Редно време беше да ја раскажам и мојата породилна приказна Со закснување од скоро еден месец.... ИИИИ, се започна вака... На 23 април, четврток си стана како и вообичаено кај 09 часот. Така имав еден голем апетит, тоа чудо едно. Дури се сеќавам од што бев гладна се што ми дојде при рака изедов. Кога ќе ми текне што јадев и денес ми се смее, ама ете тоа ти е бремена жена. Што се на ум нема да и текенезамислете јадев бурек и крем во исто време Ок, следеше едно добро кафенце и правец цо кревет. Околу 13 часот, ај си велам да станам да се размрдаммалку, станав и одам во тоалет. Кога на долната облека гледам неколку капки крв. Ме фати паника, се исплашив и почнав да плачам. Многу рано ми беше, теминот за породување 07.05. Одма црни миси во главата, филм до филм. Му се јавувам на мојот сопруг цела во солзи и за нецели 10 минути тој дојде дома. Се смирив малку, се облеков и одма кај мојата матична докторка. Влегов преку ред на преглед и докторката ми вели дека не сум отворена, породилниот канал затворен, бебто со главчето надоле спремно з апородување. Не сум била за во породилна сала и ми рече дека упат не ми дава за породување зошто нема да е за скоро. Се смирив се ок, го видов бебчето на ехо. Следеше вагинален преглед на бокс и кога гледа докторкава уште крв, ме гледа и некако не сигурна беше. Добив упат за на одделот за гинкологија и за цтг. Отиднавме со мојот на преглед и на смена беше еден доктор така постар. За баксуз не беше докторот кај што одев пред тоа на приватни прегледи. Ај рековме да не фаќаме паника без потреба , одлучивме да ме прегледа докторот кој беше на смена. Ме гледаше на ехо и ништо не ми кажува. Јас уплав добив, што е работата сега. Следеше најодвратниот вагинален преглед од уште поодвратниот доктор без никаква култура и човечки пристап. За за на крај ми каже дотичниот дека сум била многу разгалена. Срамота! Никоој не заслужува толку неубав пристап. Се исплашив дури, се навредив, не убаво се чуствував. Ме пуштија дома со дијагноза два прста отворена и во рок од 72 часа да се породам. Се вративме дома и јас одлучив дека ќе си одам во Скопје за породување и дека нема да дозволам така некој сличен не човечен пристап. Во таа паника си бев и на шопинг, дури мислев готово ете се пораѓам за брзо време. Болки немав никакви и крвта одма престана. Бевме под притисок сите очекувавме само да почнам да се породувам.Заминав дури и кај мајка ми зошто од тамо ни беше поблиску Скопје. Помина ден, два, три и ете ја неделата си дојде ххехеххехех. Наутро околу 7.00 се будам и чуствувам како да ми тече нешто. Станав одма и во тоалет и гледам водичка течееееее. Го будам сопругот викам по мајка ми за да видат тие што ми се случува. Ок, пукнал водењакот. Паника плус, прашања дали ке издржам пат до Скопје. Болки немав никакви. Тргнуваме околу 07.40 и правец Скопје. Во кола сите чекаа само да почнам да вриштам од болки. Јас пак смирена си уживам и слушам музика. Болка никаква, супер ми беше. пробав да не си правам филмови што како ќе се случува натаму. Среќа останав смирена. Стигнавме во болница и одма на цтг. Ме примии една докторка која беше многу добра и културна. Ми објасни се што како и заедно го гледавме бебчето на ехо. Вагиналниот преглед покажа исто два прсти отворена. Ми дадоа една спаваќа цела искината од 1901 хеххехе. Немаше место каде да ме сместат и ме сместија на друго одделение. По малку почнуваа болките, оние малечли грчења. Не можев да се гледам во таа спаваќа си облеков моја и си излегов надвор кај моите. Бев на цтг пред тоа и покажувааше дека уште е рано. Јас си реков штом е рано јас одам надвор од соба, барем не слушам другите жени како вриштат , ме вознемируваа некако. Почнуваа појаки контракции, јас стиснав заби и трпам. Си велам самата на себе-Издржи, не ти доликува да вриштиш како мало дете. Надвор мајка ми беше и сопругот, со нив поминав и сито и решето што се вели. Најгоелмите болки ги поминав надвор во дворот на ГАК без глас да пуштам. Јас го прошетав дворот милион пати. Со ужани болки јас шеткав цело време. Мајка ми не ми веруваше дека имам болки големи, се сомневаше дека не испуштив глас. Ми велеше- Рано ти е, штом можеш да шеткаш немаш толку јаки болки. Решив да си