Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. navyforever

    navyforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    884
    Пол:
    Женски
    03.12.2025 стигна мојата најголема љубов.

    02.12 лабав ден ручече, серииче ништо не се случува 40+ 4 недела, разочарана дека не сака да излезе. А пред 2 дена направено membrane sweep од гинеколог. Некаде пред 17 часот си добиваме некои убави вести од пријатели, радост и солзи oxytocin на најјако пуштено. Продолжува денот лабаво со мм си лежиме серија грицки почнуваат контракциите, траат по минута на секој 5 минути. Викам може и да не е ништо.
    20:20 часот осеќам како да ми пука меурче во стомак и упорна сум со тоа дека не е ништо, а имам ставено влошка ради крвта од гинеколог. Станав за до тоалет, пукна водењакот инстантно олеснување на душата. Мм во паника, јас си плачам од среќа. Заборавив да кажам дека живееме во Германија :)

    Набрзина туш, облакање и патот накај болница. Контракциите се уште лабави, се возиме со музиче полецка.
    Стигнавме во 21:45 во болница, цтг крв мрв бабицата ми вика отворена си за 2 цм ајде во соба ќе потрае. Идеме во соба не се случува ништо си лежам мм до мене. Излеговме малку надвор бидејќи беше 500 степени во болницата. Пробав да дремнам викам ако потрае барем да одморам душа. И околу 12 на полноќ почнаа силни болки. Ме ставија на бокс пак цтг, ме провери бабицата 5 цм, мене цела снага ме боли. Прашувам за епидурал и дали може во вода да се пораѓам ми кажува бабицата веќе касно е, поминуваат 20 мин мене нагон за буткање и викам провери ме ми иде да буткам ме проверува фул отворена. Доаѓа сестрата уште една бабица, и све се случува околу саат време без епидурал без инекции без течности во 03:38 дојде мојата најголема желба во животот. Буцлесто бебуле кое тежеше 3380 гр. И еве скоро 2 недели ми го разубавува секој ден секој час и секоја секунда.

    Секоја болка вредеше, се што поминав низ бременоста вредеше. Нема поубави моменти од овие сега.
     
    На MeowMeow, Rozevata, kozuf и 20 други им се допаѓа ова.
  2. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    503
    Пол:
    Женски
    Мене ме стискаа во Систина и ме болеше премногу. Ама не е застарена пракса и е многу многу битен момент да се направи зошто може буквално да спаси живот на родилката. Ми излезе на инстаграм пост убаво објаснето за ова но не можам да го најдам, па еве од Google search. Оваа масажа помогнала да се намалат многу случаи на смрт кај родилки поради крварење непосредно по пораѓањето, уште на бокс, споредено со минатото.
    upload_2025-12-13_7-52-2.jpeg
     
    На Annath и Milkiway им се допаѓа ова.
  3. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.455
    Допаѓања:
    19.330
    Оф леле со второ сум ја, кој ме тера да читам сега и ова :D
    На болка таква ќе се сетев единствена болка на бокс беше шиењето. Ни дури раѓав немав болки:whew:
    Сега читам дека можно е ради епидуралната да не сум сетила или едноставно се погодило да немало потреба однпојако стискање
     
    На Marijanche33 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.321
    Пол:
    Женски
    Мене ова во Чаир ми го правеа, доктор Илиевски.
    Додека да излезе бебе притискаше а и отпосле да излезе постелката пред да ме шијат.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  5. pravnicka_2604

    pravnicka_2604 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    1.388
    Пол:
    Женски
    И мене исто во Чаир ме стисна еднаш јако докторот и на следниот напон излезе бебето. После не ме стискаа, беше залепена постелката кај мене и со ревизија ја вадеа, ме успаа за тоа и под анестезија и ме шиеле.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    Мене Симонида ме стискаше со лакт дека бебе не сакаше да излезе. Тоа не памтам дека беше толку страшно колку што беше после-за постелката да излезе акушерката ме стискаше како масажа ми правеше за да се одлепи постелката валда, тоа беше многу болно. И ги замолив да ме успијат за да ми ја извадат зошто не се издржуваше. Ме успаа и ми направија ревизија.
    Не читај многу, индивидуално е сѐ од жена до жена и од пораѓај до пораѓај:)
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.299
    Допаѓања:
    25.692
    Пол:
    Женски
    Мене само што се породив , ме стиснаа малце на стомак, ама не беше болно воопшто. И толку беше.
     
    На H.VAGA и Milkiway им се допаѓа ова.
  8. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    3.284
    Пол:
    Женски
    Со првото бев Чаир и на бокс ме стискаше др речиси ми се качи на стомак за да излезе бебето.
    А после тоа бев со нозете на бокс така 2 часа. Исто со ревизија ми ја вадеа постелката успана за шиењето се разбудив на пола.
    Таму пред испис на ехо не гледаа.
    Со второто ГАК на пораѓај никој не ме допре од половина нагоре. После пораѓај пред шиењето ме стисна за ако имало уште нешто да излезело. И откако заврши со шиење ме покрија и ми кажаа да стиснам нозе онака право и така ги лежев тие 2 часа.
    Пред испис не ме гледаа на ехо туку ме истиска така една мислам дека пробуваше да истера ѓаол од мене :rofl:
    @Milkiway со второво поминав многу многу полесно.
     
