не знам, мене ми е чудно и на забар и секаде луѓето на лекар кога одат и не сакаат да соработуваат или се плашат или премислуваат и да си сакам нејќам и докторот најнормално да си чека, а има уште 10души денот што треба исто да работи. не верувам дека нема ама и дека ако ти викне(нормално без навреда, агресија) после се прераскажува како којзнае што да било
Се согласувам дека може. Мене докторката ми се дереше дека ги собирав нозете и се стискав несвесно кога ми го пукаше водењакот. Ме болеше премногу, немав епидурал и бев со контракции 10 саати веќе преморена па несвесно ми доаѓаше да се стискам колку и да знаев дека не треба ама посилно од мене беше
Абе нема сакам нејќам, вака така ќе го родиш. Шо знам, мене забар со пораѓај не ми е споредливо. Е сега секој има различен праг на толеранција тоа да. Ама верувам има разлика кога си за нигде и викаш не можам боли, некој да те држи за рака и да ти вика можеш, диши или да ти се дере и да те вреѓа.
Апсолутно, тоа и ми беше поентата. И јас знаев дека треба да буткам и дишам и се, па се дерев не можам боли...
Мислам дека многу зависи од тоа што читаме, слушаме како поминале другите но секој пораѓај си е уникатен сепак најмногу зависи од докторот кој треба да ти дава поддршка, да те бодри во тој момент, а не да ти се дере и да ти вика а убаво ти беше кога си го правела оти се изнаслушав и вакви муабети од блиска особа. И кога ќе видиш кога ќе помине се, најважно ти е ти и бебето да сте живи и здрави.
Колку се познава дека ти е прв пораѓај. Теоријата што моментално ја читаш и праксата се две различни работи и некогаш можат да бидат небо и земја. Мнооогу фактори играат улога во целиот процес и некогаш колку сакаш биди психички едуцирана и спремна, телото не можеш да го контролираш. Два природни пораѓаи имам поминато. Првиот беше “безболен”, епидуралот фати, не истрпев скоро никакви болки и поминав “лесно”. Е на вториот пораѓај епидуралот не фати и болеше премногу! Болка што не си ја осетила до сега, верувај. Самото тело има нагон да дава отпор, да вика, да стиска, да се тресе итн. Јас не викав зошто не сум таков карактер и зошто бабицата ми беше душа и цело време ми помагаше покажувајќи ми како “да ги дишам” болките. Рачките од боксот ги убив од стискање, ама не пуштив глас. Не дека е погрешно да пуштиш, едноставно го носев фокусот на друго место, ја чував силата за да го родам бебето што толку долго го чекав. Ама, едно големо АМА, немаат сите таква самоконтрола. Немаат сите такви услови за време на пораѓај. Колку сакаш едуцирај се ако ти се склопат коцките да имаш тежок пораѓај, ќе урлаш и те како, ќе го буташ докторот(несвесно) и те како, ќе сакаш да соработуваш ама ќе нема да имаш сила итн. Не викаат старите за џабе “Прво рипни, после кажи оп”. Прво породи се и ти посакувам баш лесен пораѓај, ама и да не е така, важно е да сме живи и здрави, како што викаш. Само верувај дека постои малтретирање на родилки во болнициве низ Македонија, изживување, однос кој не го заслужува ниедна жена. За тоа зборевме погоре, не за праг на толеранција.
Неспоредливо е болка од поправање заб и пораѓај верувајте. Мислев дека имам висок праг на толеранција на болка штом издржав умртвување на нерв на заб без анестезија, се додека не отидов на пораѓај. На првиот пораѓај им се изгубив на бокс од болки (иако бев со епидурал кој не фати добро и признавам дека можеби во моментот ме фати и паника, недостаток на самоконтрола и тоа што не бев баш едуцирана за процесот)не знам како ме освестија и како извадија бебе од мене, а глас не пуштив. На вториот ја кренав цела болница на нозе, без анестезија, во 18 недела прекин заради аномалија. Никој ништо не ми пререче, ни првиот ни вториот пат, беа полни со разбирање и многу ме бодреа и двата пати. Ама сѐ се издржува и поминува, на крај на денот важно е само мислата да ве води дека после сите тие болки доаѓа најубавото нешто и во моментот кога ќе го земеш во раце чудно,ама веќе ништо не боли.
