Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.548
    Ajde novi mamicki kade ste, sakame da citame :)
     
    На zalosna, PUPICA, Ivanushkaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. nana2112

    nana2112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    408
    Здраво драги феминки еве дојде и мојот ред да ја пишувам мојата породилна приказна точно вчера направивме еден месец со близнаците.На ден 26 .02 бевме на гости со сопругот кај едни роднини и се вративме во 23 часот и му реков ќе одам до вц,а ти подготви го креветот за спиење и се враќам од вц целата испаничена и му велам ми пукнал бодењакот тој ми вели не ти е пукнат не е можно можеби си се помчала.И ги соблеков гаќите и почна по нозете вода да ми тече и со сопругот уплашени и испаничени не знаеме што да правиме јас му велам чекај ќе се истуширам и да си ја спремам торбицата за во болница тој целиот уплашен нема време одиме на доктор ако треба после ќе ти ја донесам.И отидовме во соседниот град на одделението на гинекологија ми прикачија цтг имаше слаби контракции и ме прегледа докторот бев отвроена 1 прст и веднаш со брза помош бев однесена за Скопје .Во Скопје стигнавме во 2 и 30 часот ме примија на одделение ми ставија инфузија да ми дотече убаво водењакот и веќе утрото на 27.02 ден петок дојде големиот ден ме прегледа докторот што ме пораѓаше др Иво Ќаев ми го извади цирклажот и ми вели ајде тебе прва ќе те порагаме и ме однесоа во операциона сала.Се породив царски со епидурална анестезија,и се родија во 9 и 30прв се роди Петар тежок 2990 грама ,а Павел се роди 2810 грама и ми ги дадоа за кратко да ги видам ги бакнав на чело и ги помилував по главата и од радост и неверување дека конечно се родија нашите сонциња заплачав од среќа.Потоа ме снесоа во шок соба каде што поминав 4 дена и примав многу инфузии и ми приклучуваа и 3 ќесиња крв бидејќи ми падна хемглобинот од 106 на 85 и добив и висок притисок 165 со 90 ,а целата бременост ми беше нормален.Малку имав проблем првниот ден после пороѓајот ептен прокрварив и тоа трипати и јас испаничив целата дали се во ред со мене рекоа дека тоа било дел од постелката и така од петок до понеделник до 12 часот бев во шок соба и потоа ме снесоа на одделение и ми ги донесоа моите преубави анѓелчиња каде што и двете намалија по 300 грама но сега сме добро тежиме по 3400 грама.И тоа е мојата породилна приказна се породив на ГАК кај Иво Ќаев и поминав супер немам проблеми со раната за една недела после пороѓајот ми ги извадија 5 конци малку сега имаме проблем со бебињата со ноќното дежурање некогаш само цицаат и заспат ,а некоја вечер сме будни по 3-4 часа. Голем поздрав и цунки од Петар и Павел.
     
