Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.384
    Допаѓања:
    25.890
    Пол:
    Женски
    Си имала среќа, да дете не почнало тонови да губи или да ти се заглави во канал. Тогаш и ти би буткала со две раце за да искочи.

    А другарка во Систина е стискана на стомак, за да помогнат на бебе да искочи. Подобро тоа, отколку недај Боже да се угуши дете.

    И стискање при пораѓај и отпосле, не се за џабе. Само кај некоја има потреба, кај некоја не.
    Тие стискања, животи имаат спасено и на бебиња и на родилки.
     
    На Anie93, mama11, EarthFire и 8 други им се допаѓа ова.
  2. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.262
    Пол:
    Женски
    Мене ме стискаа на стомак после пораѓај и сите 4-5 дена додека лежев во болница и одпосле кога доаѓаше бабицата дома за мене и бебето и она ме притискаше (во Германија сум породена) мислам дека е тоа што @Marijanche33 го објасна fundal massage. Ме болеше не можам да кажам не, што од афтер контракции, што од раната… ама колку што знам тоа е за да проверат дали матката се враќа во нормала.
     
    На Annath и Marijanche33 им се допаѓа ова.
  3. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    5.539
    Пол:
    Женски
    Пријателка со двете Систина се породи природно,со првото доби инфекција и треска ради не добро исчистено, па се врати ја чистеа така баш ми кажа. Со второто добро ја средиле.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.009
    Допаѓања:
    22.021
    Пол:
    Женски
    Не зборувам за стискање кога има потреба, зборувам за неоправдано стискање. Да не навлегувам во дискусија зошто не е местото тука, ама другарка моја пред 6 месеци имаше хорор искуство на ГАК. Докторката и се качила на стомак, со раката и ја затворила устата и почнала да и се дере да престсне да писка, дека нема она цел ден за да ја чека неа да се породи. Јас стискањето кај членката го сфатив во тој контекст, зошто после тоа била оставена сама со саати итн. Инаку многу добро знам дека во одредени ситуации е неопходно да се стисне, ама сето тоа има начин како треба да се направи.

    П.с. Ако јас и многу други мајки за жал, сме решиле после мртвороденче да раѓаме пак, стискањето најмалку треба да ви биде пречка за следна бременост.
     
    На MeowMeow, BubamaraM, Lovebug01 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    403
    Кога читам вакви случувања, како да ми текне пак да забременам
    Првото во чаир го родив второто немаше место во чаир па на ГАК
    Со втората бременост имав дијагноза хипо хаши и со клексани скоро цела бременост
    Ме стикаа мене на стомак да излезе останатото ама не беше тоа скокање на стомак викање дерење
    Незнам што се дешава со такви луѓе и така што се вика од смртаа излегуваме
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.131
    Допаѓања:
    8.145
    Пол:
    Женски
    Мене ме стискаа кога се породив првиот пат, еден огромен доктор, не знам кој беше. Ама не беше болно, јас сум благодарна што ме стисна зошто ми помогна да излезе бебето. И не знам зошто се плашат трудници во темава за ГАК толку. Јас сум прва што ќе каже дека не е идеално таму, ама толку хорори малтретирања не знам. Кој како си перцепира е изгледа. Мене 3 дена со провокации, нема кој начин не пробале да ми предизвикаат пораѓај, вториов пат докторот тоа балонот со две раце ми го ставаше, Господ го видов искрено. Многу сум пропатена во таа смисла стварно, зошто двата пати процес сам не почнал кај мене, ама кога одиш да раѓаш и нешто мора да се направи, ќе стиснеш заби и тоа е. Ама дека сите се психопати таму и се изживуваат зошто така им текнало, не е така.
     