одам во соба и да одморам малку ако е можно. Ја замолив главната сестра и мајка ми д аја пушти во соба со мене. Така и беше. Станав за во тоалет и некако како да почустував нагон за туркање на бебчето хеххехе. И кажав на мајка ми и на главната сестра дека морам на цтг нешто чудно ми се случува. Тоа цтг неможев да го издржам од јаки боли, почна лицето да ми се поцрвенува. Не можеше сестрата да најде доктор за да ме прегледа. После 15 минути се смилува некој од тие што се на специјализација да дојде и да ме прегледа. Се утврди осум прсти отворена и готва за породување. Прваеце на одделение за породување. Ми се чудеа како глас не сум пуштила хехехех и ме опомнија да не напнувам. Повторно на цтг и вагинален преглед. Видоа дека сум готова за породување. Отиднав на бокс, сите сестри, доктори си заминаа и си останав сама. Така си седев едн час и повеќе.Како што поминуваше времето така болките појаки ми беа. Почнав да викам да дојде некој, да ме види, почнав веќе сам да напнувам, се плашев дека ке се породам сама. Дојде една акушерка и таа почна да ми кажува како и што да правам. Не беше задоволна од мене и дури ми се закани ако не напнуваш како што треба си одам да вечера. Мене во таа паника косата ми се крена кога ја слушнав. Ја замолив да не ме остава сама, дека се плашам. Таа, госпожа око не и трепна и си замина. Повторно сама, почнав да барам помош. Ете ја после некое време, среќа и едн адокторка дојде. Ме виде и ми вели дека ќе треба уште 2-3 напнувања и бебето во рацеке го имам. Си замина докторката, останав со акушеркат сама. Грлото ми се исуши, молев за капка вода. Само една голтка, знев дека не смеам да пијам вода. Ја гледв чешмата пред мене и ми се пиеше само една голтка. ок, помина и тоа. Акуперката не задоволна повторно, напнување од 30 секунди немало. Дојд еи еден доктор и баш супер ме опушти и ми даде инструкции како полено за дишам и издишувам. Дојде и докторката од пред тоа и уште неколку сестри и толку бидна. Се породив, ми го дадоа бебчето на гради, Беше малечко и одма на мерење го ставија. За минутка повторно сама после некое време дојдоа да ми го шијата исеценото место хехеххех ете ти нови болки. Среќа со анестезија беше, не беше во живо зафатот. Ми го дадоа мобилнит телефони му звонам на мажот ми- Имаш ќерка, копија твоја. Одлучи за име! Потоа им се јавив на моите како што е редот иако сите беа доле и чекаа радосна вест од мене. Додека траше зафтот си го гледав бебто ми беше од спротивната страна и се чудев што му е зошто не плаче. Тоа си ја отвораше устата само и мрдаше со рачете и нозете. По извесно време го зедоао бебнцето да им го покажат на моите и н амажот ми. После тоа на детален преглед од педијатар. Остнав сама повторно, ми кажаа дека н абоксот ке останам два часа и на крај останав цели четири часа оптегната. Смрзнав до 03.15 сабајле часот сама. Се сетија на мене породена од пред 23 часот породена дека треба да ме сместат во соба. Мојата среќа се активираше повторно хехех немаше слободен кревт во одделот за родилкки. Ме сместија во ургентно гинекологија. Тамо останав се додека не се ослободи место да можам да одам тамо кај што треба. Бебто си го видов дури вечерта во 20.30 часот. Збеснав искрено. мислв нешто не е ок со него. Доодека чекав на боксот до раните утрински часови не се најде некој да дојде да ми каже како ми бебчето и како поминал прегледот на педијатар. Искрено очекував повеќе од Гак, но како да кажам , а да не звучам лошо. Ми долкуваше како место за вриштење и пиштење без никој да нема обзир према тоа. Едноставно да се породишми толку, колку по редот да поминеш. Додека се породив милион пати си реков-ЈАс тука повеке не, прв и последен пат. Раната многу ме болеше наредиот ден и едвај сама станав, немаше кој да ми помогне. Останав полни 2 дена и третиот ден пред пладне ме пуштија дома. После неколку недели собрав храброст да се и ја видам раната доле и среќа не се исплашив. Се охрабрив и отидов во спална на мажот ми и му реков дека уште 1-2 бебиња ќе родам. Поголема среќа од мојата ќерка немам доживеано. Да ми е жива и здрава и секако ќе си има или бате или дадичка натаму. Не се откажувам. Штом е прикажна ете ја и мојата. Малку подолга, но многу детална.