    На vitamina, <3 pleza4e <3, girl-miri и 24 други им се допаѓа ова.
  3. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Mojata porodilna prikazna... Kolku sto ke ja pamtam cel zivot, tolku sakam nekoi delovi od taa prikazna da gi izbrisam. Se zapocna ma 17.02.2014 g. Sabajleto okolu 8 casot zabelezav krv I kafeav iscedok,znaev deka e mukozniot cep. Toj den imav zakazano redovna kontrola vo edna od nasite kliniki. Vednas otidovme. Tamu me pregledaa I mi bese kazano deka sum 2 prsta otvorena, da se vratam doma, a po 6 casa povtorno da pojdam vo bolnica. Se vrativ sto se vrativ, pesacevme so mm. Vecerta okolu 20 h mi pukna vodenjakot I vednas otidov vo bolnica,znaev deka se blizi svadbata so moeto najmilo. Tamu me pregledaa povtorno , isto kako I prethodniot pat samo dva prsta I slabi kontrakcii. Me pratija na patolosko. Eeee tamu pocna se.... Me primi edna sestra , mi izvrsi opst pregled. Pocna da me zamara so glupi prasanja Koj broj patiki sum nosela , mala noga sum imala, som bila popravena , debela I.t.n ( taa ne bese trudna pa licese na bokserska vreka) , a jas veke prebleduvam od bolka. Pocnaa jaki bolki momentalno. I kazuvam deka mi se temni nemozam da disam , taa mesto da mi objasni mi vika zosto ne sum odela na casovi. mi se slosi , mi se stemni mi vika nemoj da padnes nema da mozeme da te kreneme. Alooo negledas sto Moze da se sluci ako padnam ti sebe se zalis kako ke me digas, uzas. Bolkite stanuvaa prejaki na 30 sekundi. I kazuvam, taa me prati vo soba. Vo sobata mislev na toj svet sum , pocnav da se dream I taa dojde. Vika sto e nemozat da spijat od tebe. Vikam zeno bozja tuka ke se porodam, dobovam napon za poraganje. Imase Edna devojka vo sobata, taa me poddrza, nekako me odnese na pregled,vikna doktor I sto ke vidat, za 15 min sum se otvorila skroz. Zamislete, so preeejaki bolki me prati peski so edna cistacka vo rodilna sala. Tamu me legnaa na boks, turkaj,turkaj nikako nemozev da se porodam. Vikav, placev mislev ke umram. Vo eden moment slusnav kako pocna da vika doktorkata: nosete ja brzo vo operaciona sala se gusi bebeto ke ni umrat tuka. Nastana panika, haos , brzo me odnesoa, primiv anestezija I zaspav.koga se osvestiv imase eden doktor I go prasav Dali e zivo bebeto o kako e. Toj rece neka ti e so sreka imas Kerka teska 3750 g,a dolga 51 cm, ete imas alka. Bev presrekna, vo isto vreme I umorna. Dojde doktorkata I mi rece deka sum imala sreka,deka tolku jaki prirodni kontrakcii I bolki prv pat ima videno, mi kaza deka sme dobro I me odnesoja na intenzivna nega. Tamu mnogu iskrvarev, povtorno panika injekcii, infuzii , se se sredi. Ponatamosnioto oporavuvanje od carski rez se znae,ne bi dolzela za toa. Bitno kerkickata mi e dobra, drugoto se pomina.... Mnogu sum blagodarna na doktorkata sto I go spasi zivotot na mojata najmila, a na taa od patoloska gospod neka I sudi.... Izvinete za lat I greskite od mob sum.
     
    На vitamina, Annath, zalosna и 14 други им се допаѓа ова.
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.234
    Допаѓања:
    76.246
    Пол:
    Женски
    Најдов време да ви напишам :)
    Значи од 35 недела матичната ми кажа дека имам постелка со калцификати и дека веќе е скоро зрела 3ти степен и дека може и порано да се породам... арно ама јас си ја затерав и 41ва недела... :) Од кога влегов 40нед + 1 ден јас секој ден се нервирав затоа што ни матичната, ни во Чаир никој не ми се замараше... работата беше само ќе чекаме :/
    Стигнав 40+6 беше 11.04.2015 и рано сабајле си отидовме на цтг во Чаир, ме прегледа др. Мујович и рече дека сеуште не сум ич отворена но дека цтг-то односно срцето на бебето нешто му е сумљиво и да одиме дома, а приквечер пак да ми направи цтг... И дојде 18 часот и отидовме пак во Чаир (пак без болки и контракции, без пукнат водењак, само два пати минатите денови имав крварено затоа што ми пикаа прсти докторите без осет). Овој пат после 300 направени цтг-а минатите денови решија да ме задржат, односно да лежам на патолошка затоа што нешто не е сепак добро цтг-то, срценцето на бебето... пак не бев ич отворена. Значи некаде накај 19 часот јас бев веќе на патолошка... Ме ставија во собичка со 5 женички кои веќе лежеле по една недела и више... јас се стаписав викам леле недај боже и јас толку да чекам... а докторот рече да почекаме некој ден па ке пробуваме со провокации :/

