Јас на ГАК се породив, телефонот цело време ми беше во родилна сала. Кога се породив сестрата ме изнасликаа со бебето. Кога завршија со шиењето, ми го дадоа мене телефонот, во меѓувреме сестрата уште некоја слика имаше направено од бебето. Инаку за шиењето ме боцнаа локална, ама сепак ме болеше. Мислам повеќе ме болеше шиењето него пораѓајот.
Во Чаир телефонот ми остана во соба не ми дозволија да го носам во родилна, кога ме сместија во соба дури тогаш ,јас барав да се јават они дома да кажат дека сум породена бидејќи беше 23 часот а кога ме сместија во соба дури 2 по полноќ стана А сега за второво на ГАК цело време беше со мене телефонот и во родилна сестрата ми го донесе ми приклучи полнач и све, штом се породив торбата и личните работи беа тука до мене одма ми го дадоа телефонот да се јавам, ќеркичката од дома сакаше да го види бебето на камера а јас викам далеку е од мене јас сум уште на бокс после ќе го видиш а сестрата одма штом слушна ми го донесе бебето и рече звони на дадата нека хо види и ми го остави така 30 минути, поминав многу добро
Исто скроз и мене, 2 пораѓаи имам кај неа, првиот со терминско бебе, ме тераше да не ставам епидурал да не се забави процесот пошо брзо одеше, не ја послушав и стварно се забави. Вториот во 18 недела со провокации и 5 часа ужасни, константни болки без никаква анестезија, викав, барав да ми стават и освен лекови против болка кои не ми помогнаа, не ми ставија анестезија. Мислам дека пристапот нејзин е поприродно-подобро ама кога ќе видиш и она пука водењак на 5 цм, става провокации, прави маневри за да убрза процес, така да ништо од природното што вика матичниот мој природен пораѓај не постои повеќе, докторите работат како што им е најлесно и најбрзо да се заврши. Еве пример и за положбата на бокс-гледам странство раѓаат во различни позиции а тука не дозволуваат. Мене лично легната на грб со нозете кренати не ми беше воопшто удобна позиција за туркање. Ама не ми се верува дека во било која болница тука кај нас дозволуваат поинаку.
И мене ми стави нешто за болки, паѓав од болка и од спиење во исто време. Вториот пат со епидурал не ми се успори процесот, си течеше нормално. Ме фатија болки во 20ч, во болница ме примија накај 22ч, епидурал накај 12ч до сабајле до 5ч се породив. Систина за тоа немаат проблем, таму и акушерката ми кажа дека за такви пораѓаи како нашите обавезно ставаат епидурал.
Мене Симонида на 2 прсти ми стави епидурална.. си офкав дека многу ме боли и кога ме провери ми рече 2 прсти си, сега ќе викнам анестезиолог. За 15 мин ми ја ставија и после раат бев. Шиењето не го осетив воопшто
Епидуралната не ја ставаат над 7-8цм кога гледаат ако брзо оди од причина што може да го забави пораѓајот или да нема ефект. Реално се гледа и состојбата на грлото дали е меко, истенчено итн. Ако е тврдо грлото и на 7-8 цм ја ставаат. Ова сѐ го дискутирав отпосле со доктор анестезиолог бидејќи ме интересираше зошто кај сите различно делува и многу работи ми се разјаснија. Мене конкретно на 6-7цм ми ја ставија на мое барање иако докторката ме убедуваше дека брзо оди (веќе 2 саата бев таму во тие 2 саата се отворив од 4 до 7цм и немав толку многу јаки болки па сметаше дека ќе биде брзо и нема долго да се мачам) Докторката ми предложи лајт спинал (анестезија слична на спиналната што има траење 2-3 саати) ја одбив бидејќи ми беше страв дека нема да се породам толку брзо. Како и да е, проценката ѝ беше добра, да идев без анестезија или со лајт спинал сигурно 2 саата порано ќе се породев. Сега да треба да раѓам искрено, не знам дали би земала епидурал освен ако премногу боли а сум малку отворена. Нормално дека ако имаш јаки болки на 2цм ќе ти стават, сигурно нема да те остават до 10цм да се мачиш. Мене тогаш ми кажаа нема правило ама у принцип прворотка се отвара по 1цм за 1 саат. Сѐ зависи од проценката на докторот во моментот.
Здраво, јас се породив оваа година и сум презадоволна. Претходно имав кажано што очекувам и се беше како што треба. Имам поназад пишано мое искуство.