Се чудам кога читам дека сами ве оставаат на бокс.Јас два пати се порагав и одма после шиењето ме однесоа во соба.Јака ви душа.
I jas bas citam..i jas vo gak se porodiv i sum prezadovolna a stvarno bez vrski bev.ete valjda taka mi se pogodi.inaku i mene me ostavija dva saata na boks, taka doktorot mi rece deka mora ama pa bese bas toplo a i bev pokriena
Sto e najtragicno sto moze i da te zaboravat kako mene sto mi se sluci. Namesto dva da ostanes plus dva casa. Iskreno jas smrznav bas do vrata mi bea nozete. Vratata se znae otvorena. Se ukociv I na kraj bolnicarot ne mi ni pomogna koga me prefrlase od boksot na bolnickiot krevet za nosenje. Sama se vleckav , plus siena i toa mnogu. Ama koj te gleda, bitno da pomines po redot. Ili eventualno nekoja vrska ili paricka plus za da te gledaat kako covek.
Jas da sum bila lom kje sum gi napravila, vednas kje im se zakanam deka kje gi viknam mediumite (LATAS) !!!!!!!!!!
Нема ништо чудно. Два саата по пораѓај треба да те следат, затоа и се седи на бокс. Е сега, има и вакви и онакви приказни. Има родилки кои навистина ги забораваат, ама има и родилки кои сметаат дека треба некој постојано да биде до нив, па затоа прават галама. Не знам... секој со својата приказна. Мене после точно два часа од породувањето ме сместија во соба. Генерално сум задоволна од односот на персоналот на ГАК. Не велам дека е совршено, туку само дека сум задоволна. Со оглед на се што прочитав и слушнав очекував хорор, ама не се толку страшни.
Очигледно не ги следат штом ги оставаат родилките 3 саати сами да дремат.Тоа е неодговорност на медицинскиот персонал,а не разгаленост на пациентката.
Мммм па јас си ги читам тука приказните а гледам не сум пишала ништо за моите приказни, сТрам ме било. Породилна приказна број 1. Иако си знаев теоретски се што ме очекува, теорија и пракса не се воопшто исти. Се почна на 22.10.2011, почнаа болките уште сабајлето, беа слаби и не им обрнав многу внимание ама ги пратев и отприлика знаев дека дошол денот, цел ден си бев со болки, вечерта веќе почнаа поинтензивни да стануваат, контракции на 7-8 минути и му викам на мм време е за болница. Стигнавме во болница околу полноќ, веќе бев отворена 6 прсти, контракции на 5 минути, тогаш и ми пукна водењакот, отварањето одеше брзо, немав време ни за епидурална само ми ставија инекција за болки, цело време се шетав, така полесно ми беше ама кога дојде време за напнување се качив на креветот, почнав да туркам, болки големи ама малиов заглави на сред пат, ни натака, ни навака, се заглави со рамениците, широк на тато. Мм цело време ме теши дека се ќе биде добро, добивам нагон за напинање а не смеев да напињам додека не дојде доктор да види што е работата, дојде докторот вие дека е заглавен кај рамениците, пикна ракатаго подзаврти малиот и ми вика ајде сега дај напон, ааааааааа не иде пак си стои малиот заглавен како магаре на мостдокторот вика ќе пробам со форцепспроба со форцепсот, оф боли лудило, пак мм ме држи за рака ме теши, од прва го извади малиотмалце беше целиот модар од што заглави на пола пат, имаше белег на лицето од форцепсот ама беше најубавото нешто што некогаш го имам видено. Ми го ставија на гради веднаш, мм онолкав маж се расплачемалиот уште очи не отворил ама одма отвори устето да цица, лакомо момченце. Доста бев сечена, голем синко и плус место за форцепсот ама стварно се се заборава кога ќе си го видиш чедото за прв пат. И така на 23.10.2011 во 05.35 се роди Матео 4150/53. Инаку мене ми предлагаа поради големината да се породам царски ама бидејќи веќе имав две операции на стомак секоја наредна бременост ќе ми беше високо ризична и одбив освен ако се мораше и така не смеев многу, многу да се жалам за време на породувањето или да го пцујам мм. Продолжението следува........