    Лежам на патолошка дојде некаде 20 часот и по некое време почнав да осеќам некако стврднување на стомакот па го викнав докторот да ме стави на цтг да не имам контракции... кога стварно контракции на 5 минути, се насмеа докторот и рече ти сакаш уште денес да се породиш :D едно 2,3 пати ме однесоа во друга соба на бокс да проверат дали сум се отворила... и доаѓа докторот пак да ме носи да ме прегледа во собата со боксот и ми вика еееееееееее ајде тука ќе те проверам да не одиме навака натака :D и пред сите 5 женички ми пикна рака и вика еееее си се отворила дури 3 прсти, како што ја извади раката млаз топла вода кога се растече... ми го пукна водењакот случајно (жениве околу мене паника ги фати хахаха) :D се насмеа докторот и рече: Бре како да сме знаеле дека ке те фатат денес природни болки, ајде сега клизма да ти стават и право во родилна сала, јас од уво до уво насмеана конечно ќе се пораѓам... Арно ама после пукање на водењакот контракциите се претворија во ужасно болни болки кои сега беа чести на 1 минута, а беше иначе 00 часот... Јас викам готово сега ме ставаат на бокс и се пораѓам, ама какво пораѓање со 3 прста отворена ме ставија во соба на цтг каде лежев 4 саати со огромни болки, си повраќав и се изнамачив... а доктори еден куп одеа навака натака и се мислеа што да ми прават, кога слушнав случајно додека збореа врвката на бебето е околу врат и затоа уствари ме задржале во болница и затоа цтг-то не било како што треба :/ Викни го овој, викни го оној еден куп дојдоа да го видат цтг-то и мене... Башка бебево едно 2 месеци беше убаво спуштено доле, сега се качило нагоре :/

    Конечно едвај отворена 5 прсти ме ставија на бокс, но не да ме пораѓаат туку пак јас таму да си чекам да се доотворам :/ Од што немав сила на секоја пауза од 30 секунди меѓу болките мислам дека заспивав... и така на цела мака оставена сама на бокс да си чекам почнав да си давам напон на секоја болка и со рацете да си го стискам стомакот надоле, кога дојде докторка да ме прегледа до кај сум рече ајдеееее па ти си готова бе ќе рагаш :D Се насобраа околу мене едно 5,6 души и докторката рече сега мора цела сила да ја употребиш бебево мора да излезе што побрзо затоа што има врвка околу врат... Е на овој момент се сеќавам матно затоа што мислам дека 3 доктори ми се качија на стомакот, докторот го видов како ги зима ножиците ама не осетив кога ме сецна, буткам јас овие ститскаат без осет и конечно искочи моето златце во 6:00 часот, за Велигден 12.04.2015 кое ми го ставија одма на градите, плаче он, плачам јас :inlove:

    Го однесоа на мерење... 4400 :o А 3 доктори ми го мереа 3500... и така ме стискаа пак за да ја извадат постелката, докторкава стаписана со едно парче од постелката во рака го викна докторов и само се сеќавам и рече ставај одма целосна анестезија... Па после дознав ме чистеле ми се распаднала постелката во мене... е кога не ме слушаше никој дека уште од 35недела е зрела... Па не ме сошиле убаво, па пак на живо ме шијеа, тоа мислам ме болеше повеќе од пораѓајот :D Па ме оставија со две кебиња покриена на бокс 3 саати... после кога требаше да станам за да ме носат во соба им се онесвестив, па наместо со инвалидска ме носеа со кревет :D
    И така се заборавив од пишување хахаха, имав значи доста болен пораѓај ама вреди за златово мое, искрено навистина се заборава болката... Чувството е назаменливо, вреди некој саат да се издржи болка :)
     
    На Naki22, FreeMind, vitamina и 36 други им се допаѓа ова.
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.779
    Допаѓања:
    324.983
    Пол:
    Женски
    Ти дадов лајк само за храброста.Приказната не ми се свига дека знам колку си се намачила и кои болки си ги истрпела.Мене исто ме шиеја на живо и исто имав контракции на 20-30 сек и тоа мн јаки.Само што јас за саат и пол се породив а ти сирота си трпела до сабајле.
     
