Само тоа и го пρавиме сега мила! Се чуваме, доиме, галиме! Ама саκав да се потсетам и да запаметам зошто мајκа ми вели, сите неκа почувствуваат што е мајκа! Е сега и благодаρам и знам што значи! @Kiflicka05 се за ова бебенце што го имам сега! Повтоρно би истρпила се! Ич не се жалам! Нема поубаво чувство! Сеκој да почувствува посаκувам!
Ајде мене како неинформирана дајте ми детално објаснување како се се одвива, од стигнувањето во болница па се до излегувањето.
Браво за храброста мила.. Солзи ми дојдоа на очи.. Единствена светла точка е твоето малечко, може и ќе зборавиш детали од раѓањето ама таа светла точка ќе те следи до цел живот.. Гушки и бацки до храбра мама и умно бебе
Тешко дека породувањето ќе ти се одвива според некој терк. Кај секого е различно Кога претходно спомнав неинформираност повеќе мислев за информации околу тоа како тече породувањето т.е за породилните фази, што отприлика би требало да очекуваш да се случува, правилното дишење и сл. Првата фаза е отворањето, втората е самото породување и третата е периодот од два часа по породување кадешто се останува на бокс и персоналот ја следи родилката. Е оваа третава фаза т.е останувањето на бокс повеќето родилки го доживуваат трауматично (барем според раскажувањава тука) а всушност е сосема нормална и рутинска работа. Што значи, ако те остават да лежиш на бокс два часа не значи дека те мрази персоналот, туку така треба И јас не ги знаев овие работи, ама одев на подготвителни часови на ГАК па малку од малку ми се разјаснија работите. Не дека се што ќе ти кажат таму мора да ти се случи. Се е индивидуално. Јас на пример експресно се отворив, ама и болките ми беа “експресни”. Постојано, без пауза Ама се се издржува. Посебно вака после скоро година дена од настанот, некако се полесно изгледа
Мн ти е рано да се оптеретуваш Ние од ист град сме чинам?? Ако сум во право ке ти објаснам детално за секој доктор кој како работи
многу ми е жал што си ги истрпела сите болки, толку болки си истрпела, па пак да завршиш на царски,,,и јас знаеш колку бев загреана за царски, ама ко се породив природно, и ко ги видов тие што с е царски, исти ден породени со мене, јас истиот ден станав, а тие грејните после ден два,, да во природното е тешко самиот чин на пораѓање, али ти пола од чинот си поминала, и пак царски, ама нее е битно, си издржала, сега пак како резултат на тоа го имаш најслаткото бебенце на свет(нели така си викаме мојто бебе е најубаво, секоја мајка з а своето бебе)...поздрав и чувајте се, па се читкаме во темата бебе...
Da mila od ist grad sme. Znam deka mi e mnogu rano, ama da znaes sto se mi pominuva niz glava uste sega auuuu. Pisi mi vo lp za doktorive nasi.
Не сакав да одам понатака со приказната за во болница, за шок соба, за условите, за раната од царскиот! Леле... Ама, помина-замина! Готово, заборавив! Имам нешто многу вредно во рацете и веќе не е битно ништо! Навистина е така! За мајката нејзиното бебенце е најслаткото! Би го изела ова мое торте! Обравчиња има! Хихихииии.... Поздрав и од нас до новото другарче!
Дамјан заспа па еве и јас да ја раскажам мојата приказна додека сеуште ми е свежа,,,до утре точно една недела како се породив, се породив во 3,40 сабајлечки, а минатиот четврток баш ова време стасав во болница,,,вака беше: термин ми беше на 22 мај, и после поминат термин одев на 2 дена на цтг, во средата бев на цтг и ехо, кај матичниот и цтг добро нема контракции, на ехо се добро постелка сеуште незрела, вика док. за ден два ке биде,,,си отидов дома, една жена ми кажа дека она се качувала во зграда по степеници неколку пати, и во среда вечерта јас се искачив во 4 згради до 6 спрат и назад, вечерта ме заболе стомакот, почнаа болки ама лажни, немаше интервали на болките цело време ме болеше, малку фалеше да отидам во болница но после пола саат поминаа,, во четвртокот дента почнаа болки прво на саатипол, дента и како се наближуваше вечерта почнаа почести, така околу 8 почнаа болки на пола саат, па се до 10 кога се намалија на 15 мин, му реков на маж ми успивај го синчето постаро, јас се истуширав, болки на 15 мин,, отидовме во нашата болница имаме дежурна сестра акушерка, ме прегледа рече може да патувате сами до штип, бев само 2 прста отворена, додека одевме накај штип болките почнаа на 10 мин, па и пократки од 10, маж ми почна да паничи, не сум јас доктор