  7. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    626
    Пол:
    Женски
    Јас не кажувам за тоа што ме потстиснаа за стомак за да искочи бебето не ни го осетив тоа туку отпосле ми ја стискаа матката и тоа со сета сила а јас слаба кускуле сум од стомакот до доле до грб им ја осеќав раката со првото ме стискаа ама не до волку. И таа што го правеше тоа се смееше и си се шалеа тука меѓусебе додека јас викав од болка и им ги туркав рацете зошто не можев да издржам више
     
    На snowqueen и Milkiway им се допаѓа ова.
  8. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    1.702
    Пол:
    Женски
    И мене ме стисна докторот за да излезе бебето а после постелката не излегуваше и тогаш ме стискаа силно
     
  9. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    626
    Пол:
    Женски
    мене ми излезе постелката одма пишав и горе во приказната само што ми го ставија бебето на мене одма излезе цела беше
     
  10. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    3.886
    Пол:
    Женски
    И мене ме стискаа на стомакот од кога се породив .
    Проверуваат колку се крвари и исто 2 сатии лежев на бокс.
     
    На BellaBibi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.835
    Допаѓања:
    30.244
    Пол:
    Женски
    Леле девојки, се плашам од муабетиве само а не планирам веќе да раѓам :worried:.
    Истрауматизирана од првиот пораѓај, бтв царски беше, отидов и на втор царски, и баш тој период бев читала тука исти такви муабети за стискањето. Ме успаа, го извадиле бебето и кога се разбудив, дојдоа две и сакаа да ме чепкат на стомакот ама незнам зошто пошо не знаев германски, и од страв почнав да им се дерам и да ги гребам по рацете за да ме остават :rofl:. Мислев сакаат да ме стискат, шознам :rofl:
     
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.639
    Допаѓања:
    40.142
    Пол:
    Женски
    Ај бе не ширете паники. Моето се заглави и изгуби тонови па не ме стискаа. Еве не живи и здрави и двајцата.
    Тоа стискање верувам некаде има потреба ама и беспотребно го прават
     
  13. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    3.886
    Пол:
    Женски
    Мора да стиснат да се види колку крв тече.
    Тоа е протокол , се лежи на бокс природно , царски се оди на интензивна.
     
    На mama11, Marijanche33 и Adidas888 им се допаѓа ова.
  14. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    3.886
    Пол:
    Женски
    Јас додека раѓав немаше потреба од стискање на стомакот , но отпосле од кога искочи постелка, па ме успаа и од кога се разбудив дојде жена ми нагласи морам да те стиснам можно е да те боли :D
     
  15. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.384
    Допаѓања:
    25.890
    Пол:
    Женски
    Не шириме паники.
    Кажуваме зошто се тие скискања. Кај некој има потреба од тоа и не треба да се гледа толку страшно на тоа.
    Кај мене ме стисна доктор 120 кила и баш и ми олесни. Ми го избутка бебето полесно. И откако искочи плацентата, пак имав стискање , да искочи крвта што е нормално да ја имаме.
     
    На bokace1 и mama11 им се допаѓа ова.
  16. nice-girl

    nice-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    1.171
    Допаѓања:
    1.050
    Еве и мене после скоро 5 месеци да ја пишам мојата породилна приказна.
    Договорен царски на 29.07 поради висок притисок и не сакав веќе да чекам од сите само братучедка ми знаеше и мм, на моите не им кажав да не се потресуваат. Прием на 28 вечерта така салам се испостив мислам душата ми испадна, а јас се надевав дека бар вечера ќе ми дадат но само сок од јаболко и вода и после 12 и таа ми ја земаа и принудена да пијам апчиња без вода.ЦТГ на секој саат, таман си задремал ете ги идат, сабајлето во 6ч стасува мојот др дали сум спремна викам да значи за брзо ќе биде клизма ми пуштија се истуширав и чекам, а од внатре еден немир душа ми се стега нз обично храбра сум за се друго сега се дали ќе биде во добар ред, што ако нешто се искомплицира и милион прашања.Кога др имало итен царски па природен и мојот ред стасува после 12ч. Од што бев ненаспана, гладна и уплашена одвај одев седнав во салата за да ми пуштаат анестезија таа што ми пушташе многу сум и мрдала и не можела да го погоди местото ( ми беше многу ладно).Ајде ми ставаат локална па спинална анестезија мече родив кога ме боцкаа ,ме легнаа покрија дојде др ме прашуваа сите по некое прашање , едно време сум задремала кога слушам ајде стаса девојчето твое, слушам плачење ја забришаа,прегледаа и ми ја дадоа да си ја бакнам, видов едно мало топчесто со коса бебуле.После во интезивна па во соба малку ми се искомплицира состојбата додуша ме предупреди др да не паничам покрај високиот притисок имав и тахикардија но ме држеа под контрола.На мм му се јавив тек во соба кога ме преместија сирот тој не премислил. Бебла тек другиот ден ми ја донесоа убаво да ја видам образи на претек коса за извоз :D цела копија на тато а од мене само очиња.Станувањето од кревет ми беше смрт а првото станување ми се слоши, и си викав како е можно другите да шетаат без проблем а јас одвај до вц одев, но како минеа деновите додека не пуштат одвај некако почнав да се движав.Дома не пуштија за празникот се почастивме бабите беа на помош околу нас. Конечно се управив со се после 2 недели од царскиот и сега еве се гушкаме со бебла.:inlove::inlove::inlove:
     