    На Annath, Kiflicka05, bubic.k и 7 други им се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.234
    Допаѓања:
    76.246
    Пол:
    Женски
    Така е од 9 до 6 сабајле они мене ме чекаа да се отворам... и јас имав последните саати на 30 секунди болки и се фаќав на боксот позади со рацете и мислев дека ке се треснам од земја... :/ А замисли после ми доаѓа визита во соба и ми вика: Зар никој не ти кажа дека носиш бебе со надпросечна тежина, зар никој не виде дека постелката е деформирана, башка гледам си имала и намалена плодова вода, кој доктор те гледаше тука кај нас на цтг??? и останав подзината, па што треба да направам да ги молам ли царски да ме породат... но тоа е помина, сега сум одлично и јас и бебуш фала му на господ... :)
     
    На bile84, Mekuska, Maceto123 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.234
    Допаѓања:
    76.246
    Пол:
    Женски
    Заборавив на ова... иначе бебуш ми беше цел модар, отечен, со испукани капилари на лицето и на очите... од напон греотка, сега имаме 3 недели и беличок е и очињата скроз му се исчистија :)
     
    На Naki22, bile84, Galicka и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Страшно! Мариз алал да ти е како све си издржала. Која мака е да те остават да лежиш толку саати со толкави контракции, незнам зошто не ти рекле подобро да шеташ :| Среќа поминало све како што треба.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.234
    Допаѓања:
    76.246
    Пол:
    Женски
    Im barav da stanam ne mi davaa... Valjda deka puknat vodenjakot i baska vrvkata na bebeto okolu vrat, go sledea celo vreme na ctg i na sekoja moja kontrakcija nesto mu se slucuvase na srceto, zatoa i taa panika nastana megu niv, imase zastoj vo srceto :/ Duri na ctg-to go nemase nekade, kako iseckano bese ctg-to, so prostori prazni megu :/ Duri i na boks bev uklucena na ctg...
     
    На menelele му/ѝ се допаѓа ова.
  10. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    5.393
    Veke ne citam porodilni prikazni pa na sekoja srceto mi se stega i solzi mi kapat. Me navrakate na sekoja sekunda pominata niz bolnickite hodnici i poragajot sto go pominav koj ne rodil nemoze da znae sto o ceka
     
    На PUPICA, Kiflicka05, girl-miri и 4 други им се допаѓа ова.
  11. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Незнам ја дали ептен сум "затупела" со породилните трендпви,ама еве гледам на сајтовите Кејт Миделтон се породила во 12.30 а во 18:00 часот истиот ден со принцезата во раце,нашминкана,дотерана во штикли си оди од болница. А ја3саати после пораѓај душа собирав по тоа болничките кревети офкајки....ех технологија:P
     
    На rose60, Annath, PUPICA и 5 други им се допаѓа ова.
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.779
    Допаѓања:
    324.983
    Пол:
    Женски
    Шо да праи ,цело кралство ,води' мора пример да биде на другите жени ;)
    Башка има куп луге околу неа сигурна сум.
     