шо ке ти правам, јас се смеам, и му викам не се секирај, ја не се лесно отварам,, ми беше смешно цело време јас бев смирена, додека маж ми возеше брзо и со страв отиде накај болница, демек во кола ке се породев,, абе цепки,,,а јас му викам, еј сакам жива да стасам до болница за порагај, ме примија пред 12,бев пак 2 прста отворена но со болки на 5 мин, сестрата рече дека ако терам вака со јаки болки до сабајле ке сум се породела, болките не ми беа нешто страшни ги издржував, дали оти со првото бев со провокација, и тоа беа опасни и страшни болки, а овие болки сега се издржуваа,,сестрата ми беше позната жена оти со првото ме беше породила, и сега баш ми се падна истата сестра, господ бог некогаш убаво ги наредува работите, ме знае и таа мене бидејки ми беше и врска за во болница ако ми затреба нешто, и голема срекичка што болки ме фатија баш она кога беше на смена, да се навратам на болките,,, почнаа почести болки, веке накај 2,30 болки на 2 мин, со напони за во вц, во вц ми протеше водењакот, и кажав на сестрата, ме прегледа, 7 прста отворена, водењакот почнал да тече но малку, ми го пукна водењакот, и рече зелен ти е , заматена водата, си го надносила бебето,, епа шо да правам јас ко не сакаше да излегува порано,,ми вика ке ти ставам инекција за побрзо отварање и дирекно на бокс, ми ја стави инекцијата и не можев ни да одам одма почнаа контракции, напнувања, е сега е најинтересното се качив на бокс, и почнав да напнувам, на контракцииѕе, и тоа јако напнување, по 2,3 пати на контракција, вика бебе е уште високо, спадни, и стоечки добивај напони, така 10, до 15 мин стоечки добивам напони и вриштам, тие си прават муабет, како најнормално, па зар една се породила, ме прашуваат тел, број кај работиш,, а ти во напон во болка одговараш, и така ај пак на бокс, пак напони викање,викам сечете ме само поскоро да излезе, она ми вика ке те сечам не е дошло време, и така после некој напон излезе главата и заглави со раменици, ми вика осекаш ли ја главата, јас викам да, и на наредниот напон јако напнав 2 пати, малку ме притиснаа одозгора и излезе моето бебушче убаво сине на мама,,,после ме крпија, али тоа после не е важно,,се се заборави, само знам дека цел ден после ме болеше грлото, не можев да голтам и зборам, од тоа што сум вриштела и што издишував на уста но се помина, се се заборава, сега уште ме боли раната но и тоа ке помине, да бев царски, како што сакав оти се плашев дека нема да го родам оти големо бебче, 4200, 52 високо, сега сеуште немаше да станам и да одам ко шо треба, не за џабе се рекло од природно нема поубаво,, да самиот чин на порагај боли, но тоа трае неколку часа, јас сега мн брзо се отворив и брзо породив, а со првото ми беше потешко, но сега бев поискусна и знаев како да напнам и како да дишам, јас се изнапишував, ама морав детално да објаснам додека ми е свежо,,,поздрав мамички и идни мамички...
Posle 2 godini I 1 mesec sobrav hrabrost da ja raskazam mojata porodilna prikazna. Se porodiv vi GAK na 03.05.2013 godina vo 31 nedela - 7 mesec. Se pocna koga se razbudiv utroto 27.04.2013 godina I osetiv nesto vlazno na gakjite, ne znaev deka bil puknat vodenjakot. I taka okolu 16 casot pocna da me boli polovinata, znaev dekake se poragam I o mazot trgnavme so ambulantna kola vo Drzavna bolnica vo Skopje GAK.Koga stignav vo bolnicata morav da cekam red pred kancelarijata na doktorot bidejki imase guzva, jas so bolki morav da cekam, ama ete nekoi se smiluvaa I me pustija preku red. Doktorot me smesti vo oddelenieto vo sobata pred poraganje. Poentata bese kolku moze bebeto da se zadrzivo stomakot mi dava terapija nekoi infuzii. Sabaljeto pred da se porodam dojde edna sestra I mi ja zgresi infuzijata mi stavila infuzija za posle poragaj, toa tamu e haos vo Drzavna bolnica, koga vide edna doktorka sto stavila sestrata I se razvika a mene me smiruvase deka ne bilo nisto I deka se slucuvale greski I da ne kazuvam nikogo za toa, ajde jas se soglasiv so toa. Posle koga me fati glavata ke mi puknese mi se cinese, I dobivav bolki za poragaj okolu 16 csot I bea se pointenzivni. Me imaa prkluceno na ctg a jas imav mnogu bolki koi se zasiluvaa so pogolem intenzitet. Vecerta sestrata sto bese na smena se vikase Elena, nikako ne sakase da go vikni doktorot, taa sestrata me ubeduvase deka ne mi doslo vremeto i mi dade za smiruvanje