде ме проверува и осеќам паника бокаче одиш накај 5см мораме брзо на бокс серклажот ќе те искине , само тоа го слушав брзо брзо серклажот ќе те искине брзо се отвараш . Легнав на бокс ме приклучија на цтг ми ставија и за притисокот да се следи и докторот кажува прва контракција чим се појави на цтг го тргаме серклажот . Јас од паника притисокот го кренав до 200 , се јавија за инкубатор и во тој момент се собраа 11 луѓе отпосле ги броев Имаше коментар од една туф кој серклаж издржал до крај , докторот и се развика да не збори Серклажот се тргна и ме проверуваат и викаат ох се повлече не е ни 2см отворена , нема да раѓа до сабајле и се собраа за да се вратат назад . Додека оние си одат ја добивам напон и една вика докторе да ја проверам со прст , леле жени кога се развика викајтеее инкубатор враќајте ги назад женава е скрос отворена раѓа веќе . Мене притисокот во плафон , се изгубија тоновите на цтг и се вратија со инкубаторот . Само прашував жива ли е жива ли е , една од таму почна да вика докторе види докторе види за притисокот . Докторов и рече на една од сестрите барај тонови на бебе и ја најдоа скрос доле и само кажа имаме 5 минути ако не роди бидете спремни хитен царски одиме. Ми крена бокс и една од позади почна да ми вика какај бокаче најсилно што можеш , еден напон ништо , на друг напон почна таму доле да ме шират и мислам дека тука Господ го видов Уште еднаш слушнав ќе го угушиш бебето какај најсилно што можеш и со следниот напон во точно 3 00 излезе Дарија ситна мала плава беба . 1105гр 37см долга Се се одвиваше од 12 и 20 по полноќ до 3 часот . Се се случи толку брзо , бев во голем шок , страв и не верување. Не знаев дали да плачам од среќа или од тага по неа. Алал да му е на доктор Маријан Шилев што водеше се и се бореше за Дарија и се убедуваше со неонатолозите дека е здрава и дека сум била со касна овулација . Дарија моментално е 38 ден во инкубатор и го чекаме денот да си ја земеме дома На крај се се исплатеше , после 12 години во прегратка осетив мое дете , мој херој и дете што докажува како се сака животот. Ве гушкаме со мојот дар од Бога мојата Дарија
Ме расплака... Те паметам уште од пред многу години кога бев трудна со големиот. Дарија да ти дари многу убави мигови со неа. Ве гушкам и двете
Ме расплака жено. Ме наврати на моментот кога се пораѓав, иако не беше вака, ама тимот, емоциите и доктор Марјан, што дефинитивно е одличен доктор. Ми беше на пораѓај. Ќе ја земете Дарија за брзо и ќе нижите безброј убави моменти.