    На rose60, Kiflicka05, zalosna и 3 други им се допаѓа ова.
  13. menelele

    menelele Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    8.526
    Ajde i jas si mojata za vas utestelna prikazna. Mene bolki me fatija vo 4 sabajle ama zosto prvo jas ne mislev deka toa e toa e nekade 7-8 veke pocnaa posilni bolki kontrakcii na nekou 8 min i taka doma si cekav( citaj trpev) do 14 casot i mm vika nemozam veke te nosam. Znaci da boli ama imajte na um deka toplo pimaga ja se tusirav so topla voda i ne gi osekav bolkite. Vo bolnica otidov so 6 prsti otvorena me primija vo predrodilna sala molev za anestezija i ne dobiv. E veke vo bolnica dali od pregolemi bolki ne se ni sekavam na nekoi delovi. Vo 17 me odnesoa na boks me ostavija da setam okolu za da se otvoram pretpostavuvam i posle sto kako samo na nekoi delovi se sekavam znaci nikakva bolka na cuvstvuva vi vikam dali od mn jaki bolki.vo 18 i 30 se porodiv. Muabetot mi e se e individualno,ja vikav bez anestezija nema sansi a sega vikam fala mu na gospoda sto ne mi stavija. Zosto ja bolkite mn gi osekav doma a veke vo bolnica pa na boks nisto ne osekav. Odev na predavanjata na gak i tie mn mn mn mi pomognaa zosto znaev sto treba da pravam osobeno na boks se sto ke vi recat da pravite da sorabotuvate nema ne mozam. Taka ako odi nekoj na predavanjata kaj sestra Daniela mnoguuuuu da ja pozdravite od edna feminka:) i navistina ko ke recat se se zaborava taka e, ja pa i ne se se sekavam na nekoi raboti:) i posle doma zadolzitelno obezbedete si pomos zosto mnn vi treba bez razlika carski ili prirodnose ve boli nemate dusa barem prvite dve nedeli posle se vrakate vo normala. na site vi posakuvam lesno ko mene da se olesnite
     
    На vitamina, Annath, bile84 и 13 други им се допаѓа ова.
  14. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.197
    Допаѓања:
    106.218
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да ги споделам моите... Денес сум среќна мајка на две прекрасни дечиња
    Пред 6 години бев далеку, далеку од овде... Тогаш за прв пат видов 2 цртички. Со дечко ми, сега веќе сопруг, бевме пресреќни. Цела фамилија беше пресреќна. Радосни, планиравме свадба. 8 недели,а беќе планирав именце, знаев дека прв пат ќе го облечам во жолто.. и тогаш крварење.... буквално на рака ми отпадна плодот..... Па на болница, 1 ноќ ме третираа како ризична бременост,па ко конечно видоа на ехо-го нема бебуш... Па "чистење" со целосна анестезија, ужасно искуство за 22 годишна девојка која цел живот замислува како ќе и се вика бебето, па дека ќе е женскп, жолто обчече, ќе го роди на 23 години.... Набрзо загубив многу важна личност, еден родител... Трауми, шок, ни бебе, ни свадби, место тоа погреб, солзи, ужас.....
    Наскоро ми ја врачија дипломата, и за само 4 месеци добив работа во компанија за каде не сум ни сонувала дека ќе работам. И нововработена, најмалку што би требало е да раѓам во скора иднина, да се фокусирам на работата, да имам бар малку стаж за да не летнам. Така го одложив тој план, а сакав бебе, многу, дури и кога ќе видев бремена жена или мало бебе плачев. Поминаа две години, бидна скромна свадба, и по секаква цена ќе пробаме пак. Но секој месец-една цртка. Пак паника, тага, разочарување... После година дена конечно ми дадоа хормонска терапија и еден прекрасен септемвриски ден ја видов за прв пат на ехо, малото срценце биеше♡ Среќа, радост,возбуда, страв, измешани чувства. Повторно крварење кое го прележав и примав терапија. 9 месеци подоцна, 30 кила потешка и со 3,600 кг бебе, мукозниот чеп падна. Солзи радосници. Ситни болки цел ден, до вечерта појачаа. Мм ме однесе бо болница, бев можеби првата која со насмевка од уши до уши влегува таму. Ноќта си мина, се раздена, јас болки, болки.... но никако да се отворам. Не знам колку пати ме прошируваа сестритерачно, со алати, колку солзи остадов и колку ѕвезди видов. Дојде новата смена. 1 саатдури се сижали да дојде докторка, 1 саат со болки на 3 минути, биквално осетив како пробива бебето. Па ајде на ехо, па коментираат леле заглавено, оба хитно треба царски.. Јас незнам каде сум, болки, страв.. Конечно огромни светла над мене, ладна течност низ вените и ....наредното будење ја имав во прегратки мојата долгоочекувана принцеза! А кога таа имаше година и пол повторно имав 2 цртки. Но овој пат закажав царски рез, отидов, ме заспаа, се разбудив со бебушот в рака, и веќе по 24 часа сама го преслекував.
    Со малку, или повеќе, мака и на потежок пат, но она што отсекогаш го сакав конечно го добив!
    Често им ја раскажувам приказнава за нивното раѓање на децата и им ја покажувам раната да знаат од каде од мешето на мама пристигнале.
     