    На pravnicka_2604 и Milkiway им се допаѓа ова.
  9. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.768
    Допаѓања:
    9.070
    Пол:
    Женски
    Јас во Ремедика се пораѓав и не се сеќавам да ме стискаа. Знам откако излезе бебето ми рекоа уште малку да напнам за да излезе скроз постелката.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.455
    Допаѓања:
    19.330
    Не ми е јасно на второ/трето дете како се нафаќаме :D еве ја 6месеци си се прашувам како се нафатив. Па болки, па бокс, па трауми, сечења, стискања, одозгора тетки, мајки,свекрви ти попуваат:D мазохисти:x
    ;(:sweat:
     
    На Rozevata, kozuf, H.VAGA и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    Дека се поминува многу брзо валда:D јас реално тешко поминав на пораѓај, ама би минала пак низ сѐ тоа. И сите тие неспиења, плачења, грчеви, заби…Сѐ поминува. А попувањата валда со второ се помалку дека веќе имаш искуство :D
     
    На Rozevata, kozuf и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  12. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    499
    Допаѓања:
    598
    Пол:
    Женски
    И јас се чудев како се нафатив за второ цела бременост тоа мислев како се тоа пак да го искусувам истото :D Ама коа се породив си реков колку ми фалеше бебенце уште едно да си го гњавам и сеа коа го гледам поголемото ми е многу пораснато :(;(
     
    На Ena Mena му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    499
    Допаѓања:
    598
    Пол:
    Женски
    Ааа така мислиш одма свекрви тетки стринки попуваат и јас им плескам второ ми е си знам како е и тие пак си раскажуваат каков бил маж ми што му правелена маж ми како го облакале и така натаму истите муабети пак се вртат
     
    На Milkiway и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  14. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.299
    Допаѓања:
    25.692
    Пол:
    Женски
    Во најјакото со грчеви, сакав одма второ.
    Пак ќе поминам низ се без проблем.
    А од попување не се замарам. Кај мене не се осмелуваат за тоа.
     
    На kozuf, Laura7 и Milkiway им се допаѓа ова.
  15. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    Јас имав среќа свекрвата да не ми попува ич, само ќе си кажеше онака ненаметливо што правеле во нивно време:D ама затоа мајка ми и тетка ми ме полудуваа. Мислам дека не би се замарала толку за второ што сакаат нека си зборат, нивното поминало
     
    На Трагедијаупмм и Milkiway им се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    21.977
    Пол:
    Женски
    Не ме стискаа во Систина, а ем после примена провокација бебето не беше уште спуштено во родилен канал, а јас бев скоро 10цм отворена. Чекаа природно да си тече процесот, ме ставија во специфична позиција на бокс, ама никакво стискање и малтретирање немаше. Не знам што им е на ГАК, какви медицински лица се тоа не сакам ни да дознаам.
     
    На Трагедијаупмм и Milkiway им се допаѓа ова.
  17. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    499
    Допаѓања:
    598
    Пол:
    Женски
    Се смеат додека го праат тоа иначе си се зафркаваат меѓусебе а ти плачеш од болка и им ја туркав раката чекај вика стрпи се морам
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    503
    Пол:
    Женски
    Стискањето откако ќе излезе бебето е за наше добро, сигурно од мерак не го прават, спасува живот како што пишав погоре. Претпоставувам прво проценуваат каде е потребно да се направи па затоа не ја прават таа “масажа” кај сите.
    За буткање/стискање стомак додека трае пораѓајот, фала богу што докторот го правеше тоа, му паѓаа срцеви тонови на бебето беше заглавено и следен чекор беше вакуум. Не се смееше додека го правеше тоа, напротив сериозна беше работата и ова ваљда други доктори не го прават за забава… (се надевам) :?:
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.127
    Допаѓања:
    204.567
    Пол:
    Женски
    Јас искрено, би се нафатила и на трето да немав тешко породување со второто. Сега ептен ме фаќа криза за бебче, ама си ќутам, таман се потстокмив и заличив на човек, пораснаа децата. Ама и годините си ги имам, јес да и постари од мене раѓале, ама мене самото породување ме плаши.
    Не знам зошто ми се враќа желба за бебе, а веќе во перименопауза сум, едниот јајник почнува да покажува знаци. Си викам да треба да растам деца, дајте уште три, ама да раѓам....не баш.
     
    На CareTee, mama11 и Milkiway им се допаѓа ова.
  20. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    499
    Допаѓања:
    598
    Пол:
    Женски
    Исто :D Со второто и во бременост ми беше тешко и за пораѓај се измачив еве и после пораѓај 13 дена поминаа сеуште сум без енергија и преуморна само ме бута на спиење. За деца нека ми дадат уште 10 сите би ги исчувала многу ми е мерак
     
    На Milkiway и Annath им се допаѓа ова.