Уф, Бокаче. Душо убава! Си се изнаплакав. Едноставно наклон и браво за тебе, мајка! Дарија да ве радува цел живот, и што по скоро во домашна прегратка! Животот резервиран само за убавини од сега па натаму!
И јас плачам заедно со сите вас . Но овој пат од среќа Се лошо се заборава , ние жените не сме свесни колку сме силни и храбри во одредени ситуации .
Како сум се изнаплакала Сите овие год.знам за твојата борба,ја доби Да е здрава и жива малата,цел живот радост да ти носи. Ве гушкам
Да ја напишам и мојата втора породилна приказна Овој пат за разлика од правта бременост ја поминав полесно без некој компликации се беше во ред само бебчето беше помало од тоа што треба, стасав и до 38+4 сабајлето имав закажано за прием за царски станувам го будам малиот за градинка и оп нешто ми тече ми прснал водењакот јас испаничена со првото немав ниту болки ниту прксање водењак дека бев со тотална планцентна превија имав исто закажан царки сега ова непознато веднаш го носам во градинка одма одам на оделение во мојот град ми прават преглед навистина прснат но немам болки веднаш заминав на Гак ме примија ми направија сите испитувања и ме сместија на патолошка поминав цел ден и цела ноќ таму не добив никакви болки и си чекав ред за царски. Дојде и мојот ред јас нестрплива едвај чекав да дојде и да помине без никаков страв и во 12 се роди моето второ бебче 2500кг толку малоо и нежно , ме префрлија на интензивна и вечерта во соба ми го донесоа ми беше страв да го земам мислев ке се скрши но стравот полека полека помина и јас почнав да се чуствувам поспремна за се што следува сега веке нема страв. После царскиот веќе вториот ден се чуствував подобро а сега после 5 дена уште подобро немам болки немам ништо. Ете такс беше моето искуство вториот пат за разлика од првиот многу полесно порелаксирано и без страв ви посакувам на сите лесна приказна како мојата само сакам да ве прашам тие што сте со инв дали ви пишува на отписното писмо дека е со инв на првото ми пишуваше а сега не незнам зошто не се напишале треба ли да баран некаква корекција или нема потреба
Честитки Бебче, да ти е живо и здраво Баш ми е мило што со убаво и лесно си поминала Инаку да, на отпусното писмо пишува дека е со инвитро, но мислам дека нема потреба да се праве корекција.
Бокаче сега ја прочитав твојата приказна, те гушкам и во најскоро време да си одете дома Ме потсети кога ме качија на Пин, немаше кревет за мене, ти прва ни прозборе и ни кажа, сега ќе донесат кревет, и ме сместија веднаш до тебе Те осетив кога имаше болки, но ти беше толку цврста и глас непушти, се стискаше во креветот. Се сеќавам кога докторот ти велеше биди смирена Бокаче, сега секоја минута ни е битна, потоа сум паднала во длабок сон и се разбудив кога те вратија назат на креветот и слушнав како сестрите ти честитаа за твојата ќеркичка Потоа ти ме тешеше мене и ми велеше не се сеќирај, не е страшно Од срце ти посакувам во најскоро време дома да се гушкате со Дарија, чувството е непроценливо! Ќе уживаш во убавините, радоста и среќата
30.11.2025 се роди мојата втора среќа Кај 9 саат сабалје почнаа болки слаби менструални и беа на пола саат и си реков дојде денот денес ќе се пораѓам. Кај 9 саат ноќта решив да отидам веќе во болница и да видат што е како е. Ме проверија вагинално само 2 прста, болки покажува породилни јас ништо јако не осеќам многу слаби, се одлучија ме пуштија дома. Ноќта преспав малку и ме разбудија појаки болки решив кај 4ипол,5 саат да отидам пак во болница. Влагам и ме запира докторката а вика нема место веќе ако се пораѓаш идеш во Чаир. Ме испаничија каде ноќва сеа ќе барам некого кога сум веќе договорена за тука. Ме прегледуваше специјализантка 4 прста си отворена ми вика добро ај ќе те ставиме и на едно Цтг ме ставија покажува пак породилни болки, доаѓа докторката ај вика и јас да те проверам колку прсти си отворена, кога прегледува какви 4 бе оваа е 8 прста отворена не смее нигде да ја пуштиме во кола ќе се породи. Одма горе во предродилна. Ме качија горе ме сместија и 2 саати никој не ме погледна тука почнаа мнпгу јаки болки со нагон знаев дека веќе се пораѓам ама се стискав зошто ми викаа да чекам уште додека ми пукне сам водењакот а уствари за да си ги сменат смените и дури во 7ипол дојде една да ме види и вика да не ја мачиме веќе а ја готова не можев више да издржам бебе турка да искача јас се стискам. Ме земаа на бокс ми го пукнаа водењакот и во 8 саат се роди мојата втора среќа Ме испомачија на бокс ме испосекоа, ме испостискаа се заглави малку од што немав више сила да туркам од што ме мачеа претходно што се стискав а мало бебенце се роди помало и од првото. Ми го ставија на мене и тогаш си помислив колку ми фалеше бебенце на мене после скоро 4 години што си го добив... Постелката одма излезе цела ама мислам тогаш почна најлошото дури и повеќе од самиот пораѓај болеше ме испостискаа на матката до грб ја осеќав раката нивна, де еден де друг, де трет душата ми ја извадија. На бокс ме оставија 3 ипол саати бебето плачеше цело време во креветчето јас не можам да станам да го видам не ми го даваат викам по сестрите никој не доаѓаше и да ти се слоши нема ни да те видат дури после 3 ипол саати дојдоа и ми рекоа дека нашле соба за мене да ме сместат. И за 24часа не пуштија дома за да ослободат место и за други
Лајк ти ставив за успешно завршена породилна приказна, но не и за тоа што си била оставена сама. Важно се завршило со добро, ова другото ќе го заборавиш со правата гушка со бебче
Мене најмногу страв ме фаќа од тоа стискање по стомакот. За првото се измачив, незнам дали јас не успевав да дадам напон како треба или снемав сила а бебе веќе тргнато, докторот ми се чини со сета сила притискаше одозгора. Живи и здрави сега за второво како ќе биде незнам...
Појма неам, ама поболно од тоа амин... Од горе на стомакот до грб им ја осеќав раката толку силно стискаа...За постелката рекоа дека искочила цела демек немало потреба ни да ја проверуваат ама ја гледаа пак...
Во ремедика не ме стискаше Симонида, правеше ревизија на постелката дека е цела излезена и толку. После на визита ме притискаа сите 2-3 дена ама не со таква сила како што опишувате @srce-9 си се укочила нешто или преморила. Самото тело работи при напонот и напнува, само ако работиш против напоните и ако не дишеш како што треба ќе се измориш ќ. Глеј некои видеа за напони и дишење
Мене на ГАК освен на пораѓај што ме стискаа вака и на денот на испуштање исто. Мислам ме болеше повеќе од пораѓај.
Ај нека кажат некои по систина//ремедика породени дали вака им правеле или праксава е на ГАК останата. Ова сега тука од вас прв пат го слушам
Еве породена пред 3 години во Систина за вакво нешто прв пат слушам.Еве здравје веќе 9ти месец влегов пак ќе се пораѓам Систина.
И мене ме стискаа, посебно со второто, скроз ми беше собрана матката откако се породив како топче се направо буквално, и ја осеќав како уште бебе да имам внатре, полна била со крв, па морало да се исчисти, така ми кажаа демек, ме болеше кога стискаше др. ама не дека поише од самиот пораѓај беше болката.