Затоа и реков погоре, има секакви приказни. Дека има неодговорен персонал, јасно е како ден, не за џабе ни е здравството до ова дереџе дојдено, ама дека има и разгалени и неинформирани пациентки, да не се лажеме, има.
И јас бев нешто повеќе од два часа на бокс, но многу сум задоволна од докторот и од персоналот што ме породуваше, докторот постојано доаѓаше да види како сум дури и маж ми и золвами ги пушти да ме видат. Со оглед на тоа дека царот три дена го раѓав мојава породилна приказна е подолга и во друга пригода ќе ја раскажам.
Кхм, па вака. Си легнавме околу 2:30 насабајле, јас побрзо во живот не сум заспала. Се разбудив околу 4, и правец во кујна по вода. Како што почнав да пијам така отоздола почна да излегува. Почнав да се смеам како луда, а од моето смеење се разбуди маж ми. Брз туш и правец во болница. Стигнавме во болница (ГАК) околу 5, ме ставија на цтг нема контракции а вагинален преглед 4 прсти оторена . Среќа мојот доктор беше дежурен па ми објасни што како. Ме сместија во соба... и сега што? Чекај! Околу 7 почнав да осеќам болки Потоа дојде визита, ме прегледаа 9ипол прсти,на цтг ме приклучија а контракции лудуваат ли лудуваат... ми ставија клизма да се прочистам и ме однесоа на бокс. Да си кажам си бев послушна како прваче. Како ќе ми кажеа, така правев. Оп еден напон, па друг, па трет и на четвртиот Теодора излезе 3100/47 во 9:50 на 03.05.2015! Со небесно плави очиња. Потоа следеше шиењето, (поминав со две кончиња ) а шиењето беше мачја кашлица за разлика од породувањето. И си отседов добри 3 саати на бокс и после ме префрлија во соба и ми ја донесоа Теичка. Само можам да кажам дека ова беше прекрасно искуство за мене,лесна бременост а може да се каже и лесен пораѓај. ИМА САМО ЕДНО ДЕТЕ НАЈУБАВО ВО ЦЕЛ СВЕТ, И СЕКОЈА МАЈКА ГО ИМА!!!
Abe hrabra mlada majka alal da ti e nie pomladickite ic ne se plasime znaci... hahaha jas edvaj cekav da se porodam, malku potesko pominav ama ic ne se plasev, vo toa macenje ni ednas ne pobarav carski i ne ni viknav po nikoj (taka samicka ne ne ne si vikav si se tesev so bolkite) , zatoa sto znaev deka nikoj nema nisto da mi napravi so edvaj 5 prsti otvorena (a se do posledniot saat ne bev ni tolku otvorena) haha
Продолжение....... Породилна приказна број 2. Со второто сонце на мајка терминот ми беше на 23.08, терминот веќе ми беше надминат за 5 дена, сабајлето станав рано за дан одам да се причестам, инаку сонував дека ќе се породам на Богородица ама цело време бев убедена дека сонот врска нема, мм го испратив на работа со уверување дека денот Д сигурно не е денес, немав никакви болки а со Матео цел ден предходно имав болки. И така отидов во црква, татко ми дојде со мене да не возам со толкав стомак, помина литургијата застанав на ред за причестување, се причестив, го дигнав малиот и он да се причести и оп почна да ми тече вода по нозете......ми пукна водењакот во сред црква, кој срам. Татко ми па пустиот отишол до вц и се заглавил таму, не му се отварала врататаајде го најдоа него и тргнавме во болница, Матео пресреќен скока дека брат му ќе излегувал од мешотоуспат му се јавив на мм, тој па ми вика нели немаше да се породуваш денесморееее доаѓај и не филозофирај многу, многу да не си го добиеш. И овој пат ми беше предложен царски поради големината ама пак одбив, само ако е неопхпден за да се спаси малиот инаку нема потреба и така си стигнавме во болница, контракциите само што почнаа веќе додека дојдов во болница беа интензивни и на 5 минути, некако многу на брзина ми се одвиваше отварањето овој пат, за 2,5-3 саата веќе бев целосно отворена и спремна за породување. Малиот цело време беше со мене во соба, скока се радува, му кажува на брат му да не ја боли мама побрзо да излезе, тек кога дојде до самото породување го извадивме од соба, стоеше надвор со татко ми. Исто како и со Матео, широко момче во рамениците, туркај, туркај не сака да излезе, снемав сила веќе, седна мм позади мене за да ми ги држи нозете отворени дека цело време како некоја девица што за прв пат машко и пушта рака ги затварав нозете. Ништо