    На vitamina, rose60, Wanna.be.mum и 25 други им се допаѓа ова.
  15. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Jas kolku razbrav se porodila vo 8 sabajleto a vekje posle 10 casa ja pustile.eve jas ke spodelam mojs porpdilna prikazna malku da ve okurazam i da vidite deka zena moze da bide pustena udte istiot den.
    Pred Veligden sredata bev na pregled vo gak.imav dogovoreno so doktorka koja me poragase i prviot pat i posle pregledot mi rece deka sum dva prsta otvorena i omeknato grlo na matka i mi vika tesko deka ke me docekas jas sum na odmor za praxnicive se vrakjam tek u vtornik.
    Me fati normalno panika zosto sakav taa da bide vo smena no boze moj kako kaze dedo boze taka neka bide.ajde pominaa denovite dojde ponedelnik dr. mi rece ak izdrzam vo vrotnik sabajle da se nacrtam na klinika.i jas taks spremna si staiv alarmot u 7 da me budi koga utroto vo 4 mi pukna vodnjakot.go razbudiv maz mi i leka poleka si otidov da se poragam.dr od 8 na rabota si vikam aj belki ke ja docekam.me primija ljubezno ctg napraviv 4 prsti otvorena pa eden kup prasanja i papirologija gore u sala me kacija okolu 5:30.tamo ziv coek da se nemalo samo edna sestra me pregleda kilaza obem na stomak mi stai klizma i me ukluci na ctg.ne pomina 10 min mi se priodi u wc se iskluciv sama posto nikoj nemase i si se isprazniv:)
    Dojde pak taa sestrata od dole sto me primi koga me fatija bolki.taa postavuva prasanja koga mi bila prva menstruacija, od koga sum mazena dali imam seker a ja bolku osekjam sum kleknala dole na kolenici i se deram i odgovaram vikam zeno nesto mi iskaca a taa mi vika abe tolku brgu??:)
    A vika da te proveram mi buta prsti vika aaaa abe ova glavceto go pipam, aj ja vikna sestrata i me odnesoa na bokks.znaci se porodiv vo 6:30.nitu me secnaa nitu nisto.da ne se lazeme samiot cin boli no jas tolku brgu i lesno pominav na site im posakuvam ko sto projdov jas.taka da ne panicete i samo idete so pozitivni misli ...za nesrekja nemase mesto vo sobite pa me vratija pak kaj zenive sto cekaa da se otvorat.tamo okapav do 2 casot iskreno tolku mi bese dobro sto im rekov da me pustat doma ako nemaat soba prazna:D
    Ova so princezava me potseti na mene:), ne deka nema da ima tim na doktori doma ama ete zenskata lesno prosla..
    I da utredenta si dojdov domce
     
    На vitamina, rose60, Annath и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Dreams11