Јас конечно најдов малку време да ја раскажам втората породилна приказна. Повторно се одлучив за Чаир зошто со првото поминав супер, сега исто сум задоволна. 12ти февруари, ден четврток, а јас треба да одам на преглед и цтг во петок, веќе 39+4 сум. Сабајлето минимални болки ама ништо страшно, сопругот си отиде на работа, тие денови одеше на терен во Гостивар. Ние со малата (година и 11 месеци тогаш) излеговме да прошетаме, бевме до продавница да испазариме и си се вративме дома. Направивме јадење, поигравме уште малку и она се успа за дремка. Вечерта накај 18 часот дојде брат ми да ни прави малку друштво, јас викам ајде да го средам купатилото, да зачистам малку и како чистам така почнуваат болки така малку појаки. Набрзина средив, седнав во дневна и сфаќам дека се на поблиски интервали. Му се јавив на сопругот, тој само што тргнал од Гостивар, јас се истуширав набрзина, торбата ми беше веќе спремна. Малата јадеше и остана со брат ми, во меѓувреме дојде сопругот и брзо во кола и во Чаир стигнавме во 21 часот и некоја минута, ме ставија одма на цтг, ама не можев да издржам зошто болките веќе беа прејаки. Дојде дежурниот доктор кој излезе истиот што ме породи со првото- др. Беким Дика, го виде цтг-то и одма ме однесоа во собата за преглед каде утврдија дека сум веќе отворена 8 прсти и веднаш ме качија горе на бокс. Моето второ чудо го родив со неколку напони во точно 22 часот. Пораѓајот ми помина лесно и брзо, од тимот што ме пораѓаше сум презадоволна. Во соба ме однесоа накај 1 часот по полноќ, а сабајлето ми го донесоа и бебето. За жал бебето имаше некоја инфекција и му беше покачено црп-то па мораше да прима терапија и се задржавме една недела во болница додека се среди, ама битно се излезе добро на крај. Од персоналот сум задоволна со исклучок на две три сестри од кај бебињата и една од чистачките. Докторот што ме породи доаѓаше секој ден да не провери како сме со бебуш што пријатно ме изненади со оглед да немав ниедна врска во болницата. Тоа е мојата кратка и брза породилна приказна и им посакувам на сите да поминат како мене.
Ве читам и на некои приказни солзи ми доаѓаат. И јас мислев дека ќе ја напишам мојата породилна приказна овде, но еве и после 8 месеци не можам. Премногу беше стресна и обична за разлика од вашите. Немам убави спомени и емоции за пишување. Револтирана од целиот пристап на тимот, а посебно од немарноста на "јакиот доктор" ако пишам ќе звучам како јавен обвинител. Можеби после неколку години ќе ми помине лутината и негативата па ќе можам да ги споделам и не толку лошите моменти.
Мојата четврта последна породилна приказна- Во 01:00 ми пукна водењакот одма туширање средување торбицата досредување. Ѕвонење на мајками да дојде да ги чува другите. Негде кај 01:45 мислам дека бевме во болница. Со ова од како ми пукна водењакот болки одма немав . стасав болница ме ставија на цтг ок се болки нема откуцаи супер еден прст отворена. Болките почнаа кај 03 ч. и не беа редовни и болни. Само неможев да ги дишам нз зошто. Така терав до кај 05:00 почнаа напоните повеќе напони имав од колку контракции и не ми ставија клизма почнав со се напоните и да какам свикав по бабицата помош пуштив и по ходникот ама јас не бев крива шо не ме прочистиа а напони осеќам готово испаѓа бебето ме ставија на бокс 10 прста птворена бабицата вика диши ја болката јас неможам да дишам само напони осеќам со два напони излета бебето во 05:14 тешко 3800 и 53 цм за мене преголемо јас сум ситна ниска. испукав рече др дека мн малку било и стварно за ден два ми зарасна ко да не сум испукала воопшто. Бебето се роди лесно брзо и без болки ама таа пуста плацента не испаѓаше па следеше стискање по стомак е тоа ме измачи и ми беше болно повеќе од раѓањето на бебето. Среќа не траеше долго и тоа се среди и плацентата испадна. после следеше дочистување и шиење. И така тоа е мојата последна породилна приказна лесно поминав и со ова Само се нервирав шо не ме прочистија со клизма. мн полесно ќе беше се. помина се како викаат се заборава се кога ќе се роди бебето забораваш на се и така е осеќаш огромно олеснување и горда си на самата себе си донела човече на свет Нека се живи и здрави сите и моите да ми се живи и здрави сите четири И ако некогаш пак случајно непланирано останам бремена пак ќе си го родам без размислување и покрај тоа што се доста никогаш нема да абортирам дете!
Не те знам, но те читав по темите. Алал ти вера за храброста и издржливоста! Е ти си мајка кралица. Четири дечиња! Нека ти се живи и здрави и ти посакувам да си среќна и ваква позитивна !
Кратка и слатка приказна мајко! Честитки уште еднаш! Мечка страв, мене не страв. ме мотивираш ! Се надевам и јас вака како тебе брзо ќе поминам. Здравии живи да сте ми и ти и бебе и останатите околу вас.