и овој пат не се спасив од форцепсот, пробавме нормално ама не идеше, веќе бев скроз исцрпена иако кратко траеше целото породување ама баш дека беше интензивно наеднаш па снемав сила, дојде истиот доктор што го извлече Матео го извлече и Константин. Овој пат се заборавија колку сечеле, па кога си застана докторот да шие, чиниш гоблен везе толку време се задржа долу. Ми го дадоа веднаш на гради и тој беше модар, тој па на тиквата имаше белег од форцепсот ама најличен на мамаи тој лаком како батко му веднаш си го најде цицето и шмука ли шмука. Пресече мм папочната врвка, го земаа малиот да го забришат, измерат и да му стават инекција, гледам тоа бројката на вагата, очите ќе ми испаднаа.......4585/57 ми се слоши, повратив му побарав шеќер и вода на мм, му викам на мм треба да ми се даде некаква медаља за издржливост, храброст, Боже што сум истуркала низ телото, цело време низ главава ми идеше песна од Никелбек.......Amen I, Amen I, I'm alive Amen I, Amen I, Amen I, I'm alive. Цело време сакав Кастиел името да му го ставам на малиот ама дека роден на голем празник, од имињата што ни ги напиша кумот се одлучивме за Константин дека на големо момче му треба големо име. И така Константин се роди на 28.08.2013 во 13.25 и се оствари сонот што го сонував пред нова година само не можев да се сетам за името кое ми го кажаа на сон. Породилна приказна број 3. На мадам моја терминот ми беше на роденденот на Матео- 23.10 ама си викав еј двајцата пред тоа ги надносив сигурно и овој пат нема да биде на тој термин, баш и не сакав две деца на ист ден родени. На 4.10 скоро 3 недели пред термин околу 16 часот почнаа контракциите, му се јавив на татко ми да дојде да ги земе децата, му се јавив на мм да планира во наредните саат, два дека ќе треба да одиме во болница, тој па ми вика па рано ти е има уште три недели до термин, му викам дојди кажи му го тоа на бебево може ќе се предомисли и ќе остане во стомакот до терминот. Додека влегов да се истуширам затоа што почна пот да ме облева, ми потече водичка, отиде водењакот и знаев дека дефинитивно ќе се породам. Затоа што не сакавме да го знаеме полот на бебево бев ептен возбудена, едвај чекав да видам што ќе биде бејбито, дојде татко ми ама децава не сакаа да одат со него, сакаа со мене да останат, му викам на татко ми, ништо ќе ги носиме со нас во болница, нема што да им правиме, си се товаривме сите во кола и правец болница. На мм му се јавив кога стигнав дојде во соба кај мене, дали дека возбудена некако цело породување ми помина како низ магла, брзо се отворив, брзо дојде до самото породување, мм цело време ме храбри ама и тој беше многу возбуден, да не се лажиме и двајцата сакавме ќерка ама и двајцата бевме убедени дека ќе имаме уште еден син. Немаше потреба овој пат од доктор со форцепс, малава со три напони излезе, не ме ни сечеа, батковците и го истрасираа патот предходно, го прошириле каналот со рамениците. Излезе што излезе малава ми ја ставија веднаш на гради и ја прашувам колешката као што е бебево машко или женско, таа се смее и ми вика погледни сама, ја кревам малава и гледам дундичеја вртам накај мм му викам дали гледаш тоа што јас гледам и тој клима со главата, аууууууу имаме ќеркаааааааааааа, почна да игра низ собавасе прибра тек кога го викнаа да ја пресече папочната врвка. Многу се израдувавме и двајцата за ќеркичката не дека немаше да се радуваме еднакво ако беше синче, јас па ја гледам малава и си викам е аман три деца родив сите три плукнати на татко им, еееее ќе морам уште едно да родам ваљда тоа на мене ќе личи, мм се умре од смеење. Ги внесе децава мм во соба да си ја запознаат сестричката, после влезе свекрва ми а уште не и кажавме што е бебево, кога и кажавме дека е женско и дека и го ставивме нејзиното име ќе паднеше жената во несвест, после 4 сина и 10 внуци мислеше дека никогаш нема да се роди женско во фамилијата. И така Летиција се роди на 04.10.2014 во 19.55 малку помала пд батковците и затоа полесно си поминав 3620/50 лична на тато а умна на мама. Може ќе има продолжение уште дебатираме.