Породена закажан царски денес Со сиот страв и немир помина се како што треба и си добив керкичка Се тресев на масата како прасе пред колење Ама супер беа сите и топ поминав. Детали не навлагам
Девојки, да ја споделам со вас мојата позитивна породилна приказна. Во ноември некаде со партнерот решивме дека е време за бебенце, па почнавме да работиме на случајот. Првите неколку месеци да речам не бевме толку фокусирани, па се погодуваше да имаме гости во плодни денови итн па после решивме да се уозбилиме и почнав да пратам овулација, пиев миоинозитол и пренатални витамини. Па така ги добивме и посакуваните две цртки. Фала му на Бога, целата бременост си течеше во најдобар ред, без крварења, без покачен притисок, без покачен шеќер и никакви болки, не ни имав Braxton Hicks контракции. Да напоменам дека не сум во МК, па тука нема многу ехо прегледи, мислам беа тотал 5 во целата бременост. Исто тука нема ни цтг прегледи, од 38 недела почнуваат со прегледи со рака и тоа е тоа. На прегледот во 38+5 недела бев отворена само 1цм. Немав никакви болки и знаци за пораѓај се до 39+5 недела. Ноќта веќе почнав да осеќам благи болки, а сабајлето на редовен преглед бев 1.5цм отворена, со делумно паднат чеп. Тука докторката ми направи membrane sweep, и веќе возејќи накај дома почнав да осеќам појаки контракции и после некој саат падна и остатокот од чепот. Веќе во 5 поручек контракциите беа на 10 минути и беа бааѓи силни; се спремивме полека и тргнавме накај болница. Кога стигнавме таму, докторката на прием прво малку со потсмев ме гледаше демек еее прво бебе ти е, не иде пораѓајот туку така, почекај 15-20 минути да завршам со друга пациентка прво, чим се смееш, не е толку страшно. А јас се смеев за да не заплачам што се вика. Тука веќе болките беа на 4-5 минути, и беа прејаки за мене, а јас дотогаш мислев дека имам јак праг на толеранција на болка и планирав да пробам без епидурална. Штом ме зема докторката, ме стави веднаш на цтг, веќе бев отворена 6цм и крварев, и вика оо е сега стварно ти верувам дека имаш огромни болки. Одма се согласив на епидурална, дојде анестезиолог да ми постави неколку прашања, ми испозимаа крв за тестови и ме однесоа во родилна сала. Не ни знаев во моментот што ми ставале во инфузијата, ама одпосле на отсусното писмо видов дека ми дале и питоцин. На самиот почеток ми покажаа како да буткам, за да сме спремни кога ќе дојде моментот. Анестезијата беше доста јака и не осеќав апсолутно ништо, па побарав да ми ја намалат за да ги осеќам контракциите и да можам соодветно на нив да буткам. Целиот процес мислам дека беше прилично брзо. Стигнав во болница некаде околу 18ч, почнав со буткање некаде околу 22, 22-30 и веќе 23:40 моето синче се роди. Веднаш го ставија врз мене, и луѓе таква емоција не се опишува. Еве и сега пишувам ова и солзи ми доаѓаат. Папочната врвца тука ја сечат после 1 минута, и одма после тоа го зедоа синко да го проверат и исчистат а потоа ми го оставија саат време за skin to skin. Сега сме еве веќе 20тина дена дома, си се гушкаме, и секој ден го гледам, си пуштам по некоја солза и се чудам како е можно да е толку совршен За постпартум, тука доста се користат witch hazel pads и ice pads, како што гледам во МК ги нема, ама ако имате некој случајно да ви донесе од странство, најтопла препорака. Прво мрежасти гаќи, влошка, ice pad па witch hazel pads. Јас имав минимални болки, ама не се напив никакви апчиња и веќе после 2 саати можев да станам од кревет и да мочам, а веќе од сабајлето сама се движев и правев се. Не сум многу активна на форумов, ама сакав да ја споделам мојава приказна и да ви кажам дека не сите искуства се страшни и негативни. Додека бев бремена читав и слушав многу приказни но ниту едно не си земав при срце, чисто сакав само да знам што се може да се случи и што да очекувам. Секое тело е различно, секоја бременост, секој пораѓај е приказна сама за себе. Така да немојте да се плашите, само верувајте дека се ќе заврши добро и наскоро ќе си ја запознаете најголемата љубов.