    Dreams11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Да ја раскажам и јас мојата породилна приказна............... терминот ми беше до 18,04,2015 но немав никакви болки ни симптоми за породување па на 20 април решивме со систем со провокации да пробаме да се породам , договорот беше ако почне да дејствува системот ок ако не салата беше спремна за царски.
    И така во 06ч ми ставија систем до 08 ч немав никакви болки па го пуштија да тече побргу и веке кај 08 и 30ч почнаа болките.
    Кај мене болките беа баш чести можеби по 2 на 5минути за саат време бев отворена 4 прсти ...понатаму болките стануваа се по јаки и појаки а пауза помегу нив незнам ни дали имаше минута време на вториот преглед од докторот бев 6 прсти отворена и веке кај 11ч почнаа и болките со напон и веке во 11 и 45 мин се роди мојата принцеза . Прекрасно нешто.....сега знам зошто викаат една е мајка и колку е способна и издржлива . Во тој момент мислев дека нема нешто потешко во животот од породувањето но за некоја ден се се заборава буквално се.
    Со срека и со лесно на сите идни мајки!
     
    На vitamina, zalosna, <3 pleza4e <3 и 10 други им се допаѓа ова.
  17. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Sega ja vidov temata duri (facepalm)..Terminot mi bese do 28.11.2012god.Imav teska bremenost zatoa doktorite odlucija jas so moeto bebce vo meseto da si lezime vo bolnica,plus idnata mamicka ne slusase mnogu deka treba da miruva i vaka si odlucija da ja opametat..Zaradi rizik od predvremeno poroduvanje si gi isprimav site soodvetni inekcii i si bevme mirni.21.09.2012 sekogas ke ja pamtam kako edna od najteskite denovi vo mojot zivot,bese nekade 2 po polnok imav bolki i ne mozev da spiam,ja pobarav sestrata mi stavia inekcija se smiriv i si se uspav.Vo 9h me razbudi doktorot koj pravese vizita,za nego se bese vo red no jas imav strasni bolki i kolku i da se obiduvav da mu dokazam deka ovie bolki ne se normalni toj bese uporen deka samo panicam pa duri i mi go povisi tonot.Jas iznervirana plus uplasena si zacutiv so solzi na ocite.Dojde 15h bolkite se pogolemi,prva bremenost plus terminot daleku ne pomisluvav deka na bebceto ne mu se ceka.Dojde druga smena,drug doktor mi napravi ctg koga vide kolku sum bleda i samo me pogledna i rece na sestrata spremete ja salata,vo toj mig mislam ne tecese krv veke vo mene 100 prasanja naednas mi se sobraa i samo sednav i rekov sto e mi objasnija deka ke morame odma so carski no se ke bide vo red..jas go zimam mob i mu zvonam na mm ama ne da placam-rikam kolku sto glas me drze i nisto ne pamtam poveke..po 5h se razbudiv mi kazaa deka se pominalo uspesno rodiv since tesko 1kg i 150gr..go pustija mm da me vide,bev sama vo sok soba po 24h me prefrlija so uste dve rodilki koi pokraj svoite kreveti imaa krevetce kade lezi bebe,moeto bese prazno.Ja viknav sestrata prasav mi rekoa deka e vo inkubator no e borec ke bide vo red,po 3 dena me odnesija da go vidam i sega placam koga ke se setam kakvo kakvo bese,malecko creva inkubator..strasna slika posle 5 dena od koga se rodi bese 900gr no vo pravo bea moeto since bese i ostana borec po mesecipol ispadnavme od bolnica sega e veke ergen od 14kg i gordost na mama i tato :l:
     