епа да знаеш ме наполни со таква позитивна енергија ..што нема да ме пушти до сам порагај,,, и јас сум веке со поминат термин до 22 веке сме 26, исто големко, првото за 5о грама 4 кила, ова сега над 4 кила,, али се ке биде ,, ке се издржи, се тешам јас со тебе,,, и браво за храброста и издржливоста аууу...и да знаеш се изнасмеав за тоа со водењакот што ти пукнал во сред црква,,,и едно прашање, во мк ли се породуваше или си некаде во странство,,,поздрав
Во Австралија сум сум Мекушка, тука се породив со децава. Сега и јас си се смејам за водењакот во црква ама тогаш што срам ме удри, ќе пропаднев од земја, башка сите знаат дека ќе одиш да се породуваш па додека тргнавме милион непотребни совети си добив.
Mamicki,nie poleka poleka,si fativme nekoj red so malata,eve sega spie pa aj i jas da pisam zbor dva za mojata porodilna prikazna.10 dena nad termin malava nema aber za izleguvanje i ajde mi zakazaa za so provokacija.vecerta pred da odam vlegov da se tusiram gledam malku krv na gakite i kako kafeav iscedok,ama ne se ispaniciv ,veke bese 1 po polnok i velam ajde do sabajle ke se strpam pa ke vidime sto e.se srediv si legnav i pocnaa skroz slabi bolki ama kako na intervali,si velam ajde ke pocekam nemise veruva deka e vreme za vo bolnica,i za saat dva prestanaa bolkite,otspav malku sabajleto vo 8 pravec bolnica.me stavia na ctg,nisto,nema kontr.a jas si se izraduvav si velam ajde ke pominam bez provokacija ama ete ti,nisto od toa,me pogledna doktorot,bebceto svrteno so glava nadolu i veli na sestrata nisto,ke mora provokacija,a jas zbuneta isplasena ne kazav deka vidov krv prethodno.mi dade da potpisam deka sum slozna za provokacijata,mi ja stavi i pak na ctg.si lezam i si cekam bolki,i ajde pocnav da osekam onaka slabi,pa pojaki i ete ti milion kontrakcii bolni, se paralizirav od bolka ama ne vikam stiskam zabi,edni na minuta dve,dr.na 2min 3,abe ke zbudaleam,mi pustaat celo vreme spazmeks i nekoj dr lek ama bolkite neizdrzlivi i doktorot vika nisto ke ja vadime provokacijata ne e dobro sto se takvi kontr.ja izvadia i pak na ctg,na stolot sega,abe umiram od bolka,koj kako vleze od sestrite se faka za glava mnogu jaki i mn cesti kontrakciite no nebile dobri za poragaj.cel den taka,so bolki abe okapav se paralizirav negi osekav nozeve.4 pati nokta me prakaa pod topol tus odev po saat vreme,i tamu malku me opustase od toploto no za kratko..ajde me pregledaa,2 prsta otvorena,pak ctg,pak tus,veke se smeni i 2 smena,kontrakciive na minuta dve,nemozam veke nitu da sedam nitu da stojam a cel den nemam nisto jadeno pa mi pustija nesto da me osvezat,i ajde posle nekoe vreme se reguliraa kontrakciite,jas otvirena 5 prsti me kacija sega na boks,i se ceka na kontrakciite i na moite naponi.tuka celo vreme bese i mm i toj veke malaksan i mi veli daj butkaj da se zavrsi pobrzo nemozam veke,mazi ej..turkam jas gi slusam doktorive sto kako da pravam ama nebiva be ne izleva bebce,i ajde mi rekoa se progledala glavata ja mislam me lazat da me ohrabrat,i doktorkata mi ja fati rakara i ja stavi tamu na glavceto i stvarno,pipkam kosicka,.davav se od sebe turkav