    На Sunrise!!!, juice_, praski4e и 9 други им се допаѓа ова.
  17. kozuf

    kozuf Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.019
    Дечки абе на муабети за стискање, ај просветлете ме и мене. Во магла ми остана пораѓајот од што се фокусирав само да бидеме добро и на иднината. Со царски во Систина се породив и баш ме стискаа од горе, после со денови ме болеа ребрата и имав модро. Тогаш прашав другарка што се имаше породено таму, ме изигнорира као да да и мене ме стискаа па што. И докторката ја прашав ама дрска беше и ми рече се беше во ред ха ха. Откако ја извадија бебка ме успаа. Дури ја вадеа излегуваа, влегуваа, збореа меѓу себе, шушкаа, изгледаа неудобни, дојде уштр еден доктор, а мене педијатарот ме муабетеше глупости за времето.
    Карлична бременост беше со замотана папочна врвца, очекував дека нема да е најпросто на свет, ама да ме седнеа да ми објаснат бе отпосле кога прашав што се деси. Сега како ве читав ми се врати малце лошо чувство.
    Сакам второ ама не сакам да сум трудна и да раѓам пак, може и ова несвесно има удел.
     
  18. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    3.886
    Пол:
    Женски
    Мора да стиснат , нормално да боли . Сите органи ни се изместени , матка проширена ние ранливи емотивни.
    Исто на визита од сабајле кога доаѓаат пак стискаат , се гледа на напор колку се крвари и да знаат како да реагираат.
     
  19. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.970
    Допаѓања:
    18.152
    Пол:
    Женски
    Мене наскоро ми следи пораѓај, не знам како ќе биде но верувам дека се е до перцепција, праг на толеранција и психичка подготовка најважно. Не може девојка, жена да оди на пораѓај и да вика не сакам, да урла, да не соработува, да се турка со др. За многу работи и јас не знаев од процесот на породивање, фази, сега у бременост се изнаслушав и реално ако почнеш сите да ги слушаш само страв може да те фати.ама како што секој втор човек кука и се жали за се во животот не ме чуди и што за се ова вака се раскажува. (И најчесто жените што вака ќе ти пренесат, за една година две се трудни со второ :D)
    П. С не верувам дека нема тешки, комплицирани пораѓаи, но важно е да сме живи здрави после тоа и мајките и бебињата.
     
    Последна измена: 15 декември 2025
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    3.430
    Пол:
    Женски
    Верувај може :D Колку и да знаеш што треба да правиш и да сакаш да соработуваш, некогаш блокада се дешава. Јас со првото се породив ко од шала и многу соработував. Со второто си викав не можам, си плачев, си викав не раѓам веќе и многу многу не знаев што правам, а второ ќе речеш. Во моја одбрана епидуралот не фати.
    Амааа, се си вреди на крај, тоа секој ќе каже :)
     
    На Mumoftwo30, nice-girl и Anie93 им се допаѓа ова.