1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Belina

    Belina Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам многу боли јас и од таква болка се плашев, односно од болка при породување.. Затоа услов ми беше и потенцирав при закажување за пораѓај дека сакам одам некаде каде што би било навистина безболно породување, нормално кога веќе плаќам и кога медицината го овозможува тоа. Секоја чест на тие што се породиле без анестезија, знам тоа е природен процес јас се си мислев ако биде без анестезија ќе се онесвестам од болка.
     
  2. Maria921

    Maria921 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2023
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Кај сите е различно искуство. Некои не ги боли ич, некои со болки… Стварно нема правила
     
  3. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    955
    Допаѓања:
    2.635
    Пол:
    Женски
    Мариа,не е возможно спонтано породување да не боли ИЧ,освен со епидурал. Има жени кои психички си се спремаат,имаат висок праг на толеранција за болка,вежбаат техники на дишење, едноставно природно се похрабри,а и имаат среќа да им се погоди некоја акушерка од мајка родена. Има жени природно се плашливи ,низок праг на болка ,и тоа е сосема во ред, сите сме различни, и секоја заслужува соодветен пристап. Акушеркте ни се катастрофа по родилиштата, да се салам, да знаат да се поврзат со родилката, да ја советуваат, тешат, бодрат ,итн верувам дека трауматични породувања би биле на минимум. Види видеа од породувања, од државите од прв свет, па спореди го односот со нашиве ,разлика небо -земја (масажа на перинеум се прави за да не распука родилката ,кај нас поима немаат шо е тоа). Затоа и не дозволуваат со придружба кај нас.Да не им ги гледа некој трет не човечкиот однос и непрофесионалноста, па уште и ако ги сними и да ги објави (facepalm)

    Многу сум изненадена што во приватна болница не ти била дадена анестезија пред епизотпмија. А таман решив во приватна да раѓам :D
     
    На MeowMeow и H.VAGA им се допаѓа ова.
  4. Maria921

    Maria921 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2023
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски

    Уште ме боли кога ќе ми текне.
    Не знам зашто не ми ставија анестезија, а јас им побарав ајде да не им побарав океј.
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.429
    Допаѓања:
    42.911
    Пол:
    Женски
    Каква анестезија очекувате за епизиотомија?
    Ставаат локално, боцкаат лидокаин.
     
    На Maria921 и H.VAGA им се допаѓа ова.
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.351
    Допаѓања:
    192.720
    Па таква боцка
    Памтам ме боцна доле па подле 10 мин ме шиеше
    На државно породена пред 19 год
     
    На Maria921, H.VAGA и forumce им се допаѓа ова.
  7. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.631
    Допаѓања:
    9.509
    Пол:
    Женски
    Пред 3+ години, баш со локална анестезија, ни сетив нешто, ни ништо. Буквално цело шиење си муабетев со докторот, си пишував пораки на мов дека дете се роди, до блиски роднини/пријатели, така да со тоа шиење немам некое лошо искуство или спомен.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.429
    Допаѓања:
    42.911
    Пол:
    Женски
    Па да, таква анестезија ставаат. Ме чуди во приватна со лидокаин да не боцкаат
     
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.351
    Допаѓања:
    192.720
    Чекај да утешам некоја родилка
    Првородка аум без сечење шиење
     
    На DolceVita3, tambelina и Maria921 им се допаѓа ова.
  10. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.429
    Допаѓања:
    42.911
    Пол:
    Женски
    Јас сечењето не го ни осетив, а немав ни епидурална анестезија:D
    Осетив мало боцкање
     
  11. honey95

    honey95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Женски
    Каде се породи? Телефон нели не е дозволено на бокс? Мене дури после 2 саати кога ме сместија веќе во соба со породени ми ги дадоа моите работи дотогаш само сестри се јавиле дома да кажат дека се е ок. Има опција во чаир или гак сега на втор пораѓај да си го носам барем телефонот со мене? :wasntme:
     
  12. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.290
    Допаѓања:
    27.583
    Пол:
    Женски
    На Гак ми го дадоа одма штом се породив. Дури една специјализантка што беше таму, ми го побара тел да ја слика и цело време торбата си беше до мене и телефонот. На бокс си лежев и си зборев на тел.
     
    На honey95 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.631
    Допаѓања:
    9.509
    Пол:
    Женски
    Не сме во Ск.
    Мене сами ми понудија телефон од кога се породив, бебе тргнато за мерење, чистење нели. Додека траеше завршниот дел, да се јавам/пишам на блиските.
     
    На honey95 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Maria921

    Maria921 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2023
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Било какваа. Барем малку да ублажи болка. Пишав и погоре дека побарав и спреј зошто една другарка во Систина што се породи рече дека спреј и прснале пред да ја шијат.
    Епа ако ми ставиле локално којзнае без тоа уште колку ќе ме болело… веројатно ставиле не знам. Само знам пред шиење побарав и рекоа нема потреба
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Maria921

    Maria921 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2023
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Се согласувам и мене ме болеше.
    Пишав такс зошто имам другарки кои се породија исто спонтано и ми викаат дека буквално воопшто не ги болело. Многу лесно се породиле. А мене сето тоа искуство ми беше баш како на филм што го прикажуваат :rofl:
     
  16. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.606
    Допаѓања:
    3.032
    Кој доктор те пораѓаше?
     
  17. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.255
    Допаѓања:
    1.884
    Пол:
    Женски
    Во Систина даваат телефон додека си на бокс. Барем јас бев постојано со телефон во рака и пред и после породување.
    Се породив со епидурал и не почуствував болка при шиење. Од епирдуралот само не чувствував нагони за буткање и буткањето ми траеше подолго додека излезе бебето. Тоа ми беше маана, инаку со болки спиев на бокс, немав никаква болка.
     
    На honey95 и tambelina им се допаѓа ова.
  18. Maria921

    Maria921 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2023
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Симонида и сум задоволна многу од докторката.
    Единствено ми падна чудно тој дел со шиењето, ама можеби ми ставиле локална анестезија. Не знам, како и да е ме болеше
     
    На ana-sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.837
    Допаѓања:
    19.977
    И јас бев кај неа. Се пораѓав со епидурална пред 5г и не ми беше многу јако пуштена, на бокс ја исклучија и шиењето беше без ништо зошто не знам. Тоа ми беше најлошото искуство од цел пораѓај.
    Вториот пат ( нели колку и да боли пак раѓаш второ :D) имав епидурална ама доста појако пуштена, ни напони не осеќав на бокс ни бишто a со тоа и шиење не осеќав, ама бев со провокации вториов пат затоа јако ја пуштија.

    Идни мајки за болките при отварање битно е да ги дишете и шетате. На бокс најважно е без викање да не се троши сила и да се слуша доктор. :l:
     
    На Nala1806, Maria921, flawlessss и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.255
    Допаѓања:
    1.884
    Пол:
    Женски
    чудна е Симонида за тоа, повеќе тера на природно, да се помачиш.
    Јас кај неа се пораѓав прв пат во 21 недела, беше многу посветена и достапна 24/7 и за време на се она што ми се случуваше и одпосле, па и до ден денес кога ми треба ми одговара.
    Ама ме остави во болки без да ми понуди епидурал, јас искрено не знаев дека може, тоа беше страшно со провокација, мало бебе неспремно за излегување што не бутка и јас прворотка со тело неспремно за раѓање во 12часа болки.
    само за тоа и замерувам и не отидов таму да се пораѓам за втора бременост. Од тогаш не ми текнало да раѓам без епидурал, а бев доста издржлива на болка.
     
    На Maria921 му/ѝ се допаѓа ова.