kolku sto mozam sama i veke odnemav sila,i nakraj koga davav naponi gledam deka ide polesno bebceto dusicka samo si turkase i odednas stana mm videl deka izleguva bebus,uste eden napon i eve ja mojata princeza,papocnata vrvca ja presece mm,mi go stavia na gradi,me sredia doktorite okolu podledokot,imav samo edno konce sum puknala od napon,i zaedno so bebce i mm ne smestia vo dr soba tamu bevme okolu 2 saata,mm potpolnuvase nekoi formulari bebce go merea,3.100,i 50 visoka,si fati vednas cice,mene i na mm ni dadoa cajce da se osvezime ne prefrlia vo mojata soba,bebus go zedoa i jas sum zaspala.da se navrtam na momentot koga ja zdogledav malata,neprocenliv,samo toj sto go ima doziveano znae za sto zboruvam,zosto nieden zbor nemoze da go opise toa cuvstvo,toa e sovrsenstvo..cista ljubov,nov univerzum..doktorite bea prekrasni,celo vreme glavnata doktorka me bodrese me tesese duri i sama mi rece na kraj da vreskam da vikam kolku sakam deka polesno kemi bide,pa ja poslusav.a za vreme na poragajot piev nelolku pati voda onaka da se osvezam,gore procitav ne vi davale,mene mi dozvolia ovde..znaci otidov vo petok sabajleto vo 8,se porodiv sabota vo 4,se na se bolno iskustvo,bese toa dolg den i dolga nokj,no veruvajte idni mami,SE SE ISPLATI,DA TREBA USTE STO PATI KE POMINAM NIZ ISTOTO ZA TOJ NEPROCENLIV MOMENT KOgA TI SE RAGA CEDOTO.i uste ova zaboraviv da spomnam,koga prv pat me pregleda doktorot sabajleto ne rece nitu deka imam puknat vodenjak nitu deka cepot padnal nitu nesto slicno,koga se smeni vtora smena ispadna deka sum otisla so puknat vodenjak,me prasuvaat dali nesto sum zabelezsla velam ne samo malku krv,i taa edna sestra veli nee krv vodenjakot e,nisto ne razbiram seuste, mm i veli kako pa nee osetila i veli taa puknat e vnatresno zatoa ne e osetila, uste sum zbuneta po toa prasamje sto se ima sluceno ama stom pomina se vo dobar red,nesakam da se navrakam na toa.izvinete za dolgiot post,ama takvi se porodilnite prikazni,nekoi podolgi nekoi pokratki no i ednite i drugite ispolneti so mnogu ljubov.
Jas mnoogu kasnam, skoro dva meseci pominaa, ama ke si ja raskazam prikaskata. Stanuvam sabajleto na 06.04 i gledam krv i si vikam sigurno cepot mi padnal. Aj vikam da se sredam i ke go budam mm, pa si fativ peglam kosi, se sminkam, peglam alista mislis na svadba ke odam. Stana mm, pievme kafe, jadevme i na klinika. Me vratija rano bilo. Ajde doma. Sedevme, pievme kafe, spiev i nakaj 7 vecerta me fatija nekoi slabi bolki. Se pojacaa i otidovme pak i mi vikaat odi doma odmori, do vecer ke se porodis. Vo 11 veke bea pojaki bolkite, vo 11.45 me primija 5 prsta otvorena, pa me prasuvaa podatoci ova ona i vo 1.50 me kacija na boks. Dojde dr mi kaza napni so nozete fateni za butovite i bebeto izleze. Ete tolku. Po 1 saat me odnesoa vo soba i vo 6 sabajleto i sinceto mi go donesoa, 3450gr, 50cm dolgo. Se pogodi mirno bebe i na site idni mami im posakuvam vaka lesen i brz poragaj i vaka umno bebce . I tuka blagodaram na forumot sto postoi i na site clenovi koi nesebicno sovetuvaat. Ve sakaaaam