    На ma4e1311, vitamina, podravka и 30 други им се допаѓа ова.
  18. IveBrajan

    IveBrajan Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2014
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    593
    Бебуш нана па можам и јас да си раскажам :) Пред да се породам си се имав фино лепо едуцирано како да препознаам кога почнуваат болките и кога е она вистинското. Бев сигурна дека кога ќе отидам во болница ќе бидам бар 5 прста отворена и нема џабе да шеткарам таму за да чекам (facepalm) Испадна моите болки беа различни од на било која трудница (не осеќав ништо на матката и меот, туку осеќав како бебуш да ќе ми излезе низ газ, pardon my French:lol:). Првите болки што ги осетив беа четврток сабајле и беа на 7 минути. Прекинаа па си реков ај телото се спрема полека. Вечерта си продолжија болките и тоа на 7, на 5, пак на 6, 7 минути и така до сабајлето. Отидов на цтг утре сабајлето ама тоа ништо не покажа па фино ми рекоа на психичка база биле болките (втф?). Па така си продолжив со болки, се појаки и појаки ама на 7-8 минути до сабота на полноќ кога му реков на маж ми одиме во болница, не се трпи. Исто, цтг ништо не покажува ме враќаат дома и покрај тоа што им кажав колку се чести болките и дека мукозниот чеп ми паднал. Викаат дојди утре на цтг. Одам утре, докторот прегледува... 7 прста отворена и почнува да урла дирекно да ме носат у сала за царски (синко не беше наместен како што треба). Горе ми се насобраа 10 души и брзаат со игли, прашања, чепче... Јас им викам "де бе луѓе полека, толку ли е итна работава?" и тоа онака со смирен тон :D Дур да дојдам до сала, 10 прста отворена. Итно било мајката:lol: Не знам зошто ама бев ептен искулирана, ептен доверба имав во докторот. Ми ставија анестезија, ми се стоплија ноџињата и ми олесна. После 3 дена ненормални и чести болки, и око несклопено, тој пола саат за време на операцијата ми беше врв. Јас будна си праам муабет, тие го вадат бебчо, си го бубнав и ајт у шок соба :)
     
    На vitamina, Annath, Bozica1980 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.234
    Допаѓања:
    76.246
    Пол:
    Женски
    Eee ova prirodava cudna e :D koga ne smee prirodno da iskoci bebeto kje se otvoris kako sto treba 10 prsti, a koga moze prorodno da iskoci ne se otvara, pa maci se maci se nekolku casa dodeka se otvoris :D Ja aktivirav temava ej hahaha Neka citkaat idnite mamicki...:P Samo da ne gi plasime mnogu, sekoj poragjaj bolen si e do nekoj stepen, kaj koj povekje kaj koj pomalku, no eve me 3 nedeli posle poragjaj kako nova sum, a na poragjajot i bolkite ne mi teknuva, znam deka bese naporno i bolno togas... se se zaborava i posle se uziva so bebence malo slatko :inlove:
     
    На menelele, Galicka, SpangeBob и 6 други им се допаѓа ова.
  20. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    еве ја мојава пρиκазна
    во четвρтоκот на 14 имав заκажано цаρсκи, се спρемав се сρедив и отидовме. во болница ме запишаа, ми ставија κлизма, се пρочистив, ми зедоа κρв облеκов спавача и чеκам да ме однесат на опеρација. κога иде анестезиологот и ми виκа κе ја повтоρиме κρвта виκам има пρоблем? таа не, ама паκ да пρовеρиме и после 15 мин доага со д-ρот и ми виκаат облечи се не те пρавиме денес, сопρугот κе ти објасни зошто. и одам јас, маж ми ми виκа одиме за сκопје. виκам зошто? ми вели па нисκи тρомбоцити си имала, а тρомбоцитсκа маса ставале само во сκ. зедовме упут и пρаво на дρжавна. таму ми измеρија уште понисκи тρомбоцити и цела вечеρ вев на цтг, утρе сабајле д-κата виκа 5 пρста си отвоρена, κе одиме пρиρодно, а јас немав ниκаκви болκи. паκ ме ставија на цтг и κај едно од децата почна да непоκажува ништо, и дρ-κата виκа ајде одиме цаρсκи. и таκа ме поρодија, со целосна анестезија, 2 девојчиња, едното 1800, 45 см, дρугото 2200, 46 см. ги ставија на κислоρод 2 дена не ги видов. после станав, едвај и ги видов, κе биле уште ден-два таκа. и сега сум уште туκа чеκам да мии ги дадат...ρаната боли, пρимам теρапија и тоа е
     
    На vitamina, irenna, Annath и 16 други им се допаѓа ова.