Да си ја напишам и мојата втора породилна приказна за успомена дури е свежо. Поради мала разлика на децата морав пак царски да се породам. Одејќи на редовни прегледи докторот ми спомна уште пред месец дена ти ќе прославиш нова година ќе одмориш и на пораѓај, така и се случи. Почнаа на цтг некои контракции, бебето поголемо, резот тенок јас само чекав да дојде тој ден зошто ме фати паника да не почне природно самиот пораѓај најмногу поради тенкиот рез. Дома одмарав легав колку можев повеќе зошто сум со тодлер кој сака да вози трактор и да игра гол со мама и чекав нова година. Утрото на први чекав прво да стане од спиење и да си го изгушкам детето, иако одиш на пораѓај прв пат ми беше страв да не ми се случи нешто и последен пат да си го гледам најмилото нешто. Стигнавме во Систина, преглед краток кај докторот, па горе на прием. Таму толку се организирани само што влегов во соба во исто време доѓаат и сестри и болничари и анестезиолог. Разговарам со сите правам се по насоки и таман немаш време да мислиш што те чека. Маж ми поседе со мене дури да ми дадат клизма, почекав дали 20мин од кога завршив со сите процедури и ми вика сестрата докторот рече може да одиме. Многу беше се брзо и добро е што е така зошто немаш време да размислуваш што како ќе биде само следиш инструкции. Во родилната сала, најтежок ми беше само моментот додека да примам анестезија зошто еднаш не ме боцнаа убаво и тука малку ме фати паника пак мислев на синчето дома и ми идеа солзи, од друга страна мајка мисли и на оваа во стомакот па не треба да се тресеш треба да си мирен дури ти ја стават и се обидувам да скренам мисли на нешто друго за да не сум плачка. Плус имав преголема доверба во докторот. Два пати ме боцна, фати анестезијата си почна нормално се операцијата. Ме зазборуваа нешто друго и за кратко го извадија бебуш уште еден син на мајка. Ми го ставија на лице и одма се ми беше полесно. Многу се меки и прекрасни кога ќе се родат. Овој пат бев целосно будна во текот на операцијата за разлика од првиот пат кога ме заспаа. Од интензивна звонев на маж ми да го известам дека станал татко. Докторот и вртеше на мајка ми која не чекаше на гости и веќе беше лута зошто не нема да и каже дека четворица ќе одиме овој пат на ручек заедно со новиот член. Во соба го донесоа бебо поминавме време со него и сопругот и после одмарав таа ноќ. Имав само болки во кичма повеќе мислам од таа спинална. Следниот ден станувањето го поминав супер само еднаш ми помогнаа и веќе во текот на денот уште неколку пати сама станував. Се осеќав свежо и добро уште првиот ден по операција, а веќе следните два без никаков проблем си одев станував и стварно како да не сум правела операција. Јас не знам до организмот ли е, до зафатот и тоа како е спроведена операцијата ли е ама јас стварно не осетив никакви проблеми, преголеми болки тегоби и слично ни од двата царски, со тоа што после овој вториот сум уште побрзо закрепната. Можам сама да се грижам и за мене и за бебето. Од односот и условите во Систина нема што да се пожалам стварно се на ниво како што заслужува секоја жена. Овој пат бев сама во апартман и ми беше уште поубаво. Најголема благодарност до мојот доктор Јорданчо Иванов поради кој ќе ги паметам моите бремености и пораѓаи како најубаво нешто. Се надевам за неколку години кога ќе пораснат овие две ќе имам прилика за уште едно бебе. Да имам услови и да е здраво би раѓала уште многу деца зошто е преголема љубовта што ти ја пружаат и ти ја даваат смисла на твојот живот.