И мене ми дојде ρедот! Саκам да се пρисетам и ρасκажам! Неκолκу вечеρи по ρед имав болκи во интеρвали! Стани утρото ништо! Одам во дρжавна на денот на теρминот, на цтг ништо! И ми велат на 2 дена саκаш, саκаш сеκој ден доаѓај да те следиме! Четвтρиот ден по теρминот, утρото од оκолу 2 часот на 20.05 повтоρно болκи! Во интеρвали! На 20 мин, па на 15, па на 10! Ама ни се исплашив, ни помисливдеκа дошол денот! Неκолκу вечеρи таκви болκи и исцедоκ, па ρеκов и овие се лажни! Но, сеκаκо бев за на цтг дента, тρвнав поρано, оκолу 7! Ме ставија на цтг! Има болκи, ајде соблеκувај се, доκтоρот ме пρегледа се отваρам! Значи тρгнавме! Чао- чао со мм! И ме пиκнаа во пρедρодилна! МИ се намалуваат болκите, наместо да се зголемуваат! Си шетκам низ собата да ме фатат и чеκам! А, од туκа си спρемаат дρуги тρудници и ги носат на цаρсκи! Една, дρуга, тρета дојде! Почнаа κонтρаκции и ме виκа доκтоρот за пρеглед! Одам и се κаκ*м од стρав! Пиκа ρаκа, а со дρугата стисκа од гоρе на стомаκот, со боκс! Јас пиштам, тој гајле нема! Κопа ли κопа внатρе! Баρа нешто од сестρата и гледам цρно, κаκо стапче и дρжи со едната, со дρугата тоа го пиκа! Ау... болκа! Па и паниκа! Немам поим што пρави човеκот! И слушам вода! Аха.... го пуκнал водењаκот! Супеρ! Ме пушти во пρедρодилна паκ! Неκаде оκолу 2 после пладне! И сеκаκо κонтρаκции! Си почнаа! Ја земаат и тρетата за цаρсκи! Издρжувам, на оκолу 5 мин стигнаа болκите! Ама сатот 5 дојде! Почнаа на2-3 минути! Почнав да вρесκам! И сама си плачам си јачам! Помини замини пρават сите! И таκа ниκон не саκав да ме гледа! Оп и четвρтата ја земаат за цаρсκи оκолу 6! Вρесκам ли вρесκам! Не се издρжува! Дρ пρед да оди на цаρсκи вели 6 пρсти, ќе почеκаме уште малκу! Ајде! Чеκаме! Немав сила веќе! Подолго болκи имав отκолκу паузи измеѓу нив! Доаѓа во 8 паκ пρеглед! Аман со тие пρегледи! Ми вели, ама тоа е единствен начин да се види! Κопа и и вели на сестρата ќе заглавиме! Јас мислам уште ќе чеκа и почнав да го молам! Аман дρ пρави нешто, не се издρжува! Па 18 сати во болκа, 2 дена немав κаснато ништо! Вода 18 саати не се имав напиено! Немав сила! Тој виκа и да не ме молиш моρа да пρеземиме нешто! Излегува κаκо ветеρ од туκа и виκа по ходниците: Уште една цρзаρеа!!!! Спρемај сала! Јас не бев ни свесна веќе! Само вρесκав и баρав што побρзо да ме земат! И на κρај κонечно во 10 до 9 ме зедоа во сала за во 9 и 7 мин да излезе моето синче 3480/51 κое сеκаκо не го видов дуρи не се освестив! Многу ми е κρиво заρади тоа! Аκо се измачив, баρем да ρодев пρиρодно! Мм од надвоρ ама го известувале цело вρеме! Дρ му ρеκол или главчето го подсвитκало или затега папочната, ама веќе доцна е за ехо, одиме на цаρсκи! За понатаκа и да не ви ρасκажувам, освен моето здρаво и живо синче немам што да се фалам од болницата! Се надевам ниκоја нема да има поρаѓај κаκо мојот!
Мила сега е најбитно дека бебе е живо и здраво, ти си добра, е сега тоа е сите мораме да поминеме низ тој пат, кој полесно кој потешко, само со Бога напред да не чува сите...Сега гали се и уживај си со синко
Like од мене @SpangeBob, не за болниот и тежок пораѓај, туку за твојата храброст и издржливост . Гушкајте се сега, нека е здраво и живо момченцето