Леле, само читајќи почнав да се тресам цела. Браво храбра мама!!! Жива и здрава да ви биде Дарија!! Што побрзо да си ја земете и да ги имате најубавите моменти заедно!
@bokace1 да ти е жива и здрава и благословена да е Нормално дека плачам, те памтам од друга тема од пред многу години . Се најубаво ти посакувам
Ме расплака. Храбра мама и уште похрабра беба. Секогаш да имаш на ум колку си била храбра и каква хеорина си роди. Да е жива и здрава мама, и запамти, предвреме родените бебиња се најголемите борци и најнапредни бебиња што сум ги запознала.
Како се имам изнаплачено! Заедно одевме по овие патишта, често те помислував коа се изгуби со првиот профил. Кога те видов со нов профил па и трудна се радовав како за сестра . Нека ви е жива и здрава хероината Дарија, мила Бокаче Многу помина ,малку остана . Спремај се за многу гушкање , волшебно е Најискрени и најголеми гушки до вас
Бокаче,ме расплака жено,те паметам од порано ,не знаеш колку сум среќна за тебе,што побрзо да се гушкате со Дарија
WOW се наежив цела, да сте живи и здрави и двете. Секоја чест на храброста, борбеноста и силата, бидете добри па те чекаме да пишеш кога ќе си дојде Дарија дома.
Кои емоции се ова! Ме расплака, ме наежи, ме израдува… Живи и здрави да сте со малечката, многу да ве радува. Ти си една храбра мама!
Честитки од уште една мајка на ангелче. Нека ти биде неизмерна среќата и големо да расте rainbow бебе Дарија
Алал да ви е мајка. Те читав од сам почеток, ви ја следев приказната. Многу ми е мило, нека ти е жива и здрава Дарија! Господ да и дарува убав и безгрижен живот. Честитки! Двете сте големи и храбри херои.
Солзи ми течат додека пишувам, да ви носи најголема радост во животот. Господ да ве чува и да биде секогаш со вас. Јас мојата ја добив после 13 години борба вреди се што сме поминале за нив
Ме расплака .. Жива и здрава да е Дарија само убавини да ви носи издржете уште малку и ќе си се гушкате домче ме наврати кога јас се пораѓав еве помина 1ипол година и неможам сеуште да ја напишам овде ..
Цел форум плаче за тебе Браво мама. Дарија има твои гени, храбри и упорни сте вие две, ќе бидете добри Те чекаме во мајчински со жалби за неспиењето во најскоро време