injekcija nekade okolu 2 po polnok, no taa nemase nikakov efekt. Tolku idiot sestra ne sum videla vo zivotot, bez oset deka mi se odese vo wc nejkese da dojde, pa cistackata se smiluva da mi pomogne koga I rekov deka ke i dadam pari. I site sestri doktori gi snema izgleda otidoa na spienje. Jas kolku mozev drzev da ne vikam duri sestrata mi se razvikuvase zosto sum se derela ama vo 5 casot nautro bolkite bea mnogu golemi I ne mozev da se vozdrzam I pocnav da vikam posilno duri do treti sprat me slusale kako vikam, sestrata dojde imi se razvika ama jas uste vikav ne mozev veke, pocnav I da povrakTogas dojde doktorot Izgleda slusnal deka sum vikala I me pregleda 8 prsti otvorena I se razvika na sestrata, a taa mu se pravdase ctg nisto ne pokazuvalo. Posle vednas me stavija na boksot. Dojdoa akuserki dve I me kolnea zosto sum gi razbudila I deka smenata im zavrsila I me narekoa baksuz I jas I bebeto sto trebase da se rodi. Se porodiv zensko bebe so ocenka 8,5 se slusna plac I vednas go odnesoa na intenzivna vo incubator. Jas nemav sila veke da turkam za da izleze postelka I ne znam koga mi stavja anestezija I ja izvadoa, dva dena ne mozev da se rabudam od taa anestezija. Da ne vlezese mojot soprug so potkup po vratite jas ke lezev do ponedelnikot vo krv, me stavija na drug sprat bidejki nemalo mesto dolu kaj rodilkite. Doktorkata I mene I na mazot ni mavtaa so dokumentite deka bebeto e vo red, deka ke ostane vo incubator da lezi zosto ne mu bile belite drobovi dobro razvieni. Mene dodeka lezev na porodilno samo ednas mi davaa pravo da go gledam 10 minuti preku incubator, Im rekov da se izmolzam I da mu dadat na bebeto moe mleko, no edna sestra rece deka bebeto nemalo potreba od majcino mleko I tie imale sto da mu davale. Otkako izlegov od bolnica nikako ne mi davaa da go gledam bebeto , nikako , vikaa ke sme vnesele bakterii. Bebeto pocina na 22.05.2013 godina od bakterijata echerichija coli, zdravo bebe go zarazija, nikoj ne go gledal tamu vo inkubatorot ne samo naseto mnogu bebinja gi umiraat od negriza I necistotija. Jas I soprugot sme nevraboteni I dvajcata pa nemavme pari da im dademe da go gledaat I nemavme vrski. Sram da im e na doktorkite vo oddelot za neonatologija ne gi gledaat bebinjata gi umiraat gi zarazuvaat so cevceto sto gi hranat. Mene I na sporugot ne pustija preku prozor da gledame kako ni umira bebeto na aparat za disenje prikluceno I znaete sto mi veli doktorkata onaa glavnata na GAKcitiram " tie ne bile dolzni da se grizat za bebeto moja greska bilo sto sum go rodila pred vreme" Da gi kazne Gospod site doktorki od oddelot za neonatologija vo GAK, air da ne vidat vo zivoto sto gi umiraat bebinjata.Zal mi e sto mojata prikazna e tazna I ne se vklopuva vo vasite srekni prikazni. Vo GAK mora da imas vrska I pari , a jas toa ne go znaev. Od bolnicata dobiv bakterija vo krvta koja edvaj ja izleciv treba da proveram dali e izlecena. Seto toa sto go pominav pred poragjanje go zaboraviv ama bebeto dodeka sum ziva nikogas nema da go zaboravam. Prikaznata prodolzuva I denes I nikogas nema da iscezne bolkata po bebetoPozdrav.
Многу ме потресе твојава приказна. Се надевам со време болката ќе ти се намали и Господ ќе ти даде детенце на кое ќе се радуваш цел живот. Слично вакво се случи на пријателка моја. Она не врски, сајли имаше па пак бебето се роди порано и почина од некоја бактерија во инкубатор по 10тина дена.
Od dnoto na dusata mi e zal! Se nadevam deka Gospod ke ti dari angel sto pobrgu, pa veselata porodilna prikazna ke go pottisne ova sekjavanje podaleku. Da go izbrise nema, majka vecno zali! Ti isprakjam iljada baknezi!
Милa ти честитaм нa хрaбрoстa,и сегa зaслуженo гушкaјте си се Лoшoтo се зaбoрaвa! Не свaтив сaмo oд прикaзнaтa вo кoјa бoлницa се пoрaѓaше,a ме интересирa пoштo и јaс требa дa идaм цaрски.
Мила не мисли на тоа сеуште ти е рано, ти сега треба да уживаш во бременоста, бидејќи додека да трепнеш таа поминала
мн жално искуство имала саманта,солзи ми дојдоја и што е позагрижувачко не е само таа има еден куп друѓи жени кои не ја раскажале својата приказна....и јас сум сведок на едно нечовечко однесување на сестрите и докторката кога се пораѓав....буквално в лице ми велеа ајде ќе ни заврши смената викни некој да ни дај пари (бидејки мм отиде дома да ми донесе некои работи)..........да се застрамат